вести Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesti/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jun 2024 09:27:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вести Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesti/ 32 32 Луѓето веќе не сакаат да гледаат вести https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lugeto-veke-ne-sakaat-da-gledaat-vesti/ Mon, 17 Jun 2024 09:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=788367

Рекорден број луѓе ширум светот ги избегнуваат вестите, покажа истражувањето на Институтот Ројтерс. Како што е наведено, 39 проценти од испитаниците од 47 земји рекле дека понекогаш или често активно ги избегнуваат вестите, додека во 2017 година, 29 проценти од учесниците во истражувањето го дале тој одговор.

Околу 46 отсто од луѓето одговориле дека се многу или екстремно заинтересирани за вести, во споредба со 63 отсто во 2017 година, пренесе Би-Би-Си.

Главниот автор на ова истражување, Ник Њуман, смета дека падот на интересот за вестите е поврзан со „особено тешките работи во претходните години“, вклучувајќи ја и војната во Украина.

„Имавте пандемии и војни, па затоа е прилично природна реакција луѓето да се оттргнат од вестите, или за да го заштитат своето ментално здравје или само за да продолжат со животот“, објаснува Њуман. Тој посочи дека оние кои селективно ги избегнуваат вестите тоа го прават затоа што се чувствуваат „немоќни“ пред големите светски настани.

Некои луѓе се чувствуваат и преоптоварени и збунети од количината на достапни вести, додека други се уморни од политиката, додава Њуман.

Довербата во вестите остана на вообичаените 40 отсто, а беше за 4 отсто поголема само за време на пандемијата на Ковид.

Кога станува збор за изворот на вестите, околу 73 отсто од испитаниците одговориле дека читаат вести на интернет, додека 50 отсто навеле телевизија, а 14 отсто печатени медиуми.

Кога станува збор за социјалните мрежи, пристапот до платформата Фејсбук е најважен за најголемиот процент од испитаниците, иако веќе подолго време е во постојан пад, додека ЈуТјуб и Вотсап се исто така важни извори на вести.

Интересно е што во подем е ТикТок, за прв пат е пред платформата X, со 13 отсто наспроти 10 отсто корисници.

Истражувањето покажа дека постои широко распространет скептицизам за потенцијалното пишување вести со вештачка интелигенција, особено за посериозни вести како што се политиката или војната.

Истражувањето е спроведено во јануари и февруари годинава, а во него биле опфатени 94.943 испитаници во 47 земји.

The post Луѓето веќе не сакаат да гледаат вести appeared first on Република.

]]>

Рекорден број луѓе ширум светот ги избегнуваат вестите, покажа истражувањето на Институтот Ројтерс. Како што е наведено, 39 проценти од испитаниците од 47 земји рекле дека понекогаш или често активно ги избегнуваат вестите, додека во 2017 година, 29 проценти од учесниците во истражувањето го дале тој одговор. Околу 46 отсто од луѓето одговориле дека се многу или екстремно заинтересирани за вести, во споредба со 63 отсто во 2017 година, пренесе Би-Би-Си. Главниот автор на ова истражување, Ник Њуман, смета дека падот на интересот за вестите е поврзан со „особено тешките работи во претходните години“, вклучувајќи ја и војната во Украина. „Имавте пандемии и војни, па затоа е прилично природна реакција луѓето да се оттргнат од вестите, или за да го заштитат своето ментално здравје или само за да продолжат со животот“, објаснува Њуман. Тој посочи дека оние кои селективно ги избегнуваат вестите тоа го прават затоа што се чувствуваат „немоќни“ пред големите светски настани. Некои луѓе се чувствуваат и преоптоварени и збунети од количината на достапни вести, додека други се уморни од политиката, додава Њуман. Довербата во вестите остана на вообичаените 40 отсто, а беше за 4 отсто поголема само за време на пандемијата на Ковид. Кога станува збор за изворот на вестите, околу 73 отсто од испитаниците одговориле дека читаат вести на интернет, додека 50 отсто навеле телевизија, а 14 отсто печатени медиуми. Кога станува збор за социјалните мрежи, пристапот до платформата Фејсбук е најважен за најголемиот процент од испитаниците, иако веќе подолго време е во постојан пад, додека ЈуТјуб и Вотсап се исто така важни извори на вести. Интересно е што во подем е ТикТок, за прв пат е пред платформата X, со 13 отсто наспроти 10 отсто корисници. Истражувањето покажа дека постои широко распространет скептицизам за потенцијалното пишување вести со вештачка интелигенција, особено за посериозни вести како што се политиката или војната. Истражувањето е спроведено во јануари и февруари годинава, а во него биле опфатени 94.943 испитаници во 47 земји.  

The post Луѓето веќе не сакаат да гледаат вести appeared first on Република.

]]>
Мицкоски денеска гостин во дневникот на Сител https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-deneska-gostin-vo-dnevnikot-na-sitel/ Thu, 17 Aug 2023 14:03:06 +0000 https://republika.mk/?p=673097

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес ќе биде гостин на Сител.

Следете го моето гостување на ТВ Сител од 19:00 часот, напиша тој на својот Фејсбук профил.

The post Мицкоски денеска гостин во дневникот на Сител appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес ќе биде гостин на Сител. Следете го моето гостување на ТВ Сител од 19:00 часот, напиша тој на својот Фејсбук профил.

The post Мицкоски денеска гостин во дневникот на Сител appeared first on Република.

]]>
Новинарка се затресе во живо во вечерните вести https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novinarka-se-zatrese-vo-zivo-vo-vechernite-vesti/ Sat, 23 Apr 2022 08:29:43 +0000 https://republika.mk/?p=492525

Силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина и беше почувствуван во целиот регион. Колку бил силен земјотресот можеме да видиме од видеото кое е снимено во моментот кога се случил земјотресот- за време на преносот на Дневник на црногорски канал.

„Би траеле преговорите за малцинска влада, тие се … Па, во овој момент се случува земјотрес. Се надевам дека се ќе биде во ред“, рече водителката Милица Павичевиќ и продолжи да го води Дневникот.

The post Новинарка се затресе во живо во вечерните вести appeared first on Република.

]]>

Силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина и беше почувствуван во целиот регион. Колку бил силен земјотресот можеме да видиме од видеото кое е снимено во моментот кога се случил земјотресот- за време на преносот на Дневник на црногорски канал. „Би траеле преговорите за малцинска влада, тие се … Па, во овој момент се случува земјотрес. Се надевам дека се ќе биде во ред“, рече водителката Милица Павичевиќ и продолжи да го води Дневникот.

The post Новинарка се затресе во живо во вечерните вести appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: За Бесмира Ејупи првпат слушнав на вести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-besmira-ejupi-prvpat-slushnav-na-vesti/ Wed, 09 Mar 2022 21:40:06 +0000 https://republika.mk/?p=470310

Јас немам потпишано одлука Бесмира Ејупи да биде генерален конзул во Њу Џерси, истакна премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување на ТВ24.

Ние таму имаме конзул кој е дипломат со кариера и таму ќе остане веројатно до крај на мандатот. Не постои план за негово отповикување – рече Ковачевски.

Во однос на прашањето дали одлука за Ејупи била донесена на затворена владина седница, тој рече дека за одлуките на вакви седница не може да коментира, бидејќи информациите се класифицирани.

Јас не ја познавам Ејупи. За нејзиното име првпат слушнав на вести. Не можам да навлезам во шпекулации кои ја предложил – посочи Ковачевски.

Во однос на кризата со којашто се соочува Македонија поради конфликтот помеѓу Русија и Украина, премиерот вели дека не може да се предвиди до каде ќе се продлабочува.

Ако ја гледаме цената на нафтата во последните пет дена, таа дневно расте по 100 долари. Очекувам тоа да биде по нагорна линија и тоа е резултат на војната што се води во Украина. Тоа предизвика диснбаланс на светските берзи, пред сѐ на енергенсите и електричната енергија. Само ја зголеми и ја продлабочи кризата и влијаеше на цената на храната на светските берзи. Најголем дел се зголемени за над 50 отсто, а на јагленот е петпати зголемена цената. Тоа предизвика негативни економски последици кај нас. Владата уште во средината на минатата година донесе одлука за намалување на стапката на ДДВ – рече Ковачевски.

Тој повтори дека имаме доволни количини резерви со нафта.

Имаме резерви на нафта согласно нашите потреби, ние можеме да ја купиме цела нафта на светот, но мораме да ја складираме некаде. Производителите на нафта низ целиот свет плаќаа за чување на нафтата низ секакви складови. Цената на нафтата која ја имаме во резерва е со пониска цена, но количините се ограничени и тие што можете да ги купите и тие што може да ги складирате – рече Ковачевски.

The post Ковачевски: За Бесмира Ејупи првпат слушнав на вести appeared first on Република.