виктор панчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktor-panchevski/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 12:24:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png виктор панчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktor-panchevski/ 32 32 Новиот директор на Арсовска, бесправно и на сила, ги тера вработените во Водовод да прават анкети низ градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/noviot-direktor-na-arsovska-bespravno-i-na-sila-gi-tera-vrabotenite-vo-vodovod-da-pravat-anketi-niz-gradot/ Fri, 15 Mar 2024 12:24:00 +0000 https://republika.mk/?p=755121

Виктор Панчевски, новиот директор на Данела Арсовска, наредил вработените во ЈП Водовод и канализација – Скопје, да прават анкети, на повеќе локации низ Скопје, секој вторник и четврток, од 07:30 до 15:30 часот.

Оваа акција не само што се коси со повеќе закони и кодекси, туку е класично искористување на администрацијата, за политички цели и кампањи, посебно во предизборието, во кое се наоѓа државата.

Во описот на работните места на овие вработени никаде не стои правење на анкети, а камоли истите да се спроведуваат надвор од работните места, во текот на работното време.

Ова е во спротивност со Законот за работни односи, законот за административни службеници, законот за заштита од вознемирување на работното место, како и кодексот за административни службеници.

По поплаките на вработените и укажувањата дека оваа акција бесправно се спроведува и дека ќе има тужби, Панчевски известил дека акцијата е доброволна но и понатаму правел притисоци, според кажувањето на вработените, се дерел кон нив, ги омаловажувал и им се заканил дека ако не се вклучат во акцијата, ќе има реперкусии. Исто така им било посочено, ако случајно земат денови од одмор или боледување, повторно ќе има последици.

Реагирале исто така и двата синдикати, во кои се членови вработените, со цел да ги заштитат, но до денеска, акцијата официјално и понатаму се спроведува.

Вработените се исплашени за своите работни места, ако не го послушаат директорот и се во незавидна позиција, но исто така ова се одразува и на стабилното работење на претријатието, кое е одговорно пред граѓаните на Скопје, да имаат чиста и исправна вода за пиење.

The post Новиот директор на Арсовска, бесправно и на сила, ги тера вработените во Водовод да прават анкети низ градот appeared first on Република.

]]>

Виктор Панчевски, новиот директор на Данела Арсовска, наредил вработените во ЈП Водовод и канализација – Скопје, да прават анкети, на повеќе локации низ Скопје, секој вторник и четврток, од 07:30 до 15:30 часот. Оваа акција не само што се коси со повеќе закони и кодекси, туку е класично искористување на администрацијата, за политички цели и кампањи, посебно во предизборието, во кое се наоѓа државата. Во описот на работните места на овие вработени никаде не стои правење на анкети, а камоли истите да се спроведуваат надвор од работните места, во текот на работното време. Ова е во спротивност со Законот за работни односи, законот за административни службеници, законот за заштита од вознемирување на работното место, како и кодексот за административни службеници. По поплаките на вработените и укажувањата дека оваа акција бесправно се спроведува и дека ќе има тужби, Панчевски известил дека акцијата е доброволна но и понатаму правел притисоци, според кажувањето на вработените, се дерел кон нив, ги омаловажувал и им се заканил дека ако не се вклучат во акцијата, ќе има реперкусии. Исто така им било посочено, ако случајно земат денови од одмор или боледување, повторно ќе има последици. Реагирале исто така и двата синдикати, во кои се членови вработените, со цел да ги заштитат, но до денеска, акцијата официјално и понатаму се спроведува. Вработените се исплашени за своите работни места, ако не го послушаат директорот и се во незавидна позиција, но исто така ова се одразува и на стабилното работење на претријатието, кое е одговорно пред граѓаните на Скопје, да имаат чиста и исправна вода за пиење.

The post Новиот директор на Арсовска, бесправно и на сила, ги тера вработените во Водовод да прават анкети низ градот appeared first on Република.

]]>
Данела Арсовска смени уште еден директор во Водовод https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/danela-arsovska-smeni-ushte-eden-direktor-vo-vodovod/ Tue, 06 Feb 2024 07:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=740805

Град Скопје информира дека на местото нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ е назначен Виктор Панчевски.

Оттаму посочуваат дека Панчевски доаѓа на позицијата како „професионалец од јавното претпријатие „Паркови и зеленила“ и значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие“.

Во наредниот период ЈП Водовод и Канализација, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието, наведуваат од Град Скопје.

The post Данела Арсовска смени уште еден директор во Водовод appeared first on Република.

]]>

Град Скопје информира дека на местото нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ е назначен Виктор Панчевски. Оттаму посочуваат дека Панчевски доаѓа на позицијата како „професионалец од јавното претпријатие „Паркови и зеленила“ и значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие“.
Во наредниот период ЈП Водовод и Канализација, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието, наведуваат од Град Скопје.

The post Данела Арсовска смени уште еден директор во Водовод appeared first on Република.

]]>