викендици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vikendici/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Oct 2022 08:44:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png викендици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vikendici/ 32 32 Пратениците на СДСМ, ЛДП и ДУИ не го прифатија предлогот за забрана за градби во национални паркови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-na-sdsm-ldp-i-dui-ne-go-prifatija-predlogot-za-zabrana-za-gradbi-vo-nacionalni-parkovi/ Tue, 18 Oct 2022 08:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=562421

Толку од „борците“ за здрава животна средина и од „зелената“ агенда, коментира на својот фејсбук-профил пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, откако вчера пратениците на СДСМ, ДУИ и на ЛДП гласаа против амандманот на Законот за шумите. Станува збор за предлог на ВМРО-ДПМНЕ за вметнување на став во член 75 со кој би се забранило поставување и градење на времени објекти, живеалишта, викендици во националните паркови на Македонија и неможност за каква било легализација на тие објекти кои ќе треба да биде урнати или отстранети.

За овој амандман од 110 присутни пратеници, само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со 31 пратеник гласаа „за“, а 47 беа пратеници против.

По нашиот предлог закон за изменување на Законот за шумите, по скратена постапка, со кој предлагавме да се допрецизираат објектите кои не може да се градат во шумите, како би се постигнале поголем увид и контрола врз градењето објекти, како приватни живеалишта и викендици, во шумските подрачја, најголемиот број на пратениците од власта денес гласаа против. Толку од „борците“ за здрава животна средина и од „зелената“ агенда, коментира Стојаноска.

The post Пратениците на СДСМ, ЛДП и ДУИ не го прифатија предлогот за забрана за градби во национални паркови appeared first on Република.

]]>

Толку од „борците“ за здрава животна средина и од „зелената“ агенда, коментира на својот фејсбук-профил пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, откако вчера пратениците на СДСМ, ДУИ и на ЛДП гласаа против амандманот на Законот за шумите. Станува збор за предлог на ВМРО-ДПМНЕ за вметнување на став во член 75 со кој би се забранило поставување и градење на времени објекти, живеалишта, викендици во националните паркови на Македонија и неможност за каква било легализација на тие објекти кои ќе треба да биде урнати или отстранети. За овој амандман од 110 присутни пратеници, само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со 31 пратеник гласаа „за“, а 47 беа пратеници против.
По нашиот предлог закон за изменување на Законот за шумите, по скратена постапка, со кој предлагавме да се допрецизираат објектите кои не може да се градат во шумите, како би се постигнале поголем увид и контрола врз градењето објекти, како приватни живеалишта и викендици, во шумските подрачја, најголемиот број на пратениците од власта денес гласаа против. Толку од „борците“ за здрава животна средина и од „зелената“ агенда, коментира Стојаноска.

The post Пратениците на СДСМ, ЛДП и ДУИ не го прифатија предлогот за забрана за градби во национални паркови appeared first on Република.

]]>
Пожарот е на два километри од викендиците во Елен Камен, ветерот го носи огнот кон планината https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozarot-e-na-dva-kilometri-od-vikendicite-vo-elen-kamen-veterot-go-nosi-ognot-kon-planinata/ Fri, 22 Apr 2022 20:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=492458

Не постои опасност од зафаќање на викенд населбата Елен Камен од пламените јазици од пожарот што попладнево ја зафати шумата над патот кон струшкото село Радожда, информира командирот на територијалната против пожарна единица – Струга Фети Мазари.

Според него, викендиците се на два километра оддалеченост, а ветрот дува во спротивен правец и го носи огнот кон планината.

Моментао на терен е екипа со едно возило и двајца пожарникари. Поради непристапноста на теренот не можеме да интервенираме. Побаравме помош од Дирекција за заштита и спасување уште околу 13.30 часот, кога беше пријавен пожарот, но се уште никој не дојде – изјави Мазари.

По пријавувањето на пожарот, на терен излегле две екипи на ТППЕ Струга со шест пожарникари.

Пожарот во полиција бил пријавен нешто по 14 часот, а екипи на полицијата се присутни на терен, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

 

The post Пожарот е на два километри од викендиците во Елен Камен, ветерот го носи огнот кон планината appeared first on Република.

]]>

Не постои опасност од зафаќање на викенд населбата Елен Камен од пламените јазици од пожарот што попладнево ја зафати шумата над патот кон струшкото село Радожда, информира командирот на територијалната против пожарна единица – Струга Фети Мазари. Според него, викендиците се на два километра оддалеченост, а ветрот дува во спротивен правец и го носи огнот кон планината.
Моментао на терен е екипа со едно возило и двајца пожарникари. Поради непристапноста на теренот не можеме да интервенираме. Побаравме помош од Дирекција за заштита и спасување уште околу 13.30 часот, кога беше пријавен пожарот, но се уште никој не дојде – изјави Мазари.
По пријавувањето на пожарот, на терен излегле две екипи на ТППЕ Струга со шест пожарникари. Пожарот во полиција бил пријавен нешто по 14 часот, а екипи на полицијата се присутни на терен, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.  

The post Пожарот е на два километри од викендиците во Елен Камен, ветерот го носи огнот кон планината appeared first on Република.

]]>