виктор андонов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktor-andonov/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Feb 2024 13:17:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png виктор андонов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viktor-andonov/ 32 32 Андонов: Сметките за парно ќе се намалат за над 60 отсто со инвестицијата на Митилинеос https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/andonov-smetkite-za-parno-ke-se-namalat-za-nad-60-otsto-so-investitsijata-na-mitilineos/ Sat, 17 Feb 2024 13:17:39 +0000 https://republika.mk/?p=745144

„Вкупната количината на топлина што се троши во Скопје е 500-510 гигават часови. Митилинеос ќе произведува 275. Во моментов Те-То произведува 280, а околу 220 топланите, при што цената на топланите е два пати повисока од таа на Те-То. Цената на Те-То, што ја утврдила Регулаторната комисија е 2,3 денари, а на топланите е 5,3 денари“ рече директорот за развој и инвестиции на ЕСМ,Виктор Андонов во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Тој додаде дека кога цената на топланите од 5,3 денари, ќе се замени со 2,3, ќе се намалат сметките за парното во Скопје.

„Ваквите електрани се поефикасни од топланите, бидејќи произведуваат и струја и топлина. Таа цена што ја плаќаме за топланите 5,3 денари, сега ќе биде 2,3. Кога ќе влезе во целиот систем, сметките за струја ќе се намалат за над 60 проценти“ објасни Андонов.

Тој рече дека дополнително со инвестицијата на Митилинеос се обезбедува и постојано греење за скопјани, за да не се случи ситуација како таа со БЕГ, што поради покачувањето на цената на гасот, скопјани останаа без топлинска енергија.

The post Андонов: Сметките за парно ќе се намалат за над 60 отсто со инвестицијата на Митилинеос appeared first on Република.

]]>

Андонов: 90 проценти од вкупните потреби на струја во февруари се од домашни капацитети https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/andonov-90-protsenti-od-vkupnite-potrebi-na-struja-vo-fevruari-se-od-domashni-kapatsiteti/ Wed, 15 Mar 2023 13:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=619895

Во февруари од вкупните домашни потреби од електрична енергија 90,2 проценти се обезбедени од домашните производни капацитети, додека останатите девет проценти се од увоз, информираше денеска на прес-конференција соработникот за енергетика во канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, Виктор Андонов.

Ова, посочи Андонов, не се случило во последните 15 години и тоа во зимските месеци.

– Затоа и пристигнуваат позитивните оцени, затоа што успеавме да ги амортизираме сите потенцијални ризици и шокови што ги наметна кризата со навремени мерки и исправни политики, изјави Андонов.

Потврда за енергетските политики што ги спроведува Владата, според Андонов, стигнала и од заменик директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница во своето обраќање пред собраниската Комисија за економски прашања.

– Пред пратениците тој потенцираше дека Република Македонија има доста успешно ниво на имплементација на законодавството во енергетиката и кажа дека мерките што ги презема владата во целост се добри и неопходни мерки, како и тоа дека Македонија не е единствена што реагираше со субвенции и државна помош, изјави Андонов.

Поддршката од енергетската заедница, нагласи Андонов, е многу значајна и интенција на Владата е да ги разгледа сите препораки, многу сериозно и во иднина да ја продолжи одличната соработка.

The post Андонов: 90 проценти од вкупните потреби на струја во февруари се од домашни капацитети appeared first on Република.

]]>

Во февруари од вкупните домашни потреби од електрична енергија 90,2 проценти се обезбедени од домашните производни капацитети, додека останатите девет проценти се од увоз, информираше денеска на прес-конференција соработникот за енергетика во канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, Виктор Андонов. Ова, посочи Андонов, не се случило во последните 15 години и тоа во зимските месеци. – Затоа и пристигнуваат позитивните оцени, затоа што успеавме да ги амортизираме сите потенцијални ризици и шокови што ги наметна кризата со навремени мерки и исправни политики, изјави Андонов. Потврда за енергетските политики што ги спроведува Владата, според Андонов, стигнала и од заменик директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница во своето обраќање пред собраниската Комисија за економски прашања. – Пред пратениците тој потенцираше дека Република Македонија има доста успешно ниво на имплементација на законодавството во енергетиката и кажа дека мерките што ги презема владата во целост се добри и неопходни мерки, како и тоа дека Македонија не е единствена што реагираше со субвенции и државна помош, изјави Андонов. Поддршката од енергетската заедница, нагласи Андонов, е многу значајна и интенција на Владата е да ги разгледа сите препораки, многу сериозно и во иднина да ја продолжи одличната соработка.  

The post Андонов: 90 проценти од вкупните потреби на струја во февруари се од домашни капацитети appeared first on Република.

]]>
Андонов: Да заштедиме денес, за да имаме утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/andonov-da-zashtedime-denes-za-da-imame-utre/ Wed, 23 Nov 2022 13:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=577351

Со почитување на препораките минатиот месец во споредба со истиот месец лани, државните институции успеале да заштедат 24 проценти од електричната енергија. Владата заштедила вкупно 32 отсто на електрична енергија, информираше на денешната прес-конференција Виктор Андонов, соработник на Владата за енергетика.

Во месец септември, во споредба со истиот месец лани имавме 20 проценти заштедена електрична енергија, а веќе во октомври констатираме дека имаме пораст и тој изнесува 24 отсто во споредба со минатата година, информираше Андонов.

Апелираше дека во текот на овој месец и периодот што следува сите треба да сме максимално одговорни поради пониските температури и како што посочи „да бидеме уште повнимателни во користење на електрична енергија“, со цел да продолжи трендот на намалување на потрошувачката на енергија.

Секоја заштеда, колку и да е минимална е важна и затоа апелирам сите заедно да заштедиме денес, за да имаме утре. Важни се за стабилен енергетски систем и да ја намалиме оптовареноста, особено сега во зима, додаде владиниот советник за енергетика.

Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција Андонов поврзано со вчерашната изјава на министерот за економија, Крешник Бектеши дека ако во моментов се стави во функција ТЕЦ „Неготино“ ќе биде поскапо да се произведува електрична енергија, отколку да се набавува од увоз, Андонов посочи дека еден од главните фактори што влијае на цената на производство на ТЕЦ „Неготино“ е цената на мазутот.

Имајќи предвид дека увозот започна пред три недели тоа може и да се провери и да се види дека во тој период цената на берзите се движеше од 150 до 200 евра за мегават час и токму и таа беше цената, што АД ЕСМ ја набави. Тоа беше период што се искористи за сервисни активности на генераторот и согласно најавите, овие сервисни активности ќе завршат за еден месец и се очекува во почетокот на месец декември оваа електрана да биде ставена на мрежа, појасни тој.

Во однос на резервите, како што информираше, тие се на ниво на 20.000 тони или во овој момент ТЕЦ „Неготино“ има резерви да работи непрекинато со целиот свој капацитет за околу 20 дена. А дополнително секојдневно се доставуваат соодветни количини мазут, согласно потпишаните договори.

За реализација на проектот „Вардарска долина“ владиниот советник за енергетика Андонов посочи дека за овој проект се говори повеќе од 30 години.

Имајќи предвид дека АД ЕСМ е задолжена за производство на електрична енергија во исто време е задолжена и за развој на нови капацитети во рамки на нивните секојдневни активности. Овој проект е ставен во нивните планови и во изминатиот период се изработуваат дополнителни анализи за можностите на кои локации можат да е изградат проточни мали хидроелектрани, соопшти Андонов и додаде дека поради тоа што студиите се стари повеќе од 50 години направено е обновување на податоците бидејќи сменети се географските услови.

За браната Кнежево истакна дека е дел од проектот Злетовица, како фаза 1 и во рамки на самиот проект финансиран од Владата на Јапонија останато е да се реализираат фазите 2 и 3.

– Имајќи предвид дека не постоеја технички документи за изградба на овие две фази, би сакал да информирам дека во изминатите две-три години завршени се сите технички документи потребни за изградба и тоа со грант и помош од ЕБОР, појасни тој.

Додаде дека ЕБОР веќе има покажано интерес дека сака да обезбеди средства за овој проект и почнувајќи од 2023 ќе бидат преземени конкретни чекори за конечно овој проект да биде реализиран како што бил предвиден.

The post Андонов: Да заштедиме денес, за да имаме утре appeared first on Република.

]]>

Со почитување на препораките минатиот месец во споредба со истиот месец лани, државните институции успеале да заштедат 24 проценти од електричната енергија. Владата заштедила вкупно 32 отсто на електрична енергија, информираше на денешната прес-конференција Виктор Андонов, соработник на Владата за енергетика.
Во месец септември, во споредба со истиот месец лани имавме 20 проценти заштедена електрична енергија, а веќе во октомври констатираме дека имаме пораст и тој изнесува 24 отсто во споредба со минатата година, информираше Андонов.
Апелираше дека во текот на овој месец и периодот што следува сите треба да сме максимално одговорни поради пониските температури и како што посочи „да бидеме уште повнимателни во користење на електрична енергија“, со цел да продолжи трендот на намалување на потрошувачката на енергија.
Секоја заштеда, колку и да е минимална е важна и затоа апелирам сите заедно да заштедиме денес, за да имаме утре. Важни се за стабилен енергетски систем и да ја намалиме оптовареноста, особено сега во зима, додаде владиниот советник за енергетика.
Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција Андонов поврзано со вчерашната изјава на министерот за економија, Крешник Бектеши дека ако во моментов се стави во функција ТЕЦ „Неготино“ ќе биде поскапо да се произведува електрична енергија, отколку да се набавува од увоз, Андонов посочи дека еден од главните фактори што влијае на цената на производство на ТЕЦ „Неготино“ е цената на мазутот.
Имајќи предвид дека увозот започна пред три недели тоа може и да се провери и да се види дека во тој период цената на берзите се движеше од 150 до 200 евра за мегават час и токму и таа беше цената, што АД ЕСМ ја набави. Тоа беше период што се искористи за сервисни активности на генераторот и согласно најавите, овие сервисни активности ќе завршат за еден месец и се очекува во почетокот на месец декември оваа електрана да биде ставена на мрежа, појасни тој.
Во однос на резервите, како што информираше, тие се на ниво на 20.000 тони или во овој момент ТЕЦ „Неготино“ има резерви да работи непрекинато со целиот свој капацитет за околу 20 дена. А дополнително секојдневно се доставуваат соодветни количини мазут, согласно потпишаните договори. За реализација на проектот „Вардарска долина“ владиниот советник за енергетика Андонов посочи дека за овој проект се говори повеќе од 30 години. Имајќи предвид дека АД ЕСМ е задолжена за производство на електрична енергија во исто време е задолжена и за развој на нови капацитети во рамки на нивните секојдневни активности. Овој проект е ставен во нивните планови и во изминатиот период се изработуваат дополнителни анализи за можностите на кои локации можат да е изградат проточни мали хидроелектрани, соопшти Андонов и додаде дека поради тоа што студиите се стари повеќе од 50 години направено е обновување на податоците бидејќи сменети се географските услови. За браната Кнежево истакна дека е дел од проектот Злетовица, како фаза 1 и во рамки на самиот проект финансиран од Владата на Јапонија останато е да се реализираат фазите 2 и 3. – Имајќи предвид дека не постоеја технички документи за изградба на овие две фази, би сакал да информирам дека во изминатите две-три години завршени се сите технички документи потребни за изградба и тоа со грант и помош од ЕБОР, појасни тој. Додаде дека ЕБОР веќе има покажано интерес дека сака да обезбеди средства за овој проект и почнувајќи од 2023 ќе бидат преземени конкретни чекори за конечно овој проект да биде реализиран како што бил предвиден.  

The post Андонов: Да заштедиме денес, за да имаме утре appeared first on Република.

]]>
Андонов: Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар, од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonov-firmite-koi-so-manipulacii-vlegle-na-reguliraniot-pazar-od-januari-avtomatski-kje-bidat-vrateni-na-slobodniot-pazar/ Thu, 10 Nov 2022 14:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=572377

На медиумскиот интерес за тоа како ќе се постапи со манипулациите на 12.000 фирми во земјава што се вратиле сами на регулираниот пазар, соработникот за енергетика во Владата на Република Македонија Виктор Андонов, истакна дека заради спречување на злоупотребите од страна на некои правни лица, Владата донесе одлука за регулирање на овој проблем.

Со таа одлука точно е наведено дека доколку наведените правни лица до крајот на годината не се вратат самите на слободниот пазар, операторот на дистрибутивниот систем, како носител на лиценца која функционира врз основа на Законот за енергетика, ќе има обврска автоматски од први јануари 2023 година истите да ги врати на слободниот пазар“, информираше Андонов.

The post Андонов: Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар, од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар appeared first on Република.

Владата си подготвува терен за рестрикции: Можно е да снемува стрја поради преоптовареност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-si-podgotvuva-teren-za-restrikcii-mozno-e-da-snemuva-strja-poradi-preoptovarenost/ Thu, 10 Nov 2022 14:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=572350

Од Влада тврдат дека поради дополнителната оптовареност што се очекува на енергетските производни капацитети, од временските услови и од зголемената потрошувачка на струја, во наредниот период се можни неочекувани испади. Порачуваат дека состојбата се следи и оти за преземените мерки граѓаните навреме ќе бидат информирани.

Мораме да имаме предвид дека државата во моментот располага со енергетски капацитети кои се стари повеќе од половина век. Во периодот што следува заради временските услови и заради зголемената потрошувачка на електрична енергија овие производните објекти дополнително ќе бидат оптоварени и можни се неочекувани испади. Состојбата секојдневно се следи и ќе се следи, а за преземените мерки граѓаните навреме ќе бидат информирани, рече на прес-конференција Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот.

Како што соопшти, последниот биланс покажува дека вкупното производство на електрична енергија од ЕСМ изнесува 10.756 мегават часа на електрична енергија од кои 7.800 се произведени во термоелектраните, додека останатите 2.956 од обновливи извори на енергија односно од хидроелектраните и од ветерниот парк.

Како што беше најавено 2.400 мегават часови се обезбедени од набавката на електрична енергија, рече Андонов.

Повторно апелираше да се штеди струја.

Граѓаните, компаниите и институции да посветат уште поголемио внимание на штедење на електрична енергија. Да не се опуштаме во периодот што ни претстои. Мораме да бидеме внимателни, одговорни и рационални, порача Андонов.

На прес-конференцијата тој ги повика субјектите од прехранбениот сектор, комуналните дејности и образовните институции да се пријават за субвенционирана електрична енергија која ќе ја добиваат од ЕСМ продажба.

Со одлука на Владата, прехранбениот сектор односно производството на основни продукти, млеко, месо, леб, масла и друго ќе добиваат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час, со цел намалување на основните продукти за живот.

-Намалувањето на цените на некои од овие продукти веќе може да се забележи, а истото е пренесено и од дел од медиумите. Ова е дел од ветувањето на Владата дека храна оваа зима ќе има за сите. Навремено се преземаат сите мерки за стабилизација и намалување на цените и даваат резултат, рече Андонов, потсетувајќи дека комуналните претпријатија кои вршат дејност снабдување со вода, како и основните и средните училишта ќе добиваат електрична енергија по цена од 95 евра за мегават час.

The post Владата си подготвува терен за рестрикции: Можно е да снемува стрја поради преоптовареност appeared first on Република.

]]>

Од Влада тврдат дека поради дополнителната оптовареност што се очекува на енергетските производни капацитети, од временските услови и од зголемената потрошувачка на струја, во наредниот период се можни неочекувани испади. Порачуваат дека состојбата се следи и оти за преземените мерки граѓаните навреме ќе бидат информирани.
Мораме да имаме предвид дека државата во моментот располага со енергетски капацитети кои се стари повеќе од половина век. Во периодот што следува заради временските услови и заради зголемената потрошувачка на електрична енергија овие производните објекти дополнително ќе бидат оптоварени и можни се неочекувани испади. Состојбата секојдневно се следи и ќе се следи, а за преземените мерки граѓаните навреме ќе бидат информирани, рече на прес-конференција Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот.
Како што соопшти, последниот биланс покажува дека вкупното производство на електрична енергија од ЕСМ изнесува 10.756 мегават часа на електрична енергија од кои 7.800 се произведени во термоелектраните, додека останатите 2.956 од обновливи извори на енергија односно од хидроелектраните и од ветерниот парк.
Како што беше најавено 2.400 мегават часови се обезбедени од набавката на електрична енергија, рече Андонов.
Повторно апелираше да се штеди струја.
Граѓаните, компаниите и институции да посветат уште поголемио внимание на штедење на електрична енергија. Да не се опуштаме во периодот што ни претстои. Мораме да бидеме внимателни, одговорни и рационални, порача Андонов.
На прес-конференцијата тој ги повика субјектите од прехранбениот сектор, комуналните дејности и образовните институции да се пријават за субвенционирана електрична енергија која ќе ја добиваат од ЕСМ продажба. Со одлука на Владата, прехранбениот сектор односно производството на основни продукти, млеко, месо, леб, масла и друго ќе добиваат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час, со цел намалување на основните продукти за живот.
-Намалувањето на цените на некои од овие продукти веќе може да се забележи, а истото е пренесено и од дел од медиумите. Ова е дел од ветувањето на Владата дека храна оваа зима ќе има за сите. Навремено се преземаат сите мерки за стабилизација и намалување на цените и даваат резултат, рече Андонов, потсетувајќи дека комуналните претпријатија кои вршат дејност снабдување со вода, како и основните и средните училишта ќе добиваат електрична енергија по цена од 95 евра за мегават час.

The post Владата си подготвува терен за рестрикции: Можно е да снемува стрја поради преоптовареност appeared first on Република.

]]>
Андонов: Секој да штеди струја, за да го избегнеме најцрното сценарио – рестрикции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/andonov-sekoj-da-shtedi-struja-za-da-go-izbegneme-najcrnoto-scenario-restrikcii/ Wed, 26 Oct 2022 13:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=565947

Владата започнува со процес на редовно информирање на јавноста за мерките кои се преземаат за ублажување на економско-енергетската криза, како и за тековните одлуки што ќе ги носи за нејзини надминување, со цел избегнување на лажни вести и дезинформации кои служат за создавање паника и несигурност кај граѓаните, најави денеска советникот на премиерот за енергетика Виктор Андонов.

Многу е важно во вакви кризни услови граѓаните да добиваат навремени и проверени информации. Затоа ги споделуваме сите важни информации за јавноста и ја подигнуваме транспарентноста на највисоко ниво со цел да направиме сериозен исчекор за спречување на ширење на лажни вести и шпекулации, а со тоа да спречиме и ширење на непотребна паника кај населението, рече Андонов на денешната прес-конференција во Владата.

Тој препорача дека сите без исклучок треба да штедиме електрична енергија со цел да го зачуваме електроенергетскиот систем на земјава и додаде дека сите имаме одговорност за побрзо и поефикасно справување со кризата.

Сега е време кога мора рационално да ги користиме енергенсите и да бидеме солидарни. Сега е време за солидарност, разбирање и соработка. Потребно е да направиме мала промена во домот и на своето работно место која ќе значи многу за енергетскиот систем. За да имаме утре, мора да штедиме денес, рече Андонов.

Тој посочи дека вчера од домашните капацитети повторно се задоволени сто отсто од потребите за електрична енергија на граѓаните и на малите потрошувачи.

Дневното производство на електрична енергија на ЕСМ изнесува 11.083 мегават часови, од кои во термоелектраните се произведени 8.940 мегават часови, а од хидроелектраните и Ветерниот парк Богданци 2.143 мегават часови електрична енергија. Со тоа се обезбедени сто отсто од дневните потреби на регулираниот пазар. Ја следиме состојбата на дневно ниво и редовно ќе го споделуваме со јавноста овој енергетски биланс, потенцира Андонов.

Тој повика сите да бидат внимателни и рационално да ја користат електричната енергија со цел намалување на потрошувачката.

Со штедење си помагаме себеси, а во исто време им помагаме на институциите за полесно справување со енергетската криза. Секој заштеден киловат час електрична енергија придонесува за добро функционирање на енергетскиот систем и за да го избегнеме најцрното сценарио, а тоа се рестрикциите. Со солидарност ќе обезбедиме сигурност за сите, посочи Андонов.

The post Андонов: Секој да штеди струја, за да го избегнеме најцрното сценарио – рестрикции appeared first on Република.