Виктор Мизрахи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktor-mizrahi/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Sep 2022 14:37:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Виктор Мизрахи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktor-mizrahi/ 32 32 „Не праќајте ги Евреите во гасните комори по втор пат“: Отвореното писмо на Виктор Мизрахи објавено на Илинден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-prakjajte-gi-evreite-vo-gasnite-komori-po-vtor-pat-otvorenoto-pismo-na-viktor-mizrahi-objaveno-na-ilinden/ Thu, 01 Sep 2022 14:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=546489

Денеска по кусо боледување почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и поранешен почесен конзул на државата Израел.

Голем Македонски патриот и Еврејски лидер во чии мандат на претседателствување со Еврејската заедница се отвори синагога Беит Јаков во Скопје, финансиски се осамостои Еврејската заедница и се реализираше Фондот на холокаустот на евреите од Македонија.

Неодамна на големиот македонски празник Илинден, Мизрахи ги прозва Колозова, Малески, Османи, Ковачевски и Маричиќ за нивното распродавање на историјата:

Отворено писмо до Македонците и граѓаните на Македонија

Со векови сме крвареле, со векови трае борбата за национална, слободна и независна Македонија.

Само по последната илинденска епопеја, во НОБ дадовме преку 25.000 жртви, од кои 7.144 евреи.

Заедно крвариме од секогаш, од Илинден и Рафаел Камхи до депортацијата на 7144 евреи.

А таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев... не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа.

Колозова и Малевски, Османи, Ковачевски, Маричиќ, пратеници, бугарските војски не беа ослободители , а Евреите не ги депортираа Македонци.

Ги депортираа бугарските фашисти. Ќе ги депортираа и бугарските Евреи, но нив за среќа успеаа да ги одбранат Бугарските интелектуалци, Бугарската православна црква, Пешев и Бугарскиот народ.

Тоа можете да го видите и од расправите во нивниот парламент.

Ако немате доволно знаење, постојат оригинални документи за тоа кој наредил окупација на Македонија и депортација, а за истите ви стојам на располагање во секој момент.

Погледнете ги поставките во Вашингтонскиот Меморијален Центар, Јад Вашем, Меморијалниот центар на хлокаустот на Евреите од Македонија, па размислете за вашите изјави.
Не разбирам како вашите студенти ги слушаат ваквите ваши изјави.

Одете со вашите студенти во Треблинка и видете го камен обележјето на трагедијата на Евреите од Македонија.
Не праќајте ги Евреите во гасните комори по втор пат. Не горете ја пепелта по втор пат. Не менувајте ја историјата за да постигнете ваши политички или материјални цели.

Кој ќе ја заборави историјата, нема да постои.

А вашите политички цели нема да се исполнат.

Македонскиот народ нема да заборави ниту да го прости ова.

Виктор Мизрахи

The post „Не праќајте ги Евреите во гасните комори по втор пат“: Отвореното писмо на Виктор Мизрахи објавено на Илинден appeared first on Република.

]]>

Денеска по кусо боледување почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и поранешен почесен конзул на државата Израел. Голем Македонски патриот и Еврејски лидер во чии мандат на претседателствување со Еврејската заедница се отвори синагога Беит Јаков во Скопје, финансиски се осамостои Еврејската заедница и се реализираше Фондот на холокаустот на евреите од Македонија. Неодамна на големиот македонски празник Илинден, Мизрахи ги прозва Колозова, Малески, Османи, Ковачевски и Маричиќ за нивното распродавање на историјата: Отворено писмо до Македонците и граѓаните на Македонија Со векови сме крвареле, со векови трае борбата за национална, слободна и независна Македонија. Само по последната илинденска епопеја, во НОБ дадовме преку 25.000 жртви, од кои 7.144 евреи. Заедно крвариме од секогаш, од Илинден и Рафаел Камхи до депортацијата на 7144 евреи. А таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев... не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа. Колозова и Малевски, Османи, Ковачевски, Маричиќ, пратеници, бугарските војски не беа ослободители , а Евреите не ги депортираа Македонци. Ги депортираа бугарските фашисти. Ќе ги депортираа и бугарските Евреи, но нив за среќа успеаа да ги одбранат Бугарските интелектуалци, Бугарската православна црква, Пешев и Бугарскиот народ. Тоа можете да го видите и од расправите во нивниот парламент. Ако немате доволно знаење, постојат оригинални документи за тоа кој наредил окупација на Македонија и депортација, а за истите ви стојам на располагање во секој момент. Погледнете ги поставките во Вашингтонскиот Меморијален Центар, Јад Вашем, Меморијалниот центар на хлокаустот на Евреите од Македонија, па размислете за вашите изјави. Не разбирам како вашите студенти ги слушаат ваквите ваши изјави. Одете со вашите студенти во Треблинка и видете го камен обележјето на трагедијата на Евреите од Македонија. Не праќајте ги Евреите во гасните комори по втор пат. Не горете ја пепелта по втор пат. Не менувајте ја историјата за да постигнете ваши политички или материјални цели. Кој ќе ја заборави историјата, нема да постои. А вашите политички цели нема да се исполнат. Македонскиот народ нема да заборави ниту да го прости ова. Виктор Мизрахи

The post „Не праќајте ги Евреите во гасните комори по втор пат“: Отвореното писмо на Виктор Мизрахи објавено на Илинден appeared first on Република.

]]>
Почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochina-viktor-mizrahi-dolgogodishen-pretsedatel-na-evrejskata-zaednica-vo-republika-makedonija/ Thu, 01 Sep 2022 07:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=546266

Денеска, на 01.09. 2022 година, по кусо боледување почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и поранешен почесен конзул на државата Израел.

Голем Македонски патриот и Еврејски лидер во чии мандат на претседателствување со Еврејската заедница се отвори синагога Беит Јаков во Скопје, финансиски се осамостои Еврејската заедница и се реализираше Фондот на холокаустот на евреите од Македонија.

Виктор Мизрахи активно учествуваше на домашен и меѓународен план во реализацијата и изградбата на единствениот сефардски Меморијален центар на холокаустот на евреите од Македонија и во поставувањето на спомен обележје на депортираните македонски Евреи во меморијалната поставка во Треблинка.

The post Почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Македонија appeared first on Република.

]]>

Денеска, на 01.09. 2022 година, по кусо боледување почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и поранешен почесен конзул на државата Израел. Голем Македонски патриот и Еврејски лидер во чии мандат на претседателствување со Еврејската заедница се отвори синагога Беит Јаков во Скопје, финансиски се осамостои Еврејската заедница и се реализираше Фондот на холокаустот на евреите од Македонија. Виктор Мизрахи активно учествуваше на домашен и меѓународен план во реализацијата и изградбата на единствениот сефардски Меморијален центар на холокаустот на евреите од Македонија и во поставувањето на спомен обележје на депортираните македонски Евреи во меморијалната поставка во Треблинка.

The post Почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Македонија appeared first on Република.

]]>