вежби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vezbi/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Jul 2024 16:12:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вежби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vezbi/ 32 32 Овие лесни вежби пред спиење ќе ви го продолжат сонот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ovie-lesni-vezhbi-pred-spiene-ke-vi-go-prodolzhat-sonot/ Sun, 21 Jul 2024 16:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=798833

Ново истражување посочува дека кратките периодични вечерни активности, во облик на лесни вежби, би можеле да го продолжат спиењето за 30 минути.

Вежбите како што се полесни чучнувања („сквотови“) и подигање на телото може да резултираат со подобар сон и потенцијално да ја намалат можноста за дијабетес и срцеви заболувања кај постарите возрасни лица, покажува истражувањето. И претходни испитувања прикажаа дека продолженото седење буден навечер и недоволното спиење се поврзани со зголемена опасност од најчестите заболувања коишто може да значат и смрт.

Околу 30 учесници во новото истражување имаа за задача: едната група - да прават четиричасовни вечерни „сесии“ со продолжено седење и втората група - седење со триминутни вежби на секои половина час.

Вежбите вклучуваа чучнувања, тежина врз листовите и колената, стоечки вежби итн. Одговорната за испитувањето, Мередит Педи изјави дека овие едноставни вежби се избрани затоа што не бараат никаква опрема, ниту многу простор, а може да се прават и при гледање ТВ. Така, истражувањата откриле дека кај испитаниците кои правеле вежби, се јавува одликата на 30 минути подолго спиење и се посочува дека сличен позитивен ефект се добива и од „марширање во место“ или едноставно одење низ куќата...

Па, дури и малку танцување може да помогне во таа насока. Најважно е редовно да станувате од столот и да го движите телото, советува д-р Педи.

Сепак, не се препорачуваат интензивни физички вежби пред спиење. Тоа ја зголемува телесната температура и отчукувањата на срцето, што води кон лош сон.

The post Овие лесни вежби пред спиење ќе ви го продолжат сонот appeared first on Република.

]]>

Ново истражување посочува дека кратките периодични вечерни активности, во облик на лесни вежби, би можеле да го продолжат спиењето за 30 минути. Вежбите како што се полесни чучнувања („сквотови“) и подигање на телото може да резултираат со подобар сон и потенцијално да ја намалат можноста за дијабетес и срцеви заболувања кај постарите возрасни лица, покажува истражувањето. И претходни испитувања прикажаа дека продолженото седење буден навечер и недоволното спиење се поврзани со зголемена опасност од најчестите заболувања коишто може да значат и смрт. Околу 30 учесници во новото истражување имаа за задача: едната група - да прават четиричасовни вечерни „сесии“ со продолжено седење и втората група - седење со триминутни вежби на секои половина час. Вежбите вклучуваа чучнувања, тежина врз листовите и колената, стоечки вежби итн. Одговорната за испитувањето, Мередит Педи изјави дека овие едноставни вежби се избрани затоа што не бараат никаква опрема, ниту многу простор, а може да се прават и при гледање ТВ. Така, истражувањата откриле дека кај испитаниците кои правеле вежби, се јавува одликата на 30 минути подолго спиење и се посочува дека сличен позитивен ефект се добива и од „марширање во место“ или едноставно одење низ куќата...
Па, дури и малку танцување може да помогне во таа насока. Најважно е редовно да станувате од столот и да го движите телото, советува д-р Педи.
Сепак, не се препорачуваат интензивни физички вежби пред спиење. Тоа ја зголемува телесната температура и отчукувањата на срцето, што води кон лош сон.

The post Овие лесни вежби пред спиење ќе ви го продолжат сонот appeared first on Република.

]]>
Вежбањето спречува појава на деменциија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vezhbaneto-sprechuva-pojava-na-dementsiija/ Mon, 17 Jun 2024 09:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=788371

Деменцијата е синдром којшто се одликува со прогресивно влошување на когнитивните функции, како што се помнењето, размислувањето и способноста за извршување на секојдневните должности, а најчесто е предизвикана од дегенеративни заболувања на мозокот.

Возраста се смета за еден од поважните фактори на ризик, којшто човекот не може да го контролира. Сепак, и други фактори, како што се секојдневните навики, начинот на живот и сл. - играат важна улога. На некој начин, тоа е добра вест, според стручњаците, и ова значи дека имаме одредена моќ на контрола врз здравјето на својот мозок. Според истражувањето што ги поделило испитаниците во пет групи, имено, една навика може значително да ја намали опасноста од деменција - физичките вежби. Во таа смисла, дури и благото надминување на неделните препораки за вежбање може да биде прилично корисно.

Се говори за вежбите за срцето, белите дробови, мускулите, коишто исто така, се полезни и за мозокот.

Во споредба со групата испитаници означени како „најмалку фит“, оние со малку подобра форма имале 13 отсто помал ризик од Алцхајмерова болест... Натаму - средната група имала 20 отсто помал ризик, следната група на скалата имала 26 отсто помал ризик, а луѓето од „физички најактивната група“ имале 33 отсто помала опасност.

Авторите заклучуваат дека кардиореспираторната кондиција е поврзана со помали шанси за деменција, а како што луѓето стареат, сѐ тоа е поистакнато.

Истражувањето покажа дека најмалку 150 минути вежбање со умерен интензитет неделно се клучни за оптимално здравје на мозокот како што старееме. „Помалку значи повеќе“ има свое место во одредени случаи, но и надминувањето на неделните препораки за вежбање може да биде доста корисно вели невропсихологот д-р Џесика Калдвел за „Парејд“.

Таа вели оти за помладите луѓе или оние кои биле физички активни во минатото и постојано во нивниот живот, вежбањето до 300 минути или поинтензивно вежбање може да биде уште покорисно за мозокот. Како што возраста напредува, и рамнотежата меѓу физичката кондиција и спречувањето повреди и добрата аеробна кондиција се зацврстува.

Според сѐ, вежбањето е корисно не е само здравјето на срцето, туку и за мозокот.

The post Вежбањето спречува појава на деменциија appeared first on Република.

]]>

Деменцијата е синдром којшто се одликува со прогресивно влошување на когнитивните функции, како што се помнењето, размислувањето и способноста за извршување на секојдневните должности, а најчесто е предизвикана од дегенеративни заболувања на мозокот. Возраста се смета за еден од поважните фактори на ризик, којшто човекот не може да го контролира. Сепак, и други фактори, како што се секојдневните навики, начинот на живот и сл. - играат важна улога. На некој начин, тоа е добра вест, според стручњаците, и ова значи дека имаме одредена моќ на контрола врз здравјето на својот мозок. Според истражувањето што ги поделило испитаниците во пет групи, имено, една навика може значително да ја намали опасноста од деменција - физичките вежби. Во таа смисла, дури и благото надминување на неделните препораки за вежбање може да биде прилично корисно. Се говори за вежбите за срцето, белите дробови, мускулите, коишто исто така, се полезни и за мозокот. Во споредба со групата испитаници означени како „најмалку фит“, оние со малку подобра форма имале 13 отсто помал ризик од Алцхајмерова болест... Натаму - средната група имала 20 отсто помал ризик, следната група на скалата имала 26 отсто помал ризик, а луѓето од „физички најактивната група“ имале 33 отсто помала опасност. Авторите заклучуваат дека кардиореспираторната кондиција е поврзана со помали шанси за деменција, а како што луѓето стареат, сѐ тоа е поистакнато.
Истражувањето покажа дека најмалку 150 минути вежбање со умерен интензитет неделно се клучни за оптимално здравје на мозокот како што старееме. „Помалку значи повеќе“ има свое место во одредени случаи, но и надминувањето на неделните препораки за вежбање може да биде доста корисно вели невропсихологот д-р Џесика Калдвел за „Парејд“.
Таа вели оти за помладите луѓе или оние кои биле физички активни во минатото и постојано во нивниот живот, вежбањето до 300 минути или поинтензивно вежбање може да биде уште покорисно за мозокот. Како што возраста напредува, и рамнотежата меѓу физичката кондиција и спречувањето повреди и добрата аеробна кондиција се зацврстува. Според сѐ, вежбањето е корисно не е само здравјето на срцето, туку и за мозокот.

The post Вежбањето спречува појава на деменциија appeared first on Република.

]]>
Русија и Белорусија почнаа петдневни заеднички воени вежби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-i-belorusija-pochnaa-petdnevni-zaednichki-voeni-vezhbi/ Fri, 22 Sep 2023 12:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=684139

Москва и Минск денеска почнаа петдневни заеднички воени вежби на територијата на Белорусија, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

Воената вежба, која почна денеска во Белорусија, не претставува закана за соседните земји, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија, првиот заменик - министер за одбрана Виктор Гулевич.

Тој појасни дека руските и белоруските сили вежбаат „операции за одбрана на двете земји и подобрување на нивото на обученост на трупите“.

The post Русија и Белорусија почнаа петдневни заеднички воени вежби appeared first on Република.

]]>

Москва и Минск денеска почнаа петдневни заеднички воени вежби на територијата на Белорусија, соопшти белоруското Министерство за одбрана. Воената вежба, која почна денеска во Белорусија, не претставува закана за соседните земји, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија, првиот заменик - министер за одбрана Виктор Гулевич. Тој појасни дека руските и белоруските сили вежбаат „операции за одбрана на двете земји и подобрување на нивото на обученост на трупите“.

The post Русија и Белорусија почнаа петдневни заеднички воени вежби appeared first on Република.

]]>
Со неколку едноставни вежби до спектакуларен оргазам https://arhiva3.republika.mk/intima/so-nekolku-ednostavni-vezhbi-do-spektakularen-orgazam/ Thu, 02 Mar 2023 21:10:49 +0000 https://republika.mk/?p=615250

Кегеловите вежби помагаат да се подобри протокот на крв низ карличните мускули и да се зголеми нивната чувствителност, a со самото тоа ќе овозможат поголемо задоволство за време на сексуалниот однос, вели Пипа Марфи, британски експерт за секс и врски.

Таа потенцира дека сè повеќе луѓе ги практикуваат овие вежби не само што се добри за поголемо сексуално задоволство, туку помагаат и за одржување на уринарната континенција, односно ги „држат работите под контрола“.

Иако многумина мислат така, овие вежби не се наменети само за жени. И мажите имаат карлица, нели? Секојдневното повторување на Кегеловите вежби го подобруваат вагиналното подмачкување и општата сексуална возбуда кај жените, додека кај мажите се овозможува поцврста ерекција, поради подобриот проток на крвта во препоните. Исто така, кај двата пола го олеснува достигнувањето на оргазам, објаснила таа.

Вежбите се осмислени од гинекологот д-р Арнолд Кегел, и првично биле наменети за побрзо закрепнување на мускулите по породувањето, како и за третман на инконтиненција.

Тие се изведуваат така што замислувате дека ја стискате вагината околу тампон или како да го запирате мокрењето, а тоа помага да се лоцираат насочените карлични мускули. Експертите од Харвард советуваат дека е важно да не го задржувате здивот во текот на целата рутина, а пожелно е оваа вежба да се повторува 30 до 40 пати во текот на денот, во неколку наврати. Но, не заборавајте да го испразните мочниот меур пред да вежбате, објаснила Пипа.

Станува збор за мускулот 'musculus pubococcygeus' кој уште го нарекуваат и „љубовен мускул“, а неговиот облик наликува на банана. Се наоѓа во просторот од срамната коска до сакрумот (централниот дел на карлицата). Со контракција на тој мускул, го запираме потокот за време на мокрењето.

Д-р Параскеви Димитриади, специјалист по козметичка гинекологија и член на Европското здружение за естетска гинекологија, вели дека оваа рутина е прилично едноставна. И таа сподели неколку совети.

Пример за едноставна Кегел вежба би бил - легнете, ставете ги стапалата рамно на подот со свиткани колена и вдишете. Потоа издишете додека се концентрирате на вовлекување на долните стомачни мускули и стегање на мускулите околу уретрата и вагината. Кога ги собирате мускулите, задржете го тоа чувство околу три секунди пред да го ослободите и повторите, советува таа.

Нејзина репорака е да се обидете да ја изведете оваа вежба десет пати одеднаш. Исто така, обидете се да не го стискате стомакот во исто време кога ги стискате мускулите на карлицата.

Во вашата рутина можете да вклучите и Кегеловите топчиња со тегови или јајца од јони, додаде д-р Димитриади.

The post Со неколку едноставни вежби до спектакуларен оргазам appeared first on Република.

]]>

Кегеловите вежби помагаат да се подобри протокот на крв низ карличните мускули и да се зголеми нивната чувствителност, a со самото тоа ќе овозможат поголемо задоволство за време на сексуалниот однос, вели Пипа Марфи, британски експерт за секс и врски. Таа потенцира дека сè повеќе луѓе ги практикуваат овие вежби не само што се добри за поголемо сексуално задоволство, туку помагаат и за одржување на уринарната континенција, односно ги „држат работите под контрола“.
Иако многумина мислат така, овие вежби не се наменети само за жени. И мажите имаат карлица, нели? Секојдневното повторување на Кегеловите вежби го подобруваат вагиналното подмачкување и општата сексуална возбуда кај жените, додека кај мажите се овозможува поцврста ерекција, поради подобриот проток на крвта во препоните. Исто така, кај двата пола го олеснува достигнувањето на оргазам, објаснила таа.
Вежбите се осмислени од гинекологот д-р Арнолд Кегел, и првично биле наменети за побрзо закрепнување на мускулите по породувањето, како и за третман на инконтиненција.
Тие се изведуваат така што замислувате дека ја стискате вагината околу тампон или како да го запирате мокрењето, а тоа помага да се лоцираат насочените карлични мускули. Експертите од Харвард советуваат дека е важно да не го задржувате здивот во текот на целата рутина, а пожелно е оваа вежба да се повторува 30 до 40 пати во текот на денот, во неколку наврати. Но, не заборавајте да го испразните мочниот меур пред да вежбате, објаснила Пипа.
Станува збор за мускулот 'musculus pubococcygeus' кој уште го нарекуваат и „љубовен мускул“, а неговиот облик наликува на банана. Се наоѓа во просторот од срамната коска до сакрумот (централниот дел на карлицата). Со контракција на тој мускул, го запираме потокот за време на мокрењето. Д-р Параскеви Димитриади, специјалист по козметичка гинекологија и член на Европското здружение за естетска гинекологија, вели дека оваа рутина е прилично едноставна. И таа сподели неколку совети.
Пример за едноставна Кегел вежба би бил - легнете, ставете ги стапалата рамно на подот со свиткани колена и вдишете. Потоа издишете додека се концентрирате на вовлекување на долните стомачни мускули и стегање на мускулите околу уретрата и вагината. Кога ги собирате мускулите, задржете го тоа чувство околу три секунди пред да го ослободите и повторите, советува таа.
Нејзина репорака е да се обидете да ја изведете оваа вежба десет пати одеднаш. Исто така, обидете се да не го стискате стомакот во исто време кога ги стискате мускулите на карлицата.
Во вашата рутина можете да вклучите и Кегеловите топчиња со тегови или јајца од јони, додаде д-р Димитриади.

The post Со неколку едноставни вежби до спектакуларен оргазам appeared first on Република.

]]>
Меѓународна воена вежба во Црна Гора, ќе се увежбуваат активности на планина во зимски услови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/megunarodna-voena-vezhba-vo-tsrna-gora-ke-se-uvezhbuvaat-aktivnosti-na-planina-vo-zimski-uslovi/ Fri, 20 Jan 2023 19:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=599239

Меѓународната воена вежба „Заеднички предизвик 23“ ќе се одржи во Црна Гора од крајот на јануари до средината на февруари. Министерството за одбрана соопшти дека вежбата чиј домаќин ќе биде Армијата на Црна Гора, ги обединува вооружените сили на повеќе земји, јави РТЦГ.

На вежбата ќе учествуваат повеќе од 250 припадници на вооружените сили на Црна Гора, Австрија, Италија, Македонија, САД и на Центарот на НАТО за планинско војување. Тие заеднички ќе ги зајакнат своите способности за спроведување борбени и спасувачки операции на планински терен, во зимски услови, се вели во соопштението.

Активностите за време на вежбата ќе се изведуваат на територијата на општина Колашин.

The post Меѓународна воена вежба во Црна Гора, ќе се увежбуваат активности на планина во зимски услови appeared first on Република.

]]>

Меѓународната воена вежба „Заеднички предизвик 23“ ќе се одржи во Црна Гора од крајот на јануари до средината на февруари. Министерството за одбрана соопшти дека вежбата чиј домаќин ќе биде Армијата на Црна Гора, ги обединува вооружените сили на повеќе земји, јави РТЦГ. На вежбата ќе учествуваат повеќе од 250 припадници на вооружените сили на Црна Гора, Австрија, Италија, Македонија, САД и на Центарот на НАТО за планинско војување. Тие заеднички ќе ги зајакнат своите способности за спроведување борбени и спасувачки операции на планински терен, во зимски услови, се вели во соопштението. Активностите за време на вежбата ќе се изведуваат на територијата на општина Колашин.

The post Меѓународна воена вежба во Црна Гора, ќе се увежбуваат активности на планина во зимски услови appeared first on Република.

]]>
Во Европа започнува вежба на нуклеарните сили на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-evropa-zapochnuva-vezba-na-nuklearnite-sili-na-nato/ Mon, 17 Oct 2022 07:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=561905

Вооружените сили од 14 земји-членки на НАТО денеска почнаа годишна вежба за симулирање на одбраната на територијата што ја покрива Алијансата користејќи нуклеарно оружје.

Во вежбите, наречени „Steadfast Noon“, учествуваат 60 авиони, вклучувајќи борбени авиони, авиони за надзор и полнење гориво, како и бомбардери Б-52 од САД, кои ќе летаат од Северна Дакота, според НАТО.

Вежбата ќе продолжи до 30 октомври, соопштија од Алијансата. Вежбата е редовна, се одржува секоја година и нема директна врска со настаните околу војната во Украина, објасни минатата недела генералниот секретар на пактот Јенс Столтенберг.

Домаќин годинава ќе биде Белгија. Во вежбата ќе се користат само макети на нуклеарно оружје, објаснуваат од НАТО.

Планирано е да се реализираат летови над Белгија, Северното Море и Велика Британија од база лоцирана во околината на Брисел. Целта на вежбата е да се тестира подготвеноста на нуклеарните сили за одвраќање.

The post Во Европа започнува вежба на нуклеарните сили на НАТО appeared first on Република.

]]>

Вооружените сили од 14 земји-членки на НАТО денеска почнаа годишна вежба за симулирање на одбраната на територијата што ја покрива Алијансата користејќи нуклеарно оружје. Во вежбите, наречени „Steadfast Noon“, учествуваат 60 авиони, вклучувајќи борбени авиони, авиони за надзор и полнење гориво, како и бомбардери Б-52 од САД, кои ќе летаат од Северна Дакота, според НАТО. Вежбата ќе продолжи до 30 октомври, соопштија од Алијансата. Вежбата е редовна, се одржува секоја година и нема директна врска со настаните околу војната во Украина, објасни минатата недела генералниот секретар на пактот Јенс Столтенберг. Домаќин годинава ќе биде Белгија. Во вежбата ќе се користат само макети на нуклеарно оружје, објаснуваат од НАТО. Планирано е да се реализираат летови над Белгија, Северното Море и Велика Британија од база лоцирана во околината на Брисел. Целта на вежбата е да се тестира подготвеноста на нуклеарните сили за одвраќање.

The post Во Европа започнува вежба на нуклеарните сили на НАТО appeared first on Република.

]]>
Три вежби за цврст и рамен стомак https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/tri-vezbi-za-cvrst-i-ramen-stomak/ Wed, 06 Jul 2022 09:24:18 +0000 https://republika.mk/?p=524676

Спојот од редовна физичка активност, намалување на стресот, квалитетен сон и урамнотежена исхрана е основата од која се поаѓа, со цел поздрав живот.

Ако сакате стомакот да ви е рамен и затегнат, познавачите препорачуваат - почнете со овие вежби и резултатите би требало да бидат видливи за неколку седмици.

Вежба „Планк“

Тоа е вежба за сила која ги зајакнува мускулите на абдоминалниот ѕид.

Вежба „Руско свртување”

Ги зајакнува главните стомачни мускули – „rectus abdominis“, надворешните коси, внатрешните коси и „transversus abdominis“.

Вежба „Брод“

Тука активни се и мускулите на колкот и грбот, а што е најважно, оваа вежба го стимулира и варењето.

The post Три вежби за цврст и рамен стомак appeared first on Република.

]]>

Спојот од редовна физичка активност, намалување на стресот, квалитетен сон и урамнотежена исхрана е основата од која се поаѓа, со цел поздрав живот. Ако сакате стомакот да ви е рамен и затегнат, познавачите препорачуваат - почнете со овие вежби и резултатите би требало да бидат видливи за неколку седмици.

Вежба „Планк“

Тоа е вежба за сила која ги зајакнува мускулите на абдоминалниот ѕид.

Вежба „Руско свртување”

Ги зајакнува главните стомачни мускули – „rectus abdominis“, надворешните коси, внатрешните коси и „transversus abdominis“.

Вежба „Брод“

Тука активни се и мускулите на колкот и грбот, а што е најважно, оваа вежба го стимулира и варењето.

The post Три вежби за цврст и рамен стомак appeared first on Република.

]]>
Три едноставни вежби за отстранување на подбрадокот https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/tri-ednostavni-vezbi-za-otstranuvanje-na-podbradokot/ Fri, 01 Jul 2022 08:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=521956

Подбрадокот може да се појави поради генетиката или, што е прилично често, од прекумерна тежина, особено по 30-та година од животот, кога кожата полека почнува да ја губи еластичноста. Тогаш кожата кај вратот почнува полека „да се опушта“, посебно кај луѓе кои се помалку активни или се склони кон дебелеење.

Ваквата состојба, на радост на засегнатите, може да се подобри со лесни, но насочени вежби. Со нив, кожата станува позатегната, а подбрадокот се намалува.

Важно е овие вежби да се изведуваат полека, постепено, без брзање и со свесност за секое движење. Ова се три едноставни вежби, коишто се практикуваат секој ден.

„Бакнежи кон небото“

Длабоко вдишете, подигнете ја брадата нагоре за да почувствувате напнатост во вратот. Потоа соберете ги усните – со 20 наизменични „бакнежи“ во воздухот и спуштања на главата помеѓу погледите нагоре. Повторете ја оваа вежба 5-10 пати секој ден.

„Уво до рамето“.

Полека навалете ја главата на едната страна и обидете да го допрете рамото со увото. Приближете ги што е можно повеќе, но внимавајте да не се појави болка. Полека вратете ја главата во почетната положба и сторете го истото со другата страна. Повторете ја вежбата неколкупати.

„Поглед настрана“

Застанете исправено простум и испреплетете ги прстите на грбот. Во оваа положба, полека кревајте ги рацете колку што можете. Во исто време вдишете длабоко, свртете ја главата на едната страна, онака како да се обидувате да видите преку рамето зад себе. Останете во оваа положба пет секунди, па вратете се на почетната поза – со вдишување. Потоа свртете ја главата и на другата страна. На крај, полека спуштете ги рацете надолу.

The post Три едноставни вежби за отстранување на подбрадокот appeared first on Република.

]]>

Подбрадокот може да се појави поради генетиката или, што е прилично често, од прекумерна тежина, особено по 30-та година од животот, кога кожата полека почнува да ја губи еластичноста. Тогаш кожата кај вратот почнува полека „да се опушта“, посебно кај луѓе кои се помалку активни или се склони кон дебелеење. Ваквата состојба, на радост на засегнатите, може да се подобри со лесни, но насочени вежби. Со нив, кожата станува позатегната, а подбрадокот се намалува. Важно е овие вежби да се изведуваат полека, постепено, без брзање и со свесност за секое движење. Ова се три едноставни вежби, коишто се практикуваат секој ден.

„Бакнежи кон небото“

Длабоко вдишете, подигнете ја брадата нагоре за да почувствувате напнатост во вратот. Потоа соберете ги усните – со 20 наизменични „бакнежи“ во воздухот и спуштања на главата помеѓу погледите нагоре. Повторете ја оваа вежба 5-10 пати секој ден.

„Уво до рамето“.

Полека навалете ја главата на едната страна и обидете да го допрете рамото со увото. Приближете ги што е можно повеќе, но внимавајте да не се појави болка. Полека вратете ја главата во почетната положба и сторете го истото со другата страна. Повторете ја вежбата неколкупати.

„Поглед настрана“

Застанете исправено простум и испреплетете ги прстите на грбот. Во оваа положба, полека кревајте ги рацете колку што можете. Во исто време вдишете длабоко, свртете ја главата на едната страна, онака како да се обидувате да видите преку рамето зад себе. Останете во оваа положба пет секунди, па вратете се на почетната поза – со вдишување. Потоа свртете ја главата и на другата страна. На крај, полека спуштете ги рацете надолу.

The post Три едноставни вежби за отстранување на подбрадокот appeared first on Република.

]]>
НАТО почна воени вежби во Балтичко Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-pochna-voeni-vezbi-vo-baltichko-more/ Mon, 06 Jun 2022 08:36:17 +0000 https://republika.mk/?p=511635

НАТО вчера ја почна поморската вежба во Балтичкото Море – „БАЛТОПС 22“, што ќе трае речиси две недели и на која ќе учествуваат повеќе од 7.000 морнари, пилоти и пешадија од 16 земји членки, но и од земјите апликанти за членство во Алијансата – Шведска и Финска.

Годишната поморска вежба „БАЛТОПС 22“, почната во 1972 година, не беше одржана како одговор на конкретна закана, меѓутоа, американските медиуми наведуваат дека Северноатлантскиот договор соопшти дека „со Шведска и Финска, НАТО ја користи шансата да ја зајакне отпорноста и силата во непредвидлив свет“.

Командантот на Здружените американски сили, генерал Марк Мили, изјави дека е важно САД и другите земји од НАТО да покажат солидарност со Финска и Шведска за време на вежбата.

Тој додаде дека, од перспектива на Москва, влезот на Финска и Шведска во НАТО би бил „многу проблематичен“ и ќе ја остави Русија во тешка воена позиција, бидејќи таа ќе биде целосно опкружена со членки на НАТО.

Финска и Шведска учествуваат во поморска вежба од средината на 1990-тите, а „БАЛТОПС 22“ ќе заврши во германскиот град Кил на 17 јуни.

The post НАТО почна воени вежби во Балтичко Море appeared first on Република.

]]>

НАТО вчера ја почна поморската вежба во Балтичкото Море – „БАЛТОПС 22“, што ќе трае речиси две недели и на која ќе учествуваат повеќе од 7.000 морнари, пилоти и пешадија од 16 земји членки, но и од земјите апликанти за членство во Алијансата – Шведска и Финска. Годишната поморска вежба „БАЛТОПС 22“, почната во 1972 година, не беше одржана како одговор на конкретна закана, меѓутоа, американските медиуми наведуваат дека Северноатлантскиот договор соопшти дека „со Шведска и Финска, НАТО ја користи шансата да ја зајакне отпорноста и силата во непредвидлив свет“. Командантот на Здружените американски сили, генерал Марк Мили, изјави дека е важно САД и другите земји од НАТО да покажат солидарност со Финска и Шведска за време на вежбата. Тој додаде дека, од перспектива на Москва, влезот на Финска и Шведска во НАТО би бил „многу проблематичен“ и ќе ја остави Русија во тешка воена позиција, бидејќи таа ќе биде целосно опкружена со членки на НАТО. Финска и Шведска учествуваат во поморска вежба од средината на 1990-тите, а „БАЛТОПС 22“ ќе заврши во германскиот град Кил на 17 јуни.

The post НАТО почна воени вежби во Балтичко Море appeared first on Република.

]]>
Руска воена вежба во Калининград https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruska-voena-vezba-vo-kaliningrad/ Sat, 14 May 2022 13:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=502208

Русија денеска изведе воена вежба во својата енклава Калининград, лоцирана помеѓу Полска и Литванија.

Руските авиони ловци Су-27 симулираа непријателски воен напад врз Калининград.

Според руските медиуми во вежбата повеќе од десет Су-27, кои ги „уништиле“ авионите на „симулираниот“ непријател.

The post Руска воена вежба во Калининград appeared first on Република.

]]>

Русија денеска изведе воена вежба во својата енклава Калининград, лоцирана помеѓу Полска и Литванија. Руските авиони ловци Су-27 симулираа непријателски воен напад врз Калининград. Според руските медиуми во вежбата повеќе од десет Су-27, кои ги „уништиле“ авионите на „симулираниот“ непријател.

The post Руска воена вежба во Калининград appeared first on Република.

]]>
Русија: Вежбаме нуклеарни напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-vezbame-nuklearni-napadi/ Thu, 05 May 2022 07:24:35 +0000 https://republika.mk/?p=497843

Русија соопшти дека нејзините сили вежбале симулирани нуклеарни ракетни напади во западната енклава Калининград, сместена меѓу Полска и Литванија долж балтичкиот брег.

Русија во средата вежбаше „симулирани електронски лансирања“ на мобилни балистички ракетни системи Искандер со нуклеарна способност, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Руските сили вежбале единечни и повеќекратни напади врз цели, имитирајќи ракетни фрлачи, аеродроми, заштитена инфраструктура, воена опрема и командни пунктови на симулираниот непријател, пренесува АФП.

По извршувањето на „електронските лансирања“, воениот персонал изврши маневар за промена на позициите за да се избегне можен контранапад“, додаде Министерството за одбрана.

„Борбените единици вежбаа и операции во услови на радијација и хемиска контаминација“, се вели во соопштението.

 

The post Русија: Вежбаме нуклеарни напади appeared first on Република.

]]>

Русија соопшти дека нејзините сили вежбале симулирани нуклеарни ракетни напади во западната енклава Калининград, сместена меѓу Полска и Литванија долж балтичкиот брег. Русија во средата вежбаше „симулирани електронски лансирања“ на мобилни балистички ракетни системи Искандер со нуклеарна способност, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. Руските сили вежбале единечни и повеќекратни напади врз цели, имитирајќи ракетни фрлачи, аеродроми, заштитена инфраструктура, воена опрема и командни пунктови на симулираниот непријател, пренесува АФП.
По извршувањето на „електронските лансирања“, воениот персонал изврши маневар за промена на позициите за да се избегне можен контранапад“, додаде Министерството за одбрана. „Борбените единици вежбаа и операции во услови на радијација и хемиска контаминација“, се вели во соопштението.
 

The post Русија: Вежбаме нуклеарни напади appeared first on Република.

]]>
Заложничка драма, бомба, нападнати полицајци, извлекување ВИП лице… – тактичката вежба „Пролет-22“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaloznichka-drama-bomba-napadnati-policajci-izvlekuvanje-vip-lice-taktichkata-vezba-prolet-22/ Wed, 20 Apr 2022 14:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=491292

Денеска во кругот на СЦ „Борис Трајковски“ се реализираше Оперативно – тактичка вежба „Пролет-22“, прва од ваков обем и содржина на овие простори, која низ претходно определено комплексно сценарио, имаше за цел да ни ја доближи, односно да ја претстави организираноста и врвната подготвеност на полицијата при вршење на задачите од областа на безбедноста и неопходноста од тесна меѓусебна соработка на различните оддели во рамки на Бирото за јавна безбедност при МВР.

Како дел од проектираната ситуација извлечена од реалноста, јавноста се запозна со она што се очекува од полицијата околу одржување на безбедноста во специфични настанати услови, поточно справување со поголеми навивачки групи пред и за време на меѓународен спортски натпревар кој е прогласен за натпревар од висок ризик, со најавено присуство на ВИП лица.

Во реализацијата на целокупната Оперативно-тактичка вежба „Пролет-22“, учествуваа припадници од Одделот за специјални полициски операции, Одделот за обезбедување на определени личности и објекти, Одделот за воздухопловни единици, Единицата за службени кучиња, Единицата за откривање, деминирање на експлозивни средства и направи, како и припадници на Секторот за внатрешни работи Скопје кои беа опремени со боди-камери.

Во контекст на веќе воспоставениот концепт „Полицијата во служба на граѓаните“ преку Оперативно – тактичката вежба „Пролет-22“ беа претставени потребната подготвеност на полицијата, опремата, меѓусебната координација и навремената команда неопходни за еден ваков настан да помине безбедно. Но, и каква треба да е соработката на граѓаните со полицијата и колку партнерството меѓу полицијата и граѓаните е основа за позитивен исход од секоја слична ситуација.

На настанот покрај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваа и други членови на Владата, раководството на МВР и БЈБ, како и претставници на дипломатскиот кор во земјата.

The post Заложничка драма, бомба, нападнати полицајци, извлекување ВИП лице… – тактичката вежба „Пролет-22“ appeared first on Република.

]]>

Денеска во кругот на СЦ „Борис Трајковски“ се реализираше Оперативно – тактичка вежба „Пролет-22“, прва од ваков обем и содржина на овие простори, која низ претходно определено комплексно сценарио, имаше за цел да ни ја доближи, односно да ја претстави организираноста и врвната подготвеност на полицијата при вршење на задачите од областа на безбедноста и неопходноста од тесна меѓусебна соработка на различните оддели во рамки на Бирото за јавна безбедност при МВР. Како дел од проектираната ситуација извлечена од реалноста, јавноста се запозна со она што се очекува од полицијата околу одржување на безбедноста во специфични настанати услови, поточно справување со поголеми навивачки групи пред и за време на меѓународен спортски натпревар кој е прогласен за натпревар од висок ризик, со најавено присуство на ВИП лица. Во реализацијата на целокупната Оперативно-тактичка вежба „Пролет-22“, учествуваа припадници од Одделот за специјални полициски операции, Одделот за обезбедување на определени личности и објекти, Одделот за воздухопловни единици, Единицата за службени кучиња, Единицата за откривање, деминирање на експлозивни средства и направи, како и припадници на Секторот за внатрешни работи Скопје кои беа опремени со боди-камери. Во контекст на веќе воспоставениот концепт „Полицијата во служба на граѓаните“ преку Оперативно – тактичката вежба „Пролет-22“ беа претставени потребната подготвеност на полицијата, опремата, меѓусебната координација и навремената команда неопходни за еден ваков настан да помине безбедно. Но, и каква треба да е соработката на граѓаните со полицијата и колку партнерството меѓу полицијата и граѓаните е основа за позитивен исход од секоја слична ситуација. На настанот покрај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваа и други членови на Владата, раководството на МВР и БЈБ, како и претставници на дипломатскиот кор во земјата.

The post Заложничка драма, бомба, нападнати полицајци, извлекување ВИП лице… – тактичката вежба „Пролет-22“ appeared first on Република.

]]>