виа комерц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/via-komerc/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Apr 2023 18:58:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png виа комерц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/via-komerc/ 32 32 Русковска: Спасовски го потпишал решението за затворање на техничката станица 3 дена по несреќата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-spasovski-go-potpishal-reshenieto-za-zatvorane-na-tehnichkata-stanitsa-3-dena-po-nesrekata/ Mon, 03 Apr 2023 18:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=626851

Освен притисоците и заканите за предметот за Рашковски, други проблеми немала поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска. Таа во интервју во Топ тема вели дека сепак останале отворени предистраги, за кои веќе имало набавено многу докази.

Една од нив е за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ за автобусот на Беса транс, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани. Според Русковска, комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение.

Решението требало да го потпише министерот, но тој го потпишал 3 дена по сообраќајната несреќа. Законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение, вели Русоковска.

Додава дека предметот бил во поодмината фаза со насобрани докази, но не можела да го доврши.

Ако работи таа станица, работи незаконски затоа што Град Скопје им го има одземено сообраќајното решение. Предметот е пренесен на друг обвинител, но до каде е сега, не знам, вели Русковска.

The post Русковска: Спасовски го потпишал решението за затворање на техничката станица 3 дена по несреќата appeared first on Република.

]]>

Освен притисоците и заканите за предметот за Рашковски, други проблеми немала поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска. Таа во интервју во Топ тема вели дека сепак останале отворени предистраги, за кои веќе имало набавено многу докази. Една од нив е за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ за автобусот на Беса транс, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани. Според Русковска, комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение.
Решението требало да го потпише министерот, но тој го потпишал 3 дена по сообраќајната несреќа. Законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение, вели Русоковска.
Додава дека предметот бил во поодмината фаза со насобрани докази, но не можела да го доврши.
Ако работи таа станица, работи незаконски затоа што Град Скопје им го има одземено сообраќајното решение. Предметот е пренесен на друг обвинител, но до каде е сега, не знам, вели Русковска.

The post Русковска: Спасовски го потпишал решението за затворање на техничката станица 3 дена по несреќата appeared first on Република.

]]>
Пеливанов ѝ го додели случајот за Муареми на Стефанова https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pelivanov-go-dodeli-sluchajot-za-muaremi-na-stefanova/ Fri, 02 Sep 2022 11:51:11 +0000 https://republika.mk/?p=546741

Предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“, а по кои до нејзината суспензија од функцијата постапуваше Вилма Русковска, се презаведени и дадени на надлежно постапување на обвинителката Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција и обвинителата Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Од Jавно обвинителство информираат дека назначениот јавен обвинител Трајче Пеливанов за времено раководење со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел одлука за формирање четиричлена Комисија за констатирање на состојбата со тековните предмети во обвинителството, која извршила увид и ја попиша целокупната документација по предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“.

Согласно надлежностите предвидени во Законот за јавното обвинителство, предметот оформен по поднесена анонимна кривична пријава против повеќе лица од Управата за финансиска полиција е презаведен и даден на надлежно постапување на јавниот обвинител Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Предметот за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ е распореден во работа кај јавниот обвинител Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението од ЈО.

Постапувањето по овие предмети, се вели во соопштението, ќе продолжи непречено и јавните обвинители на кои сега им се доверени ќе ги преземат сите дејствија во согласност со Законот за кривична постапка за да ги проверат наводите во поднесените кривични пријави.

По останатите предмети во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што уверувата од ОЈО – ГОКК, нема никаков застој во постапувањето.

Јавниот обвинител Пеливанов во изминатите неколку дена одржа неколку колегиуми со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се информираше за тековните прашања и ги презеде сите организациски и други надлежности во ова обвинителство, се вели во соопштението од ЈО.

Согласно законските надлежности предвидени во член 28 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител ја започна постапката за вршење редовен надзор врз целокупното работење на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со надзорот над законитото и навременото извршување на јавнообвинителската функција ќе биде направен увид во текот на постапките во ова обвинителство.​

The post Пеливанов ѝ го додели случајот за Муареми на Стефанова appeared first on Република.

]]>

Предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“, а по кои до нејзината суспензија од функцијата постапуваше Вилма Русковска, се презаведени и дадени на надлежно постапување на обвинителката Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција и обвинителата Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од Jавно обвинителство информираат дека назначениот јавен обвинител Трајче Пеливанов за времено раководење со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел одлука за формирање четиричлена Комисија за констатирање на состојбата со тековните предмети во обвинителството, која извршила увид и ја попиша целокупната документација по предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“.
Согласно надлежностите предвидени во Законот за јавното обвинителство, предметот оформен по поднесена анонимна кривична пријава против повеќе лица од Управата за финансиска полиција е презаведен и даден на надлежно постапување на јавниот обвинител Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Предметот за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ е распореден во работа кај јавниот обвинител Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението од ЈО.
Постапувањето по овие предмети, се вели во соопштението, ќе продолжи непречено и јавните обвинители на кои сега им се доверени ќе ги преземат сите дејствија во согласност со Законот за кривична постапка за да ги проверат наводите во поднесените кривични пријави. По останатите предмети во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што уверувата од ОЈО – ГОКК, нема никаков застој во постапувањето.
Јавниот обвинител Пеливанов во изминатите неколку дена одржа неколку колегиуми со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се информираше за тековните прашања и ги презеде сите организациски и други надлежности во ова обвинителство, се вели во соопштението од ЈО.
Согласно законските надлежности предвидени во член 28 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител ја започна постапката за вршење редовен надзор врз целокупното работење на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со надзорот над законитото и навременото извршување на јавнообвинителската функција ќе биде направен увид во текот на постапките во ова обвинителство.​

The post Пеливанов ѝ го додели случајот за Муареми на Стефанова appeared first on Република.

]]>
Висат истрагите за „Виа комерц“ и Арафат Муареми откако ,,Јовески застана на другата страна” https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/visat-istragite-za-via-komerc-i-arafat-muaremi-otkako-joveski-zastana-na-drugata-strana/ Mon, 22 Aug 2022 14:16:46 +0000 https://republika.mk/?p=542851

По суспензијата на обвинителката Вилма Рускоска висат односно заглавени се предистрагите за најмалку два случаи во кои се инволвирани двајца функционери на СДСМ, „Беса транс“ и за финансиската полиција во која се гони Арафат Муареми.

Порталот мкд.мк пишува дека при крај е собирањето докази во предистрагата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој чекал 3,5 месеци да ја забрани работата на станицата во која бил регистриран автобусот на „Беса транс“ во кој во Бугарија загинаа 46 патници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/

Во тек беше и предистрагата за работата на директорот на Управата на финансиската полиција Арафат Муареми. По суспензијата на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска засега не се знае кој обвинител ќе ги води одие предмети, пишува порталот кој открива скандалозни наоди на истрагата кои одат директно до министерот за полиција Оливер Спасовски.

„Виа комерц“ од Глумово, техничката станица во која беше регистриран автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 46 патници, пред регистрацијата на автобусот веќе имала непотпишано решение за затворање поради бројни пропусти во работењето. Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, потпишал решение за затворање на станицата за технички преглед три дена по трагедијата, 23 ноември 2021 година, но за пропусти во работењето на станицата откриени уште во август. На 5 октомври во „Виа комерц“ се регистрирал автобусот на „Беса транс“. Во извештајот во август било запишано дека во „Виа комерц“ „се овозможува во сообраќајот на патиштата да учествуваат технички неисправни возила, односно возила кои може да претставуваат опасност по безбедноста на сообраќајот на патиштата“, пишува МКД.мк.

Русковска потврди дека доказите за овој предмет биле собрани, се чекало на распит на сведоци, информира Русковска која вели дека поради суспензијата и одморите на обвинителките засега не се знае кој ќе ја преземе предистрагата за овој случај.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kalajdziev-joveski-zastana-na-drugata-strana-namesto-na-stranata-na-obvinitelite/

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев објасни дека наместо државниот обвинител Јовески да ѝ даде поддршка на Рускоска да расчисти со криминалот, тој застанал на другата страна.


Повеќе на мкд.мк

Фото: Твитер

The post Висат истрагите за „Виа комерц“ и Арафат Муареми откако ,,Јовески застана на другата страна” appeared first on Република.

]]>

По суспензијата на обвинителката Вилма Рускоска висат односно заглавени се предистрагите за најмалку два случаи во кои се инволвирани двајца функционери на СДСМ, „Беса транс“ и за финансиската полиција во која се гони Арафат Муареми. Порталот мкд.мк пишува дека при крај е собирањето докази во предистрагата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој чекал 3,5 месеци да ја забрани работата на станицата во која бил регистриран автобусот на „Беса транс“ во кој во Бугарија загинаа 46 патници. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-joveski-ja-suspendira-ruskovska-poradi-dokazite-koi-gi-poseduva-za-kriminalot-na-muaremi-koi-vodat-do-krimnali-na-visoki-vladini-funkcioneri/ Во тек беше и предистрагата за работата на директорот на Управата на финансиската полиција Арафат Муареми. По суспензијата на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска засега не се знае кој обвинител ќе ги води одие предмети, пишува порталот кој открива скандалозни наоди на истрагата кои одат директно до министерот за полиција Оливер Спасовски.
„Виа комерц“ од Глумово, техничката станица во која беше регистриран автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 46 патници, пред регистрацијата на автобусот веќе имала непотпишано решение за затворање поради бројни пропусти во работењето. Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, потпишал решение за затворање на станицата за технички преглед три дена по трагедијата, 23 ноември 2021 година, но за пропусти во работењето на станицата откриени уште во август. На 5 октомври во „Виа комерц“ се регистрирал автобусот на „Беса транс“. Во извештајот во август било запишано дека во „Виа комерц“ „се овозможува во сообраќајот на патиштата да учествуваат технички неисправни возила, односно возила кои може да претставуваат опасност по безбедноста на сообраќајот на патиштата“, пишува МКД.мк.
Русковска потврди дека доказите за овој предмет биле собрани, се чекало на распит на сведоци, информира Русковска која вели дека поради суспензијата и одморите на обвинителките засега не се знае кој ќе ја преземе предистрагата за овој случај. https://republika.mk/vesti/makedonija/kalajdziev-joveski-zastana-na-drugata-strana-namesto-na-stranata-na-obvinitelite/ Професорот по кривично право Гордан Калајџиев објасни дека наместо државниот обвинител Јовески да ѝ даде поддршка на Рускоска да расчисти со криминалот, тој застанал на другата страна.
Повеќе на мкд.мк Фото: Твитер

The post Висат истрагите за „Виа комерц“ и Арафат Муареми откако ,,Јовески застана на другата страна” appeared first on Република.

]]>
Русковска испитува зошто Спасовски со месеци не го затворал техничкиот преглед во кој амин доби и „Беса транс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-ispituva-zoshto-spasovski-so-meseci-ne-go-zatvoral-tehnichkiot-pregled-vo-koj-amin-dobi-i-besa-trans/ Thu, 05 May 2022 09:13:43 +0000 https://republika.mk/?p=497901

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) испитува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија.

360 степени“ дознава дека обвинителството со кое раководи Вилма Русковска отворило предмет, кој засега е во фаза на предистрага. Според нивните сознанија, истражители од Обвинителството вчера го посетиле Министерството за внатрешни работи и од два сектора ја подигнале документацијата поврзана со случајот. Се постапува по кривична пријава од анонимни поднесувачи (група граѓани), вели извор за порталот.

„360 степени“ кон крајот на декември 2021 г. објави дека станицата за технички преглед „Виа комерц“ во село Глумово (Општина Сарај) била затворена три дена по трагедијата на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, иако пропустите во нејзината работа биле откриени повеќе од три месеци претходно.

Во телефонски повик до „Виа комерц“, пак, новинарите на порталот се претставија како заинтересирани потрошувачи, на што им кажаа дека техничкиот преглед сега работи, но со друго име. Дали оваа околност е нов случај сам за себе?

The post Русковска испитува зошто Спасовски со месеци не го затворал техничкиот преглед во кој амин доби и „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) испитува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија. „360 степени“ дознава дека обвинителството со кое раководи Вилма Русковска отворило предмет, кој засега е во фаза на предистрага. Според нивните сознанија, истражители од Обвинителството вчера го посетиле Министерството за внатрешни работи и од два сектора ја подигнале документацијата поврзана со случајот. Се постапува по кривична пријава од анонимни поднесувачи (група граѓани), вели извор за порталот. „360 степени“ кон крајот на декември 2021 г. објави дека станицата за технички преглед „Виа комерц“ во село Глумово (Општина Сарај) била затворена три дена по трагедијата на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, иако пропустите во нејзината работа биле откриени повеќе од три месеци претходно. Во телефонски повик до „Виа комерц“, пак, новинарите на порталот се претставија како заинтересирани потрошувачи, на што им кажаа дека техничкиот преглед сега работи, но со друго име. Дали оваа околност е нов случај сам за себе?

The post Русковска испитува зошто Спасовски со месеци не го затворал техничкиот преглед во кој амин доби и „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>