Викторија Ангеловска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktorija-angelovska/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Jun 2023 11:01:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Викторија Ангеловска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktorija-angelovska/ 32 32 Младите македонски поети Андреј Ал – Асади и Викторија Ангеловска на книжевна размена и фестивал во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mladite-makedonski-poeti-andrej-al-asadi-i-viktorija-angelovska-na-knizhevna-razmena-i-festival-vo-zagreb/ Wed, 28 Jun 2023 11:01:24 +0000 https://republika.mk/?p=655992

Андреј Ал-Асади и Викторија Ангеловска од 28 јуни до 1 јули ќе гостуваат во Загреб, Хрватска, како дел од потпишаната соработка на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Хрватско друштво писаца (ХДП) од Загреб. Гостувањето ќе го започнат денеска со поетско читање во Библиотеката „Марија Јуриќ Загорка“. Настанот ќе го модерира Иван Херцег, а превод од македонски ќе обезбеди Борислав Павловски.

Младите поети, како што информираат од ПНВ Публикации, ќе учествуваат и на дванаесеттото издание на престижниот поетски фестивал „Стих у регији“ (СУР) што се одржува во Загреб, организиран од Хрватско друштво писаца. Покрај споменатите, на СУР ќе настапат и Владимир Мартиновски и Никола Маџиров, како и поети од Хрватска, од Италија, Украина, Словенија и Србија. Во рамки на фестивалот ќе биде промовирана и антологија на современата македонска поезија „Пронаѓена ријеч“, во избор и препев на Борислав Павловски, издание на ХДП.

Андреј Ал-Асади е автор на стихозбирките “Midnight Blues”, „Под дервишовото сиќе“ (2018, „Небесна геометрија“ и „Секој секому огледало“ со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 г. Ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот). Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, меѓу кои: Поетска ноќ во Велестово, Струшките вечери на поезијата и Светскиот поетски фестивал во Патрас, Грција. Негови песни се преведени на англиски, на арапски, на српски, на хрватски, на грчки и на италијански јазик.

Викторија Ангеловска е авторка на стихозбирките „Станица 15“ и „Ноќта сѐ знае“. Гостувањето на Ангеловска го овозможи Општина Илинден, а програмата во Загреб е под покровителство на Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска и Градот Загреб.

Оваа книжевна размена, како што е наведено е првата од низата настани со потпишаната меѓународна билатерална соработка меѓу издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Хрватско друштво писаца од Загреб, Хрватска.

 

The post Младите македонски поети Андреј Ал – Асади и Викторија Ангеловска на книжевна размена и фестивал во Загреб appeared first on Република.

]]>

Андреј Ал-Асади и Викторија Ангеловска од 28 јуни до 1 јули ќе гостуваат во Загреб, Хрватска, како дел од потпишаната соработка на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Хрватско друштво писаца (ХДП) од Загреб. Гостувањето ќе го започнат денеска со поетско читање во Библиотеката „Марија Јуриќ Загорка“. Настанот ќе го модерира Иван Херцег, а превод од македонски ќе обезбеди Борислав Павловски. Младите поети, како што информираат од ПНВ Публикации, ќе учествуваат и на дванаесеттото издание на престижниот поетски фестивал „Стих у регији“ (СУР) што се одржува во Загреб, организиран од Хрватско друштво писаца. Покрај споменатите, на СУР ќе настапат и Владимир Мартиновски и Никола Маџиров, како и поети од Хрватска, од Италија, Украина, Словенија и Србија. Во рамки на фестивалот ќе биде промовирана и антологија на современата македонска поезија „Пронаѓена ријеч“, во избор и препев на Борислав Павловски, издание на ХДП. Андреј Ал-Асади е автор на стихозбирките “Midnight Blues”, „Под дервишовото сиќе“ (2018, „Небесна геометрија“ и „Секој секому огледало“ со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 г. Ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од „Темплум“, и „Утрото на бессоните“ (2021, Бегемот). Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, меѓу кои: Поетска ноќ во Велестово, Струшките вечери на поезијата и Светскиот поетски фестивал во Патрас, Грција. Негови песни се преведени на англиски, на арапски, на српски, на хрватски, на грчки и на италијански јазик. Викторија Ангеловска е авторка на стихозбирките „Станица 15“ и „Ноќта сѐ знае“. Гостувањето на Ангеловска го овозможи Општина Илинден, а програмата во Загреб е под покровителство на Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска и Градот Загреб. Оваа книжевна размена, како што е наведено е првата од низата настани со потпишаната меѓународна билатерална соработка меѓу издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје и Хрватско друштво писаца од Загреб, Хрватска.  

The post Младите македонски поети Андреј Ал – Асади и Викторија Ангеловска на книжевна размена и фестивал во Загреб appeared first on Република.

]]>