ветеринарна комора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veterinarna-komora/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 15:43:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ветеринарна комора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veterinarna-komora/ 32 32 Ветеринарна комора: Во случаи како авијарна инфлуенца, нужно е да се преземат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/veterinarna-komora-vo-sluchai-kako-avijarna-influentsa-nuzhno-e-da-se-prezemat-drastichni-merki-za-eliminirane-na-izvorot-i-shirene-na-zarazata/ Mon, 21 Oct 2024 16:45:05 +0000 https://republika.mk/?p=829535

Ветеринарната комора на Република Македонија во целост ги поддржува сите активности и мерки преземени од надлежните органи во врска со последните настани, поврзани со откривањето на авијарна инфлуенца кај птица во Скопската зоолошка градина.

Во целост разбирајќи ја сензитивноста на поединци и групи во врска со третманот и благосостојбата на животните за кои искрено и принципиелно се залагаме и се дел од нашата професионална етика и пракса, укажуваме до јавноста дека ветеринарно-здравствениот систем има примарна цел да ги заштити здравјето на луѓето, животните и економијата во државата. Следствено, во услови на појава на особено опасни заразни болести со голем потенцијал да го загрозат јавното здравје, како што е во случајот авијарната инфлуенца, нужно е да се преземаат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата, се наведува во соопштението од Ветеринарната комора.

Процедурите и мерките во случаи на појава на заразни болести зооантропонози – болести што од животни преминуваат на луѓе, како што се додава, се утврдени од меѓународни институции и треба доследно да се спроведуваат.

Во врска со ова, потенцираме дека некои соеви на вирусот на авијарна инфлуенца се нотирани од светската наука, како причинители на заразни болести со најголем потенцијал за нова светска пандемија. Имајќи го предвид сево ова, повикуваме на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јавното здравје и здравјето на животните, истакнуваат од Ветеринарната комора.

The post Ветеринарна комора: Во случаи како авијарна инфлуенца, нужно е да се преземат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата appeared first on Република.

]]>

Ветеринарната комора на Република Македонија во целост ги поддржува сите активности и мерки преземени од надлежните органи во врска со последните настани, поврзани со откривањето на авијарна инфлуенца кај птица во Скопската зоолошка градина. Во целост разбирајќи ја сензитивноста на поединци и групи во врска со третманот и благосостојбата на животните за кои искрено и принципиелно се залагаме и се дел од нашата професионална етика и пракса, укажуваме до јавноста дека ветеринарно-здравствениот систем има примарна цел да ги заштити здравјето на луѓето, животните и економијата во државата. Следствено, во услови на појава на особено опасни заразни болести со голем потенцијал да го загрозат јавното здравје, како што е во случајот авијарната инфлуенца, нужно е да се преземаат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата, се наведува во соопштението од Ветеринарната комора. Процедурите и мерките во случаи на појава на заразни болести зооантропонози – болести што од животни преминуваат на луѓе, како што се додава, се утврдени од меѓународни институции и треба доследно да се спроведуваат. Во врска со ова, потенцираме дека некои соеви на вирусот на авијарна инфлуенца се нотирани од светската наука, како причинители на заразни болести со најголем потенцијал за нова светска пандемија. Имајќи го предвид сево ова, повикуваме на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јавното здравје и здравјето на животните, истакнуваат од Ветеринарната комора.

The post Ветеринарна комора: Во случаи како авијарна инфлуенца, нужно е да се преземат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата appeared first on Република.

]]>
Евтаназија на свиња чини 110 денари, а нес-кафе 130, реагираат ветеринарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evtanazija-na-svinja-chini-110-denari-a-nes-kafe-130-reagiraat-veterinarite/ Tue, 06 Sep 2022 08:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=547869

За двонеделни активности (посетени преку 70 фарми, земени над 80 крвни проби и извршена дезинфекција) кои ме чинеа најмалку 30 000 денари, добив 160 денари поврат од државата. Толку изнесуваше фактурата која ми беше исплатена.

Вака накусо ветеринарот Слободан Димитровски од Делчево објаснува со што се соочува неговата струка веќе подолго време. Во основа на сите проблеми, вели, се цените на услугите. Од Ветеринарната комора тоа го илустрираат со примерот дека еутаназија на свиња чини 110 денари, а нес-кафе во ресторан е 130.

Ветеринарите вчера го „кренаа гласот“. Отидоа дури и пред Владата за да ги соопштат своите барања: усвојување на методологијата за формирање цени која е веќе утврдена, итно зголемување за 30 отсто на сите цени за превентивните ветеринарни услуги кои се на товар на државниот буџет, како и 50 отсто кофинансирање на вакцинацијата против болеста ентеротоксемија кај овци и кози. Премиерот Димитар Ковачевски беше службено отсутен, но од неговиот Кабинет добија ветување за средба во најбрз можен рок.

Ветеринарите претходно беа „извисени“ од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски кој поради професионални обврски не дојде на јавниот состанок што го организираше Ветеринарната комора и на кој уште еднаш беше укажано дека ветеринарните друштва се во многу лоша финансика и материјална состојба, дека кубурат со човечки ресурси, како и дека нивниот опстанок е доведен во прашање. Залудно се упатија и кон АХВ зашто Бабовски беше во Влада, на седница на Економскиот совет.

И покрај очајната, екстремно лоша ситуација во која се наоѓаат, сите ветеринарни друштва, без исклучок, професионално и ревносно реагираа за спречување на африканската свинска чума. Излегоа на терен и максимално се вложија. По алармот дека се појави нов случај, се формира Координативно тело на чие чело е директкрот Бабовски. Одржани беа три состаноци на кои, исто така, беше посочена лошата состојба во која се наоѓаат и опасноста од неможноста да спроведат потребните мерки против болеста, рече претседателот на Ветеринарната комора, Жарко Михајлоски.

Според него, и покрај препораката од страна на Владата релевантните институции задолжително да свикаат итен координативен состанок (состанок на МЗШВ и АХВ со Ветеринарната комора) заради согледување на потребите на ветеринарните друштва и креирање повисока мотивираност за реализација на мерките против африканската чума, тоа не се случи. Состанок во ваков состав до денес, потенцира Михајлоски, не се одржа.

Бевме соочени со разни проблеми, но првиот ни беше финансиски, се сами моравме да си купиме, немавме ништо од АХВ, барем бончиња за бензин да ни обезбедеше. Се потрудивме и пак ќе се потрудиме да дадеме максимум во битката со оваа и која било друга болест, но имајте разбирање дека финансиски веќе не можеме да издржиме. Ако државата сака да се справи со некоја болест, на овој начин не ќе може. За смешната фактура со која ми се враќаат 160 денари, надлежните рекоа дека е грешка. Ако е грешка, тогаш нека биде исправена, нагласува ветеринарот Димитровски од Делчево.

Тој објаснува и дека секој ден трошел по 1 000 денари за бензин од Делчево до Македонска Каменица за спроведување на мерките против африканската чума.

Ако на ова се додаде и сумата за потрошен материјал – ракавици и одела за еднократна употреба кои во аптеките се по 400 денари, за што зборуваме тогаш?, укажа Димитровски.

Претставникот од АХВ, Ванчо Новоселски ги охрабри ветеринарите јавно да ги кажат проблемите. И тој рече дека проблеми има многу, како и дека беа увидени при спроведувањето на мерките против африканската свинска чума.

Колегите дадоа максимум кога изби болеста, а голем дел од мерките што беа наложени, се спроведоа благодарение на нивната пожртвуваност. Од објективните проблеми на ветеринарните друштва би го спомнал доцнењето на програмите. Доцна се потпишаа и договорите со ветеринарните лаборатории, истакна Новоселски.

Тој информира дека Методологијата за формирањето на цените на ветеринарните услуги е 99 отсто завршена и ако се согласат двете страни, АХВ и Ветеринарната комора, се оечкува да биде потпишана околу 20 септември.

Врз основа на таа методологија ќе се формираат цените за наредната година. За оваа година, тоа е што е, рече Новоселски.

За МИА од Ветеринарната комора објаснуваат дека покрај намалувањето на сточниот фонд, најголемиот удар ветеринарните друштва го доживеаја со економската и КОВИД – кризата, односно со енормното зголемување на трошоците. Комората предупредува дека секторот е пред колапс, поради што бара итна интервенција од Владата и МЗШВ.

Според Комората, ветеринарните друштва не реализирале никакви приходи по основа на извршени активности од јавен интерес, немаат никаква акумулација на средства и не можат да обезбедат ни минимални средства за исплата на личен доход.

Ветеринарната комора минатата недела уште еднаш реагираше со допис до премиерот Димитар Ковачевски и до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Во дописот се апелира дека „клучни причини за проблемите кои се закануваат со колабирање на секторот се ниските и нереални цени за активностите од јавен интерес кои за една деценија се минимално корегирани, како и доцнењето на отпочнувањето на активностите од јавен интерес во тековната 2022 година поради доцнењето на донесувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните (донесена во мај 2022, а вообичаено се усвојува најдоцна до јануари) и последователно, изборот (преку јавна набавка) на овластена лабораторија за дијагностички испитувања, кој заврши во август 2022“.

Не посакувајќи последици штетни за државата, како протести и престанок на работа, уште еднаш алармираме и повикуваме на брза и ефектна реакција на сите одговорни институции. Во бројните контакти претходно доставивме многу аргументи за да ја доловиме апсурдната состојба на потценетиот и девалвиран труд на докторот по ветеринарна медицина, вклучен во активности од јавен интерес. Со оглед дека ги исцрпивме сите можности низ канализиран процес на преговори да дојдеме до целта, тоа што пред членството, кое е  огорчено и незадоволно, немаме веќе ниту авторитет ниту кредибилитет да бараме дополнително време и трпение за решавање на овој проблем, клучен за опстанок на ветеринарните друштва, од Вас бараме во рамките на Вашите надлежности и одговорности  утврдени со Закон да ги преземете сите потребни чекори за итно и неодложно интервенирање во правец на подобрување на финансиската состојба и консолидација на ветеринарно-здравствениот сектор, наведува Ветеринарната комора.

МИА го контактираше и директорот на АХВ, Бабовски. Тој потврди дека поради професионални обврски – присуство на седница на владиниот Економски совет, вчера не бил на состанокот на Ветеринарната комора, ниту бил присутен потоа во АХВ кога ветеринарите дошле да се сретнат со него.

АХВ, тврди Бабовски, нема ниту денар долг кон ветринарните друштва, а методологијата за цените се очекува да биде усвоена за 10 – 15 дена. Прв пат во историјата на ветеринарството, напоменува Бабовски, се воведува метолодогија за исплата по активности од јавни овластувања и со тоа засекогаш се решава проблемот со висината на надоместоците, независно кој е на власт.

Агенцијата ги испочитува ветеринарите на состанокот, испрати свој претставник. Не можев да бидам присутен поради професионални обврски. Ние работиме со нив, има работна група која работи на методологијата за цените и во наредните 10 – 15 дена очекуваме методологијата да се усвои, дециден е директорот на АХВ според кој состојбата во ветеринарството зависи директно од ветеринарната фела.

The post Евтаназија на свиња чини 110 денари, а нес-кафе 130, реагираат ветеринарите appeared first on Република.

]]>

За двонеделни активности (посетени преку 70 фарми, земени над 80 крвни проби и извршена дезинфекција) кои ме чинеа најмалку 30 000 денари, добив 160 денари поврат од државата. Толку изнесуваше фактурата која ми беше исплатена. Вака накусо ветеринарот Слободан Димитровски од Делчево објаснува со што се соочува неговата струка веќе подолго време. Во основа на сите проблеми, вели, се цените на услугите. Од Ветеринарната комора тоа го илустрираат со примерот дека еутаназија на свиња чини 110 денари, а нес-кафе во ресторан е 130. Ветеринарите вчера го „кренаа гласот“. Отидоа дури и пред Владата за да ги соопштат своите барања: усвојување на методологијата за формирање цени која е веќе утврдена, итно зголемување за 30 отсто на сите цени за превентивните ветеринарни услуги кои се на товар на државниот буџет, како и 50 отсто кофинансирање на вакцинацијата против болеста ентеротоксемија кај овци и кози. Премиерот Димитар Ковачевски беше службено отсутен, но од неговиот Кабинет добија ветување за средба во најбрз можен рок. Ветеринарите претходно беа „извисени“ од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски кој поради професионални обврски не дојде на јавниот состанок што го организираше Ветеринарната комора и на кој уште еднаш беше укажано дека ветеринарните друштва се во многу лоша финансика и материјална состојба, дека кубурат со човечки ресурси, како и дека нивниот опстанок е доведен во прашање. Залудно се упатија и кон АХВ зашто Бабовски беше во Влада, на седница на Економскиот совет.
И покрај очајната, екстремно лоша ситуација во која се наоѓаат, сите ветеринарни друштва, без исклучок, професионално и ревносно реагираа за спречување на африканската свинска чума. Излегоа на терен и максимално се вложија. По алармот дека се појави нов случај, се формира Координативно тело на чие чело е директкрот Бабовски. Одржани беа три состаноци на кои, исто така, беше посочена лошата состојба во која се наоѓаат и опасноста од неможноста да спроведат потребните мерки против болеста, рече претседателот на Ветеринарната комора, Жарко Михајлоски.
Според него, и покрај препораката од страна на Владата релевантните институции задолжително да свикаат итен координативен состанок (состанок на МЗШВ и АХВ со Ветеринарната комора) заради согледување на потребите на ветеринарните друштва и креирање повисока мотивираност за реализација на мерките против африканската чума, тоа не се случи. Состанок во ваков состав до денес, потенцира Михајлоски, не се одржа.
Бевме соочени со разни проблеми, но првиот ни беше финансиски, се сами моравме да си купиме, немавме ништо од АХВ, барем бончиња за бензин да ни обезбедеше. Се потрудивме и пак ќе се потрудиме да дадеме максимум во битката со оваа и која било друга болест, но имајте разбирање дека финансиски веќе не можеме да издржиме. Ако државата сака да се справи со некоја болест, на овој начин не ќе може. За смешната фактура со која ми се враќаат 160 денари, надлежните рекоа дека е грешка. Ако е грешка, тогаш нека биде исправена, нагласува ветеринарот Димитровски од Делчево.
Тој објаснува и дека секој ден трошел по 1 000 денари за бензин од Делчево до Македонска Каменица за спроведување на мерките против африканската чума.
Ако на ова се додаде и сумата за потрошен материјал – ракавици и одела за еднократна употреба кои во аптеките се по 400 денари, за што зборуваме тогаш?, укажа Димитровски.
Претставникот од АХВ, Ванчо Новоселски ги охрабри ветеринарите јавно да ги кажат проблемите. И тој рече дека проблеми има многу, како и дека беа увидени при спроведувањето на мерките против африканската свинска чума.
Колегите дадоа максимум кога изби болеста, а голем дел од мерките што беа наложени, се спроведоа благодарение на нивната пожртвуваност. Од објективните проблеми на ветеринарните друштва би го спомнал доцнењето на програмите. Доцна се потпишаа и договорите со ветеринарните лаборатории, истакна Новоселски.
Тој информира дека Методологијата за формирањето на цените на ветеринарните услуги е 99 отсто завршена и ако се согласат двете страни, АХВ и Ветеринарната комора, се оечкува да биде потпишана околу 20 септември.
Врз основа на таа методологија ќе се формираат цените за наредната година. За оваа година, тоа е што е, рече Новоселски.
За МИА од Ветеринарната комора објаснуваат дека покрај намалувањето на сточниот фонд, најголемиот удар ветеринарните друштва го доживеаја со економската и КОВИД – кризата, односно со енормното зголемување на трошоците. Комората предупредува дека секторот е пред колапс, поради што бара итна интервенција од Владата и МЗШВ. Според Комората, ветеринарните друштва не реализирале никакви приходи по основа на извршени активности од јавен интерес, немаат никаква акумулација на средства и не можат да обезбедат ни минимални средства за исплата на личен доход. За МИА од Ветеринарната комора објаснуваат дека покрај намалувањето на сточниот фонд, најголемиот удар ветеринарните друштва го доживеаја со економската и КОВИД – кризата, односно со енормното зголемување на трошоците. Комората предупредува дека секторот е пред колапс, поради што бара итна интервенција од Владата и МЗШВ. Според Комората, ветеринарните друштва не реализирале никакви приходи по основа на извршени активности од јавен интерес, немаат никаква акумулација на средства и не можат да обезбедат ни минимални средства за исплата на личен доход. Ветеринарната комора минатата недела уште еднаш реагираше со допис до премиерот Димитар Ковачевски и до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Во дописот се апелира дека „клучни причини за проблемите кои се закануваат со колабирање на секторот се ниските и нереални цени за активностите од јавен интерес кои за една деценија се минимално корегирани, како и доцнењето на отпочнувањето на активностите од јавен интерес во тековната 2022 година поради доцнењето на донесувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните (донесена во мај 2022, а вообичаено се усвојува најдоцна до јануари) и последователно, изборот (преку јавна набавка) на овластена лабораторија за дијагностички испитувања, кој заврши во август 2022“.
Не посакувајќи последици штетни за државата, како протести и престанок на работа, уште еднаш алармираме и повикуваме на брза и ефектна реакција на сите одговорни институции. Во бројните контакти претходно доставивме многу аргументи за да ја доловиме апсурдната состојба на потценетиот и девалвиран труд на докторот по ветеринарна медицина, вклучен во активности од јавен интерес. Со оглед дека ги исцрпивме сите можности низ канализиран процес на преговори да дојдеме до целта, тоа што пред членството, кое е  огорчено и незадоволно, немаме веќе ниту авторитет ниту кредибилитет да бараме дополнително време и трпение за решавање на овој проблем, клучен за опстанок на ветеринарните друштва, од Вас бараме во рамките на Вашите надлежности и одговорности  утврдени со Закон да ги преземете сите потребни чекори за итно и неодложно интервенирање во правец на подобрување на финансиската состојба и консолидација на ветеринарно-здравствениот сектор, наведува Ветеринарната комора.
МИА го контактираше и директорот на АХВ, Бабовски. Тој потврди дека поради професионални обврски – присуство на седница на владиниот Економски совет, вчера не бил на состанокот на Ветеринарната комора, ниту бил присутен потоа во АХВ кога ветеринарите дошле да се сретнат со него. АХВ, тврди Бабовски, нема ниту денар долг кон ветринарните друштва, а методологијата за цените се очекува да биде усвоена за 10 – 15 дена. Прв пат во историјата на ветеринарството, напоменува Бабовски, се воведува метолодогија за исплата по активности од јавни овластувања и со тоа засекогаш се решава проблемот со висината на надоместоците, независно кој е на власт.
Агенцијата ги испочитува ветеринарите на состанокот, испрати свој претставник. Не можев да бидам присутен поради професионални обврски. Ние работиме со нив, има работна група која работи на методологијата за цените и во наредните 10 – 15 дена очекуваме методологијата да се усвои, дециден е директорот на АХВ според кој состојбата во ветеринарството зависи директно од ветеринарната фела.

The post Евтаназија на свиња чини 110 денари, а нес-кафе 130, реагираат ветеринарите appeared first on Република.

]]>
Ветеринарите пред Влада, бараат средба за да ги соопштат барањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veterinarite-pred-vlada-baraat-sredba-za-da-gi-soopshtat-baranjata/ Mon, 05 Sep 2022 13:34:38 +0000 https://republika.mk/?p=547681

Откако не остварија средба со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, ветеринарите попладнево се упатија кон Владата. Во моментов очекуваат прием на кој, како што велат, ќе ги образложат своите барања за излез од алармантната состојба во која се наоѓа секторот. Кај министерот за земјоделство Љупчо Николовски нема да одат, зашто добиле информација дека е надвор од Скопје.

Ветеринарите бараат усвојување на методологијата за формирање цени која е веќе утврдена, итно зголемување за 30 отсто на сите цени за превентивните ветеринарни услуги кои се на товар на државниот буџет, како и 50 отсто кофинансирање на вакцинацијата против болеста ентеротоксемија кај овци и кози.

Тие денеска одржаа состанок на кој уште еднаш предупредија дека се во многу лоша финансика и материјална состојба и дека нивниот опстанок е доведен во прашање. На состанокот не дојде директорот на АХВ, Бабовски, иако, како што нагласуваат ветеринарите, бил уредно поканет.

Директорот на АХВ бил спречен да дојде на нашиот денешен состанок. Затоа, ние се упативме кај него. Откако не успеавме да одржиме средба, се упативме кон Владата каде очекуваме некој да не прими и да ги слушне нашите барања, изјави за МИА извршниот директор на Комората, Томислав Николовски.

Ветеринарната комора во повеќе наврати досега предупредуваше дека секторот е пред колапс и дека опстанокот на ветеринарните друштва е доведен во прашање што може да има несогледиви импликации врз сточарството, како и врз справувањето со актуелните и идни здравствени предизвици. Комората реагираше и со допис до премиерот и до министерот за земјоделство.

The post Ветеринарите пред Влада, бараат средба за да ги соопштат барањата appeared first on Република.

]]>

Откако не остварија средба со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, ветеринарите попладнево се упатија кон Владата. Во моментов очекуваат прием на кој, како што велат, ќе ги образложат своите барања за излез од алармантната состојба во која се наоѓа секторот. Кај министерот за земјоделство Љупчо Николовски нема да одат, зашто добиле информација дека е надвор од Скопје. Ветеринарите бараат усвојување на методологијата за формирање цени која е веќе утврдена, итно зголемување за 30 отсто на сите цени за превентивните ветеринарни услуги кои се на товар на државниот буџет, како и 50 отсто кофинансирање на вакцинацијата против болеста ентеротоксемија кај овци и кози. Тие денеска одржаа состанок на кој уште еднаш предупредија дека се во многу лоша финансика и материјална состојба и дека нивниот опстанок е доведен во прашање. На состанокот не дојде директорот на АХВ, Бабовски, иако, како што нагласуваат ветеринарите, бил уредно поканет.
Директорот на АХВ бил спречен да дојде на нашиот денешен состанок. Затоа, ние се упативме кај него. Откако не успеавме да одржиме средба, се упативме кон Владата каде очекуваме некој да не прими и да ги слушне нашите барања, изјави за МИА извршниот директор на Комората, Томислав Николовски.
Ветеринарната комора во повеќе наврати досега предупредуваше дека секторот е пред колапс и дека опстанокот на ветеринарните друштва е доведен во прашање што може да има несогледиви импликации врз сточарството, како и врз справувањето со актуелните и идни здравствени предизвици. Комората реагираше и со допис до премиерот и до министерот за земјоделство.

The post Ветеринарите пред Влада, бараат средба за да ги соопштат барањата appeared first on Република.

]]>
Ветеринарите се собраа пред АХВ, бараат средба со директорот Бабовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veterinarite-se-sobraa-pred-ahv-baraat-sredba-so-direktorot-babovski/ Mon, 05 Sep 2022 13:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=547657

Претставници на Ветеринарната комора и на ветеринарни друштва од земјава по денешниот состанок за состојбите во секторот се упатија кон Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) каде, како што најавуваат, директно ќе ги соопштат своите барања.

Ветеринарите претходно предупредија дека ситуацијата е алармантна и дека ако Владата не преземе итни мерки доведен ќе биде во прашање нивниот опстанок. Тие бараат усвојување на методологијата за формирање цени која е веќе утврдена, итно зголемување за 30 отсто на сите цени за превентивните ветеринарни услуги кои се на товар на државниот буџет, како и 50 отсто кофинансирање на вакцинацијата против болеста ентеротоксемија кај овци и кози.

Директорот на АХВ бил спречен да дојде на нашиот денешен состанок. Затоа, ние се упативме кај него, а имаме три конкретни барања: усвојување на методологијата за формирање цени која е веќе утврдена од работната група со претставници на АХВ, МЗШВ и Ветеринарната комора, итно зголемување за 30 отсто на сите цени за превентивните ветеринарни услуги кои се на товар на државниот буџет, како и 50 отсто кофинансирање на вакцинацијата против ентеротоксемија кај овци и кози која засега е на товар на сопствениците на грлата, изјави за МИА извршниот директор на Комората, Томислав Николовски.

Како што истакнува Николовски, ветеринарите ќе го причекаат Бабовски, но ако тој не се појави во догледно време, најверојатно ќе замнинат пред МЗШВ.

Ветеринарната комора во повеќе наврати досега предупредуваше дека секторот е пред колапс и дека опстанокот на ветеринарните друштва е доведен во прашање што може да има несогледиви импликации врз сточарството, како и врз справувањето со актуелните и идни здравствени предизвици. Комората реагираше и со допис до премиерот и до министерот за земјоделство.

The post Ветеринарите се собраа пред АХВ, бараат средба со директорот Бабовски appeared first on Република.

]]>

Претставници на Ветеринарната комора и на ветеринарни друштва од земјава по денешниот состанок за состојбите во секторот се упатија кон Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) каде, како што најавуваат, директно ќе ги соопштат своите барања. Ветеринарите претходно предупредија дека ситуацијата е алармантна и дека ако Владата не преземе итни мерки доведен ќе биде во прашање нивниот опстанок. Тие бараат усвојување на методологијата за формирање цени која е веќе утврдена, итно зголемување за 30 отсто на сите цени за превентивните ветеринарни услуги кои се на товар на државниот буџет, како и 50 отсто кофинансирање на вакцинацијата против болеста ентеротоксемија кај овци и кози.
Директорот на АХВ бил спречен да дојде на нашиот денешен состанок. Затоа, ние се упативме кај него, а имаме три конкретни барања: усвојување на методологијата за формирање цени која е веќе утврдена од работната група со претставници на АХВ, МЗШВ и Ветеринарната комора, итно зголемување за 30 отсто на сите цени за превентивните ветеринарни услуги кои се на товар на државниот буџет, како и 50 отсто кофинансирање на вакцинацијата против ентеротоксемија кај овци и кози која засега е на товар на сопствениците на грлата, изјави за МИА извршниот директор на Комората, Томислав Николовски.
Како што истакнува Николовски, ветеринарите ќе го причекаат Бабовски, но ако тој не се појави во догледно време, најверојатно ќе замнинат пред МЗШВ. Ветеринарната комора во повеќе наврати досега предупредуваше дека секторот е пред колапс и дека опстанокот на ветеринарните друштва е доведен во прашање што може да има несогледиви импликации врз сточарството, како и врз справувањето со актуелните и идни здравствени предизвици. Комората реагираше и со допис до премиерот и до министерот за земјоделство.

The post Ветеринарите се собраа пред АХВ, бараат средба со директорот Бабовски appeared first on Република.

]]>
Ветеринарна комора: Секторот пред колапс, бараме итна интервенција од Владата и МЗШВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veterinarna-komora-sektorot-pred-kolaps-barame-itna-intervencija-od-vladata-i-mzshv/ Mon, 05 Sep 2022 09:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=547566

Финансиската состојба на ветеринарните друштва е алармантна. Нивниот опстанок е доведен во прашање, а тоа може да има несогледиви импликации врз сточарството, како и врз справувањето со актуелните и идни здравствени предизвици, предупредува Ветеринарната комора.

Поради ваквата ситуацијата, Комората уште еднаш реагираше со допис до премиерот Димитар Ковачевски и до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Преку дописот испратен во четвртокот, Комората потсетува дека „клучни причини за проблемите кои се закануваат со колабирање на секторот се ниските и нереални цени за активностите од јавен интерес кои за една деценија се минимално корегирани, како и доцнењето на отпочнувањето на активностите од јавен интерес во тековната 2022 година поради доцнењето на донесувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните (донесена во мај 2022, а вообичаено се усвојува најдоцна до јануари) и последователно, изборот (преку јавна набавка) на овластена лабораторија за дијагностички испитувања, кој заврши во август 2022“.

Како што наведува Комората, ветеринарните друштва не реализирале никакви приходи по основа на извршени активности од јавен интерес, немаат никаква акумулација на средства и не можат да обезбедат ни минимални средства за исплата на личен доход.

Не посакувајќи последици штетни за државата, како протести и престанок на работа, уште еднаш алармираме и повикуваме на брза и ефектна реакција на сите одговорни институции. Во бројните контакти претходно доставивме многу аргументи за да ја доловиме апсурдната состојба на потценетиот и девалвиран труд на докторот по ветеринарна медицина, вклучен во активности од јавен интерес, од повеќекратно пониските цени споредени со оние во регионот, па се до асиметријата на цените на теренските активности со цените за дијагностичките испитувања, за кој тврдиме дека е единствен пример во Европа. Со оглед дека ги исцрпивме сите можности низ канализиран процес на преговори да дојдеме до целта, тоа што пред членството, кое е  огорчено и незадоволно, немаме веќе ниту авторитет ниту кредибилитет да бараме дополнително време и трпение за решавање на овој проблем, клучен за опстанок на ветеринарните друштва ,од Вас бараме во рамките на Вашите надлежности и одговорности  утврдени со Закон да ги преземете сите потребни чекори за итно и неодложно интервенирање во правец на подобрување на финансиската состојба и консолидација на ветеринарно-здравствениот сектор, стои во дописот од Ветеринарната комора.

Извршниот директор на Комората Томислав Николовски за МИА вели дека тие постојано, низ разни форми, инсистирале на решавање на оваа неповолна состојба – преку корекција на цените, авансно плаќање на активностите и даночни олеснувања, поради нереализираното барање за намалување на ДДВ на ветеринарните услуги на 5 отсто.

Единствениот епилог од заложбите кои ги спомнувам, е зголемување на цените за активности од јавен интерес за 10 проценти, што во услови на инфлација  во тековната година и енормно зголемување на цените на енергенсите и животните трошоци, нема ни симболично, а камоли ефект на реален финансиски импут за санирање на секторот. Исто така, методологијата за утврдување на цените за активности од јавен интерес до моментов не е усвоена, иако дадениот краен рок беше до 15 јуни тековната година, истакнува Николовски.

Ветеринарната комора денеска организира состанок со претставници на ветеринарни друштва на кој ќе се разговара за подготвеноста, наредните мерки, проблеми и потешкотиитењ во спроведувањето на активностите за контрола и сузбивање на африканската чума кај свињите.

На состанокот, потенцира Николовски, уште еднаш, јавно, ќе биде укажано и на проблемите со кои се соочуваат ветеринарните друштва, а ќе биде утврден и начинот на натамошно делување.

The post Ветеринарна комора: Секторот пред колапс, бараме итна интервенција од Владата и МЗШВ appeared first on Република.

]]>

Финансиската состојба на ветеринарните друштва е алармантна. Нивниот опстанок е доведен во прашање, а тоа може да има несогледиви импликации врз сточарството, како и врз справувањето со актуелните и идни здравствени предизвици, предупредува Ветеринарната комора. Поради ваквата ситуацијата, Комората уште еднаш реагираше со допис до премиерот Димитар Ковачевски и до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Преку дописот испратен во четвртокот, Комората потсетува дека „клучни причини за проблемите кои се закануваат со колабирање на секторот се ниските и нереални цени за активностите од јавен интерес кои за една деценија се минимално корегирани, како и доцнењето на отпочнувањето на активностите од јавен интерес во тековната 2022 година поради доцнењето на донесувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните (донесена во мај 2022, а вообичаено се усвојува најдоцна до јануари) и последователно, изборот (преку јавна набавка) на овластена лабораторија за дијагностички испитувања, кој заврши во август 2022“. Како што наведува Комората, ветеринарните друштва не реализирале никакви приходи по основа на извршени активности од јавен интерес, немаат никаква акумулација на средства и не можат да обезбедат ни минимални средства за исплата на личен доход.
Не посакувајќи последици штетни за државата, како протести и престанок на работа, уште еднаш алармираме и повикуваме на брза и ефектна реакција на сите одговорни институции. Во бројните контакти претходно доставивме многу аргументи за да ја доловиме апсурдната состојба на потценетиот и девалвиран труд на докторот по ветеринарна медицина, вклучен во активности од јавен интерес, од повеќекратно пониските цени споредени со оние во регионот, па се до асиметријата на цените на теренските активности со цените за дијагностичките испитувања, за кој тврдиме дека е единствен пример во Европа. Со оглед дека ги исцрпивме сите можности низ канализиран процес на преговори да дојдеме до целта, тоа што пред членството, кое е  огорчено и незадоволно, немаме веќе ниту авторитет ниту кредибилитет да бараме дополнително време и трпение за решавање на овој проблем, клучен за опстанок на ветеринарните друштва ,од Вас бараме во рамките на Вашите надлежности и одговорности  утврдени со Закон да ги преземете сите потребни чекори за итно и неодложно интервенирање во правец на подобрување на финансиската состојба и консолидација на ветеринарно-здравствениот сектор, стои во дописот од Ветеринарната комора.
Извршниот директор на Комората Томислав Николовски за МИА вели дека тие постојано, низ разни форми, инсистирале на решавање на оваа неповолна состојба – преку корекција на цените, авансно плаќање на активностите и даночни олеснувања, поради нереализираното барање за намалување на ДДВ на ветеринарните услуги на 5 отсто.
Единствениот епилог од заложбите кои ги спомнувам, е зголемување на цените за активности од јавен интерес за 10 проценти, што во услови на инфлација  во тековната година и енормно зголемување на цените на енергенсите и животните трошоци, нема ни симболично, а камоли ефект на реален финансиски импут за санирање на секторот. Исто така, методологијата за утврдување на цените за активности од јавен интерес до моментов не е усвоена, иако дадениот краен рок беше до 15 јуни тековната година, истакнува Николовски.
Ветеринарната комора денеска организира состанок со претставници на ветеринарни друштва на кој ќе се разговара за подготвеноста, наредните мерки, проблеми и потешкотиитењ во спроведувањето на активностите за контрола и сузбивање на африканската чума кај свињите. На состанокот, потенцира Николовски, уште еднаш, јавно, ќе биде укажано и на проблемите со кои се соочуваат ветеринарните друштва, а ќе биде утврден и начинот на натамошно делување.

The post Ветеринарна комора: Секторот пред колапс, бараме итна интервенција од Владата и МЗШВ appeared first on Република.

]]>
Со африканската свинска чума ќе се справуваме заедно со ветеринарните служби на Србија и Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-afrikanskata-svinska-chuma-kje-se-spravuvame-zaedno-so-veterinarnite-sluzbi-na-srbija-i-hrvatska/ Tue, 18 Jan 2022 08:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=446119

Делегации од ветеринарните служби и институции од Србија и Хрватска денеска ќе бидат во работна посета на Ветеринарната комора на Република Македонија.

Посетата на делегациите е со цел да се разменат информации и искуства во врска со епидемиолошката состојба во регионот, со посебен осврт на африканската чума кај свињите, болест која претходно е појавена во Република Србија и чии искуства се драгоцени во справувањето со оваа болест во нашата држава. Ќе се разговара и за работи од интерес за ветеринарната медицина и продлабочување на соработката помеѓу ветеринарните институции во регионот - информираат од Ветеринарната комора.

Оттаму најавуваат дека ќе потпишат договор за соработка со Здружението на ветеринари практичари на Србија со кој се продлабочува соработката во делот на континуираната едукација на докторите по ветеринарна медицина од клиничката пракса.

Во посета на Ветеринарната комора ќе бидат д-р Иван Земљак, претседател на Хрватската ветеринарна комора, и д-р Анѓелко Гашпар, стручен секратар на ХВК, како и д-р Мишо Коларевиќ, претседател на Ветеринарната комора на Србија и директор на Ветеринарниот институт во Краљево, д-р Милош Петровиќм директор на Ветеринарниот институт Ниш, д-р Весна Ѓорѓевиќ, директор на Институт за месо Белград, д-р Никола Милутиновиќ, директор на Ветеринарно-сточарскиот институт Шабац и д-р Бојан Блонд, претседател на Здружението на ветеринари практичари на Република Србија.

The post Со африканската свинска чума ќе се справуваме заедно со ветеринарните служби на Србија и Хрватска appeared first on Република.

]]>

Делегации од ветеринарните служби и институции од Србија и Хрватска денеска ќе бидат во работна посета на Ветеринарната комора на Република Македонија.
Посетата на делегациите е со цел да се разменат информации и искуства во врска со епидемиолошката состојба во регионот, со посебен осврт на африканската чума кај свињите, болест која претходно е појавена во Република Србија и чии искуства се драгоцени во справувањето со оваа болест во нашата држава. Ќе се разговара и за работи од интерес за ветеринарната медицина и продлабочување на соработката помеѓу ветеринарните институции во регионот - информираат од Ветеринарната комора.
Оттаму најавуваат дека ќе потпишат договор за соработка со Здружението на ветеринари практичари на Србија со кој се продлабочува соработката во делот на континуираната едукација на докторите по ветеринарна медицина од клиничката пракса. Во посета на Ветеринарната комора ќе бидат д-р Иван Земљак, претседател на Хрватската ветеринарна комора, и д-р Анѓелко Гашпар, стручен секратар на ХВК, како и д-р Мишо Коларевиќ, претседател на Ветеринарната комора на Србија и директор на Ветеринарниот институт во Краљево, д-р Милош Петровиќм директор на Ветеринарниот институт Ниш, д-р Весна Ѓорѓевиќ, директор на Институт за месо Белград, д-р Никола Милутиновиќ, директор на Ветеринарно-сточарскиот институт Шабац и д-р Бојан Блонд, претседател на Здружението на ветеринари практичари на Република Србија.

The post Со африканската свинска чума ќе се справуваме заедно со ветеринарните служби на Србија и Хрватска appeared first on Република.

]]>