вевчански извори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vevchanski-izvori/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jun 2024 08:04:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вевчански извори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vevchanski-izvori/ 32 32 Мултимедијален перформанс „Алхемија на дивината“ на Вевчанските извори https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/multimedijalen-performans-alhemija-na-divinata-na-vevchanskite-izvori/ Wed, 26 Jun 2024 08:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=790869

На Вевчанските извори денеска и утре ќе се одржи мултимедијален, локациски специфичен перформанс насловен „Алхемија на дивината“.

Премиерата на перформансот ќе биде вечер од 19 часот, а втората и третата изведба ќе бидат утре од 12 и 19 часот.

„Алхемија на дивината“ е мултимедијален и локациски специфичен перфоманс, кој ќе ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори.

Ова уникатно искуство е дело на заеднички процес кој ги спојува талентите на уметници-изведувачи од различни уметнички области.

– Изведбата ја доловува суштината на животните трансформации, набљудувајќи го ритуалот на промена од најмалата клетка до најдалечните ѕвезди. Преку волшебните приказни, хипнотизирачкиот танц, евокативната музика и шепотењата на распеаните дрвја, ќе бидете обвиени во сетилно искуство како никогаш досега, стои во соопштението за настанот.

Уметници – ментори се Алесандро Ола, Јелена Вуксанович, Атила Антал, Вишња Жугич и Јасмина Билаловиќ. Додека изведувачки уметници се Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Јасмина Василева, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг.

Изведбата е дел од проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар „Медиа Артес“, Охрид.

 

The post Мултимедијален перформанс „Алхемија на дивината“ на Вевчанските извори appeared first on Република.

]]>

На Вевчанските извори денеска и утре ќе се одржи мултимедијален, локациски специфичен перформанс насловен „Алхемија на дивината“. Премиерата на перформансот ќе биде вечер од 19 часот, а втората и третата изведба ќе бидат утре од 12 и 19 часот. „Алхемија на дивината“ е мултимедијален и локациски специфичен перфоманс, кој ќе ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори. Ова уникатно искуство е дело на заеднички процес кој ги спојува талентите на уметници-изведувачи од различни уметнички области. – Изведбата ја доловува суштината на животните трансформации, набљудувајќи го ритуалот на промена од најмалата клетка до најдалечните ѕвезди. Преку волшебните приказни, хипнотизирачкиот танц, евокативната музика и шепотењата на распеаните дрвја, ќе бидете обвиени во сетилно искуство како никогаш досега, стои во соопштението за настанот. Уметници – ментори се Алесандро Ола, Јелена Вуксанович, Атила Антал, Вишња Жугич и Јасмина Билаловиќ. Додека изведувачки уметници се Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Јасмина Василева, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг. Изведбата е дел од проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар „Медиа Артес“, Охрид.  

The post Мултимедијален перформанс „Алхемија на дивината“ на Вевчанските извори appeared first on Република.

]]>