Вим Вендерс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vim-venders/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 07:49:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вим Вендерс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vim-venders/ 32 32 Денеска на „Синедејс“: Пет кратки филмови на Вим Вендерс во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/deneska-na-sinedejs-pet-kratki-filmovi-na-vim-venders-vo-kinoteka/ Sat, 13 Jul 2024 08:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=796312

На третиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови:

„Dolomite and Ash“ режија на Тома Селиванова (OC) во кино Фросина
Филм за сталинистичките репресии и огромната меѓугенерациска траума што тие ја предизвикале, и за евентуалните системски остатоци во денешна Русија.

5 кратки филмови на Wim Wenders во Кинотека внатре
„Same player shoots again“
„Silver city revisited“
„Room 666“
„Reverse angle/ Ein Brief Aus New York“

„Shattered Chains“ - Returning from ISIS режија Сибел Абдиу (MK Short) во МКЦ парк
„Скршени синџири“ е доку-драма која ја обработува трагичната приказна на две жени од Македонија, кои по игра на судбината се нашле во Сирија како дел од ИСИС - не по своја желба.
„Supermarket“ режија Немања Бечанович (SEE)
„Каде да се сними филм за Робинзон Крусо во 21 век? Најголемата иронија од сѐ е што тоа не е пуст остров, туку супермаркет во срцето на градот“ - вели режисерот Бечановиќ за оваа мрачна, но комична приказна.

„Brando with glass eye“ режија Антонис Цонис (SEE) во Кинотека
Еден актер се подготвува за студии на престижна актерска школа во Њујорк. По една неочекувана несреќа, ќе се најде во најдобрата животна ситуација за метод-глума: соочен со својата 'жртва' ќе мора да се внесе во улогата што случајно си ја наметнува.

„Only when i laugh“ режија Вања Јуранич (SEE) во кино Фросина
Тихана Лазовиќ и Славко Собин се апсолутно одлични во своите изведби, а филмот ве принудува да не ја свртите главата од еден од најголемите проблеми во земјава – семејното насилство.

„Bug“ режија Филип Момировски (MK Short) во МКЦ парк
Тања, невработена челистка ангажирана како тестер на софтвер за музички старт-ап, испробува паметен звучник, кој генерира музика врз основа на чувствата на слушателот. Работите тргнуваат во ужасен правец кога паметниот звучник одекнува со застрашувачки звуци среде ноќта.

„The city“ режија Амит Улман (OC)
Филмот го користи целиот пакет ноар/рап за да ја создаде и критикува сликата на израелското општество.

TURBO TRANS TURISTI (концерт) во МКЦ парк
Турбо Транс Туристи е експериментален панк бенд од Белград. „Ништа није страшно“ е втор албум на дуото ТТТ, објавен кон крајот на 2023 година. Нумерите имаат порадикален звук во однос на нивниот прв албум, „Лево или десно“, оправдувајќи го преминот од Туристи во Турбо Транс Туристи. Настапот во живо е нова димензија, каде што публиката ќе има можност да доживее сирова енергија, електронски звук, психоделични гитари, врескање и хорско пеење, придружени со нескротливите тапани на Игор Кузмановиќ (Невен, Набод).

Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post Денеска на „Синедејс“: Пет кратки филмови на Вим Вендерс во Кинотека appeared first on Република.

]]>

На третиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови: „Dolomite and Ash“ режија на Тома Селиванова (OC) во кино Фросина Филм за сталинистичките репресии и огромната меѓугенерациска траума што тие ја предизвикале, и за евентуалните системски остатоци во денешна Русија. 5 кратки филмови на Wim Wenders во Кинотека внатре „Same player shoots again“ „Silver city revisited“ „Room 666“ „Reverse angle/ Ein Brief Aus New York“ „Shattered Chains“ - Returning from ISIS режија Сибел Абдиу (MK Short) во МКЦ парк „Скршени синџири“ е доку-драма која ја обработува трагичната приказна на две жени од Македонија, кои по игра на судбината се нашле во Сирија како дел од ИСИС - не по своја желба. „Supermarket“ режија Немања Бечанович (SEE) „Каде да се сними филм за Робинзон Крусо во 21 век? Најголемата иронија од сѐ е што тоа не е пуст остров, туку супермаркет во срцето на градот“ - вели режисерот Бечановиќ за оваа мрачна, но комична приказна. „Brando with glass eye“ режија Антонис Цонис (SEE) во Кинотека Еден актер се подготвува за студии на престижна актерска школа во Њујорк. По една неочекувана несреќа, ќе се најде во најдобрата животна ситуација за метод-глума: соочен со својата 'жртва' ќе мора да се внесе во улогата што случајно си ја наметнува. „Only when i laugh“ режија Вања Јуранич (SEE) во кино Фросина Тихана Лазовиќ и Славко Собин се апсолутно одлични во своите изведби, а филмот ве принудува да не ја свртите главата од еден од најголемите проблеми во земјава – семејното насилство. „Bug“ режија Филип Момировски (MK Short) во МКЦ парк Тања, невработена челистка ангажирана како тестер на софтвер за музички старт-ап, испробува паметен звучник, кој генерира музика врз основа на чувствата на слушателот. Работите тргнуваат во ужасен правец кога паметниот звучник одекнува со застрашувачки звуци среде ноќта. „The city“ режија Амит Улман (OC) Филмот го користи целиот пакет ноар/рап за да ја создаде и критикува сликата на израелското општество. TURBO TRANS TURISTI (концерт) во МКЦ парк Турбо Транс Туристи е експериментален панк бенд од Белград. „Ништа није страшно“ е втор албум на дуото ТТТ, објавен кон крајот на 2023 година. Нумерите имаат порадикален звук во однос на нивниот прв албум, „Лево или десно“, оправдувајќи го преминот од Туристи во Турбо Транс Туристи. Настапот во живо е нова димензија, каде што публиката ќе има можност да доживее сирова енергија, електронски звук, психоделични гитари, врескање и хорско пеење, придружени со нескротливите тапани на Игор Кузмановиќ (Невен, Набод). Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post Денеска на „Синедејс“: Пет кратки филмови на Вим Вендерс во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Кратките филмови на Вим Вендерс во фокусот на „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kratkite-filmovi-na-vim-venders-vo-fokusot-na-sinedejs/ Mon, 08 Jul 2024 09:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=794486

Оваа година во фокус на програмата на Cinedays Festival од 11 до 17 јули, се кратките остварувања на големиот европски режисер Вим Вендерс.

Same Player Shoots Again (1968)- Серија од пет снимки, секоја со различен третман на боја, каде што човек трча со митралез во рацете. На почетокот се движи брзо, но како што се ближи крајот, почнува да оди во цик-цак. Дали е повреден?

Silver City Revisited (1969)-Серија од десет снимки, во должина од три минути, на различни места во Минхен.

Room 666 (1982)- а време на 35. Кански филмски фестивал во 1982 година, Вим Вендерс поканил петнаесет колеги да разговараат за иднината на кинематографијата. Собата бр. 666 во хотелот „Мартинез“. Внатре камера, магнетофон и ливче со прашање: Дали филмот е јазик што е во опасност да исчезне, уметност што умира? Секој од нив бил сам во собата и имал единаесетина минути да одговори на прашањето.

Reverse Angle: Ein Brief aus New York (1982)-Носталгично сведоштво на Вим Вендерс за проблемите со кои се соочил додека работел на филмот „Хамет“ (1982) со Френсис Форд Копола и разликите меѓу процесот на снимање филмови во Европа и САД.

Оваа програма на екстремно ретки кратки филмови на Вендерс прикажува нов талент, кој веќе е исполнет со теми и расположенија што би одекнувале низ кариерата. Фасцинација од американската култура, сеприсутноста на поп музиката и окото за незадоволството од современиот живот во повоена Западна Германија: тука е Вендерс на неговите почетоци.

The post Кратките филмови на Вим Вендерс во фокусот на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Оваа година во фокус на програмата на Cinedays Festival од 11 до 17 јули, се кратките остварувања на големиот европски режисер Вим Вендерс. Same Player Shoots Again (1968)- Серија од пет снимки, секоја со различен третман на боја, каде што човек трча со митралез во рацете. На почетокот се движи брзо, но како што се ближи крајот, почнува да оди во цик-цак. Дали е повреден? Silver City Revisited (1969)-Серија од десет снимки, во должина од три минути, на различни места во Минхен. Room 666 (1982)- а време на 35. Кански филмски фестивал во 1982 година, Вим Вендерс поканил петнаесет колеги да разговараат за иднината на кинематографијата. Собата бр. 666 во хотелот „Мартинез“. Внатре камера, магнетофон и ливче со прашање: Дали филмот е јазик што е во опасност да исчезне, уметност што умира? Секој од нив бил сам во собата и имал единаесетина минути да одговори на прашањето. Reverse Angle: Ein Brief aus New York (1982)-Носталгично сведоштво на Вим Вендерс за проблемите со кои се соочил додека работел на филмот „Хамет“ (1982) со Френсис Форд Копола и разликите меѓу процесот на снимање филмови во Европа и САД. Оваа програма на екстремно ретки кратки филмови на Вендерс прикажува нов талент, кој веќе е исполнет со теми и расположенија што би одекнувале низ кариерата. Фасцинација од американската култура, сеприсутноста на поп музиката и окото за незадоволството од современиот живот во повоена Западна Германија: тука е Вендерс на неговите почетоци.

The post Кратките филмови на Вим Вендерс во фокусот на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>