виница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vinica/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 06:57:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png виница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vinica/ 32 32 Професорка нападната од колега во средно училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/profesorka-napadnata-od-kolega-vo-sredno-uchilishte/ Thu, 26 Sep 2024 16:07:16 +0000 https://republika.mk/?p=819934

На 25.09 во 14.10 часот во ОВР Виница, Т.А.Д.(50) од Виница пријавила дека на 24.09.2024 на работното место во средно училиште во Виница била физички нападната од колегата М.С..

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

The post Професорка нападната од колега во средно училиште appeared first on Република.

]]>

Со проекција на македонски документарен филм и изведба на монодрамата „Да се биде Македонец“ отворена реконструираната киносала во Виница https://arhiva3.republika.mk/scena/film/so-proektsija-na-makedonski-dokumentaren-film-i-izvedba-na-monodramata-da-se-bide-makedonets-otvorena-rekonstruiranata-kinosala-vo-vinitsa/ Sat, 13 Jul 2024 09:33:25 +0000 https://republika.mk/?p=796353

Во рамки на одбележувањето на Павловден - празникот на градот, во Виница се одржа свеченост на која беше отворена реконструираната киносала.

Проектот за реконструкција почна пред неколку години и беа инвестирани над 19,7
милиони денари, од кои половина од буџетот на Општина Виница, а половина од
Центарот за развој на Источниот плански регион, преку Бирото за регионален развој.

Целосно е реновирана фасадата и кровната конструкција, а во внатрешноста е
обновено гледалиштето и сценскиот простор каде е инсталирано ново осветлување и
современа опрема за прикажување аудиовизуелни дела.

-Се работи за функционален објект со капацитет од 200 посетители, во кој во иднина
очекуваме да се реализираат голем број културни настани. Кај сите нас овој објект
буди убави чувства и потсетување на едно време кога беа прикажувани филмови,
театарски претстави и други сценски настапи, а токму денес, по неколку децении, се
надеваме на негово повторно заживување. Оваа капитална инвестиција ќе
придонесе за поквалитетен културен живот и насочување на младите кон
вистинските животни вредности, истакна градоначалникот на Виница, Миле Петков.

На свеченото отворање на киносалата беше прикажана видео проекција
на македонски документарен филм, а актерот Петар Темелковски ја изведе
монодрамата „Да се биде Македонец“, работена според посланијата на Светиот
апостол Павле до Македонците.

The post Со проекција на македонски документарен филм и изведба на монодрамата „Да се биде Македонец“ отворена реконструираната киносала во Виница appeared first on Република.

]]>

Во рамки на одбележувањето на Павловден - празникот на градот, во Виница се одржа свеченост на која беше отворена реконструираната киносала. Проектот за реконструкција почна пред неколку години и беа инвестирани над 19,7 милиони денари, од кои половина од буџетот на Општина Виница, а половина од Центарот за развој на Источниот плански регион, преку Бирото за регионален развој. Целосно е реновирана фасадата и кровната конструкција, а во внатрешноста е обновено гледалиштето и сценскиот простор каде е инсталирано ново осветлување и современа опрема за прикажување аудиовизуелни дела. -Се работи за функционален објект со капацитет од 200 посетители, во кој во иднина очекуваме да се реализираат голем број културни настани. Кај сите нас овој објект буди убави чувства и потсетување на едно време кога беа прикажувани филмови, театарски претстави и други сценски настапи, а токму денес, по неколку децении, се надеваме на негово повторно заживување. Оваа капитална инвестиција ќе придонесе за поквалитетен културен живот и насочување на младите кон вистинските животни вредности, истакна градоначалникот на Виница, Миле Петков. На свеченото отворање на киносалата беше прикажана видео проекција на македонски документарен филм, а актерот Петар Темелковски ја изведе монодрамата „Да се биде Македонец“, работена според посланијата на Светиот апостол Павле до Македонците.

The post Со проекција на македонски документарен филм и изведба на монодрамата „Да се биде Македонец“ отворена реконструираната киносала во Виница appeared first on Република.

]]>
Koвачки од Виница: Ковачки: Се обврзуваме на изградба и реконструкција на улици, спортска сала и спортски терен, пречистителна станица за отпадни води https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-od-vinitsa-kovachki-se-obvrzuvame-na-izgradba-i-rekonstruktsija-na-ulitsi-sportska-sala-i-sportski-teren-prechistitelna-stanitsa-za-otpadni-vodi/ Sat, 27 Apr 2024 19:17:52 +0000 https://republika.mk/?p=771764

Победата во првиот круг е огромна. Победата е ваша на сите граѓани. Затоа што вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Сакам да ви честитам на сите кои се обединивте и се приклучивте на промените. Но имаме уште работа. Пред нас е вториот круг за избор на претседател на Македонија и избор за нова влада. Во вас е силата за конечна промена на Македонија и враќање назад на државата, во вашите раце, вели Драган Ковачки, носител на изборната единица 3 на денешниои митинг во Виница во рамки на парламентарната и претседателска кампања.

Ковачи, посочи дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ следи одговорност за власта на СДС и ДУИ за криминалот и сите штетни политики кои ја потонаа Македонија.

Има уште два удари кои треба да ги зададеме на оваа криминална влада на СДС и ДУИ. Едниот на 8 мај. А потоа по победата на ВМРО-ДПМНЕ следува и третиот удар за секој еден кој се огрешил пред законот. Тоа се вика одговорност. Одговорност за сите штетни политики кои ја потонаа Македонија. И одговорност за целиот криминал кој го правеше ДУИ и измеќарите од СДС, дециден е тој.

Ковачки истакна дека народот е силата и одговорот на сите порази и скандали на Ковачевски и Ахмети.

Вие покажавте што значи кога некој си игра со вашите судбини. Вие сте силата и одговорот против сите порази, скандали и афери на Димитар Ковачевски и Али Ахмети, рече тој и додаде дека порано СДС поразот го славел како победа, а денеска се тешат со истиот тој пораз, укажувајќи дека 360 илјади граѓани им порачаа дека се готови.

Деновиве после поразот ги слушам како велат ја примивме пораката од народот. Ќе се промениме. Но лажат. И тогаш ви кажав и сега ви кажувам, лажат сушат. Лажат за да продолжат да крадат, малку им е што ве покрадоа. Сакаат уште. Денеска ги слушам како велат резултатот е нула. Се сеќавате порано поразот го славеа како победа, како триумф, денеска се тешат со поразот. Но, не сфаќаат дека 360 илјади граѓани му дадоа црвен картон на СДС, Ковачевски, Пендаровски, Али, Груби. 360 илјади граѓани им порачаа ГОТОВИ СТЕ! Затоа ајде да го тродуплораме овој резултат овде и секаде низ општините во Македонија, порача Ковачки.

Ковачки, додаде дека СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на народот.

Затоа што СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на народот, противник на Македонија, затоа што изминатите 7 години од политичка партија се претвори во обичен измеќар на ДУИ. Ковачевски прифаќаше секаква наредба од Али само за да опстои на власт, Стево пак не го видовме воопшто да се спротивстави на криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, напротив коленичи пред ДУИ. се фасцинира од Али и Груби. Епа не ни треба таков човек кој е нем посматрач додека Македонија ја распродаваат. Не ни треба Ковачевски кој за секој скандал на ДУИ и Али има оправдување, затоа што и тој е вмешан. За пусти пари го брани и она неодбранливото. Епа доста е!Нашата визија е Македонија повторно ваша. Во вашите раце. Затоа што вие сте сила на една држава.

Во однос на проектите, Ковачки кажа дека Платформата 1198 за Виница се обврзува на реализација на:

Изградба на Булевар Илинденска на влез во Виница, изградба на кружен тек, ул. Браќа Миладинови, изградба на локален пат до туристичка и викенд населба на Плачковица, село Градец – Маринково, Блатец – Детлово (2 фаза), регулација и партерно уредување на Виничка река, регулација на Градечка река – Виница, партерно уредување на кеј на Градечка река во Виница, изградба на локален пат Трсино – Голак (1 фаза), изградба на спортска сала во ООУ Гоце Делчев – Виница, изградба на спортски терени во село Градец и село Трсино, изградба на канализациона мрежа во село Липец, изградба на пречистителна станица за отпадни води во село Блатец, регулација на речно корито на Кајанечки дол село Истибања, изградба на водоводна мрежа во Големчево – село Истибања, изградба и реконструкција на улици во Виница и други населени места. И уште многу други проекти за кои се обврзуваме да ги реализираме во 4 годишниот мандат.

На крај, Ковачки побара поддршка од граѓаните на 8 мај за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада и Гордана Силјановска Давкова за нов претседател на Македонија.

Ни треба вашата поддршка и масовна излезност на 8 мај за бројот 2, за двојна победа. 2 за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада, и 2 Силјановска Давкова за претседател на Македонија. За Макаедонија да ја трансформираме напред кон нови победи, проекти и реформи. Ни треба поддршка сплотеност и обединетост за да создадеме иднина овде во сопствената Македонија.Ни треба вашата поддршка за да си ја вратиме изгубената држава, за институциите да бидат во ваша служба, а не во служба на криминалците од СДС и ДУИ. Ние ја сакаме Македонија повторно твоја. Македонија на земјоделците, на здравствените работници. Македонија повторно твоја на просветните работници, Македонија на пензионерите. Македонија на младите. Македонија на успешни компании и странски инвестиции. Македонија земја на горди граѓани, порача Ковачки.

На 24 април го делегитимиравме Ковачевскии Ахмети и бандитите. А на 8 мај да ги срозиме. И да го победиме ова зло поради кое Македонија и вие граѓаните тонете, изјави тој.

The post Koвачки од Виница: Ковачки: Се обврзуваме на изградба и реконструкција на улици, спортска сала и спортски терен, пречистителна станица за отпадни води appeared first on Република.

]]>

Победата во првиот круг е огромна. Победата е ваша на сите граѓани. Затоа што вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Сакам да ви честитам на сите кои се обединивте и се приклучивте на промените. Но имаме уште работа. Пред нас е вториот круг за избор на претседател на Македонија и избор за нова влада. Во вас е силата за конечна промена на Македонија и враќање назад на државата, во вашите раце, вели Драган Ковачки, носител на изборната единица 3 на денешниои митинг во Виница во рамки на парламентарната и претседателска кампања. Ковачи, посочи дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ следи одговорност за власта на СДС и ДУИ за криминалот и сите штетни политики кои ја потонаа Македонија.
Има уште два удари кои треба да ги зададеме на оваа криминална влада на СДС и ДУИ. Едниот на 8 мај. А потоа по победата на ВМРО-ДПМНЕ следува и третиот удар за секој еден кој се огрешил пред законот. Тоа се вика одговорност. Одговорност за сите штетни политики кои ја потонаа Македонија. И одговорност за целиот криминал кој го правеше ДУИ и измеќарите од СДС, дециден е тој.
Ковачки истакна дека народот е силата и одговорот на сите порази и скандали на Ковачевски и Ахмети. Вие покажавте што значи кога некој си игра со вашите судбини. Вие сте силата и одговорот против сите порази, скандали и афери на Димитар Ковачевски и Али Ахмети, рече тој и додаде дека порано СДС поразот го славел како победа, а денеска се тешат со истиот тој пораз, укажувајќи дека 360 илјади граѓани им порачаа дека се готови. Деновиве после поразот ги слушам како велат ја примивме пораката од народот. Ќе се промениме. Но лажат. И тогаш ви кажав и сега ви кажувам, лажат сушат. Лажат за да продолжат да крадат, малку им е што ве покрадоа. Сакаат уште. Денеска ги слушам како велат резултатот е нула. Се сеќавате порано поразот го славеа како победа, како триумф, денеска се тешат со поразот. Но, не сфаќаат дека 360 илјади граѓани му дадоа црвен картон на СДС, Ковачевски, Пендаровски, Али, Груби. 360 илјади граѓани им порачаа ГОТОВИ СТЕ! Затоа ајде да го тродуплораме овој резултат овде и секаде низ општините во Македонија, порача Ковачки. Ковачки, додаде дека СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на народот. Затоа што СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на народот, противник на Македонија, затоа што изминатите 7 години од политичка партија се претвори во обичен измеќар на ДУИ. Ковачевски прифаќаше секаква наредба од Али само за да опстои на власт, Стево пак не го видовме воопшто да се спротивстави на криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, напротив коленичи пред ДУИ. се фасцинира од Али и Груби. Епа не ни треба таков човек кој е нем посматрач додека Македонија ја распродаваат. Не ни треба Ковачевски кој за секој скандал на ДУИ и Али има оправдување, затоа што и тој е вмешан. За пусти пари го брани и она неодбранливото. Епа доста е!Нашата визија е Македонија повторно ваша. Во вашите раце. Затоа што вие сте сила на една држава. Во однос на проектите, Ковачки кажа дека Платформата 1198 за Виница се обврзува на реализација на: Изградба на Булевар Илинденска на влез во Виница, изградба на кружен тек, ул. Браќа Миладинови, изградба на локален пат до туристичка и викенд населба на Плачковица, село Градец – Маринково, Блатец – Детлово (2 фаза), регулација и партерно уредување на Виничка река, регулација на Градечка река – Виница, партерно уредување на кеј на Градечка река во Виница, изградба на локален пат Трсино – Голак (1 фаза), изградба на спортска сала во ООУ Гоце Делчев – Виница, изградба на спортски терени во село Градец и село Трсино, изградба на канализациона мрежа во село Липец, изградба на пречистителна станица за отпадни води во село Блатец, регулација на речно корито на Кајанечки дол село Истибања, изградба на водоводна мрежа во Големчево – село Истибања, изградба и реконструкција на улици во Виница и други населени места. И уште многу други проекти за кои се обврзуваме да ги реализираме во 4 годишниот мандат. На крај, Ковачки побара поддршка од граѓаните на 8 мај за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада и Гордана Силјановска Давкова за нов претседател на Македонија.
Ни треба вашата поддршка и масовна излезност на 8 мај за бројот 2, за двојна победа. 2 за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада, и 2 Силјановска Давкова за претседател на Македонија. За Макаедонија да ја трансформираме напред кон нови победи, проекти и реформи. Ни треба поддршка сплотеност и обединетост за да создадеме иднина овде во сопствената Македонија.Ни треба вашата поддршка за да си ја вратиме изгубената држава, за институциите да бидат во ваша служба, а не во служба на криминалците од СДС и ДУИ. Ние ја сакаме Македонија повторно твоја. Македонија на земјоделците, на здравствените работници. Македонија повторно твоја на просветните работници, Македонија на пензионерите. Македонија на младите. Македонија на успешни компании и странски инвестиции. Македонија земја на горди граѓани, порача Ковачки.
На 24 април го делегитимиравме Ковачевскии Ахмети и бандитите. А на 8 мај да ги срозиме. И да го победиме ова зло поради кое Македонија и вие граѓаните тонете, изјави тој.

The post Koвачки од Виница: Ковачки: Се обврзуваме на изградба и реконструкција на улици, спортска сала и спортски терен, пречистителна станица за отпадни води appeared first on Република.

]]>
Почина 38 годишно лице од Виница откако му се слошило во двор! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-38-godishno-litse-od-vinitsa-otkako-mu-se-sloshilo-vo-dvor/ Thu, 18 Apr 2024 14:49:11 +0000 https://republika.mk/?p=767613

На 17.04.2024 во 20.35 часот во ОВР Виница, од Општа болница Кочани било пријавено дека кај нив бил донесен починат С.П.(38) од Виница.

Според пријавеното, околу 19.45 часот му се слошило во дворот на В.Ф.(61) во Виница, по што бил пренесен во болницата во Кочани, каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Почина 38 годишно лице од Виница откако му се слошило во двор! appeared first on Република.

]]>

На 17.04.2024 во 20.35 часот во ОВР Виница, од Општа болница Кочани било пријавено дека кај нив бил донесен починат С.П.(38) од Виница. Според пријавеното, околу 19.45 часот му се слошило во дворот на В.Ф.(61) во Виница, по што бил пренесен во болницата во Кочани, каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Почина 38 годишно лице од Виница откако му се слошило во двор! appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии „Во пресрет на рускиот цар , Романови- царско служење” во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-vo-presret-na-ruskiot-tsar-romanovi-tsarsko-sluzhene-vo-domot-na-kulturata-tosho-arsov-vo-vinitsa/ Wed, 20 Mar 2024 08:09:18 +0000 https://republika.mk/?p=756545

Во среда, на 20 март 2024 година, во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, со почеток во 12:30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии “Во пресрет на рускиот цар , Романови- царско служење”.

Изложбата е по повод 105 години од нивната смрт. Фотографиите се од личниот царски албум и поголемиот дел од нив до сега не биле објавувани и видени.

Изложбата е во соработка на Здружение Друштво на писатели Куманово и Сретенскиот манастир од Москва.

Во рамките на настанот предвидена е и мала културно-уметничка програма.

The post Изложба на фотографии „Во пресрет на рускиот цар , Романови- царско служење” во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница appeared first on Република.

]]>

Во среда, на 20 март 2024 година, во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, со почеток во 12:30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии “Во пресрет на рускиот цар , Романови- царско служење”.
Изложбата е по повод 105 години од нивната смрт. Фотографиите се од личниот царски албум и поголемиот дел од нив до сега не биле објавувани и видени.   Изложбата е во соработка на Здружение Друштво на писатели Куманово и Сретенскиот манастир од Москва. Во рамките на настанот предвидена е и мала културно-уметничка програма.

The post Изложба на фотографии „Во пресрет на рускиот цар , Романови- царско служење” во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница appeared first on Република.

]]>
ЦУК: Истекол хлор во филтер станица во Виница, нема повредени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/tsuk-istekol-hlor-vo-filter-stanitsa-vo-vinitsa-nema-povredeni/ Tue, 05 Mar 2024 08:37:03 +0000 https://republika.mk/?p=751319

Виничките пожарникари вчера интервенирале во филтер станица на територијата на градот каде од испукана боца истекол хлор – гас кој е отровен и може да предизвика сериозни последици.

За ретката, но опасна ситуација, во која за среќа нема повредени лица, утрово информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде велат дека по интервенцијата на пожарникарите опасноста била отстранета.

Регионалниот центар за управување со кризи Штип, информира дека пожарникарите на Територијалната противпожарна едница Виница вчера од 8 до 11 часот имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 килограми во филтер станица, се вели во информацијата од ЦУК.

Било интревенирано со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Во настанот нема повредени, но на вработените во филтер станицата, се додава во соопштението, им бил даден кислород поради опасност од вдишување на отровниот гас.

Инаку, утрово од ЦУК информираа дека вчера имало вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два биле на територијата на Скопје, исто толку во Битола и по еден на териториите на Охрид, Штип и Куманово.

Според ЦУК во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112. Од нив „реални“ биле 47,40 отсто, додека 52,м60 отсто од повиците биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полицијата биле упатени 71,20 отсто, кон Итната медицинска помош 23,20 отсто, додека кон пожарниакрите биле 3,60 отсто од реалните повици на 112.

The post ЦУК: Истекол хлор во филтер станица во Виница, нема повредени appeared first on Република.

]]>

Виничките пожарникари вчера интервенирале во филтер станица на територијата на градот каде од испукана боца истекол хлор – гас кој е отровен и може да предизвика сериозни последици. За ретката, но опасна ситуација, во која за среќа нема повредени лица, утрово информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде велат дека по интервенцијата на пожарникарите опасноста била отстранета. Регионалниот центар за управување со кризи Штип, информира дека пожарникарите на Територијалната противпожарна едница Виница вчера од 8 до 11 часот имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 килограми во филтер станица, се вели во информацијата од ЦУК. Било интревенирано со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Во настанот нема повредени, но на вработените во филтер станицата, се додава во соопштението, им бил даден кислород поради опасност од вдишување на отровниот гас. Инаку, утрово од ЦУК информираа дека вчера имало вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два биле на територијата на Скопје, исто толку во Битола и по еден на териториите на Охрид, Штип и Куманово. Според ЦУК во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112. Од нив „реални“ биле 47,40 отсто, додека 52,м60 отсто од повиците биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 71,20 отсто, кон Итната медицинска помош 23,20 отсто, додека кон пожарниакрите биле 3,60 отсто од реалните повици на 112.

The post ЦУК: Истекол хлор во филтер станица во Виница, нема повредени appeared first on Република.

]]>
Ретроспективна изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници, Владимир Георгиевски во Виница https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retrospektivna-izlozhba-na-eden-od-najznachajnite-sovremeni-makedonski-likovni-umetnitsi-vladimir-georgievski-vo-vinitsa/ Mon, 04 Mar 2024 15:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=751145

Ретроспективната изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници, Владимир Георгиевски, со поставени 20-тина дела од неговиот богат творечки опус . Изложбата се реализира во соработка со Музеј на Град Скопје, преку мрежата „МузеумЛинк", чија што цел е да им овозможи на што поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на уметникот.
Автор и координатор на мрежата „МузеумЛинк" е Јасминка Намичева-кустос советник од Музеј на град Скопје. Делата за оваа поставка на изложбата се во сопственост на Фросина Георгиевска, ќерката на професорот Георгиевски, која заедно со Намичева го направија и конечниот избор на дела.

The post Ретроспективна изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници, Владимир Георгиевски во Виница appeared first on Република.

]]>

Ретроспективната изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници, Владимир Георгиевски, со поставени 20-тина дела од неговиот богат творечки опус . Изложбата се реализира во соработка со Музеј на Град Скопје, преку мрежата „МузеумЛинк", чија што цел е да им овозможи на што поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на уметникот. Автор и координатор на мрежата „МузеумЛинк" е Јасминка Намичева-кустос советник од Музеј на град Скопје. Делата за оваа поставка на изложбата се во сопственост на Фросина Георгиевска, ќерката на професорот Георгиевски, која заедно со Намичева го направија и конечниот избор на дела.

The post Ретроспективна изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници, Владимир Георгиевски во Виница appeared first on Република.

]]>
Невремето оштети кровни конструкции и градинарски култури во Кочани и Виница, интервенирано на пожар во Жиганци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nevremeto-oshteti-krovni-konstruktsii-i-gradinarski-kulturi-vo-kochani-i-vinitsa-intervenirano-na-pozhar-vo-zhigantsi/ Sun, 23 Jul 2023 17:26:29 +0000 https://republika.mk/?p=664510

Силно невреме, проследено со ветер, дожд, град и кратки атмосферски електрични празнења го зафати доцна попладнево подрачјето на Кочани и Виница.

Бурата што траеше петнаесетина минути предизвика помала материјална штета на кровните конструкции на неколку објекти, а од врнежите од град со големина на лешник оштетени се овошки и градинарските култури.

По известување од линијата за итни повици 112 интервенираше и Територијалната противпожарна единица од Кочани.

- Околу 17:30 часот добивме дојава за пожар во двор на објекти во селото Жиганци, при што беа ангажирани екипи со две возила. Констатиранио е дека силниот ветер предизвикал краток спој на електричниот довод меѓу две куќи, по што настанал пожар во дворната површина каде што имало сува трева. Со навремената интервенција огнот е изгаснат и спречено е настанување на поголема материјална штета, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ - Кочани.

Попладнево пожарникарите успешно интервенирале и на гаснење пожар што се проширил од кочанската комунална депонија кај селото Бели, која чади неколку денови, при што огнот зафатил сува трева и нискостеблести растенија во околината на оваа локација.

The post Невремето оштети кровни конструкции и градинарски култури во Кочани и Виница, интервенирано на пожар во Жиганци appeared first on Република.

]]>

Силно невреме, проследено со ветер, дожд, град и кратки атмосферски електрични празнења го зафати доцна попладнево подрачјето на Кочани и Виница. Бурата што траеше петнаесетина минути предизвика помала материјална штета на кровните конструкции на неколку објекти, а од врнежите од град со големина на лешник оштетени се овошки и градинарските култури. По известување од линијата за итни повици 112 интервенираше и Територијалната противпожарна единица од Кочани. - Околу 17:30 часот добивме дојава за пожар во двор на објекти во селото Жиганци, при што беа ангажирани екипи со две возила. Констатиранио е дека силниот ветер предизвикал краток спој на електричниот довод меѓу две куќи, по што настанал пожар во дворната површина каде што имало сува трева. Со навремената интервенција огнот е изгаснат и спречено е настанување на поголема материјална штета, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ - Кочани. Попладнево пожарникарите успешно интервенирале и на гаснење пожар што се проширил од кочанската комунална депонија кај селото Бели, која чади неколку денови, при што огнот зафатил сува трева и нискостеблести растенија во околината на оваа локација.

The post Невремето оштети кровни конструкции и градинарски култури во Кочани и Виница, интервенирано на пожар во Жиганци appeared first on Република.

]]>
Паднал во река во Виничко, со тешки повреди го извадиле од коритото и го префрлиле во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/padnal-vo-reka-vo-vinichko-so-teshki-povredi-go-izvadile-od-koritoto-i-go-prefrlile-vo-bolnitsa/ Wed, 28 Jun 2023 18:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=656181

На 27.06.2023 околу 15,30 часот во СВР Штип е пријавено дека на место викано „Петти мост“ во атар на с.Градец, виничко, Д.М.(68) од с.Градец се лизнал и паднал во речното корито на Градечка Река.

Откако бил изваден од реката, тој бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Полициски службеници излегле на местото на настанот.

The post Паднал во река во Виничко, со тешки повреди го извадиле од коритото и го префрлиле во болница appeared first on Република.

]]>

На 27.06.2023 околу 15,30 часот во СВР Штип е пријавено дека на место викано „Петти мост“ во атар на с.Градец, виничко, Д.М.(68) од с.Градец се лизнал и паднал во речното корито на Градечка Река. Откако бил изваден од реката, тој бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Полициски службеници излегле на местото на настанот.

The post Паднал во река во Виничко, со тешки повреди го извадиле од коритото и го префрлиле во болница appeared first on Република.

]]>
Се помалку не има: Во Кочани запишани 37, а во Виница 13 отсто помалку првачиња во однос на лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-pomalku-ne-ima-vo-kochani-zapishani-37-a-vo-vinitsa-13-otsto-pomalku-prvachina-vo-odnos-na-lani/ Mon, 12 Jun 2023 11:24:34 +0000 https://republika.mk/?p=650452

Во петте основни училишта во општина Кочани за новата учебна година се запишани вкупно 206 првачиња, што е за околу 37 отсто помалку во споредба со лани.

Во Одделението за јавни дејности на Општина Кочани евидентирале 147 писмени изјави за деца кои нема да го почнат образованието овде поради иселување на нивните семејства, главно во странство.

Сериозно намалување на запишани првачиња регистриравме на крајот од рокот за пријавување, при што пад на бројот има и во училиштата во градот и во населените места во општината. Карактеристичен е примерот со селата Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци во кои нема ниту едно запишано прваче, иако се работи за населени места што заедно имаат околу 1.300 жители. Според искуствата од претходните години, можно е до крајот на август да бидат запишани уште дваесетина дечиња, чии родители се на сезонска работа во други места во текот на летниот период, но тоа нема значително да ја подобри состојбата - истакна Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности.

Опаѓање на бројот на ученици кои од септември ќе го почнат своето образование е регистрирано и во општина Виница, каде недостасуваат околу 13 отсто од децата во однос на запишаните во учебната година што е при крај.

Во сите четири основни училишта за учебната 2023/2024 година запишани се вкупно 113 првачиња, од што само во едно има зголемување за 13 ученици во споредба со лани. Во другите бележиме опаѓање, а типичен пример е едно од училиштата во градот каде има 18 првачиња помалку, односно цела паралелка. Уште посериозно е намалувањето во руралните училишта, како на пример во Блатец каде што има три, а во подрачното училиште во село Лаки само едно прваче - истакна Валентина Манчевска од Одделението за јавни дејности на Општина Виница.

Поради намалувањето на бројот на првачињата, директорите на училиштата имаат обврска да ги комбинираат паралелките, а постапката ќе ја спроведат кон крајот на август, во зависност дали во меѓувреме ќе има дополнително пријавени нови ученици.

The post Се помалку не има: Во Кочани запишани 37, а во Виница 13 отсто помалку првачиња во однос на лани appeared first on Република.

]]>

Во петте основни училишта во општина Кочани за новата учебна година се запишани вкупно 206 првачиња, што е за околу 37 отсто помалку во споредба со лани. Во Одделението за јавни дејности на Општина Кочани евидентирале 147 писмени изјави за деца кои нема да го почнат образованието овде поради иселување на нивните семејства, главно во странство.
Сериозно намалување на запишани првачиња регистриравме на крајот од рокот за пријавување, при што пад на бројот има и во училиштата во градот и во населените места во општината. Карактеристичен е примерот со селата Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци во кои нема ниту едно запишано прваче, иако се работи за населени места што заедно имаат околу 1.300 жители. Според искуствата од претходните години, можно е до крајот на август да бидат запишани уште дваесетина дечиња, чии родители се на сезонска работа во други места во текот на летниот период, но тоа нема значително да ја подобри состојбата - истакна Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности.
Опаѓање на бројот на ученици кои од септември ќе го почнат своето образование е регистрирано и во општина Виница, каде недостасуваат околу 13 отсто од децата во однос на запишаните во учебната година што е при крај.
Во сите четири основни училишта за учебната 2023/2024 година запишани се вкупно 113 првачиња, од што само во едно има зголемување за 13 ученици во споредба со лани. Во другите бележиме опаѓање, а типичен пример е едно од училиштата во градот каде има 18 првачиња помалку, односно цела паралелка. Уште посериозно е намалувањето во руралните училишта, како на пример во Блатец каде што има три, а во подрачното училиште во село Лаки само едно прваче - истакна Валентина Манчевска од Одделението за јавни дејности на Општина Виница.
Поради намалувањето на бројот на првачињата, директорите на училиштата имаат обврска да ги комбинираат паралелките, а постапката ќе ја спроведат кон крајот на август, во зависност дали во меѓувреме ќе има дополнително пријавени нови ученици.

The post Се помалку не има: Во Кочани запишани 37, а во Виница 13 отсто помалку првачиња во однос на лани appeared first on Република.

]]>
Монструм од Виница ја силувал и претепал 20-годишната вереница, притоа и се снимал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/monstrum-od-vinitsa-ja-siluval-i-pretepal-20-godishnata-verenitsa-pritoa-i-se-snimal/ Thu, 18 May 2023 08:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=642151

Уапсен е 26-годишник од Виница  кој ја претепал и силувал својата 20-годишна вереница, информираа од МВР.

Како што соопштија оттаму, полициски службеници од Полициската станица Виница во средата го лишиле од слобода Т.А.(26) од Виница затоа што во семејниот дом во Виница, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана 20-годишна сопруга, ја силувал, при што направил снимка со експлицитна содржина.

За случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Монструм од Виница ја силувал и претепал 20-годишната вереница, притоа и се снимал appeared first on Република.

]]>

Уапсен е 26-годишник од Виница  кој ја претепал и силувал својата 20-годишна вереница, информираа од МВР. Како што соопштија оттаму, полициски службеници од Полициската станица Виница во средата го лишиле од слобода Т.А.(26) од Виница затоа што во семејниот дом во Виница, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана 20-годишна сопруга, ја силувал, при што направил снимка со експлицитна содржина. За случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Монструм од Виница ја силувал и претепал 20-годишната вереница, притоа и се снимал appeared first on Република.

]]>
Вработена во ПИОМ аплицирала за брзи кредити на туѓо име, својата жртва ја нашла низ документите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vrabotena-vo-piom-aplitsirala-za-brzi-krediti-na-tugo-ime-svojata-zhrtva-ja-nashla-niz-dokumentite/ Mon, 20 Mar 2023 19:00:21 +0000 https://republika.mk/?p=621732

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Џ. од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022, пријавената - вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување - Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во четири наврати аплицирала за брзи кредити во две финансиски друштва на име на друго лице од Виница, користејќи ги нејзините лични податоци.

The post Вработена во ПИОМ аплицирала за брзи кредити на туѓо име, својата жртва ја нашла низ документите appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Џ. од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022, пријавената - вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување - Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во четири наврати аплицирала за брзи кредити во две финансиски друштва на име на друго лице од Виница, користејќи ги нејзините лични податоци.

The post Вработена во ПИОМ аплицирала за брзи кредити на туѓо име, својата жртва ја нашла низ документите appeared first on Република.

]]>
Дрога и во Виница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/droga-i-vo-vinitsa/ Wed, 15 Mar 2023 21:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=620010

Дваесет и двегодишно лице со иницијали П.Ѓ. од Кочани денеска е лишено од слобода, информираат вечерва од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, извршен е претрес во дом и други простории во Виница, каде што престојувало лицето. При претресот, извршен со наредба од Основен суд Виница, пронајдени и одземени биле две ќеси со марихуана, бела прашкаста материја, дробилка, дигитална вага, предмети со остатоци од прашкаста материја и поголем износ на пари.

Лицето било задржано во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

The post Дрога и во Виница appeared first on Република.

]]>

Дваесет и двегодишно лице со иницијали П.Ѓ. од Кочани денеска е лишено од слобода, информираат вечерва од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснуваат од МВР, извршен е претрес во дом и други простории во Виница, каде што престојувало лицето. При претресот, извршен со наредба од Основен суд Виница, пронајдени и одземени биле две ќеси со марихуана, бела прашкаста материја, дробилка, дигитална вага, предмети со остатоци од прашкаста материја и поголем износ на пари. Лицето било задржано во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

The post Дрога и во Виница appeared first on Република.

]]>
ЦУК: Попладнево голем пожар на влезот од Виница, пожарникарите успеале да го изгаснат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsuk-popladnevo-golem-pozhar-na-vlezot-od-vinitsa-pozharnikarite-uspeale-da-go-izgasnat/ Tue, 14 Feb 2023 21:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=609106

ЦУК информира дека интервенирале 5 пожарникари со 2 ПП возила. Била зафатената поголема површина, но нема податоци колку точно е опожарено.

Ситуацијата со гасењето на пожарот се следеше постојно од страна на ЦУК и при контактите со ПП екипите на терен, конкретно, со Територијалната противпожарна единица ТППЕ Виница во 17.15 часот, беше добиена информација дека пожарот, до тогаш, се уште не бил изгаснат. Инаку, прво било разгледано дали има опасност по граѓани и објекти од пожарот во тој предел и можностите за превенција ако метеоролошките услови со ветар го разгорат. Од остварениот контакт со колегата од РЦУК Виница сумбилимирано била добиена информација дека во близина нема објекти и граѓани што би можеле да бидат загрозени, информира ЦУК.

Пожарот бил изгаснат.

The post ЦУК: Попладнево голем пожар на влезот од Виница, пожарникарите успеале да го изгаснат appeared first on Република.

]]>

ЦУК информира дека интервенирале 5 пожарникари со 2 ПП возила. Била зафатената поголема површина, но нема податоци колку точно е опожарено. Ситуацијата со гасењето на пожарот се следеше постојно од страна на ЦУК и при контактите со ПП екипите на терен, конкретно, со Територијалната противпожарна единица ТППЕ Виница во 17.15 часот, беше добиена информација дека пожарот, до тогаш, се уште не бил изгаснат. Инаку, прво било разгледано дали има опасност по граѓани и објекти од пожарот во тој предел и можностите за превенција ако метеоролошките услови со ветар го разгорат. Од остварениот контакт со колегата од РЦУК Виница сумбилимирано била добиена информација дека во близина нема објекти и граѓани што би можеле да бидат загрозени, информира ЦУК. Пожарот бил изгаснат.

The post ЦУК: Попладнево голем пожар на влезот од Виница, пожарникарите успеале да го изгаснат appeared first on Република.

]]>
Две момчиња од Виница и Кочани загинаа во сообраќајна незгода во Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-momchinja-od-vinica-i-kochani-zaginaa-vo-soobrakjajna-nezgoda-vo-italija/ Mon, 05 Sep 2022 16:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=547746

Италијански медиуми јавуваат за тешка сообраќајна несреќа која се случила во областа Аки Терме во Италија во која загинале С.С. и М.Г. кои се од Кочани и од Виница. Момчињата живееле во Ница, а во колата биле уште двајца нивни другари.

Возило „фиат пунто“ се судрило со „голф“ за време на силен дожд. Момчето кое го управувало автомобилот ја добило дозволата пред два дена.

Едно лице е тешко повредено и е во критична состојба. Возачот на голфот, 46-годишен маж, поминал со полесни повреди.

The post Две момчиња од Виница и Кочани загинаа во сообраќајна незгода во Италија appeared first on Република.

]]>

Италијански медиуми јавуваат за тешка сообраќајна несреќа која се случила во областа Аки Терме во Италија во која загинале С.С. и М.Г. кои се од Кочани и од Виница. Момчињата живееле во Ница, а во колата биле уште двајца нивни другари. Возило „фиат пунто“ се судрило со „голф“ за време на силен дожд. Момчето кое го управувало автомобилот ја добило дозволата пред два дена. Едно лице е тешко повредено и е во критична состојба. Возачот на голфот, 46-годишен маж, поминал со полесни повреди.  

The post Две момчиња од Виница и Кочани загинаа во сообраќајна незгода во Италија appeared first on Република.

]]>
Виница под вода, пријавени околу 40 поплавени објекти по невремето https://arhiva3.republika.mk/vesti/vinica-pod-voda-prijaveni-okolu-40-poplaveni-objekti-po-nevremeto/ Mon, 22 Aug 2022 16:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=542919

Центарот за управување со кризи попладнево соопшти дека по обилните врнежи од дожд во Виница како поплавени се пријавени 30 до 40 објекти.

На терен интервенираат од ЈКП „Солидарност“ Виница со една пумпа и двајца вработени, ТППЕ Виница со две пумпи и четворица пожарникари и од ТППЕ Кочани со три пумпи и шест пожарникари.

Во моментов нема потреба од дополнителна помош и опрема, се наведува во иформацијата што ЦУК ја објави на Фејсбук.

The post Виница под вода, пријавени околу 40 поплавени објекти по невремето appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи попладнево соопшти дека по обилните врнежи од дожд во Виница како поплавени се пријавени 30 до 40 објекти. На терен интервенираат од ЈКП „Солидарност“ Виница со една пумпа и двајца вработени, ТППЕ Виница со две пумпи и четворица пожарникари и од ТППЕ Кочани со три пумпи и шест пожарникари.
Во моментов нема потреба од дополнителна помош и опрема, се наведува во иформацијата што ЦУК ја објави на Фејсбук.

The post Виница под вода, пријавени околу 40 поплавени објекти по невремето appeared first on Република.

]]>
Објавен јавен повик за реконструкција на улици во Велес, Виница и Чашка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-javen-povik-za-rekonstrukcija-na-ulici-vo-veles-vinica-i-chashka/ Fri, 29 Jul 2022 19:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=534844

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за реконструкција на 10 улици во три општини, во рамки на проектот за “Поврзување на локaлни патишта во општините”.
За општина Велес, јавниот повик се однесува за реконструкција на 6 улици и тоа:
-дел од ул.Живко Фирфов
-дел од ул.Благој Ѓорев
-дел од ул.АСНОМ
-дел од ул.Андон Шурков
-дел од ул.Лазо Осмаков
-дел од ул.Орце Мартинов,
За општина Чашка, јавниот повик се однесува за реконструкција на :
-ул. Ацо Шопов,
-ул. Коста Кирков,
-улица во н.м. Мелница
За општина Виница, објавен е повик за реконструкција на локален пат с.Блатец – с.Делтово.

Средствата за реконструкција на конкретните улици се обезбедени од Владата на Република Македонија, преку проектот за подобрување на локалните улици и патишта кој е со вкупна вредност од 70 милиони евра. Целта е подобрување на урбаното живење во рамки на општините заради локален економски развој и подобрување на животот на граѓаните.

Во рамките на овој проект, до сега опфатени се 46 општини или 94 улици со вкупна инвестиција од преку 17 милиони евра. Министерството за транспорт и врски континуирано работи на реализација на овој проект во сите општини во Република Македонија. Воедно упатуваме и апел до сите општинте кои до сега не аплицирале, да достават готови проекти заради навремено искористување на средствата предвидени со овој проект.

The post Објавен јавен повик за реконструкција на улици во Велес, Виница и Чашка appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за реконструкција на 10 улици во три општини, во рамки на проектот за “Поврзување на локaлни патишта во општините”. За општина Велес, јавниот повик се однесува за реконструкција на 6 улици и тоа: -дел од ул.Живко Фирфов -дел од ул.Благој Ѓорев -дел од ул.АСНОМ -дел од ул.Андон Шурков -дел од ул.Лазо Осмаков -дел од ул.Орце Мартинов, За општина Чашка, јавниот повик се однесува за реконструкција на : -ул. Ацо Шопов, -ул. Коста Кирков, -улица во н.м. Мелница За општина Виница, објавен е повик за реконструкција на локален пат с.Блатец – с.Делтово. Средствата за реконструкција на конкретните улици се обезбедени од Владата на Република Македонија, преку проектот за подобрување на локалните улици и патишта кој е со вкупна вредност од 70 милиони евра. Целта е подобрување на урбаното живење во рамки на општините заради локален економски развој и подобрување на животот на граѓаните. Во рамките на овој проект, до сега опфатени се 46 општини или 94 улици со вкупна инвестиција од преку 17 милиони евра. Министерството за транспорт и врски континуирано работи на реализација на овој проект во сите општини во Република Македонија. Воедно упатуваме и апел до сите општинте кои до сега не аплицирале, да достават готови проекти заради навремено искористување на средствата предвидени со овој проект.

The post Објавен јавен повик за реконструкција на улици во Велес, Виница и Чашка appeared first on Република.

]]>
Ноќен клуб во Виница работел без лиценца, не издвал фискални, а во него се журкале малолетници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nokjen-klub-vo-vinica-rabotel-bez-licenca-ne-izdval-fiskalni-a-vo-nego-se-zurkale-maloletnici/ Sun, 24 Apr 2022 08:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=492964

На 24.04.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Биро за јавна безбедност и Секторот за внатрешни работи Штип спровелеа заедничка контрола во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат во ноќен клуб во Виница.

При контролата, од страна на Управата за јавни приходи е сочинет записник за неиздавање на фискални сметки, а од Државниот пазарен инспекторат записник за непоседување лиценца.

Од страна на полицијата во објектот после 24 часот се легитимирани 19 малолетници и едно лице кое врши работи од обезбедување без лиценца за обезбедување, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци -  соопшти МВР.

The post Ноќен клуб во Виница работел без лиценца, не издвал фискални, а во него се журкале малолетници appeared first on Република.

]]>

На 24.04.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Биро за јавна безбедност и Секторот за внатрешни работи Штип спровелеа заедничка контрола во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат во ноќен клуб во Виница. При контролата, од страна на Управата за јавни приходи е сочинет записник за неиздавање на фискални сметки, а од Државниот пазарен инспекторат записник за непоседување лиценца.
Од страна на полицијата во објектот после 24 часот се легитимирани 19 малолетници и едно лице кое врши работи од обезбедување без лиценца за обезбедување, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци -  соопшти МВР.

The post Ноќен клуб во Виница работел без лиценца, не издвал фискални, а во него се журкале малолетници appeared first on Република.

]]>
Допирал и бакнувал малолетничка: Уапсен 53-годишен човек од Виница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dopiral-i-baknuval-maloletnichka-uapsen-53-godishen-chovek-od-vinica/ Mon, 28 Feb 2022 08:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=465005

Полицијата привела 53-годишен маж од Виница кој допирал и бакнувал малолетничка.

На 26 февруари во 15.30 часот од полициски службеници од Полициската станица Виница бил лишен од слобода С.И.(53) од Виница по претходна пријава дека на 25 февруари околу 14 часот во Виница допирал и бакнувал малолетничка - соопштија од МВР.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

The post Допирал и бакнувал малолетничка: Уапсен 53-годишен човек од Виница appeared first on Република.

Петков: Општина Виница ја затекнав со огромни долгови но за краток рок успеавме да го стабилизираме ЈП „Солидарност“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkov-opshtina-vinica-ja-zateknav-so-ogromni-dolgovi-no-za-kratok-rok-uspeavme-da-go-stabilizirame-jp-solidarnost/ Tue, 15 Feb 2022 13:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=458871

На денешниот регионален отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ кој што се одржа во Кочани свое обраќање имаше градоначалникот на општина Виница, Миле Петков кој што истакна дека општината ја затекнал со огромни долгови но за краток рок успеале да го стабилизираат ЈП „Солидарност“ и да започнат со реализација на многу од ветените проекти.

-Кога стапив на функцијата градоначалник на општина Виница затекнав општина со вкупен долг од 55 милиони денари и неплатени обврски за извршени услуги кои секојдневно достасуваа за наплата. Затекнавме и нефункционално Јавно Претпријатие со долг од 23 милиони денари и Јавно Претпријатие кои со месеци не можеше да исплаќа плата за вработените. И покрај проблемите со кои се соочувавме успеавме да се справиме со напливот на неплатени фактури кои пристигнуваа и на краток рок финансиски да го стабилизираме ЈП „Солидарност“, истакна Петков.

Миле Петков во своето обраќање ги наброја проектите кои што ги реализирале во првите 100 дена од доаѓањето на функцијата градоначалник на општина Виница.

-Во првите 100 дена проекти кои што успеавме да ги реализираме и спроведиме: се дорегулација на речното корито на Градечка река, изградба на улица во село Градец, реконструкција на улица Кирил и Методиј и дел од улица Никола Карев во Виница. Доградба на филтер станицата за вода во Виница, реконструкција на водоводната мрежа во село Блатец, санација на градската депонија кај село Лески. Проекти во фаза на реализација, реконструкција на домот на културата Тошо Арсов во Виница. Изградба на затворен гратски пазар во Виница, реконструкција на водоводната мрежа во Виница во должина од 1270 метри, изградба на канализација во Виница во должина од 260 метри, изработка на техничка документација за поврзување на канализацијата во Виница и селата Истибања, Јакимово, Градец , и Лески на прочистителна станица за отпадни води во село Бојанци. Изработка на техничка документација за изградба на канализација на најфрекфрентните сообраќајници во Виница. Реконструкција на санитарните јазли во средното општинско училиште Ванчо Прке Виница, изградба на сензорна соба во детската градинка Гоца Делчев -Виница, нагласи Петков.

Градоначалникот на општина Виница, Миле Петков ги наброја проектите кои што ќе ги реализира до крајот на годината.

Проекти кои што планираме да ги реализираме до крајот на година се: реконструкција на локален пат Блатец-Детлово, термоизолациона фасада ии зградба на лифт на зградата на општина Виница, крпење на ударни дупки во градот и локалните села, хоризонтална и вертикална сигналзација, поплочување на улици и тротоари во Виница и населените места изградба на спортски терени во селата Градец, Трсино и Пеклино, асфалтирање на крак на улица Кирил и Методиј, реконструкција на улиците Страшо Пенџур, Славчо Стојменски, изградба на улици во селата Јакимово, Црн Камен, Градец, Блатец Истибања, трсино, Пеклино, и Лепец. Реконструкција на локални патишта во селата Калиманци, регулација на речните корита на Градечка и Виничка река и тн. Почитувани промените се случуваат, проектите се повеќе ќе бидат видливи и сите оние кои што ги ветивме на граѓаните ќе ги реализираме во целост. Сите заедно да создадеме нова иднина, нагласи Петков.

The post Петков: Општина Виница ја затекнав со огромни долгови но за краток рок успеавме да го стабилизираме ЈП „Солидарност“ appeared first on Република.