виенска иницијатива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vienska-initsijativa/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Mar 2023 07:14:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png виенска иницијатива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vienska-initsijativa/ 32 32 Годишна конференција на Виенската иницијатива https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/godishna-konferentsija-na-vienskata-initsijativa/ Thu, 23 Mar 2023 07:14:36 +0000 https://republika.mk/?p=622653

Народната банка денеска и утре ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите. Настанот се одржува во Скопје, а поздравни обраќања ќе имаат гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Хрватска Народна банка Борис Вујчиќ.

Настанот првпат се организира во Република Македонија и првпат во земја која е надвор од Европската Унија.

Темата на првиот панел е монетарната и фискалната политика во свет со висока инфлација, на кој ќе учествуваат Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка, Петер Кажимир, гувернер на Народната банка на Словачка, Радоје Жугиќ, гувернер на Централната банка на Црна Гора, Фатмир Бесими, министер за финансии и Лилјана Павлова, потпретседателка на Европската инвестициска банка.

На форумот ќе учествуваат над 80 странски гости, високи претставници од меѓународните финансиски институции, гувернери на централни банки, вицегувернери, претставници од повеќе банки и домашни учесници. Учесниците доаѓаат од 14 земји од Европа.

Во текот на овогодишниот форум ќе бидат дискутирани поголем број круцијални теми како клучните предизвици за монетарната и фискалната политика во време на инфлациски предизвици, предизвиците за банкарскиот сектор, зелена транзиција, финансиите во развој и новите технолошки решенија и други актуелни теми.

Виенската иницијатива е рамка за заштита на финансиската стабилност за регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа. Иницијативата беше формирана за време на првиот бран на глобалната финансиска криза во јануари 2009 година. Таа ги обединува сите релевантни засегнати страни од јавниот и приватниот сектор активни во регионот. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европска инвестициска банка (ЕИБ). Меѓународен монетарен фонд (ММФ) и Светската банка и Европската комисија одиграа клучна улога во креирањето и понатамошниот развој на Виенската иницијатива.

Виенската иницијатива беше замислена како платформа за донесување одлуки и координација на активностите на сите релевантни чинители, која имаше за цел спречување системска банкарска криза и избегнување масовно и ненадејно раздолжување на банкарските групи присутни преку свои подружници и филијали во Централна и Југоисточна Европа.

Надградената рамка за соработка, Виенската иницијатива 2.0 се надоврзува на успехот на Виенската иницијатива 1.0. Целта на Виенската иницијатива 2.0 е да се постигнат практични резултати преку следење и известување за процесот на раздолжување меѓу банките, следење на стратегиите на матичните банки во регионот, нивната кредитна активност, следење на нивото на нефункционални кредити и мерките кои регулаторите во земјите во регионот ги преземаа заради справување со постикризното високо ниво нa нефункционални кредити.

Во фокусот на овој форум се и други актуелни теми, како што се зелените финансии и влијанието на ризиците од климатските промени врз финансиската стабилност, современите трендови во финансиите, дигитализацијата, финтекот и слично.

Географската покриеност на Иницијативата се протега и надвор од границите на Европската унија и ги вклучува земјите од Централна и Југоисточна Европа. Виенската иницијатива 2.0 е предводена од Управен комитет, со кој претседава Борис Вујичиќ, гувернер на Хрватската централна банка. Виенската Иницијатива претходно има одржувано форуми во Сплит, Виена, Лондон, Луксембург, Варшава и Брисел.

The post Годишна конференција на Виенската иницијатива appeared first on Република.

]]>

Народната банка денеска и утре ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите. Настанот се одржува во Скопје, а поздравни обраќања ќе имаат гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Хрватска Народна банка Борис Вујчиќ. Настанот првпат се организира во Република Македонија и првпат во земја која е надвор од Европската Унија. Темата на првиот панел е монетарната и фискалната политика во свет со висока инфлација, на кој ќе учествуваат Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка, Петер Кажимир, гувернер на Народната банка на Словачка, Радоје Жугиќ, гувернер на Централната банка на Црна Гора, Фатмир Бесими, министер за финансии и Лилјана Павлова, потпретседателка на Европската инвестициска банка. На форумот ќе учествуваат над 80 странски гости, високи претставници од меѓународните финансиски институции, гувернери на централни банки, вицегувернери, претставници од повеќе банки и домашни учесници. Учесниците доаѓаат од 14 земји од Европа. Во текот на овогодишниот форум ќе бидат дискутирани поголем број круцијални теми како клучните предизвици за монетарната и фискалната политика во време на инфлациски предизвици, предизвиците за банкарскиот сектор, зелена транзиција, финансиите во развој и новите технолошки решенија и други актуелни теми. Виенската иницијатива е рамка за заштита на финансиската стабилност за регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа. Иницијативата беше формирана за време на првиот бран на глобалната финансиска криза во јануари 2009 година. Таа ги обединува сите релевантни засегнати страни од јавниот и приватниот сектор активни во регионот. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европска инвестициска банка (ЕИБ). Меѓународен монетарен фонд (ММФ) и Светската банка и Европската комисија одиграа клучна улога во креирањето и понатамошниот развој на Виенската иницијатива. Виенската иницијатива беше замислена како платформа за донесување одлуки и координација на активностите на сите релевантни чинители, која имаше за цел спречување системска банкарска криза и избегнување масовно и ненадејно раздолжување на банкарските групи присутни преку свои подружници и филијали во Централна и Југоисточна Европа. Надградената рамка за соработка, Виенската иницијатива 2.0 се надоврзува на успехот на Виенската иницијатива 1.0. Целта на Виенската иницијатива 2.0 е да се постигнат практични резултати преку следење и известување за процесот на раздолжување меѓу банките, следење на стратегиите на матичните банки во регионот, нивната кредитна активност, следење на нивото на нефункционални кредити и мерките кои регулаторите во земјите во регионот ги преземаа заради справување со постикризното високо ниво нa нефункционални кредити. Во фокусот на овој форум се и други актуелни теми, како што се зелените финансии и влијанието на ризиците од климатските промени врз финансиската стабилност, современите трендови во финансиите, дигитализацијата, финтекот и слично. Географската покриеност на Иницијативата се протега и надвор од границите на Европската унија и ги вклучува земјите од Централна и Југоисточна Европа. Виенската иницијатива 2.0 е предводена од Управен комитет, со кој претседава Борис Вујичиќ, гувернер на Хрватската централна банка. Виенската Иницијатива претходно има одржувано форуми во Сплит, Виена, Лондон, Луксембург, Варшава и Брисел.

The post Годишна конференција на Виенската иницијатива appeared first on Република.

]]>