Виктор Давидовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktor-davidovski/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Nov 2022 08:38:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Виктор Давидовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktor-davidovski/ 32 32 Виктор Давидовски на подиумот по гран при викендот во Џеда https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/viktor-davidovski-na-podiumot-po-gran-pri-vikendot-vo-dzeda/ Mon, 28 Nov 2022 08:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=578946

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски ја заокружи најуспешната сезоната во кариерата со пласман на второ место во последниот настан од највисокото по ранг натпреварување во туринг трките, гран при викендот во Џеда, Саудиска Арабија.

Давидовски во првата трка стартуваше како деветти и стигна до осмо место, а во втората трка кога првите десетмина ги ротираа стартуваше како втор. Сепак, првите три круга беа исклучително турбулентни и донесоа повеќе промени на позиции, но и неколку судири и излетувања.

Направив грешка на стартот, едноставно притисокот беше преголем. За сите возачи ова беше нова патека и ново искуство со две трки во еден ден. Сите бевме принудени да тактизираме во првата, а потоа да дадеме сѐ од себе во втората, која воедно беше финале на сезоната. Знаев дека ако излезам напред ќе имам побрз автомобил, во смисла на тоа дека аеродинамиката на возилото нема да биде повлијаена, но испадна како што испадна, сите направија по некоја грешка во втората трка, па имав можност да се вратам во ритам. Како возач со „вајлд карта“ имав дополнителна тежина, а ја немав на располагање ни последната спецификација на надградби на менувачот, па затоа не очекував подиум. На крајот, сето ова делува како еден сон, кој што за среќа се оствари, но ќе ми треба време за да ми „слегне“, вели тој.

Давидовски сезонава настапуваше по петти пат во ТЦР Европа и успеа да стигне до првата победа на патеката „Пол Рикар“ крај Марсеј. Со настапот во WTCR и освоениот пехар за второ место, тој отвори нови хоризонти за својата кариера.

Денеска продолжуваме со активностите, ќе тестираме дел од надградбите кои се планирани за 2023 година. За првпат ќе имам можност да ги испробам автомобилите со најновата спецификација и да дознам повеќе за плановите на тимот во текот на следната сезона. Ова е прекрасен тим, големи професионалци и навистина има убава атмосфера за работа. Огромна благодарност за сите нив, верувам дека ја оправдав шансата што ми ја дадоа, се надевам дека заедно уште многу пати ќе ги израдуваме нашите навивачи, вели Давидовски.

The post Виктор Давидовски на подиумот по гран при викендот во Џеда appeared first on Република.

]]>

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски ја заокружи најуспешната сезоната во кариерата со пласман на второ место во последниот настан од највисокото по ранг натпреварување во туринг трките, гран при викендот во Џеда, Саудиска Арабија. Давидовски во првата трка стартуваше како деветти и стигна до осмо место, а во втората трка кога првите десетмина ги ротираа стартуваше како втор. Сепак, првите три круга беа исклучително турбулентни и донесоа повеќе промени на позиции, но и неколку судири и излетувања.
Направив грешка на стартот, едноставно притисокот беше преголем. За сите возачи ова беше нова патека и ново искуство со две трки во еден ден. Сите бевме принудени да тактизираме во првата, а потоа да дадеме сѐ од себе во втората, која воедно беше финале на сезоната. Знаев дека ако излезам напред ќе имам побрз автомобил, во смисла на тоа дека аеродинамиката на возилото нема да биде повлијаена, но испадна како што испадна, сите направија по некоја грешка во втората трка, па имав можност да се вратам во ритам. Како возач со „вајлд карта“ имав дополнителна тежина, а ја немав на располагање ни последната спецификација на надградби на менувачот, па затоа не очекував подиум. На крајот, сето ова делува како еден сон, кој што за среќа се оствари, но ќе ми треба време за да ми „слегне“, вели тој.
Давидовски сезонава настапуваше по петти пат во ТЦР Европа и успеа да стигне до првата победа на патеката „Пол Рикар“ крај Марсеј. Со настапот во WTCR и освоениот пехар за второ место, тој отвори нови хоризонти за својата кариера.
Денеска продолжуваме со активностите, ќе тестираме дел од надградбите кои се планирани за 2023 година. За првпат ќе имам можност да ги испробам автомобилите со најновата спецификација и да дознам повеќе за плановите на тимот во текот на следната сезона. Ова е прекрасен тим, големи професионалци и навистина има убава атмосфера за работа. Огромна благодарност за сите нив, верувам дека ја оправдав шансата што ми ја дадоа, се надевам дека заедно уште многу пати ќе ги израдуваме нашите навивачи, вели Давидовски.

The post Виктор Давидовски на подиумот по гран при викендот во Џеда appeared first on Република.

]]>
Виктор Давидовски, прв Македонец со победа на ТЦР Европа https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/viktor-davidovski-prv-makedonec-so-pobeda-na-tcr-evropa/ Sun, 22 May 2022 13:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=505534

Виктор Давидовски испиша историја откако стана првиот Македонец кој остварил победа на ТЦР Европа. Тој ја одбрани пол-позицијата на трката за Големата награда на Франција возејќи совршено и без грешка.

Многу сум среќен, за мене ова е прва победа во кариерата и затоа сум многу среќен. Направив многу добар почеток и по првиот круг направив добра разлика, па потоа бев малку порелаксиран и можев да се фокусирам на трката. Бев малку нервозен, но се фокусирав на моето темпо и како резултат на тоа можев да дадам се од себе за да победам“, изјави Давидовски по трката.

Македонскиот возач досега беше најдобро пласиран како четврти на патеката Пол Рикар, вчера на првата трка заврши како шести, а денеска оствари сензационална победа.

Давидовски стартуваше како прв поради правилото за ротација на првите најдобро дестпласирани во квалификациите. Гаврилов заврши на второто место, Ориола беше третопласиран.

The post Виктор Давидовски, прв Македонец со победа на ТЦР Европа appeared first on Република.