Викторија Аврамовска Мадиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktorija-avramovska-madikj/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 12:06:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Викторија Аврамовска Мадиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktorija-avramovska-madikj/ 32 32 Лефков: Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-avramovska-madik-koja-gi-osmisli-izmenite-vo-krivichniot-zakonik-za-amnestija-na-kriminaltsite-od-sds-i-dui-ne-mozhe-da-e-novo-litse-vo-sds/ Wed, 27 Nov 2024 12:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=842269

Викторија Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС. Поголем доказ дека СДС е управувана од 40 те потрчковци на Зоран Заев од ставањето на Аврамовска Мадиќ во раководството на неврохирургот на Заев, Филипче во СДС нема. Аврамовска Мадиќ е таа која како заменик министер за Правда ги осмислила и ги однела во влада измемите на Кривичниот законик за укинување на повеќе делови во делот на Злоупотреба на службената положба, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Аврамовска Мадиќ тогаш во одговор на новинарско прашање кажа:

„А што ве интересира точно вас? Кој ги напиша? Еве јас ќе ви кажам дека измените се подготвија во Влада од страна на трите коалициски партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците. Ние како министерство сме предлагач на законот, а ако ве интересира кој ги искуца измените – еве ќе ви кажам дактилографката од мојот кабинет по мој налог“.

Аврановска Мадиќ е горд извршител на Заев и негов потрчко.

Аврамовска Мадиќ е поставена во ЦО на СДС и понатаму да одработува за Заев и неговите луѓе.

Со потрчковците на Заев СДС не може да се помрдне од место, додава Лефков.

The post Лефков: Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС appeared first on Република.

]]>

Викторија Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС. Поголем доказ дека СДС е управувана од 40 те потрчковци на Зоран Заев од ставањето на Аврамовска Мадиќ во раководството на неврохирургот на Заев, Филипче во СДС нема. Аврамовска Мадиќ е таа која како заменик министер за Правда ги осмислила и ги однела во влада измемите на Кривичниот законик за укинување на повеќе делови во делот на Злоупотреба на службената положба, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Аврамовска Мадиќ тогаш во одговор на новинарско прашање кажа: „А што ве интересира точно вас? Кој ги напиша? Еве јас ќе ви кажам дека измените се подготвија во Влада од страна на трите коалициски партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците. Ние како министерство сме предлагач на законот, а ако ве интересира кој ги искуца измените – еве ќе ви кажам дактилографката од мојот кабинет по мој налог“. Аврановска Мадиќ е горд извршител на Заев и негов потрчко. Аврамовска Мадиќ е поставена во ЦО на СДС и понатаму да одработува за Заев и неговите луѓе. Со потрчковците на Заев СДС не може да се помрдне од место, додава Лефков.

The post Лефков: Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Новото лице на СДС, Аврамовска Мадиќ е специјалист за матни тендери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-novoto-litse-na-sds-avramovska-madik-e-spetsijalist-za-matni-tenderi/ Tue, 26 Nov 2024 11:48:56 +0000 https://republika.mk/?p=841882

Викторија Аврамовска Мадиќ не може да биде ново лице на СДС, таа е специјалист за матни тендери. Аврамовска Мадиќ, која неврохирургот на Заев, Филипче ја постави во ЦО, специјализираше на набавката на противпожарна скала од 1.7 милиони евра во време кога беше секретар во Град Скопје - изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

На денешната прес-конференција тој посочи дека тендерот за противпожарна скала го добила фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ, а Град Скопје од буџетот тоа го чинело 1.7 милиони евра, односно 900.000 евра повеќе отколку во Загреб, каде тамошната градска управа набавила исто таква скала.

И не е само скалата од 1.7 милиони евра. Фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ во време на СДС доби тендери од над 4 милиони евра и тоа најмногу од Министерството за одбрана, МЕПСО, АД ГА МА, Дирекцијата за заштита и спасување, Град Скопје и многу други институции. Во време додека Аврамовска Мадиќ била државен функционер, фирмата на нејзиниот зет нижела тендер по тендер.

Аврамовска Мадиќ никако не може да биде ново лице во СДС и во политиката, туку само потрчко на Заев и неговиот неврохирург Филипче - обвини Лефков.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Новото лице на СДС, Аврамовска Мадиќ е специјалист за матни тендери appeared first on Република.

]]>

Викторија Аврамовска Мадиќ не може да биде ново лице на СДС, таа е специјалист за матни тендери. Аврамовска Мадиќ, која неврохирургот на Заев, Филипче ја постави во ЦО, специјализираше на набавката на противпожарна скала од 1.7 милиони евра во време кога беше секретар во Град Скопје - изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. На денешната прес-конференција тој посочи дека тендерот за противпожарна скала го добила фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ, а Град Скопје од буџетот тоа го чинело 1.7 милиони евра, односно 900.000 евра повеќе отколку во Загреб, каде тамошната градска управа набавила исто таква скала. И не е само скалата од 1.7 милиони евра. Фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ во време на СДС доби тендери од над 4 милиони евра и тоа најмногу од Министерството за одбрана, МЕПСО, АД ГА МА, Дирекцијата за заштита и спасување, Град Скопје и многу други институции. Во време додека Аврамовска Мадиќ била државен функционер, фирмата на нејзиниот зет нижела тендер по тендер. Аврамовска Мадиќ никако не може да биде ново лице во СДС и во политиката, туку само потрчко на Заев и неговиот неврохирург Филипче - обвини Лефков.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Новото лице на СДС, Аврамовска Мадиќ е специјалист за матни тендери appeared first on Република.

]]>
Мадиќ: Имаме кредибилен, фер и демократски процес за избор на претседател на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/madik-imame-kredibilen-fer-i-demokratski-protses-za-izbor-na-pretsedatel-na-sdsm/ Sun, 30 Jun 2024 19:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=792223

По завршување на гласањето на вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ Централната изборна комисија со задоволство контатира дека процес за избор на претседател на СДСМ е кредибилен и демократски.

„Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера. Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, до 19.45 часот излезени се 12.608 членови или 54%.

Сите 77 избирачки места беа отворени и општинските изборни комисии го спроведоа согласно Правилниците донесени од ЦО и одредбите од Статутот на партијата.

Во општинската Студеничани е констатирано предвреме затворање на избирачкото место поради што Централната комисија одлучи да го поништи гласањето.

Вкупно акредитрани во оваа општина се 66 гласачи а во моментот на затворањето на ова гласачко место гласале 51 гласач.

Констатиран е прекин на гласањето во општина Гевгелија од 10 минути поради скршена избирачка кутија. Извршена е замена на кутија и гласањето е продолжено.

Прифатени се приговори во 6 општински организации, на 7 членови да им се овозможи гласање. Затоа што по проверка во системот се констатираше дека овие членови се акредитирале и се регистрирале во системот за активна регистрација.

Вкупно 44 членови од 9 различни општини доставија пријави до Централната изборна комисија да им биде овозможено да може да гласаат. Овие приговори се одбиени поради тоа што по проверка во системот се контстатираше дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација“ образложи Мадиќ.

Таа додаде дека по завршување на обработката на податоците Централната изборна комисија ќе ги соопшти и конечните резултати.

The post Мадиќ: Имаме кредибилен, фер и демократски процес за избор на претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>

По завршување на гласањето на вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ Централната изборна комисија со задоволство контатира дека процес за избор на претседател на СДСМ е кредибилен и демократски. „Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера. Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, до 19.45 часот излезени се 12.608 членови или 54%. Сите 77 избирачки места беа отворени и општинските изборни комисии го спроведоа согласно Правилниците донесени од ЦО и одредбите од Статутот на партијата. Во општинската Студеничани е констатирано предвреме затворање на избирачкото место поради што Централната комисија одлучи да го поништи гласањето. Вкупно акредитрани во оваа општина се 66 гласачи а во моментот на затворањето на ова гласачко место гласале 51 гласач. Констатиран е прекин на гласањето во општина Гевгелија од 10 минути поради скршена избирачка кутија. Извршена е замена на кутија и гласањето е продолжено. Прифатени се приговори во 6 општински организации, на 7 членови да им се овозможи гласање. Затоа што по проверка во системот се констатираше дека овие членови се акредитирале и се регистрирале во системот за активна регистрација. Вкупно 44 членови од 9 различни општини доставија пријави до Централната изборна комисија да им биде овозможено да може да гласаат. Овие приговори се одбиени поради тоа што по проверка во системот се контстатираше дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација“ образложи Мадиќ. Таа додаде дека по завршување на обработката на податоците Централната изборна комисија ќе ги соопшти и конечните резултати.

The post Мадиќ: Имаме кредибилен, фер и демократски процес за избор на претседател на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Измените на Кривичниот законик ги подготвувала заменичката во Правда од СДСМ, тврди министерот Лога https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izmenite-na-krivichniot-zakonik-gi-podgotuvala-zamenichkata-vo-pravda-od-sdsm-tvrdi-miniterot-loga/ Thu, 28 Sep 2023 14:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=686095

Министерот за правда, Кренар Лога е дециден дека измените на Кривичниот законик не ги поготвувала работната група составена од академици, обвинители, судии, туку дека ги подготвувала неговата заменичка Викторија Аврамовска Мадиќ.

Според Лога одговорноста е на пратениците кои ги изгласале овие измени, а тврди дека заменичката ги потпишала додека тој бил во странство.

За одговорот кој беше лиферуван во медиумите кој бил добиен по слободен пристап до информации од Министерството за правда, во којшт беше наведено дека работната група ги изготвила измените, Лога вели дека дал налог тоа веднаш да се коригира, а доколку не се коригира, најави пријава за лажно давање изјава.

Спорните измени на Кривичниот законик со којшто се ослободуваат голем број на функционери и застаруваат голем број на предмети беа потпишани токму од Мадиќ, па за сите прашања околу ова, Лога ја префрла одговорноста кај неа.

The post Измените на Кривичниот законик ги подготвувала заменичката во Правда од СДСМ, тврди министерот Лога appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда, Кренар Лога е дециден дека измените на Кривичниот законик не ги поготвувала работната група составена од академици, обвинители, судии, туку дека ги подготвувала неговата заменичка Викторија Аврамовска Мадиќ. Според Лога одговорноста е на пратениците кои ги изгласале овие измени, а тврди дека заменичката ги потпишала додека тој бил во странство.
За одговорот кој беше лиферуван во медиумите кој бил добиен по слободен пристап до информации од Министерството за правда, во којшт беше наведено дека работната група ги изготвила измените, Лога вели дека дал налог тоа веднаш да се коригира, а доколку не се коригира, најави пријава за лажно давање изјава. Спорните измени на Кривичниот законик со којшто се ослободуваат голем број на функционери и застаруваат голем број на предмети беа потпишани токму од Мадиќ, па за сите прашања околу ова, Лога ја префрла одговорноста кај неа.

The post Измените на Кривичниот законик ги подготвувала заменичката во Правда од СДСМ, тврди министерот Лога appeared first on Република.

]]>
Министерката се збунила: Мислела на Евреи, рекла Егејци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-se-zbunila-mislela-na-evrei-rekla-egejtsi/ Fri, 12 May 2023 11:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=640146

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ денеска на прес-конференција во Министерството за правда појави дека вчера направила ненамерна грешка, кога во интервјуто за ТВ 24 изјави дека во Уставот ќе бидат внесени и егејците, појаснувајќи дека мислела на Евреите. Таа им се извини на егејците за направената грешка.

- Стануваше збор за лапсус, стануваше збор за Евреите, им се извинувам на егејците, истакна Аврамовска Мадиќ, одговарајќи на новинарско прашање.

Таа вчера во гостувањето на ТВ 24 рече дека и егејците ќе влезат во Преамбулата на македонскиот Устав заедно со сите други народи кои ќе поднесат барање.

-Кога ќе го видат предлогот ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, егејците и сите оние кои ќе поднесат барање, изјави Аврамовска Мадиќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-znaat-kaj-teraat-za-vlasta-egejtsite-se-poseben-narod-i-ke-gi-stava-vo-ustavot/

https://republika.mk/vesti/makedonija/zdruzhenijata-na-makedontsite-od-grtsija-do-zamenik-ministerkata-za-pravda-nie-ne-sme-nikakvi-egejtsi-tuku-chisti-makedontsi/

The post Министерката се збунила: Мислела на Евреи, рекла Егејци appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ денеска на прес-конференција во Министерството за правда појави дека вчера направила ненамерна грешка, кога во интервјуто за ТВ 24 изјави дека во Уставот ќе бидат внесени и егејците, појаснувајќи дека мислела на Евреите. Таа им се извини на егејците за направената грешка.
- Стануваше збор за лапсус, стануваше збор за Евреите, им се извинувам на егејците, истакна Аврамовска Мадиќ, одговарајќи на новинарско прашање.
Таа вчера во гостувањето на ТВ 24 рече дека и егејците ќе влезат во Преамбулата на македонскиот Устав заедно со сите други народи кои ќе поднесат барање.
-Кога ќе го видат предлогот ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, егејците и сите оние кои ќе поднесат барање, изјави Аврамовска Мадиќ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-znaat-kaj-teraat-za-vlasta-egejtsite-se-poseben-narod-i-ke-gi-stava-vo-ustavot/ https://republika.mk/vesti/makedonija/zdruzhenijata-na-makedontsite-od-grtsija-do-zamenik-ministerkata-za-pravda-nie-ne-sme-nikakvi-egejtsi-tuku-chisti-makedontsi/

The post Министерката се збунила: Мислела на Евреи, рекла Егејци appeared first on Република.

]]>
Здруженијата на Македонците од Грција до заменик министерката за правда: Ние не сме никакви Егејци туку чисти Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdruzhenijata-na-makedontsite-od-grtsija-do-zamenik-ministerkata-za-pravda-nie-ne-sme-nikakvi-egejtsi-tuku-chisti-makedontsi/ Fri, 12 May 2023 11:32:20 +0000 https://republika.mk/?p=640109

Здруженијата на Македонците со потекло од Грција реагираат на најавата на заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ   дека и т.н Егејци ќе влезат во Преамбулата во Уставот. Тие велат дека не со нив нив никој не разговарал на оваа тема но нема и што да разговара бидејќи се знае дека тие не се никакви Егејци туку чисти Македонци.

Не може да има разлика. Ние сме Македонци и ништо друго. Не постојат други Македонци, Македонци. Ние сме Македонци и Македонци ќе останеме.Не може да се прави посебна нација Егејци, Вардарци, еден народ сме. Тоа значи дека Гоце Делчев бил Егејски Македонец а не Бугарин-вели за „Република“ Ташко Јованов oд Здружението на Македонци со потекло од Грција.

Јованов нагласува дека здруженијата имаат единствен став по ова прашање и никој не дал согласност  и дозвола да разговара во нивно име со заменик министерката за правда.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-znaat-kaj-teraat-za-vlasta-egejtsite-se-poseben-narod-i-ke-gi-stava-vo-ustavot/

The post Здруженијата на Македонците од Грција до заменик министерката за правда: Ние не сме никакви Егејци туку чисти Македонци appeared first on Република.

]]>

Здруженијата на Македонците со потекло од Грција реагираат на најавата на заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ   дека и т.н Егејци ќе влезат во Преамбулата во Уставот. Тие велат дека не со нив нив никој не разговарал на оваа тема но нема и што да разговара бидејќи се знае дека тие не се никакви Егејци туку чисти Македонци.
Не може да има разлика. Ние сме Македонци и ништо друго. Не постојат други Македонци, Македонци. Ние сме Македонци и Македонци ќе останеме.Не може да се прави посебна нација Егејци, Вардарци, еден народ сме. Тоа значи дека Гоце Делчев бил Егејски Македонец а не Бугарин-вели за „Република“ Ташко Јованов oд Здружението на Македонци со потекло од Грција.
Јованов нагласува дека здруженијата имаат единствен став по ова прашање и никој не дал согласност  и дозвола да разговара во нивно име со заменик министерката за правда. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-znaat-kaj-teraat-za-vlasta-egejtsite-se-poseben-narod-i-ke-gi-stava-vo-ustavot/  

The post Здруженијата на Македонците од Грција до заменик министерката за правда: Ние не сме никакви Егејци туку чисти Македонци appeared first on Република.

]]>
Заменик министерката за правда оптимист дека уставните измени ќе бидат спремни до јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zamenik-ministerkata-za-pravda-optimist-deka-ustavnite-izmeni-ke-bidat-spremni-do-juni/ Thu, 11 May 2023 20:50:48 +0000 https://republika.mk/?p=639928

Заменик министерката за првада Викторија Аврамовска Мадиќ изјави дека очекува работната група за измени на Уставот да ја заврши работата и да достави предлог до крајот на јуни.

Во вечерашното гостување на ТВ 24, таа истакна дека земјава го почна патот кон ЕУ, но за да продолжи понатаму неопходно е да бидат направени уставните измени, како што е договорено со преговарачката рамка и скринингот.

- Само уставните измени се патот кон ЕУ. Работната група е формирана од експерти и претставници на политички партии, Министерството за правда ја формираше за да го изготви нацрт предлогот и иницијатива за отварање на Уставот. Нашата препорака е работната група да го изработи тоа што поскоро. За еден месец треба да се излезе со тој предлог и верувам дека работната група од 23 членови ќе го изготват сето тоа до крајот на јуни,  рече Аврамовска Мадиќ

The post Заменик министерката за правда оптимист дека уставните измени ќе бидат спремни до јуни appeared first on Република.

]]>

Заменик министерката за првада Викторија Аврамовска Мадиќ изјави дека очекува работната група за измени на Уставот да ја заврши работата и да достави предлог до крајот на јуни. Во вечерашното гостување на ТВ 24, таа истакна дека земјава го почна патот кон ЕУ, но за да продолжи понатаму неопходно е да бидат направени уставните измени, како што е договорено со преговарачката рамка и скринингот.
- Само уставните измени се патот кон ЕУ. Работната група е формирана од експерти и претставници на политички партии, Министерството за правда ја формираше за да го изготви нацрт предлогот и иницијатива за отварање на Уставот. Нашата препорака е работната група да го изработи тоа што поскоро. За еден месец треба да се излезе со тој предлог и верувам дека работната група од 23 членови ќе го изготват сето тоа до крајот на јуни,  рече Аврамовска Мадиќ

The post Заменик министерката за правда оптимист дека уставните измени ќе бидат спремни до јуни appeared first on Република.

]]>
Аврамовска – Мадиќ верува дека сите 120 пратеници ќе гласаат Бугарите да влезат во Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avramovska-madik-veruva-deka-site-120-pratenitsi-ke-glasaat-za-bugarite-da-vlezat-vo-ustavot/ Wed, 29 Mar 2023 19:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=625241

Приоритет за ЕУ се реформите, но патот кон ЕУ ќе се отвори само со уставните измени, рече заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во гостувањето во Телма телевизија. Таа рече дека веќе нема простор за калкулации и веднаш треба да се формира работната група за уставните амандмани.

Влада носи државнички одлуки, а прифатениот француски предлог е преточен во преговарачката рамка, која не може да се менува. Верувам дека разумот ќе постои кај сите 120 пратеници. Верувам дека ќе се одважат кога ќе дојдат нацрт-амандманите во законодавниот дом, рече Аврамовска Мадиќ.

Работната група за измени на Уставот треба да биде формирана до крајот на следната недела. Приоритет на оваа работна група ќе биде внесувањето на Бугарите и другите заедници во Уставот, но има простор и за дебата за прашањата кои постојано се појавуваат секогаш кога има најави за измена на Уставот, рече вечерва во Топ тема заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска - Мадиќ.

Таа рече дека веќе се разговара со еминентни професори по уставно право во консултација и координација со Министерството за правда, Владата и претседателот на државата.

Тоа се познати експерти кои во држававва веќе придонеле во измена на Уставот, учествувале веќе во такви работни групи и кои најдобро знаат што е она сега најдобро за Македонија. Во моментов единствен фокус и цел на оваа работна група ќе биде Преамбулата и внесувањето на Бугарите и останатите заедници, рече Аврамовска - Мандиќ, свесна дека секогаш кога се отвора Уставот, почнуваат да се отвараат и „други одредени теми“. Таа ги повика граѓаните да имаат верба во овој процес.

Во моментов се носи една државничка одлука. Никаква штета нема да се нарпави со внесување не само на Бугарите, Црногорците, Хрватите и другите заедници. Мора да напоменам дека кога пристапуваме кон уставни измени правиме компаративни анализи. Еве го Уставот на Хрватска и во него се и Македонците. Дали Хрватска има штета што ги внела Македонците во Уставот, праша Аврамовска - Мадиќ.

The post Аврамовска – Мадиќ верува дека сите 120 пратеници ќе гласаат Бугарите да влезат во Уставот appeared first on Република.

]]>

Приоритет за ЕУ се реформите, но патот кон ЕУ ќе се отвори само со уставните измени, рече заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во гостувањето во Телма телевизија. Таа рече дека веќе нема простор за калкулации и веднаш треба да се формира работната група за уставните амандмани.
Влада носи државнички одлуки, а прифатениот француски предлог е преточен во преговарачката рамка, која не може да се менува. Верувам дека разумот ќе постои кај сите 120 пратеници. Верувам дека ќе се одважат кога ќе дојдат нацрт-амандманите во законодавниот дом, рече Аврамовска Мадиќ.
Работната група за измени на Уставот треба да биде формирана до крајот на следната недела. Приоритет на оваа работна група ќе биде внесувањето на Бугарите и другите заедници во Уставот, но има простор и за дебата за прашањата кои постојано се појавуваат секогаш кога има најави за измена на Уставот, рече вечерва во Топ тема заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска - Мадиќ. Таа рече дека веќе се разговара со еминентни професори по уставно право во консултација и координација со Министерството за правда, Владата и претседателот на државата.
Тоа се познати експерти кои во држававва веќе придонеле во измена на Уставот, учествувале веќе во такви работни групи и кои најдобро знаат што е она сега најдобро за Македонија. Во моментов единствен фокус и цел на оваа работна група ќе биде Преамбулата и внесувањето на Бугарите и останатите заедници, рече Аврамовска - Мандиќ, свесна дека секогаш кога се отвора Уставот, почнуваат да се отвараат и „други одредени теми“. Таа ги повика граѓаните да имаат верба во овој процес. Во моментов се носи една државничка одлука. Никаква штета нема да се нарпави со внесување не само на Бугарите, Црногорците, Хрватите и другите заедници. Мора да напоменам дека кога пристапуваме кон уставни измени правиме компаративни анализи. Еве го Уставот на Хрватска и во него се и Македонците. Дали Хрватска има штета што ги внела Македонците во Уставот, праша Аврамовска - Мадиќ.

The post Аврамовска – Мадиќ верува дека сите 120 пратеници ќе гласаат Бугарите да влезат во Уставот appeared first on Република.

]]>
Заменик-министерката за правда сè уште не се заинтересирала за документите на Барлет Џафери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zamenik-ministerkata-za-pravda-se-ushte-ne-se-zainteresirala-za-dokumentite-na-barlet-dhaferi/ Wed, 29 Mar 2023 18:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=625233

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска - Мадиќ не знае зошто на синот на Талат Џафери, Барлет Џафери, му било дозволено да се запише на Академијата за судии и јавни обвинители, иако немал диплома. Во гостувањето во Топ тема на Телма таа рече дека не ги погледнала документите и одби да коментира, но потсети дека Уставот на РМ на секој граѓанин му дава подеднакво право на образование и работа.

Аврамовска - Мадиќ ја доведе во прашање и точноста на состојбата што ја утврди Антикорупциската комисија, дека младиот Џафери положил правосуден испит пред да се стекне со диплома со соодветен степен на образование.

Јас не можам да дискутирам за документи кои не сум ги погледнала, прашањето ќе го адресирате до министерот кој потпишал да полага предвреме правосуден, доколку полагал предвреме правосуден испит, нагласи таа.

Академијата за судии и јавни обвинители денеска во Врховниот суд свечено им ги додели дипломите на синовите, ќерките, сопругите на поранешни и сегашни политичари, обвинители и судии кои го положија завршниот испит.

Најзвучни меѓу новите обвинители се имињата на Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието Талат Џафери; сопругата на првиот човек на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам АбазиАлбулена Абази. Снаата на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова исто така ќе биде јавна обвинителка.

Сопругата на градоначалникот на Аеродром Симона Муцунска Бубевска ќе биде судијка, а колешка ќе ѝ биде Биљана Смаќоска, ќерка на обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Гордана Смаќоска. Драган Јосифоски, син на обвинителката Елизабета Јосифоска исто така ќе биде судија.

The post Заменик-министерката за правда сè уште не се заинтересирала за документите на Барлет Џафери appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска - Мадиќ не знае зошто на синот на Талат Џафери, Барлет Џафери, му било дозволено да се запише на Академијата за судии и јавни обвинители, иако немал диплома. Во гостувањето во Топ тема на Телма таа рече дека не ги погледнала документите и одби да коментира, но потсети дека Уставот на РМ на секој граѓанин му дава подеднакво право на образование и работа. Аврамовска - Мадиќ ја доведе во прашање и точноста на состојбата што ја утврди Антикорупциската комисија, дека младиот Џафери положил правосуден испит пред да се стекне со диплома со соодветен степен на образование.
Јас не можам да дискутирам за документи кои не сум ги погледнала, прашањето ќе го адресирате до министерот кој потпишал да полага предвреме правосуден, доколку полагал предвреме правосуден испит, нагласи таа.
Академијата за судии и јавни обвинители денеска во Врховниот суд свечено им ги додели дипломите на синовите, ќерките, сопругите на поранешни и сегашни политичари, обвинители и судии кои го положија завршниот испит. Најзвучни меѓу новите обвинители се имињата на Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието Талат Џафери; сопругата на првиот човек на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам АбазиАлбулена Абази. Снаата на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова исто така ќе биде јавна обвинителка. Сопругата на градоначалникот на Аеродром Симона Муцунска Бубевска ќе биде судијка, а колешка ќе ѝ биде Биљана Смаќоска, ќерка на обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Гордана Смаќоска. Драган Јосифоски, син на обвинителката Елизабета Јосифоска исто така ќе биде судија.

The post Заменик-министерката за правда сè уште не се заинтересирала за документите на Барлет Џафери appeared first on Република.

]]>
Нухиу ѝ ја предаде функцијата заменик-министер за правда на Викторија Аврамовска Мадиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nuhiu-ja-predade-funktsijata-zamenik-minister-za-pravda-na-viktorija-avramovska-madik/ Fri, 03 Mar 2023 09:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=615430

Во Министерството за правда денеска се изврши примопредавање на функцијата заменик министер за правда меѓу досегашниот Агим Нухиу и новоименуваната Викторија Аврамовска Мадиќ.

Како што информираат од Министерството за правда, Нухиу и честиташе на Мадиќ за назначувањето на оваа одговорна функција посакувајќи и успешна работа. 

-Викторија Аврамовска Мадиќ му се заблагодари на Агим Нухиу за неговиот досегашен придонес и му посака успех во идните предизвици. Фокусот на Министерството за правда и натаму ќе биде насочен кон реформите во правосудството, скринингот,подобрување на условите во затворите, реализација на целите, приоритетите и закондавната агенда, се наведува во соопштението од Министерството за правда. 

The post Нухиу ѝ ја предаде функцијата заменик-министер за правда на Викторија Аврамовска Мадиќ appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за правда денеска се изврши примопредавање на функцијата заменик министер за правда меѓу досегашниот Агим Нухиу и новоименуваната Викторија Аврамовска Мадиќ. Како што информираат од Министерството за правда, Нухиу и честиташе на Мадиќ за назначувањето на оваа одговорна функција посакувајќи и успешна работа.  -Викторија Аврамовска Мадиќ му се заблагодари на Агим Нухиу за неговиот досегашен придонес и му посака успех во идните предизвици. Фокусот на Министерството за правда и натаму ќе биде насочен кон реформите во правосудството, скринингот,подобрување на условите во затворите, реализација на целите, приоритетите и закондавната агенда, се наведува во соопштението од Министерството за правда. 

The post Нухиу ѝ ја предаде функцијата заменик-министер за правда на Викторија Аврамовска Мадиќ appeared first on Република.

]]>
Мадиќ, Салиу, Васиљ пред суд ќе објаснуваат зошто порталот на градот платен 75.000 евра никогаш не проработел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/madikj-saliu-vasilj-pred-sud-kje-objasnuvaat-zoshto-portalot-na-gradot-platen-75-000-evra-nikogash-ne-prorabotel/ Wed, 23 Feb 2022 11:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=462403

Претходното раководство на Градот Скопје платило енормна сума над 75.000 евра за изработка на Официјален веб портал на Град Скопје кој никогаш не профункционирал во целост, односно Градот платил поголема сума од реалната за ваков тип на услуга која не била реализирана како што било предвидено.

Град Скопје поднесува кривична пријава до Основното јавно обвинителство за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата за поранешни и сегашни вработени во град Скопје, и тоа против поранешниот генерален секретар на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешниот помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалник Ваљон Салиху, раководителот на одделението за ИКТ инфраструктура Никола Трајковски, како и вишиот соработник во одделение за координација на активности на градоначалник Влатко Васиљ, рече Даниел Аврамовски на прес-конференција.

Аврамовски објасни дека Викторија Аврамовска Мадиќ од Скопје во својство на Секретар на Град Скопје, искористувајќи ја својата службена положба и овластување во периодот од 2018 до 2020 година, потврдила дека во целост е реализиран договор за Изработка на Официјален портал на Град Скопје со миграција на постоечките податоци и Дигитална платформа за интерконекција и управување со веб содржини и постапувајќи несовесно во вршење на своите овластувања и должности, потврдила дека е извршено предавање на платформа  и прилагодување на порталот кои активности се предмет на реализација на склучен договор иако знаела дека не е испорачанo IBM ESB.

Исто така не е извршена целосна миграција на податоци од постојната веб страна на Град Скопје и не е предаден порталот за што останатите пријавени со свои потписи потврдиле дека се извршени и предадени поединечните фази од наведениот проект, иако знаеле дека истите не се испорачани и иако им било познато дека договорот не е во целост реализиран.

Пријавените Никола Трајковски, Ваљон Салиху и Викторија Аврамовска Мадиќ искористувајќи ја својата службена положба сепак потпишале и одобриле исплата на вкупната вредност на договорот во износ од енормни 4,717,640 денари или над 75.000 евра за услуга која не е целосно извршена и испорачана на Град Скопје согласно договорот, на кој начин пријавените прибавиле имотна корист за друг и нанеле штета на буџетот на Град Скопје.

The post Мадиќ, Салиу, Васиљ пред суд ќе објаснуваат зошто порталот на градот платен 75.000 евра никогаш не проработел appeared first on Република.

]]>

Претходното раководство на Градот Скопје платило енормна сума над 75.000 евра за изработка на Официјален веб портал на Град Скопје кој никогаш не профункционирал во целост, односно Градот платил поголема сума од реалната за ваков тип на услуга која не била реализирана како што било предвидено.
Град Скопје поднесува кривична пријава до Основното јавно обвинителство за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата за поранешни и сегашни вработени во град Скопје, и тоа против поранешниот генерален секретар на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешниот помошник раководител на сектор за поддршка на градоначалник Ваљон Салиху, раководителот на одделението за ИКТ инфраструктура Никола Трајковски, како и вишиот соработник во одделение за координација на активности на градоначалник Влатко Васиљ, рече Даниел Аврамовски на прес-конференција.
Аврамовски објасни дека Викторија Аврамовска Мадиќ од Скопје во својство на Секретар на Град Скопје, искористувајќи ја својата службена положба и овластување во периодот од 2018 до 2020 година, потврдила дека во целост е реализиран договор за Изработка на Официјален портал на Град Скопје со миграција на постоечките податоци и Дигитална платформа за интерконекција и управување со веб содржини и постапувајќи несовесно во вршење на своите овластувања и должности, потврдила дека е извршено предавање на платформа  и прилагодување на порталот кои активности се предмет на реализација на склучен договор иако знаела дека не е испорачанo IBM ESB. Исто така не е извршена целосна миграција на податоци од постојната веб страна на Град Скопје и не е предаден порталот за што останатите пријавени со свои потписи потврдиле дека се извршени и предадени поединечните фази од наведениот проект, иако знаеле дека истите не се испорачани и иако им било познато дека договорот не е во целост реализиран.