виена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viena/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 05:09:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png виена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/viena/ 32 32 Публиката во „Ehrbar Saal“ во Виена воодушевена со извици „Браво“ и долги аплаузи го поздрави настапот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/publikata-vo-ehrbar-saal-vo-viena-voodushevena-so-izvitsi-bravo-i-dolgi-aplauzi-go-pozdravi-nastapot-na-kamerniot-orkestar-na-natsionalnata-opera-i-balet/ Tue, 08 Oct 2024 22:29:43 +0000 https://republika.mk/?p=824360

Виена - Познатата „Ehrbar Saal“ во Виена синоќа исполнета до последното место и со извици „Браво“ и долги аплаузи публиката го поздрави настапот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет.

Редот за билети беше голем уште пред почетокот на концертот, а настапот беше проследен и од локални медиумски куќи.

Концертот го следеше и министерот за култура, Зоран Љутков, македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, како и амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници на дипломатскиот кор во земјата и љубители и почитувачи на македонската култура.

Под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, пред виенската публика беа изведени композиции од Пучини, Бритен, Цанев, Аврамовски, Имери и Шуплевски.

Специјална гостинка на вечерта беше истакнатата пијанистка Горјана Стојановска, чиј виртуозен настап ја збогати уникатна можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена, продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурната размена и промоција на македонската уметност во светот.

The post Публиката во „Ehrbar Saal“ во Виена воодушевена со извици „Браво“ и долги аплаузи го поздрави настапот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

Виена - Познатата „Ehrbar Saal“ во Виена синоќа исполнета до последното место и со извици „Браво“ и долги аплаузи публиката го поздрави настапот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет. Редот за билети беше голем уште пред почетокот на концертот, а настапот беше проследен и од локални медиумски куќи. Концертот го следеше и министерот за култура, Зоран Љутков, македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, како и амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници на дипломатскиот кор во земјата и љубители и почитувачи на македонската култура. Под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, пред виенската публика беа изведени композиции од Пучини, Бритен, Цанев, Аврамовски, Имери и Шуплевски. Специјална гостинка на вечерта беше истакнатата пијанистка Горјана Стојановска, чиј виртуозен настап ја збогати уникатна можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена, продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурната размена и промоција на македонската уметност во светот.

The post Публиката во „Ehrbar Saal“ во Виена воодушевена со извици „Браво“ и долги аплаузи го поздрави настапот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerot-lutkov-na-otvoraneto-na-golemata-izlozhba-na-rembrant-vo-viena/ Tue, 08 Oct 2024 10:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=824168

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија.

Овој голем настан е уникатен зашто за прв пат во овој музеј и во Виена се изложуваат над 60 дела од славниот сликар од 17 век, а се позајмени од многу институции од повеќе држави од светот. Станува збор за изложба на дела од Рембрант од перспектива на неговиот талентиран ученик Хогстратен.

На големиот настан присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Австрија, Освит Росоклија, а министерот Љутков оствари средба и со директорката на Музејот, Сабина Хаг. Изложбата се најавува како исклучителен настан за европската култура зашто изобилува со ретка меѓународна збирка на ремек-дела од Рембрант, дава увид во холандското барокно сликарство, но и ја осветлува поврзаноста меѓу Рембрант и Хогстратен вклопена во изложба надградена со виртуелната реалност.

Министерот Љутков вечер ќе присуствува на концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, кој гостува во „Ehrbar Saal“ во Виена.

The post Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија. Овој голем настан е уникатен зашто за прв пат во овој музеј и во Виена се изложуваат над 60 дела од славниот сликар од 17 век, а се позајмени од многу институции од повеќе држави од светот. Станува збор за изложба на дела од Рембрант од перспектива на неговиот талентиран ученик Хогстратен. На големиот настан присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Австрија, Освит Росоклија, а министерот Љутков оствари средба и со директорката на Музејот, Сабина Хаг. Изложбата се најавува како исклучителен настан за европската култура зашто изобилува со ретка меѓународна збирка на ремек-дела од Рембрант, дава увид во холандското барокно сликарство, но и ја осветлува поврзаноста меѓу Рембрант и Хогстратен вклопена во изложба надградена со виртуелната реалност. Министерот Љутков вечер ќе присуствува на концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, кој гостува во „Ehrbar Saal“ во Виена.

The post Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена appeared first on Република.

]]>
Протести во Виена против можната екстремно десничарска влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/protesti-vo-viena-protiv-mozhnata-ekstremno-desnicharska-vlada/ Fri, 04 Oct 2024 08:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=822500

Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците на Виена, протестирајќи против можноста екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) да биде дел од новата влада.

Организаторите тврдат дека се собрале околу 25.000 луѓе, додека полицијата не излезе со официјални бројки. Популистичката ФПО победи на изборите одржани во неделата со околу 29 проценти од гласовите.

Повеќето од останатите политички партии ја отфрлија можноста за коалиција со десничарите. Конзервативната Австриска народна партија, предводена од канцеларот Карл Нехамер, изрази подготвеност за соработка, но под услов лидерот на ФПО, Херберт Кикл, да не презема никакви државни функции.

Кикл, сепак, има амбиции да стане канцелар.

Демонстрантите поминаа низ центарот на градот и се собраа пред Парламентот носејќи транспаренти со натписи „Не во коалиција со нацистите“. На еден од плакатите Кикл е прикажан како марионета контролирана од рускиот претседател Владимир Путин, поради обвиненијата дека има проруски ставови.

Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, денеска треба да започне разговори за формирање нова влада со сите политички лидери, почнувајќи со Кикл. ссм

The post Протести во Виена против можната екстремно десничарска влада appeared first on Република.

]]>

Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците на Виена, протестирајќи против можноста екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) да биде дел од новата влада. Организаторите тврдат дека се собрале околу 25.000 луѓе, додека полицијата не излезе со официјални бројки. Популистичката ФПО победи на изборите одржани во неделата со околу 29 проценти од гласовите. Повеќето од останатите политички партии ја отфрлија можноста за коалиција со десничарите. Конзервативната Австриска народна партија, предводена од канцеларот Карл Нехамер, изрази подготвеност за соработка, но под услов лидерот на ФПО, Херберт Кикл, да не презема никакви државни функции. Кикл, сепак, има амбиции да стане канцелар. Демонстрантите поминаа низ центарот на градот и се собраа пред Парламентот носејќи транспаренти со натписи „Не во коалиција со нацистите“. На еден од плакатите Кикл е прикажан како марионета контролирана од рускиот претседател Владимир Путин, поради обвиненијата дека има проруски ставови. Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, денеска треба да започне разговори за формирање нова влада со сите политички лидери, почнувајќи со Кикл. ссм

The post Протести во Виена против можната екстремно десничарска влада appeared first on Република.

]]>
Со македонски евергрини битолскиот Камерен оркестар ќе настапи во Виена https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/so-makedonski-evergrini-bitolskiot-kameren-orkestar-ke-nastapi-vo-viena/ Sun, 08 Sep 2024 09:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=814302

Националната установа Камерен Оркестар на Битола, утревечер во Виена, во црквата „Св. Ана“, ќе го презентира проектот „Македонски евергрини и повеќе“.

Во главниот австриски град, Камерниот оркестар на Битола ќе ги придружува солистите Ирена Крстеска, која е дел од Штац опера во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар и Ристо Самарџиев.

Како што е познато, под диригентска палка на Владимир Димовски, камерниот оркестар на Битола годинава гостуваше во Рим, како дел од културната програма за одбележување на 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, а утревечер по повод Денот на независноста, македонските музичари ќе настапат во Виена, еден од најзначајните музички центри во светот, информираа од таа национална установа со седиште во Битола.

The post Со македонски евергрини битолскиот Камерен оркестар ќе настапи во Виена appeared first on Република.

]]>

Националната установа Камерен Оркестар на Битола, утревечер во Виена, во црквата „Св. Ана“, ќе го презентира проектот „Македонски евергрини и повеќе“. Во главниот австриски град, Камерниот оркестар на Битола ќе ги придружува солистите Ирена Крстеска, која е дел од Штац опера во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар и Ристо Самарџиев. Како што е познато, под диригентска палка на Владимир Димовски, камерниот оркестар на Битола годинава гостуваше во Рим, како дел од културната програма за одбележување на 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, а утревечер по повод Денот на независноста, македонските музичари ќе настапат во Виена, еден од најзначајните музички центри во светот, информираа од таа национална установа со седиште во Битола.

The post Со македонски евергрини битолскиот Камерен оркестар ќе настапи во Виена appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Антоанета призна дека со службена картичка платила 1200 евра за трособен стан во Виена за 4 ноќи, иако во околината има хотелско сместување трипати поевтино https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-antoaneta-prizna-deka-so-sluzhbena-kartichka-platila-1200-evra-za-trosoben-stan-vo-viena-za-4-noki-iako-vo-okolinata-ima-hotelsko-smestuvane-tripati-poevtino/ Wed, 28 Aug 2024 14:40:01 +0000 https://republika.mk/?p=810947

Антоанета призна дека со службена картичка платила 1200 евра за трособен стан во Виена за 4 ноќи, иако во околината има хотелско сместување 3 пати поевтино, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бисера Антоанета без грам срам вели дека изнајмила трособен стан, и дека тоа не било скапо.

Еве Антоанета во продолжение на оваа реакција ти праќаме извадок од Booking, од кој се гледа дека во луксузен хотел како што е Hampton by Hilton си можела да платиш три пати поевтино, но и да имаш доручек вклучен во ноќевањето.

И за крај, уште не одговори Бисера Антоанета зошто изнајмила трособен стан, наместо хотелска соба? Која е потребата Антоанета?

The post ВМРО-ДПМНЕ: Антоанета призна дека со службена картичка платила 1200 евра за трособен стан во Виена за 4 ноќи, иако во околината има хотелско сместување трипати поевтино appeared first on Република.

]]>

Антоанета призна дека со службена картичка платила 1200 евра за трособен стан во Виена за 4 ноќи, иако во околината има хотелско сместување 3 пати поевтино, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Бисера Антоанета без грам срам вели дека изнајмила трособен стан, и дека тоа не било скапо.
Еве Антоанета во продолжение на оваа реакција ти праќаме извадок од Booking, од кој се гледа дека во луксузен хотел како што е Hampton by Hilton си можела да платиш три пати поевтино, но и да имаш доручек вклучен во ноќевањето. И за крај, уште не одговори Бисера Антоанета зошто изнајмила трособен стан, наместо хотелска соба? Која е потребата Антоанета?

The post ВМРО-ДПМНЕ: Антоанета призна дека со службена картичка платила 1200 евра за трособен стан во Виена за 4 ноќи, иако во околината има хотелско сместување трипати поевтино appeared first on Република.

]]>
Заемна посветеност со Австрија за успешна навигација низ ЕУ процесот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaemna-posvetenost-so-avstrija-za-uspeshna-navigatsija-niz-eu-protsesot/ Wed, 28 Aug 2024 12:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=810865

Во рамки на својата прва работна посета на Австрија, министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Виена оствари средба со сојузната министерка за ЕУ и Устав на Австрија, Каролине Едштадлер, на која се дискутираше за зајакнување на билатералните односи и унапредување на процесот на европска интеграција на Македонија, со посебен акцент на политиката на проширување на ЕУ и неодамна воведениот План за раст за Западен Балкан.

Клучна тема на дискусија беше Нацрт-агендата за реформи 2024-2027, која министерот Муртезани ја претстави како сеопфатен и кохезивен пакет на мерки дизајниран за забрзување на економската конвергенција на Македонија со Европската Унија. Агендата за реформи опфаќа серија на квантитативни и квалитативни иницијативи со цел намалување на економските разлики, зголемување на конкурентноста и обезбедување на исполнување на строгите стандарди на ЕУ.

„Агендата за реформи не е само стратешки план, туку сведоштво за нашата посветеност кон усогласување со европските стандарди и унапредување на нашиот процес за пристапување во ЕУ,“ нагласи министерот Муртезани. „Со поддршка од партнери како Австрија и рамката обезбедена од Планот за раст за Западен Балкан, уверени сме дека ќе постигнеме конкретен напредок кон целосното членство во Унијата.“

На состанокот беа реафирмирани цврстите пријателски односи помеѓу Австрија и Македонија. Министерот Муртезани изрази благодарност за континуираната принципиелна и гласна поддршка на Австрија за европскиот пат на земјата, како и за нејзината активна улога во промовирањето на политиката на проширување во рамките на ЕУ. Тој, исто така, го нагласи потенцијалот за понатамошна соработка под новата Регионална стратегија на Австриската развојна соработка за Западен Балкан, која ќе се спроведува од 2024 година. Оваа стратегија нуди рамка за ангажманот на Австрија во регионот, со можности за билатерални и регионални проекти во клучни области како што се добро управување и владеење на правото, одржлив и инклузивен социјален и економски развој, клима и животна средина.

Министерката Едштадлер ја потврди посветеноста на Австрија за поддршка на Македонија на нејзиниот пат кон членството во ЕУ, потенцирајќи го стратешкото значење на Западен Балкан за европската стабилност и безбедност. Двајцата министри се согласија за потребата од продолжување на соработката и дијалогот за да се обезбеди успешна навигација на Македонија низ предизвиците на процесот на ЕУ интеграција.

Министрите изразија подготвеност за заемна посветеност за продлабочување на билатералните односи и заедничка работа за постигнување на европските интегративни цели на Македонија, со Нацрт-агендата за реформи и Планот за раст како клучни компоненти на овој тековен процес.

The post Заемна посветеност со Австрија за успешна навигација низ ЕУ процесот appeared first on Република.

]]>

Во рамки на својата прва работна посета на Австрија, министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Виена оствари средба со сојузната министерка за ЕУ и Устав на Австрија, Каролине Едштадлер, на која се дискутираше за зајакнување на билатералните односи и унапредување на процесот на европска интеграција на Македонија, со посебен акцент на политиката на проширување на ЕУ и неодамна воведениот План за раст за Западен Балкан. Клучна тема на дискусија беше Нацрт-агендата за реформи 2024-2027, која министерот Муртезани ја претстави како сеопфатен и кохезивен пакет на мерки дизајниран за забрзување на економската конвергенција на Македонија со Европската Унија. Агендата за реформи опфаќа серија на квантитативни и квалитативни иницијативи со цел намалување на економските разлики, зголемување на конкурентноста и обезбедување на исполнување на строгите стандарди на ЕУ. „Агендата за реформи не е само стратешки план, туку сведоштво за нашата посветеност кон усогласување со европските стандарди и унапредување на нашиот процес за пристапување во ЕУ,“ нагласи министерот Муртезани. „Со поддршка од партнери како Австрија и рамката обезбедена од Планот за раст за Западен Балкан, уверени сме дека ќе постигнеме конкретен напредок кон целосното членство во Унијата.“ На состанокот беа реафирмирани цврстите пријателски односи помеѓу Австрија и Македонија. Министерот Муртезани изрази благодарност за континуираната принципиелна и гласна поддршка на Австрија за европскиот пат на земјата, како и за нејзината активна улога во промовирањето на политиката на проширување во рамките на ЕУ. Тој, исто така, го нагласи потенцијалот за понатамошна соработка под новата Регионална стратегија на Австриската развојна соработка за Западен Балкан, која ќе се спроведува од 2024 година. Оваа стратегија нуди рамка за ангажманот на Австрија во регионот, со можности за билатерални и регионални проекти во клучни области како што се добро управување и владеење на правото, одржлив и инклузивен социјален и економски развој, клима и животна средина. Министерката Едштадлер ја потврди посветеноста на Австрија за поддршка на Македонија на нејзиниот пат кон членството во ЕУ, потенцирајќи го стратешкото значење на Западен Балкан за европската стабилност и безбедност. Двајцата министри се согласија за потребата од продолжување на соработката и дијалогот за да се обезбеди успешна навигација на Македонија низ предизвиците на процесот на ЕУ интеграција. Министрите изразија подготвеност за заемна посветеност за продлабочување на билатералните односи и заедничка работа за постигнување на европските интегративни цели на Македонија, со Нацрт-агендата за реформи и Планот за раст како клучни компоненти на овој тековен процес.

The post Заемна посветеност со Австрија за успешна навигација низ ЕУ процесот appeared first on Република.

]]>
Костадиновска – Стојчевска со службената картичка во Виена за четири ноќи изнајмила трособен стан од 1200 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovska-stojchevska-so-sluzhbenata-kartichka-vo-viena-za-chetiri-noki-iznajmila-trosoben-stan-od-1200-evra/ Wed, 28 Aug 2024 11:02:16 +0000 https://republika.mk/?p=810841

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска на прес-конференција соопшти дека поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска со службената картичка во Виена за четири ноќи изнајмила трособен стан со поглед на градскиот парк од 1200 евра.

- Бисера не би била вистинска Антоанета, ако своите манири за раскош и луксуз не ги манифестирала во Виена, родното место на историската Антоанета. Бисера Антоанета дословно се потрудила да потсеќа на историскиот оригинал и за само четири дена во Виена потрошила 3061 евра народни пари, за луксуз и раскош. Од 07 декември 2023 година до 11 декември 2023 година, Бисера Антоанета сама престојувала во Виена, со неа немало придружба од Министерството за култура или владата, изјави Лефков, кој додаде дека нејасна е и целта на патувањето.

Наместо да изнајми хотелска соба, како што рече, таа со службената картичка со народни пари изнајмила трособен стан од 70 метри квадратни во центарот на Виена веднаш до Палата Кобург, Виенската Опера, најелитните хотели и седиштето на ОПЕК. Стан од 70 метри квадратни е стан во кој во Македонија живеат четиричлени семејства.

- Во Виена Бисера Антоанета си го приуштила тоа задоволство сама на себе. За само четири ноќи Бисера Антоанета платила 1213 евра или 74.599 илјади денари за трособниот стан. И тоа кога во непосредна близина каде што била сместена има елитни хотели каде ноќевање со доручек чини 9000 денари, а хотел со нормални карактеристики може да се најде и за 6000 денари. Која била потребата на Бисера Антоанета да изнајми трособен стан за 1200 евра за четири ноќи во Виена со поглед на Виенскиот парк? Бисера Антоанета уживала четири ноќи во трособен стан со поглед на Виенскиот парк, рече Лефков.

За да отпатува во Виена, како што рече, Бисера Антоанета си купила повратна авионска карта од Охрид до Виена за 385 евра кои ги платила првo приватно, а потоа од Министерството за култура ги подигнала парите во кеш, како репрезентација.

- Не јасно е што правела Антоанета во Виена четири 4 дена? Која била потребата од ова патување и зошто наместо луксузен трособен стан не изнајмила хотелска соба која е и до четири пати поевтина? Антоанета очекуваме одговори. А за твоите прошетки низ Виена и како си трошела народни пари продолжуваме утре, најави Лефков.

The post Костадиновска – Стојчевска со службената картичка во Виена за четири ноќи изнајмила трособен стан од 1200 евра appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска на прес-конференција соопшти дека поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска со службената картичка во Виена за четири ноќи изнајмила трособен стан со поглед на градскиот парк од 1200 евра. - Бисера не би била вистинска Антоанета, ако своите манири за раскош и луксуз не ги манифестирала во Виена, родното место на историската Антоанета. Бисера Антоанета дословно се потрудила да потсеќа на историскиот оригинал и за само четири дена во Виена потрошила 3061 евра народни пари, за луксуз и раскош. Од 07 декември 2023 година до 11 декември 2023 година, Бисера Антоанета сама престојувала во Виена, со неа немало придружба од Министерството за култура или владата, изјави Лефков, кој додаде дека нејасна е и целта на патувањето. Наместо да изнајми хотелска соба, како што рече, таа со службената картичка со народни пари изнајмила трособен стан од 70 метри квадратни во центарот на Виена веднаш до Палата Кобург, Виенската Опера, најелитните хотели и седиштето на ОПЕК. Стан од 70 метри квадратни е стан во кој во Македонија живеат четиричлени семејства. - Во Виена Бисера Антоанета си го приуштила тоа задоволство сама на себе. За само четири ноќи Бисера Антоанета платила 1213 евра или 74.599 илјади денари за трособниот стан. И тоа кога во непосредна близина каде што била сместена има елитни хотели каде ноќевање со доручек чини 9000 денари, а хотел со нормални карактеристики може да се најде и за 6000 денари. Која била потребата на Бисера Антоанета да изнајми трособен стан за 1200 евра за четири ноќи во Виена со поглед на Виенскиот парк? Бисера Антоанета уживала четири ноќи во трособен стан со поглед на Виенскиот парк, рече Лефков. За да отпатува во Виена, како што рече, Бисера Антоанета си купила повратна авионска карта од Охрид до Виена за 385 евра кои ги платила првo приватно, а потоа од Министерството за култура ги подигнала парите во кеш, како репрезентација. - Не јасно е што правела Антоанета во Виена четири 4 дена? Која била потребата од ова патување и зошто наместо луксузен трособен стан не изнајмила хотелска соба која е и до четири пати поевтина? Антоанета очекуваме одговори. А за твоите прошетки низ Виена и како си трошела народни пари продолжуваме утре, најави Лефков.

The post Костадиновска – Стојчевска со службената картичка во Виена за четири ноќи изнајмила трособен стан од 1200 евра appeared first on Република.

]]>
Симон Трпчески одржа концерти во Монте Карло и Амстердам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/simon-trpcheski-odrzha-kontserti-vo-monte-karlo-i-amsterdam/ Thu, 22 Aug 2024 07:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=808912

Македонскиот пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Амстердам заедно со Романскиот камерен оркестар и маестро Габриел Бебешелеа. На истиот, Трпчески го изведе Концертот број два од Рахмањинов.

Благодарност до публиката, вклучително и моите драги пријатели од Македонија кои дојдоа да не поддржат. Фантастично чувство за освежување на спомените од моите претходни концерти во Амстердам, за моето прво враќање во оваа сала после Ковид пандемијата“, истакна Трпчески.

Претходно тој настапи во „Палатата на Принцот“каде го заокружи своето гостување како резиденцијален артист на Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, во чии рамки одржа серија концерти во тековната сезона 2023/24 година. Во рамките на резиденцијалниот престој што започна во октомври, минатата година, кога Трпчески на сцената во салата „Рение Трети“ со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло настапи со вториот концерт за пијано и оркестар од Рахманинов, веќе во јануари годинава заедно со своите пријатели Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев го изведе проектот Македонисимо.

Следуваше целовечерен рецитал на кој Трпчески исполни програма со дела од Шопен, Моцарт, Чајковски/Плетњев, Бетовен и Прокофјев.

The post Симон Трпчески одржа концерти во Монте Карло и Амстердам appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Амстердам заедно со Романскиот камерен оркестар и маестро Габриел Бебешелеа. На истиот, Трпчески го изведе Концертот број два од Рахмањинов.
Благодарност до публиката, вклучително и моите драги пријатели од Македонија кои дојдоа да не поддржат. Фантастично чувство за освежување на спомените од моите претходни концерти во Амстердам, за моето прво враќање во оваа сала после Ковид пандемијата“, истакна Трпчески.
Претходно тој настапи во „Палатата на Принцот“каде го заокружи своето гостување како резиденцијален артист на Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, во чии рамки одржа серија концерти во тековната сезона 2023/24 година. Во рамките на резиденцијалниот престој што започна во октомври, минатата година, кога Трпчески на сцената во салата „Рение Трети“ со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло настапи со вториот концерт за пијано и оркестар од Рахманинов, веќе во јануари годинава заедно со своите пријатели Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев го изведе проектот Македонисимо. Следуваше целовечерен рецитал на кој Трпчески исполни програма со дела од Шопен, Моцарт, Чајковски/Плетњев, Бетовен и Прокофјев.

The post Симон Трпчески одржа концерти во Монте Карло и Амстердам appeared first on Република.

]]>
Виена под вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/viena-pod-voda/ Sun, 18 Aug 2024 16:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=807708

Обилните врнежи ги зафатија австриските алпски региони и оставија делови од Виена под вода за време на викендот, предизвикувајќи голема штета во делови од земјата и прекинувајќи ги патните и железничките услуги, соопштија властите.

Буици матна вода носеа автомобили низ ски-центарот Свети Антон во западна Австрија.


Во меѓувреме, рекордни количини на врнежи погодија делови од Виена на истокот од земјата, јави државната телевизија ОРФ.

Силните бури предизвикаа големи штети во многу делови на Австрија, објави на Икс австрискиот канцелар Карл Нехамер, заблагодарувајќи им се на официјалните лица кои работат на отстранување на штетите.

Пожарникарите во Виена вчера интервенираа повеќе од 450 пати бидејќи обилниот дожд предизвикаа хаос во сообраќајот и го прекинаа железничкиот сообраќај.

Во виенската област Доблинг регистрирани се 110 литри дожд на метар квадратен, што е рекордна количина дожд за месец август во Виена. Во просек, во август врне вкупно 68 литри дожд на квадратен метар, а рекордот на сите времиња е поставен на 15 мај 1885 година, кога наврнале 139 литри.

The post Виена под вода appeared first on Република.

]]>

Обилните врнежи ги зафатија австриските алпски региони и оставија делови од Виена под вода за време на викендот, предизвикувајќи голема штета во делови од земјата и прекинувајќи ги патните и железничките услуги, соопштија властите. Буици матна вода носеа автомобили низ ски-центарот Свети Антон во западна Австрија. Во меѓувреме, рекордни количини на врнежи погодија делови од Виена на истокот од земјата, јави државната телевизија ОРФ.
Силните бури предизвикаа големи штети во многу делови на Австрија, објави на Икс австрискиот канцелар Карл Нехамер, заблагодарувајќи им се на официјалните лица кои работат на отстранување на штетите.
Пожарникарите во Виена вчера интервенираа повеќе од 450 пати бидејќи обилниот дожд предизвикаа хаос во сообраќајот и го прекинаа железничкиот сообраќај. Во виенската област Доблинг регистрирани се 110 литри дожд на метар квадратен, што е рекордна количина дожд за месец август во Виена. Во просек, во август врне вкупно 68 литри дожд на квадратен метар, а рекордот на сите времиња е поставен на 15 мај 1885 година, кога наврнале 139 литри.

The post Виена под вода appeared first on Република.

]]>
Австрија најавува нови мерки за борба против тероризмот по заговорот за напад на концертот на Тејлор Свифт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstrija-najavuva-novi-merki-za-borba-protiv-terorizmot-po-zagovorot-za-napad-na-kontsertot-na-tejlor-svift/ Tue, 13 Aug 2024 20:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=806261

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска изјави дека ќе преземе мерки за подобрување на капацитетот на земјата за борба против тероризмот, откако минатата недела властите спречија заговор за напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена.

Во објава на Икс, Нехамер посочи дека ќе претстави пакет мерки кои ќе овозможат „решителни акции против терористички активности“.

Објавата е поврзана со информациите на австрискиот весник „Кронен Цајтунг“, кој пишува дека канцеларот ќе предложи план од четири точки за зајакнување на безбедносните служби. На пример, службите ќе добијат овластувања за следење на пораките испраќани преку комуникациски апликации – нешто што моментално не е дозволено во Австрија.

По спречувањето на наводниот терористички заговор, Нехамер, кој ќе се бори за реизбор следниот месец, изјави дека Австрија треба да им даде на разузнавачките служби повеќе овластувања за дешифрирање на пораките.

Анкетите покажуваат дека главна закана за Австриската народна партија (АНП) на Нехамер е крајнодесната Австриска партија на слободата, која води во трката за победа на парламентарните избори на 29 септември. Партијата е против „исламизацијата“ на Австрија и ветува дека ќе го забрани политичкиот ислам.

Нехамер најави дека ќе ги претстави своите планови на седница на австрискиот Совет за национална безбедност подоцна денеска.

Според „Кронен Цајтунг“, пакетот вклучува предлози за борба против политичкиот ислам преку заострување на правилата за правото на собири за групи кои се сметаат за непријателски кон демократијата.

Други мерки се насочени кон дерадикализација на екстремисти и олеснување на задржувањето во притвор на малолетници осомничени за тешки кривични дела.

Австрија има строги закони за заштита на личната приватност, а напорите на АНП за олеснување на надзорот на комуникациските апликации се соочуваат со отпор од помалиот коалициски партнер – Зелените.

The post Австрија најавува нови мерки за борба против тероризмот по заговорот за напад на концертот на Тејлор Свифт appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска изјави дека ќе преземе мерки за подобрување на капацитетот на земјата за борба против тероризмот, откако минатата недела властите спречија заговор за напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена. Во објава на Икс, Нехамер посочи дека ќе претстави пакет мерки кои ќе овозможат „решителни акции против терористички активности“. Објавата е поврзана со информациите на австрискиот весник „Кронен Цајтунг“, кој пишува дека канцеларот ќе предложи план од четири точки за зајакнување на безбедносните служби. На пример, службите ќе добијат овластувања за следење на пораките испраќани преку комуникациски апликации – нешто што моментално не е дозволено во Австрија. По спречувањето на наводниот терористички заговор, Нехамер, кој ќе се бори за реизбор следниот месец, изјави дека Австрија треба да им даде на разузнавачките служби повеќе овластувања за дешифрирање на пораките. Анкетите покажуваат дека главна закана за Австриската народна партија (АНП) на Нехамер е крајнодесната Австриска партија на слободата, која води во трката за победа на парламентарните избори на 29 септември. Партијата е против „исламизацијата“ на Австрија и ветува дека ќе го забрани политичкиот ислам. Нехамер најави дека ќе ги претстави своите планови на седница на австрискиот Совет за национална безбедност подоцна денеска. Според „Кронен Цајтунг“, пакетот вклучува предлози за борба против политичкиот ислам преку заострување на правилата за правото на собири за групи кои се сметаат за непријателски кон демократијата. Други мерки се насочени кон дерадикализација на екстремисти и олеснување на задржувањето во притвор на малолетници осомничени за тешки кривични дела. Австрија има строги закони за заштита на личната приватност, а напорите на АНП за олеснување на надзорот на комуникациските апликации се соочуваат со отпор од помалиот коалициски партнер – Зелените.

The post Австрија најавува нови мерки за борба против тероризмот по заговорот за напад на концертот на Тејлор Свифт appeared first on Република.

]]>
Драма во болница во Виена: Маж си ја убил болната сопруга, па си пресудил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/drama-vo-bolnitsa-vo-viena-mazh-si-ja-ubil-bolnata-sopruga-pa-si-presudil/ Fri, 09 Aug 2024 18:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=804867

Во виенската болница Фаворитен се одвивала голема драма, пренесува Heute.

Според информациите на тој весник, пукањето се случило нешто по 14 часот на одделението за неврологија. Мажот наводно пукал со пиштол кон својата партнерка, при што жената се здобила со фатални повреди.

По крвавиот чин, мажот наводно го вперил оружјето кон себе.

На местото на настанот, покрај полицијата и итната помош, има и екипа за кризна интервенција.

Портпаролот на полицијата Матијас Шустер за Хеуте потврдил дека се работи за постар брачен пар. Мажот, како што се наведува, прво ја убил сопругата, а потоа и себеси во болничката соба. Заднината на овој настан се уште е нејасна.

Според информациите на Heute, се сомнева дека се работи за очајнички чин. Жената наводно била тешко болна.

Виенски Куриер јавува дека трагедијата се случила во собата на пациентката, која била далеку од другите пациенти. Според извештаите, медицинската сестра го слушнала пукањето и веднаш истрчала во собата.

Како што рекла, забележала маж со пиштол во раката.

Додека медицинската сестра отишла да ги алармира службите за итна помош, мажот наводно се застрелал.

Инцидентот го потврдија и од клиниката Фаворитен. Одговорните моментално ги собираат сите информации. Истрагата е во тек.

The post Драма во болница во Виена: Маж си ја убил болната сопруга, па си пресудил appeared first on Република.

]]>

Во виенската болница Фаворитен се одвивала голема драма, пренесува Heute. Според информациите на тој весник, пукањето се случило нешто по 14 часот на одделението за неврологија. Мажот наводно пукал со пиштол кон својата партнерка, при што жената се здобила со фатални повреди. По крвавиот чин, мажот наводно го вперил оружјето кон себе. На местото на настанот, покрај полицијата и итната помош, има и екипа за кризна интервенција. Портпаролот на полицијата Матијас Шустер за Хеуте потврдил дека се работи за постар брачен пар. Мажот, како што се наведува, прво ја убил сопругата, а потоа и себеси во болничката соба. Заднината на овој настан се уште е нејасна. Според информациите на Heute, се сомнева дека се работи за очајнички чин. Жената наводно била тешко болна. Виенски Куриер јавува дека трагедијата се случила во собата на пациентката, која била далеку од другите пациенти. Според извештаите, медицинската сестра го слушнала пукањето и веднаш истрчала во собата. Како што рекла, забележала маж со пиштол во раката. Додека медицинската сестра отишла да ги алармира службите за итна помош, мажот наводно се застрелал. Инцидентот го потврдија и од клиниката Фаворитен. Одговорните моментално ги собираат сите информации. Истрагата е во тек.

The post Драма во болница во Виена: Маж си ја убил болната сопруга, па си пресудил appeared first on Република.

]]>
Метата не била Свифт, туку да се убијат што повеќе луѓе – уапсениот е роден во Австрија, само родителите доаѓаат оттука https://arhiva3.republika.mk/vesti/metata-ne-bila-svift-tuku-da-se-ubijat-shto-poveke-luge-uapseniot-e-roden-vo-avstrija-samo-roditelite-doagaat-ottuka/ Thu, 08 Aug 2024 09:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=804492

Сите три концерти на мегаѕвездата Тејлор Свифт што требаше да се одржат во Виена се откажани, откако полицијата уапси две лица осомничени за планирање напади. Едното лице, 19-годишник, како што објавуваат австриските медиуми е со потекло од Македонија. Се трага по уште три лица.

Генералниот директор за јавна безбедност при австриското МВР, Франц Руф, го опиша 19-годишниот уапсен во Терниц како „непосреден главен сторител“, додека второто уапсено лице е 17-годишник, пренесува Австриската новинска агенција – АПА.

https://republika.mk/vesti/svet/19-godishnik-so-poteklo-od-makedonija-planiral-teroristichki-napad-na-kontsertite-na-tejlor-svift-vo-viena/

При вчерашниот претрес на куќа запленети се повеќе хемиски супстанци и технички средства. Тие сега ќе се оценуваат. Според Руф, пред само неколку недели, осомничениот дал заклетва за лојалност кон актуелниот водач на терористичката Исламска држава на Интернет.

Двајцата уапсени се родени во Австрија, родителите на 19-годишникот имаат корени од Македонија, а мајката на 17-годишната е Австријка, изјави генералниот директор за јавна безбедност Руф.

Апсењата на двајцата, според Руф „ја минимизираа заканата за оваа мала група“, а откажувањето на концертите на Тејлор Свифт беше „одлука и одговорност на организаторите“.

Руф потврдува дека имале дојава од странски служби, по што била спроведена истрага во комбинација со сознанијата на австриската разузнавачка служба.

Второто апсење, според австриските медиуми, е извршено вчера попладне во Виена, но се уште нема информации за осомничениот.

Основниот мотив на осомничениот за тероризам, чија цел бил еден од концертите на мегаѕвездата Телјор Свифт во Виена, било убивање на што е можно повеќе луѓе, објави денеска австрискиот весник „Кронен цајтунг“.

Очигледно 19-годишникот сакал да направи експлозив и за таа цел земал хемикалии од своето работно место, наведува весникот, додвајќи дека 19-годишникот бил со потекло од Македонија.

Масата обожаватели била цел, а не самата Тејлор Свифт, изјави извор од истрагата за весникот. Според весникот, напад со експлозиви за да се предизвика што поголема штета - тоа веројатно бил планот на осомничениот за тероризам.

The post Метата не била Свифт, туку да се убијат што повеќе луѓе – уапсениот е роден во Австрија, само родителите доаѓаат оттука appeared first on Република.

]]>

Сите три концерти на мегаѕвездата Тејлор Свифт што требаше да се одржат во Виена се откажани, откако полицијата уапси две лица осомничени за планирање напади. Едното лице, 19-годишник, како што објавуваат австриските медиуми е со потекло од Македонија. Се трага по уште три лица. Генералниот директор за јавна безбедност при австриското МВР, Франц Руф, го опиша 19-годишниот уапсен во Терниц како „непосреден главен сторител“, додека второто уапсено лице е 17-годишник, пренесува Австриската новинска агенција – АПА. https://republika.mk/vesti/svet/19-godishnik-so-poteklo-od-makedonija-planiral-teroristichki-napad-na-kontsertite-na-tejlor-svift-vo-viena/ При вчерашниот претрес на куќа запленети се повеќе хемиски супстанци и технички средства. Тие сега ќе се оценуваат. Според Руф, пред само неколку недели, осомничениот дал заклетва за лојалност кон актуелниот водач на терористичката Исламска држава на Интернет.
Двајцата уапсени се родени во Австрија, родителите на 19-годишникот имаат корени од Македонија, а мајката на 17-годишната е Австријка, изјави генералниот директор за јавна безбедност Руф.
Апсењата на двајцата, според Руф „ја минимизираа заканата за оваа мала група“, а откажувањето на концертите на Тејлор Свифт беше „одлука и одговорност на организаторите“. Руф потврдува дека имале дојава од странски служби, по што била спроведена истрага во комбинација со сознанијата на австриската разузнавачка служба. Второто апсење, според австриските медиуми, е извршено вчера попладне во Виена, но се уште нема информации за осомничениот. Основниот мотив на осомничениот за тероризам, чија цел бил еден од концертите на мегаѕвездата Телјор Свифт во Виена, било убивање на што е можно повеќе луѓе, објави денеска австрискиот весник „Кронен цајтунг“.
Очигледно 19-годишникот сакал да направи експлозив и за таа цел земал хемикалии од своето работно место, наведува весникот, додвајќи дека 19-годишникот бил со потекло од Македонија.
Масата обожаватели била цел, а не самата Тејлор Свифт, изјави извор од истрагата за весникот. Според весникот, напад со експлозиви за да се предизвика што поголема штета - тоа веројатно бил планот на осомничениот за тероризам.

The post Метата не била Свифт, туку да се убијат што повеќе луѓе – уапсениот е роден во Австрија, само родителите доаѓаат оттука appeared first on Република.

]]>
19-годишник со потекло од Македонија планирал терористички напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/19-godishnik-so-poteklo-od-makedonija-planiral-teroristichki-napad-na-kontsertite-na-tejlor-svift-vo-viena/ Thu, 08 Aug 2024 06:17:36 +0000 https://republika.mk/?p=804400

Трите концерти на американската пејачка Тејлор Свифт, кои требаше да се одржат во главниот град на Австрија, Виена, оваа недела, се откажани откако австриските власти уапсија две лица кои се сомничат дека планирале терористички напад за време на концертот.

Откако властите потврдија дека е планиран терористички напад на концертот на Тејлор Свифт на стадионот ‘Ернст Хапел’, немаме избор и мораме да ги откажеме трите закажани концерти за сигурноста и безбедноста на сите граѓани, се вели во објавата на промотерот „Баракуда мјузик“.

Кратко пред да биде објавено дека концертите се откажани, австриското министерство за внатрешни работи соопшти дека се уапсени две лица кои планирале терористички напад на концертот на американската ѕвезда, а главниот осомничен, според информации на весникот „Кронен цајтунг“, е 19-годишен Австриец со потекло од Македонија, кој живеел со своето семејство во градот Терниц.

Генералниот директор за јавна безбедност од австриското министерство за внатрешни работи изјави дека токму планираните концерти биле потенцијалните цели на главниот осомничен и дека рациите и апсењата се резултат на соработката на локалните и државните полициски агенции.

Идентификувавме релевантни подготвителни активности и исто така фокусот на 19-годишникот биле концертите на Тејлор Свифт, изјави Руф.

Во полициската акција биле запленети хемиски супстанци од домот на првоосомничениот, а превентивно биле расчистени и куќите во близина поради страв од присуство на поголеми количини експлозиви.

Руф воедно рече дека двајцата осомничени се радикализирале преку канали од интернет и дека 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група „Исламска држава“. Иако полицијата даде повеќе информации за главното осомничено лице, сепак за второто нема информации за тоа колку години има и дали е австриски државјанин.

The post 19-годишник со потекло од Македонија планирал терористички напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена appeared first on Република.

]]>

Трите концерти на американската пејачка Тејлор Свифт, кои требаше да се одржат во главниот град на Австрија, Виена, оваа недела, се откажани откако австриските власти уапсија две лица кои се сомничат дека планирале терористички напад за време на концертот.
Откако властите потврдија дека е планиран терористички напад на концертот на Тејлор Свифт на стадионот ‘Ернст Хапел’, немаме избор и мораме да ги откажеме трите закажани концерти за сигурноста и безбедноста на сите граѓани, се вели во објавата на промотерот „Баракуда мјузик“.
Кратко пред да биде објавено дека концертите се откажани, австриското министерство за внатрешни работи соопшти дека се уапсени две лица кои планирале терористички напад на концертот на американската ѕвезда, а главниот осомничен, според информации на весникот „Кронен цајтунг“, е 19-годишен Австриец со потекло од Македонија, кој живеел со своето семејство во градот Терниц. Генералниот директор за јавна безбедност од австриското министерство за внатрешни работи изјави дека токму планираните концерти биле потенцијалните цели на главниот осомничен и дека рациите и апсењата се резултат на соработката на локалните и државните полициски агенции.
Идентификувавме релевантни подготвителни активности и исто така фокусот на 19-годишникот биле концертите на Тејлор Свифт, изјави Руф.
Во полициската акција биле запленети хемиски супстанци од домот на првоосомничениот, а превентивно биле расчистени и куќите во близина поради страв од присуство на поголеми количини експлозиви. Руф воедно рече дека двајцата осомничени се радикализирале преку канали од интернет и дека 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група „Исламска држава“. Иако полицијата даде повеќе информации за главното осомничено лице, сепак за второто нема информации за тоа колку години има и дали е австриски државјанин.

The post 19-годишник со потекло од Македонија планирал терористички напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена appeared first on Република.

]]>
Австриската полиција ги спречи плановите за бомбашки напади на исламистите за кои се верува дека биле насочени кон концертите на Тејлор Свифт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstriskata-politsija-gi-sprechi-planovite-za-bombashki-napadi-na-islamistite-za-koi-se-veruva-deka-bile-nasocheni-kon-kontsertite-na-tejlor-svift/ Wed, 07 Aug 2024 18:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=804361

Полицијата во Австрија приведе 19-годишник кој имал планови за исламистички терористички акт во областа на Виена, а особено во врска со концертите на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт закажани за крајот на оваа недела, пренесоа француските медиуми.

-Уапсениот е австриски државјанин. Тој се заложи за верност на терористичката организација „Исламска држава“, изјави на прес-конференција генералниот директор на Агенцијата за јавна безбедност, Франц Руф.

Руф додаде дека станува збор за планирање напад фокусиран на концертите на Свифт во Виена.

The post Австриската полиција ги спречи плановите за бомбашки напади на исламистите за кои се верува дека биле насочени кон концертите на Тејлор Свифт appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Австрија приведе 19-годишник кој имал планови за исламистички терористички акт во областа на Виена, а особено во врска со концертите на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт закажани за крајот на оваа недела, пренесоа француските медиуми. -Уапсениот е австриски државјанин. Тој се заложи за верност на терористичката организација „Исламска држава“, изјави на прес-конференција генералниот директор на Агенцијата за јавна безбедност, Франц Руф. Руф додаде дека станува збор за планирање напад фокусиран на концертите на Свифт во Виена.

The post Австриската полиција ги спречи плановите за бомбашки напади на исламистите за кои се верува дека биле насочени кон концертите на Тејлор Свифт appeared first on Република.

]]>
Во Виена поради климатските промени ќе се засадат 19 нови видови дрвја https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-viena-poradi-klimatskite-promeni-ke-se-zasadat-19-novi-vidovi-drvja/ Wed, 31 Jul 2024 09:18:52 +0000 https://republika.mk/?p=801934

Во Виена, поради промената на климатските услови, односно повеќето топли денови, ќе бидат засадени 19 нови видови дрвја кои се поотпорни на топлина, соопштија градските власти.

Во текот на летото почесто се полеваат градските дрвја во градот. Младите дрвца кои не се полеваат со помош на автоматскиот систем, добиваат вода еднаш неделно и се премачкуваат со бела облога за да се заштитат од големите горештини.

Во Виена се применува и релативно нов систем, односно принцип на сунѓереста структура на уличните површини.

Почвата под пешачките патеки, паркинзите или улиците е порозна, дрвјата добиваат повеќе простор за ширење на корените и можат да апсорбираат повеќе вода, а дополнителен ефект е создавање простор за задржување на дождовницата, што го олеснува канализациониот систем и ги обезбедува дрвјата со вода за време на сушни периоди.

The post Во Виена поради климатските промени ќе се засадат 19 нови видови дрвја appeared first on Република.

]]>

Во Виена, поради промената на климатските услови, односно повеќето топли денови, ќе бидат засадени 19 нови видови дрвја кои се поотпорни на топлина, соопштија градските власти. Во текот на летото почесто се полеваат градските дрвја во градот. Младите дрвца кои не се полеваат со помош на автоматскиот систем, добиваат вода еднаш неделно и се премачкуваат со бела облога за да се заштитат од големите горештини. Во Виена се применува и релативно нов систем, односно принцип на сунѓереста структура на уличните површини. Почвата под пешачките патеки, паркинзите или улиците е порозна, дрвјата добиваат повеќе простор за ширење на корените и можат да апсорбираат повеќе вода, а дополнителен ефект е создавање простор за задржување на дождовницата, што го олеснува канализациониот систем и ги обезбедува дрвјата со вода за време на сушни периоди.

The post Во Виена поради климатските промени ќе се засадат 19 нови видови дрвја appeared first on Република.

]]>
Леонид Индов транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/leonid-indov-transportiran-so-helikopter-od-viena-vo-skopje/ Mon, 29 Jul 2024 09:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=801252

Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне, (на 28 јули 2024 година) беше реализиран транспорт со хеликоптер на младиот Леонид Индов, кој беше на лекување во Виена, Австрија, а за кого на 10 јули 2024 година од неговиот татко беше упатено барањето до Центарот за управување со кризи, за воздухопловен транспорт.
Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема согласно можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени.

Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација на транспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал, од Виена, Австрија до Скопје, Република Македонија.

Инаку, ова е прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава, на лице заболено од параплегија (со неможност за движење на екстремитетите, а дише со помош на подвижен респиратор и кој е поврзан со катетер).
Транспортот со хеликоптер, се остварува согласно договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, на 6 февруари 2024 година од Скопје, за транспорт на конкретното болно лице, Леонид, до клиниката во Виена, Австрија на лекување.

The post Леонид Индов транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне, (на 28 јули 2024 година) беше реализиран транспорт со хеликоптер на младиот Леонид Индов, кој беше на лекување во Виена, Австрија, а за кого на 10 јули 2024 година од неговиот татко беше упатено барањето до Центарот за управување со кризи, за воздухопловен транспорт. Во хеликоптерот на МВР се става специфична медицинска опрема согласно можностите, а и медицински персонал, за транспорт на болни и повредени. Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето беше позитивно одговорено и вчера се изврши реализација на транспортот со хеликоптер опремен со соодветни медицинска опрема и персонал, од Виена, Австрија до Скопје, Република Македонија. Инаку, ова е прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава, на лице заболено од параплегија (со неможност за движење на екстремитетите, а дише со помош на подвижен респиратор и кој е поврзан со катетер). Транспортот со хеликоптер, се остварува согласно договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, на 6 февруари 2024 година од Скопје, за транспорт на конкретното болно лице, Леонид, до клиниката во Виена, Австрија на лекување.

The post Леонид Индов транспортиран со хеликоптер од Виена во Скопје appeared first on Република.

]]>
Во Виена најдобро се живее https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/vo-viena-najdobro-se-zhivee/ Fri, 28 Jun 2024 08:06:13 +0000 https://republika.mk/?p=791473

Трета година по ред Виена е прогласен за најдобар град за живот во светот, покажува последниот Глобален индекс за услови за живот на Економист.

Индексот ги рангира условите за живот во 173 градови согласно пет категории, вклучувајќи стабилност, здравствена заштита, култура и животна средина, образование и инфраструктура.

По Виена, која има просечна оценка од 98,4 од максимални 100, следуваат Копенхаген (98), Цирих (97,1), па Мелбурн (97), Каљари и Женева (96,8). Првите 30 западноевроспки градови на оваа листа имаат импресивна просечна оценка од 92 од максимални 100.

Покрај Мелбурн, уште три азиско-пацифички градови се меѓу првите десет: Сиднеј (Австралија, Осака (Јапонија) и Окланд (Нов Зеланд), додека на осмото место се наоѓа канадскиот Ванкувер.

Војната помеѓу Израел и Палестина доведе до тоа Тел Авив да има најголем пад во рангирањето, па од 20. место лани сега е 112.

Најголем раст имаат градовите во Обединетите Арапски Емирати (Абу Даби и Дубаи), како и во Саудиска Арабија (Ријад, Џеда и Ал Кобар).

 

The post Во Виена најдобро се живее appeared first on Република.

]]>

Трета година по ред Виена е прогласен за најдобар град за живот во светот, покажува последниот Глобален индекс за услови за живот на Економист. Индексот ги рангира условите за живот во 173 градови согласно пет категории, вклучувајќи стабилност, здравствена заштита, култура и животна средина, образование и инфраструктура. По Виена, која има просечна оценка од 98,4 од максимални 100, следуваат Копенхаген (98), Цирих (97,1), па Мелбурн (97), Каљари и Женева (96,8). Првите 30 западноевроспки градови на оваа листа имаат импресивна просечна оценка од 92 од максимални 100. Покрај Мелбурн, уште три азиско-пацифички градови се меѓу првите десет: Сиднеј (Австралија, Осака (Јапонија) и Окланд (Нов Зеланд), додека на осмото место се наоѓа канадскиот Ванкувер. Војната помеѓу Израел и Палестина доведе до тоа Тел Авив да има најголем пад во рангирањето, па од 20. место лани сега е 112. Најголем раст имаат градовите во Обединетите Арапски Емирати (Абу Даби и Дубаи), како и во Саудиска Арабија (Ријад, Џеда и Ал Кобар).  

The post Во Виена најдобро се живее appeared first on Република.

]]>
Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/solistichki-kontsert-na-pijanistkata-duna-ivanova-vo-viena-2/ Mon, 24 Jun 2024 15:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=790359

Македонската пијанистка Дуња Иванова денеска ќе одржи солистички концерт во концертната сала „FEURICH Performing Stage“ во Виена.

На програмата се дела од култниот јапонски композитор Руичи Сакамото и од младата прогресивна музичка авторка Ханиа Рани од Полска.

Концертот во Виена е дел од Годишната меѓународна програма на Министерството за култура за 2024 година

Иванова е магистар по пијано, магистар и доктор на науки по филозофија. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово), Подгорица (Црна Гора), Тирана (Албанија); на фестивалите „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Музика вива“, Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Фестивалот за Јапонска култура; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави, на балетски претстави и во рамките на филмски остварувања. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Давид Федел, Макс Рихтер, Ханиа Рани, Ана Пандевска.

Авторка е на неколку публикации од областа на естетиката на музиката, како и на книгите „Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016) и „Естетското доживување на музиката“ (2010).

Иванова е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј " - Скопје.

 

The post Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена appeared first on Република.

]]>

Македонската пијанистка Дуња Иванова денеска ќе одржи солистички концерт во концертната сала „FEURICH Performing Stage“ во Виена. На програмата се дела од култниот јапонски композитор Руичи Сакамото и од младата прогресивна музичка авторка Ханиа Рани од Полска. Концертот во Виена е дел од Годишната меѓународна програма на Министерството за култура за 2024 година Иванова е магистар по пијано, магистар и доктор на науки по филозофија. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово), Подгорица (Црна Гора), Тирана (Албанија); на фестивалите „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Музика вива“, Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Фестивалот за Јапонска култура; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави, на балетски претстави и во рамките на филмски остварувања. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Давид Федел, Макс Рихтер, Ханиа Рани, Ана Пандевска. Авторка е на неколку публикации од областа на естетиката на музиката, како и на книгите „Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016) и „Естетското доживување на музиката“ (2010). Иванова е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј " - Скопје.  

The post Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена appeared first on Република.

]]>
Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/solistichki-kontsert-na-pijanistkata-duna-ivanova-vo-viena/ Tue, 18 Jun 2024 08:08:53 +0000 https://republika.mk/?p=788606

Македонската пијанистка Дуња Иванова, овој понеделник, на 24 јуни, ќе одржи солистички концерт во концертната сала „FEURICH Performing Stage“ во Виена.

На програмата се дела од култниот јапонски композитор Руичи Сакамото и од младата прогресивна музичка авторка Ханиа Рани од Полска.

Дуња Иванова е магистар по пијано, магистар и доктор на науки по филозофија. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово), Подгорица (Црна Гора), Тирана (Албанија); на фестивалите „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Музика вива“, Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Фестивалот за Јапонска култура; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави, на балетски претстави и во рамките на филмски остварувања. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Давид Федел, Макс Рихтер, Ханиа Рани, Ана Пандевска.

Авторка е на неколку публикации од областа на естетиката на музиката, како и на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016) и „Естетското доживување на музиката“ (2010).

Дуња Иванова е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј " - Скопје. Концертот во Виена е дел од Годишната меѓународна програма на Министерството за култура за 2024 година.

The post Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена appeared first on Република.

]]>

Македонската пијанистка Дуња Иванова, овој понеделник, на 24 јуни, ќе одржи солистички концерт во концертната сала „FEURICH Performing Stage“ во Виена. На програмата се дела од култниот јапонски композитор Руичи Сакамото и од младата прогресивна музичка авторка Ханиа Рани од Полска. Дуња Иванова е магистар по пијано, магистар и доктор на науки по филозофија. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово), Подгорица (Црна Гора), Тирана (Албанија); на фестивалите „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Музика вива“, Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Фестивалот за Јапонска култура; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави, на балетски претстави и во рамките на филмски остварувања. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Давид Федел, Макс Рихтер, Ханиа Рани, Ана Пандевска. Авторка е на неколку публикации од областа на естетиката на музиката, како и на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016) и „Естетското доживување на музиката“ (2010). Дуња Иванова е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј " - Скопје. Концертот во Виена е дел од Годишната меѓународна програма на Министерството за култура за 2024 година.

The post Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена appeared first on Република.

]]>
Aвстриската полиција: Девојчето снимено во Виена многу веројатно е Данка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avstriskata-politsija-devojcheto-snimeno-vo-viena-mnogu-verojatno-e-danka/ Wed, 03 Apr 2024 16:06:31 +0000 https://republika.mk/?p=761776

Австриската полиција објави видео снимено на трамвајска станица во Виена, на кое се верува дека ја прикажува малата Данка Илиќ која исчезна во близина на Бор на 26 март.

https://republika.mk/vesti/balkan/novi-fotografii-od-kidnaperite-so-danka/

Австриската полиција соопшти дека голема е веројатноста девојчето да е тоа.

 Откако роднините на исчезнатото девојче ги погледнаа сликите, претпоставуваат дека многу веројатно се работи за исчезнатото девојче од Србија. Виенската полиција по наредба на јавното обвинителство бара апсење.

 

The post Aвстриската полиција: Девојчето снимено во Виена многу веројатно е Данка appeared first on Република.

]]>

Австриската полиција објави видео снимено на трамвајска станица во Виена, на кое се верува дека ја прикажува малата Данка Илиќ која исчезна во близина на Бор на 26 март. https://republika.mk/vesti/balkan/novi-fotografii-od-kidnaperite-so-danka/ Австриската полиција соопшти дека голема е веројатноста девојчето да е тоа.
 Откако роднините на исчезнатото девојче ги погледнаа сликите, претпоставуваат дека многу веројатно се работи за исчезнатото девојче од Србија. Виенската полиција по наредба на јавното обвинителство бара апсење.
 

The post Aвстриската полиција: Девојчето снимено во Виена многу веројатно е Данка appeared first on Република.

]]>