виктор јанукович Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktor-janukovich/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 06:29:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png виктор јанукович Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktor-janukovich/ 32 32 Се сеќавате на Јанукович? Присуствувал на средбата меѓу Путин и Лукашенко https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-sekavate-na-janukovich-prisustvuval-na-sredbata-megu-putin-i-lukashenko/ Mon, 27 May 2024 06:50:29 +0000 https://republika.mk/?p=781911

На преговорите меѓу Владимир Путин и Александар Лукашенко кои траеле 14 часа присуствувал и поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович, пишуваат украинските медиуми.

Тој е повикан бидејќи во моментов Русија во украинската страна нема легитимен соговорник ако се знае дека мандатот на претседателот Зеленски е истечен од пред неколку денови.

Јануковиќ формално се уште е претедател на Украина бидејќи неговиот мандатат не беше завршен туку беше симнат од власт со преврат во 2014 година.

The post Се сеќавате на Јанукович? Присуствувал на средбата меѓу Путин и Лукашенко appeared first on Република.

]]>

На преговорите меѓу Владимир Путин и Александар Лукашенко кои траеле 14 часа присуствувал и поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович, пишуваат украинските медиуми. Тој е повикан бидејќи во моментов Русија во украинската страна нема легитимен соговорник ако се знае дека мандатот на претседателот Зеленски е истечен од пред неколку денови. Јануковиќ формално се уште е претедател на Украина бидејќи неговиот мандатат не беше завршен туку беше симнат од власт со преврат во 2014 година.

The post Се сеќавате на Јанукович? Присуствувал на средбата меѓу Путин и Лукашенко appeared first on Република.

]]>
Блокиран имотот на Дерипаска и Јанукович во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blokiran-imotot-na-deripaska-i-janukovich-vo-ukraina/ Thu, 13 Oct 2022 08:27:18 +0000 https://republika.mk/?p=560423

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша указ за замрзнување на имотот на поранешниот претседател Виктор Јанукович и рускиот бизнисмен Олег Дерипаска.

Во документот објавен на веб-страницата на Зеленски, се прецизира дека се работи за привремено блокирање на имотот на 10 години.

Се наведува дека со оваа мерка се опфатени и членот на Комитетот на рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи Павел Лебедев и сопственикот на групацијата компании Гас Украина Сергеј Курченко.

Украинските медиуми претходно овој месец објавија дека Советот за национална безбедност и одбрана на Украина одобрил список на санкции, на кој, меѓу другите, се вклучени бизнисмените Евгениј Пригожин, Олег Дерипаска, Роман Абрамович, украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко, поранешна украински претседател Виктор Јанукович и неговиот син Александар, како и патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

The post Блокиран имотот на Дерипаска и Јанукович во Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша указ за замрзнување на имотот на поранешниот претседател Виктор Јанукович и рускиот бизнисмен Олег Дерипаска. Во документот објавен на веб-страницата на Зеленски, се прецизира дека се работи за привремено блокирање на имотот на 10 години. Се наведува дека со оваа мерка се опфатени и членот на Комитетот на рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи Павел Лебедев и сопственикот на групацијата компании Гас Украина Сергеј Курченко. Украинските медиуми претходно овој месец објавија дека Советот за национална безбедност и одбрана на Украина одобрил список на санкции, на кој, меѓу другите, се вклучени бизнисмените Евгениј Пригожин, Олег Дерипаска, Роман Абрамович, украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук и неговата сопруга Оксана Марченко, поранешна украински претседател Виктор Јанукович и неговиот син Александар, како и патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

The post Блокиран имотот на Дерипаска и Јанукович во Украина appeared first on Република.

]]>
Позлатени вц-шолји, врати од либански кедар, гаража за 70 автомобили: Oвде живееше човекот кој Путин сака да го врати на чело на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pozlateni-vc-sholji-vrati-od-libanski-kedar-garaza-za-70-avtomobili-ovde-ziveeshe-chovekot-koj-putin-saka-da-go-vrati-na-chelo-na-ukraina/ Thu, 03 Mar 2022 21:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=467137

Луксузната вила на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович денес е еден вид музеј на корупцијата, пишува „Јутарњи лист“, додавајќи дека вилата Межихирја на огромниот имот Нови Петривци во близина на главниот град Киев во последните неколку години е отворена и за посетители.

Кога Јанукович избега од земјата за време на украинската револуција во 2014 година, екстравагантното здание беше национализирано и отворено за јавноста, пренесува весникот.

Кога Јанукович дојде на власт, првата улица што ја изгради беше мини-автопатот на периферијата на Киев. Официјалното објаснување беше дека е изграден во подготовка за Евро 2012. Но, се покажа дека парите за Евро 2012 биле искористени за изградба на пат што го поврзува главниот град со Межихирија, приватната резиденција на претседателот Јанукович, изградена на имот од 140 хектари долж рекара Днепар. Се проценува дека вилата со увезен мермер и италијански кристал, на која работеле занаетчии од Германија, чинела од 75 до 100 милиони долари. Поголемиот дел од кариерата Јанукович го поминал како пратеник или државен службеник, со максимална плата од 2.000 долари месечно, а сопругата во пензија не можела значително да му помогне.

Межихирија е изградена во советско време, како дача за украинските функционери, изградена на местото на манастирот што стои таму од 14 век. Дачата на Межихири му била на располагање на лидерот на Украинската Советска Социјалистичка Република.

image

image

По распадот на СССР, зградата била користена за сместување на странски делегации, но кога Виктор Јанукович бил назначен за премиер во 2002 година и се преселил во Киев, тој одлучил да живее во Межихирија. Со портокаловата револуција остана без неа. Но, по една година Јушченко и премиерката Јулија Тимошенко паѓаат, а Јанукович се враќа на премиерската функција и си го обезбедува правото да се врати на хациендата која сè уште е во државна сопственост. Кога ја напушта власта во 2007, имотот беше приватизиран и регистриран како сопственост на неколку европски компании. Независните медиуми откриваат дека Межихирија била незаконски приватизирана, односно дека не била платена. Наместо неа, неколку дотраени згради во главниот град се предадени во државна сопственост.

image

image

Базата на податоци на Украинската Царинска управа открива до кои размери се трошело на луксуз. Секоја врата во вилата е направена од либански кедар, по цена од 64.000 долари. Три комплети дрвени облоги за скалите чинат 200.000 долари, облогите за ѕидовите во зимската градина 328.000 долари, а облогите за неокласичниот столб и парапет за скалите - 430.000 долари. Во земја каде што 35 отсто од населението живее под прагот на сиромаштија, тогашниот претседател потрошил 100.000 долари само за позлатен кристален лустер во павилјонот во градината. Имотот вклучува терен за голф по цена од речиси 3 милиони долари.

Межихирија има и своја приватна зоолошка градина, која може да се пофали со ноеви и кенгури. Има посебни штали со коњи за јавање, кои Јанукович ги обожавал, па шефовите на државите често му подаруваа коњи. Има и гаражи за тогашната колекција на Јанукович од 70 автомобили и хелиопад. Во близина на резиденцијата се наоѓаат ловишта со диви свињи и лос, па Јанукович изградил и луксузен ловечки дом.

image

image

Поранешниот украински претседател во последните денови се споменува како прв избор на руската страна, човек кого Путин би сакал да го види на чело на Украина, а со тоа и да го врати своето влијание врз земјата, зошто тие инсистираат дека „актуелната влада во Киев дошла на власт со државен удар“ и со враќање на Јанукович „работите ќе се вратат на место“.

The post Позлатени вц-шолји, врати од либански кедар, гаража за 70 автомобили: Oвде живееше човекот кој Путин сака да го врати на чело на Украина appeared first on Република.

]]>

Луксузната вила на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович денес е еден вид музеј на корупцијата, пишува „Јутарњи лист“, додавајќи дека вилата Межихирја на огромниот имот Нови Петривци во близина на главниот град Киев во последните неколку години е отворена и за посетители. Кога Јанукович избега од земјата за време на украинската револуција во 2014 година, екстравагантното здание беше национализирано и отворено за јавноста, пренесува весникот. Кога Јанукович дојде на власт, првата улица што ја изгради беше мини-автопатот на периферијата на Киев. Официјалното објаснување беше дека е изграден во подготовка за Евро 2012. Но, се покажа дека парите за Евро 2012 биле искористени за изградба на пат што го поврзува главниот град со Межихирија, приватната резиденција на претседателот Јанукович, изградена на имот од 140 хектари долж рекара Днепар. Се проценува дека вилата со увезен мермер и италијански кристал, на која работеле занаетчии од Германија, чинела од 75 до 100 милиони долари. Поголемиот дел од кариерата Јанукович го поминал како пратеник или државен службеник, со максимална плата од 2.000 долари месечно, а сопругата во пензија не можела значително да му помогне. Межихирија е изградена во советско време, како дача за украинските функционери, изградена на местото на манастирот што стои таму од 14 век. Дачата на Межихири му била на располагање на лидерот на Украинската Советска Социјалистичка Република. image image По распадот на СССР, зградата била користена за сместување на странски делегации, но кога Виктор Јанукович бил назначен за премиер во 2002 година и се преселил во Киев, тој одлучил да живее во Межихирија. Со портокаловата револуција остана без неа. Но, по една година Јушченко и премиерката Јулија Тимошенко паѓаат, а Јанукович се враќа на премиерската функција и си го обезбедува правото да се врати на хациендата која сè уште е во државна сопственост. Кога ја напушта власта во 2007, имотот беше приватизиран и регистриран како сопственост на неколку европски компании. Независните медиуми откриваат дека Межихирија била незаконски приватизирана, односно дека не била платена. Наместо неа, неколку дотраени згради во главниот град се предадени во државна сопственост. image image Базата на податоци на Украинската Царинска управа открива до кои размери се трошело на луксуз. Секоја врата во вилата е направена од либански кедар, по цена од 64.000 долари. Три комплети дрвени облоги за скалите чинат 200.000 долари, облогите за ѕидовите во зимската градина 328.000 долари, а облогите за неокласичниот столб и парапет за скалите - 430.000 долари. Во земја каде што 35 отсто од населението живее под прагот на сиромаштија, тогашниот претседател потрошил 100.000 долари само за позлатен кристален лустер во павилјонот во градината. Имотот вклучува терен за голф по цена од речиси 3 милиони долари. Межихирија има и своја приватна зоолошка градина, која може да се пофали со ноеви и кенгури. Има посебни штали со коњи за јавање, кои Јанукович ги обожавал, па шефовите на државите често му подаруваа коњи. Има и гаражи за тогашната колекција на Јанукович од 70 автомобили и хелиопад. Во близина на резиденцијата се наоѓаат ловишта со диви свињи и лос, па Јанукович изградил и луксузен ловечки дом. image image Поранешниот украински претседател во последните денови се споменува како прв избор на руската страна, човек кого Путин би сакал да го види на чело на Украина, а со тоа и да го врати своето влијание врз земјата, зошто тие инсистираат дека „актуелната влада во Киев дошла на власт со државен удар“ и со враќање на Јанукович „работите ќе се вратат на место“.

The post Позлатени вц-шолји, врати од либански кедар, гаража за 70 автомобили: Oвде живееше човекот кој Путин сака да го врати на чело на Украина appeared first on Република.

]]>