ВиноСкоп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vinoskop/ За подобро да се разбереме Sat, 07 May 2022 20:09:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ВиноСкоп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vinoskop/ 32 32 Мицкоски на скопски Виноскоп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-skopski-vinoskop/ Sat, 07 May 2022 20:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=499259

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ вечерва беше на скопски Виноскоп кој се одржува на плоштадот „Македонија“.

Денес од теренски активности и увид во изградба на проекти во Охрид, преку традиционалната литија во Струга, вечерва на добро македонско вино во нашето Скопје и скопскиот Виноскоп, објави Мицкоски на Фејсбук.

The post Мицкоски на скопски Виноскоп appeared first on Република.

]]>

Денеска домашни ѕвезди на Виноскоп и фолклорен фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/deneska-domashni-dzvezdi-na-vinoskop-i-folkloren-festival/ Sat, 07 May 2022 07:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=498887

Во рамки на третото издание на Скопскиот градски фестивал, вечер во големата сала на Филхармонијата во 20 часот концерти ќе одржат Матија Дедиќ – најпознатиот хрватски и еден од водечките европски пиjанисти и композитор, и Квартетот Heller / Sasse / Gjakonovski / Kostadinovic составен од некои од најдобрите европски џез музичари меѓу кои и нашиот Мартин Ѓаконовски.

Матија, кој е син на Арсен Дедиќ и Габи Новак, има настапувано со познати музички имиња меѓу кои Alvin Queen, Martin Drew, Ron Ringwood, Boško Petrović, Marc Murphy Band, Patrizia Conte, David Gazarov, Gianni Basso, Miles Griffith, Onder Fokan, Jean Louis Rassinfosse, Anca Parghel, Tomi Emanuel, Lenny White, Kendrick Scott, Jim Madison, Jeff Ballard, Vicente Archer, Buster Wiliams, Larry Grenadier, N.H.O. Pedersen, Ron Mcclure, Marek Patrman и Salvatore Maiore.

Настапувал и со најпознатите балкански музичари меѓу кои Здравко Чолиќ, Влатко Стефановски, Џибони и Тамара Обровац. Како лидер има издадено десет албуми.

Квартетот Heller / Sasse / Gjakonovski / Kostadinovic Quartet –ќе настапат по првпат заедно во овој состав на СГФ. Четворица музичари со исклучителни кариери, секој поединечно настапувал со врвни имиња од европската и светска џез сцена. На контрабас ќе настапи Ѓаконовски, кој се смета за најпознатиот македонски џез музичар, а кој живее и работи во Германија.

Билети за концертите во Филхармонијата можат да се набават преку www.bileti.mk. Фестивалот е поддржан од Град Скопје.

На плоштадот „Македонија“, пак, продолжува Дванаесеттото издание на „Виноскоп 2022“, кој на граѓаните им нуди богата музичка програма со домашни изведувачи и бендови, а за убавото расположение придонесуваат и македонските винарии кои што ќе ги зачинат музичките звуци со прекрасни македонски вина. Програмата започнува во 13 часот, а меѓу учесниците се Нина Јанева, ЗЏМ – Биг Бенд и Елена Поповска, Џафер, а за крај на вечерта ДЏ Гоце САФ

Во Општина Сарај, продолжува Меѓународниот фолклорен фестивал „САРАЈ ФЕСТ“ кој ќе трае до утре. Овој меѓународен фестивал се организира по 12. пат во Сарај од културно уметничкото друштво „Дрита е Дервенит“ Сарај, во соработка со Општина Сарај и поддржан од Град Скопје. Учествуваат над 15 културно уметнички друштва од земјава и од странство, информираат од Град Скопје.

The post Денеска домашни ѕвезди на Виноскоп и фолклорен фестивал appeared first on Република.

]]>

Во рамки на третото издание на Скопскиот градски фестивал, вечер во големата сала на Филхармонијата во 20 часот концерти ќе одржат Матија Дедиќ – најпознатиот хрватски и еден од водечките европски пиjанисти и композитор, и Квартетот Heller / Sasse / Gjakonovski / Kostadinovic составен од некои од најдобрите европски џез музичари меѓу кои и нашиот Мартин Ѓаконовски. Матија, кој е син на Арсен Дедиќ и Габи Новак, има настапувано со познати музички имиња меѓу кои Alvin Queen, Martin Drew, Ron Ringwood, Boško Petrović, Marc Murphy Band, Patrizia Conte, David Gazarov, Gianni Basso, Miles Griffith, Onder Fokan, Jean Louis Rassinfosse, Anca Parghel, Tomi Emanuel, Lenny White, Kendrick Scott, Jim Madison, Jeff Ballard, Vicente Archer, Buster Wiliams, Larry Grenadier, N.H.O. Pedersen, Ron Mcclure, Marek Patrman и Salvatore Maiore. Настапувал и со најпознатите балкански музичари меѓу кои Здравко Чолиќ, Влатко Стефановски, Џибони и Тамара Обровац. Како лидер има издадено десет албуми. Квартетот Heller / Sasse / Gjakonovski / Kostadinovic Quartet –ќе настапат по првпат заедно во овој состав на СГФ. Четворица музичари со исклучителни кариери, секој поединечно настапувал со врвни имиња од европската и светска џез сцена. На контрабас ќе настапи Ѓаконовски, кој се смета за најпознатиот македонски џез музичар, а кој живее и работи во Германија. Билети за концертите во Филхармонијата можат да се набават преку www.bileti.mk. Фестивалот е поддржан од Град Скопје. На плоштадот „Македонија“, пак, продолжува Дванаесеттото издание на „Виноскоп 2022“, кој на граѓаните им нуди богата музичка програма со домашни изведувачи и бендови, а за убавото расположение придонесуваат и македонските винарии кои што ќе ги зачинат музичките звуци со прекрасни македонски вина. Програмата започнува во 13 часот, а меѓу учесниците се Нина Јанева, ЗЏМ – Биг Бенд и Елена Поповска, Џафер, а за крај на вечерта ДЏ Гоце САФ
Во Општина Сарај, продолжува Меѓународниот фолклорен фестивал „САРАЈ ФЕСТ“ кој ќе трае до утре. Овој меѓународен фестивал се организира по 12. пат во Сарај од културно уметничкото друштво „Дрита е Дервенит“ Сарај, во соработка со Општина Сарај и поддржан од Град Скопје. Учествуваат над 15 културно уметнички друштва од земјава и од странство, информираат од Град Скопје.

The post Денеска домашни ѕвезди на Виноскоп и фолклорен фестивал appeared first on Република.

]]>
Од утре „Вино скоп“ на плоштад https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-utre-vino-skop-na-ploshtad/ Tue, 03 May 2022 17:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=496888

Фестивалот „Вино Скоп“, што традиционално се одржува од 2006 година, по паузата поради ковид пандемијата, утре ќе започне одново на Градскиот плоштад во Скопје. На Фестивалот ќе учествуваат повеќе од 25 винарии од земјава, претставници од странство и бројни уметници и музички бендови, а првпат на него ќе има и Базар на ракотворби.

Од 4 до 8 мај се враќа „Вино Скоп“, еден настан којшто ги претставува најпозитивните денови за мене во Скопје, којшто за жал некое време го немаше, но по мала пауза се враќаме пак назад. Можеме да кажеме дека е еден од најголемите настани што се враќа после короната, истакна актерот Столе Мицов на денешната прес-конференција.

Тој најави дека на Фестивалот ќе настапат повеќе уметници, меѓу кои и групите Фолтин, Ласт Експедишн, Фиц и Студени Нозе, Суперхикс, пејачите Нина Јанева, Мики Јовановски Џафер и Игор Џамбазов, како Здружението на Џез музичари „Биг Бенд“.

Во недела, на последниот ден на Фестивалот, Мицов најави дека на сцена ќе бидат македонски блуз музичари и целиот ден ќе биде исполнет со блуз музика.

Даниел Апостоловски од Град Скопје најави дека ќе има десетина настани од ист карактер кои се под покровителство на Град Скопје.

Меѓу нив се Џез фестивалот што започна на 30 април во паркот Ибни Пајко, којшто е во организација на Здружението Џез Музичари, потоа „Вино Скоп“ како еден од поголемите настани, потоа Скопскиот градски фестивал којшто ќе се одржи на 6 и 7 мај на школка во Градскиот парк, Фјужн фестивал од 29 јуни до 3 јули, Кларифест од 1 до јуни, Десонас – фестивал на електронска музика некаде при крајот на месец јуни, Скопје колинг на 16 јули, Фолк фест „Скопје“ од 23 до 27 јули и концерт на Влатко Лозановски, за кој дополнително ќе ја утврдиме и локацијата и датумот, најави Апостоловски и додаде дека скопјани ова лето ќе имаат можност и да излезат и да прошетаат после долга пауза без забавни настани.

Директорката на „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ информираше дека македонското вино во последните години бележи голем пораст на квалитетот.

Се надевам дека овој настан „Вино Скоп 2022“ ќе биде еден од оние настани каде што ќе го славиме виното, особено македонското вино, коешто во минатите години бележи многу голем пораст на квалитетот. Сите винарии во Македонија не само што го подобруваат процесот на производство, туку воедно ги едуцираат и лозарите за да може да имаме еден производ што е на високо ниво којшто заслужува да се најде на полиците на светските пазари, објасни Младеновска-Јеленковиќ.

Таа исто така најави дека за време на Фестивалот љубителите на виното ќе имаат можност да вкусат околу 30 македонски вина од винариите членки на Здружението „Вина од Македонија“, од семејните винарии, како и странските вина коишто ќе бидат претставени во фестивалот.

Организатори на фестивалот се Крафт продукција и здружението „Вина од Македонија“, додека главен покровител на целиот настан е Град Скопје.

The post Од утре „Вино скоп“ на плоштад appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Вино Скоп“, што традиционално се одржува од 2006 година, по паузата поради ковид пандемијата, утре ќе започне одново на Градскиот плоштад во Скопје. На Фестивалот ќе учествуваат повеќе од 25 винарии од земјава, претставници од странство и бројни уметници и музички бендови, а првпат на него ќе има и Базар на ракотворби.
Од 4 до 8 мај се враќа „Вино Скоп“, еден настан којшто ги претставува најпозитивните денови за мене во Скопје, којшто за жал некое време го немаше, но по мала пауза се враќаме пак назад. Можеме да кажеме дека е еден од најголемите настани што се враќа после короната, истакна актерот Столе Мицов на денешната прес-конференција.
Тој најави дека на Фестивалот ќе настапат повеќе уметници, меѓу кои и групите Фолтин, Ласт Експедишн, Фиц и Студени Нозе, Суперхикс, пејачите Нина Јанева, Мики Јовановски Џафер и Игор Џамбазов, како Здружението на Џез музичари „Биг Бенд“. Во недела, на последниот ден на Фестивалот, Мицов најави дека на сцена ќе бидат македонски блуз музичари и целиот ден ќе биде исполнет со блуз музика. Даниел Апостоловски од Град Скопје најави дека ќе има десетина настани од ист карактер кои се под покровителство на Град Скопје.
Меѓу нив се Џез фестивалот што започна на 30 април во паркот Ибни Пајко, којшто е во организација на Здружението Џез Музичари, потоа „Вино Скоп“ како еден од поголемите настани, потоа Скопскиот градски фестивал којшто ќе се одржи на 6 и 7 мај на школка во Градскиот парк, Фјужн фестивал од 29 јуни до 3 јули, Кларифест од 1 до јуни, Десонас – фестивал на електронска музика некаде при крајот на месец јуни, Скопје колинг на 16 јули, Фолк фест „Скопје“ од 23 до 27 јули и концерт на Влатко Лозановски, за кој дополнително ќе ја утврдиме и локацијата и датумот, најави Апостоловски и додаде дека скопјани ова лето ќе имаат можност и да излезат и да прошетаат после долга пауза без забавни настани.
Директорката на „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ информираше дека македонското вино во последните години бележи голем пораст на квалитетот.
Се надевам дека овој настан „Вино Скоп 2022“ ќе биде еден од оние настани каде што ќе го славиме виното, особено македонското вино, коешто во минатите години бележи многу голем пораст на квалитетот. Сите винарии во Македонија не само што го подобруваат процесот на производство, туку воедно ги едуцираат и лозарите за да може да имаме еден производ што е на високо ниво којшто заслужува да се најде на полиците на светските пазари, објасни Младеновска-Јеленковиќ.
Таа исто така најави дека за време на Фестивалот љубителите на виното ќе имаат можност да вкусат околу 30 македонски вина од винариите членки на Здружението „Вина од Македонија“, од семејните винарии, како и странските вина коишто ќе бидат претставени во фестивалот. Организатори на фестивалот се Крафт продукција и здружението „Вина од Македонија“, додека главен покровител на целиот настан е Град Скопје.

The post Од утре „Вино скоп“ на плоштад appeared first on Република.

]]>
Игор Џамбазов, Фолтин, Last Expedition, Суперхикс, ЗЏМ Биг Бенд … од 4-8 мај на „ВинкоСкоп“ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/igor-dzambazov-foltin-last-expedition-superhiks-zdzm-big-bend-od-4-8-maj-na-vinkoskop/ Tue, 26 Apr 2022 13:06:16 +0000 https://republika.mk/?p=493844

Уживање во вкусовите на македонска традиционална храна, многу музика, базар на ракотворби и арт перформанс, ќе понуди годинашниот „ВиноСкоп" што ќе се одржува од 4 до 8 мај на плоштадот „Македонија" во Скопје.

Игор Џамбазов, Фолтин, Last Expedition, DNK Unplugged, Фиц Студени Нозе, Суперхикс, Мики Јовановски – Џафер, DJ Goce SAF и ЗЏМ Биг Бенд, се само дел од имињата задолжени за добро расположение, но организаторите најавуваат и други изведувачи, изненадувања и еден цел ден со многу блуз.

The post Игор Џамбазов, Фолтин, Last Expedition, Суперхикс, ЗЏМ Биг Бенд … од 4-8 мај на „ВинкоСкоп“ appeared first on Република.

]]>

Уживање во вкусовите на македонска традиционална храна, многу музика, базар на ракотворби и арт перформанс, ќе понуди годинашниот „ВиноСкоп" што ќе се одржува од 4 до 8 мај на плоштадот „Македонија" во Скопје. Игор Џамбазов, Фолтин, Last Expedition, DNK Unplugged, Фиц Студени Нозе, Суперхикс, Мики Јовановски – Џафер, DJ Goce SAF и ЗЏМ Биг Бенд, се само дел од имињата задолжени за добро расположение, но организаторите најавуваат и други изведувачи, изненадувања и еден цел ден со многу блуз.

The post Игор Џамбазов, Фолтин, Last Expedition, Суперхикс, ЗЏМ Биг Бенд … од 4-8 мај на „ВинкоСкоп“ appeared first on Република.

]]>