ветинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veting/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 17:51:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ветинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veting/ 32 32 Во Албанија ветингот разреши околу 280 судии и обвинители, 130 од нив се пожалиле во Старзбур https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-albanija-vetingot-razreshi-okolu-280-sudii-i-obviniteli-130-od-niv-se-pozhalile-vo-starzbur/ Fri, 22 Nov 2024 18:03:57 +0000 https://republika.mk/?p=840929

Од декември 2018 година кога, во Албанија, почна да се имплементира процесот на проверка, познат како ветинг, Специјалната комисија за проверка донела 802 решенија за лица од правосудството, судии и обвинители.
Од вкупната бројка, околу 280 судии и обвинители биле разрешени, при што 130 од нив незадоволни од одлуката на соодветниот орган за проверка, поднеле жалба до судот во Стразбур. Во досиејата, отпуштените судии и обвинители тврдат дека не е регуларен процесот на проверка.

За пет години Стразбур објави седум решенија, шест од нив со потврдување на одлуката на албанските органи. Единственото решение за враќање на должноста е донесено за обвинителката Антонета Севдари за која Стразбур ја нарекува „диспропорционален процес“, поради што албанската држава е казнета од Стразбур, објавија албанските медиуми.

Според медиумите, 6.609 албански граѓани доставиле поплаки до комисијата за спроведување на ветингот, кои обвинуваат судии и обвинители дека се корумпирани, пристрасни, а ги наведуваат и  непријавените имоти од нивна страна.

Со оглед на тоа што мандатот на Комисијата за проверка завршува  до крајот на декември, граѓаните поплаките ќе може да ги упатуваат до Специјалниот одбор за жалби, кој ќе продолжи да ги разгледува жалбите на оние кои не се потврдени на функцијата.

Поради не поминување на проверката за потекло на имотот и вмешаност во криминални активности во земјата се чувствува дефицит од овој кадар.
Уставниот суд на Албанија не функционираше речиси три години бидејќи овој процес не го минаа шестмина од вкупно девет судии, меѓу нив и претседателот, а идентична беше состојбата и со Врховниот суд. И двете високи судски инстанци профнкционираа кон крајот на 2021 година.

The post Во Албанија ветингот разреши околу 280 судии и обвинители, 130 од нив се пожалиле во Старзбур appeared first on Република.

]]>

Од декември 2018 година кога, во Албанија, почна да се имплементира процесот на проверка, познат како ветинг, Специјалната комисија за проверка донела 802 решенија за лица од правосудството, судии и обвинители. Од вкупната бројка, околу 280 судии и обвинители биле разрешени, при што 130 од нив незадоволни од одлуката на соодветниот орган за проверка, поднеле жалба до судот во Стразбур. Во досиејата, отпуштените судии и обвинители тврдат дека не е регуларен процесот на проверка.
За пет години Стразбур објави седум решенија, шест од нив со потврдување на одлуката на албанските органи. Единственото решение за враќање на должноста е донесено за обвинителката Антонета Севдари за која Стразбур ја нарекува „диспропорционален процес“, поради што албанската држава е казнета од Стразбур, објавија албанските медиуми.
Според медиумите, 6.609 албански граѓани доставиле поплаки до комисијата за спроведување на ветингот, кои обвинуваат судии и обвинители дека се корумпирани, пристрасни, а ги наведуваат и  непријавените имоти од нивна страна. Со оглед на тоа што мандатот на Комисијата за проверка завршува  до крајот на декември, граѓаните поплаките ќе може да ги упатуваат до Специјалниот одбор за жалби, кој ќе продолжи да ги разгледува жалбите на оние кои не се потврдени на функцијата. Поради не поминување на проверката за потекло на имотот и вмешаност во криминални активности во земјата се чувствува дефицит од овој кадар. Уставниот суд на Албанија не функционираше речиси три години бидејќи овој процес не го минаа шестмина од вкупно девет судии, меѓу нив и претседателот, а идентична беше состојбата и со Врховниот суд. И двете високи судски инстанци профнкционираа кон крајот на 2021 година.

The post Во Албанија ветингот разреши околу 280 судии и обвинители, 130 од нив се пожалиле во Старзбур appeared first on Република.

]]>
ДУИ запнале за ветинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-zapnale-za-veting/ Tue, 12 Nov 2024 07:56:23 +0000 https://republika.mk/?p=836579

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро го осудува неодговорното однесување на премиерот, кој постојано ја користи својата државна позиција за да ги им се заканува на опозициските политичари.Ова не претставува ништо повеќе од отворена злоупотреба на власта, обид да се создаде лажна перцепција во јавноста и да се ограничи просторот на опозицијата за делување.

Дополнително, овие постапки вршат неприфатлив притисок врз независните институции на правосудството.

Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба.

Овие постојани закани се незаконски и покажуваат ароганција, која е знак за неговата несигурност. Владеењето базирано на страв и манипулација не може да биде стандард во нашата демократија.

Доколку премиерот навистина е искрен во борбата против корупцијата, тој би го прифатил нашиот повик за независен и меѓународно посредуван процес на ветинг, кој ќе ги опфати сите партии и политичари, вклучувајќи го и него самиот.

Само таков транспарентен и сеопфатен процес ќе и служи на демократијата и ќе создаде доверлива политичка клима за нашите граѓани.

Го повикуваме премиерот веднаш да ги прекине овие штетни практики, да го зачува достоинството на својата позиција и да ја почитува поделбата на власта и независноста на институциите.

Демократијара бара почит кон законот, транспарентност и фер политичка борба, каде секоја страна може да дејствува без да биде под влијание на заканите и притисоците од извршната власт.

ДУИ останува посветена на заштитата на овие принципи и ќе продолжи да биде силен глас против секој обид за злоупотреба на власта и загрозување на независните институции на држават

The post ДУИ запнале за ветинг appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро го осудува неодговорното однесување на премиерот, кој постојано ја користи својата државна позиција за да ги им се заканува на опозициските политичари.Ова не претставува ништо повеќе од отворена злоупотреба на власта, обид да се создаде лажна перцепција во јавноста и да се ограничи просторот на опозицијата за делување. Дополнително, овие постапки вршат неприфатлив притисок врз независните институции на правосудството.
Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба.
Овие постојани закани се незаконски и покажуваат ароганција, која е знак за неговата несигурност. Владеењето базирано на страв и манипулација не може да биде стандард во нашата демократија. Доколку премиерот навистина е искрен во борбата против корупцијата, тој би го прифатил нашиот повик за независен и меѓународно посредуван процес на ветинг, кој ќе ги опфати сите партии и политичари, вклучувајќи го и него самиот. Само таков транспарентен и сеопфатен процес ќе и служи на демократијата и ќе создаде доверлива политичка клима за нашите граѓани.
Го повикуваме премиерот веднаш да ги прекине овие штетни практики, да го зачува достоинството на својата позиција и да ја почитува поделбата на власта и независноста на институциите.
Демократијара бара почит кон законот, транспарентност и фер политичка борба, каде секоја страна може да дејствува без да биде под влијание на заканите и притисоците од извршната власт. ДУИ останува посветена на заштитата на овие принципи и ќе продолжи да биде силен глас против секој обид за злоупотреба на власта и загрозување на независните институции на држават

The post ДУИ запнале за ветинг appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ветингот е ставот, а позади завесата е тефтерчето од каде доаѓаат одлуките од Мала Речица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vetingot-e-stavot-a-pozadi-zavesata-e-teftercheto-od-kade-doagaat-odlukite-od-mala-rechitsa/ Thu, 31 Oct 2024 12:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=832799

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека за ДУИ ветингот е ставот, но позади завесата е тефтерчето од Мала Речица од каде доаѓаат одлуките, при што потенцираше дека започнуваат реформите во судството и обвинителството и тие конечно ќе бидат ослободени.

За Уставниот суд, мислев дека се шегувате, кога ќе го види човек на Уставниот суд мислев дека е провоаприлска шега, но шегата да ја оставиме за друг пат. Во услови кога не постои човек кој верува дека немаме партизација во судството, дека Уставниот суд е класичен пример како изгледаше Кацарска судството, вие велите дека ВМРО-ДПМНЕ прави притисок. Сите тие судии се избрани со мнозинството на тие кои сега се опозиција, ДУИ и СДСМ. Тогаш може да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ има голема улога врз носењето на одлуките во Мала Речица па поставувате вакви прашања да ние добиеме политички поени, изјави премиерот одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети кој обвини за влијание врз судот.

Премиерот Мицкоски му посочи на Беџети дека ДУИ се тие кои не треба да прават притисок врз Уставниот суд и другите судови.

Влијанието кое сè уште се чувствува во судско обвинителскиот систем кај нас конечно го департизираме и тоа ни е цел. Ќе го направиме тоа, имаше период кога чекавме предлози, сугестии, како одговорна влада сакавме да слушнеме, но за жал не добивме ниту една сугестија која цениме дека може да биде аплицирана. Следната недела ќе имаме координација и започнуваме со реформите. Почнуваме со реформата во Судскиот совет, па Совет на јавни обвинители, изјави премиерот Мицкоски.

Мицкоски посочи дека гледаме што се случува во Академијата за судии и јавни обвинители, браќа, братучеди на поранешни блиски соработници на поранешниот министер за внатрешни работи, сестри на пратеничка од СДСМ и претседателка на Унија на жени на СДСМ е дел од Управниот одбор.

Состојбата е алармантна во судството и верувајте дека набрзо оваа Влада ќе направи чекор на кој сите ќе бидат горди и ќе се забележи во следниот извештај за напредок од страна на Европската Комисија, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Ветингот е ставот, а позади завесата е тефтерчето од каде доаѓаат одлуките од Мала Речица appeared first on Република.

„Вреди“: Признанието на Мемети и направи ветинг на криминалната ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-priznanieto-na-memeti-i-napravi-veting-na-kriminalnata-dui/ Thu, 15 Aug 2024 12:21:37 +0000 https://republika.mk/?p=806910

Коалицијата Вреди ја дели загриженоста и длабокото разочарување кое ја зафати јавноста по овој договор со една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ.

Постигнатиот договор помеѓу Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција под раководство на Ислам Абази (за чие назначување недоверба изрази и нашиот стратешки сојузник) и Иџет Мемети, поранешен член на Советот на јавни обвинители и една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ, е најјасниот доказ зошто граѓаните имаат доверба во правосудниот систем од само два проценти.

Коалицијата ВРЕДИ ја дели загриженоста и длабокото разочарување кое ја зафати јавноста по овој договор со една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ. Овој случај станува симбол на сè што не е во ред со нашиот правосуден систем, и со право граѓаните реагираат со гнев и недоверба.

Фактот што Мемети, човек со долгогодишна историја на високи функции во 22-годишното владеење на ДУИ, како министер за правда, уставен судија и народен правобранител, ја призна вината за случај на мито од 10 илјади евра, откако првично тврдеше дека е невин, е шлаканица за сите оние кои бараат правда во оваа земја.

Оваа недоверба е рефлексија на систем кој повторно и повторно не успева да обезбеди вистинска правда за своите граѓани, штитејќи ги повеќе интересите на моќниците и на оние поврзани со поранешната власт.

Коалицијата Вреди бара длабока реформа на правосудниот систем. Ние ќе продолжиме да се залагаме за обезбедување на правосуден систем кој функционира за граѓаните на Македонија, а не за оние кои злоупотребувале власт со децении. Само преку вистинска и длабока реформа, ќе можеме да ја вратиме изгубената доверба на граѓаните во судството, велат од „Вреди“.

The post „Вреди“: Признанието на Мемети и направи ветинг на криминалната ДУИ appeared first on Република.

]]>

Коалицијата Вреди ја дели загриженоста и длабокото разочарување кое ја зафати јавноста по овој договор со една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ.

Постигнатиот договор помеѓу Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција под раководство на Ислам Абази (за чие назначување недоверба изрази и нашиот стратешки сојузник) и Иџет Мемети, поранешен член на Советот на јавни обвинители и една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ, е најјасниот доказ зошто граѓаните имаат доверба во правосудниот систем од само два проценти. Коалицијата ВРЕДИ ја дели загриженоста и длабокото разочарување кое ја зафати јавноста по овој договор со една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ. Овој случај станува симбол на сè што не е во ред со нашиот правосуден систем, и со право граѓаните реагираат со гнев и недоверба. Фактот што Мемети, човек со долгогодишна историја на високи функции во 22-годишното владеење на ДУИ, како министер за правда, уставен судија и народен правобранител, ја призна вината за случај на мито од 10 илјади евра, откако првично тврдеше дека е невин, е шлаканица за сите оние кои бараат правда во оваа земја. Оваа недоверба е рефлексија на систем кој повторно и повторно не успева да обезбеди вистинска правда за своите граѓани, штитејќи ги повеќе интересите на моќниците и на оние поврзани со поранешната власт. Коалицијата Вреди бара длабока реформа на правосудниот систем. Ние ќе продолжиме да се залагаме за обезбедување на правосуден систем кој функционира за граѓаните на Македонија, а не за оние кои злоупотребувале власт со децении. Само преку вистинска и длабока реформа, ќе можеме да ја вратиме изгубената доверба на граѓаните во судството, велат од „Вреди“.

The post „Вреди“: Признанието на Мемети и направи ветинг на криминалната ДУИ appeared first on Република.

]]>
„ВРЕДИ“: Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-postoi-li-pokredibilen-megunaroden-veting-za-nekoj-politichar-od-tsrnata-lista-na-sad/ Sun, 11 Aug 2024 08:49:24 +0000 https://republika.mk/?p=805374

Жално е да се гледа како едно криминализирано раководство ја влече ДУИ во амбис. За прво место во категоријата „најсмешни моменти“ може да конкурира барањето на ДУИ за меѓународен ветинг, коментираат од „ВРЕДИ“.

Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? Да го имаш еден Рамиз Мерко во своите редови, главен политички емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за меѓународен ветинг е дрско потценување на Албанците од кои 22 години си барал поддршка на избори.

Да се обидуваш сега да ја мамиш јавноста со теза дека корумпираните се во другите партии и со тоа да сакаш да се претставиш како жртва, само затоа што доаѓа време твоите корумпирани поранешни функционери да одговараат што се богатеа со народни пари, е кукавички и срамно. Албанскиот народ нема да биде заложник на напорите на ова криминално раководство на ДУИ да си ги задржи привилегиите од 22 годишниот режим.

Правосудната одговорност за сторена политичка корупција не може да биде меѓународен проблем. Тоа е домашна задача за државниот систем. Затоа ВЛЕН предлага системско решение како уставен механизам кое ќе овозможи кривична одговорност за стореното и конфискација на нелегално стекнат имот.

Ветингот е етичка и морална контрола која евентуално може спречи бавење со политика. Затоа, докторите за криминал од ДУИ 48 часа молчат за Уставниот амандман на ВЛЕН за спречување на застарувањето на кривичниот прогон за сторена политичка корупција. Ова поведение на криминалнито раководство на ДУИ е најдобар доказ дека тие никогаш не сакале да се борат против политичката корупција, туку нивната цел отсекогаш била да станат доктори за криминал и да се богатат врз грбот на Албанците, се вели во реакцијата на  „ВРЕДИ“.

The post „ВРЕДИ“: Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? appeared first on Република.

]]>

Жално е да се гледа како едно криминализирано раководство ја влече ДУИ во амбис. За прво место во категоријата „најсмешни моменти“ може да конкурира барањето на ДУИ за меѓународен ветинг, коментираат од „ВРЕДИ“.
Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? Да го имаш еден Рамиз Мерко во своите редови, главен политички емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за меѓународен ветинг е дрско потценување на Албанците од кои 22 години си барал поддршка на избори.   Да се обидуваш сега да ја мамиш јавноста со теза дека корумпираните се во другите партии и со тоа да сакаш да се претставиш како жртва, само затоа што доаѓа време твоите корумпирани поранешни функционери да одговараат што се богатеа со народни пари, е кукавички и срамно. Албанскиот народ нема да биде заложник на напорите на ова криминално раководство на ДУИ да си ги задржи привилегиите од 22 годишниот режим.   Правосудната одговорност за сторена политичка корупција не може да биде меѓународен проблем. Тоа е домашна задача за државниот систем. Затоа ВЛЕН предлага системско решение како уставен механизам кое ќе овозможи кривична одговорност за стореното и конфискација на нелегално стекнат имот.   Ветингот е етичка и морална контрола која евентуално може спречи бавење со политика. Затоа, докторите за криминал од ДУИ 48 часа молчат за Уставниот амандман на ВЛЕН за спречување на застарувањето на кривичниот прогон за сторена политичка корупција. Ова поведение на криминалнито раководство на ДУИ е најдобар доказ дека тие никогаш не сакале да се борат против политичката корупција, туку нивната цел отсекогаш била да станат доктори за криминал и да се богатат врз грбот на Албанците, се вели во реакцијата на  „ВРЕДИ“.

The post „ВРЕДИ“: Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? appeared first on Република.

]]>
ДУИ: Партиите од моноетничката влада се исплашени од барањето на ДУИ за расчистување на криминалот со мониториран ветинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-partiite-od-monoetnichkata-vlada-se-isplasheni-od-baraneto-na-dui-za-raschistuvane-na-kriminalot-so-monitoriran-veting/ Sat, 10 Aug 2024 08:45:08 +0000 https://republika.mk/?p=805120

Охрабрете се да почнеме меѓународно мониториран ветинг за секој политичар, се истакнува во денешното соопштение од ДУИ, партија која две децении беше на власт, а сега тешко и паѓаат неколкуте месеци во опозиција.

Во продолжение целото соопштение:

Деновите поминуваат, а партиите од моноетничката влада, исплашени од барањето на ДУИ да иницира меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните 30 години, останаа неми и се обидуваат да ја одвлечат темата со бесмислени соопштенија.

Ајде, веднаш да почнеме секој од политичарите да го приложи имотот и минатото пред меѓународна комисија за мониторинг за ветинг.

Додека тоа не го направите, вие сте само измамници кои се обидуваат да го крадат народот под слоганот „Фатете го крадецот“.

The post ДУИ: Партиите од моноетничката влада се исплашени од барањето на ДУИ за расчистување на криминалот со мониториран ветинг appeared first on Република.

]]>

Охрабрете се да почнеме меѓународно мониториран ветинг за секој политичар, се истакнува во денешното соопштение од ДУИ, партија која две децении беше на власт, а сега тешко и паѓаат неколкуте месеци во опозиција.
Во продолжение целото соопштение:
Деновите поминуваат, а партиите од моноетничката влада, исплашени од барањето на ДУИ да иницира меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните 30 години, останаа неми и се обидуваат да ја одвлечат темата со бесмислени соопштенија. Ајде, веднаш да почнеме секој од политичарите да го приложи имотот и минатото пред меѓународна комисија за мониторинг за ветинг. Додека тоа не го направите, вие сте само измамници кои се обидуваат да го крадат народот под слоганот „Фатете го крадецот“.

The post ДУИ: Партиите од моноетничката влада се исплашени од барањето на ДУИ за расчистување на криминалот со мониториран ветинг appeared first on Република.

]]>
„Вреди“ наместо ветинг, предлага уставен амандман што ќе отвори можност кривичните дела против службената должност никогаш да не застаруваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-namesto-veting-predlaga-ustaven-amandman-shto-ke-otvori-mozhnost-krivichnite-dela-protiv-sluzhbenata-dolzhnost-nikogash-da-ne-zastaruvaat/ Sat, 10 Aug 2024 07:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=805097

Политичката партија „Вреди“ предлага уставен амандман со кој ќе се даде уставен основ за ревизија на сите правосудни постапки за поранешни и сегашни избрани и именувани лица кои се прекинати заради застареност на евентуалната кривична одговорност. Ваквиот предлог на албанскиот коалиционен партнер во Владата, доаѓа откако опозициската ДУИ побара меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години.

Еден од главните приоритети на Владата, согласно Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од Христијан Мицкоски, е обнова на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото. Владата, што како што најавува во програмата, ќе иницира донесување на целосно нов Кривичен законик по примерот на неколку нам сродни правосудни системи, Закон за јавно обвинителство, Закон за судови, Закон за Судски совет, Закон за кривична постапка, Закон за Совет на јавни обвинители и други неопходни закони.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче минатиот месец упати апел до Владата до го стави на јавна расправа новиот Кривичен законик, кој како што посочи е изготвен и се наоѓа во Министерството за правда. На тоа, премиерот Христијан Мицкоски му одговори оти нов КЗ ќе се донесе, но по европски стандарди, а не по нечии потреби.

Коалицијата „Вреди“, пак, вчера најави уставен амандман со кој законите ќе можат да имаат повратно дејство и во случаите повразни со застарување на кривичната постапка за сторени злоупотреби од страна на избрани и именувани лица. Според нив, овој амандман ќе ја приближи државата голем чекор напред кон интеграциите во Европската Унија.

Duke marrë parasysh se BDI-ja opozitare dëshiron t’i hedh hi syve të opinionit me propozime për veting ndërkombëtar për të gjithë politikanët gjatë 30 viteve të fundit, VLEN riafirmon propozi

Како што на прес-конференција информираше портпаролот на „Вреди“, Фари Хисени, предложениот амандман, кој се однесува на член 52 од Уставот, ќе биде основ и ќе отвори можност со измени и дополнување со нов член - 112а во Кривичен законик да се предвиди одредба со која евентуалните кривични дела сторени од избрани и именувани лица кои се категоризирани како кривични дела против службената должност никогаш да не застаруваат. Што, како што дополни подразбира и проширување на опфатот на конфискација на противправно стекнат имот пишан на трети лица.

Со овој амандман, впрочем, ќе се излезе во пресрет на барањата на граѓаните за обезбедување на владеење на правото, правна сигурност и еднаквост пред законите и правосудните постапки за сите избрани и именувани лица кои на предлог на политичките партии извршувале или извршуваат функции во законодавната, извршната или локалната власт, а кои го злоупотребуваат своето влијание и вршат притисоци да ги пролонгираат постапки против нив додека истите не застарат, посочи Хисени.

Во однос на прашањето кога да се очекува овој уставен амандман, Хисени одговори дека ќе има широка дискусија од која ќе треба да произлезе најсоодветна содржина.

на најголемите политички партии во земјава, објавува мораториум на сите партиски активности во врска со парламентарните избори до 22 март 2020.

ДУИ, претходно, повика да почне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години.

Бараме веднаш да почне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години. Овој процес треба да биде транспарентен и независен, совклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правдаи доверливост. Секое доцнење и одбивање само покажува дека гласноста заборбата против корупцијата е обид за прикривање насопствената корупција, порачуваат од ДУИ.

Новоизбраниот лидер на СДСМ, Венко Филипче минатиот месец ја повика Владата заеднички да го поддржат носењето на веќе подготвениот Кривичен законик.

Има изготвен нов Кривичен законик, кој што е почнат во 2017 година од министерката Дескоска, тој е готов, завршен. Апелирам Владата да го стави на јавна расправа. Тој е нов кривичен закон, направен е целосно во координација со меѓународни институции по терк, примерок на Кривичниот законик на Германија и сметам дека што поскоро треба да биде на јавна расправа, треба да го разгледаат експерти, да го кажат своето мислење, да се вклучи стручната фела и заедно со консензус да донесеме еден таков нов, како што доликува Кривичен законик. Не е доволно да кажеме дека сме згрешиле што сме донеле таков закон, еве одиме чекор понатаму таа грешка да ја исправиме на овој начин, рече Филипче и нагласи овој чекор е и поради тоа што граѓаните го манифестирале кон СДСМ за време на изборите во смисла на освоените гласови.

Високиот број на новозаразени од саботата (241) исто како и некои претходни варијации т.е. отскокнувања од вообичаениот број, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип, рече мини

Филипче нагласи дека предлагаат едно солидно решение за продолжување по патот на соработката со меѓународните институции, кои не поддржувале изминатиот период, како и поединечни земји како Холандија, САД, кои направиле огромни инвестиции во реформирање на судството.

Мицкоски, одговарајќи на ова, нагласи дека не е против нов Кривичен законик, но го праша Филипче што ќе се прави со овие дела кои застареле и за кои граѓаните бараат отштета.

Велат сработиле нов Кривичен, но што правиме со оние дела кои застареа и за кои граѓаните плаќаат отштета, за тие дела што застареле ќе вратат ли од украдените пари, бидејќи сега имате дела кои застареа и врз основа на тоа тие бараат отштета и добиваат од буџетот на државата. Тоа се милиони евра, тоа се ваши пари. Еве нека извадат од џеб и нека продадат дел од својот имот, а Бога ми го имаат, голем е имотот на поранешните функционери од СДСМ и нека врата во буџетот. Студент од прва година Правен факултет знае дека секое лице кое што ќе биде процесуирано ќе го користи оној закон, кој што во времето на сторување на делото е апликативен. Сега донесоа закон за да ги амнестираат своите криминали и на оние политичари, кои од минатото им беа потребни за да им застарат дел од делата, а сега ќе носиме нов закон, рече Мицкоски.

Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Миуцкоски додаде дека тие немаат проблем да носат нов закон, но тој закон ќе биде согласно европските закони, а не „како некому што му треба“.

Собранието во септември 2023 година во скратена постапка со европско знаменеце ги донесе измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за дела поврзани со злоупотреба на службена должност и злосторничко здружување. Со измените на дел од членот 353 од Кривичниот законик се намали затворската казна од најмалку три години затвор на казна затвор од една до четири години за „злоупотреба на службена должност и овластување“, додека со измена на членот 394 од КЗ, казната за „злосторничко здружување“ се намали од казна затвор до десет години, на казна затвор до три години. Со измените на Кривичниот законик застареа или се изменија дел од обвиненијата во предметите „Таргет-Тврдина“, „Талир“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Топлик“, „Моќник“, отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

The post „Вреди“ наместо ветинг, предлага уставен амандман што ќе отвори можност кривичните дела против службената должност никогаш да не застаруваат appeared first on Република.

]]>

Политичката партија „Вреди“ предлага уставен амандман со кој ќе се даде уставен основ за ревизија на сите правосудни постапки за поранешни и сегашни избрани и именувани лица кои се прекинати заради застареност на евентуалната кривична одговорност. Ваквиот предлог на албанскиот коалиционен партнер во Владата, доаѓа откако опозициската ДУИ побара меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години. Еден од главните приоритети на Владата, согласно Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од Христијан Мицкоски, е обнова на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото. Владата, што како што најавува во програмата, ќе иницира донесување на целосно нов Кривичен законик по примерот на неколку нам сродни правосудни системи, Закон за јавно обвинителство, Закон за судови, Закон за Судски совет, Закон за кривична постапка, Закон за Совет на јавни обвинители и други неопходни закони. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче минатиот месец упати апел до Владата до го стави на јавна расправа новиот Кривичен законик, кој како што посочи е изготвен и се наоѓа во Министерството за правда. На тоа, премиерот Христијан Мицкоски му одговори оти нов КЗ ќе се донесе, но по европски стандарди, а не по нечии потреби. Коалицијата „Вреди“, пак, вчера најави уставен амандман со кој законите ќе можат да имаат повратно дејство и во случаите повразни со застарување на кривичната постапка за сторени злоупотреби од страна на избрани и именувани лица. Според нив, овој амандман ќе ја приближи државата голем чекор напред кон интеграциите во Европската Унија. Duke marrë parasysh se BDI-ja opozitare dëshiron t’i hedh hi syve të opinionit me propozime për veting ndërkombëtar për të gjithë politikanët gjatë 30 viteve të fundit, VLEN riafirmon propozi Како што на прес-конференција информираше портпаролот на „Вреди“, Фари Хисени, предложениот амандман, кој се однесува на член 52 од Уставот, ќе биде основ и ќе отвори можност со измени и дополнување со нов член - 112а во Кривичен законик да се предвиди одредба со која евентуалните кривични дела сторени од избрани и именувани лица кои се категоризирани како кривични дела против службената должност никогаш да не застаруваат. Што, како што дополни подразбира и проширување на опфатот на конфискација на противправно стекнат имот пишан на трети лица.
Со овој амандман, впрочем, ќе се излезе во пресрет на барањата на граѓаните за обезбедување на владеење на правото, правна сигурност и еднаквост пред законите и правосудните постапки за сите избрани и именувани лица кои на предлог на политичките партии извршувале или извршуваат функции во законодавната, извршната или локалната власт, а кои го злоупотребуваат своето влијание и вршат притисоци да ги пролонгираат постапки против нив додека истите не застарат, посочи Хисени.
Во однос на прашањето кога да се очекува овој уставен амандман, Хисени одговори дека ќе има широка дискусија од која ќе треба да произлезе најсоодветна содржина. на најголемите политички партии во земјава, објавува мораториум на сите партиски активности во врска со парламентарните избори до 22 март 2020. ДУИ, претходно, повика да почне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години.
Бараме веднаш да почне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години. Овој процес треба да биде транспарентен и независен, совклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правдаи доверливост. Секое доцнење и одбивање само покажува дека гласноста заборбата против корупцијата е обид за прикривање насопствената корупција, порачуваат од ДУИ.
Новоизбраниот лидер на СДСМ, Венко Филипче минатиот месец ја повика Владата заеднички да го поддржат носењето на веќе подготвениот Кривичен законик.
Има изготвен нов Кривичен законик, кој што е почнат во 2017 година од министерката Дескоска, тој е готов, завршен. Апелирам Владата да го стави на јавна расправа. Тој е нов кривичен закон, направен е целосно во координација со меѓународни институции по терк, примерок на Кривичниот законик на Германија и сметам дека што поскоро треба да биде на јавна расправа, треба да го разгледаат експерти, да го кажат своето мислење, да се вклучи стручната фела и заедно со консензус да донесеме еден таков нов, како што доликува Кривичен законик. Не е доволно да кажеме дека сме згрешиле што сме донеле таков закон, еве одиме чекор понатаму таа грешка да ја исправиме на овој начин, рече Филипче и нагласи овој чекор е и поради тоа што граѓаните го манифестирале кон СДСМ за време на изборите во смисла на освоените гласови.
Високиот број на новозаразени од саботата (241) исто како и некои претходни варијации т.е. отскокнувања од вообичаениот број, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип, рече мини Филипче нагласи дека предлагаат едно солидно решение за продолжување по патот на соработката со меѓународните институции, кои не поддржувале изминатиот период, како и поединечни земји како Холандија, САД, кои направиле огромни инвестиции во реформирање на судството. Мицкоски, одговарајќи на ова, нагласи дека не е против нов Кривичен законик, но го праша Филипче што ќе се прави со овие дела кои застареле и за кои граѓаните бараат отштета.
Велат сработиле нов Кривичен, но што правиме со оние дела кои застареа и за кои граѓаните плаќаат отштета, за тие дела што застареле ќе вратат ли од украдените пари, бидејќи сега имате дела кои застареа и врз основа на тоа тие бараат отштета и добиваат од буџетот на државата. Тоа се милиони евра, тоа се ваши пари. Еве нека извадат од џеб и нека продадат дел од својот имот, а Бога ми го имаат, голем е имотот на поранешните функционери од СДСМ и нека врата во буџетот. Студент од прва година Правен факултет знае дека секое лице кое што ќе биде процесуирано ќе го користи оној закон, кој што во времето на сторување на делото е апликативен. Сега донесоа закон за да ги амнестираат своите криминали и на оние политичари, кои од минатото им беа потребни за да им застарат дел од делата, а сега ќе носиме нов закон, рече Мицкоски.
Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Миуцкоски додаде дека тие немаат проблем да носат нов закон, но тој закон ќе биде согласно европските закони, а не „како некому што му треба“. Собранието во септември 2023 година во скратена постапка со европско знаменеце ги донесе измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за дела поврзани со злоупотреба на службена должност и злосторничко здружување. Со измените на дел од членот 353 од Кривичниот законик се намали затворската казна од најмалку три години затвор на казна затвор од една до четири години за „злоупотреба на службена должност и овластување“, додека со измена на членот 394 од КЗ, казната за „злосторничко здружување“ се намали од казна затвор до десет години, на казна затвор до три години. Со измените на Кривичниот законик застареа или се изменија дел од обвиненијата во предметите „Таргет-Тврдина“, „Талир“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Топлик“, „Моќник“, отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

The post „Вреди“ наместо ветинг, предлага уставен амандман што ќе отвори можност кривичните дела против службената должност никогаш да не застаруваат appeared first on Република.

]]>
ДУИ запнале за меѓународен ветинг, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини дека сакаат да ја дестабилизираaт државата за да не одговараат за криминалот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-zapnale-za-megunaroden-veting-od-vmro-dpmne-im-porachaa-deka-sakaat-da-ja-destabilizira-drzhavata-za-da-ne-odgovaraat-za-kriminalot/ Thu, 08 Aug 2024 08:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=804493

Поминаа три дена и се уште нема барање од политичките партии и моноетничката влада до меѓународната заедница за меѓународно мониториран ветинг, потсетуваат од ДУИ.

Стравот од целосен ветинг не се покрива со небулозни соопштенија. јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност кон борбата против корупцијата.

Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години.

На ова од ВМРО-ДПМНЕ им одговорија дека ДУИ сака да ја дестабилизира државата за да не одговараат за криминалот кој го правеле.

-Додека народот се чудеше како да преживее од први до први, Артан Груби договараше подизведувачи по патиштата. ДУИ не работеше за Албанците, ниту за Македонците, ДУИ работеше за една тесна клика која очигледно им ја има киднапирано партијата. ДУИ сега знаат дека треба да одговараат за се што правеле, и затоа стравот е голем. Обидите за дестабилизација се последните крици за спас на една криминална гарнитура и заштита на криминално стекнатите милиони, се наведува во партиското соопштение.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dui-saka-da-ja-destabilizira-drzhavata-za-da-ne-odgovaraat-za-kriminalot-koj-go-pravele-nema-da-dozvolime-narodot-da-strada/

The post ДУИ запнале за меѓународен ветинг, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини дека сакаат да ја дестабилизираaт државата за да не одговараат за криминалот appeared first on Република.

]]>

Поминаа три дена и се уште нема барање од политичките партии и моноетничката влада до меѓународната заедница за меѓународно мониториран ветинг, потсетуваат од ДУИ. Стравот од целосен ветинг не се покрива со небулозни соопштенија. јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност кон борбата против корупцијата.
Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години.
На ова од ВМРО-ДПМНЕ им одговорија дека ДУИ сака да ја дестабилизира државата за да не одговараат за криминалот кој го правеле.
-Додека народот се чудеше како да преживее од први до први, Артан Груби договараше подизведувачи по патиштата. ДУИ не работеше за Албанците, ниту за Македонците, ДУИ работеше за една тесна клика која очигледно им ја има киднапирано партијата. ДУИ сега знаат дека треба да одговараат за се што правеле, и затоа стравот е голем. Обидите за дестабилизација се последните крици за спас на една криминална гарнитура и заштита на криминално стекнатите милиони, се наведува во партиското соопштение.
  https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dui-saka-da-ja-destabilizira-drzhavata-za-da-ne-odgovaraat-za-kriminalot-koj-go-pravele-nema-da-dozvolime-narodot-da-strada/  

The post ДУИ запнале за меѓународен ветинг, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини дека сакаат да ја дестабилизираaт државата за да не одговараат за криминалот appeared first on Република.

]]>
СДСМ и ДУИ да заборават на меѓународен ветинг, треба да има домашна одговорност за сторениот криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-dui-da-zaboravat-na-megunaroden-veting-treba-da-ima-domashna-odgovornost-za-storeniot-kriminal/ Wed, 07 Aug 2024 10:54:14 +0000 https://republika.mk/?p=804213

СДС и ДУИ Пред да зборуваат за меѓународен ветинг, треба да имаат домашна одговорност за сторениот криминал. Од опозиција се загрижени, од власт недопирливи – вака некако ја замислуваат политиката СДС и ДУИ кои ја ограбија државата и 7 години не помислуваа на народот додека се богатеа, потсетува Марија Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=D-gWgFWbDwI

Али Ахмети денес повикува на меѓународен ветинг затоа што мисли дека така ќе се заштити себе и останатите кои недвосмислено влегуваа во милионски бизниси со 0 денари влог. Каде беа СДС и ДУИ 7 години да побараат меѓународен ветинг или тогаш милионските тендерите во РЕК, МЕПСО и ЕСМ беа приоритет? Каде беа СДС и ДУИ да зборуваат за ветинг кога  милионски суми се трошеа на набавки на рент а кар возила за два дена? Каде беа СДС и ДУИ кога фирмите блиски до нив го зголемуваа имотот со фотоволтаични централи? Зошто Ахмети и Филипче не побараа меѓународен ветинг за фирмата за надзор на патиштата и модуларните болници?

Ова се прашањата на кои СДС и ДУИ треба да одговорат, како се прави империја за 7 години власт, а нивниот денешен пристап е обид за политичка амнестија за сторениот криминал. Вистинската желба на СДС и ДУИ не е ветингот туку желба за спас од одговорност. Ниеден обид за дестабилизација на демократијата нема да успее, затоа и СДС треба да излезе од скутот на ДУИ и да знаат дека доаѓа време за одговори и одговорност!

The post СДСМ и ДУИ да заборават на меѓународен ветинг, треба да има домашна одговорност за сторениот криминал appeared first on Република.

]]>

СДС и ДУИ Пред да зборуваат за меѓународен ветинг, треба да имаат домашна одговорност за сторениот криминал. Од опозиција се загрижени, од власт недопирливи – вака некако ја замислуваат политиката СДС и ДУИ кои ја ограбија државата и 7 години не помислуваа на народот додека се богатеа, потсетува Марија Митева. https://www.youtube.com/watch?v=D-gWgFWbDwI
Али Ахмети денес повикува на меѓународен ветинг затоа што мисли дека така ќе се заштити себе и останатите кои недвосмислено влегуваа во милионски бизниси со 0 денари влог. Каде беа СДС и ДУИ 7 години да побараат меѓународен ветинг или тогаш милионските тендерите во РЕК, МЕПСО и ЕСМ беа приоритет? Каде беа СДС и ДУИ да зборуваат за ветинг кога  милионски суми се трошеа на набавки на рент а кар возила за два дена? Каде беа СДС и ДУИ кога фирмите блиски до нив го зголемуваа имотот со фотоволтаични централи? Зошто Ахмети и Филипче не побараа меѓународен ветинг за фирмата за надзор на патиштата и модуларните болници?
Ова се прашањата на кои СДС и ДУИ треба да одговорат, како се прави империја за 7 години власт, а нивниот денешен пристап е обид за политичка амнестија за сторениот криминал. Вистинската желба на СДС и ДУИ не е ветингот туку желба за спас од одговорност. Ниеден обид за дестабилизација на демократијата нема да успее, затоа и СДС треба да излезе од скутот на ДУИ и да знаат дека доаѓа време за одговори и одговорност!

The post СДСМ и ДУИ да заборават на меѓународен ветинг, треба да има домашна одговорност за сторениот криминал appeared first on Република.

]]>
Професорот Прешова ја покажа целата апсурдност на идејата на власта на ДУИ и СДСМ за реформи во судството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/profesorot-preshova-ja-pokazha-tselata-apsurdnost-na-idejata-na-vlasta-na-dui-i-sdsm-za-reformi-vo-sudstvoto/ Fri, 19 Apr 2024 14:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=768055

Зароби го судството па повикај на ветинг; Вметни партиски кадри, роднини и деца како судии и обвинители па повикај на ветинг; Ре-зароби го судството па повикај на ветинг; Донеси редица на закони за амнестија па повикај на ветинг; Донеси измени на КЗ па повикај на ветинг; Штелувај избори за Шеф на ОЈО ГОКК па повикај на ветинг" истакнува професорот на правниот факултет д-р Денис Прешова во објава на социјалните медиуми, коментирајќи ги предизборните ветувања на владеачките ДУИ и СДСМ.

Според професорот Прешова доколку судиите продолжат да молчат и целосно сервилно да си се грижат единствено за своите плати и привилегии наместо да се грижат за правдата и правата, ќе нема кој да ги брани во иднина.

The post Професорот Прешова ја покажа целата апсурдност на идејата на власта на ДУИ и СДСМ за реформи во судството appeared first on Република.

Пендаровски: Жалам што ги послушавме советите на ЕУ и не направивме ветинг на судиите и обвинителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-zhalam-shto-gi-poslushavme-sovetite-na-eu-i-ne-napravivme-veting-na-sudiite-i-obvinitelite/ Tue, 09 Jan 2024 19:18:48 +0000 https://republika.mk/?p=731286

Говорејќи за владеењето на правото, во вечерашното интервју за „Тема на денот“ на телевизија Сител претседателот Пендаровски потенцираше дека проблемите во македонското правосудство се присутни долги години наназад и дека се системски, односно структурни. Тој проблем, како што рече претседателот Пендаровски, не се решава со неколку разрешувања или кадровски промени.

Станува збор за системски проблем и тој може да се реши или да се ублажи само со системски промени. Една од тие системски промени, е комплетниот ветинг во правосудниот систем и жалам што, слушајќи ги советите на високите европски функционери во 2016 и 2017 година, кога се промени структурата на власта, ние не влеговме во тој процес. Гледајќи ги ефектите од немањето ветинг во Македонија, мислам дека не можеше да биде полошо во таа смисла ако направевме комплетен ветинг“, подвлече претседателот Пендаровски.

Во оваа насока, тој се осврна и на црната листа на САД, истакнувајќи дека истата придонесува за кревање на свеста кај политичките субјекти.

Не е сеедно што Америка мисли, или не мисли за владеење на правото и на американската амбасадорка лично и реков дека треба да продолжат во таа насока“, заклучи претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски: Жалам што ги послушавме советите на ЕУ и не направивме ветинг на судиите и обвинителите appeared first on Република.

Клековски: Ако не се промени Уставот, ДУИ разгледува можност со брзи избори да го спречи обединувањето на албанската опозиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/klekovski-ako-ne-se-promeni-ustavot-dui-razgleduva-mozhnost-so-brzi-izbori-da-go-sprechi-obedinuvaneto-na-albanskata-opozitsija/ Thu, 20 Jul 2023 12:47:46 +0000 https://republika.mk/?p=663573

Ветингот на политичарите се претвори во ДУИ-ветинг. Кога Бујар Османи го предложи ветингот на политичарите, како чист политички блеф, сигурно ни на крај памет не му беше дека блефот ќе се претвори во ДУИ-ветинг пишува Сашо Клековски, политички аналитичар и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, во својата колумна со наслов „Влада без ДУИ за ДУИ-ветинг“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Невидена сензација. Јавното обвинителство за организиран криминал (ОЈОГОКК) на Ислам Абази апси повеќемина, меѓу кои и Исмет Гури, член на ДУИ. Еееј, јавниот обвинител Ислам Абази апси член на ДУИ, нескриена радост во јавноста. И тоа не многу време откако Бујар Османи понуди ветинг на политичарите, и тоа да започне од Али Ахмети и ДУИ. Понудата на Бујар Османи за ветинг на политичарите беше дадена, за да се пренасочи вниманието од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за решение на уставните измени, но секако со намера да се заштити ДУИ од жестоките напади за корупција и криминал и со местење на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Баравте, гледајте, ветингот на политичарите се претвори во ДУИ-ветинг. Кога Бујар Османи го предложи ветингот на политичарите, како чист политички блеф, сигурно ни на крај памет не му беше дека блефот ќе се претвори во ДУИ-ветинг. Да знаеше што ќе се случува, сигурно ќе замолкнеше. Прво се случи ставањето на Рамиз Мерко, градоначалник на Струга од ДУИ, на црната листа на САД за корупција.

На листата се наоѓаат повеќе од десетина лица од Македонија, повеќето за загрозување на безбедноста поврзано со конфликтот во 2001 година, и Никола Груевски и Сашо Мијалков, поврзано со корупција. Дека ДУИ беше затекната со ваквата одлука на САД говори тоа што ДУИ направи сѐ да го одмолчи ставањето на Рамиз Мерко на црната листа.

Но тоа не е сѐ, тоа беше само загревање за она што следуваше, серија откритија на богатење, купувања фирми, бизниси на семејството на Али Ахмети. Дел од информациите беа стари, како на пример вклучувањето во енергетскиот сектор со хидроцентрали. Некои од нив кружеа низ политичката чаршија. Но сега опозицијата и медиумите, поткрепено со докази го поврзаа Али Ахмети и неговото семејство со големи јавни набавки на нафта и мазут за државата, кои покрај Али Ахмети се поврзани со „Пуцко петрол“, чиј сопственик Исмаил Јахоски е пратеник на ДУИ. Како и со големи вложувања во сончева енергија, каде што има сомнеж за поврзаност на лица од Владата.

Сето ова се случи во неколку недели и сега дојде апсењето на Исмет Гури. Зошто апсењето на Исмет Гури може да биде многу значајно? Исмет Гури не е само член на ДУИ, туку член на ДУИ што е поврзан со изборни нерегуларности и деновиве повторно е осуден на три и пол години за тоа. Значи Исмет Гури не е само член на ДУИ туку некој што местел избори за ДУИ. И, да, Исмет Гури не е само член на ДУИ туку заменик-директор на Управа за јавни приходи (УЈП)! За завршената работа за ДУИ Исмет Гури е награден со директорско место во УЈП, клучната даночна институција на државата.

Ако се точни вестите дека Исмет Гури веднаш е пуштен, што во моментот на пишување не може да се потврди, тогаш ова можеби ќе биде многу кратка радост, дека не е искрена борба против корупција и криминал, туку политички пораки. Со пуштањето би отпаднала можноста дека Исмет Гури е дел од новата партија на Изет Меџити и дека со ова се казнува. Можеби е порака на СДСМ до ДУИ? Што би била пораката?

Деновиве извори на ДУИ брифираа дека ДУИ ја разгледува можноста за предвремени избори, ако летово не помине иницијативата за уставни измени. Не од национален интерес, туку чиста теснопартиска калкулација на ДУИ со брзи избори да спречи консолидација на новата партија на Изет Меџити и на етнички албанската опозиција. Тоа не му одговара на СДСМ, бидејќи би било пуштање на СДСМ низ вода. Но не му одговара и на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, со нескриени амбиции за кандидат за претседател на Републиката.

Со предвремени избори и Влада на ВМРО-ДПМНЕ, не Оливер Спасовски, туку кој било кандидат на СДСМ нема на што да се надева на изборите за претседател на Републиката. Во политичката чаршија се зборува дека во Јавното обвинителство за организиран криминал има повеќе подготвени кривични пријави за функционер на ДУИ и тие веројатно се чуваат за политички притисок, како сега кога ДУИ брифира за предвремени избори.

Но и тоа не е сѐ, се очекува и други функционери на ДУИ да бидат вклучени на црната листа на САД. Од заканата за ветинг на политичари до ВМРО-ДПМНЕ нема ништо. Тоа зашто ВМРО-ДПМНЕ, тивко, без фалење во јавноста, помина низ внатрешен ветинг. Повеќе политичари, кои се со висок рејтинг и во секој момент би биле избрани на локални или парламентарни избори, не се повеќе во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, поради инкриминираност во случаите на СЈО.

Да, да, поради инкриминираност, иако за нив нема ниту судења ниту пресуди. За разлика од ДУИ, каде што Исмет Гури со пресуда од основен суд, бил награден со директорска функција во УЈП. Оттука, барањето на ВМРО-ДПМНЕ за Влада без ДУИ не е чин на антиалбанство, туку неопходен чекор за ДУИ-ветинг и за ветинг на политичкиот естаблишмент и чистење од корупција и криминал, пишува Клековски.

The post Клековски: Ако не се промени Уставот, ДУИ разгледува можност со брзи избори да го спречи обединувањето на албанската опозиција appeared first on Република.

]]>

Ветингот на политичарите се претвори во ДУИ-ветинг. Кога Бујар Османи го предложи ветингот на политичарите, како чист политички блеф, сигурно ни на крај памет не му беше дека блефот ќе се претвори во ДУИ-ветинг пишува Сашо Клековски, политички аналитичар и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, во својата колумна со наслов „Влада без ДУИ за ДУИ-ветинг“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Невидена сензација. Јавното обвинителство за организиран криминал (ОЈОГОКК) на Ислам Абази апси повеќемина, меѓу кои и Исмет Гури, член на ДУИ. Еееј, јавниот обвинител Ислам Абази апси член на ДУИ, нескриена радост во јавноста. И тоа не многу време откако Бујар Османи понуди ветинг на политичарите, и тоа да започне од Али Ахмети и ДУИ. Понудата на Бујар Османи за ветинг на политичарите беше дадена, за да се пренасочи вниманието од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за решение на уставните измени, но секако со намера да се заштити ДУИ од жестоките напади за корупција и криминал и со местење на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Баравте, гледајте, ветингот на политичарите се претвори во ДУИ-ветинг. Кога Бујар Османи го предложи ветингот на политичарите, како чист политички блеф, сигурно ни на крај памет не му беше дека блефот ќе се претвори во ДУИ-ветинг. Да знаеше што ќе се случува, сигурно ќе замолкнеше. Прво се случи ставањето на Рамиз Мерко, градоначалник на Струга од ДУИ, на црната листа на САД за корупција. На листата се наоѓаат повеќе од десетина лица од Македонија, повеќето за загрозување на безбедноста поврзано со конфликтот во 2001 година, и Никола Груевски и Сашо Мијалков, поврзано со корупција. Дека ДУИ беше затекната со ваквата одлука на САД говори тоа што ДУИ направи сѐ да го одмолчи ставањето на Рамиз Мерко на црната листа. Но тоа не е сѐ, тоа беше само загревање за она што следуваше, серија откритија на богатење, купувања фирми, бизниси на семејството на Али Ахмети. Дел од информациите беа стари, како на пример вклучувањето во енергетскиот сектор со хидроцентрали. Некои од нив кружеа низ политичката чаршија. Но сега опозицијата и медиумите, поткрепено со докази го поврзаа Али Ахмети и неговото семејство со големи јавни набавки на нафта и мазут за државата, кои покрај Али Ахмети се поврзани со „Пуцко петрол“, чиј сопственик Исмаил Јахоски е пратеник на ДУИ. Како и со големи вложувања во сончева енергија, каде што има сомнеж за поврзаност на лица од Владата. Сето ова се случи во неколку недели и сега дојде апсењето на Исмет Гури. Зошто апсењето на Исмет Гури може да биде многу значајно? Исмет Гури не е само член на ДУИ, туку член на ДУИ што е поврзан со изборни нерегуларности и деновиве повторно е осуден на три и пол години за тоа. Значи Исмет Гури не е само член на ДУИ туку некој што местел избори за ДУИ. И, да, Исмет Гури не е само член на ДУИ туку заменик-директор на Управа за јавни приходи (УЈП)! За завршената работа за ДУИ Исмет Гури е награден со директорско место во УЈП, клучната даночна институција на државата. Ако се точни вестите дека Исмет Гури веднаш е пуштен, што во моментот на пишување не може да се потврди, тогаш ова можеби ќе биде многу кратка радост, дека не е искрена борба против корупција и криминал, туку политички пораки. Со пуштањето би отпаднала можноста дека Исмет Гури е дел од новата партија на Изет Меџити и дека со ова се казнува. Можеби е порака на СДСМ до ДУИ? Што би била пораката? Деновиве извори на ДУИ брифираа дека ДУИ ја разгледува можноста за предвремени избори, ако летово не помине иницијативата за уставни измени. Не од национален интерес, туку чиста теснопартиска калкулација на ДУИ со брзи избори да спречи консолидација на новата партија на Изет Меџити и на етнички албанската опозиција. Тоа не му одговара на СДСМ, бидејќи би било пуштање на СДСМ низ вода. Но не му одговара и на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, со нескриени амбиции за кандидат за претседател на Републиката. Со предвремени избори и Влада на ВМРО-ДПМНЕ, не Оливер Спасовски, туку кој било кандидат на СДСМ нема на што да се надева на изборите за претседател на Републиката. Во политичката чаршија се зборува дека во Јавното обвинителство за организиран криминал има повеќе подготвени кривични пријави за функционер на ДУИ и тие веројатно се чуваат за политички притисок, како сега кога ДУИ брифира за предвремени избори. Но и тоа не е сѐ, се очекува и други функционери на ДУИ да бидат вклучени на црната листа на САД. Од заканата за ветинг на политичари до ВМРО-ДПМНЕ нема ништо. Тоа зашто ВМРО-ДПМНЕ, тивко, без фалење во јавноста, помина низ внатрешен ветинг. Повеќе политичари, кои се со висок рејтинг и во секој момент би биле избрани на локални или парламентарни избори, не се повеќе во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, поради инкриминираност во случаите на СЈО. Да, да, поради инкриминираност, иако за нив нема ниту судења ниту пресуди. За разлика од ДУИ, каде што Исмет Гури со пресуда од основен суд, бил награден со директорска функција во УЈП. Оттука, барањето на ВМРО-ДПМНЕ за Влада без ДУИ не е чин на антиалбанство, туку неопходен чекор за ДУИ-ветинг и за ветинг на политичкиот естаблишмент и чистење од корупција и криминал, пишува Клековски.

The post Клековски: Ако не се промени Уставот, ДУИ разгледува можност со брзи избори да го спречи обединувањето на албанската опозиција appeared first on Република.

]]>
ДУИ секогаш била за ветинг за сите функционери, вели Шаќири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-sekogash-bila-za-veting-za-site-funktsioneri-veli-shakiri/ Wed, 21 Jun 2023 10:00:04 +0000 https://republika.mk/?p=653649

Министерот за образование и наука и висок функционер на Демократската унија за интеграција, Јетон Шаќири истакна дека ДУИ е политичка партија, која секогаш била за ветинг за сите функционери. Тој одговори на новинарско прашање во врска со вчерашното прогласување на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД.

Ова прашање не е од сферата на образованието. ДУИ како политичка партија секогаш била за ветинг и ДУИ го бара ветингот за сите функционери кои доаѓаат од централно и локално ниво – рече Шаќири пред почетокот на дебатата за промоцијата на Анализата: Политичко образование во Македонија, во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Претседателскиот центар за политичко образование ПЦПО.

Шаќири информира дека ќе има официјален став од партијата и за политички прашања новинарите ги упати да се обратат до партијата.

Стејт департментот вчера го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во значајна корупција, се наведува во писмената изјава на Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

The post ДУИ секогаш била за ветинг за сите функционери, вели Шаќири appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука и висок функционер на Демократската унија за интеграција, Јетон Шаќири истакна дека ДУИ е политичка партија, која секогаш била за ветинг за сите функционери. Тој одговори на новинарско прашање во врска со вчерашното прогласување на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД.
Ова прашање не е од сферата на образованието. ДУИ како политичка партија секогаш била за ветинг и ДУИ го бара ветингот за сите функционери кои доаѓаат од централно и локално ниво – рече Шаќири пред почетокот на дебатата за промоцијата на Анализата: Политичко образование во Македонија, во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Претседателскиот центар за политичко образование ПЦПО.
Шаќири информира дека ќе има официјален став од партијата и за политички прашања новинарите ги упати да се обратат до партијата. Стејт департментот вчера го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во значајна корупција, се наведува во писмената изјава на Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

The post ДУИ секогаш била за ветинг за сите функционери, вели Шаќири appeared first on Република.

]]>
Проверката на имотната состојба на вработените во Царина не значи ветинг, вели Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/proverkata-na-imotnata-sostojba-na-vrabotenite-vo-tsarina-ne-znachi-veting-veli-kovachevski/ Tue, 20 Jun 2023 12:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=653368

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека неговиот предлог да се провери имотната состојба на царинските службеници, ќе придонесе во зголемување на транспарентноста и општествениот кредибилитет на институцијата.

Проверката на имотната состојба, како што посочи, може да се направи преку интерни постапки и не значи ветинг.

 Мислам дека ако тоа се примени во Царина, ќе се зголеми нивната транспарентост, ќе добијат на тежина и на општествен кредибилитет, бидејќи ако некој нема што да крие, нема ни потреба да не поддржи еден таков процес - изјави денеска Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Ковачевски вчера во одговор на новинарско прашање поврзано со барањата на вработените во Царинската управа и Управата за јавни приходи рече дека добро би било да се провери имотната состојба на вработените во овие две институции.

Во однос на ветингот, Ковачевски денеска рече дека е за ветинг со којшто ќе бидат опфатени сите општествени чинители и којшто, според него, треба да се направи по примерот на развиените земји.

Јас и мојата политичка партија сме за ветинг, но ветинг којшто ќе ги опфати сите општествени функционери и треба да се дефинира дали да бидат опфатени и други делови од општеството бидејќи со општествените ресурси не управуваат само избрани и именувани политичари, туку и луѓе кои на пример користат концесии, фреквенции - рече Ковачевски.

The post Проверката на имотната состојба на вработените во Царина не значи ветинг, вели Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека неговиот предлог да се провери имотната состојба на царинските службеници, ќе придонесе во зголемување на транспарентноста и општествениот кредибилитет на институцијата. Проверката на имотната состојба, како што посочи, може да се направи преку интерни постапки и не значи ветинг.
 Мислам дека ако тоа се примени во Царина, ќе се зголеми нивната транспарентост, ќе добијат на тежина и на општествен кредибилитет, бидејќи ако некој нема што да крие, нема ни потреба да не поддржи еден таков процес - изјави денеска Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања.
Ковачевски вчера во одговор на новинарско прашање поврзано со барањата на вработените во Царинската управа и Управата за јавни приходи рече дека добро би било да се провери имотната состојба на вработените во овие две институции. Во однос на ветингот, Ковачевски денеска рече дека е за ветинг со којшто ќе бидат опфатени сите општествени чинители и којшто, според него, треба да се направи по примерот на развиените земји.
Јас и мојата политичка партија сме за ветинг, но ветинг којшто ќе ги опфати сите општествени функционери и треба да се дефинира дали да бидат опфатени и други делови од општеството бидејќи со општествените ресурси не управуваат само избрани и именувани политичари, туку и луѓе кои на пример користат концесии, фреквенции - рече Ковачевски.

The post Проверката на имотната состојба на вработените во Царина не значи ветинг, вели Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Во Министерството за правда не најдов никаква документација поврзана со ветинг, вели новиот министер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-ministerstvoto-za-pravda-ne-najdov-nikakva-dokumentatsija-povrzana-so-veting-veli-noviot-minister/ Fri, 10 Mar 2023 13:52:03 +0000 https://republika.mk/?p=618200

Министерот за правда, Кренар Лога, во емисијата Клик плус на ТВ 21 рече дека се остварени првите контакти со локални и со меѓународни фактори за да можеме да влеземе во дискусија дали Македонија има капацитет, заедно со нејзините стратешки сојузници, да го спроведе овој процес на ветинг. Лога смета дека во наредните недели ова прашање ќе добие свој одговор и изрази оптимизам процесот може да се заврши.

Имав средби со двајца амбасадори, неговата екселенција, евроамбасадорот и денес нејзината екселенција амбасадорката на Хрватска. Од двајцата добивме поддршка и тие покажаа интерес дека процесот на прочистување на институционалните јавни личности го добива вниманието што го заслужува. Во наредните недели имам најава за средба со многу амбасадори. Понеделник е холандската амбасада, потоа француската амбасада и неколку други амбасади. Ова се првите контакти за да видиме што можеме да направиме за да се координираме за подобро, кој ќе биде најдобриот модел за вршење на ветингот, каква ќе беше состојбата на која ќе се повикаме на овој ветинг, но јас ви кажувам дека сме во почетна фаза, и претходно кажав во министерството не најдов никаква документација поврзана со ветинг, рече Лога.

The post Во Министерството за правда не најдов никаква документација поврзана со ветинг, вели новиот министер appeared first on Република.

Данева: Утврдено е дека тројца претседатели на македонски судови не можат да го докажат потеклото на имот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/daneva-utvrdeno-e-deka-trojtsa-pretsedateli-na-makedonski-sudovi-ne-mozhat-da-go-dokazhat-potekloto-na-imot/ Sun, 05 Mar 2023 22:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=616152

Неопходна е проверка на имотот на судиите и обвинителите, вели за „Детектор“ професорката на Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева. Според неа, тоа е и здраво за самите судии кои не се огрешиле пред законот. Во проверките кои ги направи Антикорупциска покажале дека тројца претседатели на Судови низ Македонија немаат покритие за својот имот.

Можеби не би го исклучила ветингот особено оној како за обвинителите така и за судиите од аспект на проверка на потеклото на имот. Тоа е нужно, тоа е неопходно, тоа е здраво за самите судии, особено оние кои не се огрешиле пред законот. Ние слушнавме дека Антикорупциска го имаше тоа ставено во својата програма дека ќе ја проверат имотната состојба на 500 судии, успеаја само на претседатели на судови само. Она колку што се сеќавам, и тоа во јавноста не беше многу експонирано, мислам дека најдоа кај тројца претседатели на судовите надминување на имотот во споредба со тоа какви примања имаат. И што направи ДКСК освен една прес конференција?, праша Данева во Детектор

The post Данева: Утврдено е дека тројца претседатели на македонски судови не можат да го докажат потеклото на имот appeared first on Република.

Груби: Имаме селективна правда, потребен е ветинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-imame-selektivna-pravda-potreben-e-veting/ Fri, 23 Dec 2022 16:25:50 +0000 https://republika.mk/?p=589279

Имаме селективна правда и затоа е потребно конечна да има прочистување со сите корупирани политичари, судии, обвинители, новинари само така може да ја вратиме довербата и кредибилитетот во институциите, вели вицепремиерот Артан Груби за емисијата Трилинг.

На прашањето кој ја опструира правдата Груби со одговор дека корупцијата е главен кочничар.

https://youtu.be/hrxeo14cVig

The post Груби: Имаме селективна правда, потребен е ветинг appeared first on Република.

]]>

Имаме селективна правда и затоа е потребно конечна да има прочистување со сите корупирани политичари, судии, обвинители, новинари само така може да ја вратиме довербата и кредибилитетот во институциите, вели вицепремиерот Артан Груби за емисијата Трилинг. На прашањето кој ја опструира правдата Груби со одговор дека корупцијата е главен кочничар. https://youtu.be/hrxeo14cVig

The post Груби: Имаме селективна правда, потребен е ветинг appeared first on Република.

]]>