видеоигра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/videoigra/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jul 2023 14:31:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png видеоигра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/videoigra/ 32 32 „ЕА спортс“ прави нова фудбалска видеоигра како замена за ФИФА https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ea-sports-pravi-nova-fudbalska-videoigra-kako-zamena-za-fifa/ Fri, 14 Jul 2023 14:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=661428

Доаѓа нова ера за познатата фудбалска симулација на видеоигрите на „Електроник артс“ (ЕА), па првото издание од новиот серијал, наречен „ЕА спортс ФЦ 24“ ќе биде пуштено во продажба на 29 септември. Новата видеоигра ќе биде наменета за конзолите „Плејстејшн 4“ и „5“, „Икс-бокс уан“, како и сериите „Икс“ и „С“, „Нинтендо свич“, а ќе има и опција за играње на компјутер.

Гласините велат цените на видеоиграта ќе се движат од 60 до 80 долари.

Долгогодишното партнерство помеѓу „ЕА“ и Светската фудбалска организација - ФИФА заврши по објавувањето на видеоиграта „ФИФА 23“.

Инаку „EA“ склучи договор со бројни светски лиги и организации за да ја одржи симулацијата што пореална и поверодостојна. Дел од тоа се над 19.000 вистински фудбалери, над 30 лиги и повеќе од 100 стадиони. Новата верзија ќе добие и две нови женски лиги - шпанската Лига Ф и германската Фраунен-Бундеслига, двете највисоки нивоа на женскиот фудбал во Шпанија и Германија.

The post „ЕА спортс“ прави нова фудбалска видеоигра како замена за ФИФА appeared first on Република.

]]>

Доаѓа нова ера за познатата фудбалска симулација на видеоигрите на „Електроник артс“ (ЕА), па првото издание од новиот серијал, наречен „ЕА спортс ФЦ 24“ ќе биде пуштено во продажба на 29 септември. Новата видеоигра ќе биде наменета за конзолите „Плејстејшн 4“ и „5“, „Икс-бокс уан“, како и сериите „Икс“ и „С“, „Нинтендо свич“, а ќе има и опција за играње на компјутер. Гласините велат цените на видеоиграта ќе се движат од 60 до 80 долари. Долгогодишното партнерство помеѓу „ЕА“ и Светската фудбалска организација - ФИФА заврши по објавувањето на видеоиграта „ФИФА 23“. Инаку „EA“ склучи договор со бројни светски лиги и организации за да ја одржи симулацијата што пореална и поверодостојна. Дел од тоа се над 19.000 вистински фудбалери, над 30 лиги и повеќе од 100 стадиони. Новата верзија ќе добие и две нови женски лиги - шпанската Лига Ф и германската Фраунен-Бундеслига, двете највисоки нивоа на женскиот фудбал во Шпанија и Германија.

The post „ЕА спортс“ прави нова фудбалска видеоигра како замена за ФИФА appeared first on Република.

]]>
Видеоиграта „Кол оф дјути“ подготвува нова „стапица“ за измамниците и тие што сакаат да играат нечесно https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/videoigrata-kol-of-djuti-podgotvuva-nova-stapitsa-za-izmamnitsite-i-tie-shto-sakaat-da-igraat-nechesno/ Sat, 01 Jul 2023 18:06:12 +0000 https://republika.mk/?p=657217

Компанијата за видеоигри, „Активижн“ (Activision) досега веќе користи повеќе видови борба против играчите-измамници во игрите „Кол оф дјути“ (Call of Duty)... Најновата мерка на програмерите засега се однесува на „Modern Warfare II“ и „Warzone II“ и на играчите кои користат забранети алатки како „Wallhack“ за да дојдат до дополнителни информации и да добијат нефер предност пред другите играчи.

За системите на „Активижн“ да откријат измамник или „сомнителен гејмер“, сега ќе се користи и тн. „халуцинација“ којашто нема да влијае на чесните играчи ​​бидејќи е направена да ги дезориентира само измамниците. Секоја „халуцинација“ ќе биде лажен играч - „имитација“ со цел да го намами измамникот во стапица, па така да го разоткрие.

Измамниците нема да можат да прават разлика меѓу „халуцинацијата“ и вистински играч - „халуцинациите“ ќе ги имаат истите видови скриени податоци што измамниците ги добиваат за легитимните играчи преку недозволените алатки. Тие тн. „халуцинации“, ќе бидат „сместени“ близу сомнителните играчи кои можеби мамат. Тој што ќе падне во стапицата, натаму е цел на безбедносниот систем.

Анти-хакерскиот тим „Рикошет“ го прекина методот „Квиксенд“ (Quicksand) - мерка што го забавуваше, т.е. замрзнуваше измамникот, преземајќи ја така контролата. Сепак, според наводите, можна е надградена верзија на „Квиксенд“.

The post Видеоиграта „Кол оф дјути“ подготвува нова „стапица“ за измамниците и тие што сакаат да играат нечесно appeared first on Република.

]]>

Компанијата за видеоигри, „Активижн“ (Activision) досега веќе користи повеќе видови борба против играчите-измамници во игрите „Кол оф дјути“ (Call of Duty)... Најновата мерка на програмерите засега се однесува на „Modern Warfare II“ и „Warzone II“ и на играчите кои користат забранети алатки како „Wallhack“ за да дојдат до дополнителни информации и да добијат нефер предност пред другите играчи. За системите на „Активижн“ да откријат измамник или „сомнителен гејмер“, сега ќе се користи и тн. „халуцинација“ којашто нема да влијае на чесните играчи ​​бидејќи е направена да ги дезориентира само измамниците. Секоја „халуцинација“ ќе биде лажен играч - „имитација“ со цел да го намами измамникот во стапица, па така да го разоткрие. Измамниците нема да можат да прават разлика меѓу „халуцинацијата“ и вистински играч - „халуцинациите“ ќе ги имаат истите видови скриени податоци што измамниците ги добиваат за легитимните играчи преку недозволените алатки. Тие тн. „халуцинации“, ќе бидат „сместени“ близу сомнителните играчи кои можеби мамат. Тој што ќе падне во стапицата, натаму е цел на безбедносниот систем. Анти-хакерскиот тим „Рикошет“ го прекина методот „Квиксенд“ (Quicksand) - мерка што го забавуваше, т.е. замрзнуваше измамникот, преземајќи ја така контролата. Сепак, според наводите, можна е надградена верзија на „Квиксенд“.

The post Видеоиграта „Кол оф дјути“ подготвува нова „стапица“ за измамниците и тие што сакаат да играат нечесно appeared first on Република.

]]>
Виктор и Марио ја создадоа „најдобрата видеоигра од Европа“: Наши средношколци добија признание на натпреварување во Бразил https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/viktor-i-mario-ja-sozdadoa-najdobrata-videoigra-od-evropa-nashi-srednoshkolci-dobija-priznanie-na-natprevaruvanje-vo-brazil/ Tue, 16 Aug 2022 12:47:26 +0000 https://republika.mk/?p=540956

Двајца македонски средношколци добија признание на натпреварување во Бразил.

Виктор Попов и Марио Павлески се средношколци од Охрид, кои на само 16 и 17-годишна возраст дознаа како е да се биде меѓу најдобрите во светот.

Тие со својата видеоигра „Пеинт д тинг“ (Paint the Thing) се пласираа на финалето на „Гејм џем“ во Бразил. На светското финале, играта на македонските средношколци ја доби наградата „Најдобра игра од Европа“ (Best Game Europe).

Двајцата неодамна завршија втора година средно во ОЕМУЦ „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Игри почнале да прават уште на деветгодишна возраст.

Првпат почувствував возбуда за игри уште од многу млада возраст кога татко ми ми купи компјутер и уште од тогаш почнав да играм многу различни и интересни игри како, на пример, „Кантер страјк 1.6“ и „Мајнкрафт“. За себе дознав дека сакав да правам игри кога мојот другар Виктор ми спомна за тоа и јас уште од првиот момент бев заинтересиран - раскажува Марио Павлески, за „Нова Македонија“.

Ова не е негова прва видеоигра, досега има направено дваесетина.

Најголемиот дел од нив се направени во „Јунити“, тие игри можете да ги најдите на Итч ио (itch io) под името Кринч мастер 64 (Cringe master 64). Во иднина се гледам како гејмдевелопер за некоја позната фирма. Имам планови да продолжам со гејмдевелоупмент (развој на видеоигри н.з.) и да се подобрам во оваа струка. Немам никакви планови да прекинам со правење игри, сепак, тоа е мојот сон - вели Марио.

Патот до Бразил им бил изненадување. Се пријавиле на „Гејм џем плус“ (Game Jam+), онлајн-натпревар, кој во Македеонија бил достапен преку организацијата МАГДА.

Во конкуренција од 24 екипи, ние бевме една од четирите екипи што се квалификуваше за Европското првенство. По неколку месеци, бевме известени дека сме, исто така, еден од четирите тимови што ќе продолжат до финалето во Бразил, заедно со тимови од Словенија, Португалија и Франција. Во меѓувреме, ние имавме неколку месеци да ја надградиме играта за да ја прикажеме во финалето - раскажува Виктор Попов.

Повеќе на „Нова Македонија“.

The post Виктор и Марио ја создадоа „најдобрата видеоигра од Европа“: Наши средношколци добија признание на натпреварување во Бразил appeared first on Република.

]]>

Двајца македонски средношколци добија признание на натпреварување во Бразил. Виктор Попов и Марио Павлески се средношколци од Охрид, кои на само 16 и 17-годишна возраст дознаа како е да се биде меѓу најдобрите во светот. Тие со својата видеоигра „Пеинт д тинг“ (Paint the Thing) се пласираа на финалето на „Гејм џем“ во Бразил. На светското финале, играта на македонските средношколци ја доби наградата „Најдобра игра од Европа“ (Best Game Europe). Двајцата неодамна завршија втора година средно во ОЕМУЦ „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Игри почнале да прават уште на деветгодишна возраст.