вето од Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veto-od-bugarija/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Aug 2023 15:02:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вето од Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veto-od-bugarija/ 32 32 СДСМ самиот си стави вето и ја доведе државата во потчинета положба, а тоа е кривично дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-samiot-si-stavi-veto-i-ja-dovede-drzhavata-vo-potchineta-polozhba-a-toa-e-krivichno-delo/ Fri, 18 Aug 2023 17:15:08 +0000 https://republika.mk/?p=673494

Во купот лаги што СДСМ и ДУИ го говореа кога се согласија на оној  француски, односно бугарски предлог најголема е онаа лага или манипулација дека ако не прифатиме уставни измени прв пат самите ќе си ставиме вето.

Тоа воопшто не е точно бидејќи по денешното гласање на дневниот стана јасно дека СДСМ самиот на себе си стави вето.Со тоа вето доби и државата која ја ставија во подредена положба. А тоа е кривично дело, тоа во СДСМ добро го знаат и ќе дојде време кога за ова ќе одговараат.

За да немаше вето власта требаше прво да обезбеди внатрешен конзензус, поддршка од опозицијата  и потоа тоа да им биде претставено пред граѓаните бидејќи ниту една партија на минатите избори во својата изборна програма немаше наведено дека ќе го менува Уставот.

Затоа вината за тоа што нема двотретинско мнозинство власта треба да ја бара исклучиво кај себе. Не знам како мислеа дека после сите изјави на Радев, Јотова, па еден куп бугарски премиери дека уставните измени е само почеток на сите услови што мораме да ги исполнме ако сакаме да почнеме преговори.Со други зборови да играме по бугарски ноти.

Згора на тоа,  нема никаква гаранција од ЕУ дека ќе станеме членки до 20230 година. Има само ветување, а на убави зброри и „само уште ова“ Македонците неколку пати се изгореа. СДСМ сакаше да се изгориме уште еднаш. А тоа е премногу.

The post СДСМ самиот си стави вето и ја доведе државата во потчинета положба, а тоа е кривично дело appeared first on Република.

]]>

Во купот лаги што СДСМ и ДУИ го говореа кога се согласија на оној  француски, односно бугарски предлог најголема е онаа лага или манипулација дека ако не прифатиме уставни измени прв пат самите ќе си ставиме вето. Тоа воопшто не е точно бидејќи по денешното гласање на дневниот стана јасно дека СДСМ самиот на себе си стави вето.Со тоа вето доби и државата која ја ставија во подредена положба. А тоа е кривично дело, тоа во СДСМ добро го знаат и ќе дојде време кога за ова ќе одговараат. За да немаше вето власта требаше прво да обезбеди внатрешен конзензус, поддршка од опозицијата  и потоа тоа да им биде претставено пред граѓаните бидејќи ниту една партија на минатите избори во својата изборна програма немаше наведено дека ќе го менува Уставот. Затоа вината за тоа што нема двотретинско мнозинство власта треба да ја бара исклучиво кај себе. Не знам како мислеа дека после сите изјави на Радев, Јотова, па еден куп бугарски премиери дека уставните измени е само почеток на сите услови што мораме да ги исполнме ако сакаме да почнеме преговори.Со други зборови да играме по бугарски ноти. Згора на тоа,  нема никаква гаранција од ЕУ дека ќе станеме членки до 20230 година. Има само ветување, а на убави зброри и „само уште ова“ Македонците неколку пати се изгореа. СДСМ сакаше да се изгориме уште еднаш. А тоа е премногу.

The post СДСМ самиот си стави вето и ја доведе државата во потчинета положба, а тоа е кривично дело appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Изјавите на Радев и Јотова се јасни дека нема да има нови услови во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-izjavite-na-radev-i-jotova-se-jasni-deka-nema-da-ima-novi-uslovi-vo-bugarija/ Sun, 06 Aug 2023 11:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=669209

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека нема простор за загриженост од евентуални нови блокади од Бугарија. Тој во интервју за МИА во врска со можноста за нови бугарски блокади на патот кон ЕУ и доколку поминат уставните измени вели дека тој лично ги разбира стравувањата, особено по одредени чекори и провокации кои беа на штета на односите меѓу двете земји.

-Но, со европски политики и одговорност од двете страни, може да се стигне и до европски односи. Тезата која ја наметнува опозицијата е манипулативна и има двојна цел. Од една страна да ги доведува во заблуда граѓаните, да си поигрува со нивните емоции. Од друга страна да создава алиби за својата неодговорност затоа што немаат аргументи како да ги бранат своите обиди за блокади. Особено сега, кога целата содржина на предложените уставни измени е објавена и достапна, никој нема ниту една забелешка, ниту има нешто против. Прилично јасни се работите, нови условувања за нас не може да има, нагласува Ковачевски.

Тој вели и дека јасни биле пораките од меѓународна заедница дека нема да има нови барања. Како пример ја посочи Германија и неговите разговори со канцеларот Олаф Шолц, дека нема никакви дилеми дека нема да има нови барања надвор од утврдената Преговарачка рамка.

-Да потсетам тоа беше децидно кажано и во Декларацијата на германскиот Бундестаг. Дека нема пречки за пристапувањето на Македонија во ЕУ и дека билатералните прашања нема да го одредат пристапниот процес на земјава кон членство во Унијата е и ставот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел, вели Ковачевски.

Премиерот рече дека и Бугарија на повеќе наврати го потврдила истото.

-Претседателот на Бугарија, Радев, потпретседателката Јотова, бугарското МНР, сите тие беа многу јасни во изјавите дека нема нови услови, очекувањата се дека ќе се исполнат договорените услови во Преговарачката рамка, истакна Ковачевски.

Тој во интервјуто за МИА додава дека новите барања понатаму ќе се однесуваат на реформите.

-Така што нема простор да размислуваме во насока дека влегуваме во вртлог на нови барања. Барањата понатаму ќе се реформи. Процес во кој ние се трансформираме и повторно ќе носиме сериозни и тешки одлуки кои ќе обезбедат подобар живот за граѓаните, додава Ковачевски.

The post Ковачевски: Изјавите на Радев и Јотова се јасни дека нема да има нови услови во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека нема простор за загриженост од евентуални нови блокади од Бугарија. Тој во интервју за МИА во врска со можноста за нови бугарски блокади на патот кон ЕУ и доколку поминат уставните измени вели дека тој лично ги разбира стравувањата, особено по одредени чекори и провокации кои беа на штета на односите меѓу двете земји.
-Но, со европски политики и одговорност од двете страни, може да се стигне и до европски односи. Тезата која ја наметнува опозицијата е манипулативна и има двојна цел. Од една страна да ги доведува во заблуда граѓаните, да си поигрува со нивните емоции. Од друга страна да создава алиби за својата неодговорност затоа што немаат аргументи како да ги бранат своите обиди за блокади. Особено сега, кога целата содржина на предложените уставни измени е објавена и достапна, никој нема ниту една забелешка, ниту има нешто против. Прилично јасни се работите, нови условувања за нас не може да има, нагласува Ковачевски.
Тој вели и дека јасни биле пораките од меѓународна заедница дека нема да има нови барања. Како пример ја посочи Германија и неговите разговори со канцеларот Олаф Шолц, дека нема никакви дилеми дека нема да има нови барања надвор од утврдената Преговарачка рамка. -Да потсетам тоа беше децидно кажано и во Декларацијата на германскиот Бундестаг. Дека нема пречки за пристапувањето на Македонија во ЕУ и дека билатералните прашања нема да го одредат пристапниот процес на земјава кон членство во Унијата е и ставот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел, вели Ковачевски. Премиерот рече дека и Бугарија на повеќе наврати го потврдила истото.
-Претседателот на Бугарија, Радев, потпретседателката Јотова, бугарското МНР, сите тие беа многу јасни во изјавите дека нема нови услови, очекувањата се дека ќе се исполнат договорените услови во Преговарачката рамка, истакна Ковачевски.
Тој во интервјуто за МИА додава дека новите барања понатаму ќе се однесуваат на реформите.
-Така што нема простор да размислуваме во насока дека влегуваме во вртлог на нови барања. Барањата понатаму ќе се реформи. Процес во кој ние се трансформираме и повторно ќе носиме сериозни и тешки одлуки кои ќе обезбедат подобар живот за граѓаните, додава Ковачевски.

The post Ковачевски: Изјавите на Радев и Јотова се јасни дека нема да има нови услови во Бугарија appeared first on Република.

]]>
На Бугарија не ѝ требаат нови услови: Само ќе замафтаат со она што го потпишаа Османи и Заев и „всичко“ ќе биде по процедура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarija-i-ne-i-trebaat-novi-uslovi-samo-ke-zamaftaat-so-ona-shto-go-potpishaa-osmani-i-zaev-i-vsichko-ke-bide-po-protsedura/ Mon, 17 Jul 2023 08:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=662145

Бугарија во координација со дипломати од ЕУ спроведува нова тактика која треба да ја натера опозицијата да гласа за уставни измени.

Откако минатата недела беа дојдени министрите за надворешни работи на  Австрија, Чешка и на Словачка, денеска доаѓа некаква „Вајмарска тројка“ со високи дипломати на Германија, Франција и Полска.

Сега дипломатите убедуваат дек Бугарија нема да има нови услови и дека тие ќе напраат се што е во нивна моќ Бугарија да не ја блокира Македонија со билатерални прашања.

За сево ова да е поубедливо  и бугарското министерство за надворешни работи излезе со соопштение дека немаат ови барања за соседот освен внесувањето на Бугарите и она што е договорено.

Но како што се вели „ѓаволот се крие во малите букви“.

 Го очекуваме првиот чекор во овој процес, согласно обврските потпишани од Скопје во јули 2022 година-вели бугарското МНР.

Токму она што беше договорено минатата година во т.н Француски предлог, кој во суштина е бугарски бидејќи во него се содржани апсолутно сите барања на Бугарија го става источниот сосед во лагодна ситуација да навистина не и требаат нови барања.

Протоколите кои станаа дел од преговарачката рамка и даваат право на Бугарија во секој момент да се повика на обврските од договорот меѓу Заев и Борисов, содржината на учебниците, напредокот во  историската комисија.

Само ќе замафтаат со она што го потпиша Османи, а потоа и Ковачевски и „всичко“ ќе биде по процедура.

The post На Бугарија не ѝ требаат нови услови: Само ќе замафтаат со она што го потпишаа Османи и Заев и „всичко“ ќе биде по процедура appeared first on Република.

]]>

Бугарија во координација со дипломати од ЕУ спроведува нова тактика која треба да ја натера опозицијата да гласа за уставни измени. Откако минатата недела беа дојдени министрите за надворешни работи на  Австрија, Чешка и на Словачка, денеска доаѓа некаква „Вајмарска тројка“ со високи дипломати на Германија, Франција и Полска. Сега дипломатите убедуваат дек Бугарија нема да има нови услови и дека тие ќе напраат се што е во нивна моќ Бугарија да не ја блокира Македонија со билатерални прашања. За сево ова да е поубедливо  и бугарското министерство за надворешни работи излезе со соопштение дека немаат ови барања за соседот освен внесувањето на Бугарите и она што е договорено. Но како што се вели „ѓаволот се крие во малите букви“.
 Го очекуваме првиот чекор во овој процес, согласно обврските потпишани од Скопје во јули 2022 година-вели бугарското МНР.
Токму она што беше договорено минатата година во т.н Француски предлог, кој во суштина е бугарски бидејќи во него се содржани апсолутно сите барања на Бугарија го става источниот сосед во лагодна ситуација да навистина не и требаат нови барања. Протоколите кои станаа дел од преговарачката рамка и даваат право на Бугарија во секој момент да се повика на обврските од договорот меѓу Заев и Борисов, содржината на учебниците, напредокот во  историската комисија. Само ќе замафтаат со она што го потпиша Османи, а потоа и Ковачевски и „всичко“ ќе биде по процедура.    

The post На Бугарија не ѝ требаат нови услови: Само ќе замафтаат со она што го потпишаа Османи и Заев и „всичко“ ќе биде по процедура appeared first on Република.

]]>
И јули ќе помине, а власта никако да ги испрати уставните измени во Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-juli-ke-pomine-a-vlasta-nikako-da-gi-isprati-ustavnite-izmeni-vo-sobranie/ Thu, 13 Jul 2023 09:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=660766

Предлогот за уставните измени е доставен до Владата. Се очекува да биде разгледан на некоја од наредните седници, а до крајот на месецот да биде доставен до Собранието, тврди Ковачевски. Но, иако власта тврди дека се обезбедени уставни измени, тие никаков се пратат во Законодавниот дом

-Предлогот за уставните измени е доставен до Владата и откако таа ќе го разгледа на некоја од наредните седници, меѓутоа не подоцна од крајот на овој месец, ќе го достави до Собранието. Уставните измени се глас за ЕУ и за продолжување за европскиот пат, изјави Ковачевски на прес-конференцијата одржана во Вилнус каде се одржуваше Самитот на НАТО.

Посочи дека уставните измени не се под никаков диктат, туку дека се дел од обврските наведени во Преговарачката рамка што во јули минатата година била усвоена во Собранието без ниту еден глас „против“.

North Macedonia will meet its two percent GDP defense spending target in 2024, in line with the NATO member states' pledge to spend a minimum of 2% of their economic output on defense, Prime

Тој е убеден дека сега самите можеме да си ставиме вето.

- За првпат имаме ситуација во која ветото не доаѓа однадвор, туку одвнатре. Секој има право да се изолира себеси, па дури и да изолира дел од својата политичка партија, но нема право да ја изолира државата. Нивната реторика којашто беше гласна цела една година, на денот на лидерската средба веќе престана да постои. Сите услови на лидерот на опозицијата беа прифатени. Потоа веројатно под некаков притисок, внатрешен или не знам каков, ретерираше во своите ставови, рече Ковачевски.

Но, со ставовите на Ковачевски не се сложува опозицијата.

Професорката Иванка Василевска з „Република“ твррди  со неиспраќањето на уставните амадмани власта купува време.

Можеби се обидуваат и да најдат некаков канал и да извршат притисок. Со овие луѓе се можно и затоа сме будни. Нашиот став е јасен, претседателот Мицкоски кажа дека повеќе нема што да се дискутира и единствено што останува е одржување на изборите и на изборите да излеземе пред граѓаните со програми и да им понудиме опции за Македонија.Како ќе одлучат македонските граѓани така ќе тераме понатаму.

The post И јули ќе помине, а власта никако да ги испрати уставните измени во Собрание appeared first on Република.

]]>

Предлогот за уставните измени е доставен до Владата. Се очекува да биде разгледан на некоја од наредните седници, а до крајот на месецот да биде доставен до Собранието, тврди Ковачевски. Но, иако власта тврди дека се обезбедени уставни измени, тие никаков се пратат во Законодавниот дом
-Предлогот за уставните измени е доставен до Владата и откако таа ќе го разгледа на некоја од наредните седници, меѓутоа не подоцна од крајот на овој месец, ќе го достави до Собранието. Уставните измени се глас за ЕУ и за продолжување за европскиот пат, изјави Ковачевски на прес-конференцијата одржана во Вилнус каде се одржуваше Самитот на НАТО.
Посочи дека уставните измени не се под никаков диктат, туку дека се дел од обврските наведени во Преговарачката рамка што во јули минатата година била усвоена во Собранието без ниту еден глас „против“. North Macedonia will meet its two percent GDP defense spending target in 2024, in line with the NATO member states' pledge to spend a minimum of 2% of their economic output on defense, Prime Тој е убеден дека сега самите можеме да си ставиме вето.
- За првпат имаме ситуација во која ветото не доаѓа однадвор, туку одвнатре. Секој има право да се изолира себеси, па дури и да изолира дел од својата политичка партија, но нема право да ја изолира државата. Нивната реторика којашто беше гласна цела една година, на денот на лидерската средба веќе престана да постои. Сите услови на лидерот на опозицијата беа прифатени. Потоа веројатно под некаков притисок, внатрешен или не знам каков, ретерираше во своите ставови, рече Ковачевски.
Но, со ставовите на Ковачевски не се сложува опозицијата. Професорката Иванка Василевска з „Република“ твррди  со неиспраќањето на уставните амадмани власта купува време.
Можеби се обидуваат и да најдат некаков канал и да извршат притисок. Со овие луѓе се можно и затоа сме будни. Нашиот став е јасен, претседателот Мицкоски кажа дека повеќе нема што да се дискутира и единствено што останува е одржување на изборите и на изборите да излеземе пред граѓаните со програми и да им понудиме опции за Македонија.Како ќе одлучат македонските граѓани така ќе тераме понатаму.

The post И јули ќе помине, а власта никако да ги испрати уставните измени во Собрание appeared first on Република.

]]>
Радев: Во моментов сме во состојба на вето за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-vo-momentov-sme-vo-sostojba-na-veto-za-makedonija/ Thu, 09 Feb 2023 10:29:03 +0000 https://republika.mk/?p=606829

Во моментов сме во состојба на вето. Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во уставот на нашиот сосед. Тие се уште не се впишани и преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, одговорајќи на новинарско прашање за последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје и дали Бугарија планира ново вето.

Темата за  Македонија не е на дневен ред на советот, но Радев вели дека ќе ја иницира.

– Ќе ја искористам можноста да го покренам прашањето за зголемената агресија и ескалирачката антибугарска кампања во Република Македонија, што веќе води до престапи од омраза – подметнување пожар, пукање во нашите културни клубови, физичко насилство врз македонски Бугари и бугарски државјани. Ќе ги повикам моите колеги на поголема солидарност и ангажираност. Со истата енергија како што бараат од нас забрзување на процесот на евроинтеграцијата на Република Македонија, ЕУ да наложи мониторинг и гаранција за почитување на правата на македонските Бугари, изјави Радев.

Софија, како што посочи, морала со две последователни вета за Скопје да им го објанси на европските партнери проблемот со правата на Бугарите во Република Македонија.

Тој очекува категорична институционална реакција од македонските власти за откривање на санкционирање на сторителите, но вели дека во моментов не гледа таква политичка волја во Скопје, а тоа, според него, само ги продолжува проблемите

The post Радев: Во моментов сме во состојба на вето за Македонија appeared first on Република.

]]>

Во моментов сме во состојба на вето. Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во уставот на нашиот сосед. Тие се уште не се впишани и преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, одговорајќи на новинарско прашање за последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје и дали Бугарија планира ново вето. Темата за  Македонија не е на дневен ред на советот, но Радев вели дека ќе ја иницира.
– Ќе ја искористам можноста да го покренам прашањето за зголемената агресија и ескалирачката антибугарска кампања во Република Македонија, што веќе води до престапи од омраза – подметнување пожар, пукање во нашите културни клубови, физичко насилство врз македонски Бугари и бугарски државјани. Ќе ги повикам моите колеги на поголема солидарност и ангажираност. Со истата енергија како што бараат од нас забрзување на процесот на евроинтеграцијата на Република Македонија, ЕУ да наложи мониторинг и гаранција за почитување на правата на македонските Бугари, изјави Радев.
Софија, како што посочи, морала со две последователни вета за Скопје да им го објанси на европските партнери проблемот со правата на Бугарите во Република Македонија. Тој очекува категорична институционална реакција од македонските власти за откривање на санкционирање на сторителите, но вели дека во моментов не гледа таква политичка волја во Скопје, а тоа, според него, само ги продолжува проблемите

The post Радев: Во моментов сме во состојба на вето за Македонија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски да каже како е можно на се што испопотпишаа да создадат студена дипломатска војна со Бугарија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-da-kazhe-kako-e-mozhno-na-se-shto-ispopotpishaa-da-sozdadat-studena-diplomatska-vojna-so-bugarija/ Fri, 27 Jan 2023 07:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=601486

Ковачевски да каже како е можно на се што испопотпишаа да создадат студена дипломатска војна со Бугарија, попусливоста е последица на ранливоста поради енормниот криминал, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Ескалирањето на односите со Бугарија е последица на попустливоста и веднењето кичма на СДС. Владата исполни се што беше побарано од неа, дури и невозможни и нерационални работи, па така како природен след доаѓа ставот на Бугарија дека и понатаму се друго што ќе побараат ќе биде исполнето од овие политичари, резултатот е повлечен амбасадор и односи како во студена војна.

Власта потпиша се што беше побарано, само за зачувување на личните фотелји.

Ковачевски и Пендаровски заглавија до толку што за нивната неспособност и некадарност за нормализирање на односите обвинија дека зад сите работи стојат странски служби, без да кажат кои се, и што им е интересот. Пендаровски иако платен од народот за да го штити, и службите под него исто така, не кажа кој тоа ја дестабилизира Македонија. Само сее ветар и магла.

Исти како Пендаровски се и Ковачевски и Османи, кои првин се заканија дека ќе прогласат одредени политичари за персона нон грата, а потоа ретерираа и кажаа дека ќе почекаат до 4ти февруари. Што ќе чекаат? Дали чекаат инциденти или политиката ја претвораат во естрада и поле за циркузанти?

Ковачевски, Османи и Пендаровски со нивното килаво однесување, кое е резултат на нивната корумпираност и криминал, а со цел да останат ден повеќе на власт ја понижуваат Македонија.

The post Ковачевски да каже како е можно на се што испопотпишаа да создадат студена дипломатска војна со Бугарија? appeared first on Република.

]]>

Ковачевски да каже како е можно на се што испопотпишаа да создадат студена дипломатска војна со Бугарија, попусливоста е последица на ранливоста поради енормниот криминал, прашува ВМРО-ДПМНЕ. Ескалирањето на односите со Бугарија е последица на попустливоста и веднењето кичма на СДС. Владата исполни се што беше побарано од неа, дури и невозможни и нерационални работи, па така како природен след доаѓа ставот на Бугарија дека и понатаму се друго што ќе побараат ќе биде исполнето од овие политичари, резултатот е повлечен амбасадор и односи како во студена војна. Власта потпиша се што беше побарано, само за зачувување на личните фотелји. Ковачевски и Пендаровски заглавија до толку што за нивната неспособност и некадарност за нормализирање на односите обвинија дека зад сите работи стојат странски служби, без да кажат кои се, и што им е интересот. Пендаровски иако платен од народот за да го штити, и службите под него исто така, не кажа кој тоа ја дестабилизира Македонија. Само сее ветар и магла.
Исти како Пендаровски се и Ковачевски и Османи, кои првин се заканија дека ќе прогласат одредени политичари за персона нон грата, а потоа ретерираа и кажаа дека ќе почекаат до 4ти февруари. Што ќе чекаат? Дали чекаат инциденти или политиката ја претвораат во естрада и поле за циркузанти?
Ковачевски, Османи и Пендаровски со нивното килаво однесување, кое е резултат на нивната корумпираност и криминал, а со цел да останат ден повеќе на власт ја понижуваат Македонија.

The post Ковачевски да каже како е можно на се што испопотпишаа да создадат студена дипломатска војна со Бугарија? appeared first on Република.

]]>
Попустливоста кон Бугарија донесe нова блокада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/popuslivosta-kon-bugarija-donesoa-nova-blokada/ Thu, 26 Jan 2023 09:10:12 +0000 https://republika.mk/?p=601183

Попустливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесоа нова блокада, се прифатија што бараше Бугарија, а ескалираа  односите, напоменува ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ апелираше навреме да се реагира со протесни ноти и цврст став, СДС молчеше.Неколку пати до сега Македонија е понижувана или навредувана од страна на бугарски политичари, ВМРО-ДПМНЕ осудуваше, но владата е таа која има политичка моќ, и таа молчеше и дозволи провокациите да одат до недоглед.

И сега кога имаме напади, негации и омаловажувања, од Ковачевски и Османи имаме само бледи говори без реална акција, секогаш кога власта попушта на понижувања има некој криминал кој сакаат да го сокријат.

Со СДС, Ковачевски и Османи имаме само несигурност, понижувања и блокади. Недржавничкиот однос кој власта го покажува на дело е најголемиот пораз кој може да и се случи на Македонија.

The post Попустливоста кон Бугарија донесe нова блокада appeared first on Република.

Радев до Владата на Ковачевски: Македонија не ги ни почна преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-do-vladata-na-kovachevski-makedonija-ne-gi-ni-pochna-pregovorite/ Wed, 25 Jan 2023 08:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=600714

Бугарскиот претседател Румен Радев, по предлогот од вчерашната седница на Советот за безбедност на бугарски државјани да им биде забранет влез во државава, изјави дека ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај, како што истакнува, на оваа антибугарска омраза и хистерија.

Сега разбирате зошто толку се борев правата на македонските Бугари да бидат заштитени во Уставот на Македонија и тоа да биде задолжителен услов за почеток на преговори. Значи, Македонија не ги ни започна преговорите.Таа се уште не ја отворила вратата од просторијата каде што се водат овие преговори. Очекувам институциите на Македонија да докажат не само дека не се дел од антибугарската кампања ова веќе не е доволно – крајно време е да докажат дека активно се борат против оваа кампања. Во нашиот случај, бидете сигурни дека ќе се активираат сите европски механизми за да престане оваа антибугарска омраза и хистерија, изјави Радев, во одговор на новинарско прашање.

The post Радев до Владата на Ковачевски: Македонија не ги ни почна преговорите appeared first on Република.

Пендаровски: Не гледам ниту една основа за ново бугарско вето, ова го прават провокатори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ne-gledam-nitu-edna-osnova-za-novo-bugarsko-veto-ova-go-pravat-provokatori/ Mon, 23 Jan 2023 19:05:07 +0000 https://republika.mk/?p=600137

Претседателот Стево Пендаровски денеска на прес-конференцијата по седницата на Советот за безбедност, зборувајќи за состојбата со добрососедските односи со Бугарија, истакна дека не гледа ниту една основа за ново вето од Софија.

Не можам да знам што ќе направи бугарската страна. Секоја држава суверено, автономно ги носи своите одлуки. Иако да бидам искрен, не гледам ниту една основа за ново вето. Значи не можам да знам. Мислам дека нема. Се надевам дека нема да одат во таа насока, бидејќи повторувам ова што го зборувам го знаете сите. Знаете дека станува збор за провокатори кои тоа го прават, нагласи претседателот одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали е можно ново бугарско вето.

The post Пендаровски: Не гледам ниту една основа за ново бугарско вето, ова го прават провокатори appeared first on Република.

Повторно закани од „братска“ Бугарија: Вето и за тепаниот Пендиков https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povtorno-zakani-od-bratska-bugarija-veto-i-za-tepaniot-pendikov/ Mon, 23 Jan 2023 16:34:06 +0000 https://republika.mk/?p=600091

Додека Бугарите во Македонија не бидат заштитени, Македонија нема да ги почне преговорите Европската унија, порача заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова во студиото „Бугарија во живо“.

Заземањето на дипломатска позиција од страна на Македонија е важно за да се види дека Владата осудува таков вид на криминален чин. Важно е да се има конкретен резултат со пресуди за оние кај кои ќе се утврди одговорност. Ние сакаме конкретен резултат, тие да си го добијат заслуженото според законов, истакна Петрова.

За неа ескалацијата на насилството е основниот проблем кој е осудуван од двете страни.

Провокацијата на бугарските политичари преку статуси на Фејсбук не може да биде оправдување. Владата и министерството за надворешни работи ги осудија таквите обиди од страна на бугарски пратеници, но разликата е огромна – говор на социјални мрежи наспроти појава на насилство. Важно е да се влијае на провокативниот тон – коментира Велислава Петрова.

Во интервјуто заменик-министерката потенцираше дека прекинувањето на јазикот на омраза и насилството се дел од условите за започнување на преговори на Европската унија со Македонија. Прашањето за нападот над Пендиков во Охрид ќе биде поставено пред Советот за надворешни работи во Брисел.

Се додека не се смени Уставот, Македонија нема да почне преговори со ЕУ. Прифатени се условите под кои можат да започнат, меѓу нив е и заштитата на правата, вклучително и правата на Бугарите. Патот на Македонија зависи од резултатите што ги покажува, промената на овој негативен тренд не е поврзан само со нашите билатерални односи, туку со нејзината кандидатура за членство во ЕУ. Нивната политичка цел е поврзана со почитување на европските вредности, тие не се бугарски хирови. Тоа што не се почитуваат условите и штети на Македонија“, категорично рече Петрова и додаде дека дипломатските односи меѓу двете земји не се нарушени.

The post Повторно закани од „братска“ Бугарија: Вето и за тепаниот Пендиков appeared first on Република.

Власта го подготвува народот за ново бугарско вето, а тврдеше дека сме почнале преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-go-podgotvuva-narodot-za-novo-bugarsko-veto-a-tvrdeshe-deka-sme-pochnale-pregovori/ Thu, 29 Dec 2022 10:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=591406

Откако лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски повтори дека нема да ги поддржат уставните промени бидејќи тоа им го немаат ветено на граѓаните, власта полека како да почнува да го подготвува народот за ново бугарско, односно европско вето.

Ние не излеговме на избори дека ќе менуваме Устав.Тоа што ќе направиме по ова прашање ќе го кажеме во кампања и граѓаните ќе одлучат дали ќе ни дадат поддршка-јасен беше вчера лидерот на опозицијата.

Но, по изјавата на вицепремиерот Бојан Маричиќ станува очигледно која ќе биде тактиката на власта кога Бугарија ќе каже повторно „не“ за почеток на преговори.

Она што е битно е дека по првпат, ветото може да дојде од домашен политички фактор. Секогаш сме биле блокирани од друга држава, а наредната година може ќе бидеме блокирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа изјава на вицепремиерот е опасна и отвара многу прашања. Како е можно да имаме ново вето кога според тврдењата на власта преговорите се почнати?

Власта упорно ја лаже јавноста дека преговорите се почнати а вистината е дека е во тек скрининг процес но и кога тој ќе заврши имаме уште еден услов. Без него преговори нема.

Согласно т.н француски предлог во кои се содржани сите бугарски барања, од Македонија се бара да ги внесе Бугарите во Уставот. Но, за тоа се потребни 80 пратеници кои власта не може да ги обезбеди без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.

[caption id="attachment_529935" align="alignnone" width="640"] На 16 јули за францускиот предлог не гласаа два пратеника на БЕСА, Зијадин Села, Маја Морачанин од ДОМ, Павле Трајанов од ДС и Диме Велковски од СДСМ[/caption]

Затоа, во никој случај не може виновник да биде опозицијата во ситуација кога власта превзела обврска која не може да ја исполни бидејќи нема доволен број пратеници за промена на Уставот.

Јасно е дека од преговори нема ништо, а кој е виновен или заслужен ќе кажат граѓаните на избори од кои власта бега како ѓавол од темјан знаејќи ги анкетите.

The post Власта го подготвува народот за ново бугарско вето, а тврдеше дека сме почнале преговори appeared first on Република.

]]>

Откако лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски повтори дека нема да ги поддржат уставните промени бидејќи тоа им го немаат ветено на граѓаните, власта полека како да почнува да го подготвува народот за ново бугарско, односно европско вето.
Ние не излеговме на избори дека ќе менуваме Устав.Тоа што ќе направиме по ова прашање ќе го кажеме во кампања и граѓаните ќе одлучат дали ќе ни дадат поддршка-јасен беше вчера лидерот на опозицијата.
Но, по изјавата на вицепремиерот Бојан Маричиќ станува очигледно која ќе биде тактиката на власта кога Бугарија ќе каже повторно „не“ за почеток на преговори.
Она што е битно е дека по првпат, ветото може да дојде од домашен политички фактор. Секогаш сме биле блокирани од друга држава, а наредната година може ќе бидеме блокирани од ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа изјава на вицепремиерот е опасна и отвара многу прашања. Како е можно да имаме ново вето кога според тврдењата на власта преговорите се почнати? Власта упорно ја лаже јавноста дека преговорите се почнати а вистината е дека е во тек скрининг процес но и кога тој ќе заврши имаме уште еден услов. Без него преговори нема. Согласно т.н француски предлог во кои се содржани сите бугарски барања, од Македонија се бара да ги внесе Бугарите во Уставот. Но, за тоа се потребни 80 пратеници кои власта не може да ги обезбеди без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. [caption id="attachment_529935" align="alignnone" width="640"] На 16 јули за францускиот предлог не гласаа два пратеника на БЕСА, Зијадин Села, Маја Морачанин од ДОМ, Павле Трајанов од ДС и Диме Велковски од СДСМ[/caption] Затоа, во никој случај не може виновник да биде опозицијата во ситуација кога власта превзела обврска која не може да ја исполни бидејќи нема доволен број пратеници за промена на Уставот. Јасно е дека од преговори нема ништо, а кој е виновен или заслужен ќе кажат граѓаните на избори од кои власта бега како ѓавол од темјан знаејќи ги анкетите.

The post Власта го подготвува народот за ново бугарско вето, а тврдеше дека сме почнале преговори appeared first on Република.

]]>
Бугарија нема да може да го злоупотребува членството: Германскиот канцелар најави укинување на правото на вето во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-nema-da-moze-da-go-zloupotrebuva-chlenstvoto-germanskiot-kancelar-najavi-ukinuvanje-na-pravoto-na-veto-vo-eu/ Mon, 29 Aug 2022 19:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=545405

Германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека е посветен на проширувањето на ЕУ со шесте земји од Западен Балкан, како и со Украина, Молдавија, па и Грузија, со што центарот на Европа би се придвижил на исток.

„Проширувањето на ЕУ е во наш интерес“, кажа Шолц во говор на универзитет во Прага.

Но, вели тој, во таква проширена унија, разликите меѓу земјите членки ќе растат и ќе бидат доведени во прашање политичките интереси, економска моќ и системите за социјална сигурност. Затоа, тој бара укинување на едногласното носење одлуки, т.е. правото на вето на земјите членки.

„Каде што едногласноста е задолжителна денес, ризикот за поединечна зема да го користи ветото спречувајќи ги другите да напредуваат се зголемува со секоја дополнителна земја. Затоа предложив постепена транзиција кон мнозинско гласање за заедничката надворешна политика, но и во други области, како даночната политика, свесно знаејќи дека ова може да има последици и за Германија“, кажа Шолц.

The post Бугарија нема да може да го злоупотребува членството: Германскиот канцелар најави укинување на правото на вето во ЕУ appeared first on Република.

Aвстрија била изненадена од бугарското вето во 2019 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avstrija-bila-iznenadena-od-bugarskoto-veto-vo-2019-godina/ Tue, 23 Aug 2022 13:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=543317

Австриската амбасадорка во Софија Андреа Вике денеска изјави дека таа и нејзините колеги амбасадори во Софија биле изненадени од ветото на Бугарија во 2019 година за почеток на преговори со Македонија.

Според неа, тоа нив ги ставило во ситуација да ги објаснуваат причините за тоа.

– Знаеме дека и ние и вие секогаш сме го поддржувале развојот на ЕУ и вклучувањето на државите од Западен Балкан. На крајот, успеавте да најдете решение, знам не беше лесно да се справите и ве поздравувам и вас и експертите кои работеа по ова прашање, рече амбасадорката Вике.

Претседателот на Бугарија Румен Радев ја одликува амбасадорката Вике со орденот „Мадарски коњаник“, за нејзините заслуги за зацврстување и развој на бугарско-автриските односи, соопшти прес-службата на Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев истакна дека ова високо одликување е одраз на признанието на Бугарија за нејзиниот професионален ангажман и искрено пријателство кон Бугарија, како и дека за време на нејзиниот мандат биле зајакнати билатералните трговски и економски односи, како и политичките контакти меѓу Австрија и Бугарија.

The post Aвстрија била изненадена од бугарското вето во 2019 година appeared first on Република.

]]>

Австриската амбасадорка во Софија Андреа Вике денеска изјави дека таа и нејзините колеги амбасадори во Софија биле изненадени од ветото на Бугарија во 2019 година за почеток на преговори со Македонија. Според неа, тоа нив ги ставило во ситуација да ги објаснуваат причините за тоа. – Знаеме дека и ние и вие секогаш сме го поддржувале развојот на ЕУ и вклучувањето на државите од Западен Балкан. На крајот, успеавте да најдете решение, знам не беше лесно да се справите и ве поздравувам и вас и експертите кои работеа по ова прашање, рече амбасадорката Вике. Претседателот на Бугарија Румен Радев ја одликува амбасадорката Вике со орденот „Мадарски коњаник“, за нејзините заслуги за зацврстување и развој на бугарско-автриските односи, соопшти прес-службата на Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев истакна дека ова високо одликување е одраз на признанието на Бугарија за нејзиниот професионален ангажман и искрено пријателство кон Бугарија, како и дека за време на нејзиниот мандат биле зајакнати билатералните трговски и економски односи, како и политичките контакти меѓу Австрија и Бугарија.

The post Aвстрија била изненадена од бугарското вето во 2019 година appeared first on Република.

]]>
Николоски: Преговарачката рамка е неприфатлива https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-pregovarachkata-ramka-e-neprifatliva/ Thu, 11 Aug 2022 17:45:32 +0000 https://republika.mk/?p=539240

Оваа преговарачка рамка е апсолутно неприфатлива, ние сме многу јасни. Ова не е преговарачка рамка за напредување на Македонија кон членство во ЕУ, ова е преговарачка рамка за постојано уценување, затоа што клучните елементи се целосно и исклучиво во корист на Бугарија, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Николоски истакна дека македонските граѓани мора да бидат прашани и да дадат свој став да прифаќаат ваква преговарачка рамка и Македонија да има повеќе услови од останатите земји членки кога се приклучувале на ЕУ, и затоа се бара референдум.

– Во однос на референдумот прашањето се уште не е дефинирано, ние кажавме дека во текот на август ќе правиме консултации со експертската јавност во однос на најдобро формулирање на прашањето и најдобро барање на суштината на ова што е проблем за Македонија, а тоа е континуираната уцена на Бугарија. Главниот фокус е насочен кон спорниот член 5 од преговарачката рамка во кој што под критериуми за членство за Македонија се додаваат уште два нови, едниот е договорот за добрососедство со Бугарија, а вториот е член 12 и протоколите кои секоја година треба да излегуваат, истакна Николоски и додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ поддршка за промена на Уставот нема, тоа е јасен кристален став.

Во однос на националната стратегија, Николоски посочи дека уште во месец март 2020 година кога за прв пат во документ на ЕУ излегоа барањата на Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ побара лидерска средба на која би се разговарало за нив.
Побаравме да се направи национална стратегија како да се настапи кон Бугарија. Тогаш Пендаровски рече дека нема потреба од таа работа и дека тоа се предизборни цели на Македонија. Тие предизборни цели сега се официјална позиција на ЕУ преточена во преговарачка рамка. Ние мора да изградиме заедничка национална политика од која никој нема да отстапува, да не ни се случи како Декларацијата во Собранието која ја усвоивме од која владата отстапи, нагласи Николоски.

Николоски потенцира дека клучно е да се ресетира системот, да се направи систем кој ќе има функционално владеење на право и добра економија.

– Една реформирана држава и економски силна може да има повеќе пријатели кои ќе вршат притисок врз Бугарија, но држава која е на 111 место по корупција не може да очекува главните европски играчи да сакаат да ја видат на иста маса со себе, изјави Николоски.

The post Николоски: Преговарачката рамка е неприфатлива appeared first on Република.

]]>

Оваа преговарачка рамка е апсолутно неприфатлива, ние сме многу јасни. Ова не е преговарачка рамка за напредување на Македонија кон членство во ЕУ, ова е преговарачка рамка за постојано уценување, затоа што клучните елементи се целосно и исклучиво во корист на Бугарија, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Жешко политичко лето“ на Канал 5. Николоски истакна дека македонските граѓани мора да бидат прашани и да дадат свој став да прифаќаат ваква преговарачка рамка и Македонија да има повеќе услови од останатите земји членки кога се приклучувале на ЕУ, и затоа се бара референдум.
– Во однос на референдумот прашањето се уште не е дефинирано, ние кажавме дека во текот на август ќе правиме консултации со експертската јавност во однос на најдобро формулирање на прашањето и најдобро барање на суштината на ова што е проблем за Македонија, а тоа е континуираната уцена на Бугарија. Главниот фокус е насочен кон спорниот член 5 од преговарачката рамка во кој што под критериуми за членство за Македонија се додаваат уште два нови, едниот е договорот за добрососедство со Бугарија, а вториот е член 12 и протоколите кои секоја година треба да излегуваат, истакна Николоски и додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ поддршка за промена на Уставот нема, тоа е јасен кристален став.
Во однос на националната стратегија, Николоски посочи дека уште во месец март 2020 година кога за прв пат во документ на ЕУ излегоа барањата на Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ побара лидерска средба на која би се разговарало за нив. Побаравме да се направи национална стратегија како да се настапи кон Бугарија. Тогаш Пендаровски рече дека нема потреба од таа работа и дека тоа се предизборни цели на Македонија. Тие предизборни цели сега се официјална позиција на ЕУ преточена во преговарачка рамка. Ние мора да изградиме заедничка национална политика од која никој нема да отстапува, да не ни се случи како Декларацијата во Собранието која ја усвоивме од која владата отстапи, нагласи Николоски. Николоски потенцира дека клучно е да се ресетира системот, да се направи систем кој ќе има функционално владеење на право и добра економија.
– Една реформирана држава и економски силна може да има повеќе пријатели кои ќе вршат притисок врз Бугарија, но држава која е на 111 место по корупција не може да очекува главните европски играчи да сакаат да ја видат на иста маса со себе, изјави Николоски.

The post Николоски: Преговарачката рамка е неприфатлива appeared first on Република.

]]>
Гир: Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот како што бара Бугарија, наку скринингот ќе запре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-stanuvanjeto-chlenka-vo-eu-zavisi-od-brzinata-so-koja-se-sproveduvaat-reformite/ Tue, 26 Jul 2022 17:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=533483

Добра вест е што минатата недела Европската Унија почна преговори за членство со Македонија и Албанија. Тоа се одлични вести, тоа е историски развој и за засегнатите земји, но и за ЕУ. И отидовме чекор понатаму, на истиот ден почна скрининг процесот. Значи одбројувањето до влезот на Македонија во ЕУ почна, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир.

Апсолутно ги почнавте преговорите со Европската Унија и тоа е добра вест, рече Гир во интервју за Канал 5 телевизија.

Во однос на разликите во документите за Македонија и Албанија, Гир рече дека е релативно нормално да има разлики меѓу секој пристапен процес во одреден степен.

Во овој случај се сведува на следното го имавме тоа што се нарекува меѓувладина конференција минатата недела со што го почнавме процесот. Сега го почнавме и скрининг процесот. На крајот од тој процес Македонија ќе ја има втората меѓувладина конференција и за да се одржи истата, Македонија треба да ја исполни обврската која ја направи кон Бугарија, за да го промени Уставот со цел да има експлицитна одредница за лица и граѓани кои се идентификуваат како Бугари, во заштитата на самиот Устав, појаснува Гир.

Но, вели евроамбасадорот, бидејќи овој услов е во рацете на Македонија тоа на никаков начин не треба да резултира со одлагања или да служи како пречка на процесот, бидејќи, според него, нема ниту една страна или држава која би спречила одржување на оваа втора меѓувладина конференција.

Гир појаснува дека има две фази во скрининг процесот. Првата фаза, вели тој, се нарекува Објаснувачки скрининг и тоа е кога Европската Комисија заедно со Македонија и Албанија го разгледува целосниот процес и гледа што треба да се направи за време на тој процес. Според Гир, двете земји се доста напредни во тој поглед поради подготвителната работа која се случи низ годините.

Потоа, додава тој, има втора фаза, или Билатерален скрининг, кој, според него е многу структуриран и интензивен во дијалогот и кој може да трае од 14 до 16 месеци во целост, а во кој Европската Комисија ги гледа нормите и законодавството во сила во Македонија и во Албанија, ги гледа празнините, идентификува каде тие празнини треба да се пополнат и идентификува кои одредници се потребни да бидат направени за напредок.

Во однос на промената на македонскиот Устав и што доколку не се случи, евроамбасадорот нагласи дека тогаш најверојатното сценарио би било дека процесот ќе застане таму.

Промената на Уставот е суверена одлука на оваа земја. Но, земјата веќе има добар извештај за меѓуетничките односи и доколку се направи таа промена, тоа дополнително ќе го зацврсти напредокот кој е направен на тоа поле. Доколку промената на Уставот не се случи, јас би рекол дека најверојатното сценарио би било дека процесот едноставно ќе застане таму. Со други зборови скринингот ќе продолжи до одредена точка и потоа ќе застане да ја чека државата, рече Гир, појаснувајќи оти тоа не е бидејќи трета држава ставила вето, туку дека самата држава одлучила да се повлече од обврските кои ги преземала по ова прашање.

Станувањето членка во ЕУ, како што дополни тој, зависи од брзината со која се спроведуваат реформите.

Јас сум многу уверен. Почнавме преговори, земјата има причина да биде оптимистична и да биде уверена во својот идентитет и во својата европска перспектива. Мислам дека процесот се движи со позитивна динамика напред, но има многу работа, многу реформи пред земјата да стане полноправна членка на ЕУ, порача Гир во интервјуто за Канал 5.

The post Гир: Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот како што бара Бугарија, наку скринингот ќе запре appeared first on Република.

]]>

Добра вест е што минатата недела Европската Унија почна преговори за членство со Македонија и Албанија. Тоа се одлични вести, тоа е историски развој и за засегнатите земји, но и за ЕУ. И отидовме чекор понатаму, на истиот ден почна скрининг процесот. Значи одбројувањето до влезот на Македонија во ЕУ почна, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир.
Апсолутно ги почнавте преговорите со Европската Унија и тоа е добра вест, рече Гир во интервју за Канал 5 телевизија.
Во однос на разликите во документите за Македонија и Албанија, Гир рече дека е релативно нормално да има разлики меѓу секој пристапен процес во одреден степен.
Во овој случај се сведува на следното го имавме тоа што се нарекува меѓувладина конференција минатата недела со што го почнавме процесот. Сега го почнавме и скрининг процесот. На крајот од тој процес Македонија ќе ја има втората меѓувладина конференција и за да се одржи истата, Македонија треба да ја исполни обврската која ја направи кон Бугарија, за да го промени Уставот со цел да има експлицитна одредница за лица и граѓани кои се идентификуваат како Бугари, во заштитата на самиот Устав, појаснува Гир.
Но, вели евроамбасадорот, бидејќи овој услов е во рацете на Македонија тоа на никаков начин не треба да резултира со одлагања или да служи како пречка на процесот, бидејќи, според него, нема ниту една страна или држава која би спречила одржување на оваа втора меѓувладина конференција. Гир појаснува дека има две фази во скрининг процесот. Првата фаза, вели тој, се нарекува Објаснувачки скрининг и тоа е кога Европската Комисија заедно со Македонија и Албанија го разгледува целосниот процес и гледа што треба да се направи за време на тој процес. Според Гир, двете земји се доста напредни во тој поглед поради подготвителната работа која се случи низ годините. Потоа, додава тој, има втора фаза, или Билатерален скрининг, кој, според него е многу структуриран и интензивен во дијалогот и кој може да трае од 14 до 16 месеци во целост, а во кој Европската Комисија ги гледа нормите и законодавството во сила во Македонија и во Албанија, ги гледа празнините, идентификува каде тие празнини треба да се пополнат и идентификува кои одредници се потребни да бидат направени за напредок. Во однос на промената на македонскиот Устав и што доколку не се случи, евроамбасадорот нагласи дека тогаш најверојатното сценарио би било дека процесот ќе застане таму.
Промената на Уставот е суверена одлука на оваа земја. Но, земјата веќе има добар извештај за меѓуетничките односи и доколку се направи таа промена, тоа дополнително ќе го зацврсти напредокот кој е направен на тоа поле. Доколку промената на Уставот не се случи, јас би рекол дека најверојатното сценарио би било дека процесот едноставно ќе застане таму. Со други зборови скринингот ќе продолжи до одредена точка и потоа ќе застане да ја чека државата, рече Гир, појаснувајќи оти тоа не е бидејќи трета држава ставила вето, туку дека самата држава одлучила да се повлече од обврските кои ги преземала по ова прашање.
Станувањето членка во ЕУ, како што дополни тој, зависи од брзината со која се спроведуваат реформите.
Јас сум многу уверен. Почнавме преговори, земјата има причина да биде оптимистична и да биде уверена во својот идентитет и во својата европска перспектива. Мислам дека процесот се движи со позитивна динамика напред, но има многу работа, многу реформи пред земјата да стане полноправна членка на ЕУ, порача Гир во интервјуто за Канал 5.

The post Гир: Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот како што бара Бугарија, наку скринингот ќе запре appeared first on Република.

]]>
Француското претседателство завршува, бугарското вето останува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/francuskoto-pretsedatelstvo-zavrshuva-bugarskoto-veto-ostanuva/ Thu, 30 Jun 2022 06:52:23 +0000 https://republika.mk/?p=521371

Француското претседателство со ЕУ што завршува денеска, нема нова иницијатива за тргање на бугарското вето за евроинтеграцијата на Македонија. Владата во Скопје тврди дека сè уште не им бил доставен официјален предлог за надминување на спорот со Бугарија и за почеток на преговорите за членство, а во Софија, пак, молк откако минатата недела Парламентот го прифати „францускиот предлог“ и изгласа недовeрба на владата на Кирил Петков.

Француските дипломати во седиштето на ЕУ, како што јави дописничката на МИА од Брисел, не се запознаени со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје по посетата на македонската делегација во Бугарија.

Процесот е целосно во рацете на Софија и Скопје, а делумно и во Париз, пред сѐ кај францускиот претседател Емануел Макрон, чиј предлог беше отфрлен минатата недела од страна на Македонија.

Македонската влада тврди дека официјален документ досега нема добиено и ги истакна своите црвени линии: јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет, Уставот, протоколот, историјата.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера на собраниската седница за пратенички прашања, повтори дека не се прифатливи идеи кои не прават јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и не е прифатливо билатерални прашања да бидат вклучени во мултилатерални преговори со ЕУ.

Историските прашања не треба и не можат да бидат критериуми за преговарачка рамка на Република Македонија со ЕУ, ниту за која било друга организација. И второ, преговорите со Европската унија мора да започнат со одржување на меѓувладина конференција, пред да бидат отпочнати измените на Уставот со цел внесување на Бугарите Црногорците, Хрватите да станат дел од Преамбулата. И трето, и ЕУ и Бугарија ќе достават гаранции дека нема да постојат понатамошни условувања во однос на нашиот процес на пристапување кон ЕУ, подвлече Ковачевски.

Доколку се постигне разбирање на овие позиции, Скопје е подготвено да се вклучи во разговори со партнерите во ЕУ.

Медиумите информираа дека македонска делегација била во посета на Софија во понеделникот, но никој не соопштува конкретни резултати по средбите.

Вчера во Брисел се одржа состанок на амбасадорите на ЕУ. Нема информација дека Бугарија и Македонија биле на дневен ред. Дипломатски извор од земја членка на ЕУ за МИА вели дека не слушнале ниту за нов француски предлог.

Топката, според ЕУ, е во рацете на Скопје и Софија. Доколку двете страни успеат да се усогласат, ЕУ и француското претседателството би биле подготвени за нов обид, но шансите се чинат многу мали со оглед на тоа дека напредок меѓу двете страни нема, а нема ни време бидејќи од утре претседавањето со ЕУ го презема Чешка. Доколку во последен момент не биде постигнат напредок, прашањето ќе се префрли кај чешкото претседателство.

За евроинтергарацијата и за бугарската блокада, вчера во Мадрид на Самитот на НАТО разговараа претседателот Стево Пендаровски и германскиот канцелар Олаф Шолц. Во соопштението од кабинетот на Пендаровски, се вели само дека останува силната и значајна поддршка од Германија за нашата европска интеграција и отворање на пристапните преговори со ЕУ. За францускиот предлог или за некое друго излезно решение, во соопштението ништо не се спомнува.

Невозможно е решавање на спорот со Софија до истекот на француското претседателство, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Барањата на официјална Софија, според него, се премногу максималистички и среќен е што Скопје го одби францускиот предлог.

Нема напредок од проста причина што толку се максималистички барањата на официјална Софија што што дури и за овие кои се таму и преговараат во името на граѓаните не се прифатливи. Барањата се толку максималистички што се надвор од здрава логика и надвор од сите европски вредности, рече Мицкоски.

Тој порача оти нивниот став како политичка партија е прецизен, а тоа е дека нема преговори за јазикот и никакви фусноти не се прифатливи.

Директорката на Институтот за европски политики – ЕПИ, Симонида Кацарска смета дека на последниот ден од француското претседателство, рамно е на чудо да се очекува некаков договор за разликите помеѓу Македонија и Бугарија во однос на предлогот на Франција за тргање на ветото и деблокада на евроинтеграциите на земјава.

Тешко дека за еден ден ќе може да направиме клучен пробив во однос на „пеглање“ на разликите поради документите коишто беа усвоени во бугарското Собрание и нашите црвени линии. Очекувам дека чешкото претседателство ќе го преземе ова доколку не видиме некое чудо, меѓутоа веројатно со смален интензитет од она што работеше француското претседателство. Кај Чешка мислам дека примарниот фокус е Украина, како што знаеме, веројатно и Самитот којшто требаше да биде за Западниот Балкан од она што се последни најави е дека истиот ќе биде за Украина, изјави Кацарска.

Франција денеска го завршува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. Од 1 јули со ЕУ ќе претседава Чешката Република. Порано овој месец, Владата во Прага ги соопшти прироритетите на своето претседавање во кои не е наведено проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан.

The post Француското претседателство завршува, бугарското вето останува appeared first on Република.

]]>

Француското претседателство со ЕУ што завршува денеска, нема нова иницијатива за тргање на бугарското вето за евроинтеграцијата на Македонија. Владата во Скопје тврди дека сè уште не им бил доставен официјален предлог за надминување на спорот со Бугарија и за почеток на преговорите за членство, а во Софија, пак, молк откако минатата недела Парламентот го прифати „францускиот предлог“ и изгласа недовeрба на владата на Кирил Петков. Француските дипломати во седиштето на ЕУ, како што јави дописничката на МИА од Брисел, не се запознаени со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје по посетата на македонската делегација во Бугарија. Процесот е целосно во рацете на Софија и Скопје, а делумно и во Париз, пред сѐ кај францускиот претседател Емануел Макрон, чиј предлог беше отфрлен минатата недела од страна на Македонија. Македонската влада тврди дека официјален документ досега нема добиено и ги истакна своите црвени линии: јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет, Уставот, протоколот, историјата. Премиерот Димитар Ковачевски вчера на собраниската седница за пратенички прашања, повтори дека не се прифатливи идеи кои не прават јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и не е прифатливо билатерални прашања да бидат вклучени во мултилатерални преговори со ЕУ.
Историските прашања не треба и не можат да бидат критериуми за преговарачка рамка на Република Македонија со ЕУ, ниту за која било друга организација. И второ, преговорите со Европската унија мора да започнат со одржување на меѓувладина конференција, пред да бидат отпочнати измените на Уставот со цел внесување на Бугарите Црногорците, Хрватите да станат дел од Преамбулата. И трето, и ЕУ и Бугарија ќе достават гаранции дека нема да постојат понатамошни условувања во однос на нашиот процес на пристапување кон ЕУ, подвлече Ковачевски.
Доколку се постигне разбирање на овие позиции, Скопје е подготвено да се вклучи во разговори со партнерите во ЕУ. Медиумите информираа дека македонска делегација била во посета на Софија во понеделникот, но никој не соопштува конкретни резултати по средбите. Вчера во Брисел се одржа состанок на амбасадорите на ЕУ. Нема информација дека Бугарија и Македонија биле на дневен ред. Дипломатски извор од земја членка на ЕУ за МИА вели дека не слушнале ниту за нов француски предлог. Топката, според ЕУ, е во рацете на Скопје и Софија. Доколку двете страни успеат да се усогласат, ЕУ и француското претседателството би биле подготвени за нов обид, но шансите се чинат многу мали со оглед на тоа дека напредок меѓу двете страни нема, а нема ни време бидејќи од утре претседавањето со ЕУ го презема Чешка. Доколку во последен момент не биде постигнат напредок, прашањето ќе се префрли кај чешкото претседателство. За евроинтергарацијата и за бугарската блокада, вчера во Мадрид на Самитот на НАТО разговараа претседателот Стево Пендаровски и германскиот канцелар Олаф Шолц. Во соопштението од кабинетот на Пендаровски, се вели само дека останува силната и значајна поддршка од Германија за нашата европска интеграција и отворање на пристапните преговори со ЕУ. За францускиот предлог или за некое друго излезно решение, во соопштението ништо не се спомнува. Невозможно е решавање на спорот со Софија до истекот на француското претседателство, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Барањата на официјална Софија, според него, се премногу максималистички и среќен е што Скопје го одби францускиот предлог.
Нема напредок од проста причина што толку се максималистички барањата на официјална Софија што што дури и за овие кои се таму и преговараат во името на граѓаните не се прифатливи. Барањата се толку максималистички што се надвор од здрава логика и надвор од сите европски вредности, рече Мицкоски.
Тој порача оти нивниот став како политичка партија е прецизен, а тоа е дека нема преговори за јазикот и никакви фусноти не се прифатливи. Директорката на Институтот за европски политики – ЕПИ, Симонида Кацарска смета дека на последниот ден од француското претседателство, рамно е на чудо да се очекува некаков договор за разликите помеѓу Македонија и Бугарија во однос на предлогот на Франција за тргање на ветото и деблокада на евроинтеграциите на земјава.
Тешко дека за еден ден ќе може да направиме клучен пробив во однос на „пеглање“ на разликите поради документите коишто беа усвоени во бугарското Собрание и нашите црвени линии. Очекувам дека чешкото претседателство ќе го преземе ова доколку не видиме некое чудо, меѓутоа веројатно со смален интензитет од она што работеше француското претседателство. Кај Чешка мислам дека примарниот фокус е Украина, како што знаеме, веројатно и Самитот којшто требаше да биде за Западниот Балкан од она што се последни најави е дека истиот ќе биде за Украина, изјави Кацарска.
Франција денеска го завршува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. Од 1 јули со ЕУ ќе претседава Чешката Република. Порано овој месец, Владата во Прага ги соопшти прироритетите на своето претседавање во кои не е наведено проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан.

The post Француското претседателство завршува, бугарското вето останува appeared first on Република.

]]>
САД подготвени да го олеснат компромисот меѓу Бугарија и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sad-podgotveni-da-go-olesnat-kompromisot-megju-bugarija-i-makedonija/ Tue, 28 Jun 2022 06:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=520540

САД ги поздравуваат напорите на Франција да постигне успешно решение и остануваат подготвени да играат конструктивна улога во олеснување на компромисот, изјави за Гласот на Америка портпарол на Стејт департментот, на прашањето како го коментираат предлогот на Франција за тргање на бугарското вето, кој предвидува билатералниот спор да се внесе во преговарачката рамка за ЕУ, спротивно на повиците на САД спорот да се решава билатерално.

„Со оглед на значењето на овој процес за земјите од регионот и за Европа пошироко, се надеваме дека дипломатските напори ќе продолжат, и ќе продолжиме да ја нудиме нашата поддршка онаму каде што е од помош. Ја поздравуваме Франција за нејзините напори да постигне успешно решение за што побрзо започнување на официјалните преговори. Преговорите се` уште се во тек, а ние остануваме подготвени да играме конструктивна улога во олеснувањето на компромисoт“, изјави портпаролот.

Во изјавата се вели дека Македонија и Албанија ги поставиле темелите и оти сега е време да се придвижат напред кон следната фаза во процесот на пристапување.

„САД се силен поддржувач на интеграцијата на Македонија и Албанија во ЕУ. Ние веруваме дека иднината на Западен Балкан е целосно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долгорочен мир, стабилност и просперитет во целиот регион“, стои во изјавата, во која се наведува и дека САД ги земаат предвид „многуте изјави на лидерите на ЕУ за важноста на пристапувањето на Македонија и Албанија во ЕУ за зајакнување на безбедноста на Европа, како и за нашата колективна безбедност“.

The post САД подготвени да го олеснат компромисот меѓу Бугарија и Македонија appeared first on Република.

Рама најави дека можеби нема да оди во Брисел, Ковачевски молчи: Не е некој спектакл да се гледа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-najavi-deka-mozebi-nema-da-odi-vo-brisel-kovachevski-molchi-ne-e-nekoj-spektakl-da-se-gleda/ Tue, 21 Jun 2022 14:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=518153

 Албанскиот премиер Еди Рама го доведе во прашање учеството на Албанија на Самитот на Европската унија, што ќе се одржи на 23. и 24 јуни во Брисел, јави дописничката на МИА од Тирана. 

Преку реакција на Твитер, тој наведува дека разговарал со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и додава дека гледа „не“ на крајот од Самитот. 

Засега не се знае дали ќе учествува на Самитот, но на крајот пишува „што треба да правам таму“.  

– Денеска долго разговаравме за Самитот на ЕУ, со лидерите на Србија и Македонија. Се чини дека уште едно „Не, простете  ни!“ ќе биде она што ќе го слушнеме на крајот. Целата Унија киднапирана од Бугарија не е добар спектакл за гледање. Што ќе правиме таму?“, пишува Еди Рама.

The post Рама најави дека можеби нема да оди во Брисел, Ковачевски молчи: Не е некој спектакл да се гледа appeared first on Република.

]]>

 Албанскиот премиер Еди Рама го доведе во прашање учеството на Албанија на Самитот на Европската унија, што ќе се одржи на 23. и 24 јуни во Брисел, јави дописничката на МИА од Тирана.  Преку реакција на Твитер, тој наведува дека разговарал со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и додава дека гледа „не“ на крајот од Самитот.  Засега не се знае дали ќе учествува на Самитот, но на крајот пишува „што треба да правам таму“.  
– Денеска долго разговаравме за Самитот на ЕУ, со лидерите на Србија и Македонија. Се чини дека уште едно „Не, простете  ни!“ ќе биде она што ќе го слушнеме на крајот. Целата Унија киднапирана од Бугарија не е добар спектакл за гледање. Што ќе правиме таму?“, пишува Еди Рама.

The post Рама најави дека можеби нема да оди во Брисел, Ковачевски молчи: Не е некој спектакл да се гледа appeared first on Република.

]]>
Македонија никој не ја прашува: Ако Бугарија го прифати францускиот предлог, ЕУ утре ќе ја одобри преговарачката рамка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonija-nikoj-ne-ja-prashuva-ako-bugarija-go-prifati-francuskiot-predlog-eu-utre-kje-ja-odobri-pregovarachkata-ramka/ Mon, 20 Jun 2022 09:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=517510

Доколку Софија вечерва даде позитивен одговор за предлозите на француското претседателство за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија, утре се очекува Советот за општи работи на ЕУ да ги одобри преговарачките рамки и придружните документи за Скопје и Тирана, а на Самитот за Западен Балкан в четврток да бидат одредени датумите за почеток на преговорите, наведува софиски „Стандард“.

Весникот потсетува дека постојаните дипломатски претставници на земјите членки на ЕУ ќе се сретнат вечерва во Луксембург за да разговараат за т.н. „француски предлог“ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија и за почеток на преговорите со Скопје и Тирана за членство во Унијата, при што ставот на Бугарија за преговарачката рамка предложена од Франција како претседавач со ЕУ се очекува да го изнесе Комисијата за надворешни работи на бугарското Народно собрание, откако Владата во Софија на 15 јуни реши сите одлуки во врска со спорот со земјава да им ги препушти на бугарските пратеници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-nema-da-go-krene-vetoto-sporot-ne-e-za-toa-koj-e-vo-pravo-tuku-koj-e-pomokjen/

„Стандард“ тврди дека во поднесениот предлог на француското претседателство и европските институции се прифатени повеќето барања на Бугарија за Македонија и тие се вклучени во преговарачката рамка.

– Промената на Уставот на Македонија ќе обезбеди почитување на правата на Бугарите во земјата, а Европската комисија ќе врши мониторинг на процесот, што ги вклучува и дискриминацијата и говорот на омраза, наведува весникот.

Во меѓувреме, потпретседателот на бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи Кристиан Вигенин оцени дека „францускиот предлог“ е најдоброто решение понудено од 2019 година, па досега.

The post Македонија никој не ја прашува: Ако Бугарија го прифати францускиот предлог, ЕУ утре ќе ја одобри преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>

Доколку Софија вечерва даде позитивен одговор за предлозите на француското претседателство за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија, утре се очекува Советот за општи работи на ЕУ да ги одобри преговарачките рамки и придружните документи за Скопје и Тирана, а на Самитот за Западен Балкан в четврток да бидат одредени датумите за почеток на преговорите, наведува софиски „Стандард“. Весникот потсетува дека постојаните дипломатски претставници на земјите членки на ЕУ ќе се сретнат вечерва во Луксембург за да разговараат за т.н. „француски предлог“ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија и за почеток на преговорите со Скопје и Тирана за членство во Унијата, при што ставот на Бугарија за преговарачката рамка предложена од Франција како претседавач со ЕУ се очекува да го изнесе Комисијата за надворешни работи на бугарското Народно собрание, откако Владата во Софија на 15 јуни реши сите одлуки во врска со спорот со земјава да им ги препушти на бугарските пратеници. https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-nema-da-go-krene-vetoto-sporot-ne-e-za-toa-koj-e-vo-pravo-tuku-koj-e-pomokjen/ „Стандард“ тврди дека во поднесениот предлог на француското претседателство и европските институции се прифатени повеќето барања на Бугарија за Македонија и тие се вклучени во преговарачката рамка.
– Промената на Уставот на Македонија ќе обезбеди почитување на правата на Бугарите во земјата, а Европската комисија ќе врши мониторинг на процесот, што ги вклучува и дискриминацијата и говорот на омраза, наведува весникот.
Во меѓувреме, потпретседателот на бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи Кристиан Вигенин оцени дека „францускиот предлог“ е најдоброто решение понудено од 2019 година, па досега.  

The post Македонија никој не ја прашува: Ако Бугарија го прифати францускиот предлог, ЕУ утре ќе ја одобри преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>
Радев бара од Петков да потврди дека ќе има вето за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-bara-od-petkov-da-potvrdi-deka-kje-ima-veto-za-makedonija/ Fri, 17 Jun 2022 10:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=516273

Бугарскиот претседател Румен Радев, коментирајќи пред новинарите во Софија, рече дека Владата на Кирил Петков треба да ги отфрли сите сомнежи дека може да се повлече од ветото за Република Македонија.

Тој потсети дека следната недела премиерот Кирил Петков ќе замине во Брисел каде мора да ги брани националните интереси.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Народното собрание и Бугарите, според Радев, мора однапред и јасно да знаат каков став ќе заземе бугарскиот премиер во Брисел и тоа според него не може да отстапи од рамката на Советодавниот совет за национална безбедност од почетокот на годинава.

Според Радев, секоја измама или обиди за замена и заобиколување на националната позиција ќе има тешки последици

The post Радев бара од Петков да потврди дека ќе има вето за Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев, коментирајќи пред новинарите во Софија, рече дека Владата на Кирил Петков треба да ги отфрли сите сомнежи дека може да се повлече од ветото за Република Македонија. Тој потсети дека следната недела премиерот Кирил Петков ќе замине во Брисел каде мора да ги брани националните интереси. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Народното собрание и Бугарите, според Радев, мора однапред и јасно да знаат каков став ќе заземе бугарскиот премиер во Брисел и тоа според него не може да отстапи од рамката на Советодавниот совет за национална безбедност од почетокот на годинава. Според Радев, секоја измама или обиди за замена и заобиколување на националната позиција ќе има тешки последици

The post Радев бара од Петков да потврди дека ќе има вето за Македонија appeared first on Република.

]]>