вилата на тито Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vilata-na-tito/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Oct 2022 16:29:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вилата на тито Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vilata-na-tito/ 32 32 Македонија доби милиони долари од продажбата на вилата на Тито во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-dobi-milioni-dolari-od-prodazbata-na-vilata-na-tito-vo-njujork/ Sat, 08 Oct 2022 16:29:34 +0000 https://republika.mk/?p=558845

Македонија доби четири милиони долари од продажбата на заедничкиот имот на поранешна Југославија во Њујорк, а ќе се искористат за потребите на МНР за купување објект за нашата мисија во Њујорк, информира денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Една од најстарите њујоршки вили, поранешна резиденција на југословенската мисија во Обединетите нации, купена од Јосип Броз-Тито во 1946 година, на престижната Петта авенија на Менхетн, беше продадена за 50 милиони долари, од кои Македонија доби четири милиони.

Тие средства пред два дена легнаа на сметката на нашата мисија во Њујорк и во меѓувреме Владата на својата седница во вторникот, на предлог на МНР, донесе одлука со тие средства, односно во рамки на тие средства (бидејќи ќе одат во буџетот) да се купува објект за нашата мисија во Њујорк и со остатокот од средствата, во регионот. Така што, одиме кон искористување на средствата коишто доаѓаат од сукцесија директно за потребите на МНР – рече Османи.

Досега со сукцесијата МНР доби неколку објекти како што се резиденцијата во Париз која веќе е наша амбасада, потоа станови во Рим, Трст, дел од објектот во Њу Делхи и во Бразил, објект во Камбера, во Хараре и сите тие треба да бидат ставени во функција на нашата дипломатска мрежа.

Запрашан во однос на тоа до каде е процесот на сукцесија, Османи информира дека остануваат уште објекти на поранешна Југославија коишто треба да се поделат, меѓу кои се објекти во Романија, во Албанија, но и во други држави.

Тој процес продолжува и се разбира ние сме дел од петорката која што разговара за поделба на имотот, меѓутоа се разбира и на веќе добиените, како да ги ставиме во функција на дипломатија. Ќе се реновира објектот во Њу Делхи со цел да биде амбасада за да не плаќаме кирии. Истото се случува во Бразилија, во Атина… – рече министерот Османи.

The post Македонија доби милиони долари од продажбата на вилата на Тито во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Македонија доби четири милиони долари од продажбата на заедничкиот имот на поранешна Југославија во Њујорк, а ќе се искористат за потребите на МНР за купување објект за нашата мисија во Њујорк, информира денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи. Една од најстарите њујоршки вили, поранешна резиденција на југословенската мисија во Обединетите нации, купена од Јосип Броз-Тито во 1946 година, на престижната Петта авенија на Менхетн, беше продадена за 50 милиони долари, од кои Македонија доби четири милиони.
Тие средства пред два дена легнаа на сметката на нашата мисија во Њујорк и во меѓувреме Владата на својата седница во вторникот, на предлог на МНР, донесе одлука со тие средства, односно во рамки на тие средства (бидејќи ќе одат во буџетот) да се купува објект за нашата мисија во Њујорк и со остатокот од средствата, во регионот. Така што, одиме кон искористување на средствата коишто доаѓаат од сукцесија директно за потребите на МНР – рече Османи.
Досега со сукцесијата МНР доби неколку објекти како што се резиденцијата во Париз која веќе е наша амбасада, потоа станови во Рим, Трст, дел од објектот во Њу Делхи и во Бразил, објект во Камбера, во Хараре и сите тие треба да бидат ставени во функција на нашата дипломатска мрежа. Запрашан во однос на тоа до каде е процесот на сукцесија, Османи информира дека остануваат уште објекти на поранешна Југославија коишто треба да се поделат, меѓу кои се објекти во Романија, во Албанија, но и во други држави.