виндјакни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vindjakni/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Mar 2022 10:00:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png виндјакни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vindjakni/ 32 32 СПМ: Му благодариме на Спасовски што се смилува да набави виндјакни за полицајците, но тие на работа не одат само по јакни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spm-mu-blagodarime-na-spasovski-shto-se-smiluva-da-nabavi-vindjakni-za-policajcite-no-tie-na-rabota-ne-odat-samo-po-jakni/ Mon, 14 Mar 2022 10:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=472486

Синдикатот на полиција во Македонија му се заблагодарува на милоста на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за набавувањето на виндјакните за полицајците, но на нив им требаат и целосни униформи како што се кошули, пантолани, џемпери…

Целиот нивни пост на Фејсбук ви го пренесуваме интегрално:

-Почитуван наш и единствен Министре Оливер

Најпрвин, да Ви честитаме, што после 5 години раководење, решивте, конечно, заради “твојата милост” да им набавите виндјакни на полицајците и тоа откако, речиси, помина сезоната, дојде пролетта а претходно колегите мрзнеа со пролетни јакнички.

Но, има една друга работа да си објасниме за да ти падне митот дека си ” the best ever” и дека се зависи од твојата нели милост❗😡❗
●●●●●●●○●●●●●●●○●●●●●●●○●●●●●●●

Дали вие министре Оливер и вашиот привезок МПС, одите на работа само со јакни, или како и сите нормални луѓе, носите панталони, кошули, џемпери и други делови од облека. Ако е така, тогаш не ќе да е лошо, да имате во обзир оти и полицајците треба да носат кошули, панталони, чорапи и џемпери. Ама, за разлика од вашата облека, колегите, носат УНИФОРМА. За таа униформа, освен што постои УРЕДБА како треба да изгледа и каков КВАЛИТЕТ треба да има, ПОСТОИ и еден правилник, кој се вика “ПРАВИЛНИК ЗА НОСЕЊЕТО И ВРЕМЕТО НА ТРАЕЊЕ НА УНИФОРМАТА НАПОЛИЦИЈАТА”.

Во овој правилник, ако го немаат прочитано (и најверојатно е така) вашите “советници”, пишува дека фамозната виндјакна, која ја набавивте после 5 и кусур години Ваше министерување, треба да биде набавувана на секои 4 години, или како што пишува во правилникот, на секои 48 месеци. А треба ли да Ви кажеме, оти јакни нема за обичен полициски службеник речиси 10 години и повеќе. А вам Ви требаше 5 години да се свестите???

Ние, како ЕДИНСТВЕН синдикат кој се грижи за правата на полициските службеници, ќе Ве потсетиме за само дел од роковите за униформите, кои треба, Вие како министер, редовно да ги набавувате за припадниците на МВР и за тоа да не се фалите затоа што ТОА ВИ Е ЗАКОНСКА ОБВРСКА:

Член 6

Времето на траење на пооделните делови од работната униформа на полицајците изнесува за:

– кратка виндјакна 48 месеци
– виндјакна 48 месеци
– два пара панталони, капа „БК“,
сако и шапка од материјал камгарн 24 месеци
– два пара панталони, капа „БК“,
сако и шапка од материјал тергал 24 месеци
– два пара панталони и капа „БК“од материјал фармерско платно 24 месеци
– две кошули со долги ракави 12 месеци
– две кошули со кратки ракави 12 месеци
– две маици со кратки ракави 12 месеци
– две вратоврски 12 месеци
– џемпер 36 месеци
– долна облека 24 месеци
– подкапа 48 месеци
– дводелен комплет за дожд 60 месеци
– кожни ракавици 36 месеци
– чевли со потенок ѓон 12 месеци
– чевли со подебел ѓон 24 месеци
– чевли со гумен ѓон 24 месеци
– високи специјални чизми 60 месеци
– два пара чорапи – доколеници 12 месеци
– четири пара памучни чорапи 12 месеци.”

ЗАТОА, ДА ВЕ ПРАШАМЕ:

Колку пара панталони имате набавено?
Колку кошули имате набавено?
Колку пара чевли имате набавено?
Колку пара чизми имате набавено?
Колку капи имате набавено?
Колку делови од униформа имате набавено во вашиот мандат???
Колку од тие набавки се во согласност И ДАЛИ СЕ со правилникот?

Господине министер, оваа е една од Вашите главни обврски, навремено и квалитетно да ги снабдувате со униформа припадниците на МВР, а доколку не си ја исполнувате обврската, освен што придонесувате за лошиот имиџ на МВР, вие директно придонесувате за неквалитетното работење на полицијата, почести отсуства поради боледување на припадниците на МВР и, секако, незадоволството во МВР, кое вртоглаво секој ден расте.

Не може да биде приоритет набавка на системи за топла вода, кои чинат многу, пред униформата. Не може да биде приоритет набавка на други споредни работи пред униформата….

И да, до кога со овие “мизерни” финти со твојот “единствен” партнер на приватизиран синдикат⁉️ Бидејќи пропагандата Ви е на НАЈЈАКО , дури и исти слики партнерски објавувате. БРУКИ , и режисерот Спилберт може “вода” да ви носи….

И да да не заборавиме за НАЈГЛАВНОТО : Објавете и пофалете се дека денес сте дошле на работа и преставете дека тоа Вие сте го измислиле и сте заслужни за тоа… ⛔️😡®️, стои во нивниот пост на Фејсбук.

The post СПМ: Му благодариме на Спасовски што се смилува да набави виндјакни за полицајците, но тие на работа не одат само по јакни appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на полиција во Македонија му се заблагодарува на милоста на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за набавувањето на виндјакните за полицајците, но на нив им требаат и целосни униформи како што се кошули, пантолани, џемпери… Целиот нивни пост на Фејсбук ви го пренесуваме интегрално: -Почитуван наш и единствен Министре Оливер Најпрвин, да Ви честитаме, што после 5 години раководење, решивте, конечно, заради “твојата милост” да им набавите виндјакни на полицајците и тоа откако, речиси, помина сезоната, дојде пролетта а претходно колегите мрзнеа со пролетни јакнички. Но, има една друга работа да си објасниме за да ти падне митот дека си ” the best ever” и дека се зависи од твојата нели милост❗😡❗ ●●●●●●●○●●●●●●●○●●●●●●●○●●●●●●● Дали вие министре Оливер и вашиот привезок МПС, одите на работа само со јакни, или како и сите нормални луѓе, носите панталони, кошули, џемпери и други делови од облека. Ако е така, тогаш не ќе да е лошо, да имате во обзир оти и полицајците треба да носат кошули, панталони, чорапи и џемпери. Ама, за разлика од вашата облека, колегите, носат УНИФОРМА. За таа униформа, освен што постои УРЕДБА како треба да изгледа и каков КВАЛИТЕТ треба да има, ПОСТОИ и еден правилник, кој се вика “ПРАВИЛНИК ЗА НОСЕЊЕТО И ВРЕМЕТО НА ТРАЕЊЕ НА УНИФОРМАТА НАПОЛИЦИЈАТА”. Во овој правилник, ако го немаат прочитано (и најверојатно е така) вашите “советници”, пишува дека фамозната виндјакна, која ја набавивте после 5 и кусур години Ваше министерување, треба да биде набавувана на секои 4 години, или како што пишува во правилникот, на секои 48 месеци. А треба ли да Ви кажеме, оти јакни нема за обичен полициски службеник речиси 10 години и повеќе. А вам Ви требаше 5 години да се свестите??? Ние, како ЕДИНСТВЕН синдикат кој се грижи за правата на полициските службеници, ќе Ве потсетиме за само дел од роковите за униформите, кои треба, Вие како министер, редовно да ги набавувате за припадниците на МВР и за тоа да не се фалите затоа што ТОА ВИ Е ЗАКОНСКА ОБВРСКА: Член 6 Времето на траење на пооделните делови од работната униформа на полицајците изнесува за: – кратка виндјакна 48 месеци – виндјакна 48 месеци – два пара панталони, капа „БК“, сако и шапка од материјал камгарн 24 месеци – два пара панталони, капа „БК“, сако и шапка од материјал тергал 24 месеци – два пара панталони и капа „БК“од материјал фармерско платно 24 месеци – две кошули со долги ракави 12 месеци – две кошули со кратки ракави 12 месеци – две маици со кратки ракави 12 месеци – две вратоврски 12 месеци – џемпер 36 месеци – долна облека 24 месеци – подкапа 48 месеци – дводелен комплет за дожд 60 месеци – кожни ракавици 36 месеци – чевли со потенок ѓон 12 месеци – чевли со подебел ѓон 24 месеци – чевли со гумен ѓон 24 месеци – високи специјални чизми 60 месеци – два пара чорапи – доколеници 12 месеци – четири пара памучни чорапи 12 месеци.” ЗАТОА, ДА ВЕ ПРАШАМЕ: Колку пара панталони имате набавено? Колку кошули имате набавено? Колку пара чевли имате набавено? Колку пара чизми имате набавено? Колку капи имате набавено? Колку делови од униформа имате набавено во вашиот мандат??? Колку од тие набавки се во согласност И ДАЛИ СЕ со правилникот? Господине министер, оваа е една од Вашите главни обврски, навремено и квалитетно да ги снабдувате со униформа припадниците на МВР, а доколку не си ја исполнувате обврската, освен што придонесувате за лошиот имиџ на МВР, вие директно придонесувате за неквалитетното работење на полицијата, почести отсуства поради боледување на припадниците на МВР и, секако, незадоволството во МВР, кое вртоглаво секој ден расте. Не може да биде приоритет набавка на системи за топла вода, кои чинат многу, пред униформата. Не може да биде приоритет набавка на други споредни работи пред униформата…. И да, до кога со овие “мизерни” финти со твојот “единствен” партнер на приватизиран синдикат⁉️ Бидејќи пропагандата Ви е на НАЈЈАКО , дури и исти слики партнерски објавувате. БРУКИ , и режисерот Спилберт може “вода” да ви носи…. И да да не заборавиме за НАЈГЛАВНОТО : Објавете и пофалете се дека денес сте дошле на работа и преставете дека тоа Вие сте го измислиле и сте заслужни за тоа… ⛔️😡®️, стои во нивниот пост на Фејсбук.

The post СПМ: Му благодариме на Спасовски што се смилува да набави виндјакни за полицајците, но тие на работа не одат само по јакни appeared first on Република.

]]>
МВР: Нови 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-novi-8-000-parchinja-vindjakni-za-pripadnicite-na-policijata/ Fri, 11 Mar 2022 08:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=471128

Во магацините на МВР пристигнати се 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата, кои денеска треба да бидат распределени.

Започнувајќи од 2017 година, откако беше преземено раководењето на МВР од страна на министерот Оливер Спасовски, со нова стратешка поставеност на МВР за периодот од 01.06.2017 до 18.01.2022 реализирани се инвестиции во униформи во вредност од над половина милијарда денари со вклучен ДДВ или безмалку 10 милиони евра. Одлучни сме да продолжиме и во 2022 година со системското и посветено подобрување на работната средина на полицијата во насока на унапредување на перформансите во борбата против криминалот, подобрување на сообраќајната, но и целокупната безбедност на сите граѓани во нашата држава, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Се додава дека специјалните единици добиле повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, а само од јули 2021 година до крајот на 2021 обезбедени се 10.000 кошули со долг ракав и 10.000 кошули со краток ракав за припадниците на полицијата, 2330 парчиња флуоросцентни елеци, 660 комплет униформи за приправници, 30 комплети работни одела за кујни, 34 парчиња воздухопловни јакни, 19 парчиња воздухопловни комбинезони и 7 парчиња специјални заштитни комбинезони, како дел од униформа за воздухопловен персонал, по 473 парчиња цивилна облека, обувки, цивилни кошули и цивилни чевли, 8.000 парчиња „поло” маици, 10.000 рала полувисоки чевли.

Во рамки на планот за материјално-техничко подобрување на условите за работа на полициските службеници, како што се наведува во соопштението, реконструирани и санирани се 70 објекти на МВР на територијата на целата држава, трансформирани и на енергетски план, со нови системи за ладење и греење, промена на прозорци и врати, подови и кровови, нови термоизолациски фасади, со што директно овозможуваме заштеди во буџетот, ги намалуваме емисиите на штетни гасови, придонесуваме кон заштита на животната средина. Во моментов, се додава во соопштението, интензивната градежна офанзива е во тек на уште седум објекти, и тоа: ОВР Радовиш, ОВР Делчево, ОВР Берово, ЕВР Карпош, Одделот за заштита на личности и објекти во Скопје, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, со тоа што прв ќе биде промовиран објектот на Единицата за внатрешни работи Карпош, како 71 реконструиран објект.

Исто така, обезбедени се и поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, а се модернизира и возниот парк.

Продолживме и со грижата кон остварување на правата на вработените, со тоа што ги исплативме трите заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови во претходната година, а наскоро ќе биде исплатена и бонус платата за 2021 година, додека со Буџетот на МВР за 2022 година, обезбедивме средства за зголемувања на платата за 5 проценти на сите вработени во МВР во септември 2022 година, појаснуваат од МВР.

Трендот на квалитативно подобрување на условите за работа останува приоритет на ова раководство на МВР, се подвлекува во соопштението, бидејќи секое вложување во полицијата значи задоволни полициски службеници, што за возврат значи унапредување на севкупната безбедност на граѓаните.

The post МВР: Нови 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата appeared first on Република.

]]>

Во магацините на МВР пристигнати се 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата, кои денеска треба да бидат распределени.
Започнувајќи од 2017 година, откако беше преземено раководењето на МВР од страна на министерот Оливер Спасовски, со нова стратешка поставеност на МВР за периодот од 01.06.2017 до 18.01.2022 реализирани се инвестиции во униформи во вредност од над половина милијарда денари со вклучен ДДВ или безмалку 10 милиони евра. Одлучни сме да продолжиме и во 2022 година со системското и посветено подобрување на работната средина на полицијата во насока на унапредување на перформансите во борбата против криминалот, подобрување на сообраќајната, но и целокупната безбедност на сите граѓани во нашата држава, се наведува во денешното соопштение од МВР.
Се додава дека специјалните единици добиле повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, а само од јули 2021 година до крајот на 2021 обезбедени се 10.000 кошули со долг ракав и 10.000 кошули со краток ракав за припадниците на полицијата, 2330 парчиња флуоросцентни елеци, 660 комплет униформи за приправници, 30 комплети работни одела за кујни, 34 парчиња воздухопловни јакни, 19 парчиња воздухопловни комбинезони и 7 парчиња специјални заштитни комбинезони, како дел од униформа за воздухопловен персонал, по 473 парчиња цивилна облека, обувки, цивилни кошули и цивилни чевли, 8.000 парчиња „поло” маици, 10.000 рала полувисоки чевли. Во рамки на планот за материјално-техничко подобрување на условите за работа на полициските службеници, како што се наведува во соопштението, реконструирани и санирани се 70 објекти на МВР на територијата на целата држава, трансформирани и на енергетски план, со нови системи за ладење и греење, промена на прозорци и врати, подови и кровови, нови термоизолациски фасади, со што директно овозможуваме заштеди во буџетот, ги намалуваме емисиите на штетни гасови, придонесуваме кон заштита на животната средина. Во моментов, се додава во соопштението, интензивната градежна офанзива е во тек на уште седум објекти, и тоа: ОВР Радовиш, ОВР Делчево, ОВР Берово, ЕВР Карпош, Одделот за заштита на личности и објекти во Скопје, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, со тоа што прв ќе биде промовиран објектот на Единицата за внатрешни работи Карпош, како 71 реконструиран објект. Исто така, обезбедени се и поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, а се модернизира и возниот парк.
Продолживме и со грижата кон остварување на правата на вработените, со тоа што ги исплативме трите заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови во претходната година, а наскоро ќе биде исплатена и бонус платата за 2021 година, додека со Буџетот на МВР за 2022 година, обезбедивме средства за зголемувања на платата за 5 проценти на сите вработени во МВР во септември 2022 година, појаснуваат од МВР.
Трендот на квалитативно подобрување на условите за работа останува приоритет на ова раководство на МВР, се подвлекува во соопштението, бидејќи секое вложување во полицијата значи задоволни полициски службеници, што за возврат значи унапредување на севкупната безбедност на граѓаните.

The post МВР: Нови 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата appeared first on Република.

]]>