вино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vino/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 12:28:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vino/ 32 32 Трипуновски од Белград: Како Влада продолжуваме посветено да работиме на секторот винарство, бидејќи е втора најзначајна гранка во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-od-belgrad-kako-vlada-prodolzhuvame-posveteno-da-rabotime-na-sektorot-vinarstvo-bidejki-e-vtora-najznachajna-granka-vo-makedonija/ Sat, 23 Nov 2024 12:28:03 +0000 https://republika.mk/?p=841075

Денеска Република Македонија се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград. Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“. Исто така на оваа манифестација за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани овде на саемот, додаде министерот Трипуновски.

Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.

Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот, заклучи министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.

Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот, истакна тој.

Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив, нагласи министерот Трипуновски.

The post Трипуновски од Белград: Како Влада продолжуваме посветено да работиме на секторот винарство, бидејќи е втора најзначајна гранка во Македонија appeared first on Република.

]]>

Денеска Република Македонија се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград. Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“. Исто така на оваа манифестација за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани овде на саемот, додаде министерот Трипуновски. Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата. Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот, заклучи министерот. Министерот Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра. Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот, истакна тој. Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив, нагласи министерот Трипуновски.

The post Трипуновски од Белград: Како Влада продолжуваме посветено да работиме на секторот винарство, бидејќи е втора најзначајна гранка во Македонија appeared first on Република.

]]>
Винодонија 2024 – Место каде македонските уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vinodonija-2024-mesto-kade-makedonskite-umetnitsi-vinari-ke-gi-donesat-i-pokazhat-svoite-najdobri-vina/ Wed, 20 Nov 2024 09:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=839819

Во препознатлива елегантна и опуштена атмосфера скопскиот вински салон „Винодонија“ 2024 ќе се одржи на 13 и 14 декември во главната сала на хотелот Мериот каде што како и секогаш, посетителите ќе може да ја споделат својата винска страст, но и знаење и искуство.

Работното време на салонот во двата дена ќе биде од 15:00 до 21:00 часот.

Времето ни поминува брзо, но тоа е добро за убавите и посакувани настани како што е Винодонија и за нејзините верни посетители, вински љубители кои што нетрпеливо ја чекаат следната нова винска смотра во Македонија.

Со сѐ уште не намалена желба и ентузијазам ви го најавуваме следното осмо издание на Скопски вински салон – Винодонија 2024, настан кој цврсто чекори во правец на нашата мисија и пат кон славење и промоција на виното во Македонија.

Винодонија повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и трпеливо ќе ги очекуваат вашите коментари, критики и пофалби, но исто така место и прилика да се истражи и дегустира странската винска сцена која што во последната година значително порасна во Република Македонија и се збогати со нови вински брендови и стилови од Италија, Франција, Хрватска, Србија, Германија, Португалија и Шпанија.

Винодонија продолжува да расте во престижен и квалитетен настан на кој што виното го покажува својот сјај и уникатност и ни покажува зошто тоа отсекогаш било дел од македонскиот културен идентитет“, велат прганизаторите на ова елегантно случување.

Картите за Скопски винскиот салон „Винодонија 2024“ ќе бидат во ограничен број, а ќе може да се купат однапред онлајн https://vinodonia.mk/ по цена од 1,000.00 ден за секој ден посебно, а еден мал дел ќе може да се купат и на самиот влез пред почетокот на настанот, но по цена од 1.200.00 ден.

И овој пат, дојдете на осмата Винодонија и споделете ја Вашата винска страст со останатите вински љубители.

The post Винодонија 2024 – Место каде македонските уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина appeared first on Република.

]]>

Во препознатлива елегантна и опуштена атмосфера скопскиот вински салон „Винодонија“ 2024 ќе се одржи на 13 и 14 декември во главната сала на хотелот Мериот каде што како и секогаш, посетителите ќе може да ја споделат својата винска страст, но и знаење и искуство. Работното време на салонот во двата дена ќе биде од 15:00 до 21:00 часот.
Времето ни поминува брзо, но тоа е добро за убавите и посакувани настани како што е Винодонија и за нејзините верни посетители, вински љубители кои што нетрпеливо ја чекаат следната нова винска смотра во Македонија.   Со сѐ уште не намалена желба и ентузијазам ви го најавуваме следното осмо издание на Скопски вински салон – Винодонија 2024, настан кој цврсто чекори во правец на нашата мисија и пат кон славење и промоција на виното во Македонија.   Винодонија повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и трпеливо ќе ги очекуваат вашите коментари, критики и пофалби, но исто така место и прилика да се истражи и дегустира странската винска сцена која што во последната година значително порасна во Република Македонија и се збогати со нови вински брендови и стилови од Италија, Франција, Хрватска, Србија, Германија, Португалија и Шпанија.   Винодонија продолжува да расте во престижен и квалитетен настан на кој што виното го покажува својот сјај и уникатност и ни покажува зошто тоа отсекогаш било дел од македонскиот културен идентитет“, велат прганизаторите на ова елегантно случување.
Картите за Скопски винскиот салон „Винодонија 2024“ ќе бидат во ограничен број, а ќе може да се купат однапред онлајн https://vinodonia.mk/ по цена од 1,000.00 ден за секој ден посебно, а еден мал дел ќе може да се купат и на самиот влез пред почетокот на настанот, но по цена од 1.200.00 ден. И овој пат, дојдете на осмата Винодонија и споделете ја Вашата винска страст со останатите вински љубители.  

The post Винодонија 2024 – Место каде македонските уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина appeared first on Република.

]]>
Петар Грашо, Либеро бенд, Жаре Бербер и Спасен Силјановски за Павловден во Градско https://arhiva3.republika.mk/zivot/petar-grasho-libero-bend-zhare-berber-i-spasen-siljanovski-za-pavlovden-vo-gradsko/ Mon, 08 Jul 2024 07:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=794383

Манифестацијата „Градско, храна, вино и традиција“ по повод Павловден- патронот на Градско и оваа година ќе се одбележи во срцето на Македонија.

Организаторите на програмата најавуваат богата музичка програма. Љубителите на храната и виното, но и добрата забава на 12 јули со почеток во 20.30 часот ќе ги забавуваат Петар Грашо, Либеро бенд, Жаре Бербер и Спасен Силјановски. На шеталиштето присутните ќе можат да дегустираат квалитетни вина од десетина врвни винарии од Винскиот пат кој поминува низ Градско.

Манифестацијата ќе ја води водителката Маријана Станојковска.

The post Петар Грашо, Либеро бенд, Жаре Бербер и Спасен Силјановски за Павловден во Градско appeared first on Република.

]]>

Манифестацијата „Градско, храна, вино и традиција“ по повод Павловден- патронот на Градско и оваа година ќе се одбележи во срцето на Македонија. Организаторите на програмата најавуваат богата музичка програма. Љубителите на храната и виното, но и добрата забава на 12 јули со почеток во 20.30 часот ќе ги забавуваат Петар Грашо, Либеро бенд, Жаре Бербер и Спасен Силјановски. На шеталиштето присутните ќе можат да дегустираат квалитетни вина од десетина врвни винарии од Винскиот пат кој поминува низ Градско. Манифестацијата ќе ја води водителката Маријана Станојковска.

The post Петар Грашо, Либеро бенд, Жаре Бербер и Спасен Силјановски за Павловден во Градско appeared first on Република.

]]>
Дали е здраво да испиете една чаша пиво или вино пред спиење https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dali-e-zdravo-da-ispiete-edna-chasha-pivo-ili-vino-pred-spiene/ Thu, 07 Mar 2024 19:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=752413

Во првата половина од ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди.

Додека едни тврдат дека чаша пиво или вино пред спиење е пожелно, со цел да ве опушти и да го забрза вашето „патување” во царството на соништата, австрискиот доктор Хадемар Банкхофер вели дека алкохолот постигнува целосно спротивен ефект.

Тој го нарушува сонот, бидејќи по еден час, час и половина носи пријатен одмор, но за здрав сон е потребен постепен тек од неколку фази – прво доаѓа „тонење”, потоа лесен, па длабок сон и на крајот РЕМ фаза – објаснува професорот Банкхофер.

Под дејство на алкохол овие фази се значително нарушени. Во првата половина на ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди и повеќе не може да заспие.

Затоа мозокот не е во состојба да собере нова енергија, па наутро се чувствувате ”исцрпено”. Затоа овој експерт советува дека по 19 часот да не се консумира алкохол, ниту било кој пијалок кој содржи кофеин.

The post Дали е здраво да испиете една чаша пиво или вино пред спиење appeared first on Република.

]]>

Во првата половина од ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди. Додека едни тврдат дека чаша пиво или вино пред спиење е пожелно, со цел да ве опушти и да го забрза вашето „патување” во царството на соништата, австрискиот доктор Хадемар Банкхофер вели дека алкохолот постигнува целосно спротивен ефект.
Тој го нарушува сонот, бидејќи по еден час, час и половина носи пријатен одмор, но за здрав сон е потребен постепен тек од неколку фази – прво доаѓа „тонење”, потоа лесен, па длабок сон и на крајот РЕМ фаза – објаснува професорот Банкхофер.
Под дејство на алкохол овие фази се значително нарушени. Во првата половина на ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди и повеќе не може да заспие. Затоа мозокот не е во состојба да собере нова енергија, па наутро се чувствувате ”исцрпено”. Затоа овој експерт советува дека по 19 часот да не се консумира алкохол, ниту било кој пијалок кој содржи кофеин.

The post Дали е здраво да испиете една чаша пиво или вино пред спиење appeared first on Република.

]]>
„Парови“ – музичко сценски перформанс по повод денот на љубовта и виното во Битолски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/parovi-muzichko-stsenski-performans-po-povod-denot-na-lubovta-i-vinoto-vo-bitolski-teatar/ Wed, 14 Feb 2024 09:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=743938

Во НУ Народен Театар – Битола, во среда на 14 февруари 2024 година, со почеток во 20:00 часот, ќе може да го погледнете музичко сценскиот перформанс по повод денот на љубовта и виното.

Режија: Благој Мицевски

Влезниците по цена од 200 денари, можете да ги набавите од следниот линк на веб страната на НУ Народен театар Битола https://narodenteatarbitola.com или од билетарата на НУ Народен театар, која ќе работи од
18.00 до 20.00 часот.

The post „Парови“ – музичко сценски перформанс по повод денот на љубовта и виното во Битолски театар appeared first on Република.

]]>

Во НУ Народен Театар – Битола, во среда на 14 февруари 2024 година, со почеток во 20:00 часот, ќе може да го погледнете музичко сценскиот перформанс по повод денот на љубовта и виното. Режија: Благој Мицевски   Влезниците по цена од 200 денари, можете да ги набавите од следниот линк на веб страната на НУ Народен театар Битола https://narodenteatarbitola.com или од билетарата на НУ Народен театар, која ќе работи од 18.00 до 20.00 часот.

The post „Парови“ – музичко сценски перформанс по повод денот на љубовта и виното во Битолски театар appeared first on Република.

]]>
НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи празникот на виното и лозјето и празникот на вљубените https://arhiva3.republika.mk/zivot/nu-biblioteka-grigor-prlichev-vo-ohrid-ke-gi-odbelezhi-praznikot-na-vinoto-i-lozjeto-i-praznikot-na-vlubenite/ Tue, 13 Feb 2024 10:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=743555

Со промоција на книга, музички перформанс и вино утре напладне ( 12 ч.) НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи свети Трифун, празникот на виното и лозјето и свети Валентин празникот на вљубените. Православната црква го слави и Свети Валентин, но не на 14 февруари, туку на 19 јули и на 12 август.

Според теолозите, и двајцата светители се дел од христијанството, еднакво признаени и кај православните и кај католиците, но за секој од нив се изградил одреден култ кај одредената црква

Но на 14 февруари сепак се одбележуваат двата светители, еден кој кај христијанскиот свет има долга традиција и се почитува со векови, и вториот кој со посредство на медиумите стана глобален феномен и надвор од христијанските земји.

По тој повод во Библиотеката музички перформанс на гитара ќе изведе  познатиот охридски и македонски гитарист Мартин Милески а  ќе биде промовирана и 121 книга од Академик д-р Миле Миќуновиќ со наслов: „Љубов – извор на здравје и среќа“.

Д-р Миќуновиќ во книга се задржува на: Полот во човечкото oпштество; сексуалните проблеми во развојот на човекот; функции на полот кај човекот; прокреативната функција на полот; рекреативната функција на полот; љубовта е потреба; заљубеност;цврстата прегратка ја задушува љубовта; сексуално среќна жена; љубов на интернет; очите го гледаат она што тие го сакаат; намалена сексуална желба, главата ме боли; телесна привлечност; сочен бакнеж; сексуални работнички; вистинска страст; верен маж; моќта е сексуално привлечна; зошто нижиме рецки; љубовни смс пораки; малите тајни ја чуваат врската; предигра не е неопходна; в кревет со помлад; секс со пријател; зошто мажите купуваат секс; прељуба; љубовен прав; темел на љубовта; страст во зрели години; што поспоро тоа подобро; љубовта не е секс; сексот не е натпревар; повеќе тестостерон; фалбаџии; за среќа е потребен секс; помалку секс не значи повеќе памет; нови мажи; секс во бројки и половиот однос лек за телото и душата.

Авторот во заклучокот вели дека е љубовта извор на здравје и среќа.

The post НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи празникот на виното и лозјето и празникот на вљубените appeared first on Република.

]]>

Со промоција на книга, музички перформанс и вино утре напладне ( 12 ч.) НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи свети Трифун, празникот на виното и лозјето и свети Валентин празникот на вљубените. Православната црква го слави и Свети Валентин, но не на 14 февруари, туку на 19 јули и на 12 август. Според теолозите, и двајцата светители се дел од христијанството, еднакво признаени и кај православните и кај католиците, но за секој од нив се изградил одреден култ кај одредената црква Но на 14 февруари сепак се одбележуваат двата светители, еден кој кај христијанскиот свет има долга традиција и се почитува со векови, и вториот кој со посредство на медиумите стана глобален феномен и надвор од христијанските земји. По тој повод во Библиотеката музички перформанс на гитара ќе изведе  познатиот охридски и македонски гитарист Мартин Милески а  ќе биде промовирана и 121 книга од Академик д-р Миле Миќуновиќ со наслов: „Љубов – извор на здравје и среќа“. Д-р Миќуновиќ во книга се задржува на: Полот во човечкото oпштество; сексуалните проблеми во развојот на човекот; функции на полот кај човекот; прокреативната функција на полот; рекреативната функција на полот; љубовта е потреба; заљубеност;цврстата прегратка ја задушува љубовта; сексуално среќна жена; љубов на интернет; очите го гледаат она што тие го сакаат; намалена сексуална желба, главата ме боли; телесна привлечност; сочен бакнеж; сексуални работнички; вистинска страст; верен маж; моќта е сексуално привлечна; зошто нижиме рецки; љубовни смс пораки; малите тајни ја чуваат врската; предигра не е неопходна; в кревет со помлад; секс со пријател; зошто мажите купуваат секс; прељуба; љубовен прав; темел на љубовта; страст во зрели години; што поспоро тоа подобро; љубовта не е секс; сексот не е натпревар; повеќе тестостерон; фалбаџии; за среќа е потребен секс; помалку секс не значи повеќе памет; нови мажи; секс во бројки и половиот однос лек за телото и душата. Авторот во заклучокот вели дека е љубовта извор на здравје и среќа.

The post НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи празникот на виното и лозјето и празникот на вљубените appeared first on Република.

]]>
Хашкиот трибунал бил како винарија: Затворениците произведувале вино во подрумот во Шевенинген https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hashkiot-tribunal-bil-kako-vinarija-zatvorenitsite-proizveduvale-vino-vo-podrumot-vo-sheveningen/ Wed, 31 Jan 2024 14:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=738684

Нелегално правевме вино во хашкиот затвор, произведовме и испивме повеќе од 1.200 литри. Ова го откри хрватскиот воен злосторник Валентин Ќориќ во својата книга во која ги опишува годините поминати во затворот. Книгата симболично е наречена „In vino libertas“.

Во книгата детално го опишал нелегалното производство на вино во ќелиите на Шевенинген... Вели дека почнал да прави вино во затворската ќелија набргу откако во април 2004 година пристигнал во Хаг:

- Грозјето што можевме да го нарачаме во затворската менза го реши основното прашање на производството: снабдувањето со суровини. По набавката на грозјето се дробеше и се одвојуваа стеблата. Зедовме затворска тенџере од осум литри за собирање. Тенџерето ја презеде улогата на бурето со вино... Секогаш беше при рака, не беше преголем, а при рака беше за мешање. Мојата ќелија мирисаше како да сум во винарска визба.

И така, на почетокот на летото 2004 година започнало нелегалното производство на вино, на крајот.

- Поминаа годините на нашето заробеништво, а со нив и затворската жетва. Во нелегалните визби бевме се повнимателни, но и упорни. Верувавме дека на овој начин повторно добиваме барем малку од украдената слобода. Не пиевме за да ја задоволиме жедта, туку за да ја згасиме желбата за живот надвор од занданата. Стравовите од откривање беа реални.Во тој долг период произведовме и испивме повеќе од 1.200 литри вино. По десет години затворската управа дознала што се случува. Во рацијата ни беа одземени повеќе од сто литри вино-објасни Ќориќ.

The post Хашкиот трибунал бил како винарија: Затворениците произведувале вино во подрумот во Шевенинген appeared first on Република.

В сабота во Охрид ќе се пие вино и ќе се вртат плочи https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/v-sabota-vo-ohrid-ke-se-pie-vino-i-ke-se-vrtat-plochi/ Tue, 19 Dec 2023 21:15:17 +0000 https://republika.mk/?p=724581

Културолошката иницијатива „5 до 12“ од Охрид за в сабота на плажата Сараиште во Стариот дел на Охрид организира целодневна винил-забава, со Божикен маркет и греано вино и ракија.

Настанот е од хуманитарен карактер, со тоа што средства што ќе се соберат на манифестацијата ќе бидат донирани за добропознатата хуманитарна акција „Пакетчиња за сите дечиња“.

За забавата ќе бидат задолежени ди-џеите „Vanco Play“, „Tome Rootboy“, „Zupsan“, „Acko“, „DJ Dostin“, „DJ Martino“, „DJ Oli“.

Тие ги повикуваат сите колекционери на плочи да донесат неколку омилени примероци од своите архиви, истите ќе се вртат на грамофон, се за добра и опуштена предновогодишна забава.

Оние што ќе дојдат на Сараиште в сабота ќе можат да купат некои од ракотворбите што ќе бидат изложени на базарот, најразлични мали подароци, свеќи, новогодишни украси, слики, беџови...

На овогодинешниот базар со свои производи ќе се претстават „Simplycated“, „Copper Art“, „Sweet Dreams Factory“, „Mh CandelCo“, „Texturedora“, „Boketto“, „Art with love“, „Kreema Woods“,  „Why Knot macrame design“, „The Candle Shop“, „Brillo“, „Balkocrafts“, „Bache Handmade Design“, „Снегулки“, “The sweet room, Anart“.

Присутните ќе можат да уживаат во греано вино, топла ракија и чајче за што се задолжени „Kadmo Bar“ и „Jazz Inn“. Почетокот на настанот е предвиден за од 11 часот, се додека има интерес и присутни на Сараиште.

The post В сабота во Охрид ќе се пие вино и ќе се вртат плочи appeared first on Република.

]]>

Културолошката иницијатива „5 до 12“ од Охрид за в сабота на плажата Сараиште во Стариот дел на Охрид организира целодневна винил-забава, со Божикен маркет и греано вино и ракија. Настанот е од хуманитарен карактер, со тоа што средства што ќе се соберат на манифестацијата ќе бидат донирани за добропознатата хуманитарна акција „Пакетчиња за сите дечиња“. За забавата ќе бидат задолежени ди-џеите „Vanco Play“, „Tome Rootboy“, „Zupsan“, „Acko“, „DJ Dostin“, „DJ Martino“, „DJ Oli“. Тие ги повикуваат сите колекционери на плочи да донесат неколку омилени примероци од своите архиви, истите ќе се вртат на грамофон, се за добра и опуштена предновогодишна забава. Оние што ќе дојдат на Сараиште в сабота ќе можат да купат некои од ракотворбите што ќе бидат изложени на базарот, најразлични мали подароци, свеќи, новогодишни украси, слики, беџови... На овогодинешниот базар со свои производи ќе се претстават „Simplycated“, „Copper Art“, „Sweet Dreams Factory“, „Mh CandelCo“, „Texturedora“, „Boketto“, „Art with love“, „Kreema Woods“,  „Why Knot macrame design“, „The Candle Shop“, „Brillo“, „Balkocrafts“, „Bache Handmade Design“, „Снегулки“, “The sweet room, Anart“. Присутните ќе можат да уживаат во греано вино, топла ракија и чајче за што се задолжени „Kadmo Bar“ и „Jazz Inn“. Почетокот на настанот е предвиден за од 11 часот, се додека има интерес и присутни на Сараиште.

The post В сабота во Охрид ќе се пие вино и ќе се вртат плочи appeared first on Република.

]]>
Се отвораат нови пазари како Кореја и Бразил: Николовски очекува годинава да бидат срушени рекордите за извезено вино https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-otvoraat-novi-pazari-kako-koreja-i-brazil-nikolovski-ochekuva-godinava-da-bidat-srusheni-rekordite-za-izvezeno-vino/ Sat, 18 Nov 2023 08:10:51 +0000 https://republika.mk/?p=702768

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, очекува годинава да бидат срушени рекордите за извезено вино.

Во интервју за МИА, Николовски вели дека македонското вино е нашиот најголем амбасадор и дека се отвораат нови пазари како што се Кореја, Бразил и други држави во светот.

Сите политики што ги водиме се во правец да произведуваме финален производ и токму затоа оваа година за 12 милиони евра е зголемен извозот на флаширано вино, а паѓа извозот на наливно вино. Токму тоа што паѓа извозот на наливно вино и расте извозот на флаширано вино, говори дека навистина сите политики, мерки и активности водат во правец да го преработуваме нашето грозје и да работиме на брендирање и на имиџ на македонското вино, посочува Николовски во интервјуто за МИА што го даде на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ што од 16 до 20 ноември се одржува на Белградскиот саем.

Николовски нагласува дека сме препознатливи како винска земја и дека виното е најизвезуван земјоделски производ после тутунот. Од 28 држави и над 600 винарии на саемот, од земјава присутни се 74 винарии.

Македонија е винска земја, виното е наш најголем амбасадор. Моментално, според последните бројки, сме прва земја во регионот, дури пред Грција и пред останатите земји, во извоз на виното. Очекувам 2023 година да ги срушиме рекордите по вредноста на извезено вино. Особено е значајно што расте извозот на флаширано вино, и само во последната година имаме за 30 проценти поголем извоз на флаширано вино. Едни од најпосетуваните се и македонските семејни винарии, македонските мали старт ап винарии. Пред само неколку години имавме 30, а денес сме до добра бројка од близу 300 регистрирани винарии, вели Николовски.

The post Се отвораат нови пазари како Кореја и Бразил: Николовски очекува годинава да бидат срушени рекордите за извезено вино appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, очекува годинава да бидат срушени рекордите за извезено вино. Во интервју за МИА, Николовски вели дека македонското вино е нашиот најголем амбасадор и дека се отвораат нови пазари како што се Кореја, Бразил и други држави во светот.
Сите политики што ги водиме се во правец да произведуваме финален производ и токму затоа оваа година за 12 милиони евра е зголемен извозот на флаширано вино, а паѓа извозот на наливно вино. Токму тоа што паѓа извозот на наливно вино и расте извозот на флаширано вино, говори дека навистина сите политики, мерки и активности водат во правец да го преработуваме нашето грозје и да работиме на брендирање и на имиџ на македонското вино, посочува Николовски во интервјуто за МИА што го даде на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ што од 16 до 20 ноември се одржува на Белградскиот саем.
Николовски нагласува дека сме препознатливи како винска земја и дека виното е најизвезуван земјоделски производ после тутунот. Од 28 држави и над 600 винарии на саемот, од земјава присутни се 74 винарии.
Македонија е винска земја, виното е наш најголем амбасадор. Моментално, според последните бројки, сме прва земја во регионот, дури пред Грција и пред останатите земји, во извоз на виното. Очекувам 2023 година да ги срушиме рекордите по вредноста на извезено вино. Особено е значајно што расте извозот на флаширано вино, и само во последната година имаме за 30 проценти поголем извоз на флаширано вино. Едни од најпосетуваните се и македонските семејни винарии, македонските мали старт ап винарии. Пред само неколку години имавме 30, а денес сме до добра бројка од близу 300 регистрирани винарии, вели Николовски.

The post Се отвораат нови пазари како Кореја и Бразил: Николовски очекува годинава да бидат срушени рекордите за извезено вино appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Винските патишта на балканските држави стануваат светска дестинација https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-vinskite-patishta-na-balkanskite-drzhavi-stanuvaat-svetska-destinatsija/ Thu, 16 Nov 2023 19:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=702314

Македонските, српските, албанските и црногорските винарии се рамо до рамо со врвните светски вински производители. Тоа е мегдан за наша промоција, за вмрежување и за отворање нови пазари. Преку оваа иницијатива ја покажавме и функционалната соработка помеѓу нашите стопански комори, ја покажавме соработката помеѓу нашите држави, ја покажавме соработката помеѓу нашите граѓани и компании и заедно направивме подобар резултат. Винските патишта на нашите држави стануваат светска дестинација.

Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на вториот меѓународен саем за храна, вино и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржува во Белград.

Ковачевски истакна дека годинава преку овој саем на вино се создаваат силни врски кои, како што рече, значат стимул за нашите економии.

Овозможивме на граничните премини да функционираат зелени ленти за брз проток на транспортните камиони од трите земји. Во функција е и заедничкиот систем за електронска наплата на патарини без застанување. Се реализираа повеќе соработки од областа на туризмот и културата, а следува и отстранување на работните дозволи меѓу државите членки. На овој начин градиме добрососедски односи и доверба како пријателски држави, но и заеднички чекориме по европскиот пат и тоа го направивме сами без некој друг да дојде да ни каже, како да го направиме, и на кој начин да го направиме, нагласи Ковачевски.

Според него, преку иницијативата „Отворен Балкан“ заедничкото претставување и промоција на македонскиот и балканскиот вински и туристички квалитет ги отвораме патиштата за нашите компании до врвното меѓународно винско и гастрономско поднебје. Со организацијата, учеството на ваквите саеми даваме значаен придонес кон процесите на создавање на единствен пазар помеѓу земјите од Западен Балкан, а со тоа полесно приклучување до европскиот пазар.

Како што кажа Ковачевски, преку инцијативата „Отворен Балкан“ имаме и видливи резултати кои се гледаат преку бројки.

За 25 проценти ја зголемивме размената и трговијата помеѓу Македонија, Албанија и Србија.  Размената со Србија надмина 1,1 милијарда евра што е најголемо ниво на трговска размена во последните 17 годни помеѓу двете држави. Само минатата година размената со Албанија е зголемена за 40 проценти, со Србија за 50 проценти. Преку зголемувањето на соработката имаат бенефит и компаниите и граѓаните и државите и целото опкружување, подвлече Ковачевски.

Тој нагласи дека овој саем на вино не е само обична саемска манифестација, туку можност за нашите компании и нашите професионалци да покажат дека со здружени сили ние сме вистински партнер за развој на нашите економии и зацврстување на економската соработка во регионот.

Јас доаѓам од мала држава по број на жители и по територија, меѓутоа доаѓам од голема држава во производство на вино. Македонија е втора земја извозник на вино во регионот и 29-та земја извозник на вино во светот. Нашиот капацитет за производство на вино изнесува 1,72 милиони хектолитри, коишто е двапати поголем од вкупното производство на вино во моментов.  Податок кој ни дава мотив и поттик за понатамошно зголемување на производството, рече Ковачевски.

Според него, со мерки, законски решенија и финансиска поддршка, ние сме на вистинскиот пат тоа и да го оствариме.

Саемите како овој се исто така и можност за наш развој, за зголемување на продажбата, за развој на компаниите меѓутоа и за промоција на квалитетот којшто го нудиме од нашите држави, потенцира Ковачевски.

На отворањето на семот се обратија и претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, а преку видео порака се обрати и премиерот на Албанија Еди Рама. Се обрати и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж.

Според Милатовиќ, Балканот е најубав кога е отворен.

Сметам дека ваквиот начин на соработка е најубав, рече тој.

Премиерот на Албанија Рама во видео обраќање рече дека со ваквиот саем се прави нешто позитивно во свет полн со болка и трагедија.

Даваме порака за подобра иднина. Нашата иднина моа да биде многу поинаква од нашето минато и од сегашноста. Се надевам дека секој од нас го чувствува тоа. Целта е да се направи хармонично соседство без граници. Да се обидеме да не ги повториме грешките од минатото, туку времето што ни е дадено да го претвориме во среќна иднина за генерациите што доаѓаат, посочи Рама.

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека е многу направено за само една година и додаде дека му е мило што повеќе од половина од излагачите на саемот се од земјите од „Отворен Балкан“.

Од Србија се 260, од Македонија 74 што процентуално според број на жители е најмногу и 21 од Албанија, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека „Отворен Балкан“ претставува афирмирана платформа на мирот, а Западен Балкан е пазар од 20 милиони.

Србија не е традиционално винска земја, но се трансформира во тоа. Најмногу грозје увезуваме од Македонија и од него нашите енолози прават убави вина, рече Вучиќ.

За македонските винарии, Вучиќ изјави дека се одлични и дека доаѓаат од земја која има винска историја.

Саемот се одржува под покровителство на Владите на Србија, Албанија и Македонија, а во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

На саемот за вино годинава има над 600 изложувачи, бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји.

The post Ковачевски: Винските патишта на балканските држави стануваат светска дестинација appeared first on Република.

]]>

Македонските, српските, албанските и црногорските винарии се рамо до рамо со врвните светски вински производители. Тоа е мегдан за наша промоција, за вмрежување и за отворање нови пазари. Преку оваа иницијатива ја покажавме и функционалната соработка помеѓу нашите стопански комори, ја покажавме соработката помеѓу нашите држави, ја покажавме соработката помеѓу нашите граѓани и компании и заедно направивме подобар резултат. Винските патишта на нашите држави стануваат светска дестинација.
Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на вториот меѓународен саем за храна, вино и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржува во Белград. Ковачевски истакна дека годинава преку овој саем на вино се создаваат силни врски кои, како што рече, значат стимул за нашите економии.
Овозможивме на граничните премини да функционираат зелени ленти за брз проток на транспортните камиони од трите земји. Во функција е и заедничкиот систем за електронска наплата на патарини без застанување. Се реализираа повеќе соработки од областа на туризмот и културата, а следува и отстранување на работните дозволи меѓу државите членки. На овој начин градиме добрососедски односи и доверба како пријателски држави, но и заеднички чекориме по европскиот пат и тоа го направивме сами без некој друг да дојде да ни каже, како да го направиме, и на кој начин да го направиме, нагласи Ковачевски.
Според него, преку иницијативата „Отворен Балкан“ заедничкото претставување и промоција на македонскиот и балканскиот вински и туристички квалитет ги отвораме патиштата за нашите компании до врвното меѓународно винско и гастрономско поднебје. Со организацијата, учеството на ваквите саеми даваме значаен придонес кон процесите на создавање на единствен пазар помеѓу земјите од Западен Балкан, а со тоа полесно приклучување до европскиот пазар. Како што кажа Ковачевски, преку инцијативата „Отворен Балкан“ имаме и видливи резултати кои се гледаат преку бројки.
За 25 проценти ја зголемивме размената и трговијата помеѓу Македонија, Албанија и Србија.  Размената со Србија надмина 1,1 милијарда евра што е најголемо ниво на трговска размена во последните 17 годни помеѓу двете држави. Само минатата година размената со Албанија е зголемена за 40 проценти, со Србија за 50 проценти. Преку зголемувањето на соработката имаат бенефит и компаниите и граѓаните и државите и целото опкружување, подвлече Ковачевски.
Тој нагласи дека овој саем на вино не е само обична саемска манифестација, туку можност за нашите компании и нашите професионалци да покажат дека со здружени сили ние сме вистински партнер за развој на нашите економии и зацврстување на економската соработка во регионот.
Јас доаѓам од мала држава по број на жители и по територија, меѓутоа доаѓам од голема држава во производство на вино. Македонија е втора земја извозник на вино во регионот и 29-та земја извозник на вино во светот. Нашиот капацитет за производство на вино изнесува 1,72 милиони хектолитри, коишто е двапати поголем од вкупното производство на вино во моментов.  Податок кој ни дава мотив и поттик за понатамошно зголемување на производството, рече Ковачевски.
Според него, со мерки, законски решенија и финансиска поддршка, ние сме на вистинскиот пат тоа и да го оствариме.
Саемите како овој се исто така и можност за наш развој, за зголемување на продажбата, за развој на компаниите меѓутоа и за промоција на квалитетот којшто го нудиме од нашите држави, потенцира Ковачевски.
На отворањето на семот се обратија и претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, а преку видео порака се обрати и премиерот на Албанија Еди Рама. Се обрати и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж. Според Милатовиќ, Балканот е најубав кога е отворен.
Сметам дека ваквиот начин на соработка е најубав, рече тој. Премиерот на Албанија Рама во видео обраќање рече дека со ваквиот саем се прави нешто позитивно во свет полн со болка и трагедија. Даваме порака за подобра иднина. Нашата иднина моа да биде многу поинаква од нашето минато и од сегашноста. Се надевам дека секој од нас го чувствува тоа. Целта е да се направи хармонично соседство без граници. Да се обидеме да не ги повториме грешките од минатото, туку времето што ни е дадено да го претвориме во среќна иднина за генерациите што доаѓаат, посочи Рама.
Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека е многу направено за само една година и додаде дека му е мило што повеќе од половина од излагачите на саемот се од земјите од „Отворен Балкан“.
Од Србија се 260, од Македонија 74 што процентуално според број на жители е најмногу и 21 од Албанија, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека „Отворен Балкан“ претставува афирмирана платформа на мирот, а Западен Балкан е пазар од 20 милиони.
Србија не е традиционално винска земја, но се трансформира во тоа. Најмногу грозје увезуваме од Македонија и од него нашите енолози прават убави вина, рече Вучиќ.
За македонските винарии, Вучиќ изјави дека се одлични и дека доаѓаат од земја која има винска историја. Саемот се одржува под покровителство на Владите на Србија, Албанија и Македонија, а во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. На саемот за вино годинава има над 600 изложувачи, бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји.

The post Ковачевски: Винските патишта на балканските држави стануваат светска дестинација appeared first on Република.

]]>
Само една од седум ракии во Србија е исправна, состојбата со виното е нешто подобра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/samo-edna-od-sedum-rakii-vo-srbija-e-ispravna-sostojbata-so-vinoto-e-neshto-podobra/ Mon, 23 Oct 2023 17:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=694279

Србија важи за земја каде што има голем број јубители на ракија и вино, но анализа на алкохолни пијалоци во земјата дала прилично лоши и загрижувачки резултати.

По неодамнешната анализа на медот, во која 22 од 25 примероци се констатирани неисправни, тестирани се вино и ракија од земјата, а добиени се слични резултати. Само една од седум ракии била вистинска, односно немала адитиви за етанол и шеќер, додека само едно од 14 вина ги исполнувало стандардите. Во нив биле додавани вода и шеќер. Станува збор за вина претежно од странство, односно од увоз.

Двете анализи ги побарал кластерот „Движење на потрошувачи за квалитет на храната“. Станува збор за нов изотопски метод кој претставува збир од неколку методи со кои може да се утврдат нелегални практики при производство на мед, вино и ракија.

Методот е развиен во 2008, 2009 година, а зад него стои Иван Смајловиќ, дипломиран технолог од Панчево, сопственик на лабораторијата Ана лаб. Проблемот со фалсификуваната храна и пијалоци е глобален и голем. Во Европската Унија на полиците на продавниците се пронајдени 27.000 тони лажна храна, пишува „Н1“.

Податоците покажуваат дека измамите со храна во земјите-членки на ЕУ се зголемиле за 85 отсто меѓу 2016 и 2019 година, а по пандемијата и почетокот на војната во Украина, бројот на случаи се зголемил уште повеќе. Проценките за загубата во Нова се движат од осум до 12 милијарди евра.

Уште поважно, освен пари, овие производи имаат негативно влијание и врз здравјето на луѓето.

The post Само една од седум ракии во Србија е исправна, состојбата со виното е нешто подобра appeared first on Република.

]]>

Србија важи за земја каде што има голем број јубители на ракија и вино, но анализа на алкохолни пијалоци во земјата дала прилично лоши и загрижувачки резултати. По неодамнешната анализа на медот, во која 22 од 25 примероци се констатирани неисправни, тестирани се вино и ракија од земјата, а добиени се слични резултати. Само една од седум ракии била вистинска, односно немала адитиви за етанол и шеќер, додека само едно од 14 вина ги исполнувало стандардите. Во нив биле додавани вода и шеќер. Станува збор за вина претежно од странство, односно од увоз. Двете анализи ги побарал кластерот „Движење на потрошувачи за квалитет на храната“. Станува збор за нов изотопски метод кој претставува збир од неколку методи со кои може да се утврдат нелегални практики при производство на мед, вино и ракија. Методот е развиен во 2008, 2009 година, а зад него стои Иван Смајловиќ, дипломиран технолог од Панчево, сопственик на лабораторијата Ана лаб. Проблемот со фалсификуваната храна и пијалоци е глобален и голем. Во Европската Унија на полиците на продавниците се пронајдени 27.000 тони лажна храна, пишува „Н1“. Податоците покажуваат дека измамите со храна во земјите-членки на ЕУ се зголемиле за 85 отсто меѓу 2016 и 2019 година, а по пандемијата и почетокот на војната во Украина, бројот на случаи се зголемил уште повеќе. Проценките за загубата во Нова се движат од осум до 12 милијарди евра. Уште поважно, освен пари, овие производи имаат негативно влијание и врз здравјето на луѓето.

The post Само една од седум ракии во Србија е исправна, состојбата со виното е нешто подобра appeared first on Република.

]]>
Македонија е 13 земја во светот по девизен прилив од извоз на вино https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-e-13-zemja-vo-svetot-po-devizen-priliv-od-izvoz-na-vino/ Fri, 25 Aug 2023 19:50:56 +0000 https://republika.mk/?p=675865

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ја посети винаријата Камник, од каде извести за рангирањето на Македонија како 13 држава во светот на скалата по девизен прилив остварен од извоз на вино, според податоците на „World Top Export“.

Ова се одлични резултати за една мала земја како нашата која се натпреварува со далеку поголеми држави. Ние во 2022 година сме оствариле девизен прилив во вредност од скоро 60 милиони евра. Нашата анализа покажа дека низ годините наназад ние сме успеале да го одржиме производството и површините со лозови насади, а при тоа да ја зголемиме вредноста на извезеното вино. За пример, во 2021 и 2022 сме извезле отприлика иста количина вино но, во 2021 имаме околу 50 милиони евра а во 2022 околу 60 милиони девизен прилив, значи 10 милиони евра повеќе за една година. Ова се должи на зголемениот квалитет на виното и зголемениот извоз на вино во шишиња, како и на многуте нови брендови кои ги освојуваат странските пазари. И во тој правец треба да продолжиме, да го зголемуваме квалиетот на произведено винско грозје за да имаме уште поквалитетни вина“, изјави министерот Николовски.

Според анализите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за изминатите седум години од 2016 до 2022, за лозарите и винариите се исплатиле околу 90 милиони евра, по разни основи, а само во една година се вратиле назад во буџетската каса две третини од овој износ, односно 60 милиони евра.

Според Николовски, тоа доволно зборува зошто се посветува посебно внимание токму на овој сектор и ги опрадува сите пари кои се исплатени кон лозарите и винариите низ годиниве наназад.

Македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобар промотер на нашата земја, најгласниот и најдиректниот маркетинг за нашата земја. Јасно и силно го рефлектира успехот на нашата стратегијата, со што винскиот сектор доживеа револуционерен развој. Ние денеска зборуваме за над 200 винарии, а само пред неколку години беа триесетина. Ние денеска не сме невидливи во тој глобален вински свет, напротив, силно зрачиме и секој кој следи вински параметри, се почесто ќе го чита името на Македонија“, потенцира Николовски.

Тој додаде дека оваа година ќе биде донесена нова десетгодишна стратегија за уште поголем развој на овој сектор и искористување на целосниот потенцијал.

Очекуваме да се изгласа и новиот Закон за вино којшто е целосно усогласен со директивите на ЕУ, што ќе биде уште еден наш успех и надградување на политиките, изјави Николовски.

Николовски го најави Првиот јавен повик од ИПАРД 3 кој е со најголем буџет до сега од над 30 милиони евра и ги повика сите винарии да аплицираат за нови средства со кои ќе го зголемат производството, ќе го модернизираат и ќе продолжат да придонесуваат за уште поголем развојот на винскиот сектор и нови заеднички успеси.

The post Македонија е 13 земја во светот по девизен прилив од извоз на вино appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ја посети винаријата Камник, од каде извести за рангирањето на Македонија како 13 држава во светот на скалата по девизен прилив остварен од извоз на вино, според податоците на „World Top Export“.
Ова се одлични резултати за една мала земја како нашата која се натпреварува со далеку поголеми држави. Ние во 2022 година сме оствариле девизен прилив во вредност од скоро 60 милиони евра. Нашата анализа покажа дека низ годините наназад ние сме успеале да го одржиме производството и површините со лозови насади, а при тоа да ја зголемиме вредноста на извезеното вино. За пример, во 2021 и 2022 сме извезле отприлика иста количина вино но, во 2021 имаме околу 50 милиони евра а во 2022 околу 60 милиони девизен прилив, значи 10 милиони евра повеќе за една година. Ова се должи на зголемениот квалитет на виното и зголемениот извоз на вино во шишиња, како и на многуте нови брендови кои ги освојуваат странските пазари. И во тој правец треба да продолжиме, да го зголемуваме квалиетот на произведено винско грозје за да имаме уште поквалитетни вина“, изјави министерот Николовски.
Според анализите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за изминатите седум години од 2016 до 2022, за лозарите и винариите се исплатиле околу 90 милиони евра, по разни основи, а само во една година се вратиле назад во буџетската каса две третини од овој износ, односно 60 милиони евра. Според Николовски, тоа доволно зборува зошто се посветува посебно внимание токму на овој сектор и ги опрадува сите пари кои се исплатени кон лозарите и винариите низ годиниве наназад.
Македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобар промотер на нашата земја, најгласниот и најдиректниот маркетинг за нашата земја. Јасно и силно го рефлектира успехот на нашата стратегијата, со што винскиот сектор доживеа револуционерен развој. Ние денеска зборуваме за над 200 винарии, а само пред неколку години беа триесетина. Ние денеска не сме невидливи во тој глобален вински свет, напротив, силно зрачиме и секој кој следи вински параметри, се почесто ќе го чита името на Македонија“, потенцира Николовски.
Тој додаде дека оваа година ќе биде донесена нова десетгодишна стратегија за уште поголем развој на овој сектор и искористување на целосниот потенцијал.
Очекуваме да се изгласа и новиот Закон за вино којшто е целосно усогласен со директивите на ЕУ, што ќе биде уште еден наш успех и надградување на политиките, изјави Николовски.
Николовски го најави Првиот јавен повик од ИПАРД 3 кој е со најголем буџет до сега од над 30 милиони евра и ги повика сите винарии да аплицираат за нови средства со кои ќе го зголемат производството, ќе го модернизираат и ќе продолжат да придонесуваат за уште поголем развојот на винскиот сектор и нови заеднички успеси.

The post Македонија е 13 земја во светот по девизен прилив од извоз на вино appeared first on Република.

]]>
Македонија е 13 земја во светот по остварен девизен прилив од извоз на вино https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-e-13-zemja-vo-svetot-po-ostvaren-devizen-priliv-od-izvoz-na-vino/ Fri, 25 Aug 2023 15:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=675799

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посети винаријата Камник, од каде извести за рангирањето на Македонија како 13 држава во светот на скалата по девизен прилив остварен од извоз на вино, според податоците на World Top Export.

„Ова се одлични резултати за една мала земја како нашата која се натпреварува со далеку поголеми држави. Ние во 2022 година сме оствариле девизен прилив во вредност од скоро 60 милиони евра. Нашата анализа покажа дека низ годините наназад ние сме успеале да го одржиме производството и површините со лозови насади, а при тоа да ја зголемиме вредноста на извезеното вино. За пример, во 2021 и 2022 сме извезле отприлика иста количина вино но, во 2021 имаме околу 50 милиони евра а во 2022 околу 60 милиони девизен прилив, значи 10 милиони евра повеќе за една година. Ова се должи на зголемениот квалитет на виното и зголемениот извоз на вино во шишиња, како и на многуте нови брендови кои ги освојуваат странските пазари. И во тој правец треба да продолжиме, да го зголемуваме квалиетот на произведено винско грозје за да имаме уште поквалитетни вина“ изјави министерот Николовски.

Според анализите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за изминатите седум години од 2016 до 2022, ние за лозарите и винариите сме исплатиле околу 90 милиони евра, по разни основи, а само во една година сме вратиле назад во буџетската каса две третини од овој износ, односно 60 милиони евра. Ова доволно зборува зошто посветуваме посебно внимание токму на овој сектор и ги опрадува сите пари кои сме ги исплатиле кон лозарите и винариите низ годиниве наназад.

„Македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобар промотер на нашата земја, најгласниот и најдиректниот маркетинг за нашата земја. Јасно и силно го рефлектира успехот на нашата стратегијата, со што винскиот сектор доживеа револуционерен развој. Ние денеска зборуваме за над 200 винарии, а само пред неколку години беа триесетина. Ние денеска не сме невидливи во тој глобален вински свет, напротив, силно зрачиме и секој кој следи вински параметри, се почесто ќе го чита името на Македонија“ потенцираше министерот Николовски.

Оваа година ќе донесеме нова десетгодишна стратегија за уште поголем развој на овој сектор и искористување на целосниот потенцијал. Очекуваме да се изгласа и новиот Закон за вино којшто е целосно усогласен со директивите на ЕУ, што ќе биде уште еден наш успех и надградување на политиките.

Лидери сме во регионот по инвестиции од ИПАРД програмата, меѓу кои има и инвестиции во винската индустрија! Една од нив е и винарската визба Камник, која преку ИПАРД 2 програмата има набавено околу 80% од опремата за винарство и складирање на вино. Камник е една од водечките винарски визби, која ја препозна можноста на ИПАРД програмата и успешно ги искористи средствата за модернизација на производството.

Први во регионот почнуваме со ИПАРД 3 програмата и буџет кој е зголемен за 62%. На располагање имаме вкупно 120 милиони евра.

Од винаријата Камник, министерот Николовски го најави Првиот јавен повик од ИПАРД 3 кој е со најголем буџет до сега од над 30 милиони евра и ги повика сите винарии да аплицираат за нови средства со кои ќе го зголемат производството, ќе го модернизираат и ќе продолжат да придонесуваат за уште поголем развојот на винскиот сектор и нови заеднички успеси.

The post Македонија е 13 земја во светот по остварен девизен прилив од извоз на вино appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посети винаријата Камник, од каде извести за рангирањето на Македонија како 13 држава во светот на скалата по девизен прилив остварен од извоз на вино, според податоците на World Top Export.   „Ова се одлични резултати за една мала земја како нашата која се натпреварува со далеку поголеми држави. Ние во 2022 година сме оствариле девизен прилив во вредност од скоро 60 милиони евра. Нашата анализа покажа дека низ годините наназад ние сме успеале да го одржиме производството и површините со лозови насади, а при тоа да ја зголемиме вредноста на извезеното вино. За пример, во 2021 и 2022 сме извезле отприлика иста количина вино но, во 2021 имаме околу 50 милиони евра а во 2022 околу 60 милиони девизен прилив, значи 10 милиони евра повеќе за една година. Ова се должи на зголемениот квалитет на виното и зголемениот извоз на вино во шишиња, како и на многуте нови брендови кои ги освојуваат странските пазари. И во тој правец треба да продолжиме, да го зголемуваме квалиетот на произведено винско грозје за да имаме уште поквалитетни вина“ изјави министерот Николовски.   Според анализите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за изминатите седум години од 2016 до 2022, ние за лозарите и винариите сме исплатиле околу 90 милиони евра, по разни основи, а само во една година сме вратиле назад во буџетската каса две третини од овој износ, односно 60 милиони евра. Ова доволно зборува зошто посветуваме посебно внимание токму на овој сектор и ги опрадува сите пари кои сме ги исплатиле кон лозарите и винариите низ годиниве наназад.   „Македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобар промотер на нашата земја, најгласниот и најдиректниот маркетинг за нашата земја. Јасно и силно го рефлектира успехот на нашата стратегијата, со што винскиот сектор доживеа револуционерен развој. Ние денеска зборуваме за над 200 винарии, а само пред неколку години беа триесетина. Ние денеска не сме невидливи во тој глобален вински свет, напротив, силно зрачиме и секој кој следи вински параметри, се почесто ќе го чита името на Македонија“ потенцираше министерот Николовски.   Оваа година ќе донесеме нова десетгодишна стратегија за уште поголем развој на овој сектор и искористување на целосниот потенцијал. Очекуваме да се изгласа и новиот Закон за вино којшто е целосно усогласен со директивите на ЕУ, што ќе биде уште еден наш успех и надградување на политиките.   Лидери сме во регионот по инвестиции од ИПАРД програмата, меѓу кои има и инвестиции во винската индустрија! Една од нив е и винарската визба Камник, која преку ИПАРД 2 програмата има набавено околу 80% од опремата за винарство и складирање на вино. Камник е една од водечките винарски визби, која ја препозна можноста на ИПАРД програмата и успешно ги искористи средствата за модернизација на производството.   Први во регионот почнуваме со ИПАРД 3 програмата и буџет кој е зголемен за 62%. На располагање имаме вкупно 120 милиони евра.   Од винаријата Камник, министерот Николовски го најави Првиот јавен повик од ИПАРД 3 кој е со најголем буџет до сега од над 30 милиони евра и ги повика сите винарии да аплицираат за нови средства со кои ќе го зголемат производството, ќе го модернизираат и ќе продолжат да придонесуваат за уште поголем развојот на винскиот сектор и нови заеднички успеси.    

The post Македонија е 13 земја во светот по остварен девизен прилив од извоз на вино appeared first on Република.

]]>
Македонија доби седум вински промотори: Ќе презентираат над 120 македонски винарии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-dobi-sedum-vinski-promotori-ke-prezentiraat-nad-120-makedonski-vinarii/ Tue, 27 Jun 2023 18:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=655830

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги додели седумте договори за ангажирање вински промотори. Задача на винските промотори ќе биде домашна и меѓународна промоција на над 120 македонски винарии, преку социјалните мрежи.

Како што соопшти МЗШВ, критериумите по кои учествуваа аплилантите беа: да се познавачи на виното и винската култура, да имаат најмалку 10.000 следбеници на личните профили на социјалните мрежи и најмалку две години искуство во промоција на вино и производи од винско грозје на социјалните мрежи, како и да имаат предлог-план на активностите со временска рамка и методологија за реализација за најмалку шест месеци.

Од апликантите се бара и да имаат согласност за промоција на вино и производи од винско грозје на социјалните мрежи од најмалку десет корисници, со склучен договор за дело направен со правен субјект регистриран за услуги од областа на авторското право и индустриската сопственост како доказ.

Секторот лозарство и винарство е значаен и високо во приоритетите на министерството. Втора држава сме во регионот и меѓу дваесете во светот по извоз на вино, овој факт не обврзува да вложуваме уште повеќе во промоција на нашето убаво вино. Вложуваме многу во промоција на македонското вино, преку поддршка за учество на реномирани меѓународни саеми, а сега со оваа нова поддршка за вински промотери дополнително даваме придонес во промоцијата на нашите винарии и нашето македонско вино. Континуирната поддршка за овој сектор придонесе да имаме стабилно производство на грозје, пораст во производството на вино, но и пораст на извозот на флаширано вино. Нашата искрена намера е да го развиеме винскиот сектор ја потврдуваме и со новиот закон за вино, но и со подготовката, за прв пат, на десет годишна стратегија за развој на секторот вино и на лозарството во нашата држава, порача Николовски.

Тој напомена дека главната стратешка цел на оваа десетгодишна стартегија е зајакнување на конкуретноста на македонската винска индустрија во делот на лозарството и винарството, со цел искористување на нејзиниот потенцијал.

Визијата за развој на секторот е јасно отсликана со подготовката на новиот Закон за вино чие донесување ќе следи во 2023 година, а каде најголемите измени се однесуваат во делот на Географските ознаки и нивна заштита кои целосно се усогласени со Регулативата од Европска Унија, потенцира Николовски.

The post Македонија доби седум вински промотори: Ќе презентираат над 120 македонски винарии appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги додели седумте договори за ангажирање вински промотори. Задача на винските промотори ќе биде домашна и меѓународна промоција на над 120 македонски винарии, преку социјалните мрежи. Како што соопшти МЗШВ, критериумите по кои учествуваа аплилантите беа: да се познавачи на виното и винската култура, да имаат најмалку 10.000 следбеници на личните профили на социјалните мрежи и најмалку две години искуство во промоција на вино и производи од винско грозје на социјалните мрежи, како и да имаат предлог-план на активностите со временска рамка и методологија за реализација за најмалку шест месеци. Од апликантите се бара и да имаат согласност за промоција на вино и производи од винско грозје на социјалните мрежи од најмалку десет корисници, со склучен договор за дело направен со правен субјект регистриран за услуги од областа на авторското право и индустриската сопственост како доказ.
Секторот лозарство и винарство е значаен и високо во приоритетите на министерството. Втора држава сме во регионот и меѓу дваесете во светот по извоз на вино, овој факт не обврзува да вложуваме уште повеќе во промоција на нашето убаво вино. Вложуваме многу во промоција на македонското вино, преку поддршка за учество на реномирани меѓународни саеми, а сега со оваа нова поддршка за вински промотери дополнително даваме придонес во промоцијата на нашите винарии и нашето македонско вино. Континуирната поддршка за овој сектор придонесе да имаме стабилно производство на грозје, пораст во производството на вино, но и пораст на извозот на флаширано вино. Нашата искрена намера е да го развиеме винскиот сектор ја потврдуваме и со новиот закон за вино, но и со подготовката, за прв пат, на десет годишна стратегија за развој на секторот вино и на лозарството во нашата држава, порача Николовски.
Тој напомена дека главната стратешка цел на оваа десетгодишна стартегија е зајакнување на конкуретноста на македонската винска индустрија во делот на лозарството и винарството, со цел искористување на нејзиниот потенцијал.
Визијата за развој на секторот е јасно отсликана со подготовката на новиот Закон за вино чие донесување ќе следи во 2023 година, а каде најголемите измени се однесуваат во делот на Географските ознаки и нивна заштита кои целосно се усогласени со Регулативата од Европска Унија, потенцира Николовски.

The post Македонија доби седум вински промотори: Ќе презентираат над 120 македонски винарии appeared first on Република.

]]>
Во Скопје презентиран најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-skopje-prezentiran-najgolemiot-regionalen-saem-za-vino-vinska-vizija-na-otvoren-balkan/ Sat, 10 Jun 2023 14:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=649932

Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ресорните министерства на Србија и Албанија, денеска во Скопје се одржа презентација на најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“.

Минатата година, во рамките на Отворен Балкан виното беше промовирано како најзначаен производ на регионот, што беше потврдено на првиот вински саем „Винската визија на Отворен Балкан“, кој го имаше своето прво издание минатата година во Белград и предизвика огромно медиумско внимание. Во насока на јакнење на потенцијалот на овој заеднички вински саем, во периодот до неговото второ издание оваа есен, земјите членки  на Отворен Балкан организираат промоции на саемот низ регионот.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека земјите од Отворен Балкан се заедно, тие секогаш биле заедно и секогаш ќе бидат заедно во овие простори, меѓутоа разликата е што како сега никогаш во минатото не соработувале заедно и таа соработка се гледа токму преку настани и преку вакви активности како што е винскиот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ кој што прерастува во еден од трите најголеми саеми за вино во светот.

Она што е резултат на Отворен Балкан сега веќе се гледа и низ бројки. Размената и трговијата помеѓу трите држави е зголемена за 25 проценти. Размената со Србија надмина 1.1 милијарда евра што е најголемо ниво во последните 17 години. Само минатата година размената со Албанија е зголемена за 40 проценти, со Србија е зголемена за 50 проценти. Воведовме зелени ленти за транспортерите за нашите три држави да не чекаат на границите. Воведуваме системи за електронска идентификација со која што работниците ќе можат слободно да се движат помеѓу нашите три држави. И практично ги спроведуваме трите слободи на ЕУ, тука кај нас, на Балканот така како што доликува. Ќе го повторам уште еднаш она што го кажав во Италија и што го кажав и пред тоа дека нашите држави се братски држави. Нашите граѓани заслужуваат да комуницираат помеѓу себе слободно. На нашите граѓани на трите држави не им требаат граници како што не им требаат граници на земјите од ЕУ, и затоа јас секогаш ќе бидам посветен на зголемувањето на соработката, на зголемувањето на комуникацијата, трговијата, зголемувањето на инвестициите во сите три држави бидејќи тоа е тоа што нашите граѓани го заслужуваат, рече Ковачевски.

Добредојде на делегациите од Србија и Албанија им посака и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој нагласи дека визијата која ја имавме пред неколку години, за тоа како треба да функционира Балканот, денес е наша успешна приказна. Министерот Николовски истакна дека македонското вино е 29-то по ред по извоз во светот и најави дека на крајот на јули Владата ќе донесе нова 10-годишна стратегија за развој на винскиот сектор. Тој посочи дека до крајот на летото ќе биде донесен и новиот закон за вино.

Регионот е обединет, со отворени граници со зголемена економска соработка и уште многу бенефиции за граѓаните од сите три земји членки на Отворен Балкан. Ако тргнеме од познатата изрека дека „Во виното е вистината“, ова е нашата вистина, сплотен, убав, прекрасен Балкан. Секогаш отворен и гостопримлив. Сите се добредојдени. Заедно да го славиме животот под ова сонце. Да уживаме во врвните вина и храната со единствен балкански вкус, по која сме препознатливи во светот. Да си ја чуваме традицијата и сите богатства со кои великодушно не обдарила природата. Ние сме генерација на политичари кои носат храбри одлуки. По тоа ќе бидеме запаметени, како генерација која ги отворила границите и создала иднина за целиот регион, посочи министерот Николовски.

Заменик-министерот за земјоделство и рурален развој на Албанија, Ариан Јауплари истакна дека неговата земја е потенцијална земја во лозарството и во традиционалното производство на вино.

- Во 2022 година има производство од 30 илјади хектолитри вино со раст од 15 отсто во  однос на 2021 година. Денеска сме присутни со нашите етикети на најважните саеми во секторот. Исто така го очекуваме членството на Република Албанија во Меѓународната организација за вино и лозарство. Правната рамка која е усогласена со легислативата на ЕУ која го организира повеќе секторот исто така ја зголемува безбедноста на финалниот производ од секторот, рече Јауплари.

Министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Јелена Танасковиќ ги покани заинтересираните на Саемот на виното што ќе се одржи во Белград од 16 до 19 ноември годинава.

Ние сакаме да кажеме дека тоа за нас не е обична саемска манифестација. Ова го доживеавме како нешто повеќе, нешто возвишено. Ве молам сите заедно, пред се вистинските професионалци кои се бават со вино и купците, односно сите оние кои учествуваат во производството на вино, маркетинг, пропаганда, да дојдат бидат гости во Белград и да ги победиме бројките коишто ги постигнавме минатата година а кои не беа ни малку наивни, преку 20 земји и преку 350 учесници. Ние сакаме тоа поамбициозно и поголемо да го правиме од година во година. Сакам сите да ве повикам да дојдете и да бидете присутни и да бидеме сведоци на уште еден настан кој би бил незаборавен. Морам да го цитирам мојот претседател кој сака да каже дека Отворен Балкан покажа како  Србија, Македонија и Албанија со здружени сили можат да му покажат на светот колку можеме. Мислам дека покажавме дека не само што адекватен партнер заедно којшто има што да покаже, туку дека е партнер кој се многу сериозен во она што го прави и кој ги преминува границите од година во година со сериозни чекори, рече Танасковиќ.

Елена Младеновска Еленковиќ, извршен директор на „Вина од Македонија“ ја поздрави иницијативата и изрази надеж дека и Србија и Албанија и БиХ, Косово и Црна Гора заедно ќе успееме да ги направиме тие вински патишта, да ги донесеме странските гости тука за да покажеме со што располагаме. Посочи дека виното, гастрономијата се нешто што е предност на државава и се надевам дека во поголем број ќе бидеме во Белград во ноември за да може да ги примамиме странските гости да ги посетат овие наши земји.

Горан Јаковлевски, претседател на „Тиквешки семејни винарии“ нагласи дека кога минатата година добивле покана за учество на Винска визија на Отворен Балкан, тие како здружение на мали семејни винарии без размислување ја прифативле бидејќи тоа, како што рече, е одлична можност да ги претстават нивните вина, да споделат искуства, да разменат идеи, да остварат контакти со колеги од регионот, но и да ги понудат нашите туристички можности. Посочи дека Отворен Балкан е одлична можност за наш развој, зголемување на продажбата, промовирање на нашиот квалитет

The post Во Скопје презентиран најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ресорните министерства на Србија и Албанија, денеска во Скопје се одржа презентација на најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“. Минатата година, во рамките на Отворен Балкан виното беше промовирано како најзначаен производ на регионот, што беше потврдено на првиот вински саем „Винската визија на Отворен Балкан“, кој го имаше своето прво издание минатата година во Белград и предизвика огромно медиумско внимание. Во насока на јакнење на потенцијалот на овој заеднички вински саем, во периодот до неговото второ издание оваа есен, земјите членки  на Отворен Балкан организираат промоции на саемот низ регионот. Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека земјите од Отворен Балкан се заедно, тие секогаш биле заедно и секогаш ќе бидат заедно во овие простори, меѓутоа разликата е што како сега никогаш во минатото не соработувале заедно и таа соработка се гледа токму преку настани и преку вакви активности како што е винскиот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ кој што прерастува во еден од трите најголеми саеми за вино во светот.
Она што е резултат на Отворен Балкан сега веќе се гледа и низ бројки. Размената и трговијата помеѓу трите држави е зголемена за 25 проценти. Размената со Србија надмина 1.1 милијарда евра што е најголемо ниво во последните 17 години. Само минатата година размената со Албанија е зголемена за 40 проценти, со Србија е зголемена за 50 проценти. Воведовме зелени ленти за транспортерите за нашите три држави да не чекаат на границите. Воведуваме системи за електронска идентификација со која што работниците ќе можат слободно да се движат помеѓу нашите три држави. И практично ги спроведуваме трите слободи на ЕУ, тука кај нас, на Балканот така како што доликува. Ќе го повторам уште еднаш она што го кажав во Италија и што го кажав и пред тоа дека нашите држави се братски држави. Нашите граѓани заслужуваат да комуницираат помеѓу себе слободно. На нашите граѓани на трите држави не им требаат граници како што не им требаат граници на земјите од ЕУ, и затоа јас секогаш ќе бидам посветен на зголемувањето на соработката, на зголемувањето на комуникацијата, трговијата, зголемувањето на инвестициите во сите три држави бидејќи тоа е тоа што нашите граѓани го заслужуваат, рече Ковачевски.
Добредојде на делегациите од Србија и Албанија им посака и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој нагласи дека визијата која ја имавме пред неколку години, за тоа како треба да функционира Балканот, денес е наша успешна приказна. Министерот Николовски истакна дека македонското вино е 29-то по ред по извоз во светот и најави дека на крајот на јули Владата ќе донесе нова 10-годишна стратегија за развој на винскиот сектор. Тој посочи дека до крајот на летото ќе биде донесен и новиот закон за вино.
Регионот е обединет, со отворени граници со зголемена економска соработка и уште многу бенефиции за граѓаните од сите три земји членки на Отворен Балкан. Ако тргнеме од познатата изрека дека „Во виното е вистината“, ова е нашата вистина, сплотен, убав, прекрасен Балкан. Секогаш отворен и гостопримлив. Сите се добредојдени. Заедно да го славиме животот под ова сонце. Да уживаме во врвните вина и храната со единствен балкански вкус, по која сме препознатливи во светот. Да си ја чуваме традицијата и сите богатства со кои великодушно не обдарила природата. Ние сме генерација на политичари кои носат храбри одлуки. По тоа ќе бидеме запаметени, како генерација која ги отворила границите и создала иднина за целиот регион, посочи министерот Николовски.
Заменик-министерот за земјоделство и рурален развој на Албанија, Ариан Јауплари истакна дека неговата земја е потенцијална земја во лозарството и во традиционалното производство на вино. - Во 2022 година има производство од 30 илјади хектолитри вино со раст од 15 отсто во  однос на 2021 година. Денеска сме присутни со нашите етикети на најважните саеми во секторот. Исто така го очекуваме членството на Република Албанија во Меѓународната организација за вино и лозарство. Правната рамка која е усогласена со легислативата на ЕУ која го организира повеќе секторот исто така ја зголемува безбедноста на финалниот производ од секторот, рече Јауплари. Министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Јелена Танасковиќ ги покани заинтересираните на Саемот на виното што ќе се одржи во Белград од 16 до 19 ноември годинава.
Ние сакаме да кажеме дека тоа за нас не е обична саемска манифестација. Ова го доживеавме како нешто повеќе, нешто возвишено. Ве молам сите заедно, пред се вистинските професионалци кои се бават со вино и купците, односно сите оние кои учествуваат во производството на вино, маркетинг, пропаганда, да дојдат бидат гости во Белград и да ги победиме бројките коишто ги постигнавме минатата година а кои не беа ни малку наивни, преку 20 земји и преку 350 учесници. Ние сакаме тоа поамбициозно и поголемо да го правиме од година во година. Сакам сите да ве повикам да дојдете и да бидете присутни и да бидеме сведоци на уште еден настан кој би бил незаборавен. Морам да го цитирам мојот претседател кој сака да каже дека Отворен Балкан покажа како  Србија, Македонија и Албанија со здружени сили можат да му покажат на светот колку можеме. Мислам дека покажавме дека не само што адекватен партнер заедно којшто има што да покаже, туку дека е партнер кој се многу сериозен во она што го прави и кој ги преминува границите од година во година со сериозни чекори, рече Танасковиќ.
Елена Младеновска Еленковиќ, извршен директор на „Вина од Македонија“ ја поздрави иницијативата и изрази надеж дека и Србија и Албанија и БиХ, Косово и Црна Гора заедно ќе успееме да ги направиме тие вински патишта, да ги донесеме странските гости тука за да покажеме со што располагаме. Посочи дека виното, гастрономијата се нешто што е предност на државава и се надевам дека во поголем број ќе бидеме во Белград во ноември за да може да ги примамиме странските гости да ги посетат овие наши земји. Горан Јаковлевски, претседател на „Тиквешки семејни винарии“ нагласи дека кога минатата година добивле покана за учество на Винска визија на Отворен Балкан, тие како здружение на мали семејни винарии без размислување ја прифативле бидејќи тоа, како што рече, е одлична можност да ги претстават нивните вина, да споделат искуства, да разменат идеи, да остварат контакти со колеги од регионот, но и да ги понудат нашите туристички можности. Посочи дека Отворен Балкан е одлична можност за наш развој, зголемување на продажбата, промовирање на нашиот квалитет

The post Во Скопје презентиран најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Македонското вино одамна е во ЕУ, вели Маричиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskoto-vino-odamna-e-vo-eu-veli-marichik/ Tue, 14 Feb 2023 14:14:24 +0000 https://republika.mk/?p=608951

Македонското вино одамна е во ЕУ. Сите клучни закони од областа на земјоделство и храна ги имаме усогласено со европското законодавство и се врши нивно редовно изменување и дополнување во насока на доусогласување, што е потврдено и од страна на Европската комисија во годишниот Извештај, истакнува во објава на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања Бојан Марчиќ.

– Македонија е синоним за вкусно грозје, реномирани винарии и врвни македонски вина, кои се најдобрите македонски амбасадори во Европа и светот. Имаме плодна земја која мајсторите на својот занает знаат да ја искористат. Лидери сме во искористеноста на ИПАРД Програмата, финансиска поддршка која ЕУ ја дава за македонските земјоделци и која ќе продолжи и во периодот 2021-2027 година, преку ИПАРД III, чиј буџет изнесува 97 милиони евра. Денеска на празникот Св. Трифун, со закројувањето на лозите и полевањето со вино, лозарите симболично ја означуваат новата сезона на производство, напиша Маричиќ.

Вицепремиерот посочува дека почетокот на преговорите со Унијата значи подготовка за користење на сите предности кои ги носи членството, во областа на вино и храна.

– Ќе бидеме дел од Европската економска зона и дел од единствен пазар меѓу државите членки на ЕУ, со што ќе се овозможат нови пазари и ќе се понудат нови можности за македонските производители. Македонските земјоделци ќе добиваат поголема поддршка и стабилност на пазарот. Пристап до значаен дел од фондовите на ЕУ, многу поголеми од сегашните. Моделот на ЕУ ќе биде поттик за македонските земјоделство, бидејќи постојат механизми за поддршка на малите фарми. Важно е што ЕУ не го ограничува развојот и зголемувањето на производството, како што често може да се слушне во јавноста, туку напротив ја поддржува конкурентноста на производителите и воведувањето на стандардите на ЕУ, а во исто време инсистира на регионална соработка. Ќе регистрираме и заштитуваме традиционални македонски земјоделски производи. Македонската храна и вино ќе бидат 100 проценти безбедни и сигурни и конкурентни на европскиот пазар, вели Маричиќ.

Тој им го честита празникот Св.Трифун на сите верници кои го чествуваат, а на лозарите им посака богата жетва и квалитетно, врвно вино на европскиот пазар.

The post Македонското вино одамна е во ЕУ, вели Маричиќ appeared first on Република.

]]>

Македонското вино одамна е во ЕУ. Сите клучни закони од областа на земјоделство и храна ги имаме усогласено со европското законодавство и се врши нивно редовно изменување и дополнување во насока на доусогласување, што е потврдено и од страна на Европската комисија во годишниот Извештај, истакнува во објава на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања Бојан Марчиќ. – Македонија е синоним за вкусно грозје, реномирани винарии и врвни македонски вина, кои се најдобрите македонски амбасадори во Европа и светот. Имаме плодна земја која мајсторите на својот занает знаат да ја искористат. Лидери сме во искористеноста на ИПАРД Програмата, финансиска поддршка која ЕУ ја дава за македонските земјоделци и која ќе продолжи и во периодот 2021-2027 година, преку ИПАРД III, чиј буџет изнесува 97 милиони евра. Денеска на празникот Св. Трифун, со закројувањето на лозите и полевањето со вино, лозарите симболично ја означуваат новата сезона на производство, напиша Маричиќ. Вицепремиерот посочува дека почетокот на преговорите со Унијата значи подготовка за користење на сите предности кои ги носи членството, во областа на вино и храна. – Ќе бидеме дел од Европската економска зона и дел од единствен пазар меѓу државите членки на ЕУ, со што ќе се овозможат нови пазари и ќе се понудат нови можности за македонските производители. Македонските земјоделци ќе добиваат поголема поддршка и стабилност на пазарот. Пристап до значаен дел од фондовите на ЕУ, многу поголеми од сегашните. Моделот на ЕУ ќе биде поттик за македонските земјоделство, бидејќи постојат механизми за поддршка на малите фарми. Важно е што ЕУ не го ограничува развојот и зголемувањето на производството, како што често може да се слушне во јавноста, туку напротив ја поддржува конкурентноста на производителите и воведувањето на стандардите на ЕУ, а во исто време инсистира на регионална соработка. Ќе регистрираме и заштитуваме традиционални македонски земјоделски производи. Македонската храна и вино ќе бидат 100 проценти безбедни и сигурни и конкурентни на европскиот пазар, вели Маричиќ. Тој им го честита празникот Св.Трифун на сите верници кои го чествуваат, а на лозарите им посака богата жетва и квалитетно, врвно вино на европскиот пазар.

The post Македонското вино одамна е во ЕУ, вели Маричиќ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Вложуваме во нашиот заштитен знак – македонското вино https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-vlozhuvame-vo-nashiot-zashtiten-znak-makedonskoto-vino/ Tue, 14 Feb 2023 11:06:24 +0000 https://republika.mk/?p=608795

Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на Ресава, во тиквешкиот регион, каде, со традиционалното закројување на лозјето, се одбележа денот на лозарите, Св. Трифун.

Честитајќи им го празникот на лозарите и производителите на вино, премиерот Ковачевски посочи на мерките на Владата на Република Македонија, кои се насочени кон поддршка на лозарството и винарството.

Во чест на празникот Св. Трифун, традиционално ги закроивме лозjaта со желба и надеж за уште една поплодна година од минатата. Денес го празнуваме трудот на луѓето кои со квалитетот на нивното вино нѐ прославуваат како држава низ светот, по што, меѓу другото, сме и почитувани насекаде.

Тука сме за да им помогнеме, да ги поддржиме, да им оддадеме признание за нивната макотрпна работа и да им дадеме уверување дека и оваа година ќе им обезбедиме квалитетни услови за работа, како што тоа го правиме континуирано и без никакви задршки. Во изминатиот период ја покажавме нашата грижа и посветеност да ги помогнеме лозарството и винарството и да ги направиме уште поконкурентни за регионалните и светските пазари”, истакна премиерот Ковачевски.

Потенцирајќи го квалитетот на нашето вино во светот, премиерот нагласи дека според бројките, има нагорен тренд во извозот на вино.

Минатата 2022 година, вкупниот извоз на вино достигна рекордни 58 милиони евра, што е за скоро 9 милиони евра зголемување во однос на извозот од 2021 година.

Со порастот на извоз, веќе трета година по ред, бележиме континуиран раст на извозот на флаширано вино, а со тоа и постојан раст на девизниот прилив и јакнење на домашната економија.

Успеавме да го стабилизираме домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво. Додека, просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.

Заеднички постигнавме историски највисока откупна цена на грозјето за 2022 година”, рече премиерот, набројувајќи ја поддршката преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, зголемениот износ за мерката зелена нафта, како и грантовите за малите винарници.

Тој најави дека и годинава се предвидени грантови за малите семејни винарии, кои ќе можат, преку грант од 10.000 евра, државна помош, да инвестираат во своите бизниси, а дополнително, за прв пат ќе се помогнат малите дестилерии, со грант од 5.000 евра грант, со кои ќе можат да набават опрема за производство и пакување. Премиерот Ковачевски најави и дека се подготвува нов Закон за вино, кој е усогласен со ЕУ регулативите и кој ќе придонесе за поквалитетно вино.

Исто така, се подготвува и Национална стратегија за развој на лозарството и винарството, која Владата ја носи за период од најмалку 5 години.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски изјави:

Успешната приказна на малите семејни винарии, ќе продолжи и оваа година, со грант до 600.000 ден., а за прв пат ќе стартува нова Програма за поддршка на мали дестилерии. Новиот Закон за вино, влегува во владина постапка.

Тоа е уште еден успех, кој ќе овозможи користење на ознаките за квалитет прилагодени со законодавството на ЕУ. Лозарите и винариите ќе имаат можност да формираат здруженија во кои заеднички ќе го договараат квалитетот на грозјето, а со тоа и квалитетот на виното. Ќе се зголеми и сигурноста на лозарите бидејќи согласно новиот закон, секоја година до 15 јули, ќе се утврдува производната цена на грозјето, што ќе придонесе лозарите да добиваат достоинствени откупни цени”.

The post Ковачевски: Вложуваме во нашиот заштитен знак – македонското вино appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на Ресава, во тиквешкиот регион, каде, со традиционалното закројување на лозјето, се одбележа денот на лозарите, Св. Трифун. Честитајќи им го празникот на лозарите и производителите на вино, премиерот Ковачевски посочи на мерките на Владата на Република Македонија, кои се насочени кон поддршка на лозарството и винарството.
Во чест на празникот Св. Трифун, традиционално ги закроивме лозjaта со желба и надеж за уште една поплодна година од минатата. Денес го празнуваме трудот на луѓето кои со квалитетот на нивното вино нѐ прославуваат како држава низ светот, по што, меѓу другото, сме и почитувани насекаде. Тука сме за да им помогнеме, да ги поддржиме, да им оддадеме признание за нивната макотрпна работа и да им дадеме уверување дека и оваа година ќе им обезбедиме квалитетни услови за работа, како што тоа го правиме континуирано и без никакви задршки. Во изминатиот период ја покажавме нашата грижа и посветеност да ги помогнеме лозарството и винарството и да ги направиме уште поконкурентни за регионалните и светските пазари”, истакна премиерот Ковачевски.  
Потенцирајќи го квалитетот на нашето вино во светот, премиерот нагласи дека според бројките, има нагорен тренд во извозот на вино.  
Минатата 2022 година, вкупниот извоз на вино достигна рекордни 58 милиони евра, што е за скоро 9 милиони евра зголемување во однос на извозот од 2021 година. Со порастот на извоз, веќе трета година по ред, бележиме континуиран раст на извозот на флаширано вино, а со тоа и постојан раст на девизниот прилив и јакнење на домашната економија. Успеавме да го стабилизираме домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво. Додека, просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри. Заеднички постигнавме историски највисока откупна цена на грозјето за 2022 година”, рече премиерот, набројувајќи ја поддршката преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, зголемениот износ за мерката зелена нафта, како и грантовите за малите винарници.  
Тој најави дека и годинава се предвидени грантови за малите семејни винарии, кои ќе можат, преку грант од 10.000 евра, државна помош, да инвестираат во своите бизниси, а дополнително, за прв пат ќе се помогнат малите дестилерии, со грант од 5.000 евра грант, со кои ќе можат да набават опрема за производство и пакување. Премиерот Ковачевски најави и дека се подготвува нов Закон за вино, кој е усогласен со ЕУ регулативите и кој ќе придонесе за поквалитетно вино. Исто така, се подготвува и Национална стратегија за развој на лозарството и винарството, која Владата ја носи за период од најмалку 5 години. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски изјави:  
Успешната приказна на малите семејни винарии, ќе продолжи и оваа година, со грант до 600.000 ден., а за прв пат ќе стартува нова Програма за поддршка на мали дестилерии. Новиот Закон за вино, влегува во владина постапка. Тоа е уште еден успех, кој ќе овозможи користење на ознаките за квалитет прилагодени со законодавството на ЕУ. Лозарите и винариите ќе имаат можност да формираат здруженија во кои заеднички ќе го договараат квалитетот на грозјето, а со тоа и квалитетот на виното. Ќе се зголеми и сигурноста на лозарите бидејќи согласно новиот закон, секоја година до 15 јули, ќе се утврдува производната цена на грозјето, што ќе придонесе лозарите да добиваат достоинствени откупни цени”.

The post Ковачевски: Вложуваме во нашиот заштитен знак – македонското вино appeared first on Република.

]]>
Тра­ди­ци­о­нал­но­ за­кро­ју­ва­ње и осве­ту­ва­ње на ви­но­ва­та ло­за https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/tra-di-tsi-o-nal-no-za-kro-ju-va-ne-i-osve-tu-va-ne-na-vi-no-va-ta-lo-za/ Tue, 14 Feb 2023 08:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=608813

По по­вод праз­ни­кот Све­ти Три­фун, во денеска ширум Македонија се одр­жува тра­ди­ци­о­нал­но­то за­кро­ју­ва­ње и осве­ту­ва­ње на ви­но­ва­та ло­за.

И оваа го­ди­на, со литургија, од­ме­ре­но и ди­скрет­но, но со ви­со­ка до­за на ду­хов­ност и по­све­те­ност кон ви­но­то и фи­ло­зо­фи­ја­та на „Сто­би“, за­кро­ју­ва­ње­то се одр­жа во при­сус­тво на ра­ко­вод­ни­от тим на ви­нар­ни­ца­та.

- Овој ден за нас е посебен, 14 - та година по ред го славиме овој за нас значаен празник, воедно и роденден на Винаријата. Се надеваме на бериќетна година, за да го прославиме заедно со сите љубители на вино овој ден Св. Трифун, истакна сопственикот на винарија Стоби, Минчо Јорданов.

Генералниот директор на холдинг компанијата, Никола Деребанов објаснува дека по ковид пандемијата и економската криза која владее во светот, но и во нашата земја и која создаде големи предизвици и проблеми во нормалното функционирање на бизнисите, сепак, тоа не влијаело на пласманот и извозот на вината.

Воедно Деребанов посочи дека минатата година најголем предизвик било ребрендирањето на нивното портфолио и лансирањето на нова линија на вина наречена „Македон“.

- Новата линија на вина го носи името „Македон“ и дел од нив веќе можат да се дегустираат во некои од нашите поексклузивни ресторани, хотели или кафулиња. Засега „Македон“ вината ќе можат да се купуваат само во ХОРЕКА секторот, а истите веќе почнавме да ги пласираме и на сите извозни пазари каде веќе извезуваме од нашата широка палета на вина. Конкретно „Македон“ вината неколку години се произведуваат, но првично беа наменети за извоз само во САД појаснува Деребанов.

Иа­ко оваа го­ди­на тра­ди­ци­о­нал­на­та ма­сов­ност на прос­ла­ву­ва­ње изо­ста­на, се­пак, винаријата со желба да ја одржи и оваа традиција, организираше промоции на виното низ земјата.

The post Тра­ди­ци­о­нал­но­ за­кро­ју­ва­ње и осве­ту­ва­ње на ви­но­ва­та ло­за appeared first on Република.

]]>

По по­вод праз­ни­кот Све­ти Три­фун, во денеска ширум Македонија се одр­жува тра­ди­ци­о­нал­но­то за­кро­ју­ва­ње и осве­ту­ва­ње на ви­но­ва­та ло­за. И оваа го­ди­на, со литургија, од­ме­ре­но и ди­скрет­но, но со ви­со­ка до­за на ду­хов­ност и по­све­те­ност кон ви­но­то и фи­ло­зо­фи­ја­та на „Сто­би“, за­кро­ју­ва­ње­то се одр­жа во при­сус­тво на ра­ко­вод­ни­от тим на ви­нар­ни­ца­та. - Овој ден за нас е посебен, 14 - та година по ред го славиме овој за нас значаен празник, воедно и роденден на Винаријата. Се надеваме на бериќетна година, за да го прославиме заедно со сите љубители на вино овој ден Св. Трифун, истакна сопственикот на винарија Стоби, Минчо Јорданов. Генералниот директор на холдинг компанијата, Никола Деребанов објаснува дека по ковид пандемијата и економската криза која владее во светот, но и во нашата земја и која создаде големи предизвици и проблеми во нормалното функционирање на бизнисите, сепак, тоа не влијаело на пласманот и извозот на вината. Воедно Деребанов посочи дека минатата година најголем предизвик било ребрендирањето на нивното портфолио и лансирањето на нова линија на вина наречена „Македон“. - Новата линија на вина го носи името „Македон“ и дел од нив веќе можат да се дегустираат во некои од нашите поексклузивни ресторани, хотели или кафулиња. Засега „Македон“ вината ќе можат да се купуваат само во ХОРЕКА секторот, а истите веќе почнавме да ги пласираме и на сите извозни пазари каде веќе извезуваме од нашата широка палета на вина. Конкретно „Македон“ вината неколку години се произведуваат, но првично беа наменети за извоз само во САД појаснува Деребанов. Иа­ко оваа го­ди­на тра­ди­ци­о­нал­на­та ма­сов­ност на прос­ла­ву­ва­ње изо­ста­на, се­пак, винаријата со желба да ја одржи и оваа традиција, организираше промоции на виното низ земјата.

The post Тра­ди­ци­о­нал­но­ за­кро­ју­ва­ње и осве­ту­ва­ње на ви­но­ва­та ло­за appeared first on Република.

]]>
Поради Ден на жалост, откажани денешните настани од ,,Недела на виното” во Неготино https://arhiva3.republika.mk/zivot/poradi-den-na-zhalost-otkazhani-deneshnite-nastani-od-nedela-na-vinoto-vo-negotino/ Mon, 13 Feb 2023 11:20:23 +0000 https://republika.mk/?p=608363

Откажани се денешните настани од манифестацијата ,,Недела на виното" во Неготино, поради прогласениот ден на жалост, информира Методи Митрев, портпарол во Општината.

Се работи за настаните предвидени во програмата по повод одбележувањето на ,,Свети Трифун", што се смета за заштитник на лозарите и винарите. Откажувањето на планираните активности е согласно одлуката на Владата, за прогласување на денешниот ден за ден на жалост, во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, појаснува Митрев.

Тој додава дека во текот на утрешниот ден, ќе се реализира предвидената програма за одбележување на празникот. Централниот настан ќе се одржи на градскиот плоштад со почеток од 12 часот.

The post Поради Ден на жалост, откажани денешните настани од ,,Недела на виното” во Неготино appeared first on Република.

На винарот од Косово вино ќе му дадат монасите од Света Гора и претседателот Вучиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-vinarot-od-kosovo-vino-kje-mu-dadat-monasite-od-sveta-gora-i-pretsedatelot-vuchikj/ Tue, 13 Dec 2022 07:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=584998

Срѓан Петровиќ, производител на вино од Северот на Косово на утринската програма на „Пинк“ изјави дека е задоволен од помошта што ја добива од државата Србија и од претседателот Вучиќ.

Тој откри дека монасите од Хиландер, српскиот манастир на Света Гора најавија дека ќе му го надоместат целото вино од своите резерви во винаријата во Велика Фоча, но оти тој ќе продолжи со производство.

Ние сме винарска фамилија и ќе продолжиме со производство. Виното е за нас живот, со вино се раѓаме со вино умираме. Јас моето вино што ми го одзедоа не го продавав на Косово-вели Петровиќ.

The post На винарот од Косово вино ќе му дадат монасите од Света Гора и претседателот Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Срѓан Петровиќ, производител на вино од Северот на Косово на утринската програма на „Пинк“ изјави дека е задоволен од помошта што ја добива од државата Србија и од претседателот Вучиќ. Тој откри дека монасите од Хиландер, српскиот манастир на Света Гора најавија дека ќе му го надоместат целото вино од своите резерви во винаријата во Велика Фоча, но оти тој ќе продолжи со производство.