вибратор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vibrator/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jan 2024 22:02:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вибратор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vibrator/ 32 32 Ја убива ли вибраторот вашата вагина? https://arhiva3.republika.mk/intima/ja-ubiva-li-vibratorot-vashata-vagina/ Wed, 20 Dec 2023 20:05:58 +0000 https://republika.mk/?p=724477

Додека многу сексуални помагала се сметаат за многу добри при стимулирање на вагината, постојат одредени сомнежи дека вибраторот има негативно влијание. Многумина сметаат дека пречесета употреба на вибраторот ја десензитивизира вагината, односно предизвикува синдром на „мртва вагина“.

Стручните лица решија да објаснат дали овој синдром, кој наводно ја убива страста меѓу партнерите, навистина постои или е само мит.

Гинекологот Шајза Малик за „Метро“ изјави дека не постои медицински доказ дека синдромот на мртвата вагина доведува до губење на сензитивноста.

Докторката објасни дека слабеењето на сензитивноста може да биде само моментно.

Секое чувство на десензитивност може да трае најмногу до еден час, вели гинекологот и додава дека намалување на чувството на сензитивност на вагината може да се јави непосредно по раѓање на дете, за време на доење, но и за време на користење на контрацепција.

Уште една студија ја оспорува оваа теза, докажувајќи дека синдромот на „мртвата вагина“ е всушност само мит кој се шири на социјалните мрежи.

Според тоа истражување, дури ни еден отсто од жените не пријавиле губење на сензитивноста по долга употреба на вибратор. Истражувањето покажало дека користење на вибратор може да има позитивни ефекти кои се однесуваат на подобра стимулација на вагината.

The post Ја убива ли вибраторот вашата вагина? appeared first on Република.

]]>

Додека многу сексуални помагала се сметаат за многу добри при стимулирање на вагината, постојат одредени сомнежи дека вибраторот има негативно влијание. Многумина сметаат дека пречесета употреба на вибраторот ја десензитивизира вагината, односно предизвикува синдром на „мртва вагина“. Стручните лица решија да објаснат дали овој синдром, кој наводно ја убива страста меѓу партнерите, навистина постои или е само мит. Гинекологот Шајза Малик за „Метро“ изјави дека не постои медицински доказ дека синдромот на мртвата вагина доведува до губење на сензитивноста. Докторката објасни дека слабеењето на сензитивноста може да биде само моментно.
Секое чувство на десензитивност може да трае најмногу до еден час, вели гинекологот и додава дека намалување на чувството на сензитивност на вагината може да се јави непосредно по раѓање на дете, за време на доење, но и за време на користење на контрацепција.
Уште една студија ја оспорува оваа теза, докажувајќи дека синдромот на „мртвата вагина“ е всушност само мит кој се шири на социјалните мрежи. Според тоа истражување, дури ни еден отсто од жените не пријавиле губење на сензитивноста по долга употреба на вибратор. Истражувањето покажало дека користење на вибратор може да има позитивни ефекти кои се однесуваат на подобра стимулација на вагината.

The post Ја убива ли вибраторот вашата вагина? appeared first on Република.

]]>
Мајка ѝ купила вибратор на ќерката тинејџерка: Пред да ме распнете, слушнете го ова! https://arhiva3.republika.mk/intima/majka-kupila-vibrator-na-kerkata-tinejdherka-pred-da-me-raspnete-slushnete-go-ova/ Sun, 12 Nov 2023 17:25:48 +0000 https://republika.mk/?p=700770

Одлуката на една мајка да купи вибратор за нејзината ќерка тинејџерка предизвика жестока дебата на социјалните мрежи.

Мајката од Австралија дошла до оваа необична одлука откако го гледала обраќањето на психологот д-р Робин Бакли на конференција на ТЕД посветена на родителството и интимните односи меѓу тинејџерите. Како што вели, така дошла до „револуционерно сознание“.

Според излагањето на д-р Робин Бакли, кај девојчињата почнува да се развива желба за благ сексуален контакт на возраст од 11 до 14 години, а намерата да се направи нешто во врска со тоа обично се јавува помеѓу 15 и 19 години. Имајќи го ова на ум, д-р Бакли ѝ дала вибратор на нејзината ќерка кога имала 13 години.

https://youtu.be/h1yJYnCbNHM?si=obJq0vdY50t2UPgc

Нејзиниот потег предизвика бурни реакции, но мајка од Австралија, која сакаше да остане анонимна, во отвореното писмо објавено на порталот „Кидспот“ објасни што ја поттикнало да го следи примерот на психологот:

Планирам да ѝ купам вибратор на ќерка ми тинејџерка. Пред да ме распнете во коментари, слушнете ја и мојата страна, пишува оваа мајка.

Таа продолжи да раскажува како, кога била дете, нејзината мајка секогаш зборувала за мастурбирањето како нешто „срамно“. Така, кога почнала да излегува со момци, не знаела што ѝ се допаѓа. Нејзинот прв сексуален однос бил многу непријатен.

Гледајќи наназад, мислам дека ако ми беше дозволено да го истражувам и да го разберам моето тело, можеби ќе бев во подобра ситуација, подобро би се снашла и повеќе ќе уживав во мојата прва врска и односи, напиша таа.

Кога го гледала обраќањето на д-р Бакли, најпрво ја совладала мачнина, по што ѝ станало кристално јасно дека нејзиното интимно искуство би било многу поинакво доколку нејзината мајка имала поинаков однос кон мастурбацијата.жж

Најмногу ѝ се допаднало објаснувањето на докторката дека на својата ќерка ѝ купила вибратор бидејќи сакала да се чувствува „безбедно“ додека го истражува своето тело, со што оваа мајка апсолутно се сложила. Психологот додава дека мастурбацијата може да им помогне на девојките „да го намалат стресот, да ги ублажат главоболките и менструалните грчеви“.

The post Мајка ѝ купила вибратор на ќерката тинејџерка: Пред да ме распнете, слушнете го ова! appeared first on Република.

]]>

Одлуката на една мајка да купи вибратор за нејзината ќерка тинејџерка предизвика жестока дебата на социјалните мрежи. Мајката од Австралија дошла до оваа необична одлука откако го гледала обраќањето на психологот д-р Робин Бакли на конференција на ТЕД посветена на родителството и интимните односи меѓу тинејџерите. Како што вели, така дошла до „револуционерно сознание“. Според излагањето на д-р Робин Бакли, кај девојчињата почнува да се развива желба за благ сексуален контакт на возраст од 11 до 14 години, а намерата да се направи нешто во врска со тоа обично се јавува помеѓу 15 и 19 години. Имајќи го ова на ум, д-р Бакли ѝ дала вибратор на нејзината ќерка кога имала 13 години. https://youtu.be/h1yJYnCbNHM?si=obJq0vdY50t2UPgc Нејзиниот потег предизвика бурни реакции, но мајка од Австралија, која сакаше да остане анонимна, во отвореното писмо објавено на порталот „Кидспот“ објасни што ја поттикнало да го следи примерот на психологот:
Планирам да ѝ купам вибратор на ќерка ми тинејџерка. Пред да ме распнете во коментари, слушнете ја и мојата страна, пишува оваа мајка.
Таа продолжи да раскажува како, кога била дете, нејзината мајка секогаш зборувала за мастурбирањето како нешто „срамно“. Така, кога почнала да излегува со момци, не знаела што ѝ се допаѓа. Нејзинот прв сексуален однос бил многу непријатен.

Гледајќи наназад, мислам дека ако ми беше дозволено да го истражувам и да го разберам моето тело, можеби ќе бев во подобра ситуација, подобро би се снашла и повеќе ќе уживав во мојата прва врска и односи, напиша таа.

Кога го гледала обраќањето на д-р Бакли, најпрво ја совладала мачнина, по што ѝ станало кристално јасно дека нејзиното интимно искуство би било многу поинакво доколку нејзината мајка имала поинаков однос кон мастурбацијата.жж Најмногу ѝ се допаднало објаснувањето на докторката дека на својата ќерка ѝ купила вибратор бидејќи сакала да се чувствува „безбедно“ додека го истражува своето тело, со што оваа мајка апсолутно се сложила. Психологот додава дека мастурбацијата може да им помогне на девојките „да го намалат стресот, да ги ублажат главоболките и менструалните грчеви“.

The post Мајка ѝ купила вибратор на ќерката тинејџерка: Пред да ме распнете, слушнете го ова! appeared first on Република.

]]>