вили берош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vili-berosh/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 17:48:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вили берош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vili-berosh/ 32 32 Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен да се брани од слобода https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshniot-hrvatski-minister-za-zdravstvo-pushten-da-se-brani-od-sloboda/ Mon, 25 Nov 2024 17:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=841666

Поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош, осомничен во аферата „Микроскопи“ поради набавка на прескапа медицинска опрема, денеска е пуштен од истражен затвор затоа што УСКОК ги сослуша сите сведоци поради кои Берош беше приведен во саботата на 16 ноември, ден по неговото апсење.

На насобраните новинари им порача дека „е невин и тоа ќе го докаже на суд“.

Не му се лутам на никого, им благодарам на институциите што си ја завршија работата. Тоа е мојата порака, изјави Берош.

На Хина во Жупанискиот суд во Загреб претходно и беше потврдено дека УСКОК ги известил дека се сослушани сите сведоци поврзани со Берош, а судијата на истрагата напишал решение врз основа на кое Берош е ослободен од Реметинац и понатаму за време на истрагата ќе се брани од слобода.

Поранешниот министер е ослободен откако претходно денеска во УСКОК бил сослушан последниот од седумте сведоци кои според обвинителството можеле да бидат под влијание на поранешниот министер за време на истрагата за корупција.

УСКОК во петокот соопшти дека Берош е уапсен, потоа и Канцеларијата на Европско јавно обвинителство (ЕППО) соопшти дека покренала истрага против Берош и уште седум лица.

За разлика од УСКОК, кој го сомничи Берош за трговија со влијание, а во чија истрага не се споменува ниту бегалецот Хрвоје Петрач, ниту двајца негови синови кои во меѓувреме се предадоа, ЕППО го обвинува Берош за примање мито.

The post Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен да се брани од слобода appeared first on Република.

]]>

Поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош, осомничен во аферата „Микроскопи“ поради набавка на прескапа медицинска опрема, денеска е пуштен од истражен затвор затоа што УСКОК ги сослуша сите сведоци поради кои Берош беше приведен во саботата на 16 ноември, ден по неговото апсење. На насобраните новинари им порача дека „е невин и тоа ќе го докаже на суд“.
Не му се лутам на никого, им благодарам на институциите што си ја завршија работата. Тоа е мојата порака, изјави Берош.
На Хина во Жупанискиот суд во Загреб претходно и беше потврдено дека УСКОК ги известил дека се сослушани сите сведоци поврзани со Берош, а судијата на истрагата напишал решение врз основа на кое Берош е ослободен од Реметинац и понатаму за време на истрагата ќе се брани од слобода. Поранешниот министер е ослободен откако претходно денеска во УСКОК бил сослушан последниот од седумте сведоци кои според обвинителството можеле да бидат под влијание на поранешниот министер за време на истрагата за корупција. УСКОК во петокот соопшти дека Берош е уапсен, потоа и Канцеларијата на Европско јавно обвинителство (ЕППО) соопшти дека покренала истрага против Берош и уште седум лица. За разлика од УСКОК, кој го сомничи Берош за трговија со влијание, а во чија истрага не се споменува ниту бегалецот Хрвоје Петрач, ниту двајца негови синови кои во меѓувреме се предадоа, ЕППО го обвинува Берош за примање мито.

The post Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен да се брани од слобода appeared first on Република.

]]>
Уапсен министерот за здравство на Хрватска Вили Берош https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapsen-ministerot-za-zdravstvo-na-hrvatska-vili-berosh/ Fri, 15 Nov 2024 09:04:19 +0000 https://republika.mk/?p=837981

Хрватските медиуми јавија утрово дека е уапсен министерот за здравство Вили Берош, по што премиерот Андреј Пленковиќ свикал средба со коалициските партнери.

Премиерот го разреши Вили Берош од министерската должност, и ја назначи д-р Ирена Хрстиќ за државен секретар која ќе раководи со Министерството за здравство до стапување на функцијата на новиот министер, јавија медиумите во Хрватска.

Состанокот на коалицијата е во 10 часот.

По 11 часот очекувајте медиумска конференција на премиерот, соопштуваат од Владата.

Во 13 часот прес конференција закажаа и од Државното обвинителство.

Еден од осомничените лекари е шефот на Клиниката за неврохирургија КБ Сестри на милосрдни проф. д-р. Крешимир Ротим.

Хина јави дека приведувањата се поради наводно набавка на дуални микроскопи за неврохирургија, што наводно биле преплатени, а меѓу уапсените е и Роти.

Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа и во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош.

На адресата на министерот за здравство Вили Берош, како што објави Јутарњи лист, дошле со наредби за претрес.

Според првичните информации, истражителите освен министерот, цел се и неколку лекари, меѓу кои и директори на болници.

Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) соопшти дека „приведувањата и спроведувањето на итните доказни дејствија се резултат на истрагите  што претходно ги спроведе УСКОК“.

Наведените дејствија се вршат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер, а за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела. По распитот на осомничените УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување по предметниот случај за што благовремено ќе ја информира јавноста“.

The post Уапсен министерот за здравство на Хрватска Вили Берош appeared first on Република.

]]>

Хрватските медиуми јавија утрово дека е уапсен министерот за здравство Вили Берош, по што премиерот Андреј Пленковиќ свикал средба со коалициските партнери. Премиерот го разреши Вили Берош од министерската должност, и ја назначи д-р Ирена Хрстиќ за државен секретар која ќе раководи со Министерството за здравство до стапување на функцијата на новиот министер, јавија медиумите во Хрватска. Состанокот на коалицијата е во 10 часот.
По 11 часот очекувајте медиумска конференција на премиерот, соопштуваат од Владата.
Во 13 часот прес конференција закажаа и од Државното обвинителство. Еден од осомничените лекари е шефот на Клиниката за неврохирургија КБ Сестри на милосрдни проф. д-р. Крешимир Ротим. Хина јави дека приведувањата се поради наводно набавка на дуални микроскопи за неврохирургија, што наводно биле преплатени, а меѓу уапсените е и Роти. Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа и во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош. На адресата на министерот за здравство Вили Берош, како што објави Јутарњи лист, дошле со наредби за претрес. Според првичните информации, истражителите освен министерот, цел се и неколку лекари, меѓу кои и директори на болници. Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) соопшти дека „приведувањата и спроведувањето на итните доказни дејствија се резултат на истрагите  што претходно ги спроведе УСКОК“.
Наведените дејствија се вршат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер, а за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела. По распитот на осомничените УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување по предметниот случај за што благовремено ќе ја информира јавноста“.

The post Уапсен министерот за здравство на Хрватска Вили Берош appeared first on Република.

]]>