весник Илинден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesnik-ilinden/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 14:26:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png весник Илинден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesnik-ilinden/ 32 32 Штрајкови во Германија на вработените во автомобилската индустрија и големите претпријатија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtrajkovi-vo-germanija-na-vrabotenite-vo-avtomobilskata-industrija-i-golemite-pretprijatija/ Thu, 31 Oct 2024 16:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=832655

Во повеќе градови низ Германија се одржуваат штрајкови на работниците од металуршката и електроиндустријата, организирани од синдикатот „ИГ метал“. На протестите учествуваат и работниците на автопроизводителите „Фолксваген“ и „БМВ“.

Според германските медиуми, околу 250 работници на „Фолксваген“ штрајкуваа во Оснабрик, Долна Саксонија, каде што се наоѓа фабриката на Фолксваген која е под закана од затворање.

https://republika.mk/vesti/svet/folksvagen-ke-zatvori-tri-pogoni-vo-germanija/

Во Регенсбург, Баварија, штрајкувачите истакнаа транспаренти со нивните барања пред фабриката на „БМВ“. Демонстрантите планираат да го сторат истото во фабриката на „Ауди“ во блискиот Инголштад.

Исто така, околу 200 вработени во компанијата за батерии Клариос однесоа факели и знамиња на синдикатот на улиците на Хановер во Долна Саксонија. Во истиот регион во градот Хилдесхајм, околу 400 вработени во „Јенсен ГмбХ“, „КСМ Кастингс груп“, „Роберт Бош“, „Вагонбау Граф“ и „ЗФ ЦВ Системс“ Хановер останаа без работа.

The post Штрајкови во Германија на вработените во автомобилската индустрија и големите претпријатија appeared first on Република.

]]>

Во повеќе градови низ Германија се одржуваат штрајкови на работниците од металуршката и електроиндустријата, организирани од синдикатот „ИГ метал“. На протестите учествуваат и работниците на автопроизводителите „Фолксваген“ и „БМВ“. Според германските медиуми, околу 250 работници на „Фолксваген“ штрајкуваа во Оснабрик, Долна Саксонија, каде што се наоѓа фабриката на Фолксваген која е под закана од затворање. https://republika.mk/vesti/svet/folksvagen-ke-zatvori-tri-pogoni-vo-germanija/ Во Регенсбург, Баварија, штрајкувачите истакнаа транспаренти со нивните барања пред фабриката на „БМВ“. Демонстрантите планираат да го сторат истото во фабриката на „Ауди“ во блискиот Инголштад. Исто така, околу 200 вработени во компанијата за батерии Клариос однесоа факели и знамиња на синдикатот на улиците на Хановер во Долна Саксонија. Во истиот регион во градот Хилдесхајм, околу 400 вработени во „Јенсен ГмбХ“, „КСМ Кастингс груп“, „Роберт Бош“, „Вагонбау Граф“ и „ЗФ ЦВ Системс“ Хановер останаа без работа.

The post Штрајкови во Германија на вработените во автомобилската индустрија и големите претпријатија appeared first on Република.

]]>
Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vistinata-na-videlina-za-izmislenite-bugari-vo-albanija/ Thu, 31 Oct 2024 07:05:30 +0000 https://republika.mk/?p=832595

Македонскиот весник „Илинден" во Тирана во електронското издание објави напис под наслов „Ексклузивно-Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија“.

Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана во 2017 година жестоко реагираше кога во Република Албанија во Законот за малцинства беа запишани непостоечки Бугари како малцинство. Таквиот чин беше реакција на силниот притисок кој го трпеше Република Албанија од европската членка Република Бугарија, со уцени за вето на нејзиниот европски пат. На уцените потклекнаа албанските власти, при што го направија најсрамниот чин во постоењето на албанската држава од 1912 година до денес, стои во написот.

Се потсетува дека уште пожестока била реакцијата кога со инженериг биле „избројани“ 7057 Бугари во Република Албанија на последниот попис на населението.

Констатира дека таквата измама можеше да се направи само со аминување од албанските власти, а повторно под уцени од бугарските „европејци“.

Но, во океан од лаги, измами и притисоци, вистината испливува. Овој пат, на повторните избори за Народното собрание во Бугарија. Имено, како и за другите досегашни избори во Бугарија имаа право да се пријават за остварување на своето право на глас и Бугарите надвор од Бугарија, продолжува написот.

Се нагласува дека при тоа „во Албанија за гласање на изборите од 27.10.2024 година се пријавиле сe на сe само 174 лица".

Според весникот листата на гласачи, според информациите од Централната изборна комисија во Елбасан се 69, во Корча 48, Кукс 52 и Тирана (Посолство) само 5.

Дополнително, надвор од Протоколите за гласање, во записниците стои дека гласале дополнителни 245 лица, со што вкупно гласале 329 лица.

Според весникот, ова јасно покажува дека и при ова гласање во записниците се среќаваат дополнителни гласови кои навреме не биле пријавени.

Во написот се констатира дека само едно читање на списокот покажува колку и кои лица се чувствуваат како Бугари во Албанија, а тоа е одличен показател за тоа дали Бугарите во Албанија се малцинство или ги има во занемарлива бројка.

Фактот што во Тирана, каде има најголема концентрација на население, навремено за гласање се пријавиле само 5 членови на бугарската Амбасада прашањето е каде исчезнаа Бугарите во Албанија? Или, дали ни со инженеринг не можеа да се вметнат повеќе „Бугари“ гласачи од Албанија за бугарското Народното собрание?, се прашува авторот.

The post Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот весник „Илинден" во Тирана во електронското издание објави напис под наслов „Ексклузивно-Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија“.
Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана во 2017 година жестоко реагираше кога во Република Албанија во Законот за малцинства беа запишани непостоечки Бугари како малцинство. Таквиот чин беше реакција на силниот притисок кој го трпеше Република Албанија од европската членка Република Бугарија, со уцени за вето на нејзиниот европски пат. На уцените потклекнаа албанските власти, при што го направија најсрамниот чин во постоењето на албанската држава од 1912 година до денес, стои во написот.
Се потсетува дека уште пожестока била реакцијата кога со инженериг биле „избројани“ 7057 Бугари во Република Албанија на последниот попис на населението. Констатира дека таквата измама можеше да се направи само со аминување од албанските власти, а повторно под уцени од бугарските „европејци“.
Но, во океан од лаги, измами и притисоци, вистината испливува. Овој пат, на повторните избори за Народното собрание во Бугарија. Имено, како и за другите досегашни избори во Бугарија имаа право да се пријават за остварување на своето право на глас и Бугарите надвор од Бугарија, продолжува написот.
Се нагласува дека при тоа „во Албанија за гласање на изборите од 27.10.2024 година се пријавиле сe на сe само 174 лица". Според весникот листата на гласачи, според информациите од Централната изборна комисија во Елбасан се 69, во Корча 48, Кукс 52 и Тирана (Посолство) само 5. Дополнително, надвор од Протоколите за гласање, во записниците стои дека гласале дополнителни 245 лица, со што вкупно гласале 329 лица. Според весникот, ова јасно покажува дека и при ова гласање во записниците се среќаваат дополнителни гласови кои навреме не биле пријавени. Во написот се констатира дека само едно читање на списокот покажува колку и кои лица се чувствуваат како Бугари во Албанија, а тоа е одличен показател за тоа дали Бугарите во Албанија се малцинство или ги има во занемарлива бројка.
Фактот што во Тирана, каде има најголема концентрација на население, навремено за гласање се пријавиле само 5 членови на бугарската Амбасада прашањето е каде исчезнаа Бугарите во Албанија? Или, дали ни со инженеринг не можеа да се вметнат повеќе „Бугари“ гласачи од Албанија за бугарското Народното собрание?, се прашува авторот.

The post Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија appeared first on Република.

]]>
Тринаесет години од првиот број на македонскиот весникот „Илинден“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trinaeset-godini-od-prviot-broj-na-makedonskiot-vesnikot-ilinden/ Fri, 01 Mar 2024 10:25:43 +0000 https://republika.mk/?p=749941

Македонскиот весникот „Илинден“, што е гласило на истоименото друштво во Албанија, денеска одбележува 13 години од објавувањето на првиот број.

На први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број на весникот, како гласило на македонското друштво „Илинден“- Тирана. Во овој изминат период, весникот побуди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во светот, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и главен и одговорен уредник на весникот.

Весникот, оценува тој, прераснал во медиум кој со сериозноста и со пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за македонското национално малцинство во Албанија и од име на редакцијата искажува посебна благодарност до читателската публика и соработниците.

На 19 декември минатата година го отпечативме 60. јубилејно издание, што за нас беше навистина голема радост и се надевам дека ќе доживееме уште многу јубилејни изданија. Со написите дадовме голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија. Континуирано ќе работиме на заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија, додава тој.

Од мај 2017 година весникот е и со електронско издание www.vesnik-ilinden.coм. На тој начин весникот стана достапен за целокупната јавност за сите Македонци во Република Албанија, регионот и цел свет.

Во септември истата година е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и дел од двата најголеми читачи на вести и клиентска датотека во Македонија: grid.mk и daily.mk

Од август 2022 година македонски весник „Илинден“ е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија.

The post Тринаесет години од првиот број на македонскиот весникот „Илинден“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот весникот „Илинден“, што е гласило на истоименото друштво во Албанија, денеска одбележува 13 години од објавувањето на првиот број.
На први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број на весникот, како гласило на македонското друштво „Илинден“- Тирана. Во овој изминат период, весникот побуди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во светот, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и главен и одговорен уредник на весникот.
Весникот, оценува тој, прераснал во медиум кој со сериозноста и со пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за македонското национално малцинство во Албанија и од име на редакцијата искажува посебна благодарност до читателската публика и соработниците.
На 19 декември минатата година го отпечативме 60. јубилејно издание, што за нас беше навистина голема радост и се надевам дека ќе доживееме уште многу јубилејни изданија. Со написите дадовме голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија. Континуирано ќе работиме на заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија, додава тој.
Од мај 2017 година весникот е и со електронско издание www.vesnik-ilinden.coм. На тој начин весникот стана достапен за целокупната јавност за сите Македонци во Република Албанија, регионот и цел свет. Во септември истата година е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и дел од двата најголеми читачи на вести и клиентска датотека во Македонија: grid.mk и daily.mk Од август 2022 година македонски весник „Илинден“ е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија.

The post Тринаесет години од првиот број на македонскиот весникот „Илинден“ appeared first on Република.

]]>