вим франсен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vim-fransen/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Apr 2023 17:56:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вим франсен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vim-fransen/ 32 32 Исчезнатиот европски функционер во Судан пронајден со сериозни повреди https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ischeznatiot-evropski-funktsioner-vo-sudan-pronajden-so-seriozni-povredi/ Wed, 19 Apr 2023 18:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=632219

Шефот на хуманитарната операција на Европската унија (ЕУ) во Судан, Белгиецот Вим Франсен, кој исчезна во неделата вечер, бил пронајден од неговите колеги од мисијата на ЕУ, но повреден, пишува „Њујорк Тајмс“.

Според весникот, неговите повреди се сериозни, но не се опасни по живот.

Во главниот град Картум, но и други делови на Судан, од саботата траат интензивни вооружени судири меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ).

Белгиското Министерство за надворешни работи потврди дека еден нивни државјанин е хоспитализиран, но не соопшти повеќе детали.

Хаотичните сцени на борби со тенкови, митралези поставени на камиони, артилерија и воени авиони во густо населените области на главниот град се без преседан.

Судан има долга историја на граѓански судири, но голем дел од нив се случувале во оддалечените племенски области, далеку од Картум.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, вчера соопшти дека бројот на загинати се зголеми на 270.

The post Исчезнатиот европски функционер во Судан пронајден со сериозни повреди appeared first on Република.

]]>

Шефот на хуманитарната операција на Европската унија (ЕУ) во Судан, Белгиецот Вим Франсен, кој исчезна во неделата вечер, бил пронајден од неговите колеги од мисијата на ЕУ, но повреден, пишува „Њујорк Тајмс“. Според весникот, неговите повреди се сериозни, но не се опасни по живот. Во главниот град Картум, но и други делови на Судан, од саботата траат интензивни вооружени судири меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ). Белгиското Министерство за надворешни работи потврди дека еден нивни државјанин е хоспитализиран, но не соопшти повеќе детали. Хаотичните сцени на борби со тенкови, митралези поставени на камиони, артилерија и воени авиони во густо населените области на главниот град се без преседан. Судан има долга историја на граѓански судири, но голем дел од нив се случувале во оддалечените племенски области, далеку од Картум. Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, вчера соопшти дека бројот на загинати се зголеми на 270.

The post Исчезнатиот европски функционер во Судан пронајден со сериозни повреди appeared first on Република.

]]>