Вилма Рускоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vilma-ruskoska/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Apr 2023 18:29:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вилма Рускоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vilma-ruskoska/ 32 32 Рускоска: Власта не сфати дека не ми е важна фотелјата, туку желбата да ставам темели на една правна држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskoska-vlasta-ne-sfati-deka-ne-mi-e-vazhna-foteljata-tuku-zhelbata-da-stavam-temeli-na-edna-pravna-drzhava/ Mon, 03 Apr 2023 18:29:03 +0000 https://republika.mk/?p=626846

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Рускоска во Топ тема на Телма откри информации кои не ѝ се познати на јавноста за најинтересните случаи на ова обвинителство.

Обвинителката во Топ тема тврди дека предлогот за нејзино разрешување е резултат на истрагата што ја отворила за поранешниот генерален секретар на Владата на Зоран Заев, Драги Рашковски. Рускоска обвини дека трпела притисоци и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат ѝ било понудено да стане заменик-републички Јавен 0бвинител. Со овие понуди, како што рече, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансова полиција, Арафат Муареми“.

Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече, односно да се откаже од истрагата за случајот со поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски.

Можеби и тоа беше причината, тогашниот премиер и јавно кажа дека не ми верува мене кога станува збор за овој предмет. Кога бевме сега на дисциплинската комисија, јас го предложив професорот Калајџиев за сведок-експерт, бидејќи таму се наведува дека сум сторила повреди на Законот за кривична постапка. Калајџиев, кој бил дел од Законот за кривична постапка, да каже дали јас навистина сум го сторила тоа дело. Но, не беше прифатен како сведок. А како докази за дисциплинската постапка беа наведени само претставките од Арафат Муареми“, вели Русковска.

Таа додава дека власта не сфатила дека нејзе „не ѝ била важна фотелјата, туку желбата да става темели на една правна држава“, и поради тоа повторно ја поднела кандидатурата за прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Едноставно не сфатија дека мене не ми беше важно функција и фотелја. Јас сама се изборив за позицијата шеф на обвинителството за борба против организиран криминал од причина што сакав да почнам да ставам темели на една правна држава. Сите знаеме во каква состојба беше тоа обвинителство, едноставно не немаше на мапа. И затоа не се каам што тогаш не го прифатив тој предлог, рече Русковска во интервјуто на „Телма“.

The post Рускоска: Власта не сфати дека не ми е важна фотелјата, туку желбата да ставам темели на една правна држава appeared first on Република.

]]>

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Рускоска во Топ тема на Телма откри информации кои не ѝ се познати на јавноста за најинтересните случаи на ова обвинителство.
Обвинителката во Топ тема тврди дека предлогот за нејзино разрешување е резултат на истрагата што ја отворила за поранешниот генерален секретар на Владата на Зоран Заев, Драги Рашковски. Рускоска обвини дека трпела притисоци и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат ѝ било понудено да стане заменик-републички Јавен 0бвинител. Со овие понуди, како што рече, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансова полиција, Арафат Муареми“. Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече, односно да се откаже од истрагата за случајот со поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски.
Можеби и тоа беше причината, тогашниот премиер и јавно кажа дека не ми верува мене кога станува збор за овој предмет. Кога бевме сега на дисциплинската комисија, јас го предложив професорот Калајџиев за сведок-експерт, бидејќи таму се наведува дека сум сторила повреди на Законот за кривична постапка. Калајџиев, кој бил дел од Законот за кривична постапка, да каже дали јас навистина сум го сторила тоа дело. Но, не беше прифатен како сведок. А како докази за дисциплинската постапка беа наведени само претставките од Арафат Муареми“, вели Русковска.
Таа додава дека власта не сфатила дека нејзе „не ѝ била важна фотелјата, туку желбата да става темели на една правна држава“, и поради тоа повторно ја поднела кандидатурата за прв човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Едноставно не сфатија дека мене не ми беше важно функција и фотелја. Јас сама се изборив за позицијата шеф на обвинителството за борба против организиран криминал од причина што сакав да почнам да ставам темели на една правна држава. Сите знаеме во каква состојба беше тоа обвинителство, едноставно не немаше на мапа. И затоа не се каам што тогаш не го прифатив тој предлог, рече Русковска во интервјуто на „Телма“.

The post Рускоска: Власта не сфати дека не ми е важна фотелјата, туку желбата да ставам темели на една правна држава appeared first on Република.

]]>
Сослушани обвинителките Рускоска,Трајчева и Јосифоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/soslushani-obvinitelkite-ruskoska-trajcheva-i-josifoska/ Fri, 03 Mar 2023 20:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=615726

 Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска, денеска биле сослушани во рамки на дисциплинската постапка поведена против нив, а поврзана со претресот во Управата за финансиска полиција.

Тие биле сослушани во просториите на Јавното обвинителство пред Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност. Обвинителките ги дале своите искази и биле изведени сите докази во постапката.

Членот на комисијата кој е известител во предметот сега треба да изготви извештај по завршување на постапката со предлог.

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска, е суспендирана, а паралелно против трите обвинителки се води и истрага по кривичната пријава на екс директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Предлогот да се поведе дисциплинска постапка го даде републичкиот обвинител Љубомир Јовески, кој дополнително ја суспендира Русковска и од работа.

Претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК беше извршен 18 јули минатата година.

The post Сослушани обвинителките Рускоска,Трајчева и Јосифоска appeared first on Република.

]]>

 Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска, денеска биле сослушани во рамки на дисциплинската постапка поведена против нив, а поврзана со претресот во Управата за финансиска полиција. Тие биле сослушани во просториите на Јавното обвинителство пред Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност. Обвинителките ги дале своите искази и биле изведени сите докази во постапката. Членот на комисијата кој е известител во предметот сега треба да изготви извештај по завршување на постапката со предлог. Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска, е суспендирана, а паралелно против трите обвинителки се води и истрага по кривичната пријава на екс директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Предлогот да се поведе дисциплинска постапка го даде републичкиот обвинител Љубомир Јовески, кој дополнително ја суспендира Русковска и од работа. Претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК беше извршен 18 јули минатата година.

The post Сослушани обвинителките Рускоска,Трајчева и Јосифоска appeared first on Република.

]]>
Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskoska-potvrdi-deka-spasovski-i-besa-trans-direktno-stojat-zad-nejzinata-suspenzija/ Fri, 16 Dec 2022 07:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=586266

Одбивањето на Вилма Рускоска да потклекне на политичкиот притисок е причината таа да биде суспендирана. Поранешната шефица на Обвинителството за органзиран криминал и корупција Вилма Русоскоска ја посочува улогата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во случајот „Беса транс“ како директна причина за нејзината суспензија.

Зборувајќи за политичките притисоци во Обвинителството, Рускоска рече е суспендирана додека траела предистрагата

Мене ме суспендираа, затоа што јас не прифаќав притисоци и влијанија. Пријавата се однесуваше на тоа, некаде околу 12-13 јули 2021 година одговорните за управни работи извршиле контрола на станицата за технички преголед, констатирале неправилности, изготвиле решение за затворање на станицата, а решението е потпишано три дена по несреќата (несреќата се случи на 23 ноември 2021 година, нов. заб.). Според закон требало да биде потпишано во рок од 15 дена, рече Рускоска во поткастот на ИРЛ и потврди дека таа инспекција ја води МВР, а решението го потпишува министерот.

The post Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија appeared first on Република.

]]>

Одбивањето на Вилма Рускоска да потклекне на политичкиот притисок е причината таа да биде суспендирана. Поранешната шефица на Обвинителството за органзиран криминал и корупција Вилма Русоскоска ја посочува улогата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во случајот „Беса транс“ како директна причина за нејзината суспензија. Зборувајќи за политичките притисоци во Обвинителството, Рускоска рече е суспендирана додека траела предистрагата
Мене ме суспендираа, затоа што јас не прифаќав притисоци и влијанија. Пријавата се однесуваше на тоа, некаде околу 12-13 јули 2021 година одговорните за управни работи извршиле контрола на станицата за технички преголед, констатирале неправилности, изготвиле решение за затворање на станицата, а решението е потпишано три дена по несреќата (несреќата се случи на 23 ноември 2021 година, нов. заб.). Според закон требало да биде потпишано во рок од 15 дена, рече Рускоска во поткастот на ИРЛ и потврди дека таа инспекција ја води МВР, а решението го потпишува министерот.

The post Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија appeared first on Република.

]]>
Првиот предизвик за Абази: Во времето на Пеливанов, по суспензијата на Рускоска, исчезнале докази доставени од европска институција за криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prviot-predizvik-za-abazi-vo-vremeto-na-pelivanov-po-suspenzijata-na-ruskoska-ischeznale-dokazi-dostaveni-od-evropska-institucija-za-kriminal/ Fri, 18 Nov 2022 21:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=575664

Од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација, дознава Сведок од извори во обвинителството.

Доказите исчезнале во периодот кога беше суспендирана Вилма Русокска и со ова обвиниелство раководеше обвинителот Трајче Пеливанов, кој според Советот на јавни обвинители, беше поставен на функцијата само да прима пошта и да потпишува плати.

Сведок од извори во ЈОРМ и во Европската организација дознава дека скандалот бил откриен деновиве кога бил побаран одговор од европската организација дали биле разгледани доказите и што се случува со нив. Тогаш и настанала паниката, бидејќи доказите кои биле доставени лично во текот на август, ги снемало. Доказите не биле доставени до предметниот обвинител, кој во тој период бил на годишен одмор. Истиот извор изрази сомневање дека доказите исчезнале при празнење на фиоките од биророто на Русковска, по налог на Трајче Пеливанов кој беше поставен за „прием на пошта“, а на кое отворање не била повикана Русковска, на што и самата реагираше во еден јавен настап, пишува Сведок.


Повеќе ТУКА

The post Првиот предизвик за Абази: Во времето на Пеливанов, по суспензијата на Рускоска, исчезнале докази доставени од европска институција за криминал appeared first on Република.

]]>

Од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исчезнале докази за криминал што го гони ова обвинителство, а биле доставени лично во Скопје од претставници на Европска полициска организација, дознава Сведок од извори во обвинителството. Доказите исчезнале во периодот кога беше суспендирана Вилма Русокска и со ова обвиниелство раководеше обвинителот Трајче Пеливанов, кој според Советот на јавни обвинители, беше поставен на функцијата само да прима пошта и да потпишува плати.
Сведок од извори во ЈОРМ и во Европската организација дознава дека скандалот бил откриен деновиве кога бил побаран одговор од европската организација дали биле разгледани доказите и што се случува со нив. Тогаш и настанала паниката, бидејќи доказите кои биле доставени лично во текот на август, ги снемало. Доказите не биле доставени до предметниот обвинител, кој во тој период бил на годишен одмор. Истиот извор изрази сомневање дека доказите исчезнале при празнење на фиоките од биророто на Русковска, по налог на Трајче Пеливанов кој беше поставен за „прием на пошта“, а на кое отворање не била повикана Русковска, на што и самата реагираше во еден јавен настап, пишува Сведок.

Повеќе ТУКА

The post Првиот предизвик за Абази: Во времето на Пеливанов, по суспензијата на Рускоска, исчезнале докази доставени од европска институција за криминал appeared first on Република.

]]>
Рускоска очекува да победи: Правдата мора да победи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ruskoska-ochekuva-da-pobedi-pravdata-mora-da-pobedi/ Mon, 07 Nov 2022 13:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=570957

Јавната обвинителка Вилма Рускоска, кандидатка за нов мандат за шефовското место во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, пред гласањето порача дека ако ги изгуби овие избори, ќе го признае поразот. Таа, сепак, очекува да победи со пораката дека „правдата мора да победи“.

Од ниту еден колега немам информација дека има притисоци. Ако овие избори не бидат фер, кога гласаат обвинители, тогаш што да очекуваме од било кои други избори. Апсолутно сум сигурна дека ќе бидат фер, кажа Рускоска пред гласањето.

Прашана дали ако победи друг кандидат, тоа значи дека нема да победи правдата, Рускоска одговори: „Јас ги почитувам колегите, се надевам ќе продолжат таму каде застанав јас“.

Ако победи, Русковска рече дека ќе продолжи каде што застанала.

Уште еднаш сакам да нагласам дека правото и правдата мора да важи за сите. И не смее да има неказнивост, додаде Русковска.

The post Рускоска очекува да победи: Правдата мора да победи appeared first on Република.

]]>

Јавната обвинителка Вилма Рускоска, кандидатка за нов мандат за шефовското место во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, пред гласањето порача дека ако ги изгуби овие избори, ќе го признае поразот. Таа, сепак, очекува да победи со пораката дека „правдата мора да победи“.
Од ниту еден колега немам информација дека има притисоци. Ако овие избори не бидат фер, кога гласаат обвинители, тогаш што да очекуваме од било кои други избори. Апсолутно сум сигурна дека ќе бидат фер, кажа Рускоска пред гласањето.
Прашана дали ако победи друг кандидат, тоа значи дека нема да победи правдата, Рускоска одговори: „Јас ги почитувам колегите, се надевам ќе продолжат таму каде застанав јас“. Ако победи, Русковска рече дека ќе продолжи каде што застанала.
Уште еднаш сакам да нагласам дека правото и правдата мора да важи за сите. И не смее да има неказнивост, додаде Русковска.

The post Рускоска очекува да победи: Правдата мора да победи appeared first on Република.

]]>
Пауновска и Рускоска едногласни: Затезната камата не е на штета на буџетот; Димовски осуден токму за тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/paunovska-i-ruskoska-ednoglasni-zateznata-kamata-ne-e-na-shteta-na-budzetot-dimovski-osuden-tokmu-za-toa/ Fri, 04 Nov 2022 18:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=569668

Затезна камата никогаш не може да биде штета на буџетот, согласни се тројца oд кандидатите за прв човек во Јавното обвинителство. Во дебатна емисија на  А1.он со Вилма Рускоска, Деса Пауновска и Ермон Есени, меѓу другото одговараат и на прашања за случајот „Топлик“.

Во случајот „Топлик“, кој од Обвинителството за организиран криминал го наследи од СЈО, за изградба на комплексот „Сончев град“, четири обвинети беа осудени токму за затезна камата која од Буџетот била исплатена на фирмата „Сан сити“ како камата за раскинат договор.

Затезна камата никогаш не може да биде штета на буџетот и тоа потврдуваат и пресуди од Врховниот суд. Ако нема штета, може да има предмет само ако има елементи на некое друго кривично дело, но не на злоупотреба на став 5, децидна е обвинителката Деса Пауновска.

Се оди да се утврди реалната штета, после ако бараат камата или затезна камата тоа е веќе предмет на Државното правобранителство да си ги застапува интересите на државата. Затезна камата не може да биде нанесување на штета на буџетот, одговара и Рускоска.

Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска се осудени токму обратно.

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, каде што од Обвинителството беше гонет за злоупотреба на службената положба и овластување.

Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска, сите членови на Комисијата која спроведувала јавно наддавање за „Сончев град“, се осудени на условни казни од две години затвор доколку во следните пет сторат друго кривично дело.

Покрај ова, осудените треба да ја платат и штетата од околу еден милион евра, пари што државата ги исплатила на фирмата „Сан Сити“, како камата за раскинатиот договор за изградба на комплексот „Сончев град“.

Обвинението го застапуваше обвинителот Бурим Рустеми, кој беше задоволен од казните освен од казната на Димовски, за која најавуваше дека ќе ја обжали.

 

The post Пауновска и Рускоска едногласни: Затезната камата не е на штета на буџетот; Димовски осуден токму за тоа appeared first on Република.

]]>

Затезна камата никогаш не може да биде штета на буџетот, согласни се тројца oд кандидатите за прв човек во Јавното обвинителство. Во дебатна емисија на  А1.он со Вилма Рускоска, Деса Пауновска и Ермон Есени, меѓу другото одговараат и на прашања за случајот „Топлик“. Во случајот „Топлик“, кој од Обвинителството за организиран криминал го наследи од СЈО, за изградба на комплексот „Сончев град“, четири обвинети беа осудени токму за затезна камата која од Буџетот била исплатена на фирмата „Сан сити“ како камата за раскинат договор.
Затезна камата никогаш не може да биде штета на буџетот и тоа потврдуваат и пресуди од Врховниот суд. Ако нема штета, може да има предмет само ако има елементи на некое друго кривично дело, но не на злоупотреба на став 5, децидна е обвинителката Деса Пауновска. Се оди да се утврди реалната штета, после ако бараат камата или затезна камата тоа е веќе предмет на Државното правобранителство да си ги застапува интересите на државата. Затезна камата не може да биде нанесување на штета на буџетот, одговара и Рускоска.
Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска се осудени токму обратно. Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, каде што од Обвинителството беше гонет за злоупотреба на службената положба и овластување. Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска, сите членови на Комисијата која спроведувала јавно наддавање за „Сончев град“, се осудени на условни казни од две години затвор доколку во следните пет сторат друго кривично дело. Покрај ова, осудените треба да ја платат и штетата од околу еден милион евра, пари што државата ги исплатила на фирмата „Сан Сити“, како камата за раскинатиот договор за изградба на комплексот „Сончев град“. Обвинението го застапуваше обвинителот Бурим Рустеми, кој беше задоволен од казните освен од казната на Димовски, за која најавуваше дека ќе ја обжали.  

The post Пауновска и Рускоска едногласни: Затезната камата не е на штета на буџетот; Димовски осуден токму за тоа appeared first on Република.

]]>
Ќе го задржи ли Вилма ОЈО-ГОКК: Советот на јавните обвинители ќе гласа за наследник на Рускоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-go-zadrzi-li-vilma-ojo-gokk-sovetot-na-javnite-obviniteli-kje-glasa-za-naslednik-na-ruskoska/ Thu, 27 Oct 2022 06:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=566072

Советот на јавните обвинители на Република Македонија утре ќе ја одржи 67-та седница на која, како што е најавено, ќе треба да гласа за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје.

Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, за МИА појасни дека ќе се гласа за избор на четворица јавни обвинители, по огласот кој е објавен во април годинава.

На дневен ред на 67-та седница на Советот, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје.

Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО-ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде во согласност со член 66 основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија.

На огласот за избор се пријавени петмина кандидати, а гласањето ќе биде на 7 ноември.

Советот на ЈО во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14 ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

The post Ќе го задржи ли Вилма ОЈО-ГОКК: Советот на јавните обвинители ќе гласа за наследник на Рускоска appeared first on Република.

]]>

Советот на јавните обвинители на Република Македонија утре ќе ја одржи 67-та седница на која, како што е најавено, ќе треба да гласа за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје. Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, за МИА појасни дека ќе се гласа за избор на четворица јавни обвинители, по огласот кој е објавен во април годинава. На дневен ред на 67-та седница на Советот, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје. Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО-ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде во согласност со член 66 основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија. На огласот за избор се пријавени петмина кандидати, а гласањето ќе биде на 7 ноември. Советот на ЈО во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14 ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

The post Ќе го задржи ли Вилма ОЈО-ГОКК: Советот на јавните обвинители ќе гласа за наследник на Рускоска appeared first on Република.

]]>
Русковска и уште четворица кандидати ќе се борат за главни во Обвинителството за организиран криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-i-ushte-chetvorica-kandidati-kje-se-borat-za-glavni-vo-obvinitelstvoto-za-organiziran-kriminal/ Wed, 26 Oct 2022 13:35:25 +0000 https://republika.mk/?p=565966

На огласот за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје се пријавиле петмина кандидати, потврди за МИА претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски.

Јолевски, за МИА појасни дека утре Советот ќе одржи седница на која треба да донесе одлука за формирање на Комисија што ќе го спроведе изборот, кој треба да се одржи на 7 ноември.

Суспендираната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, минатата недела потврди дека поднела кандидатура за нов мандат, а дел од медиумите веќе објавија дека за оваа функција се пријавиле и обвинителката Енѓелуше Кадриу Леши од ОЈО за организиран криминал, Деса Пауноска и Ислам Абази од Вишото обвинителство – Гостивар и Ермон Незири од скопското Обвинителство.

Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија.

Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доставуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор

The post Русковска и уште четворица кандидати ќе се борат за главни во Обвинителството за организиран криминал appeared first on Република.

]]>

На огласот за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје се пријавиле петмина кандидати, потврди за МИА претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски. Јолевски, за МИА појасни дека утре Советот ќе одржи седница на која треба да донесе одлука за формирање на Комисија што ќе го спроведе изборот, кој треба да се одржи на 7 ноември. Суспендираната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, минатата недела потврди дека поднела кандидатура за нов мандат, а дел од медиумите веќе објавија дека за оваа функција се пријавиле и обвинителката Енѓелуше Кадриу Леши од ОЈО за организиран криминал, Деса Пауноска и Ислам Абази од Вишото обвинителство – Гостивар и Ермон Незири од скопското Обвинителство. Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија. Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доставуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор

The post Русковска и уште четворица кандидати ќе се борат за главни во Обвинителството за организиран криминал appeared first on Република.

]]>
Наследникот на Рускоска ќе се бира на 31 октомври, таа нема да се кандидира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naslednikot-na-ruskoska-kje-se-bira-na-31-oktomvri-taa-nema-da-se-kandidira/ Fri, 16 Sep 2022 16:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=551549

Следната недела Советот на јавни обвинители ќе објави конкурс за избор на наследникот на Вилма Рускоска, односно за новт шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Изборите ќе се одржат на 31 октомври, а за првпат ќе се организираат по новиот закон, според кој 163 јавни обвинители ќе имаат право да гласаат за еден од пријавените кандидати.

Антонио Јолевски, претседател на Советот на јавни обвинители, рече дека дисциплинска постапка против некој обвинител не е пречка за тој да се пријави на огласот.

Во моментов, обвинителката Вилма Рускоска е суспендирана поради тоа што против неа е покрената дисциплинска постапка, но сепак таа веќе нема да конкурира за шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал, бидејќи во мај веќе поднесе кандидатура за републички обвинител.

Републичкиот обвинител Љубомир Јовески вели дека за дисциплинската постапка против Рускоска треба да се обезбедат докази, за кои пак треба да се произнесат обвинителите опфатени со постапката.

Обвинителката Вилма Рускоска го добила барањето да се изјасни по решението на дисциплинската комисија во предвидениот рок од пет дена. Мандатот на Русковска како шефица на Обвинителството за организиран криминал, истекува на 14 ноември годинава.

The post Наследникот на Рускоска ќе се бира на 31 октомври, таа нема да се кандидира appeared first on Република.

]]>

Следната недела Советот на јавни обвинители ќе објави конкурс за избор на наследникот на Вилма Рускоска, односно за новт шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Изборите ќе се одржат на 31 октомври, а за првпат ќе се организираат по новиот закон, според кој 163 јавни обвинители ќе имаат право да гласаат за еден од пријавените кандидати. Антонио Јолевски, претседател на Советот на јавни обвинители, рече дека дисциплинска постапка против некој обвинител не е пречка за тој да се пријави на огласот. Во моментов, обвинителката Вилма Рускоска е суспендирана поради тоа што против неа е покрената дисциплинска постапка, но сепак таа веќе нема да конкурира за шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал, бидејќи во мај веќе поднесе кандидатура за републички обвинител. Републичкиот обвинител Љубомир Јовески вели дека за дисциплинската постапка против Рускоска треба да се обезбедат докази, за кои пак треба да се произнесат обвинителите опфатени со постапката. Обвинителката Вилма Рускоска го добила барањето да се изјасни по решението на дисциплинската комисија во предвидениот рок од пет дена. Мандатот на Русковска како шефица на Обвинителството за организиран криминал, истекува на 14 ноември годинава.

The post Наследникот на Рускоска ќе се бира на 31 октомври, таа нема да се кандидира appeared first on Република.

]]>
Русковска има доверба во колешките дека добро ќе ги сработат предметите „технички предмет“ и „Финансиска полиција“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-ima-doverba-vo-koleshkite-deka-dobro-kje-gi-srabotat-predmetite-tehnichki-predmet-i-finansiska-policija/ Fri, 02 Sep 2022 14:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=546821

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која е времено суспендирана,  за „360 степени“ смета дека е добро што двата случаи – за Финансиската полиција и за станицата за технички преглед „Виа комерц“, на кои таа работеше, се распределени кај нејзини колеги и дека има доверба во нив дека ќе ги сработат предметите

Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, со одлука на четиричлена комисија формирана од обвинителот Трајче Пеливанов, кој времено раководи со ОЈО ГОКК додека трае суспензијата на Вилма Русковска, предметите се распределени и ќе ги водат обвинителките Лиле Стефанова и нејзината колешка Катерина Коларевиќ.

„Сметам дека е добро што предметите се распределени кај колегите. Имам доверба во своите колешки и се надевам дека ќе ги сработат“,изјави Русковска за „360 степени“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/lile-stefanova-kje-go-vodi-predmetot-za-finansiska-policija-a-katerina-kolarevikj-za-via-komerc/

Од важните предмети, предистрагата за финансиската полиција ќе ја преземе Лиле Стефанова, а за техничкиот предмет „Виа комерц“ во кој беше регистриран автобусот на „Беса транс“ обвинителката Коларевиќ.

The post Русковска има доверба во колешките дека добро ќе ги сработат предметите „технички предмет“ и „Финансиска полиција“ appeared first on Република.

]]>

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која е времено суспендирана,  за „360 степени“ смета дека е добро што двата случаи – за Финансиската полиција и за станицата за технички преглед „Виа комерц“, на кои таа работеше, се распределени кај нејзини колеги и дека има доверба во нив дека ќе ги сработат предметите Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, со одлука на четиричлена комисија формирана од обвинителот Трајче Пеливанов, кој времено раководи со ОЈО ГОКК додека трае суспензијата на Вилма Русковска, предметите се распределени и ќе ги водат обвинителките Лиле Стефанова и нејзината колешка Катерина Коларевиќ.
„Сметам дека е добро што предметите се распределени кај колегите. Имам доверба во своите колешки и се надевам дека ќе ги сработат“,изјави Русковска за „360 степени“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/lile-stefanova-kje-go-vodi-predmetot-za-finansiska-policija-a-katerina-kolarevikj-za-via-komerc/ Од важните предмети, предистрагата за финансиската полиција ќе ја преземе Лиле Стефанова, а за техничкиот предмет „Виа комерц“ во кој беше регистриран автобусот на „Беса транс“ обвинителката Коларевиќ.

The post Русковска има доверба во колешките дека добро ќе ги сработат предметите „технички предмет“ и „Финансиска полиција“ appeared first on Република.

]]>
Пеливанов ќе ја менува Рускоска додека е под суспензија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pelivanov-kje-ja-menuva-ruskoska-dodeka-e-pod-suspenzija/ Mon, 29 Aug 2022 11:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=545240

Обвинителот Трајче Пеливанов кој речиси две години е во Обвинителството за гонење организиран криминал, по предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и одлуката за избор од Советот на јавни обвинители, ќе раководи со оваа институција.

Изборот на Пеливанов доаѓа откако во петокот беше потврдена суспензијата на обвинителката Вилма Русковска, која има мандат за да биде шефица на ова обвинителство.

Одлуката за поставување на Пеливанов била едногласно изгласана од присутните членови на седницата. Тој ќе ја обавува функцијата до завршувањето на суспензијата на Русковска или до избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал со оглед на тоа што мандатот на Русковска истекува во ноември.

Пеливанов беше дел до тимот на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство каде беше четири години, односно од 2015 до 2019 година. Обвинителската кариера ја започнал во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде бил до 2015 година. Тој има стаж од 11 години. Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше избран минатиот април, кога беше оценет со 25 поени за тоа како ја извршува својата работа.

The post Пеливанов ќе ја менува Рускоска додека е под суспензија appeared first on Република.

]]>

Обвинителот Трајче Пеливанов кој речиси две години е во Обвинителството за гонење организиран криминал, по предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и одлуката за избор од Советот на јавни обвинители, ќе раководи со оваа институција. Изборот на Пеливанов доаѓа откако во петокот беше потврдена суспензијата на обвинителката Вилма Русковска, која има мандат за да биде шефица на ова обвинителство. Одлуката за поставување на Пеливанов била едногласно изгласана од присутните членови на седницата. Тој ќе ја обавува функцијата до завршувањето на суспензијата на Русковска или до избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал со оглед на тоа што мандатот на Русковска истекува во ноември. Пеливанов беше дел до тимот на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство каде беше четири години, односно од 2015 до 2019 година. Обвинителската кариера ја започнал во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде бил до 2015 година. Тој има стаж од 11 години. Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше избран минатиот април, кога беше оценет со 25 поени за тоа како ја извршува својата работа.

The post Пеливанов ќе ја менува Рускоска додека е под суспензија appeared first on Република.

]]>
Висат истрагите за „Виа комерц“ и Арафат Муареми откако ,,Јовески застана на другата страна” https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/visat-istragite-za-via-komerc-i-arafat-muaremi-otkako-joveski-zastana-na-drugata-strana/ Mon, 22 Aug 2022 14:16:46 +0000 https://republika.mk/?p=542851

По суспензијата на обвинителката Вилма Рускоска висат односно заглавени се предистрагите за најмалку два случаи во кои се инволвирани двајца функционери на СДСМ, „Беса транс“ и за финансиската полиција во која се гони Арафат Муареми.

Порталот мкд.мк пишува дека при крај е собирањето докази во предистрагата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој чекал 3,5 месеци да ја забрани работата на станицата во која бил регистриран автобусот на „Беса транс“ во кој во Бугарија загинаа 46 патници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/

Во тек беше и предистрагата за работата на директорот на Управата на финансиската полиција Арафат Муареми. По суспензијата на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска засега не се знае кој обвинител ќе ги води одие предмети, пишува порталот кој открива скандалозни наоди на истрагата кои одат директно до министерот за полиција Оливер Спасовски.

„Виа комерц“ од Глумово, техничката станица во која беше регистриран автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 46 патници, пред регистрацијата на автобусот веќе имала непотпишано решение за затворање поради бројни пропусти во работењето. Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, потпишал решение за затворање на станицата за технички преглед три дена по трагедијата, 23 ноември 2021 година, но за пропусти во работењето на станицата откриени уште во август. На 5 октомври во „Виа комерц“ се регистрирал автобусот на „Беса транс“. Во извештајот во август било запишано дека во „Виа комерц“ „се овозможува во сообраќајот на патиштата да учествуваат технички неисправни возила, односно возила кои може да претставуваат опасност по безбедноста на сообраќајот на патиштата“, пишува МКД.мк.

Русковска потврди дека доказите за овој предмет биле собрани, се чекало на распит на сведоци, информира Русковска која вели дека поради суспензијата и одморите на обвинителките засега не се знае кој ќе ја преземе предистрагата за овој случај.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kalajdziev-joveski-zastana-na-drugata-strana-namesto-na-stranata-na-obvinitelite/

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев објасни дека наместо државниот обвинител Јовески да ѝ даде поддршка на Рускоска да расчисти со криминалот, тој застанал на другата страна.


Повеќе на мкд.мк

Фото: Твитер

The post Висат истрагите за „Виа комерц“ и Арафат Муареми откако ,,Јовески застана на другата страна” appeared first on Република.

]]>

По суспензијата на обвинителката Вилма Рускоска висат односно заглавени се предистрагите за најмалку два случаи во кои се инволвирани двајца функционери на СДСМ, „Беса транс“ и за финансиската полиција во која се гони Арафат Муареми. Порталот мкд.мк пишува дека при крај е собирањето докази во предистрагата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој чекал 3,5 месеци да ја забрани работата на станицата во која бил регистриран автобусот на „Беса транс“ во кој во Бугарија загинаа 46 патници. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/ Во тек беше и предистрагата за работата на директорот на Управата на финансиската полиција Арафат Муареми. По суспензијата на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска засега не се знае кој обвинител ќе ги води одие предмети, пишува порталот кој открива скандалозни наоди на истрагата кои одат директно до министерот за полиција Оливер Спасовски.
„Виа комерц“ од Глумово, техничката станица во која беше регистриран автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 46 патници, пред регистрацијата на автобусот веќе имала непотпишано решение за затворање поради бројни пропусти во работењето. Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, потпишал решение за затворање на станицата за технички преглед три дена по трагедијата, 23 ноември 2021 година, но за пропусти во работењето на станицата откриени уште во август. На 5 октомври во „Виа комерц“ се регистрирал автобусот на „Беса транс“. Во извештајот во август било запишано дека во „Виа комерц“ „се овозможува во сообраќајот на патиштата да учествуваат технички неисправни возила, односно возила кои може да претставуваат опасност по безбедноста на сообраќајот на патиштата“, пишува МКД.мк.
Русковска потврди дека доказите за овој предмет биле собрани, се чекало на распит на сведоци, информира Русковска која вели дека поради суспензијата и одморите на обвинителките засега не се знае кој ќе ја преземе предистрагата за овој случај. https://republika.mk/vesti/makedonija/kalajdziev-joveski-zastana-na-drugata-strana-namesto-na-stranata-na-obvinitelite/ Професорот по кривично право Гордан Калајџиев објасни дека наместо државниот обвинител Јовески да ѝ даде поддршка на Рускоска да расчисти со криминалот, тој застанал на другата страна.
Повеќе на мкд.мк Фото: Твитер

The post Висат истрагите за „Виа комерц“ и Арафат Муареми откако ,,Јовески застана на другата страна” appeared first on Република.

]]>
Ременски: Не гледам зошто Русковска би била „заштитена мечка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/remenski-ne-gledam-zoshto-ruskovska-bi-bila-zashtitena-mechka/ Mon, 22 Aug 2022 12:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=542848

Професорката Фросина Ременски вели дека е време обвинителката Вилма Рускоска да се соочи со одговорноста, наместо да изигрува жртва.

Не гледам зошто еден јавен обвинител би бил „заштитена мечка“ и за него да не важат правилата на игра во рамки на законот, и зошто се алудира на некаква солидарност, внатре обвинителска кој зад кого требало да застане, имајќи го предвид Законот за јавно обвинителство го обврзува државниот јавен обвинител да врши надзор и контрола над работењето на обвинителствата каде тој е надлежен“, вели Ременски во летното издание „Click21“ на ТВ21 каде разговаравме и за обвинителката Вилма Рускоска.

Според Ременски „Извештајот за спроведениот претрес во финансиската полиција, што е направен како контрола по надзор и наредба на Државниот јавен обвинител содржи многу по мали прекршувања на јавно обвинителската функција на Вилма Рускоска во контекст на веќе докажаниот незаконски претрес кај потпретседател на Собрание“.

The post Ременски: Не гледам зошто Русковска би била „заштитена мечка“ appeared first on Република.

]]>

Професорката Фросина Ременски вели дека е време обвинителката Вилма Рускоска да се соочи со одговорноста, наместо да изигрува жртва.
Не гледам зошто еден јавен обвинител би бил „заштитена мечка“ и за него да не важат правилата на игра во рамки на законот, и зошто се алудира на некаква солидарност, внатре обвинителска кој зад кого требало да застане, имајќи го предвид Законот за јавно обвинителство го обврзува државниот јавен обвинител да врши надзор и контрола над работењето на обвинителствата каде тој е надлежен“, вели Ременски во летното издание „Click21“ на ТВ21 каде разговаравме и за обвинителката Вилма Рускоска.
Според Ременски „Извештајот за спроведениот претрес во финансиската полиција, што е направен како контрола по надзор и наредба на Државниот јавен обвинител содржи многу по мали прекршувања на јавно обвинителската функција на Вилма Рускоска во контекст на веќе докажаниот незаконски претрес кај потпретседател на Собрание“.

The post Ременски: Не гледам зошто Русковска би била „заштитена мечка“ appeared first on Република.

]]>
И акциите на американската ДЕА причина Спасовски и Заеви да ѝ се многу лути на Рускоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-akciite-na-amerikanskata-dea-prichina-spasovski-i-zaevi-da-se-mnogu-luti-na-ruskoska/ Mon, 22 Aug 2022 12:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=542827

Што се крие зад суспензијата на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска и под какви притисоци е донесена таа одлука, засега пред јавноста не се отвораат целосно картите, пишува НетПрес во анализа за скандалозната суспензија на обвинителката која гони неколку високи функционери на СДСМ и ДУИ.

Иако, Русковска во куса изјава посочи дека не се сомнева дека зад нејзината суспензија стојат притисоци, таа одби да зборува отворено за тоа, за, како што наведе, да не заврши пред Судот за клевета. Но, напомена дека во игра е политичка позадина и загадочно посочи дека случувањата не биле водени од сегашната влада?

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/

Но, во исто време, Рускоска откри дека била суспендирана само една недела пред распитот на сведоците за случајот „Технички испитен центар Беса Транс“, во кој е инволвиран министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како шеф на Министерството за внатрешни работи.

Процедурните дејствија во истрагата за случајот со Спасовски, кои може да доведат до кривична пријава за најмоќниот човек во власта и во СДСМ, сепак даваат една друга перспектива за суспензијата на Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од мај годинава истражува зошто МВР со месеци го чувало во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, каде бил прегледан автобусот „Беса транс“ кој се запали во Бугарија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски досега не даде одговор за тоа зошто три ипол месеци го чувал во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“ и го потпишал три дена по трагедијата на автобусот „Беса транс“ кој се запали на автопатот во Бугарија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/otstranuvanjeto-na-laze-velkovski-e-najava-deka-odmazdata-na-organiziraniot-kriminal-vo-makedonija-nema-da-zapre/

Покрај првиот човек на Финансиската полиција Арафат Муареми и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути од ДУИ против кои Русковска води истражни дејствија се чини дека и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски би можел да има личен интерес од нејзината суспензија.

Исто така, за суспензијата на Русковска е заинтересиран и Вице Заев, кој е дел од истрагата за рекетот во РЕЦ Битола и кој е наведен во кривична пријава за криминал и уцена од 250 илјади евра.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prilepskiot-komandir-chipsio-faten-vo-akcijata-od-dea-pushten-vo-domashen-pritvor/

Со Вице не завршува антагонизмот на фамилијата Заеви со Русковска. Во акција за спречување на шверц на дрога предводена од американската ДЕА, беше уапсен Александар Ушилковскии, личен шофер на Трајче Заев, братучед на Зоран Заев. При претрес на комбе пронајдена беше марихуана во вредност од 800 илјади евра. Пратката со марихуана тргнала од Фирмата Медика 420 од Битола, фирма која се поврзува директно со фамилијата Заеви, Трајче и Вице.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obezbeduvanjeto-na-trajche-zaev-bilo-chistach-na-kombeto-koe-ja-prevezuvalo-drogata-zapleneta-vo-akcijata-na-dea/

Тогаш обвинителката Вилма Рускоска кажа дека акцијата била пробиена и некој од МВР им дојавил на дилерите дека ќе бидат апсени.

Сепак, под нејзина капа во Обвинителството се водат случаи за економски криминал и корупција и за високи фунционери токму од сегашната власт, иако Рускоска се обиде да негира некаква поврзаност со притисоци од власта. Тука, на пример се предметите за поранешните генерални секретари на оваа Влада, Драги Рашковски и Мухамед Зеќири. Но „непрецизното“ негирање, на инволвираноста на „сегашната влада“ намерно или не, фрла уште поголема сомнеж зад целата оваа драмолетка, во која несомнено клучна улога имаат политички моќници.

И универзитетскиот професор Гордан Калајџиев смета дека ваквата усилена интервенција за суспензија на обвинители е по нарачка и дека најверојатно Русковска му има стапнато некому „на жуљ“.

Пред нејзината суспензија, таа очајнички побара надлежните институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред сѐ Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ да ги проверат фактите и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот, пишува Нетпрес во анализата.

The post И акциите на американската ДЕА причина Спасовски и Заеви да ѝ се многу лути на Рускоска appeared first on Република.

]]>

Што се крие зад суспензијата на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска и под какви притисоци е донесена таа одлука, засега пред јавноста не се отвораат целосно картите, пишува НетПрес во анализа за скандалозната суспензија на обвинителката која гони неколку високи функционери на СДСМ и ДУИ. Иако, Русковска во куса изјава посочи дека не се сомнева дека зад нејзината суспензија стојат притисоци, таа одби да зборува отворено за тоа, за, како што наведе, да не заврши пред Судот за клевета. Но, напомена дека во игра е политичка позадина и загадочно посочи дека случувањата не биле водени од сегашната влада? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/ Но, во исто време, Рускоска откри дека била суспендирана само една недела пред распитот на сведоците за случајот „Технички испитен центар Беса Транс“, во кој е инволвиран министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како шеф на Министерството за внатрешни работи. Процедурните дејствија во истрагата за случајот со Спасовски, кои може да доведат до кривична пријава за најмоќниот човек во власта и во СДСМ, сепак даваат една друга перспектива за суспензијата на Русковска. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од мај годинава истражува зошто МВР со месеци го чувало во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, каде бил прегледан автобусот „Беса транс“ кој се запали во Бугарија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски досега не даде одговор за тоа зошто три ипол месеци го чувал во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“ и го потпишал три дена по трагедијата на автобусот „Беса транс“ кој се запали на автопатот во Бугарија. https://republika.mk/vesti/makedonija/otstranuvanjeto-na-laze-velkovski-e-najava-deka-odmazdata-na-organiziraniot-kriminal-vo-makedonija-nema-da-zapre/ Покрај првиот човек на Финансиската полиција Арафат Муареми и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути од ДУИ против кои Русковска води истражни дејствија се чини дека и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски би можел да има личен интерес од нејзината суспензија. Исто така, за суспензијата на Русковска е заинтересиран и Вице Заев, кој е дел од истрагата за рекетот во РЕЦ Битола и кој е наведен во кривична пријава за криминал и уцена од 250 илјади евра. https://republika.mk/vesti/makedonija/prilepskiot-komandir-chipsio-faten-vo-akcijata-od-dea-pushten-vo-domashen-pritvor/ Со Вице не завршува антагонизмот на фамилијата Заеви со Русковска. Во акција за спречување на шверц на дрога предводена од американската ДЕА, беше уапсен Александар Ушилковскии, личен шофер на Трајче Заев, братучед на Зоран Заев. При претрес на комбе пронајдена беше марихуана во вредност од 800 илјади евра. Пратката со марихуана тргнала од Фирмата Медика 420 од Битола, фирма која се поврзува директно со фамилијата Заеви, Трајче и Вице. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obezbeduvanjeto-na-trajche-zaev-bilo-chistach-na-kombeto-koe-ja-prevezuvalo-drogata-zapleneta-vo-akcijata-na-dea/ Тогаш обвинителката Вилма Рускоска кажа дека акцијата била пробиена и некој од МВР им дојавил на дилерите дека ќе бидат апсени. Сепак, под нејзина капа во Обвинителството се водат случаи за економски криминал и корупција и за високи фунционери токму од сегашната власт, иако Рускоска се обиде да негира некаква поврзаност со притисоци од власта. Тука, на пример се предметите за поранешните генерални секретари на оваа Влада, Драги Рашковски и Мухамед Зеќири. Но „непрецизното“ негирање, на инволвираноста на „сегашната влада“ намерно или не, фрла уште поголема сомнеж зад целата оваа драмолетка, во која несомнено клучна улога имаат политички моќници. И универзитетскиот професор Гордан Калајџиев смета дека ваквата усилена интервенција за суспензија на обвинители е по нарачка и дека најверојатно Русковска му има стапнато некому „на жуљ“. Пред нејзината суспензија, таа очајнички побара надлежните институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред сѐ Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ да ги проверат фактите и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот, пишува Нетпрес во анализата.

The post И акциите на американската ДЕА причина Спасовски и Заеви да ѝ се многу лути на Рускоска appeared first on Република.

]]>
Рускоска суспендирана една недела пред да почне распитот за станицата за технички преглед, предмет заглавен во фиоките на МВР на Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskoska-suspendirana-edna-nedela-pred-da-pochne-raspitot-za-stanicata-za-tehnichki-pregled-predmet-zaglaven-vo-fiokite-na-mvr-na-spasovski/ Fri, 19 Aug 2022 13:27:38 +0000 https://republika.mk/?p=542061

Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска денеска во изјава за медиумите откри дека била суспендирана една недела пред да почне распит на сведоци за случајот „Станица за технички преглед на Беса транс“, во кој како шеф на МВР е инволвиран министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Процесните дејствија во истрагата за предметот поврзан со Спасовски кои требало да продолжат идната недела, а кои може да доведат до кривична пријава за најмоќниот човек во владата и во СДСМ дава нова перспектива за суспензијата на Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) уште од мај годинава испитува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-ispituva-zoshto-spasovski-so-meseci-ne-go-zatvoral-tehnichkiot-pregled-vo-koj-amin-dobi-i-besa-trans/

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одбива да одговори зошто три и пол месеци го чувал во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, а го потпишал три дена по трагедијата на автобусот „Беса Транс“ кој изгоре на автопатот во Бугарија.

Затоа отвори истрага Обвинителството и ќе ги даде резултатите. Мојот одговор е дека моментално има истрага што се води и ќе ги даде резултатите, рече Спасовски во мај годинава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ne-kazuva-zoshto-se-chuvalo-vo-fioka-reshenieto-za-zatvoranje-na-stanicata-kade-shto-tehnichki-pregled-pomina-avtobusot-na-besa-trans/

Со откритието дека Русковска е суспендирана пред да ги процесира индициите за криминал во случајот Беса транс во кој е инволвиран и Спасовски случајот на суспензија на шефицата за организиран криминал добива уште една, најмалку четврта причина или личен интерес на моќни политички фигури.

Покрај шефот на Финансиската полицијата Арафат Муареми и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути од ДУИ против кои Русковска води истражни дејствија се чини дека личен интерес за суспензија има и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Надвор од политичките фактори интерес од суспензијата на Русковска има и Вице Заев, кој е дел од истрагата за рекетот во РЕК Битола и кој е наведен во кривична пријава за криминал и уцени вредни 250 илјади евра.

 

The post Рускоска суспендирана една недела пред да почне распитот за станицата за технички преглед, предмет заглавен во фиоките на МВР на Спасовски appeared first on Република.

]]>

Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска денеска во изјава за медиумите откри дека била суспендирана една недела пред да почне распит на сведоци за случајот „Станица за технички преглед на Беса транс“, во кој како шеф на МВР е инволвиран министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Процесните дејствија во истрагата за предметот поврзан со Спасовски кои требало да продолжат идната недела, а кои може да доведат до кривична пријава за најмоќниот човек во владата и во СДСМ дава нова перспектива за суспензијата на Русковска. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) уште од мај годинава испитува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија. https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-ispituva-zoshto-spasovski-so-meseci-ne-go-zatvoral-tehnichkiot-pregled-vo-koj-amin-dobi-i-besa-trans/ Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одбива да одговори зошто три и пол месеци го чувал во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, а го потпишал три дена по трагедијата на автобусот „Беса Транс“ кој изгоре на автопатот во Бугарија.
Затоа отвори истрага Обвинителството и ќе ги даде резултатите. Мојот одговор е дека моментално има истрага што се води и ќе ги даде резултатите, рече Спасовски во мај годинава.
https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ne-kazuva-zoshto-se-chuvalo-vo-fioka-reshenieto-za-zatvoranje-na-stanicata-kade-shto-tehnichki-pregled-pomina-avtobusot-na-besa-trans/ Со откритието дека Русковска е суспендирана пред да ги процесира индициите за криминал во случајот Беса транс во кој е инволвиран и Спасовски случајот на суспензија на шефицата за организиран криминал добива уште една, најмалку четврта причина или личен интерес на моќни политички фигури. Покрај шефот на Финансиската полицијата Арафат Муареми и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути од ДУИ против кои Русковска води истражни дејствија се чини дека личен интерес за суспензија има и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Надвор од политичките фактори интерес од суспензијата на Русковска има и Вице Заев, кој е дел од истрагата за рекетот во РЕК Битола и кој е наведен во кривична пријава за криминал и уцени вредни 250 илјади евра.  

The post Рускоска суспендирана една недела пред да почне распитот за станицата за технички преглед, предмет заглавен во фиоките на МВР на Спасовски appeared first on Република.

]]>
Русковска: Притисокот доаѓа од поранешна влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-pritisokot-doagja-od-poraneshna-vlada/ Fri, 19 Aug 2022 12:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=542047

Апсолутно ова не е притисок од сегашната влада, но ние сме имале и многу влади претходно, без да прецизира од која влада доаѓа притисокот. Ова беше кусата изјава на обвинителката Вилма Русковска за тоа дали има некоја политичка позадина на нејзината суспензија од функцијата шефица на Обвинителството за организиран криминал. Вели дека нејзините сомнежи за тоа дали и кој би стоел зад нејзината суспензија нема да ги сподели со јавноста и дека не се плаши да ги каже, само не сака да заврши пред Суд за клевета.

„Како обвинител не сакам да верувам дека некој политичар или политика стои зад сето ова. Ве повикувам новинарите да откриете која е позадина на сето ова“, изјави Русковска откако во Советот за јавни обвинители ја поднесе жалбата на одлуката на Шефот на обвинителството Љубомир Јовески за суспензија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/

Таа вели дека се што преземала до сега во врска со нејзината работа е согласно законските надлежност.

Не сум ја злоупотребила својата функција, а поготово не за парични средства како што тоа се докажа дека беше случај со Катица Јанева и не ја споредувам мојата судбина со таа на Јанева. Тврдам дека се што сум направила е во рамките за законот“, рече во изјава Русковска како одговор на прашањето дали смета дека ќе заврши како Јанева.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-e-ubedena-deka-ne-ja-cheka-sudbinata-na-katica-janeva/

The post Русковска: Притисокот доаѓа од поранешна влада appeared first on Република.

]]>

Апсолутно ова не е притисок од сегашната влада, но ние сме имале и многу влади претходно, без да прецизира од која влада доаѓа притисокот. Ова беше кусата изјава на обвинителката Вилма Русковска за тоа дали има некоја политичка позадина на нејзината суспензија од функцијата шефица на Обвинителството за организиран криминал. Вели дека нејзините сомнежи за тоа дали и кој би стоел зад нејзината суспензија нема да ги сподели со јавноста и дека не се плаши да ги каже, само не сака да заврши пред Суд за клевета. „Како обвинител не сакам да верувам дека некој политичар или политика стои зад сето ова. Ве повикувам новинарите да откриете која е позадина на сето ова“, изјави Русковска откако во Советот за јавни обвинители ја поднесе жалбата на одлуката на Шефот на обвинителството Љубомир Јовески за суспензија. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/ Таа вели дека се што преземала до сега во врска со нејзината работа е согласно законските надлежност.
Не сум ја злоупотребила својата функција, а поготово не за парични средства како што тоа се докажа дека беше случај со Катица Јанева и не ја споредувам мојата судбина со таа на Јанева. Тврдам дека се што сум направила е во рамките за законот“, рече во изјава Русковска како одговор на прашањето дали смета дека ќе заврши како Јанева.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-e-ubedena-deka-ne-ja-cheka-sudbinata-na-katica-janeva/

The post Русковска: Притисокот доаѓа од поранешна влада appeared first on Република.

]]>
Кажете ѝ на Вилма… https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/kazete-i-na-vilma/ Tue, 16 Aug 2022 19:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=541088

Кажете ѝ на Вилма дека дисциплинската комисија ќе брои пет члена. Тројца од тефтерчето на ДУИ (од тројцата не можеш да направиш ни половина правник!) и двајца статисти од кои половината е претставник на ЛГБТ заедницата (против која нели, немам ништо!).
Резултатот на дисциплинската постапка ќе биде Љубе во Уставен.

The post Кажете ѝ на Вилма… appeared first on Република.

]]>

Кажете ѝ на Вилма дека дисциплинската комисија ќе брои пет члена. Тројца од тефтерчето на ДУИ (од тројцата не можеш да направиш ни половина правник!) и двајца статисти од кои половината е претставник на ЛГБТ заедницата (против која нели, немам ништо!). Резултатот на дисциплинската постапка ќе биде Љубе во Уставен.

The post Кажете ѝ на Вилма… appeared first on Република.

]]>
Дали Јовески ја суспендира Русковска поради доказите кои ги поседува за криминалот на Муареми кои водат до кримнали на високи владини функционери? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/ Tue, 16 Aug 2022 18:36:53 +0000 https://republika.mk/?p=541032

Што се случува во триаголникот Вилма Рускоска, Љубомир Јовевски и Арафат Муареми? Денеска главниот обвинител Јовески ја суспендираше шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Рускоска поради претресот кај првиот човек на Финансовата полиција Арафат Муареми.

– Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

За Русковска и колешките, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска е покренета дисциплинска постапка и се бара утврдување на одговорност за трите обвинителки.

Многу набрзо беше објавено дека еден од суспендираните обвинители е токму Русковска. Таа и официјално потврди дека е суспендирана, по што со придружба ја напушти зградата на Обвинителството. Љубомир Јовески, за Фокус изјави дека Рускоска сѐ уште ги нема доставено одговорите околу спорниот претрес во Финансиската полиција, кои од неа тој ги побарал.

Брзо по суспензјата на Русковска, оставка поднесе и Муареми. Тој потврди дека заминува заради одлуката на Јовески и за да нема сомнеж дека тој може да влијае на постапката која ја води Обвинителството против органзииран криминал.

Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вели Муареми.

Јовески може да поднесе дисциплинска постапка во неколку сличаи а еден од нив е намерно или неоправдано се направи крупна професионална грешка. Муареми се жалеше до државниот обвинител дека Русковска со колешките извршиле незаконски претрес во канцелариите на Управата, а Јовески испрати двајца обвинители за да проверат што и како се работи во Организиран. Во извештајот констатираа дека има неправилности при постапувањето во предметот. Судирот во истражните органи трае веќе еден месец. Од друга страна, Русковска побара помош и од меѓународните институции поради притисокот на власта за откриените криминали на владини функционери.

Јавноста веќе почна да прашува зошто Јовески ја суспендираше Русковска доколку навистина има докази за криминали на високи функционери?! Дали аферата со Муареми носи до криминали на имиња многу поголеми од Арафат? Дали Муареми и Финансовата полиција рекетирале физички и правни лица? Зошто Муареми поднесува оставка доколку се работи за грешка на Рускоска? Дали Јовески по нечие барање ја суспендира Рускоска? Дали сето ова се прави за мир во куќа, односно за мир меѓу СДСМ и ДУИ?! Кои се владините функционери и моќници кои се инволвирани во криминал а за кои Рускоска зборуваше и бараше помоѓ од меѓународни институции поради притисокот кој бил вршен врз неа? Кој од владата на Зоран Заев и Димитар Ковачевски се инволвирани за криминалите за кои Рускоска зборуваше, а Јовески не и дозволи да ги обелодени и истера до крај? Има ли министри кои се на власт во списокот на Рускоска за криминали на влдини функционери? Кои се тие?

Како започна сѐ?

Откако беше направен претрес во УФП пред повеќе од еден месец, за кој во почетокот имаше молк и не се соопштуваше ништо, освен дека е сторен по пријава што стигнала од ОЈО ГОКК од граѓани уште во мај, се огласи Муареми со обвинување во јавноста дека претресот што се врши од ОЈО ГОКК е надвор од вообичаените процедури. Тој тврдеше дека во налогот пишувало дека треба да уследи претрес во неговиот дом, а се вршел во просториите на УФП. Покрај тоа во налогот не било посочено што се бара, што беше протолкувано како надвор од Законот за кривична постапка и злоупотреба и на Судот, кој издал налог за претрес без основани сомневања за сторено кривично дело. Муареми испрати претставка до Јавниот обвинител Љубомир Јовески и до Советот на Јавните обвинители, а подоцна и до Судскиот совет. Рускоска тврдеше дека сè е законски. Како што тогаш реле нема потреба од нервозна реакција на Муареми. Но Јовевски на 1 август излезе со соопштение во кое беше посочено дека има повеќе нарушени процедури во постапувањето на ОЈО ГОКК.

При заведувањето на оформениот предмет нарушена е хоризонталната надлежност и организацијата на Јавното обвинителство. Кривичната пријава се однесува на лица од Управата за финансиска полиција, кои имаат полициски овластувања, а по таквите пријави надлежно е да постапува Специјализираното одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Според тоа, тројцата јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале по овој предмет, а не се дел од Специјализираното одделение, ненадлежно постапувале по кривичната пријава – стоеше во соопштението од Јовески.

Рускоска му порача на Јовески да не се меша во постапувањето по конкретен предмет. Таа нагласи дека се истражува и постапувањето на Муареми, кој е избрано и именувано лице од Владата и прашање е дали воопшто може да се смета за лице со полициско овластување, а уверена е и дека ЈО излегува од законот, наведувајќи дека нема право да дава препораки и упатства.

Покрај тоа што немаат законско право да се мешаат во постапување по конкретен предмет, прашање е дали директорот има полициски овластувања со оглед на тоа што го именува Владата. Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители на јавните обвинителства не може да донесуваат упатства и насоки кои се однесуваат на работата на конкретни предмети на јавните обвинители – рече Русковска.

Но таа не го коментираше тврдењето на Јовески околу налогот од Судот и како Русковска го обезбедила:

Во образложението на барањето на Судот погрешно му се даваат податоци дека Јавното обвинителство има основи на сомнение дека е сторено кривично дело, а во списите од предметот има само анонимна кривична пријава. Анонимната кривична пријава и конкретните наводи во неа, непоткрепени со ниту еден доказ или со други средства, можат да бидат повод за поведување кривична постапка, но таа не обезбедува определен степен на веројатност дека ќе се пронајдат траги на кривичното дело или предмети важни за кривичната постапка за да има основи за барање на претрес на простории на државен орган и претрес на лице.

Покрај тоа, во образложението на барањето за издавање на наредба за претрес се наведува дека во предметот се води предистражна постапка, а при увидот е констатирано дека во списите постои само барање за претрес и писмо, кои се први дејствија преземени во постапката по анонимната кривична пријава – се вели во Соопштението од надзорот што го сториле двајца обвинители распоредени да вршат надзор по претставки и по налог на Јовески.

Муареми најави дека ќе поднесе кривични пријави против трите обвинителки од ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа. Тој обвинуваше дека Обвинителството не постапувало по предмети кои Финансовата полиција ги испраќала. Е зошто Муареми до претресот не запрашал што е со предметите кои тие ги испраќале до Обвинителството, одговор нема.

Русковска побара од надлежните органи, но и од меѓународниот фактор да се инволвирал во целиот случај и да ја спасат од притисокот што незаконски и го прават во име на криминалот:

Јас како обвинител со стаж повеќе од 34 години, во кои обвинител за организиран криминал од самото основање на Одделението за организиран криминал на ЈОРМ далечната 2004 година, нема да дозволам лице за кое се проверува постапувањето да ми го валка образот и честа кои долги години макотрпно сум ги градела. Честа, угледот, поштењето, ги имам научено од мала возраст од моите родители кои и двајцата се бореле со фашистите за денешна слободна и независна Македонија. Татко ми беше потполковник на дивизија во НОВ, закопан со бугарски куршум. Мајка ми партизанка која лежела во бугарски затвор и која се борела и на Сремскиот фронт“, стои во обраќањето на Русковска до јавноста и до амбасадите.

Таа ги повика надлежните институции во државата, какои сите меѓународни институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш засекогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти – кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот.

-Исто така, ја замолувам и Европската обвинителка Лаура Ковеси, ако е во можност, да дојде и да ги провери сите предмети на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако јас сум на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зеќири и овој најновиот, за Муареми“, повикува Русковска.

Се огласи и Муареми:

Ја повикувам Вилма Русковска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докаже и на јавноста да ѝ пласира обвинителен акт против мене, а не празни и неосновани сознанија и информации, дискредитирајќи ја во целост функцијата која ја извршува. Негонење на криминал поради притисоци претставува кривично дело, обвинителке. А вашата чест и углед е беспредметнo да ги коментирам. Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за ‘помош’ – нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има.

Што сега по суспензијата на Русковска?

Русковска е суспендирана. Јовески на некој начин ја запре постапката која таа ја започна и за која тврдеше дека има докази за криминали на високи функционери. Дали тоа ќе биде крај на истрагата на Обвинителството?! Ја одигра ли Јовески улогата на медијатор, направи ли чекор по нарачка за да ги задоволи двете страни?! Што се кријат доказите на Рускоска? Зошто поита Јовески да го спречи она кое Рускоска го започна и за кое тврдеше дека има докази?

Излегуваат разни тврдења, муабети, непотврдени информации. Се зборува и за докази за љубовни афери во финансовата полиција кои траат со години наназад и кои имаат влијание врз работењето и функционирањето на институцијата. Но да се надеваме дека прво ќе ги видиме доказите и имињата на инволвираните високи функционери, па потоа и за аферите.

Кој е Арафат Муареми?

40-годишниот прв човек на Финансовата полиција прв пат беше назначен за в.д директор на оваа институција во 2017 година, а во 2018 година стана директор. На 15 февруари годинава му истече четиригодишниот мандат, и владата повторно го назначи за в.д директор со мандат од шест месеци, со можност за негово продолжување од уште шест месеци. Денеска поднесе оставка за да не влијаел на постапката која се води.

Муареми го врзуваат многу афери. Беше објавена снимка пред избори на која директорот на Финансиската полиција се заканува со инспекции.

Во јули годинава беше објавено дека против него е поднесена кривична пријава од граѓанин поради Злоупотреба на службената положба и овластувања, насилство и малтретирање во вршење на служба.

Неофицијално, Муареми во јавноста се споменува како дел од случаи за кои се води постапка во Јавното обвинителство за организиран криминал за вршење притисок врз правни субјекти кои биле рекетирани и уценувани да исплатат „црни пари“, а за возврат институциите да не ги гонат за кривични и други дела сторени од нив.

Архивата вади повеќе наслови поврзани со Муареми:

„(Документи )Катиљ ферманот на Арафат Муареми – треба да дадеш 50.000 евра за директорот за да се смири ситуацијата!“

„Киднапирање, уцени, закани и рекет: Како оперирал Арафат Муареми?“

„Од 2017-та преку Еуростандард банка се пepeле пари?“

https://republika.mk/vesti/makedonija/ujp-i-finansiskata-policija-rekeratski-duvla-obvinuva-vmro-dpmne/

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/istragata-treba-da-pokaze-dali-vo-finansiskata-policija-se-sproveduvale-fiktivni-istragi/

The post Дали Јовески ја суспендира Русковска поради доказите кои ги поседува за криминалот на Муареми кои водат до кримнали на високи владини функционери? appeared first on Република.

]]>

Што се случува во триаголникот Вилма Рускоска, Љубомир Јовевски и Арафат Муареми? Денеска главниот обвинител Јовески ја суспендираше шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Рускоска поради претресот кај првиот човек на Финансовата полиција Арафат Муареми.
– Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
За Русковска и колешките, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска е покренета дисциплинска постапка и се бара утврдување на одговорност за трите обвинителки. Многу набрзо беше објавено дека еден од суспендираните обвинители е токму Русковска. Таа и официјално потврди дека е суспендирана, по што со придружба ја напушти зградата на Обвинителството. Љубомир Јовески, за Фокус изјави дека Рускоска сѐ уште ги нема доставено одговорите околу спорниот претрес во Финансиската полиција, кои од неа тој ги побарал. Брзо по суспензјата на Русковска, оставка поднесе и Муареми. Тој потврди дека заминува заради одлуката на Јовески и за да нема сомнеж дека тој може да влијае на постапката која ја води Обвинителството против органзииран криминал.
Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вели Муареми.
Јовески може да поднесе дисциплинска постапка во неколку сличаи а еден од нив е намерно или неоправдано се направи крупна професионална грешка. Муареми се жалеше до државниот обвинител дека Русковска со колешките извршиле незаконски претрес во канцелариите на Управата, а Јовески испрати двајца обвинители за да проверат што и како се работи во Организиран. Во извештајот констатираа дека има неправилности при постапувањето во предметот. Судирот во истражните органи трае веќе еден месец. Од друга страна, Русковска побара помош и од меѓународните институции поради притисокот на власта за откриените криминали на владини функционери. Јавноста веќе почна да прашува зошто Јовески ја суспендираше Русковска доколку навистина има докази за криминали на високи функционери?! Дали аферата со Муареми носи до криминали на имиња многу поголеми од Арафат? Дали Муареми и Финансовата полиција рекетирале физички и правни лица? Зошто Муареми поднесува оставка доколку се работи за грешка на Рускоска? Дали Јовески по нечие барање ја суспендира Рускоска? Дали сето ова се прави за мир во куќа, односно за мир меѓу СДСМ и ДУИ?! Кои се владините функционери и моќници кои се инволвирани во криминал а за кои Рускоска зборуваше и бараше помоѓ од меѓународни институции поради притисокот кој бил вршен врз неа? Кој од владата на Зоран Заев и Димитар Ковачевски се инволвирани за криминалите за кои Рускоска зборуваше, а Јовески не и дозволи да ги обелодени и истера до крај? Има ли министри кои се на власт во списокот на Рускоска за криминали на влдини функционери? Кои се тие? Како започна сѐ? Откако беше направен претрес во УФП пред повеќе од еден месец, за кој во почетокот имаше молк и не се соопштуваше ништо, освен дека е сторен по пријава што стигнала од ОЈО ГОКК од граѓани уште во мај, се огласи Муареми со обвинување во јавноста дека претресот што се врши од ОЈО ГОКК е надвор од вообичаените процедури. Тој тврдеше дека во налогот пишувало дека треба да уследи претрес во неговиот дом, а се вршел во просториите на УФП. Покрај тоа во налогот не било посочено што се бара, што беше протолкувано како надвор од Законот за кривична постапка и злоупотреба и на Судот, кој издал налог за претрес без основани сомневања за сторено кривично дело. Муареми испрати претставка до Јавниот обвинител Љубомир Јовески и до Советот на Јавните обвинители, а подоцна и до Судскиот совет. Рускоска тврдеше дека сè е законски. Како што тогаш реле нема потреба од нервозна реакција на Муареми. Но Јовевски на 1 август излезе со соопштение во кое беше посочено дека има повеќе нарушени процедури во постапувањето на ОЈО ГОКК.
При заведувањето на оформениот предмет нарушена е хоризонталната надлежност и организацијата на Јавното обвинителство. Кривичната пријава се однесува на лица од Управата за финансиска полиција, кои имаат полициски овластувања, а по таквите пријави надлежно е да постапува Специјализираното одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Според тоа, тројцата јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале по овој предмет, а не се дел од Специјализираното одделение, ненадлежно постапувале по кривичната пријава – стоеше во соопштението од Јовески.
Рускоска му порача на Јовески да не се меша во постапувањето по конкретен предмет. Таа нагласи дека се истражува и постапувањето на Муареми, кој е избрано и именувано лице од Владата и прашање е дали воопшто може да се смета за лице со полициско овластување, а уверена е и дека ЈО излегува од законот, наведувајќи дека нема право да дава препораки и упатства.
Покрај тоа што немаат законско право да се мешаат во постапување по конкретен предмет, прашање е дали директорот има полициски овластувања со оглед на тоа што го именува Владата. Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители на јавните обвинителства не може да донесуваат упатства и насоки кои се однесуваат на работата на конкретни предмети на јавните обвинители – рече Русковска.
Но таа не го коментираше тврдењето на Јовески околу налогот од Судот и како Русковска го обезбедила:
Во образложението на барањето на Судот погрешно му се даваат податоци дека Јавното обвинителство има основи на сомнение дека е сторено кривично дело, а во списите од предметот има само анонимна кривична пријава. Анонимната кривична пријава и конкретните наводи во неа, непоткрепени со ниту еден доказ или со други средства, можат да бидат повод за поведување кривична постапка, но таа не обезбедува определен степен на веројатност дека ќе се пронајдат траги на кривичното дело или предмети важни за кривичната постапка за да има основи за барање на претрес на простории на државен орган и претрес на лице. Покрај тоа, во образложението на барањето за издавање на наредба за претрес се наведува дека во предметот се води предистражна постапка, а при увидот е констатирано дека во списите постои само барање за претрес и писмо, кои се први дејствија преземени во постапката по анонимната кривична пријава – се вели во Соопштението од надзорот што го сториле двајца обвинители распоредени да вршат надзор по претставки и по налог на Јовески.
Муареми најави дека ќе поднесе кривични пријави против трите обвинителки од ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа. Тој обвинуваше дека Обвинителството не постапувало по предмети кои Финансовата полиција ги испраќала. Е зошто Муареми до претресот не запрашал што е со предметите кои тие ги испраќале до Обвинителството, одговор нема. Русковска побара од надлежните органи, но и од меѓународниот фактор да се инволвирал во целиот случај и да ја спасат од притисокот што незаконски и го прават во име на криминалот:
Јас како обвинител со стаж повеќе од 34 години, во кои обвинител за организиран криминал од самото основање на Одделението за организиран криминал на ЈОРМ далечната 2004 година, нема да дозволам лице за кое се проверува постапувањето да ми го валка образот и честа кои долги години макотрпно сум ги градела. Честа, угледот, поштењето, ги имам научено од мала возраст од моите родители кои и двајцата се бореле со фашистите за денешна слободна и независна Македонија. Татко ми беше потполковник на дивизија во НОВ, закопан со бугарски куршум. Мајка ми партизанка која лежела во бугарски затвор и која се борела и на Сремскиот фронт“, стои во обраќањето на Русковска до јавноста и до амбасадите.
Таа ги повика надлежните институции во државата, какои сите меѓународни институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш засекогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти – кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот.
-Исто така, ја замолувам и Европската обвинителка Лаура Ковеси, ако е во можност, да дојде и да ги провери сите предмети на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако јас сум на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зеќири и овој најновиот, за Муареми“, повикува Русковска.
Се огласи и Муареми:
Ја повикувам Вилма Русковска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докаже и на јавноста да ѝ пласира обвинителен акт против мене, а не празни и неосновани сознанија и информации, дискредитирајќи ја во целост функцијата која ја извршува. Негонење на криминал поради притисоци претставува кривично дело, обвинителке. А вашата чест и углед е беспредметнo да ги коментирам. Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за ‘помош’ – нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има.
Што сега по суспензијата на Русковска? Русковска е суспендирана. Јовески на некој начин ја запре постапката која таа ја започна и за која тврдеше дека има докази за криминали на високи функционери. Дали тоа ќе биде крај на истрагата на Обвинителството?! Ја одигра ли Јовески улогата на медијатор, направи ли чекор по нарачка за да ги задоволи двете страни?! Што се кријат доказите на Рускоска? Зошто поита Јовески да го спречи она кое Рускоска го започна и за кое тврдеше дека има докази? Излегуваат разни тврдења, муабети, непотврдени информации. Се зборува и за докази за љубовни афери во финансовата полиција кои траат со години наназад и кои имаат влијание врз работењето и функционирањето на институцијата. Но да се надеваме дека прво ќе ги видиме доказите и имињата на инволвираните високи функционери, па потоа и за аферите. Кој е Арафат Муареми? 40-годишниот прв човек на Финансовата полиција прв пат беше назначен за в.д директор на оваа институција во 2017 година, а во 2018 година стана директор. На 15 февруари годинава му истече четиригодишниот мандат, и владата повторно го назначи за в.д директор со мандат од шест месеци, со можност за негово продолжување од уште шест месеци. Денеска поднесе оставка за да не влијаел на постапката која се води. Муареми го врзуваат многу афери. Беше објавена снимка пред избори на која директорот на Финансиската полиција се заканува со инспекции. Во јули годинава беше објавено дека против него е поднесена кривична пријава од граѓанин поради Злоупотреба на службената положба и овластувања, насилство и малтретирање во вршење на служба. Неофицијално, Муареми во јавноста се споменува како дел од случаи за кои се води постапка во Јавното обвинителство за организиран криминал за вршење притисок врз правни субјекти кои биле рекетирани и уценувани да исплатат „црни пари“, а за возврат институциите да не ги гонат за кривични и други дела сторени од нив. Архивата вади повеќе наслови поврзани со Муареми: „(Документи )Катиљ ферманот на Арафат Муареми – треба да дадеш 50.000 евра за директорот за да се смири ситуацијата!“ „Киднапирање, уцени, закани и рекет: Како оперирал Арафат Муареми?“ „Од 2017-та преку Еуростандард банка се пepeле пари?“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ujp-i-finansiskata-policija-rekeratski-duvla-obvinuva-vmro-dpmne/ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/istragata-treba-da-pokaze-dali-vo-finansiskata-policija-se-sproveduvale-fiktivni-istragi/

The post Дали Јовески ја суспендира Русковска поради доказите кои ги поседува за криминалот на Муареми кои водат до кримнали на високи владини функционери? appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Ова егзитов за Русковска у пакет иде со прославава за Рамковен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickovski-ova-egzitov-za-ruskovska-u-paket-ide-so-proslavava-za-ramkoven/ Tue, 16 Aug 2022 17:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=541038

Топ тема попладнево е суспензијата на обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска и оставката на директорот на Финансиската полиција, кадар на ДУИ, Арафат Муареми.

The post Мицковски: Ова егзитов за Русковска у пакет иде со прославава за Рамковен appeared first on Република.

]]>

Топ тема попладнево е суспензијата на обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска и оставката на директорот на Финансиската полиција, кадар на ДУИ, Арафат Муареми.

The post Мицковски: Ова егзитов за Русковска у пакет иде со прославава за Рамковен appeared first on Република.

]]>
Директорот на Финансиската полиција утре ќе поднесе кривична пријава против Рускоска, Трајчева и Јосифовска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-finansiskata-policija-utre-kje-podnese-krivichna-prijava-protiv-vilma-ruskovska/ Sun, 07 Aug 2022 17:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=537730

Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми се очекува утре до Обвинителството да ја поднесе кривичната пријава против обвинителите Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска од Обвинителството за гонење организиран криминал, поради како што вели, злоупотреба на службената положба и фалсификување службени исправи.

Според Финансиската полиција, обвинителите доставиле до судот лажни податоци за да добијат налог за претрес, со што е прекршен Законот за кривична постапка.

Обвинителката Вилма Русковска пред неколку дена се пожали на притисоци во нејзината работа, а за тоа побара помош од странските амбасади во земјава. Но, одговорот кој го доби од САД и ЕУ беше дека случајот мора да го решат надлежните органи во нашата земја.

Во меѓувреме, директорот на Финансиската полиција Муареми побара од обвинителката Русковска доколку има докази да поднесе пријава против него.

The post Директорот на Финансиската полиција утре ќе поднесе кривична пријава против Рускоска, Трајчева и Јосифовска appeared first on Република.

]]>

Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми се очекува утре до Обвинителството да ја поднесе кривичната пријава против обвинителите Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска од Обвинителството за гонење организиран криминал, поради како што вели, злоупотреба на службената положба и фалсификување службени исправи. Според Финансиската полиција, обвинителите доставиле до судот лажни податоци за да добијат налог за претрес, со што е прекршен Законот за кривична постапка. Обвинителката Вилма Русковска пред неколку дена се пожали на притисоци во нејзината работа, а за тоа побара помош од странските амбасади во земјава. Но, одговорот кој го доби од САД и ЕУ беше дека случајот мора да го решат надлежните органи во нашата земја. Во меѓувреме, директорот на Финансиската полиција Муареми побара од обвинителката Русковска доколку има докази да поднесе пријава против него.

The post Директорот на Финансиската полиција утре ќе поднесе кривична пријава против Рускоска, Трајчева и Јосифовска appeared first on Република.

]]>