виде Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vide/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 11:13:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png виде Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vide/ 32 32 „Ептен Љубовна“ – свежо музичко остварување со видеоспот во изведба на Игор Џамбазов feat. Sarah Mace & The Girlzz https://arhiva3.republika.mk/scena/epten-lubovna-svezho-muzichko-ostvaruvane-so-videospot-vo-izvedba-na-igor-dhambazov-feat-sarah-mace-the-girlzz/ Wed, 06 Nov 2024 11:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=834693

Вчеравечер, на YouTube каналот на Сара Мејс, премиерно беше објавен видеоспотот за најновотомузичко остварување „Ептен Љубовна“ во изведба на Игор Џамбазов и Сара Мејс & The Girlzz. Оваа песна е плод на музичката креативност на големиот уметник и шоумен Игор Џамбазов, кој ги креираше музиката и текстот, а ја изведува заедно со Сара Мејс и вокалниот состав The Girlzz, составен од Калина Велковска, Ана Петановска и Теа Богатинова.

Аранжманот на песната е дело на Гуру Харе, кој додаде свои уникатни музички елементи, додека вокалниот аранжман за девојките е подготвен од Теа Богатинова, која внесе хармонија и изразност во нивните гласови. Спотот, снимен на неколку автентични локации низ Скопје, е режиран од Борјан Стојков, кој успева да ја пренесе суштината на песната во едно слатко сценарио. Оваа уникатна музичка колаборација донесува специфичен пристап во љубовните теми и на симпатичен начин ја прикажува љубовта од поинаква перспектива.

Со „Ептен Љубовна,“ Игор Џамбазов заедно со Сара Мејс & The Girlzz внесуваат нова енергија и креативност на македонската музичка сцена, демонстрирајќи дека музиката не претставува само израз на длабоки емоции, туку и извор на насмевки и забава и за отсликување на несекојдневните животни ситуации. Со својот свеж пристап, тие умешно ја комбинираат лириката и хуморот, што резултура со уникатна музичка композиција за уживање.

„Песната ја пишував во етапи. Пишувана е за неколку жени. Една вистинска, една лажна и неколку замислени. Затоа и се вика ептен љубовна... многу љубов има вложено во неа. Уживајте!“, напиша Игор Џамбазов на својот Instagram профил по објавата на новата композиција.

„Ептен Љубовна“ е оригинално музичко парче кое ветува дека ќе допре до срцата на слушателите. Погледнете го видео-спотот на YouTube каналот на Сара Мејс и уживајте во оваа единствена комбинација на хумор, талент и инспирација.

https://www.youtube.com/watch?v=RIlxwrYPngY&feature=youtu.be

The post „Ептен Љубовна“ – свежо музичко остварување со видеоспот во изведба на Игор Џамбазов feat. Sarah Mace & The Girlzz appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер, на YouTube каналот на Сара Мејс, премиерно беше објавен видеоспотот за најновотомузичко остварување „Ептен Љубовна“ во изведба на Игор Џамбазов и Сара Мејс & The Girlzz. Оваа песна е плод на музичката креативност на големиот уметник и шоумен Игор Џамбазов, кој ги креираше музиката и текстот, а ја изведува заедно со Сара Мејс и вокалниот состав The Girlzz, составен од Калина Велковска, Ана Петановска и Теа Богатинова. Аранжманот на песната е дело на Гуру Харе, кој додаде свои уникатни музички елементи, додека вокалниот аранжман за девојките е подготвен од Теа Богатинова, која внесе хармонија и изразност во нивните гласови. Спотот, снимен на неколку автентични локации низ Скопје, е режиран од Борјан Стојков, кој успева да ја пренесе суштината на песната во едно слатко сценарио. Оваа уникатна музичка колаборација донесува специфичен пристап во љубовните теми и на симпатичен начин ја прикажува љубовта од поинаква перспектива. Со „Ептен Љубовна,“ Игор Џамбазов заедно со Сара Мејс & The Girlzz внесуваат нова енергија и креативност на македонската музичка сцена, демонстрирајќи дека музиката не претставува само израз на длабоки емоции, туку и извор на насмевки и забава и за отсликување на несекојдневните животни ситуации. Со својот свеж пристап, тие умешно ја комбинираат лириката и хуморот, што резултура со уникатна музичка композиција за уживање. „Песната ја пишував во етапи. Пишувана е за неколку жени. Една вистинска, една лажна и неколку замислени. Затоа и се вика ептен љубовна... многу љубов има вложено во неа. Уживајте!“, напиша Игор Џамбазов на својот Instagram профил по објавата на новата композиција. „Ептен Љубовна“ е оригинално музичко парче кое ветува дека ќе допре до срцата на слушателите. Погледнете го видео-спотот на YouTube каналот на Сара Мејс и уживајте во оваа единствена комбинација на хумор, талент и инспирација. https://www.youtube.com/watch?v=RIlxwrYPngY&feature=youtu.be

The post „Ептен Љубовна“ – свежо музичко остварување со видеоспот во изведба на Игор Џамбазов feat. Sarah Mace & The Girlzz appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Струга- Македонија повторно горда! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-naroden-miting-na-vmro-dpmne-vo-struga-makedonija-povtorno-gorda/ Fri, 05 Apr 2024 17:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=762753

https://www.youtube.com/watch?v=wn6sDbVF3qQ

The post Следете во живо: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Струга- Македонија повторно горда! appeared first on Република.

]]>

https://www.youtube.com/watch?v=wn6sDbVF3qQ

The post Следете во живо: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Струга- Македонија повторно горда! appeared first on Република.

]]>
МКЦ го освои Копенхаген со Светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен https://arhiva3.republika.mk/scena/film/mkts-go-osvoi-kopenhagen-so-svetskata-premiera-na-filmot-efterklang-makedonium-bend-vo-rezhija-na-andreas-jonsen/ Sun, 24 Mar 2024 11:49:04 +0000 https://republika.mk/?p=758091

МКЦ го освои Копенхаген со Светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на Младински културен центар (МКЦ), Rosforth и Rumraket на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм „CPH:DOX“ во Копенхаген, Данска.

Премиерата на филмот беше проследена со уникатен концерт на ансамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот, беа отсвирени најпознатите песни од бендот Ефтеркланг, но и македонски песни и џез стандарди во препознатливиот народен ритам.

Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум“ во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност.

Филмот ја заокружува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ нашата земја. Во тој процес на регртурација на членови за новиот супер состав наречен „Ефтеркланг: Македониум бенд“, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски Грга, нивен пријател и посредник во целата авантура. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект.

Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.

Реализацијата на филмот е поддржана од Министерството за култура со 250.000 денари, како и од Данскиот уметнички совет и „Culture Moves Europe“ програмата на Европска Унија.

The post МКЦ го освои Копенхаген со Светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен appeared first on Република.

]]>

МКЦ го освои Копенхаген со Светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на Младински културен центар (МКЦ), Rosforth и Rumraket на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм „CPH:DOX“ во Копенхаген, Данска. Премиерата на филмот беше проследена со уникатен концерт на ансамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот, беа отсвирени најпознатите песни од бендот Ефтеркланг, но и македонски песни и џез стандарди во препознатливиот народен ритам. Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум“ во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност. Филмот ја заокружува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ нашата земја. Во тој процес на регртурација на членови за новиот супер состав наречен „Ефтеркланг: Македониум бенд“, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски Грга, нивен пријател и посредник во целата авантура. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект. Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски. Реализацијата на филмот е поддржана од Министерството за култура со 250.000 денари, како и од Данскиот уметнички совет и „Culture Moves Europe“ програмата на Европска Унија.

The post МКЦ го освои Копенхаген со Светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен appeared first on Република.

]]>
Нов сингл на RIS FLOWER – фантастична преработка на легендарната “Сите мои слики” од “Ареа” https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/nov-singl-na-ris-flower-fantastichna-prerabotka-na-legendarnata-site-moi-sliki-od-area/ Wed, 22 Mar 2023 15:28:02 +0000 https://republika.mk/?p=622496

Со доаѓањето на пролетта доаѓа ново, комплетно освежување на македонската музичка сцена. Во пресрет на мајската промоција на новиот албум, Ris Flower за прв пат се појавува со песна на македонски јазик - преработка на "Сите Мои Слики" .
Нашата интернационална музичка ѕвезда Ris Flower, заедно со својата екипа од Турција и Велика Британија, 23 години по првичното објавување, направи "cover" - преработка на еден од најголемите македонски рок хитови на сите времиња - “Сите мои слики” од групата Ареа.
Импресивниот звук на новата верзија на “Сите Мои Слики” е постигнат во соработка со светски признати мајстори  и воодушевува со својот свеж, модерен и моќен звук уште на првото слушање.

Продуцент и аранжер – Мустафа Чанбалзар
Микс – Арикан Сарикаја
Мастеринг: Џон Дејвис – “METROPOLIS STUDIO” – Лондон
Снимено во студио: “STUDIO ARI” – Истанбул
Видео - Давид Михајлов

Огромно задоволство, но исто така предизвик и одговорност беше да се преработи песна која е буквално химна на многу генерации. Чест ми е што добив одобрување од членовите на “Ареа” за преработка на овој хит. Музиката на оваа легендарна група, а посебно песната “Сите Мои Слики” има големо влијание врз мене како автор, па затоа во пресрет на албумот кој го најавувам за оваа пролет, решив да направам преработка на истата а со тоа да изразам благодарност кон македонската музика  и нејзиното влијание и инспирација врз музиката која јас ja творам на англиски јазик. Посебно драго ми е што покрај продуцентот Мустафа Чанбазлар, во целиот проект даде учество феноменалниот Џон Дејвис од Метрополис студио во Лондон, мастеринг инжинер на The Killers, Gorillaz, Dua Lipa, Led Zeppelin, Lana Del Rey, U2, Blur , Nick Cave и многу други , вели RIS FLOWER.

https://www.youtube.com/watch?v=IYGb-B2mCE0&feature=youtu.be

The post Нов сингл на RIS FLOWER – фантастична преработка на легендарната “Сите мои слики” од “Ареа” appeared first on Република.

]]>

Со доаѓањето на пролетта доаѓа ново, комплетно освежување на македонската музичка сцена. Во пресрет на мајската промоција на новиот албум, Ris Flower за прв пат се појавува со песна на македонски јазик - преработка на "Сите Мои Слики" . Нашата интернационална музичка ѕвезда Ris Flower, заедно со својата екипа од Турција и Велика Британија, 23 години по првичното објавување, направи "cover" - преработка на еден од најголемите македонски рок хитови на сите времиња - “Сите мои слики” од групата Ареа. Импресивниот звук на новата верзија на “Сите Мои Слики” е постигнат во соработка со светски признати мајстори  и воодушевува со својот свеж, модерен и моќен звук уште на првото слушање. Продуцент и аранжер – Мустафа Чанбалзар Микс – Арикан Сарикаја Мастеринг: Џон Дејвис – “METROPOLIS STUDIO” – Лондон Снимено во студио: “STUDIO ARI” – Истанбул Видео - Давид Михајлов
Огромно задоволство, но исто така предизвик и одговорност беше да се преработи песна која е буквално химна на многу генерации. Чест ми е што добив одобрување од членовите на “Ареа” за преработка на овој хит. Музиката на оваа легендарна група, а посебно песната “Сите Мои Слики” има големо влијание врз мене како автор, па затоа во пресрет на албумот кој го најавувам за оваа пролет, решив да направам преработка на истата а со тоа да изразам благодарност кон македонската музика  и нејзиното влијание и инспирација врз музиката која јас ja творам на англиски јазик. Посебно драго ми е што покрај продуцентот Мустафа Чанбазлар, во целиот проект даде учество феноменалниот Џон Дејвис од Метрополис студио во Лондон, мастеринг инжинер на The Killers, Gorillaz, Dua Lipa, Led Zeppelin, Lana Del Rey, U2, Blur , Nick Cave и многу други , вели RIS FLOWER.
https://www.youtube.com/watch?v=IYGb-B2mCE0&feature=youtu.be

The post Нов сингл на RIS FLOWER – фантастична преработка на легендарната “Сите мои слики” од “Ареа” appeared first on Република.

]]>
Битолската Алхамбра, локација за новиот спот на Тамара Стојковска https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/bitolskata-alhambra-lokatsija-za-noviot-spot-na-tamara-stojkovska/ Fri, 10 Feb 2023 08:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=607200

Старата архитектура на градот Битола, која припаѓа на неокласицизмот, честопати била „во кадар„ за бројни снимања, но последниот сингл на талентираната поп-пејачка Тамара Стојковска „Што ќе остане“ е снимен во ентериерот на еден од највредните репрезенти на таа архитектира, некогашната Солунска банка, позната како Алхамбра куќата во Битола, која по снимањето на спотот влезе во фаза на целосна реконструкција. Па така, новиот спот на Тамара ќе биде спомен за историјата како изгледаше овој објект пред неговата комплетна реконструкција.

Тамара вели дека е со музиката откако знае за себе. Настапувала од мали нозе на детски фестивали, по завршувањето на основното и средно музичко училиште, запишува студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, кои ги завршува и така официјално започнува нејзината професионална кариера. Позади себеси има стотици настапи како солист со Камерениот оркестар на Битола, на Битолскиот дувачки оркестар, како вокал во бендови, од кои Funk’d Up е нејзин матичен бенд со кој ја крстосува Македонија од 2019 година. Поп музиката е нејзин идеален простор, но заради музичкиот бекграунд, како школуван музичар, таа настапувала со хоровите ПроАрс, Драган Шуплевски и Женскиот младински хор при МКЦ, а била и хорист со Македонската Филхармонија и Македонската Опера и балет. Зад себе бележи квалитетна соло кариера, па од 2019 година издава неколку синглови: „Друга Ѕвезда“, „Кажи нешто ново“, „Жедни“, „Не ме оставај“…

Кога станува збор за градењето на мојот стил и создавањето музика, секогаш почнувам од тоа која сум јас, како се чувствувам, која емоција имам потреба да излезе од мене преку песна. Тие работи ги дискутирам со тимот што работам на старт и според тоа бираме насока во која ќе се работи новата песна. Уметноста нели е начин на изразување, и јас најкомотно се изразувам преку музиката. Обожавам кога соработувам со колеги музичари и изведувачи од било која друга уметност. Верувам дека посебна магија се создава кога повеќе уметници ќе си ја отворат душата на исто место, вели Тамара за последниот нејзин проект.

Најновото остварување „Што ќе остане“ кое деновиве ја имаше својата промоција го потпишува Коста Хаџикојчев кој е комплетен автор на новата песна на Тамара, Ѓорѓи Вацев стои позади продукцијата на видео спотот, кореографијата е на Бобан Русески, танчери се Сара Цветковска и Бобан Русески.

Не сакам кога луѓето споредуваат артисти или очекуваат некој да биде како некој друг. Обожавам и внимателно анализирам конструктивна критика, меѓутоа верувам дека еден музичар може да создаде нешто автентично само ако е искрен и свој. Колку и да е клише, добро познатата изрека дека уметноста не треба да ти биде допадлива туку треба да направи да почувствуваш нешто, дефинитивно има смисла„- додава Тамара која со нетрпение ги очекува реакциите на публиката за нејзиниот нов сингл.

https://www.youtube.com/watch?v=w9cdwke0424

The post Битолската Алхамбра, локација за новиот спот на Тамара Стојковска appeared first on Република.

]]>

Старата архитектура на градот Битола, која припаѓа на неокласицизмот, честопати била „во кадар„ за бројни снимања, но последниот сингл на талентираната поп-пејачка Тамара Стојковска „Што ќе остане“ е снимен во ентериерот на еден од највредните репрезенти на таа архитектира, некогашната Солунска банка, позната како Алхамбра куќата во Битола, која по снимањето на спотот влезе во фаза на целосна реконструкција. Па така, новиот спот на Тамара ќе биде спомен за историјата како изгледаше овој објект пред неговата комплетна реконструкција. Тамара вели дека е со музиката откако знае за себе. Настапувала од мали нозе на детски фестивали, по завршувањето на основното и средно музичко училиште, запишува студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, кои ги завршува и така официјално започнува нејзината професионална кариера. Позади себеси има стотици настапи како солист со Камерениот оркестар на Битола, на Битолскиот дувачки оркестар, како вокал во бендови, од кои Funk’d Up е нејзин матичен бенд со кој ја крстосува Македонија од 2019 година. Поп музиката е нејзин идеален простор, но заради музичкиот бекграунд, како школуван музичар, таа настапувала со хоровите ПроАрс, Драган Шуплевски и Женскиот младински хор при МКЦ, а била и хорист со Македонската Филхармонија и Македонската Опера и балет. Зад себе бележи квалитетна соло кариера, па од 2019 година издава неколку синглови: „Друга Ѕвезда“, „Кажи нешто ново“, „Жедни“, „Не ме оставај“…