весник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesnik/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Aug 2023 15:46:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png весник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesnik/ 32 32 „Ролинг стоунс“ преку оглас во весник го најавија новиот албум по 20 години https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/roling-stouns-preku-oglas-vo-vesnik-go-najavija-noviot-album-po-20-godini/ Fri, 25 Aug 2023 15:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=675835

„Ролинг стоунс“ го најавија новиот албум на прилично необичен начин – со оглас во печатот. Сегашните членови, сега во нивните 70-ти и 80-ти години од животот, го избраа лондонскиот весник „Хакни газет“ за подробностите за новиот албум.

Површно, рекламата може да изгледа како обично известување за нова продавница. „Хакни дајмондс, специјалисти за поправка на стакло, отворање во септември 2023 година“, вели известувањето на страница 3 од весникот. Под тој текст, следи описот со многу клучни зборови.

„Нашиот тим ви ветува задоволство („satisfaction“). Кога ќе речете – дајте ми засолниште („Gimme Shelter“), ќе ви ги поправиме искршените прозорци“, стои во објавата, меѓу другото.

„Загатката“ со зборови од познатите песни на „Ролинг стоунс“ вели дека ова е всушност најава за нивниот 31. студиски албум.

А пак, на телефонскиот број наведен во огласот, се слуша гласовна порака: „Добредојдовте во ’Хакни дајмондс’, специјалисти за поправка на стакло. Не се лутете, дајте го на поправка“, вели машки глас со препознатливот англиски „Кокни“ нагласок.

Така, претпоставките говорат оти „Хакни дајмондс“ („Hackney Diamonds“) е всушност насловот на новиот албум. Ова би бил прв ваков материјал на рок-составот по речиси 20 години – последниот беше „A Bigger Bang“ од 2005 година. Новиот албум ќе биде и првиот без тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 година.

The post „Ролинг стоунс“ преку оглас во весник го најавија новиот албум по 20 години appeared first on Република.

]]>

„Ролинг стоунс“ го најавија новиот албум на прилично необичен начин – со оглас во печатот. Сегашните членови, сега во нивните 70-ти и 80-ти години од животот, го избраа лондонскиот весник „Хакни газет“ за подробностите за новиот албум. Површно, рекламата може да изгледа како обично известување за нова продавница. „Хакни дајмондс, специјалисти за поправка на стакло, отворање во септември 2023 година“, вели известувањето на страница 3 од весникот. Под тој текст, следи описот со многу клучни зборови. „Нашиот тим ви ветува задоволство („satisfaction“). Кога ќе речете – дајте ми засолниште („Gimme Shelter“), ќе ви ги поправиме искршените прозорци“, стои во објавата, меѓу другото. „Загатката“ со зборови од познатите песни на „Ролинг стоунс“ вели дека ова е всушност најава за нивниот 31. студиски албум. А пак, на телефонскиот број наведен во огласот, се слуша гласовна порака: „Добредојдовте во ’Хакни дајмондс’, специјалисти за поправка на стакло. Не се лутете, дајте го на поправка“, вели машки глас со препознатливот англиски „Кокни“ нагласок. Така, претпоставките говорат оти „Хакни дајмондс“ („Hackney Diamonds“) е всушност насловот на новиот албум. Ова би бил прв ваков материјал на рок-составот по речиси 20 години – последниот беше „A Bigger Bang“ од 2005 година. Новиот албум ќе биде и првиот без тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 година.

The post „Ролинг стоунс“ преку оглас во весник го најавија новиот албум по 20 години appeared first on Република.

]]>
Престана да излегува најстариот печатен весник во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prestana-da-izleguva-najstariot-pechaten-vesnik-vo-svetot/ Fri, 30 Jun 2023 16:06:13 +0000 https://republika.mk/?p=656941

Најстариот дневен весник во светот, виенски „Винер цајтунг“, денеска го објави своето последно печатено издание, по повеќе од три века постоење. Весникот првпат бил отпечатен на 8 август 1703 година под името „Винеришес дијариум“ (Виенски дневник) со цел да пренесе трезвени информации за веста, „без реторичка или поетска помпа“.

На насловната страничка денеска осамна - „320 години, 12 претседатели, десет цареви, две републики, еден весник“.

„Винер Цајтунг“ е во сопственост на австриската влада, но весникот одржува независна уредувачка политика.

Неодамна компанијата претрпе остар пад на заработката поради новиот закон, со кој се укина одредбата дека сите сојузни закони, владини прописи, тендери и промени во статусот на компанијата мора да бидат објавени на официјалните страници на „Винер цајтунг“ и потоа објавени онлајн.

Ова ја чинеше компанијата, како што самата објави, од 80 до 90 отсто од вкупната заработка. Драматичната промена донесе и раскинување на 63 договори за работа, а уредничкиот тим е намален за речиси две третини на 20.

Во иднина, „Винер Цајтунг“ планира да биде онлајн и да објавува печатено издание еднаш месечно.

The post Престана да излегува најстариот печатен весник во светот appeared first on Република.

]]>

Најстариот дневен весник во светот, виенски „Винер цајтунг“, денеска го објави своето последно печатено издание, по повеќе од три века постоење. Весникот првпат бил отпечатен на 8 август 1703 година под името „Винеришес дијариум“ (Виенски дневник) со цел да пренесе трезвени информации за веста, „без реторичка или поетска помпа“. На насловната страничка денеска осамна - „320 години, 12 претседатели, десет цареви, две републики, еден весник“. „Винер Цајтунг“ е во сопственост на австриската влада, но весникот одржува независна уредувачка политика. Неодамна компанијата претрпе остар пад на заработката поради новиот закон, со кој се укина одредбата дека сите сојузни закони, владини прописи, тендери и промени во статусот на компанијата мора да бидат објавени на официјалните страници на „Винер цајтунг“ и потоа објавени онлајн. Ова ја чинеше компанијата, како што самата објави, од 80 до 90 отсто од вкупната заработка. Драматичната промена донесе и раскинување на 63 договори за работа, а уредничкиот тим е намален за речиси две третини на 20. Во иднина, „Винер Цајтунг“ планира да биде онлајн и да објавува печатено издание еднаш месечно.

The post Престана да излегува најстариот печатен весник во светот appeared first on Република.

]]>
Експремиерот Матео Ренци ќе стане главен уредник на весник https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ekspremierot-mateo-rentsi-ke-stane-glaven-urednik-na-vesnik/ Wed, 05 Apr 2023 16:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=627654

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци денеска изјави дека својата политичка кариера како сенатор и лидер на центристичка партија ќе ја спои со функцијата што ќе ја преземе како главен уредник на печатен медиум.

Британските медиуми пренесуваат дека Ренци ќе го преземе водењето на весникот „Реформиста“, мало либертаријанско издание познато по критиките на италијанскиот судски систем, за кое има напишано и книга.

Ќе бидам уредник една година – од 3 мај 2023 до 30 април 2024 година, а потоа ќе видам што ќе правам кога ќе пораснам, рече 48-годишниот политичар на прес-конференција во Рим.

Ренци беше на чело на владата на левиот центар од 2014 до 2016 година. Поднесе оставка по поразот на уставниот референдум, но продолжи како лидер на Демократската партија додека не ги загуби изборите во 2018 година. Подоцна ја основа партијата „Италија Вива“, која во коалиција со друга партии освои осум отсто од гласовите на парламентарните избори минатата година, со што беше реизбран за член на Сенатот – Горниот дом на парламентот, потсетуваат британските медиуми.

Во Италија пратениците имаат право да работат и во други области надвор од политиката.

 

The post Експремиерот Матео Ренци ќе стане главен уредник на весник appeared first on Република.

]]>

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци денеска изјави дека својата политичка кариера како сенатор и лидер на центристичка партија ќе ја спои со функцијата што ќе ја преземе како главен уредник на печатен медиум. Британските медиуми пренесуваат дека Ренци ќе го преземе водењето на весникот „Реформиста“, мало либертаријанско издание познато по критиките на италијанскиот судски систем, за кое има напишано и книга.
Ќе бидам уредник една година – од 3 мај 2023 до 30 април 2024 година, а потоа ќе видам што ќе правам кога ќе пораснам, рече 48-годишниот политичар на прес-конференција во Рим.
Ренци беше на чело на владата на левиот центар од 2014 до 2016 година. Поднесе оставка по поразот на уставниот референдум, но продолжи како лидер на Демократската партија додека не ги загуби изборите во 2018 година. Подоцна ја основа партијата „Италија Вива“, која во коалиција со друга партии освои осум отсто од гласовите на парламентарните избори минатата година, со што беше реизбран за член на Сенатот – Горниот дом на парламентот, потсетуваат британските медиуми. Во Италија пратениците имаат право да работат и во други области надвор од политиката.  

The post Експремиерот Матео Ренци ќе стане главен уредник на весник appeared first on Република.

]]>
Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е единствен младински политички подмладок кој издава сопствен весник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/popov-ums-na-vmro-dpmne-e-edinstven-mladinski-politichki-podmladok-koj-izdava-sopstven-vesnik/ Sat, 11 Feb 2023 18:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=607848

Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го промовираме третиот број на нашиот весник Мегафон. Како Унија на млади сили секогаш се трудиме да бидеме авангарда во младинското политичко организирање и тоа секогаш го правиме, изјави претседателот на УМС, Сергеј Попов.

-Уште еднаш сакам да повторам и реафирмирам дека сме единствен политички подмладок во Република Македонија кој издава свој сопствен весник. Тоа е весниког Мегафон.

Во овој трет број на весникот Мегафон ние разработуваме теми од сите сфери на општественото живеење како што е правото и правната држава и зошто истата ја нема, каква е судбината и дали воопшто има судбина во Македонија, за македонскиот млад лекар. Како и некои успешни приказни како интервјуто со градоначалникот на Општина Кисела Вода кој има многу со што да се пофали пред младите луѓе. Како што е колумната на европската бронза во карате Петар Спасеновски, како и многу други текстови и колумни.

Јас ве повикувам и во иднина да ги следите активностите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а ние и во иднина ќе продолжиме да ги носиме новитетите и да бидеме авангарда на македонската младинска политичка сцена, истакна Попов.

https://youtu.be/S_oa4x5TzTs

The post Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е единствен младински политички подмладок кој издава сопствен весник appeared first on Република.

]]>

Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го промовираме третиот број на нашиот весник Мегафон. Како Унија на млади сили секогаш се трудиме да бидеме авангарда во младинското политичко организирање и тоа секогаш го правиме, изјави претседателот на УМС, Сергеј Попов. -Уште еднаш сакам да повторам и реафирмирам дека сме единствен политички подмладок во Република Македонија кој издава свој сопствен весник. Тоа е весниког Мегафон. Во овој трет број на весникот Мегафон ние разработуваме теми од сите сфери на општественото живеење како што е правото и правната држава и зошто истата ја нема, каква е судбината и дали воопшто има судбина во Македонија, за македонскиот млад лекар. Како и некои успешни приказни како интервјуто со градоначалникот на Општина Кисела Вода кој има многу со што да се пофали пред младите луѓе. Како што е колумната на европската бронза во карате Петар Спасеновски, како и многу други текстови и колумни. Јас ве повикувам и во иднина да ги следите активностите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а ние и во иднина ќе продолжиме да ги носиме новитетите и да бидеме авангарда на македонската младинска политичка сцена, истакна Попов. https://youtu.be/S_oa4x5TzTs

The post Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е единствен младински политички подмладок кој издава сопствен весник appeared first on Република.

]]>