Видик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vidik/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 08:05:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Видик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vidik/ 32 32 Квалитетна фузија на литературата, музиката, театарот, дизајнот, илустрацијата и видето на првото издание на Фестивалот „Видик“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kvalitetna-fuzija-na-literaturata-muzikata-teatarot-dizajnot-ilustratsijata-i-videto-na-prvoto-izdanie-na-festivalot-vidik/ Tue, 18 Jun 2024 08:05:33 +0000 https://republika.mk/?p=788598

Со изложба на најубавите илустрации од книгите за деца во издание на „Арс Ламина“ и два раскошни настани, кои се спој на литературата и музиката: поетско-музичката вечер „Никола Маџиров и пријателите“ и концертот „Диши љубов“ на составот „Шлиц“, предводен од Џијан Емин, заврши фестивалот „Видик“.

Првото издание на фестивалот за литература и општа култура, што е во организација на „Литература.мк“, од 16 мај до 16 јуни, на публиката ѝ понуди квалитетна фузија на литературата, музиката, театарот, дизајнот, илустрацијата и видеото, освежувајќи ја културната понуда во нашата метропола и истовремено давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата.

Изминатиот месец, неколку илјади гости уживаа во дваесетина настани, кои се одржуваа во книжарниците на „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во „Дајмонд“, „Ист гејт“ и „Скопје сити мол“. На програмата имаше промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарски изведби, изложби на илустрации, проекции на документарци и мултимедијални презентации.

Изложбата на илустрации од книгите за деца со назив „Страници на фантазијата“, можеше да се погледне од 3 до 16 јуни, во „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“. На оваа изложба посетителите имаа можност да ги погледнат најубавите илустрации од книгите: „Си беше еднаш“ (Наталија Лукомска), „Нови бајки од Македонија“ (Орце Нинески), „Рокчето“ (Анета Илиевска), „Девојче и мече“, „Девојчето и градот“, „Рекичето што сакаше да порасне“ (Ване Костуранов), „Бајки од Македонија“ (Катерина Николовска), „Мачката Мара шубара“ (Иванка Ниба) и „Шила“ (Калиопи Трпчева).

Во петокот (14 јуни), неповторливиот Џијан Емин, предводејќи го составот Шлиц“ (Schlitz), понуди сосема нов, автентичен и уникатен концепт, преку изведба на мешавина од арт рок и џез од мултимедијалниот проект „Диши љубов“, по текст на Тина Иванова и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ создаден на текст од Славко Јаневски. „Диши љубов“ пее за љубовта, за Скопје, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои – воздухот и љубовта. Музиката и лириката ја поседуваат онаа скопска, носталгична звучна естетика и влече корени од музиката од осумдесеттите и особено од музиката од деведесеттите години на минатиот век создавана во САД и Велика Британија. Настапија: Џијан Емин (гитара и вокал), Драган Гиновски-Гино (гитара), Георги Шарески (гитара), Дарко Мучев-Мучо (бас-гитара) и Гоце Стевковски (тапани).

Претходната вечер (13 јуни), во преполната книжарница „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, се одржа емотивно поетско-музичко враќање на Никола Маџиров дома со големата книга „Шестарот на времето“. По светскиот успех, многуте признанија и настапи на најголемите поетски фестивали, соработка со познати интернационални музичари и уметници, врвниот македонски поет Никола Маџиров се „врати дома“. Настанот почна со проекција на документарец со видеоснимки од настапи на Маџиров на повеќе поетски фестивали, како и од изведба на музичари, кои свират композиции инспирирани од стиховите на нашиот поет. Во продолжение, уредничката Оливера Ќорвезироска ја претстави книгата „Шестарот на времето“, по што следуваше кулминацијата на вечерта – поетското читање проследено со џез-музика. Стихови од Маџиров интерпретираа 20-тина познати имиња од повеќе области на културата, негови соработници и пријатели: поетот Ѓоко Здравески, пејачката Добрила Грашеска, актерката Симона Димковска, писателката Николина Андова Шопова, актерката Александра Пешевска, теоретичарка на уметност и културна менаџерка Искра Гешоска, поетесата Ивана Јовановска, музичарката Зарина Првасевда, професорката Елизабета Шелева, писателот Александар Прокопиев, авторот Дарко Лешоски, амбасадорот на ЕУ – Дејвид Гир, актерот Ѓорѓи Јолевски, џез-музичарите Џон Илија Апелгрен и Гордан Спасовски (муз.), писателот Гоце Смилевски, младата авторка Ива Дамјановски, актерот Мартин Манев, младиот поет Јосип Коцев, Јасна Трпкова од групата „Mојра“ и други. Тие беа придружувани од триото во состав: Никола Бочваров, Дамир Имери и Гоце Стевковски, кои свиреа во тон на поезијата на Маџиров. Во продолжение на вечерта, музичарите свиреа џез-стандарди, со визуелна поддршка на стиховите на поетот.
Видно трогнат и благодарен на почитта што му ја оддаде македонската културна фела, еден од најпознатите и најпреведуваните наши поети во светот, Маџиров, изјави дека со овој настан конечно се чувствува како да се враќа дома:

Ви благодарам што ми дадовте дом. Благодарам за сите гласови што ги отелотворивте. Повеќегласовноста понекогаш ја чувствуваме како внатрешна неволја, но вие со вашите гласови ме вдомивте. Денеска се чувствувам како вратен дома, обединет со вас, со вашите гласови и вашето присуство. Благодарам што ме убедивте да се реализира оваа книга, на најубав можен начин – со љубов! Благодарност до уредничката Оливера Ќорвезироска, до авторката на поговорот Лидија Капушевска-Дракулевска и на издавачката куќа „Арс Ламина“. Зборот благодарам нека не исчезне, без оглед на тоа што толку многу се повторува, затоа ја избрав да ја прочитам песната „Дом“ – рече Маџиров.

На 12 јуни беше одиграна комедијата „Торонто експрес“. Претставата, со Александар Микиќ во главната улога, е работена по мотивите од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот)“ на авторот Зоран Спасов-Ѕоф. Станува збор за „водич за идните печалбари и тазе имигранти“ или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада.

Првиот фестивалски ден на „Видик“ почна со лирска фузија на поезијата и музиката: преку претставување на поемата „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, како и концерт на скопскиот состав „Акварела“ (Aquarela). Во мај следуваа: концерт на „Парусион груп“, промоција на хибридно-инклузивната сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука „Шарени ириси“, со текст на Јована Матевска Атанасова и илустрации на Симонида Филипова Китановска. Претставување на збирката раскази „Атакама“ од црногорскиот автор Никола Николиќ, тематскиот интерактивен настан за фанови, „Враќањето на Шерлок Холмс“, изведба на стендап-комичар Марјан Георгиевски на монодрамата „Железно небо“. Публиката уживаше и во настанот „Џез на кирилица“ – во чест на Денот на сесловенските просветители со џез-состави „Мојра“, фанк вечерта со Џорџ Цветковски, концерт и работилница за деца со „Фамилија Металковци“, завршна изложба на „Порта Европа“ и концертот на гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими.

Во јуни, меѓу другите се одржаа и изведбата на монодрамата „Пингвинот“, промоција на серијалот сликовници од младата авторка Маја Мишевска, концерт на една од најстарите блуз-групи во нашата држава, „The Wild Bunch“, и проекција на документарец и настап на диџеј Дарко Марковски.

The post Квалитетна фузија на литературата, музиката, театарот, дизајнот, илустрацијата и видето на првото издание на Фестивалот „Видик“ appeared first on Република.

]]>

Со изложба на најубавите илустрации од книгите за деца во издание на „Арс Ламина“ и два раскошни настани, кои се спој на литературата и музиката: поетско-музичката вечер „Никола Маџиров и пријателите“ и концертот „Диши љубов“ на составот „Шлиц“, предводен од Џијан Емин, заврши фестивалот „Видик“. Првото издание на фестивалот за литература и општа култура, што е во организација на „Литература.мк“, од 16 мај до 16 јуни, на публиката ѝ понуди квалитетна фузија на литературата, музиката, театарот, дизајнот, илустрацијата и видеото, освежувајќи ја културната понуда во нашата метропола и истовремено давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата. Изминатиот месец, неколку илјади гости уживаа во дваесетина настани, кои се одржуваа во книжарниците на „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во „Дајмонд“, „Ист гејт“ и „Скопје сити мол“. На програмата имаше промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарски изведби, изложби на илустрации, проекции на документарци и мултимедијални презентации. Изложбата на илустрации од книгите за деца со назив „Страници на фантазијата“, можеше да се погледне од 3 до 16 јуни, во „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“. На оваа изложба посетителите имаа можност да ги погледнат најубавите илустрации од книгите: „Си беше еднаш“ (Наталија Лукомска), „Нови бајки од Македонија“ (Орце Нинески), „Рокчето“ (Анета Илиевска), „Девојче и мече“, „Девојчето и градот“, „Рекичето што сакаше да порасне“ (Ване Костуранов), „Бајки од Македонија“ (Катерина Николовска), „Мачката Мара шубара“ (Иванка Ниба) и „Шила“ (Калиопи Трпчева). Во петокот (14 јуни), неповторливиот Џијан Емин, предводејќи го составот Шлиц“ (Schlitz), понуди сосема нов, автентичен и уникатен концепт, преку изведба на мешавина од арт рок и џез од мултимедијалниот проект „Диши љубов“, по текст на Тина Иванова и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ создаден на текст од Славко Јаневски. „Диши љубов“ пее за љубовта, за Скопје, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои – воздухот и љубовта. Музиката и лириката ја поседуваат онаа скопска, носталгична звучна естетика и влече корени од музиката од осумдесеттите и особено од музиката од деведесеттите години на минатиот век создавана во САД и Велика Британија. Настапија: Џијан Емин (гитара и вокал), Драган Гиновски-Гино (гитара), Георги Шарески (гитара), Дарко Мучев-Мучо (бас-гитара) и Гоце Стевковски (тапани). Претходната вечер (13 јуни), во преполната книжарница „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, се одржа емотивно поетско-музичко враќање на Никола Маџиров дома со големата книга „Шестарот на времето“. По светскиот успех, многуте признанија и настапи на најголемите поетски фестивали, соработка со познати интернационални музичари и уметници, врвниот македонски поет Никола Маџиров се „врати дома“. Настанот почна со проекција на документарец со видеоснимки од настапи на Маџиров на повеќе поетски фестивали, како и од изведба на музичари, кои свират композиции инспирирани од стиховите на нашиот поет. Во продолжение, уредничката Оливера Ќорвезироска ја претстави книгата „Шестарот на времето“, по што следуваше кулминацијата на вечерта – поетското читање проследено со џез-музика. Стихови од Маџиров интерпретираа 20-тина познати имиња од повеќе области на културата, негови соработници и пријатели: поетот Ѓоко Здравески, пејачката Добрила Грашеска, актерката Симона Димковска, писателката Николина Андова Шопова, актерката Александра Пешевска, теоретичарка на уметност и културна менаџерка Искра Гешоска, поетесата Ивана Јовановска, музичарката Зарина Првасевда, професорката Елизабета Шелева, писателот Александар Прокопиев, авторот Дарко Лешоски, амбасадорот на ЕУ – Дејвид Гир, актерот Ѓорѓи Јолевски, џез-музичарите Џон Илија Апелгрен и Гордан Спасовски (муз.), писателот Гоце Смилевски, младата авторка Ива Дамјановски, актерот Мартин Манев, младиот поет Јосип Коцев, Јасна Трпкова од групата „Mојра“ и други. Тие беа придружувани од триото во состав: Никола Бочваров, Дамир Имери и Гоце Стевковски, кои свиреа во тон на поезијата на Маџиров. Во продолжение на вечерта, музичарите свиреа џез-стандарди, со визуелна поддршка на стиховите на поетот. Видно трогнат и благодарен на почитта што му ја оддаде македонската културна фела, еден од најпознатите и најпреведуваните наши поети во светот, Маџиров, изјави дека со овој настан конечно се чувствува како да се враќа дома:
Ви благодарам што ми дадовте дом. Благодарам за сите гласови што ги отелотворивте. Повеќегласовноста понекогаш ја чувствуваме како внатрешна неволја, но вие со вашите гласови ме вдомивте. Денеска се чувствувам како вратен дома, обединет со вас, со вашите гласови и вашето присуство. Благодарам што ме убедивте да се реализира оваа книга, на најубав можен начин – со љубов! Благодарност до уредничката Оливера Ќорвезироска, до авторката на поговорот Лидија Капушевска-Дракулевска и на издавачката куќа „Арс Ламина“. Зборот благодарам нека не исчезне, без оглед на тоа што толку многу се повторува, затоа ја избрав да ја прочитам песната „Дом“ – рече Маџиров.
На 12 јуни беше одиграна комедијата „Торонто експрес“. Претставата, со Александар Микиќ во главната улога, е работена по мотивите од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот)“ на авторот Зоран Спасов-Ѕоф. Станува збор за „водич за идните печалбари и тазе имигранти“ или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Првиот фестивалски ден на „Видик“ почна со лирска фузија на поезијата и музиката: преку претставување на поемата „Коњски житија“ од Зоран Анчевски, како и концерт на скопскиот состав „Акварела“ (Aquarela). Во мај следуваа: концерт на „Парусион груп“, промоција на хибридно-инклузивната сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука „Шарени ириси“, со текст на Јована Матевска Атанасова и илустрации на Симонида Филипова Китановска. Претставување на збирката раскази „Атакама“ од црногорскиот автор Никола Николиќ, тематскиот интерактивен настан за фанови, „Враќањето на Шерлок Холмс“, изведба на стендап-комичар Марјан Георгиевски на монодрамата „Железно небо“. Публиката уживаше и во настанот „Џез на кирилица“ – во чест на Денот на сесловенските просветители со џез-состави „Мојра“, фанк вечерта со Џорџ Цветковски, концерт и работилница за деца со „Фамилија Металковци“, завршна изложба на „Порта Европа“ и концертот на гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими. Во јуни, меѓу другите се одржаа и изведбата на монодрамата „Пингвинот“, промоција на серијалот сликовници од младата авторка Маја Мишевска, концерт на една од најстарите блуз-групи во нашата држава, „The Wild Bunch“, и проекција на документарец и настап на диџеј Дарко Марковски.

The post Квалитетна фузија на литературата, музиката, театарот, дизајнот, илустрацијата и видето на првото издание на Фестивалот „Видик“ appeared first on Република.

]]>
Завршна изложба „Поглед кон Порта Европа“ на Фестивалот „Видик“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zavrshna-izlozhba-pogled-kon-porta-evropa-na-festivalot-vidik/ Thu, 30 May 2024 08:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=783052

Издавачката куќа „Арс Ламина“ го заокружува проектот „Порта Европа“ со завршна изложба насловена „Поглед кон Порта Европа“, што ќе кулминира со финален промотивен настан утре, 30 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“. Водителот на настанот ќе се осврне на две и полгодишното посветено работење на развивањето на книжевната едиција „Порта Европа“, што го придружуваа многубројни активности: поддршка на млади и дизајнери во подем преку организирање конкурс за дизајн на корици за шесте книги од едицијата, промовирање на преводната книжевност со високи уметнички вредности приопштена на македонски јазик, едукативни посети за ученици во основното образование со цел запознавање со еколошките практики во печатењето книги, како и запознавање со старите техники за рачна изработка на хартија и рачно печатење книги и сл.

Изложбата беше поставена и отворена на 23 мај (четврток), при што посетителите на книжарницата „Литература.мк“ изминатите денови имаа можност да ги погледнат победничките идејни решенија на кориците за романите од едицијата „Порта Европа“, но и дизајните што беа разгледувани во потесниот избор при жирирањето на пристигнатите предлози. На овој начин, издавачката куќа „Арс Ламина“ го свртува вниманието на јавноста и придонесува во видливоста на младите креативци и учествува во промовирањето, поттикнувањето и претставувањето на нивниот интелектуален труд.

Едицијата „Порта Европа“ ја сочинуваат шест извонредни прозни дела, добитници на Европската награда за книжевност што ја доделува Европската унија, кои во себе носат приказна од сопствениот културен контекст, а истовремено меѓусебно се допираат во интроспективните аспекти и отсликувањето на внатрешните борби на носечките ликови. Станува збор за романите „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен, „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак, „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер, „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“ од Марија Наваро Скарангер и „Лекцијата на месечарот“ од Фредерико Педреира, како и збирката раскази „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ. Сите се преведени на македонски јазик од изворниот јазик, од страна на висококвалификуваните и наградувани преведувачи: Искра Бадева (дански и норвешки јазик), Ермис Лафазановски (романски јазик), Ксенија Чочкова (германски јазик), Весела Моловска (португалски јазик) и Дејан Василевски (хрватски јазик).

Настанот „Поглед кон Порта Европа“ е дел од првото издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, кој е во организација на „Литература.мк“. Издавачката куќа „Арс Ламина“ е партнер за книжевната програма на „Видик“.

Проектот „Порта Европа“ е кофинансиран од Европската унија.

The post Завршна изложба „Поглед кон Порта Европа“ на Фестивалот „Видик“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Арс Ламина“ го заокружува проектот „Порта Европа“ со завршна изложба насловена „Поглед кон Порта Европа“, што ќе кулминира со финален промотивен настан утре, 30 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“. Водителот на настанот ќе се осврне на две и полгодишното посветено работење на развивањето на книжевната едиција „Порта Европа“, што го придружуваа многубројни активности: поддршка на млади и дизајнери во подем преку организирање конкурс за дизајн на корици за шесте книги од едицијата, промовирање на преводната книжевност со високи уметнички вредности приопштена на македонски јазик, едукативни посети за ученици во основното образование со цел запознавање со еколошките практики во печатењето книги, како и запознавање со старите техники за рачна изработка на хартија и рачно печатење книги и сл. Изложбата беше поставена и отворена на 23 мај (четврток), при што посетителите на книжарницата „Литература.мк“ изминатите денови имаа можност да ги погледнат победничките идејни решенија на кориците за романите од едицијата „Порта Европа“, но и дизајните што беа разгледувани во потесниот избор при жирирањето на пристигнатите предлози. На овој начин, издавачката куќа „Арс Ламина“ го свртува вниманието на јавноста и придонесува во видливоста на младите креативци и учествува во промовирањето, поттикнувањето и претставувањето на нивниот интелектуален труд. Едицијата „Порта Европа“ ја сочинуваат шест извонредни прозни дела, добитници на Европската награда за книжевност што ја доделува Европската унија, кои во себе носат приказна од сопствениот културен контекст, а истовремено меѓусебно се допираат во интроспективните аспекти и отсликувањето на внатрешните борби на носечките ликови. Станува збор за романите „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен, „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак, „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер, „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“ од Марија Наваро Скарангер и „Лекцијата на месечарот“ од Фредерико Педреира, како и збирката раскази „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ. Сите се преведени на македонски јазик од изворниот јазик, од страна на висококвалификуваните и наградувани преведувачи: Искра Бадева (дански и норвешки јазик), Ермис Лафазановски (романски јазик), Ксенија Чочкова (германски јазик), Весела Моловска (португалски јазик) и Дејан Василевски (хрватски јазик). Настанот „Поглед кон Порта Европа“ е дел од првото издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, кој е во организација на „Литература.мк“. Издавачката куќа „Арс Ламина“ е партнер за книжевната програма на „Видик“. Проектот „Порта Европа“ е кофинансиран од Европската унија.

The post Завршна изложба „Поглед кон Порта Европа“ на Фестивалот „Видик“ appeared first on Република.

]]>
Почна „Видик“: Еден месец во Скопје ќе се слави литературата, музиката, театарот, филмот, дизајнот… https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochna-vidik-eden-mesets-vo-skopje-ke-se-slavi-literaturata-muzikata-teatarot-filmot-dizajnot/ Fri, 17 May 2024 13:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=779203

Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“! Од 16 мај до 16 јуни, нашата метропола ќе пулсира во ритамот на фузијата на литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот, умешно комбинирани и споени во богатата програма на првото издание на настанот што е во организација на „Литература.мк“. Главната мисија на фестивалот е да ѝ понуди на публиката квалитетна содржина, но и да даде поддршка на авторите од сите области на културата.

„Видик“ е остварување на нашата долгогодишна визија и желба да направиме фестивал за литература, музика... култура. Да ја пополниме онаа празнина со настан што ќе ги спои сите аспекти на уметноста, односно да направиме фузија на литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот, дизајнот... Со овој фестивал даваме културно освежување на Скопје и на домашната сцена, оддавајќи им почит на нашите истакнати уметници, музичари, автори и креативци, но и поттикнувајќи ги новите таленти, кои се дел од нашата креативна заедница. Верувам дека со „Видик“ ќе отвориме нови културни видици. Ве поканувам на едномесечна (интензивна) дружба и уживање со сите сетила, месец на инспирација и креативно издигнување – изјави Дарко Фиданоски, коосновач на „Литература.мк“, на отворањето што се одржа вчеравечер (16 мај), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Првата фестивалска вечер публиката уживаше во лирскиот спој на поезијата и музиката. Настанот почна со промоција на поемата „Коњски житија“ на поетот, преведувач и универзитетски професор Зоран Анчевски, што е во издание на „Арс Ламина“. Промотор на делото, кое ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во ракопис во 2022 година, беше Венко Андоновски, а настанот го модерираше Оливера Ќорвезироска.

Кога почнав да го пишувам делото „Коњски житија“, не планирав тоа да биде поема. Прво се родија неколку песни, кои претпоставував дека ќе ги соберам во стихозбирка. Но, како што напредуваше пишувањето, сфатив дека песните треба да почекаат за некоја друга книга или форма. Долго истражував и за приказните за коњи, споменати и опеани во книгата. Имено, застапени се најпознатите коњи од фолклорот, историјата и културата, од античко до денешно време. Најстариот коњ за кој можев да најдам запис е коњот на Сидарта (потоа Буда), коњот Кантака, па сè до коњот од стриповите за Таличниот Том... Истражував како најадекватно да ги претставам коњите и сфатив дека најдобро ќе звучи да раскажуваат во прво лице, тие (коњите) да „говорат“ за своето време, за своите јавачи и сопственици... Истовремено сакав да најдам начин како нивните искази да бидат релевантни за денешницата. Така, има низа теми што сè уште нè засегаат сите, критика на аномалиите на општеството, екологијата и друго... Многу сум благодарен на издавачката куќа „Арс Ламина“, што имаше прекрасен усет да ја (ре)објави оваа поема. Претходно, првото издание беше промотивно, само во неколку парчиња, и не можеше да се најде во Скопје. Но, со оваа публикација, книгата веќе е достапна до сите читатели. Ми претставува голема чест и задоволство што книгата ја промовираме на почетокот на фестивалот „Видик“, кому му посакувам многу успех, многу убави и инспиративни настани во прекрасниот простор на „Литература.мк“ – рече Анчевски, кој на денот на промоцијата го прослави својот 70-ти роденден, што беше одбележано со аплауз од 70 секунди.

За книгата, промоторот Венко Андоновски рече: „Постојат дела што дури откако ќе се појават и ќе станат единица мерка за жанрот и за книжевноста, во нас предизвикуваат студен страв што се изразува со прашањето: ’Како сме можеле да живееме без ова дело досега?‘ Такви дела се ’Тешкото‘ (Конески), ’Пиреј‘ (Петре М. Андреевски), ’Црнила‘ (Коле Чашуле), ’Диво месо‘ (Горан Стефановски), ’Дениција‘ (Петре), ’Света песна‘ (Анте)... Такво дело за мене е и поемата ’Коњски житија‘ на Зоран Анчевски. Бравурозно и неповторливо. Единица мерка за оние што доаѓаат во македонската книжевност, без разлика дали сакаат да галопираат или да каскаат низ неа... ’Коњски житија‘ е вистински дијамант на нашето поетско творештво.“

Во продолжение на вечерта настапи скопската група „Акварела“ (Aquarela) во состав: Јани Костурски (вокал), Маја Капсарова (бас гитара) и Ѓоле Грујовски (гитара). Тие ги изведоа најубавите боса нова стандарди. Симболично, името на „Акварела“ означува океанско-сина боја, што истовремено е и наслов на еден од најпознатите џез-стандарди од Латинска Америка – „Aquarela do Brasil“ од Ари Баросо... во тон со музиката што ја негува оваа група – бразилски џез и боса нова.

Програмата на „Видик“ продолжува, вечерва, во 21 часот, со концертот на џез-групата „Парусион груп“, во состав: Ѓоле Грујовски (гитара), Јован Цветковиќ (пијано), Дионис Стратров (бас), Петар Колевски (кларинет и саксофон) и Михаил Парушев (тапани).

The post Почна „Видик“: Еден месец во Скопје ќе се слави литературата, музиката, театарот, филмот, дизајнот… appeared first on Република.

]]>

Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“! Од 16 мај до 16 јуни, нашата метропола ќе пулсира во ритамот на фузијата на литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот, умешно комбинирани и споени во богатата програма на првото издание на настанот што е во организација на „Литература.мк“. Главната мисија на фестивалот е да ѝ понуди на публиката квалитетна содржина, но и да даде поддршка на авторите од сите области на културата.
„Видик“ е остварување на нашата долгогодишна визија и желба да направиме фестивал за литература, музика... култура. Да ја пополниме онаа празнина со настан што ќе ги спои сите аспекти на уметноста, односно да направиме фузија на литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот, дизајнот... Со овој фестивал даваме културно освежување на Скопје и на домашната сцена, оддавајќи им почит на нашите истакнати уметници, музичари, автори и креативци, но и поттикнувајќи ги новите таленти, кои се дел од нашата креативна заедница. Верувам дека со „Видик“ ќе отвориме нови културни видици. Ве поканувам на едномесечна (интензивна) дружба и уживање со сите сетила, месец на инспирација и креативно издигнување – изјави Дарко Фиданоски, коосновач на „Литература.мк“, на отворањето што се одржа вчеравечер (16 мај), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
Првата фестивалска вечер публиката уживаше во лирскиот спој на поезијата и музиката. Настанот почна со промоција на поемата „Коњски житија“ на поетот, преведувач и универзитетски професор Зоран Анчевски, што е во издание на „Арс Ламина“. Промотор на делото, кое ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во ракопис во 2022 година, беше Венко Андоновски, а настанот го модерираше Оливера Ќорвезироска.
Кога почнав да го пишувам делото „Коњски житија“, не планирав тоа да биде поема. Прво се родија неколку песни, кои претпоставував дека ќе ги соберам во стихозбирка. Но, како што напредуваше пишувањето, сфатив дека песните треба да почекаат за некоја друга книга или форма. Долго истражував и за приказните за коњи, споменати и опеани во книгата. Имено, застапени се најпознатите коњи од фолклорот, историјата и културата, од античко до денешно време. Најстариот коњ за кој можев да најдам запис е коњот на Сидарта (потоа Буда), коњот Кантака, па сè до коњот од стриповите за Таличниот Том... Истражував како најадекватно да ги претставам коњите и сфатив дека најдобро ќе звучи да раскажуваат во прво лице, тие (коњите) да „говорат“ за своето време, за своите јавачи и сопственици... Истовремено сакав да најдам начин како нивните искази да бидат релевантни за денешницата. Така, има низа теми што сè уште нè засегаат сите, критика на аномалиите на општеството, екологијата и друго... Многу сум благодарен на издавачката куќа „Арс Ламина“, што имаше прекрасен усет да ја (ре)објави оваа поема. Претходно, првото издание беше промотивно, само во неколку парчиња, и не можеше да се најде во Скопје. Но, со оваа публикација, книгата веќе е достапна до сите читатели. Ми претставува голема чест и задоволство што книгата ја промовираме на почетокот на фестивалот „Видик“, кому му посакувам многу успех, многу убави и инспиративни настани во прекрасниот простор на „Литература.мк“ – рече Анчевски, кој на денот на промоцијата го прослави својот 70-ти роденден, што беше одбележано со аплауз од 70 секунди.
За книгата, промоторот Венко Андоновски рече: „Постојат дела што дури откако ќе се појават и ќе станат единица мерка за жанрот и за книжевноста, во нас предизвикуваат студен страв што се изразува со прашањето: ’Како сме можеле да живееме без ова дело досега?‘ Такви дела се ’Тешкото‘ (Конески), ’Пиреј‘ (Петре М. Андреевски), ’Црнила‘ (Коле Чашуле), ’Диво месо‘ (Горан Стефановски), ’Дениција‘ (Петре), ’Света песна‘ (Анте)... Такво дело за мене е и поемата ’Коњски житија‘ на Зоран Анчевски. Бравурозно и неповторливо. Единица мерка за оние што доаѓаат во македонската книжевност, без разлика дали сакаат да галопираат или да каскаат низ неа... ’Коњски житија‘ е вистински дијамант на нашето поетско творештво.“ Во продолжение на вечерта настапи скопската група „Акварела“ (Aquarela) во состав: Јани Костурски (вокал), Маја Капсарова (бас гитара) и Ѓоле Грујовски (гитара). Тие ги изведоа најубавите боса нова стандарди. Симболично, името на „Акварела“ означува океанско-сина боја, што истовремено е и наслов на еден од најпознатите џез-стандарди од Латинска Америка – „Aquarela do Brasil“ од Ари Баросо... во тон со музиката што ја негува оваа група – бразилски џез и боса нова. Програмата на „Видик“ продолжува, вечерва, во 21 часот, со концертот на џез-групата „Парусион груп“, во состав: Ѓоле Грујовски (гитара), Јован Цветковиќ (пијано), Дионис Стратров (бас), Петар Колевски (кларинет и саксофон) и Михаил Парушев (тапани).

The post Почна „Видик“: Еден месец во Скопје ќе се слави литературата, музиката, театарот, филмот, дизајнот… appeared first on Република.

]]>
Денеска почнува „Видик“, новиот Фестивал за литература и општа култура кој ќе трае до 16 јуни во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/deneska-pochnuva-vidik-noviot-festival-za-literatura-i-opshta-kultura-koj-ke-trae-do-16-juni-vo-skopje/ Thu, 16 May 2024 08:18:47 +0000 https://republika.mk/?p=778644

Со промоција на поемата „Коњски житија“ на поетот, преведувач и универзитетски професор Зоран Анчевски, вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје ќе почне првото издание на новиот Фестивал за литература и општа култура „Видик“.

Фестивалот е во организација на „Литература.мк“ и ќе трае до 16 јуни оваа година. Промотор на „Коњски житија“ ќе биде Венко Андоновски, а настанот ќе го модерира Оливера Ќорвезироска, а ќе се одржи и концерт на скопскиот состав „Акварела“ (Aquarela).

На вториот фестивалски ден, 17 мај, концерт ќе одржи џез-музичарот Михаил Мишко Парушев со својот состав „Парусион груп“.

Програмата на „Видик“ продолжува во понеделник, 20 мај, со промоција на хибридно-инклузивната сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука „Шарени ириси“, со текст на Јована Матевска Атанасова и илустрации на Симонида Филипова Китановска. Настанот ќе биде проследен со изложба на слики од уметницата Филипова Китановска. Следниот ден, 21 мај, е закажана промоцијата на збирката раскази „Атакама“ од црногорскиот автор Никола Николиќ. Промоторка на книгата ќе биде писателката Румена Бужаровска, а ќе модерира Оливера Ќорвезироска.

Како што најавија организаторите, во среда, ќе се одржи тематскиот интерактивен настан за фанови, „Враќањето на Шерлок Холмс“. На настанот, организиран во чест на денот на раѓањето на сер Артур Конан Дојл, автор на серијалот за славниот детектив Шерлок Холмс, ќе биде претставена едицијата „Шерлок Холмс“ во издание на „Арс Ламина“, која содржи девет новопреведени наслови кои имаат нов дизајн на корици од илустраторката Александра Софрониевска. Исто така, ќе биде претставен и серијалот „Шерлок Холмс за деца“ – со десет книги за генијалниот детектив, адаптирани за најмладите читатели.

Битолскиот стендап-комичар Марјан Георгиевски, на 23 мај, четврток, ќе ја изведе својата монодрама „Железно небо“.

Во чест на Денот на сесловенските просветители – св. Кирил и Методиј, на 24 мај, петок, ќе се одржи настанот „Џез на кирилица“, со еден од најнадежните македонски џез-состави „Мојра“.

На 29 мај, среда, ќе се одржи интерактивниот концерт и работилница за деца со „Фамилија Металковци“, а следниот ден ќе се одржи изложба инспирирана од проектот „Порта Европа“. На 31 мај публиката ќе ужива во концертот на гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими.

Како што е најавено, следната недела ќе почне со изложба со илустрации од најубавите книги за деца, која ќе биде отворена на 3 јуни во „Литература.мк“ во „Ист гејт“, и ќе биде посетавена сѐ до 16 јуни. Два дена подоцна, 5 јуни, во книжарницата во „Дајмонд мол“, ќе биде одиграна претставата „Пингвинот“, со Лео Поповиќ во главната улога.

За следниот ден, 6 јуни, е закажана промоција на серијалот сликовници од младата авторка Маја Мишевска, кои се илустрирани од познатиот илустратор Тхе Мичо. На 10 јуни ќе се одржи соул-вечер со проекција на документарец и настап на диџеј Дарко Марковски. На 12 јуни ќе биде одиграна комедијата „Торонто експрес“.

Ден подоцна, 13 јуни, ќе се одржи поетско читање со Никола Маџиров и пријателите, на кое ќе биде претставена најновата збирка во издание на „Арс Ламина“, што го содржи целокупното поетско творештво на еден од најпознатите и најпреведуваните македонски поети во светот.

На 14 јуни ќе се одржи изведба на музичарот и диригент Џијан Емин со групата „Шлиц“ (Schlitz).

 

The post Денеска почнува „Видик“, новиот Фестивал за литература и општа култура кој ќе трае до 16 јуни во Скопје appeared first on Република.

]]>

Со промоција на поемата „Коњски житија“ на поетот, преведувач и универзитетски професор Зоран Анчевски, вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје ќе почне првото издание на новиот Фестивал за литература и општа култура „Видик“. Фестивалот е во организација на „Литература.мк“ и ќе трае до 16 јуни оваа година. Промотор на „Коњски житија“ ќе биде Венко Андоновски, а настанот ќе го модерира Оливера Ќорвезироска, а ќе се одржи и концерт на скопскиот состав „Акварела“ (Aquarela). На вториот фестивалски ден, 17 мај, концерт ќе одржи џез-музичарот Михаил Мишко Парушев со својот состав „Парусион груп“. Програмата на „Видик“ продолжува во понеделник, 20 мај, со промоција на хибридно-инклузивната сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука „Шарени ириси“, со текст на Јована Матевска Атанасова и илустрации на Симонида Филипова Китановска. Настанот ќе биде проследен со изложба на слики од уметницата Филипова Китановска. Следниот ден, 21 мај, е закажана промоцијата на збирката раскази „Атакама“ од црногорскиот автор Никола Николиќ. Промоторка на книгата ќе биде писателката Румена Бужаровска, а ќе модерира Оливера Ќорвезироска. Како што најавија организаторите, во среда, ќе се одржи тематскиот интерактивен настан за фанови, „Враќањето на Шерлок Холмс“. На настанот, организиран во чест на денот на раѓањето на сер Артур Конан Дојл, автор на серијалот за славниот детектив Шерлок Холмс, ќе биде претставена едицијата „Шерлок Холмс“ во издание на „Арс Ламина“, која содржи девет новопреведени наслови кои имаат нов дизајн на корици од илустраторката Александра Софрониевска. Исто така, ќе биде претставен и серијалот „Шерлок Холмс за деца“ – со десет книги за генијалниот детектив, адаптирани за најмладите читатели. Битолскиот стендап-комичар Марјан Георгиевски, на 23 мај, четврток, ќе ја изведе својата монодрама „Железно небо“. Во чест на Денот на сесловенските просветители – св. Кирил и Методиј, на 24 мај, петок, ќе се одржи настанот „Џез на кирилица“, со еден од најнадежните македонски џез-состави „Мојра“. На 29 мај, среда, ќе се одржи интерактивниот концерт и работилница за деца со „Фамилија Металковци“, а следниот ден ќе се одржи изложба инспирирана од проектот „Порта Европа“. На 31 мај публиката ќе ужива во концертот на гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими. Како што е најавено, следната недела ќе почне со изложба со илустрации од најубавите книги за деца, која ќе биде отворена на 3 јуни во „Литература.мк“ во „Ист гејт“, и ќе биде посетавена сѐ до 16 јуни. Два дена подоцна, 5 јуни, во книжарницата во „Дајмонд мол“, ќе биде одиграна претставата „Пингвинот“, со Лео Поповиќ во главната улога. За следниот ден, 6 јуни, е закажана промоција на серијалот сликовници од младата авторка Маја Мишевска, кои се илустрирани од познатиот илустратор Тхе Мичо. На 10 јуни ќе се одржи соул-вечер со проекција на документарец и настап на диџеј Дарко Марковски. На 12 јуни ќе биде одиграна комедијата „Торонто експрес“. Ден подоцна, 13 јуни, ќе се одржи поетско читање со Никола Маџиров и пријателите, на кое ќе биде претставена најновата збирка во издание на „Арс Ламина“, што го содржи целокупното поетско творештво на еден од најпознатите и најпреведуваните македонски поети во светот. На 14 јуни ќе се одржи изведба на музичарот и диригент Џијан Емин со групата „Шлиц“ (Schlitz).  

The post Денеска почнува „Видик“, новиот Фестивал за литература и општа култура кој ќе трае до 16 јуни во Скопје appeared first on Република.

]]>
Со промоција на „Коњски житија“ од Зоран Анчевски почнува „Видик“, нов фестивал за литература и општа култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-promotsija-na-konski-zhitija-od-zoran-anchevski-pochnuva-vidik-nov-festival-za-literatura-i-opshta-kultura/ Tue, 14 May 2024 10:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=777916

Со промоција на наградуваното дело „Коњски житија“ на поетот, преведувач и универзитетски професор Зоран Анчевски, на 16 мај (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе почне првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура.

Фестивалот во организација на „Литература.мк“, што ќе трае од 16 мај до 16 јуни 2024 година, ќе ги обедини литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата. Со дваесетина настани, кои ќе се одржуваат во книжарниците на „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во „Дајмонд“, „Ист гејт“ и „Скопје сити мол“, на публиката ќе ѝ се понуди квалитетна содржина и непосреден контакт со најактуелните домашни и регионални автори и проекти од областа на културата. На програмата се промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарски изведби, изложби на слики и илустрации, проекции на документарци и мултимедијални презентации.

Првиот фестивалски ден почнува со лирска фузија на поезијата и музиката: преку претставување на поемата „Коњски житија“, чиј промотор ќе биде Венко Андоновски, а настанот ќе го модерира Оливера Ќорвезироска, како и концерт на скопскиот состав „Акварела“ (Aquarela), што ќе ги изведе најубавите боса нова стандарди.

На вториот фестивалски ден (17 мај, петок), во 21 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, концерт ќе одржи џез-музичарот Михаил Мишко Парушев со својот состав „Парусион груп“.

Програмата на „Видик“ продолжува во понеделник (20 мај), со промоција на хибридно-инклузивната сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука „Шарени ириси“, со текст на Јована Матевска Атанасова и илустрации на Симонида Филипова Китановска. Настанот, кој ќе почне во 19 часот, ќе биде проследен со изложба на слики од уметницата Филипова Китановска. Следниот ден (21 мај, вторник) во 19 часот, во „Литература.мк“, на улица Македонија“, е закажана промоцијата на збирката раскази „Атакама“ од црногорскиот автор Никола Николиќ. Промоторка на книгата ќе биде писателката Румена Бужаровска, а ќе модерира Оливера Ќорвезироска.

На 22 мај (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“, „Сити мол“, ќе се одржи тематскиот интерактивен настан за фанови, „Враќањето на Шерлок Холмс“. На настанот, организиран во чест на денот на раѓањето на сер Артур Конан Дојл (22 мај 1859 – 7 јули 1930), автор на серијалот за славниот детектив Шерлок Холмс, ќе биде претставена едицијата „Шерлок Холмс“ во издание на „Арс Ламина“, која содржи девет новопреведени наслови („Студија во скарлетна боја“, „Знакот на четворката“, „Баскервилскиот пес“, „Долина на стравот“, „Авантурите на Шерлок Холмс“, „Мемоарите на Шерлок Холмс“, „Враќањето на Шерлок Холмс“, „Пред да падне завесата“, „Архивата на Шерлок Холмс“), кои имаат нов дизајн на корици од илустраторката Александра Софрониевска, која ќе биде дел од настанот. Исто така, ќе биде претставен и серијалот „Шерлок Холмс за деца“ – со десет книги за генијалниот детектив, адаптирани за најмладите читатели.

Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, на 23 мај (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, ќе ја изведе својата монодрама „Железно небо“, од која произлезе и неговата прва книга со ист назив во издание на „Арс Ламина“. Со театарската изведба тој ќе ја промовира книгата, со која дебитира во книжевниот свет.

Во чест на Денот на сесловенските просветители – св. Кирил и Методиј (24 мај, петок), во 21 часот во „Литература.мк“, „Дајмонд“, ќе се одржи настанот „Џез на кирилица“, со еден од најнадежните македонски џез-состави „Мојра“. Групата настапува во состав: Јасна Трпкова (вокал), Дарко Јованов (гитара) , Зоран Павлоски (бас), Павел Ренџов (тапани) и Петар Христов (саксофон). На истата локација на 27 мај (понеделник), во 20 часот, ќе се одржи фанк-вечер, со проекција на документарец и настап на диџеј Џорџ Цветковски.

На 29 мај (среда) во 18 часот, во „Литература.мк“, „Дајмонд“, ќе се одржи интерактивниот концерт и работилница за деца со „Фамилија Металковци“. Станува збор за едукативен концерт на музичарите од групата лимени дувачки инструменти во оркестарот на Македонската филхармонија. Преку овој интерактивен проект музичарите ја запознаваат помладата публика со специфичноста и карактерноста на секој од инструментите што припаѓаат на оваа оркестарска група.

На 30 мај, во 19 часот, во „Литература.мк“, во „Сити мол“, ќе се одржи изложба инспирирана од проектот „Порта Европа“. Ова е повеќе од само еднократен книжевен проект. Тоа е проект во чии рамки беа реализирани голем број активности, што резултираа со создавањето на книжевната едиција „Порта Европа“, сочинета од шест извонредни прозни остварувања од млади европски автори, добитници на Европската награда за книжевност, преведени на македонски јазик од едни од најдобрите преведувачи во Македонија.

Следниот ден (31 мај), во 21 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, публиката ќе ужива во концертот на гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими. Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор.

Следната недела ќе почне со изложба со илустрации од најубавите книги за деца, која ќе биде отворена на 3 јуни (понеделник) во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Ист гејт“, и ќе биде посетавена сѐ до 16 јуни (недела). Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат илустрациите од најновите книги за деца во издание на „Арс Ламина“: „Си беше еднаш“ (Наталија Лукомска), „Нови бајки од Македонија“ (Орце Нинески), „Рокчето“ (Анета Илиевска), „Девојче и мече“, „Девојчето и градот“, „Рекичето што сакаше да порасне“ (Ване Костуранов), „Бајки од Македонија“ (Катерина Николовска), „Мачката Мара шубара“ (Иванка Ниба), „Шила“ (Калиопи Трпчева) и други.

Два дена подоцна (5 јуни), во 20 часот, во книжарницата во „Дајмонд мол“, ќе биде одиграна претставата „Пингвинот“, со Лео Поповиќ во носечката улога. Станува збор за интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е во продукција на театарот „Златен Елец“.

Следниот ден (6 јуни), во 19 часот, во „Ист гејт мол“ е закажана промоција на серијалот сликовници од младата авторка Маја Мишевска, кои се илустрирани од познатиот илустратор Тхе Мичо. Промоторка на книгите „Мравката Тони“, „Бумбарот Боби“, „Гасеницата Кики“, „Бувот Оли“, „Делфинот Дуле“, „Слонот Кире“ и „Коњчето Искра“ ќе биде уредничката Бисера Бендевска. Овие книги нè учат за упорноста, другарството и дружељубивоста, за храброста, љубезноста и фантазијата на најубав можен начин – нежно и со многу љубов. Оваа недела ќе биде заокружена со концерт на една од најстарите блуз-групи во нашата држава, „The Wild Bunch“, што ќе се одржи на 8 јуни (сабота) со почеток во 21 часот во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“. Бендот настапува во состав: Илина Лазаревска (вокал), Нино Недевски (гитара), Марјан Панговски (бас), Петар Лукиќ (клавијатури), Горан Попоски (тапани), Кирил Кузманов (саксофон) и Трајче Велков (труба).

Во истиот простор, продолжува програмата и следната недела. Понеделник (10 јуни), во 20 часот, ќе се одржи соул-вечер со проекција на документарец и настап на диџеј Дарко Марковски. На 12 јуни во 20 часот ќе биде одиграна комедијата „Торонто експрес“. Претставата, со Александар Микиќ во главната улога, е работена по мотивите од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот)“ на авторот Зоран Спасов-Ѕоф. Станува збор за „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада.

Ден подоцна (13 јуни) во 19 часот ќе се одржи поетско читање со Никола Маџиров и пријателите, на кое ќе биде претставена најновата збирка во издание на „Арс Ламина“, што го содржи целокупното поетско творештво на еден од најпознатите и најпреведуваните македонски поети во светот. Вечерта посветена на Маџиров, која ќе почне со видеопроекции од изведби на негови песни ширум светот, го одбележува објавувањето на целокупното негово поетско творештво, но претставува и едно комплетно „враќање дома“ на неговиот успех расеан насекаде.

На 14 јуни (петок) во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, сестраниот музичар и диригент Џијан Емин со групата „Шлиц“ (Schlitz) ќе ги видиме во една поинаква светлина со сосема нов, автентичен и уникатен проект преку изведба на мешавина од арт рок и џез од мултимедијалниот проект „Диши љубов“, по текст на Тина Иванова и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ создаден на текст од Славко Јаневски. „Диши љубов“ пее за љубовта, за Скопје, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои – воздухот и љубовта. Музиката и лириката ја поседуваат онаа скопска, носталгична звучна естетика и влече корени од музиката од осумдесеттите и особено од музиката од деведесеттите години на минатиот век создавана во САД и Велика Британија.

The post Со промоција на „Коњски житија“ од Зоран Анчевски почнува „Видик“, нов фестивал за литература и општа култура appeared first on Република.

]]>

Со промоција на наградуваното дело „Коњски житија“ на поетот, преведувач и универзитетски професор Зоран Анчевски, на 16 мај (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе почне првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Фестивалот во организација на „Литература.мк“, што ќе трае од 16 мај до 16 јуни 2024 година, ќе ги обедини литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата. Со дваесетина настани, кои ќе се одржуваат во книжарниците на „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во „Дајмонд“, „Ист гејт“ и „Скопје сити мол“, на публиката ќе ѝ се понуди квалитетна содржина и непосреден контакт со најактуелните домашни и регионални автори и проекти од областа на културата. На програмата се промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарски изведби, изложби на слики и илустрации, проекции на документарци и мултимедијални презентации. Првиот фестивалски ден почнува со лирска фузија на поезијата и музиката: преку претставување на поемата „Коњски житија“, чиј промотор ќе биде Венко Андоновски, а настанот ќе го модерира Оливера Ќорвезироска, како и концерт на скопскиот состав „Акварела“ (Aquarela), што ќе ги изведе најубавите боса нова стандарди. На вториот фестивалски ден (17 мај, петок), во 21 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, концерт ќе одржи џез-музичарот Михаил Мишко Парушев со својот состав „Парусион груп“. Програмата на „Видик“ продолжува во понеделник (20 мај), со промоција на хибридно-инклузивната сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука „Шарени ириси“, со текст на Јована Матевска Атанасова и илустрации на Симонида Филипова Китановска. Настанот, кој ќе почне во 19 часот, ќе биде проследен со изложба на слики од уметницата Филипова Китановска. Следниот ден (21 мај, вторник) во 19 часот, во „Литература.мк“, на улица Македонија“, е закажана промоцијата на збирката раскази „Атакама“ од црногорскиот автор Никола Николиќ. Промоторка на книгата ќе биде писателката Румена Бужаровска, а ќе модерира Оливера Ќорвезироска. На 22 мај (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“, „Сити мол“, ќе се одржи тематскиот интерактивен настан за фанови, „Враќањето на Шерлок Холмс“. На настанот, организиран во чест на денот на раѓањето на сер Артур Конан Дојл (22 мај 1859 – 7 јули 1930), автор на серијалот за славниот детектив Шерлок Холмс, ќе биде претставена едицијата „Шерлок Холмс“ во издание на „Арс Ламина“, која содржи девет новопреведени наслови („Студија во скарлетна боја“, „Знакот на четворката“, „Баскервилскиот пес“, „Долина на стравот“, „Авантурите на Шерлок Холмс“, „Мемоарите на Шерлок Холмс“, „Враќањето на Шерлок Холмс“, „Пред да падне завесата“, „Архивата на Шерлок Холмс“), кои имаат нов дизајн на корици од илустраторката Александра Софрониевска, која ќе биде дел од настанот. Исто така, ќе биде претставен и серијалот „Шерлок Холмс за деца“ – со десет книги за генијалниот детектив, адаптирани за најмладите читатели. Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, на 23 мај (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, ќе ја изведе својата монодрама „Железно небо“, од која произлезе и неговата прва книга со ист назив во издание на „Арс Ламина“. Со театарската изведба тој ќе ја промовира книгата, со која дебитира во книжевниот свет. Во чест на Денот на сесловенските просветители – св. Кирил и Методиј (24 мај, петок), во 21 часот во „Литература.мк“, „Дајмонд“, ќе се одржи настанот „Џез на кирилица“, со еден од најнадежните македонски џез-состави „Мојра“. Групата настапува во состав: Јасна Трпкова (вокал), Дарко Јованов (гитара) , Зоран Павлоски (бас), Павел Ренџов (тапани) и Петар Христов (саксофон). На истата локација на 27 мај (понеделник), во 20 часот, ќе се одржи фанк-вечер, со проекција на документарец и настап на диџеј Џорџ Цветковски. На 29 мај (среда) во 18 часот, во „Литература.мк“, „Дајмонд“, ќе се одржи интерактивниот концерт и работилница за деца со „Фамилија Металковци“. Станува збор за едукативен концерт на музичарите од групата лимени дувачки инструменти во оркестарот на Македонската филхармонија. Преку овој интерактивен проект музичарите ја запознаваат помладата публика со специфичноста и карактерноста на секој од инструментите што припаѓаат на оваа оркестарска група. На 30 мај, во 19 часот, во „Литература.мк“, во „Сити мол“, ќе се одржи изложба инспирирана од проектот „Порта Европа“. Ова е повеќе од само еднократен книжевен проект. Тоа е проект во чии рамки беа реализирани голем број активности, што резултираа со создавањето на книжевната едиција „Порта Европа“, сочинета од шест извонредни прозни остварувања од млади европски автори, добитници на Европската награда за книжевност, преведени на македонски јазик од едни од најдобрите преведувачи во Македонија. Следниот ден (31 мај), во 21 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, публиката ќе ужива во концертот на гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими. Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор. Следната недела ќе почне со изложба со илустрации од најубавите книги за деца, која ќе биде отворена на 3 јуни (понеделник) во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Ист гејт“, и ќе биде посетавена сѐ до 16 јуни (недела). Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат илустрациите од најновите книги за деца во издание на „Арс Ламина“: „Си беше еднаш“ (Наталија Лукомска), „Нови бајки од Македонија“ (Орце Нинески), „Рокчето“ (Анета Илиевска), „Девојче и мече“, „Девојчето и градот“, „Рекичето што сакаше да порасне“ (Ване Костуранов), „Бајки од Македонија“ (Катерина Николовска), „Мачката Мара шубара“ (Иванка Ниба), „Шила“ (Калиопи Трпчева) и други. Два дена подоцна (5 јуни), во 20 часот, во книжарницата во „Дајмонд мол“, ќе биде одиграна претставата „Пингвинот“, со Лео Поповиќ во носечката улога. Станува збор за интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е во продукција на театарот „Златен Елец“. Следниот ден (6 јуни), во 19 часот, во „Ист гејт мол“ е закажана промоција на серијалот сликовници од младата авторка Маја Мишевска, кои се илустрирани од познатиот илустратор Тхе Мичо. Промоторка на книгите „Мравката Тони“, „Бумбарот Боби“, „Гасеницата Кики“, „Бувот Оли“, „Делфинот Дуле“, „Слонот Кире“ и „Коњчето Искра“ ќе биде уредничката Бисера Бендевска. Овие книги нè учат за упорноста, другарството и дружељубивоста, за храброста, љубезноста и фантазијата на најубав можен начин – нежно и со многу љубов. Оваа недела ќе биде заокружена со концерт на една од најстарите блуз-групи во нашата држава, „The Wild Bunch“, што ќе се одржи на 8 јуни (сабота) со почеток во 21 часот во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“. Бендот настапува во состав: Илина Лазаревска (вокал), Нино Недевски (гитара), Марјан Панговски (бас), Петар Лукиќ (клавијатури), Горан Попоски (тапани), Кирил Кузманов (саксофон) и Трајче Велков (труба). Во истиот простор, продолжува програмата и следната недела. Понеделник (10 јуни), во 20 часот, ќе се одржи соул-вечер со проекција на документарец и настап на диџеј Дарко Марковски. На 12 јуни во 20 часот ќе биде одиграна комедијата „Торонто експрес“. Претставата, со Александар Микиќ во главната улога, е работена по мотивите од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот)“ на авторот Зоран Спасов-Ѕоф. Станува збор за „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Ден подоцна (13 јуни) во 19 часот ќе се одржи поетско читање со Никола Маџиров и пријателите, на кое ќе биде претставена најновата збирка во издание на „Арс Ламина“, што го содржи целокупното поетско творештво на еден од најпознатите и најпреведуваните македонски поети во светот. Вечерта посветена на Маџиров, која ќе почне со видеопроекции од изведби на негови песни ширум светот, го одбележува објавувањето на целокупното негово поетско творештво, но претставува и едно комплетно „враќање дома“ на неговиот успех расеан насекаде. На 14 јуни (петок) во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, сестраниот музичар и диригент Џијан Емин со групата „Шлиц“ (Schlitz) ќе ги видиме во една поинаква светлина со сосема нов, автентичен и уникатен проект преку изведба на мешавина од арт рок и џез од мултимедијалниот проект „Диши љубов“, по текст на Тина Иванова и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ создаден на текст од Славко Јаневски. „Диши љубов“ пее за љубовта, за Скопје, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои – воздухот и љубовта. Музиката и лириката ја поседуваат онаа скопска, носталгична звучна естетика и влече корени од музиката од осумдесеттите и особено од музиката од деведесеттите години на минатиот век создавана во САД и Велика Британија.

The post Со промоција на „Коњски житија“ од Зоран Анчевски почнува „Видик“, нов фестивал за литература и општа култура appeared first on Република.

]]>