Виетнам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vietnam/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 13:29:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Виетнам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vietnam/ 32 32 На 80 години почина претседателот на Виетнам, авторот на најголемата антикорупциска кампања во земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-80-godini-pochina-pretsedatelot-na-vietnam-avtorot-na-najgolemata-antikoruptsiska-kampana-vo-zemjata/ Fri, 19 Jul 2024 13:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=798489

Денеска на 80-годишна возраст почина Нуен Фу Тронг, најмоќниот современ лидер на Виетнам и архитект на најголемата антикорупциска кампања во земјата.

Нуен од 2011 година до денеска ја извршуваше функцијата генерален секретар на Комунистичката партија, а илјадници луѓе беа уапсени под обвиненија за корупција, а во еднопартиската држава се интензивираше репресијата против дисидентите и активистите.

Антикорупциската акција на Нуен од висок профил, за која аналитичарите велат дека е исто така поврзана со политичките борби, ги зафати партијата, полицијата, вооружените сили и бизнисот.

Нуен беше претседател на Виетнам од 2018 до 2021 година.

 

The post На 80 години почина претседателот на Виетнам, авторот на најголемата антикорупциска кампања во земјата appeared first on Република.

]]>

Денеска на 80-годишна возраст почина Нуен Фу Тронг, најмоќниот современ лидер на Виетнам и архитект на најголемата антикорупциска кампања во земјата. Нуен од 2011 година до денеска ја извршуваше функцијата генерален секретар на Комунистичката партија, а илјадници луѓе беа уапсени под обвиненија за корупција, а во еднопартиската држава се интензивираше репресијата против дисидентите и активистите. Антикорупциската акција на Нуен од висок профил, за која аналитичарите велат дека е исто така поврзана со политичките борби, ги зафати партијата, полицијата, вооружените сили и бизнисот. Нуен беше претседател на Виетнам од 2018 до 2021 година.  

The post На 80 години почина претседателот на Виетнам, авторот на најголемата антикорупциска кампања во земјата appeared first on Република.

]]>
То Лам именуван за претседател на Виетнам https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/to-lam-imenuvan-za-pretsedatel-na-vietnam/ Sat, 18 May 2024 16:54:18 +0000 https://republika.mk/?p=779606

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

– Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март.

 

The post То Лам именуван за претседател на Виетнам appeared first on Република.

]]>

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата. – Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА). Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права. Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март.  

The post То Лам именуван за претседател на Виетнам appeared first on Република.

]]>
Бајден ќе патува во Виетнам за договор за стратешко партнерство како најнов обид да се потисне Кина во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-ke-patuva-vo-vietnam-za-dogovor-za-strateshko-partnerstvo-kako-najnov-obid-da-se-potisne-kina-vo-regionot/ Sun, 27 Aug 2023 18:09:51 +0000 https://republika.mk/?p=676430

САД се обидуваат да ја зајакнат соработката со Виетнам, земја која е еден од традиционалните сојузници на Кина. Како што пишува „Политико“, Џо Бајден ќе патува во Виетнам во септември за да потпише договор за зголемување на нивото на меѓудржавните врски. Во написот се споменува дека статусот на односите ќе се прошири од сеопфатно во стратешко партнерство, што значи дека двете земји би ги подигнале меѓусебните односи на различно ниво на интеракција.

Изданието, инаку, досега непотврдената посета ја нарекува нова победа на администрацијата на Бајден за зајакнување на влијанието на САД во индо-пацифичкиот регион.

Исто како и во Кина, односите на Виетнам со оваа или онаа земја се претставени во форма на хиерархија, при што, сеопфатното партнерство го зазема третото ниво, стратешкото - второто, и сеопфатното стратешко, соодветно, првото ниво на односи. Сега односите меѓу Вашингтон и Ханој се на третото ниво.

Само четири сили, вклучувајќи ги Кина и Русија, се наведени како партнери на највисоко ниво за Виетнам. Бајден има за цел и сеопфатно стратешко партнерство кое ќе ја прошири соработката, особено во економската сфера. Ова е особено важно во услови на одлив на капитал на странски компании од Кина во Виетнам, а една од главните причини за тоа е тековната конфронтација меѓу Кина и САД.

Но, постои уште една причина. Во Вашингтон, на она што се случува се гледа од гледна точка на наоѓање сојузници во конфликтот на САД со Кина. Во полз на Американците во овој поглед оди тоа што односите меѓу Кина и Виетнам се комплицирани, на пример, поради територијалните спорови во Јужното Кинеско Море, така што има за што да се разговара со Виетнамците.

Меѓутоа, од гледна точка на Виетнам, очекуваното зголемување на статусот на односите е дел од стратегијата за балансирање, чиј главен принцип е интеракција со сите главни политички играчи и во регионот и во светот.

Згора на тоа, според некои извори, официјален Ханој не планира да ја зајакне соработката со САД на највисоко ниво и ќе се ограничи на стратешко партнерство. А, за да покажат вистинска рамнотежа во надворешната политика, пред доаѓањето на Бајден во Виетнам, според гласините, тие ќе го примат на посета кинескиот лидер Си Џинпинг. Така, грандиозната и безусловна победа на американскиот претседател во регионот се уште е доста далеку.

The post Бајден ќе патува во Виетнам за договор за стратешко партнерство како најнов обид да се потисне Кина во регионот appeared first on Република.

]]>

САД се обидуваат да ја зајакнат соработката со Виетнам, земја која е еден од традиционалните сојузници на Кина. Како што пишува „Политико“, Џо Бајден ќе патува во Виетнам во септември за да потпише договор за зголемување на нивото на меѓудржавните врски. Во написот се споменува дека статусот на односите ќе се прошири од сеопфатно во стратешко партнерство, што значи дека двете земји би ги подигнале меѓусебните односи на различно ниво на интеракција. Изданието, инаку, досега непотврдената посета ја нарекува нова победа на администрацијата на Бајден за зајакнување на влијанието на САД во индо-пацифичкиот регион. Исто како и во Кина, односите на Виетнам со оваа или онаа земја се претставени во форма на хиерархија, при што, сеопфатното партнерство го зазема третото ниво, стратешкото - второто, и сеопфатното стратешко, соодветно, првото ниво на односи. Сега односите меѓу Вашингтон и Ханој се на третото ниво. Само четири сили, вклучувајќи ги Кина и Русија, се наведени како партнери на највисоко ниво за Виетнам. Бајден има за цел и сеопфатно стратешко партнерство кое ќе ја прошири соработката, особено во економската сфера. Ова е особено важно во услови на одлив на капитал на странски компании од Кина во Виетнам, а една од главните причини за тоа е тековната конфронтација меѓу Кина и САД. Но, постои уште една причина. Во Вашингтон, на она што се случува се гледа од гледна точка на наоѓање сојузници во конфликтот на САД со Кина. Во полз на Американците во овој поглед оди тоа што односите меѓу Кина и Виетнам се комплицирани, на пример, поради територијалните спорови во Јужното Кинеско Море, така што има за што да се разговара со Виетнамците. Меѓутоа, од гледна точка на Виетнам, очекуваното зголемување на статусот на односите е дел од стратегијата за балансирање, чиј главен принцип е интеракција со сите главни политички играчи и во регионот и во светот. Згора на тоа, според некои извори, официјален Ханој не планира да ја зајакне соработката со САД на највисоко ниво и ќе се ограничи на стратешко партнерство. А, за да покажат вистинска рамнотежа во надворешната политика, пред доаѓањето на Бајден во Виетнам, според гласините, тие ќе го примат на посета кинескиот лидер Си Џинпинг. Така, грандиозната и безусловна победа на американскиот претседател во регионот се уште е доста далеку.

The post Бајден ќе патува во Виетнам за договор за стратешко партнерство како најнов обид да се потисне Кина во регионот appeared first on Република.

]]>
Десетици функционери и министер: Во Виетнам осудени 54 лица за корупција, поткуп, и злоупотреба на службената положба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/desetitsi-funktsioneri-i-minister-vo-vietnam-osudeni-54-litsa-za-koruptsija-potkup-i-zloupotreba-na-sluzhbenata-polozhba/ Sun, 30 Jul 2023 09:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=666847

Судот во Виетнам осуди 54 лица на затворски казни, меѓу кои и неколку високи државни функционери и поранешен министер, во еден од најголемите антикорупциски случаи во земјата.

По повеќе од две недели судење, судот во Ханој осуди десетици поранешни функционери, вклучително и неколку високи дипломати и поранешен заменик министер за надворешни работи, за прифаќање, нудење или соучесништво во поткуп, измама и злоупотреба на службената положба.

Поранешен министер е осуден на 16 години затвор за примање мито од над 900.000 долари (околу 815.000 евра).

Четворица поранешни високи функционери во министерствата за надворешни работи, за здравство и за јавна безбедност се осудени на доживотни казни, а десет бизнисмени и цивили се осудени на условни казни.

Обвинетите биле вклучени во шема во која дипломати и бизнисмени земале пари од виетнамски граѓани во странство кои сакале да се вратат во земјата со летови за време на пандемијата, кога комерцијалните патувања не биле дозволени.

The post Десетици функционери и министер: Во Виетнам осудени 54 лица за корупција, поткуп, и злоупотреба на службената положба appeared first on Република.

]]>

Судот во Виетнам осуди 54 лица на затворски казни, меѓу кои и неколку високи државни функционери и поранешен министер, во еден од најголемите антикорупциски случаи во земјата. По повеќе од две недели судење, судот во Ханој осуди десетици поранешни функционери, вклучително и неколку високи дипломати и поранешен заменик министер за надворешни работи, за прифаќање, нудење или соучесништво во поткуп, измама и злоупотреба на службената положба. Поранешен министер е осуден на 16 години затвор за примање мито од над 900.000 долари (околу 815.000 евра). Четворица поранешни високи функционери во министерствата за надворешни работи, за здравство и за јавна безбедност се осудени на доживотни казни, а десет бизнисмени и цивили се осудени на условни казни. Обвинетите биле вклучени во шема во која дипломати и бизнисмени земале пари од виетнамски граѓани во странство кои сакале да се вратат во земјата со летови за време на пандемијата, кога комерцијалните патувања не биле дозволени.

The post Десетици функционери и министер: Во Виетнам осудени 54 лица за корупција, поткуп, и злоупотреба на службената положба appeared first on Република.

]]>
Во Виетнам е измерена рекордна температура од 44 степени https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-vietnam-e-izmerena-rekordna-temperatura-od-44-stepeni/ Sun, 07 May 2023 13:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=637978

Во Виетнам е забележана рекордна температура од 44,1 степени Целзиусови.

Екстремната температура е измерена вчера на метеоролошка станица на северот на земјата, во провинцијата Тан Хоа, соопшти виетнамскиот хидрометеоролошки институт.

Претходната максимална температура во оваа југоисточна азиска земја изнесуваше 43,4 степени.

Научниците од Ханој потсетуваат дека порастот на температурата е загрижувачки во контекст на климатските промени и глобалното затоплување.

Климата во Виетнам варира од север кон југ, а земјата сега влегува во најтоплиот период од годината.

 

The post Во Виетнам е измерена рекордна температура од 44 степени appeared first on Република.

]]>

Во Виетнам е забележана рекордна температура од 44,1 степени Целзиусови. Екстремната температура е измерена вчера на метеоролошка станица на северот на земјата, во провинцијата Тан Хоа, соопшти виетнамскиот хидрометеоролошки институт. Претходната максимална температура во оваа југоисточна азиска земја изнесуваше 43,4 степени. Научниците од Ханој потсетуваат дека порастот на температурата е загрижувачки во контекст на климатските промени и глобалното затоплување. Климата во Виетнам варира од север кон југ, а земјата сега влегува во најтоплиот период од годината.  

The post Во Виетнам е измерена рекордна температура од 44 степени appeared first on Република.

]]>
Спасувачи во Виетнам втор ден се обидуваат да ослободат момче заглавено во бетонски столб https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/spasuvachi-vo-vietnam-vtor-den-se-obiduvaat-da-oslobodat-momche-zaglaveno-vo-betonski-stolb/ Mon, 02 Jan 2023 10:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=592742

Спасувачите во Виетнам и денеска, втор ден по ред, се обидуваат да ослободат 10-годишно момче, откако на новогодишната ноќ паднало во тесен отворен бетонски столб на градилиште, јавува Ројтерс.

Ли Хао Нам повикал помош веднаш откако во саботата наутро паднал во темелите на столбот, но спасувачите денеска не добиле одговор од него, па ја спуштиле камерата за да се обидат да ја лоцираат неговата позиција во дупка длабока 35 метри.

Несреќата се случила на градилиштето на мост во провинцијата Делта Меконг, каде момчето со пријателите барало старо железо.

Не можам да разберам како паднал во шупливата бетонска конструкција, која има распон од само 25 сантиметри во дијаметар и е забиена 35 метри во земјата, изјави Ле Хоанг Бао, службеник на Одделот за транспорт на провинцијата Донг Тап.

Напорите за подигање на конструкцијата со дигалки и багери засега се неуспешни, а спасувачите не можат да ја утврдат положбата на момчето, јавуваат медиумите.

Спасувачите пумпаа кислород во структурата и ја омекнаа земјата околу неа, но оттогаш таа малку се навали, што ги комплицираше напорите за опоравување, пренесува Ројтерс.

The post Спасувачи во Виетнам втор ден се обидуваат да ослободат момче заглавено во бетонски столб appeared first on Република.

]]>

Спасувачите во Виетнам и денеска, втор ден по ред, се обидуваат да ослободат 10-годишно момче, откако на новогодишната ноќ паднало во тесен отворен бетонски столб на градилиште, јавува Ројтерс. Ли Хао Нам повикал помош веднаш откако во саботата наутро паднал во темелите на столбот, но спасувачите денеска не добиле одговор од него, па ја спуштиле камерата за да се обидат да ја лоцираат неговата позиција во дупка длабока 35 метри. Несреќата се случила на градилиштето на мост во провинцијата Делта Меконг, каде момчето со пријателите барало старо железо.
Не можам да разберам како паднал во шупливата бетонска конструкција, која има распон од само 25 сантиметри во дијаметар и е забиена 35 метри во земјата, изјави Ле Хоанг Бао, службеник на Одделот за транспорт на провинцијата Донг Тап.
Напорите за подигање на конструкцијата со дигалки и багери засега се неуспешни, а спасувачите не можат да ја утврдат положбата на момчето, јавуваат медиумите. Спасувачите пумпаа кислород во структурата и ја омекнаа земјата околу неа, но оттогаш таа малку се навали, што ги комплицираше напорите за опоравување, пренесува Ројтерс.

The post Спасувачи во Виетнам втор ден се обидуваат да ослободат момче заглавено во бетонски столб appeared first on Република.

]]>
Виетнамскиот министер за здравство е уапсен поради „пумпање“ на цени на тестови за Ковид https://arhiva3.republika.mk/vesti/vietnamskiot-minister-za-zdravstvo-e-uapsen-poradi-pumpanje-na-ceni-na-testovi-za-kovid/ Wed, 08 Jun 2022 08:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=512539

Виетнамскиот министер за здравство Нгујен Тан Лонг и градоначалникот на Ханој Чу Нгок Ан се уапсени во истрага за вештачко зголемување на цените на тестови за ковид.

Нгуен Тан Лонг е сменет од министерската функција, а Чу Нгук Ан, поранешен министер за наука е сменет од функцијата градоначалник, јавија виетнамските медиуми. Истрагата против нив се заснова на сомнежи за злоупотреба на службената положба. И двајцата се исклучени од владејачката виетнамска комунистичка партија.

Истражните органи претходно открија дека Министерството за здравство и Министерството за наука и дозволиле на „Виет А Технолоџи“ (Viet A Technology) да ги напумпа цените за комплетите за тестирање за Ковид доставени до болниците и здравствените центри во Виетнам.

Речиси 60 лица се приведени или се под истрага во врска со случајот, вклучувајќи министерски службеници, здравствени експерти и виетнамски армиски генерали.

Извршниот директор на „Виет А“ беше уапсен во декември. Тој признал дека компанијата продавала комплет со тест за ковид по цена од околу 20 долари, што е 45 отсто поскапо од првичната цена на комплетот.

 

The post Виетнамскиот министер за здравство е уапсен поради „пумпање“ на цени на тестови за Ковид appeared first on Република.

]]>

Виетнамскиот министер за здравство Нгујен Тан Лонг и градоначалникот на Ханој Чу Нгок Ан се уапсени во истрага за вештачко зголемување на цените на тестови за ковид. Нгуен Тан Лонг е сменет од министерската функција, а Чу Нгук Ан, поранешен министер за наука е сменет од функцијата градоначалник, јавија виетнамските медиуми. Истрагата против нив се заснова на сомнежи за злоупотреба на службената положба. И двајцата се исклучени од владејачката виетнамска комунистичка партија. Истражните органи претходно открија дека Министерството за здравство и Министерството за наука и дозволиле на „Виет А Технолоџи“ (Viet A Technology) да ги напумпа цените за комплетите за тестирање за Ковид доставени до болниците и здравствените центри во Виетнам. Речиси 60 лица се приведени или се под истрага во врска со случајот, вклучувајќи министерски службеници, здравствени експерти и виетнамски армиски генерали. Извршниот директор на „Виет А“ беше уапсен во декември. Тој признал дека компанијата продавала комплет со тест за ковид по цена од околу 20 долари, што е 45 отсто поскапо од првичната цена на комплетот.  

The post Виетнамскиот министер за здравство е уапсен поради „пумпање“ на цени на тестови за Ковид appeared first on Република.

]]>
Ова е најдолгиот стаклен мост во светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ova-e-najdolgiot-staklen-most-vo-svetot/ Sat, 30 Apr 2022 20:45:12 +0000 https://republika.mk/?p=495855

Мостот е отворен по повод 47-годишнината од крајот на Виетнамската војна, мостот Бел змеј, кој е долг 632 метри и се состои од три слоја калено стакло со дебелина од 40 милиметри.

Најдолгиот мост во светот со стаклен под е отворен за сите храбри патници, подготвени да го поминат меѓу две планини во Виетнам.

Изграден во планинска област на северот од земјата, мостот со стаклено дно е најновата атракција во областа, која веќе е една од најпопуларните туристички дестинации во земјата, објавија локалните медиуми.

https://www.youtube.com/watch?v=X7mpERyCzWI

The post Ова е најдолгиот стаклен мост во светот appeared first on Република.

]]>

Мостот е отворен по повод 47-годишнината од крајот на Виетнамската војна, мостот Бел змеј, кој е долг 632 метри и се состои од три слоја калено стакло со дебелина од 40 милиметри. Најдолгиот мост во светот со стаклен под е отворен за сите храбри патници, подготвени да го поминат меѓу две планини во Виетнам. Изграден во планинска област на северот од земјата, мостот со стаклено дно е најновата атракција во областа, која веќе е една од најпопуларните туристички дестинации во земјата, објавија локалните медиуми. https://www.youtube.com/watch?v=X7mpERyCzWI

The post Ова е најдолгиот стаклен мост во светот appeared first on Република.

]]>