Викторија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktorija/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Mar 2024 15:23:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Викторија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktorija/ 32 32 Викторија од Måneskin доаѓа на промо забава на Д Фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/viktorija-od-maneskin-doaga-na-promo-zabava-na-d-festival/ Thu, 07 Mar 2024 15:47:53 +0000 https://republika.mk/?p=752339

Victoria од Måneskin ни пристигнува со спектакуларен DJ Set! , информираат од Д Фестивал.

Официјалната промо забава на Д Фестивал ја отвараме со басистката од супер популарниот бенд на новата генерација, Måneskin.
Со групата Måneskin го освоија срцето на публиката и станаа светска сензација освојувајќи ја Евровизија во 2021 година со песната ,,Zitti E Buoni‘‘.
Victoria за првата нејзина соло турнеја:
“You better come to my very first tour as a DJ. I really want to bring some noise and have a good time. Secure your assets and prepare to jump on your way to heaven. See you, I love you. Muah!”
Датум: 19.04.2024
Старт: 23:59
Локација: Станица 26
Првите 100 билети ги пуштаме во продажба денес по ПРОМО цена од 990 денари
Втора цена - 1200 // Трета цена - 1500
Линкот за влезници: https://mktickets.mk/event/victoria-dj-set/
Password Production x Станица 26

The post Викторија од Måneskin доаѓа на промо забава на Д Фестивал appeared first on Република.

]]>

Victoria од Måneskin ни пристигнува со спектакуларен DJ Set! , информираат од Д Фестивал.
Официјалната промо забава на Д Фестивал ја отвараме со басистката од супер популарниот бенд на новата генерација, Måneskin. Со групата Måneskin го освоија срцето на публиката и станаа светска сензација освојувајќи ја Евровизија во 2021 година со песната ,,Zitti E Buoni‘‘. Victoria за првата нејзина соло турнеја: “You better come to my very first tour as a DJ. I really want to bring some noise and have a good time. Secure your assets and prepare to jump on your way to heaven. See you, I love you. Muah!” Датум: 19.04.2024 Старт: 23:59 Локација: Станица 26 Првите 100 билети ги пуштаме во продажба денес по ПРОМО цена од 990 денари Втора цена - 1200 // Трета цена - 1500 Линкот за влезници: https://mktickets.mk/event/victoria-dj-set/ Password Production x Станица 26

The post Викторија од Måneskin доаѓа на промо забава на Д Фестивал appeared first on Република.

]]>
Неутешниот татко до судиите: За пет месеци Викторија ја убивте трипати! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/neuteshniot-tatko-do-sudiite-za-pet-meseci-viktorija-ja-ubivte-tripati/ Tue, 12 Jul 2022 14:31:22 +0000 https://republika.mk/?p=527606

Откако Апелација ја зголеми казната затвор за возачот кој ја прегази Викторија Николова кај „Сити мол“, за семејството на загинатата, таа е убиена по третпат.

Таткото Славе Николов вели дека тие бараат правда – но не наоѓаат, бараат утеха – но и таа не ја наоѓаат, ја бараат Викторија – и неа ја нема.

„Викторија во рок од 5 месеци убиена 3 пати, првпат прегазена од несовесен учесник во сообраќајот, двапати прегазена од недопирливото судство во Македонија. Колку тежи едно убиство, колку тежи еден човечки живот, колку се битни законските прописи, колку вам ви е важно дами и господа седнати во удобноста на вашата функција судија, која некогаш беше симбол на правдата, а денес симбол на неправдата!! Спречивте ли нови смртни случаи низ државата!? Спречивте ли нов случај Викторија!? Спречивте ли сообраќајно насилство!? Не, не и не“, посочува тој, објави А1Он.

Според него, сега се дозволува одново лудување по улиците.
„Со која совест и свест навечер легнувате, наутро станувате!? Со кое лице на работа одите!? Не сте дораснати да разберете и нема, да не гори на ваша кожа, тогаш ќе сфатите колку боли, колкава е загубата и тогаш ќе сфатите дека нема казна која ќе го врати вашето чедо, но и тогаш ќе разберете дека не се работи за казната, се работи за правдина. Овде ја нема, на другиот свет никој не ја избегнал!! За ситни кривични дела ги оставате по 3-4 години затвор, за крупни дела се спогодувате, за човечки живот око не ви трепнува, глас не затреперува, свест не преработува!!

Тој додава:

Моето семејство не сака судски патешествија, не сака предвреме напишани пресуди, сака да ја врати Викторија, но ја нема, затоа бараше правдина, во името на Викторија, но ја нема!!“. „На ваша кожа да е, живи луѓе ќе изедете, за чужда и чедото ќе си го продадете!

Ја убивте вие повеќе од убиецот!! Нема правда, нема правдина, нема држава, направивте безредие, наша Вики вреди како 100 украдени ќебапчиња, толку тежи вагата на правдата во Македонија!! Пуста да е таа ноќ, проклет да е тој пешачки, кога Вики беше жртва, кога Вики беше убиена!! И се се сврте, од жртва во најголемата тага, вие жртва од убиецот направивте!!

Зборовите на мојата сопруга “Ниедна мајка да не виде јас што доживев” уште ечат во нашиот дом, да не доживее ниедно семејство таков екот!

The post Неутешниот татко до судиите: За пет месеци Викторија ја убивте трипати! appeared first on Република.

]]>

Откако Апелација ја зголеми казната затвор за возачот кој ја прегази Викторија Николова кај „Сити мол“, за семејството на загинатата, таа е убиена по третпат. Таткото Славе Николов вели дека тие бараат правда – но не наоѓаат, бараат утеха – но и таа не ја наоѓаат, ја бараат Викторија – и неа ја нема.
„Викторија во рок од 5 месеци убиена 3 пати, првпат прегазена од несовесен учесник во сообраќајот, двапати прегазена од недопирливото судство во Македонија. Колку тежи едно убиство, колку тежи еден човечки живот, колку се битни законските прописи, колку вам ви е важно дами и господа седнати во удобноста на вашата функција судија, која некогаш беше симбол на правдата, а денес симбол на неправдата!! Спречивте ли нови смртни случаи низ државата!? Спречивте ли нов случај Викторија!? Спречивте ли сообраќајно насилство!? Не, не и не“, посочува тој, објави А1Он.
Според него, сега се дозволува одново лудување по улиците. „Со која совест и свест навечер легнувате, наутро станувате!? Со кое лице на работа одите!? Не сте дораснати да разберете и нема, да не гори на ваша кожа, тогаш ќе сфатите колку боли, колкава е загубата и тогаш ќе сфатите дека нема казна која ќе го врати вашето чедо, но и тогаш ќе разберете дека не се работи за казната, се работи за правдина. Овде ја нема, на другиот свет никој не ја избегнал!! За ситни кривични дела ги оставате по 3-4 години затвор, за крупни дела се спогодувате, за човечки живот око не ви трепнува, глас не затреперува, свест не преработува!! Тој додава:
Моето семејство не сака судски патешествија, не сака предвреме напишани пресуди, сака да ја врати Викторија, но ја нема, затоа бараше правдина, во името на Викторија, но ја нема!!“. „На ваша кожа да е, живи луѓе ќе изедете, за чужда и чедото ќе си го продадете! Ја убивте вие повеќе од убиецот!! Нема правда, нема правдина, нема држава, направивте безредие, наша Вики вреди како 100 украдени ќебапчиња, толку тежи вагата на правдата во Македонија!! Пуста да е таа ноќ, проклет да е тој пешачки, кога Вики беше жртва, кога Вики беше убиена!! И се се сврте, од жртва во најголемата тага, вие жртва од убиецот направивте!! Зборовите на мојата сопруга “Ниедна мајка да не виде јас што доживев” уште ечат во нашиот дом, да не доживее ниедно семејство таков екот!

The post Неутешниот татко до судиите: За пет месеци Викторија ја убивте трипати! appeared first on Република.

]]>
Момчето на загинатата Викторија организира собир утре кај „Сити мол“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/momcheto-na-zaginatata-viktorija-organizira-sobir-utre-kaj-siti-mol/ Sat, 29 Jan 2022 18:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=451300

Утре од 12 до 13 часот ќе се одржи собир по мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ на раскрсницата на булeварот Партизански одреди кај „Сити мол“ во Скопје. Ова следи по трагичната смрт на Викторија Николова која го изгуби животот во сообраќајна несреќа на 20 јануари годинава, на истата раскрсница. Собирот го организира момчето на Викторија, Леонид Даов, кој беше лесно повреден во истата сообраќајна несреќа.

Граѓаните ќе се соберат во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот кои се придржуваат до правилата. Според организаторот Даов, целта е да се стави крај на бeзобзирното возење по улиците и да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот.

Ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи, се наведува во најавата на Фејсбук.

The post Момчето на загинатата Викторија организира собир утре кај „Сити мол“ appeared first on Република.

]]>

Утре од 12 до 13 часот ќе се одржи собир по мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ на раскрсницата на булeварот Партизански одреди кај „Сити мол“ во Скопје. Ова следи по трагичната смрт на Викторија Николова која го изгуби животот во сообраќајна несреќа на 20 јануари годинава, на истата раскрсница. Собирот го организира момчето на Викторија, Леонид Даов, кој беше лесно повреден во истата сообраќајна несреќа. Граѓаните ќе се соберат во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот кои се придржуваат до правилата. Според организаторот Даов, целта е да се стави крај на бeзобзирното возење по улиците и да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот.
Ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи, се наведува во најавата на Фејсбук.

The post Момчето на загинатата Викторија организира собир утре кај „Сити мол“ appeared first on Република.

]]>
Шок и неверување во Конче и Радовиш по трагедијата: Викторија не е единствената која загинала на ваков начин на скопскиот асфалт https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shok-i-neveruvanje-vo-konche-i-radovish-po-tragedijata-viktorija-ne-e-edinstvenata-koja-zaginala-na-vakov-nachin-na-skopskiot-asfalt/ Fri, 21 Jan 2022 17:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=447869

Шок и револт денеска меѓу жителите на двете општини Конче и Радовиш каде живеело семејството на 24 – годишната Викторија Н., која синоќа почина на лице место, откако беше прегазена на пешачки премин кај Сити Мол во Скопје. Девојката била на шопинг во трговскиот центар со своето момче и друштвото. Кога тргнале да си одат, Викторија и нејзиното момче беа покосени од возилото тојота, со кое управувал 22-годишник од Скопје, објавува ММС.

Според информациите од сограѓаните на двајцата млади, целото друштво било на пешачкиот премин, но Викторија и нејзиното момче биле последни, кога врз нив налетало возилото. Неофицијално, возачот поминал на црвено.

Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на местото.

Семејството на Викторија потекнува од селото Дедино, Општина Конче и веќе десетина години живеело во Радовиш. Викторија била средната од трите сестри и неодамна дипломирала.

Во Општина Конче ја бројат третата жртва во изминатите десетина – петнаесетина години на скопскиот асфалт. На ист начин, на пешачки премин биле прегазени уште две млади девојки од оваа oпштина. Граѓаните се револтирани, особено што млади луѓе ги губат животите во скопскиот сообраќаен хаос, каде не се почитуваат ни правила ни ред. Очекуваат брз одговор од институциите.

Погребот на Викторија се одржа денеска во Радовиш.

The post Шок и неверување во Конче и Радовиш по трагедијата: Викторија не е единствената која загинала на ваков начин на скопскиот асфалт appeared first on Република.

]]>

Шок и револт денеска меѓу жителите на двете општини Конче и Радовиш каде живеело семејството на 24 – годишната Викторија Н., која синоќа почина на лице место, откако беше прегазена на пешачки премин кај Сити Мол во Скопје. Девојката била на шопинг во трговскиот центар со своето момче и друштвото. Кога тргнале да си одат, Викторија и нејзиното момче беа покосени од возилото тојота, со кое управувал 22-годишник од Скопје, објавува ММС. Според информациите од сограѓаните на двајцата млади, целото друштво било на пешачкиот премин, но Викторија и нејзиното момче биле последни, кога врз нив налетало возилото. Неофицијално, возачот поминал на црвено. Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на местото. Семејството на Викторија потекнува од селото Дедино, Општина Конче и веќе десетина години живеело во Радовиш. Викторија била средната од трите сестри и неодамна дипломирала. Во Општина Конче ја бројат третата жртва во изминатите десетина – петнаесетина години на скопскиот асфалт. На ист начин, на пешачки премин биле прегазени уште две млади девојки од оваа oпштина. Граѓаните се револтирани, особено што млади луѓе ги губат животите во скопскиот сообраќаен хаос, каде не се почитуваат ни правила ни ред. Очекуваат брз одговор од институциите. Погребот на Викторија се одржа денеска во Радовиш.

The post Шок и неверување во Конче и Радовиш по трагедијата: Викторија не е единствената која загинала на ваков начин на скопскиот асфалт appeared first on Република.

]]>