весна петрушевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesna-petrushevska/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 08:55:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png весна петрушевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesna-petrushevska/ 32 32 Весна Петрушевска во МНТ ја режира новата копродукциска претстава „Бог на колежот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vesna-petrushevska-vo-mnt-ja-rezhira-novata-koproduktsiska-pretstava-bog-na-kolezhot/ Tue, 29 Oct 2024 08:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=831923

Актерката Весна Петрушевска ќе ја режира новата претстава во Македонскиот народен театар (МНТ) „Бог на колежот“, соопштија од националниот театар.

Станува збор за копродукциски проект, по текст на светски познатата француска авторка Јасмина Реза, напишан во 2006 година. Во претставата играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски и Наталија Теодосиева.

Започнаа читачките проби на претставата „Бог на колежот“. Режисерката Петрушевска го одбира овој текст на оваа брутално црна комедија, која безмилосно ја разобличува современата елита, притоа користејќи иронија и сарказам за да предупреди на дволичноста на човечката природа. Текстот изобилува со брилијантни дијалози и извонредна веродостојност на ликовите на два брачни пара, а кавгата меѓу двете момчиња е причината родителите да ја преземат контролата врз нивните односи. Односите стануваат сè понапнати, ситуацијата ескалира и се претвора во меѓусебни обвинувања и општо пресметување во се поголеми размери. Паровите водат психолошка војна, а на виделина излегуваат и долго скриените несогласувања во двата брака, велат од МНТ.

The post Весна Петрушевска во МНТ ја режира новата копродукциска претстава „Бог на колежот“ appeared first on Република.

]]>

Весна Петрушевска ја покажа лузната од операцијата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vesna-petrushevska-ja-pokazha-luznata-od-operatsijata/ Sun, 06 Oct 2024 19:42:56 +0000 https://republika.mk/?p=823615

Весна Петрушевска пред четири недели објави дека има рак на дојка. Таа на Инстраграм објави фотографија како изгледа нејзиното тело по операцијата.

Октомври е месец на борба против ракот на дојка. Се утепав од читање на оваа реченица. Борба….и тоа баш во октомври. Како да одбележуваме востание. Долга е борбата. Секоја битка е добиена војна. Немам време за луѓе кои се бават со сѐ, освен со самите себе. Тука сум за да оставам мое наследство, во театар, телевизија, мои деца и деца и илјадници деца кои ми минуваат пред очи. Многу е важно да се подигне свеста кај луѓето и да се поттикнат жените да одат на преглед. Мамографија, гинеколог. Знаете ли колку жени не се грижат самите за себе, оти животов ни се претвори во преживување. Додека не се соочите брутално нема да почнете да се сакате себеси. Еден е животот и не замижувајте”, напиша таа

The post Весна Петрушевска ја покажа лузната од операцијата appeared first on Република.

Актерката Весна Бејби има рак на дојката https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/akterkata-vesna-bejbi-ima-rak-na-dojkata/ Sat, 07 Sep 2024 16:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=814182

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на „Инстаграм“ соопшти дека и дијагнотицирале рак.

Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април. Тоа не можеше да се забележи, бидејќи ја имав појавувања“, додаде Петрушевска.

Таа посочи дека ги живее најтешките моменти, задачи и преживувања, но не сака сожалувања.

Имав две операции, се работи за рак на дојка. Минатата година кога јас се оперирав и вадев жолчка, ми кажаа дека треба да ја следам состојбата. Како што спиев, едно ми скокна на десната града, што толку ме заболе, што јас се јавив на мојот д-р Огнен. Ме среди за 24 часа, со тоа што ми обезбеди торакалец, жена, Наташа Толевска, извонреден хирург, додава Петрушевска.

Посочува дека таа живее со дијагнозата и состојбата на телото.

Имам 30 сантиметри рез, кој што ве инвалидизира, лузна, белег, која ве потсеќа на животот кој треба да го живеете, додава Петрушевска.

The post Актерката Весна Бејби има рак на дојката appeared first on Република.

Весна Петрушевска: Луѓето сакаа крв, месо, приказна…Елајте мезете се! https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vesna-petrushevska-lugeto-sakaa-krv-meso-prikazna-elajte-mezete-se/ Tue, 10 Oct 2023 09:10:47 +0000 https://republika.mk/?p=689778

Секој од нас се соочил со депресија. Повеќе или помалку, порано или подоцна... Барем еднаш во животот. Некој признал, некој не, некој имал вистинка рака до себе, некој не... Денес, на Денот на менталното здравје актерката Весна Петрушевски ја раскажува својата приказна, својата борба со депресијата во која излегува како победник...

ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ ✅
извадок од "Трофеј"секогаш се вознемирувам на овој дел ❤️не замижувајте,јас бев долу и видов ...не ви препорачувам❤️❤️👇🏻👇🏻👇🏻👇🏻
"Децата ,децата... децата.... Периодот на самосожалување е најбедниот пат кој може го проодите. Ви горат стапалата,срцето ви е рането,дишете само преку уста, воздух и не земаш, тој ти е луксуз.. зошто да го земеш кога не заслужуваш да живееш... почнав да се вртам околу себе.... не знаев што да правам..се сеќавам еден ден му се јавив ,веќе беше помината една недела од неговото заминување. Плачев и го молев да се врати,бев давеник, никогаш повеќе не сум се чувствувала победно. Зошто го молев? Поради децата? Не! Знаете зошто го молев? Оти се плашев да бидам сама,се плашев дека нема повеќе никој да ме сака, се плашев дека сум загубена. Се надевав дека има тронка надеж. За мене? Пак јас со мојата себичност која ме донесе до дното. Вториот пат кога го повторив делото веќе не знам зошто го сторив тоа. Не знам. Мислев дека сосема полудев. Каква будала! Тогаш веќе по втор пат ме најде Вики и ме однесе во болница...беше страшна глетката околу мене докторки и сестри ,со едно такво сожалување во очите што ме натера со сета сила да ја извадам пред нив иглата од таа трансфузија и полумлитава со тетеравење да ја напуштам болничката соба.Кога се вратив дома на Вики и реков да си оди, едвај ја убедив дека ништо нема да сторам да не се грижи.Ги собрав последните силички во мене си легнав, не заспав.Знаев дека другото утро морам да побарам помош од стручно лице,психијатар. Попладнето отидов. Ми рече мртов ладен дека сум студенстки пример на клиничка депресија .Ок Веки си викам ,конечно да ми го каже некој јасно и гласно тоа. Тоа дечки не се создава преку ноќ. Жестоки емоции се депресивните, најжестоки. Нема посилна, нема посурова и повистинита од таа емоција. Ми препиша антидепресиви, како што ми го даде рецептот знаев дека тоа е само утеха која ќе ме залаже само некој период. Почнав да ги пијам, коктелче антидепресиви со седативи. Прекрасно!Сероксати ,па и името на антидепресививе ме асоцираше на еднонасочно олеснување во народот познато како *серење*. Деновите ми стануваа тапи,но празнината на мојата душа остануваше. Како се движев низ куќата ,така мислев дека сум само сенка,некој остаток од нешто што некогаш постоело. Престанав да се смеам. Спиев со широко отворени очи. Моето тело беше во постјан грч. Ќе отспиев петнаесетина минути и ќе се разбудев со неверојатна болка во моето тело, сета оладена,жив мртовец. Ме болеа коските, веројатно заспивав на грб со цврсто стегнати дланки, и не можев да ги отворам, ги движев прст по прст. Се будев без воздух и секогаш, ама баш секогаш со солзи во очите. Не можев да прочитам ниту еден ред. Ок си велам и тоа што најмногу сакав ,да читам, не бев способна. Не сакав да слушам музика, имав неверојатен притисок во ушите. Ме болеа сите сетила. Се сеќавам дека еднаш се јави да ги слушне децата, беше на планинарење на Триглав, да освојува врв. Искрено? Му се восхитував на неговата возможност како се справува. Веројатно му олеснило. Веројатно си мислел длабоко во себе дека донел вистинска одлука. Не го осудував, знам само дека му реков, браво ама навистина браво. На кој врв јас да се качам си помислив,ама и децата да си ги земам ,заедно да се искачуваме и ние, па така да си ја олесниме маката. Почнав да повраќам,а ништо не јадев, пиев вода. Не излегував од дома се до почеток на сезона во МНТ,а дури потоа тоа зимо почнав да се лекувам со моите стенд ап настапи. Кога ќе излезев некаде надвор, луѓето сакаа да знаат што се случило,не прашуваа како сум и дали ми треба нешто. Сакаа крв, месо, приказна. Им ја давав,онолку колку јас сакам, за да ги проверам до каде ќе им оди умот. Самата себеси се сервирав на послужавник. Елајте мезете се!"

The post Весна Петрушевска: Луѓето сакаа крв, месо, приказна…Елајте мезете се! appeared first on Република.

]]>

Секој од нас се соочил со депресија. Повеќе или помалку, порано или подоцна... Барем еднаш во животот. Некој признал, некој не, некој имал вистинка рака до себе, некој не... Денес, на Денот на менталното здравје актерката Весна Петрушевски ја раскажува својата приказна, својата борба со депресијата во која излегува како победник... ДЕН НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ ✅ извадок од "Трофеј"секогаш се вознемирувам на овој дел ❤️не замижувајте,јас бев долу и видов ...не ви препорачувам❤️❤️👇🏻👇🏻👇🏻👇🏻 "Децата ,децата... децата.... Периодот на самосожалување е најбедниот пат кој може го проодите. Ви горат стапалата,срцето ви е рането,дишете само преку уста, воздух и не земаш, тој ти е луксуз.. зошто да го земеш кога не заслужуваш да живееш... почнав да се вртам околу себе.... не знаев што да правам..се сеќавам еден ден му се јавив ,веќе беше помината една недела од неговото заминување. Плачев и го молев да се врати,бев давеник, никогаш повеќе не сум се чувствувала победно. Зошто го молев? Поради децата? Не! Знаете зошто го молев? Оти се плашев да бидам сама,се плашев дека нема повеќе никој да ме сака, се плашев дека сум загубена. Се надевав дека има тронка надеж. За мене? Пак јас со мојата себичност која ме донесе до дното. Вториот пат кога го повторив делото веќе не знам зошто го сторив тоа. Не знам. Мислев дека сосема полудев. Каква будала! Тогаш веќе по втор пат ме најде Вики и ме однесе во болница...беше страшна глетката околу мене докторки и сестри ,со едно такво сожалување во очите што ме натера со сета сила да ја извадам пред нив иглата од таа трансфузија и полумлитава со тетеравење да ја напуштам болничката соба.Кога се вратив дома на Вики и реков да си оди, едвај ја убедив дека ништо нема да сторам да не се грижи.Ги собрав последните силички во мене си легнав, не заспав.Знаев дека другото утро морам да побарам помош од стручно лице,психијатар. Попладнето отидов. Ми рече мртов ладен дека сум студенстки пример на клиничка депресија .Ок Веки си викам ,конечно да ми го каже некој јасно и гласно тоа. Тоа дечки не се создава преку ноќ. Жестоки емоции се депресивните, најжестоки. Нема посилна, нема посурова и повистинита од таа емоција. Ми препиша антидепресиви, како што ми го даде рецептот знаев дека тоа е само утеха која ќе ме залаже само некој период. Почнав да ги пијам, коктелче антидепресиви со седативи. Прекрасно!Сероксати ,па и името на антидепресививе ме асоцираше на еднонасочно олеснување во народот познато како *серење*. Деновите ми стануваа тапи,но празнината на мојата душа остануваше. Како се движев низ куќата ,така мислев дека сум само сенка,некој остаток од нешто што некогаш постоело. Престанав да се смеам. Спиев со широко отворени очи. Моето тело беше во постјан грч. Ќе отспиев петнаесетина минути и ќе се разбудев со неверојатна болка во моето тело, сета оладена,жив мртовец. Ме болеа коските, веројатно заспивав на грб со цврсто стегнати дланки, и не можев да ги отворам, ги движев прст по прст. Се будев без воздух и секогаш, ама баш секогаш со солзи во очите. Не можев да прочитам ниту еден ред. Ок си велам и тоа што најмногу сакав ,да читам, не бев способна. Не сакав да слушам музика, имав неверојатен притисок во ушите. Ме болеа сите сетила. Се сеќавам дека еднаш се јави да ги слушне децата, беше на планинарење на Триглав, да освојува врв. Искрено? Му се восхитував на неговата возможност како се справува. Веројатно му олеснило. Веројатно си мислел длабоко во себе дека донел вистинска одлука. Не го осудував, знам само дека му реков, браво ама навистина браво. На кој врв јас да се качам си помислив,ама и децата да си ги земам ,заедно да се искачуваме и ние, па така да си ја олесниме маката. Почнав да повраќам,а ништо не јадев, пиев вода. Не излегував од дома се до почеток на сезона во МНТ,а дури потоа тоа зимо почнав да се лекувам со моите стенд ап настапи. Кога ќе излезев некаде надвор, луѓето сакаа да знаат што се случило,не прашуваа како сум и дали ми треба нешто. Сакаа крв, месо, приказна. Им ја давав,онолку колку јас сакам, за да ги проверам до каде ќе им оди умот. Самата себеси се сервирав на послужавник. Елајте мезете се!"

The post Весна Петрушевска: Луѓето сакаа крв, месо, приказна…Елајте мезете се! appeared first on Република.

]]>
Весна Петрушевска со „Влези, не се соблакај“ на 19 мај во Охрид https://arhiva3.republika.mk/scena/vesna-petrushevska-so-vlezi-ne-se-soblakaj-na-19-maj-vo-ohrid/ Tue, 16 May 2023 10:40:49 +0000 https://republika.mk/?p=641307

Весна Бејби Петрушевска на 19.  мај доаѓа во Охрид со својата популарна стендап-претстава „Влези не се соблакај“. Во „Дом на културата“ со почеток од 20 часот актерката ги кани охриѓани на смеење до соли и уживање во петок навечер. „Петок е вистински ден за излегување и ве чекам на претстава заедно да уживаме“, вели Весна. Најбараната стендап-претстава „Влези, не се соблакај“, е исповед за животот на Весна Петрушевска, во која во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падови, како и најзначајните моменти од нејзиниот живот, детството, младоста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар. Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажува и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија.

The post Весна Петрушевска со „Влези, не се соблакај“ на 19 мај во Охрид appeared first on Република.

Наместо со тимови, комисии и системи, треба да се почне со 12-годишни деца кои на училиште носат нож, му рече актерката Весна Петрушевска на министерот за образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/namesto-so-timovi-komisii-i-sistemi-treba-da-se-pochne-so-12-godishni-detsa-koi-na-uchilishte-nosat-nozh-mu-reche-akterkata-vesna-petrushevska-na-ministerot-za-obrazovanie/ Tue, 09 May 2023 13:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=638881

Наместо со тимови, комисии и системи, треба да се почне со 12 до 14-годишните деца кои на училиште одат со ножеви, му кажа актерката Весна Петрушевска на министерот за образование Јетон Шаќири на на дебата за врсничко насилство „Stop bullying“ што денеска ја организираше Американскиот Универзитет на Европа – ФОН.

Петрушевска кажа дека анкетирала 80 деца од 8 до 14 години во нејзината актерска школа и сите кажале дека имало ножеви во нивните одделенија, па праша: Како ќе го регулирате тоа?

Според Петрушевска, Шаќири „кажува бајка“ кога зборува што презема МОН за превенција од оваа појава во училиштата, меѓу кои и најавените протоколи од новата учебна година.

Има деца кои не сакаат да кажат за врсничкото насилство затоа што, прво, имаат страв од родителот дома да не го осуди, а, второ, кога ќе пријават кај психологот во основното училиште и кај класниот раководител, секогаш жртвата е виновник... Овие деца се други, растат во друго време и во таа насока треба да ги воспитуваме и да се грижиме за нивното ментално здравје кое во Македонија е табу-тема, кажа Петрушевска.

Во училишната торба стојат учебниците и тетратките и одговорност на родителите е да видат што има во торбата на нивното дете. МОН не може да биде на местото на родителот или на местото на психологот, рече министерот за образование и наука.

Одговорен е и родителот кој кривично одговара ако некој има некаков материјал и размислуваме за тоа во препораките. Не можеме во период од 18 часа да го знаеме движењето на учениците и секој треба да е одговорен, истакна министерот.

Министерот соопшти дека во фаза на изработка е правилник наменет за училиштата за превенирање и за постапување во случај на насилство.

Исто така, мора добро да размислиме за ограничување на влијанието на социјалните мрежи во училишната средина. Отворивме и електронска адреса каде учениците, родителите, но и граѓаните, може да пријават случај на врсничко насилство, рече Шаќири, додавајќи дека МОН е во фаза на консултации со професорите и експертите што е тоа што може да се преземе за да се подигне институционалната грижа за правилниот развој на учениците.

Според проф. д-р Ана Фрицханд, раководителка на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет, за врсничкото насилство треба да се разговара и родителите мора да знаат како нивните деца поминуваат на училиште и дали се соочуваат со некаков проблем. Рече дека феноменот е повеќеслоен и затоа и пристапот за решавање е таков и треба да се вклучат секој од својата позиција и во својот домен да го вложи максимумот – родителите, наставниците, стручните служби, безбедносните претставници...

Основен минимум е децата да знаат што е добро, што е лошо, тоа значи да имаат веќе изграден некаков систем на вредности... Една карика не смееме да ја заборавиме секогаш кога зборуваме за врсничкото насилство, а тоа се пасивните набљудувачи кои, според истражувањата, надминуваат и 80 проценти од целиот контекст. Не е само жртва – насилник, туку што правиме со сите тие што тоа го гледаат, снимаат и различно реагираат на такви ситуации, рече проф. Фрицханд.

Таа порача и дека жртвата на насилство мора веднаш да каже за тоа, а не да молчи, затоа што, рече, колку повеќе молчи, му помага на насилникот.

Од пракса знаеме дека некогаш родителите последни дознаваат, а меѓу први кои дознаваат се соучениците. Важно е насилството не само да го препознаат, туку и да дејствуваат, да бидат проактивни, да не бидат пасивни, додаде Фрицханд.

Одговарајќи на прашање за каков вид насилства се дописите што во минатите два дена стигнале на е-поштата на МОН prijavinasilstvo@mon.gov.mk, министерот Шаќири одговори дека нема да спомнува конкретни случаи, но за оној за кој известувале медиумите, од родителите разбрал дека „проблематичното дете не е веќе во класот повеќе од осум дена“, но смета дека не е решение да биде отстрането од одделението.

Ги побарав сите документи кои институции како постапиле во конкретниот случај. Другите мејлови се слични на оваа ситуација, имаме анонимни пријави за кои треба да се потврди изворот на пријавата за да знаеме дали се точни податоците, додаде Шаќири.

The post Наместо со тимови, комисии и системи, треба да се почне со 12-годишни деца кои на училиште носат нож, му рече актерката Весна Петрушевска на министерот за образование appeared first on Република.

]]>

Наместо со тимови, комисии и системи, треба да се почне со 12 до 14-годишните деца кои на училиште одат со ножеви, му кажа актерката Весна Петрушевска на министерот за образование Јетон Шаќири на на дебата за врсничко насилство „Stop bullying“ што денеска ја организираше Американскиот Универзитет на Европа – ФОН. Петрушевска кажа дека анкетирала 80 деца од 8 до 14 години во нејзината актерска школа и сите кажале дека имало ножеви во нивните одделенија, па праша: Како ќе го регулирате тоа? Според Петрушевска, Шаќири „кажува бајка“ кога зборува што презема МОН за превенција од оваа појава во училиштата, меѓу кои и најавените протоколи од новата учебна година.
Има деца кои не сакаат да кажат за врсничкото насилство затоа што, прво, имаат страв од родителот дома да не го осуди, а, второ, кога ќе пријават кај психологот во основното училиште и кај класниот раководител, секогаш жртвата е виновник... Овие деца се други, растат во друго време и во таа насока треба да ги воспитуваме и да се грижиме за нивното ментално здравје кое во Македонија е табу-тема, кажа Петрушевска.
Во училишната торба стојат учебниците и тетратките и одговорност на родителите е да видат што има во торбата на нивното дете. МОН не може да биде на местото на родителот или на местото на психологот, рече министерот за образование и наука.
Одговорен е и родителот кој кривично одговара ако некој има некаков материјал и размислуваме за тоа во препораките. Не можеме во период од 18 часа да го знаеме движењето на учениците и секој треба да е одговорен, истакна министерот.
Министерот соопшти дека во фаза на изработка е правилник наменет за училиштата за превенирање и за постапување во случај на насилство.
Исто така, мора добро да размислиме за ограничување на влијанието на социјалните мрежи во училишната средина. Отворивме и електронска адреса каде учениците, родителите, но и граѓаните, може да пријават случај на врсничко насилство, рече Шаќири, додавајќи дека МОН е во фаза на консултации со професорите и експертите што е тоа што може да се преземе за да се подигне институционалната грижа за правилниот развој на учениците.
Според проф. д-р Ана Фрицханд, раководителка на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет, за врсничкото насилство треба да се разговара и родителите мора да знаат како нивните деца поминуваат на училиште и дали се соочуваат со некаков проблем. Рече дека феноменот е повеќеслоен и затоа и пристапот за решавање е таков и треба да се вклучат секој од својата позиција и во својот домен да го вложи максимумот – родителите, наставниците, стручните служби, безбедносните претставници...
Основен минимум е децата да знаат што е добро, што е лошо, тоа значи да имаат веќе изграден некаков систем на вредности... Една карика не смееме да ја заборавиме секогаш кога зборуваме за врсничкото насилство, а тоа се пасивните набљудувачи кои, според истражувањата, надминуваат и 80 проценти од целиот контекст. Не е само жртва – насилник, туку што правиме со сите тие што тоа го гледаат, снимаат и различно реагираат на такви ситуации, рече проф. Фрицханд.
Таа порача и дека жртвата на насилство мора веднаш да каже за тоа, а не да молчи, затоа што, рече, колку повеќе молчи, му помага на насилникот.
Од пракса знаеме дека некогаш родителите последни дознаваат, а меѓу први кои дознаваат се соучениците. Важно е насилството не само да го препознаат, туку и да дејствуваат, да бидат проактивни, да не бидат пасивни, додаде Фрицханд.
Одговарајќи на прашање за каков вид насилства се дописите што во минатите два дена стигнале на е-поштата на МОН prijavinasilstvo@mon.gov.mk, министерот Шаќири одговори дека нема да спомнува конкретни случаи, но за оној за кој известувале медиумите, од родителите разбрал дека „проблематичното дете не е веќе во класот повеќе од осум дена“, но смета дека не е решение да биде отстрането од одделението.
Ги побарав сите документи кои институции како постапиле во конкретниот случај. Другите мејлови се слични на оваа ситуација, имаме анонимни пријави за кои треба да се потврди изворот на пријавата за да знаеме дали се точни податоците, додаде Шаќири.
 
The post Наместо со тимови, комисии и системи, треба да се почне со 12-годишни деца кои на училиште носат нож, му рече актерката Весна Петрушевска на министерот за образование appeared first on Република.

]]>
Весна Петрушевска: Заљубена сум, ама не смеам да кажам во когo https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/vesna-petrushevska-zalubena-sum-ama-ne-smeam-da-kazham-vo-kogo/ Wed, 22 Mar 2023 18:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=622583

Актерката Весна Петрушевска е гостин во најновата епизода на емисијата „Нешто конкретно“, заедно со Викса, Јаков Спасов и Розалија Секулоска.

Во емисијата, Петрушевска доби прашање дали би ја вратила „Вртелешка“ на телевизиските екрани, по што таа одговори дека нема таков план.

На Вртелешка работевме многу посветено 10 години и постигнавме нешто што никој не успеа досега, оставам простор на другите да го работат тоа, јас сега се занимавам со друг телевизиски проект“, изјави Весна.

Темата во емисијата беше Дали среќата со пари (не) се купува, па Петрушевска зборува и за парите. На прашањето дали човекот се чувствува дека има поголема вредност ако му биде кажано дека ќе земе поголема плата, Петрушевска вели дека се нервира кога ќе и биде понуден хонорар што е под цената за еден актер,

Им кажувам „дојди јас да ти платам и не ми се јавувај повеќе никогаш“, вели таа.

Целата емисија може да ја погледнете на следниот ЛИНК.

https://www.youtube.com/watch?v=SalVCTxJWVM

The post Весна Петрушевска: Заљубена сум, ама не смеам да кажам во когo appeared first on Република.

]]>

Актерката Весна Петрушевска е гостин во најновата епизода на емисијата „Нешто конкретно“, заедно со Викса, Јаков Спасов и Розалија Секулоска. Во емисијата, Петрушевска доби прашање дали би ја вратила „Вртелешка“ на телевизиските екрани, по што таа одговори дека нема таков план.
На Вртелешка работевме многу посветено 10 години и постигнавме нешто што никој не успеа досега, оставам простор на другите да го работат тоа, јас сега се занимавам со друг телевизиски проект“, изјави Весна.
Темата во емисијата беше Дали среќата со пари (не) се купува, па Петрушевска зборува и за парите. На прашањето дали човекот се чувствува дека има поголема вредност ако му биде кажано дека ќе земе поголема плата, Петрушевска вели дека се нервира кога ќе и биде понуден хонорар што е под цената за еден актер,
Им кажувам „дојди јас да ти платам и не ми се јавувај повеќе никогаш“, вели таа.
Целата емисија може да ја погледнете на следниот ЛИНК. https://www.youtube.com/watch?v=SalVCTxJWVM

The post Весна Петрушевска: Заљубена сум, ама не смеам да кажам во когo appeared first on Република.

]]>
Марш бе сите до еден, не малтретирате со вашата неспособност, дајте си оставки, порачува Весна Петрушевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marsh-be-site-do-eden-ne-maltretirate-so-vashata-nesposobnost-dajte-si-ostavki-porachuva-vesna-petrushevska/ Mon, 12 Dec 2022 11:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=584709

Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи по денешните дојави за бомби. Петрушевска ги повика властите да си поднесат оставки поради постојаните дојави за бомби и неспособноста за пронаоѓање на лицата или лицето и расчистување на случаите.

Имате ли памет, бре. Девет средни училишта, трговски центар, Џевахир сити. Три месеци не’ малтретирате со вашата неспособност, дојави за бомби. Побарајте помош од странски служби, од било каде и дадете си оставки. Ова е ненормална работа што вие се правите. Колку сте вие неодговорни, неписмени и недоветни. Луѓе се во прашање, деца. Секое дете оди под стрес кога оди на училиште поради дојави за бомби. Три згради се симнавме долу, не знаете колку е тоа одвратно и страшно, со сирени, стари луѓе кои не можат да одат, не можат да се симнат. Не смеете лифт да употребите. Важно има секој ден дојава за бомба, а вие ништо не правите. Можеби и правите, не знам, ама не ве гледам дека правите. И дајте си оставки нека дојдат некои кои повеќе знаат, порача Петрушевска.

Инаку денеска во Скопје дојави за бомби имаше во 9 училишта, во МНР, ГТЦ, Џевахир сити и ТЦ Ист гејт. Дојава за бомба утринава добило и основно училиште во Кавадарци.

The post Марш бе сите до еден, не малтретирате со вашата неспособност, дајте си оставки, порачува Весна Петрушевска appeared first on Република.

]]>

Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи по денешните дојави за бомби. Петрушевска ги повика властите да си поднесат оставки поради постојаните дојави за бомби и неспособноста за пронаоѓање на лицата или лицето и расчистување на случаите. Имате ли памет, бре. Девет средни училишта, трговски центар, Џевахир сити. Три месеци не’ малтретирате со вашата неспособност, дојави за бомби. Побарајте помош од странски служби, од било каде и дадете си оставки. Ова е ненормална работа што вие се правите. Колку сте вие неодговорни, неписмени и недоветни. Луѓе се во прашање, деца. Секое дете оди под стрес кога оди на училиште поради дојави за бомби. Три згради се симнавме долу, не знаете колку е тоа одвратно и страшно, со сирени, стари луѓе кои не можат да одат, не можат да се симнат. Не смеете лифт да употребите. Важно има секој ден дојава за бомба, а вие ништо не правите. Можеби и правите, не знам, ама не ве гледам дека правите. И дајте си оставки нека дојдат некои кои повеќе знаат, порача Петрушевска. Инаку денеска во Скопје дојави за бомби имаше во 9 училишта, во МНР, ГТЦ, Џевахир сити и ТЦ Ист гејт. Дојава за бомба утринава добило и основно училиште во Кавадарци.

The post Марш бе сите до еден, не малтретирате со вашата неспособност, дајте си оставки, порачува Весна Петрушевска appeared first on Република.

]]>
„Сами Сме Дома”: Нова хит новогодишна детска претстава во Дом на АРМ оваа сабота https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sami-sme-doma-nova-hit-novogodishna-detska-pretstava-vo-dom-na-arm-ovaa-sabota/ Thu, 08 Dec 2022 14:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=583351

„Сами сме дома" нова хит новогодишна детска претстава во Дом на АРМ оваа сабота    Модерната, забавната и интерактивната новогодишна детска претстава „Сами сме дома“ во која глумат 70 ученици од актерската школа на Весна Петрушевска ќе се прикажува во Дом на АРМ, оваа сабота, 10ти декември, со почеток од 12 часот која е веќе распродадена и од 14 часот за која сеуште има карти.

„Драги деца и родители повелете да ја проследите новата хит новогодишна детска претстава „Сами сме дома“ која премиерно ќе биде оваа сабота од 14 часот во Дом на АРМ. Картите можете да ги резервирате преку контакт телефонот 078/227-316. Со претставата сакаме да им покажеме на своите деца дека можат да ги допрат ѕвездите!“ вели актерката Весна Петрушевска.   Таа додава дека да се работи со деца е огромен предизвик. Тие на првиот час доаѓаат не знаејќи дека за да бидеш актер треба да го живееш актерскиот сон.    „Искрена да бидам со многу работа, домашни работи и љубов моите ученици прераснуваат во мали актери кои на публиката можат да им ја пренесат сета среќа и тага од драмските текстови. Токму тоа го кажувам со самодоверба затоа што знам колку напорно како сме работеле заедно за да го постигнеме истото." додаде Петрушевска.

Посветеноста на Весна Петрушевска кон најмалите љубители на пишаниот збор и театарот е голема. Од еден актерски час или проба во актерската школа секој ќе сфати дека тоа е единствено магично место, посветено на децата, каде се дава љубов и поддршка од децата за децата, каде се забавуваат но и учат и работат како вистински професионалци.

The post „Сами Сме Дома”: Нова хит новогодишна детска претстава во Дом на АРМ оваа сабота appeared first on Република.

Почна снимањето на втората сезона на еколошката емисија „Агенда 21“ https://arhiva3.republika.mk/scena/pochna-snimanjeto-na-vtorata-sezona-na-ekoloshkata-emisija-agenda-21/ Wed, 27 Jul 2022 10:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=533778

Почна снимањето и подготовките на втората сезона на еколошката ТВ емисија Агенда 21. Актерите Весна Петрушевска и Игор Џамбазов , пак ќе ја спасуваат природата. Во новата сезона покрај Весна и Игор, учествуват и младите, сега веќе поискусни од минатата сезона, Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова. Тука се и децата од актерската школа на Весна, кои се дел од снимањето на еколошката емисја за подигање на свеста за зачувување на природата.

Загадениот воздух и почва, дивите депонии и електронскиот отпад ќе бидат главна тема и оваа сезона. Мора сите повеќе да се грижиме за животната средина, да ја негуваме и цениме оти таа е нашето живеење, нашето постоење, рече Весна Петрушевска.

Еколошката ТВ емисија Агенда 21 е во продукција на КМК, од каде велат дека се свесни за големата тежина на темите кои ги обработуваат и дека само со едукација и јавна дебата може да се дојде до посакуваната цел, а тоа е зачувување на природата и чист воздух.

Во ова непредвидливо време во кое живееме тешко е да се зборува на вакви теми. Токму затоа сме многу среќни што компаниите Нула отпад и Пакомак ја препознаа нашата мисија. Се надевам дека емисијата има влијание кај гледачите, а особено кај младите преку најмладите глумци од актерската школа на Весна Петрушевска бидејќи, ефектите од глобалното затоплување ги чувствуваме секојдневно. - потенцира Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.

The post Почна снимањето на втората сезона на еколошката емисија „Агенда 21“ appeared first on Република.

Весна Петрушевска: Срам да ви е! Навистина треба повеќе да читате и да учите, а не да препишувате по потреба од Петре М. Андреевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vesna-petrushevska-sram-da-vi-e-navistina-treba-povekje-da-chitate-i-da-uchite-a-ne-da-prepishuvate-po-potreba-od-petre-m-andreevski/ Sat, 16 Jul 2022 14:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=530002

СРАМ ДА ВИ Е ! 68 сте на број Навистина треба повеќе да читате и да учите,а не да препишувате по потреба од Петре М. Андреевски, напиша на фејсбук актерката Весна Петрушевска.

Денес сите вие што се пребројавте не постоите за мене и нема да ви дозволам да одлучувате за мене. Веројатно ви е сеедно!Веројатно газот ве заболе за Македонија!

Јазик,култура и идентитет!

Не ви се важни вие 68 што ги греете столиците.Не ми се верува какви луѓе сте.Не сте ни луѓенца

"Не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат.”

The post Весна Петрушевска: Срам да ви е! Навистина треба повеќе да читате и да учите, а не да препишувате по потреба од Петре М. Андреевски appeared first on Република.

Весна Бејби: Ќе потпишете и ќе јадете бифтеци за 100 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vesna-bejbi-kje-potpishete-i-kje-jadete-bifteci-za-100-denari/ Sun, 10 Jul 2022 20:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=526747

Македонската актерка Весна Петрушевска на денешниот протест пред Собранието против францускиот предлог. порача дека секој еден треба да излезе и да се бори за Македонија. Таа упати порака и за оние кои се гостат со бифтеци за 100 денари.

И мислам и тврдам дека треба секој општествен одговорен и културен работник особено културен работник да ја има општествената одговорност да излезе и да се бори за Македонија, затоа што ние сме тие кои што играме на сцена, кој што снимаме на телевизија, кој снимаме македонски филмови, кои сме амбасадори на нашата култура, како да сме амбасадори на македонската култура, како, со сменет идентитет, со тоа што вие таму некои ќе потпишете и ќе јадете бифтеци за 100 денари. Па мислете на здравје малце, холестероли, триглицериди, малку од малку, бидете витки, згодни, вели Петрушевска

The post Весна Бејби: Ќе потпишете и ќе јадете бифтеци за 100 денари appeared first on Република.

Макрон, јас сум Македонка! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makron-jas-sum-makedonka/ Sun, 10 Jul 2022 18:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=526698

Ова е ненормална работа. Ова е лудило. Не знам зошто сите не излегуваат на улица. Треба цела Македонија да се дигне на нозе. Се обидувам да сум разумна, да не сум патетична, да ги разберам некако зошто би преговарале кога и вака и онака нема да влеземе во ЕУ во следните 10-15 години. Не сакам да ме нарекуваат Северна Македонка. Макрон, јас сум Македонка. Ако не разбираш ќе ти преведеме – рече актерката Весна Петрушевска на вечерашниот протест во Скопје против францускиот предлог.

Актерката повика народот да се обедини околу ова „Не“ и дека секој културен работник треба да чувствува одговорност да излезе на протест.

– Како ќе ја чуваме македонската култура? Ние тука што сме, сме виновни за тоа што дојдовме до ова дереџе. Не сакаме насилство и не потклекуваме на провокации. Со достоинството и чест се раѓате. Секој ден на протест сѐ додека ја срушиме оваа влада – повика Петрушевска.

The post Макрон, јас сум Македонка! appeared first on Република.

]]>

Ова е ненормална работа. Ова е лудило. Не знам зошто сите не излегуваат на улица. Треба цела Македонија да се дигне на нозе. Се обидувам да сум разумна, да не сум патетична, да ги разберам некако зошто би преговарале кога и вака и онака нема да влеземе во ЕУ во следните 10-15 години. Не сакам да ме нарекуваат Северна Македонка. Макрон, јас сум Македонка. Ако не разбираш ќе ти преведеме – рече актерката Весна Петрушевска на вечерашниот протест во Скопје против францускиот предлог. Актерката повика народот да се обедини околу ова „Не“ и дека секој културен работник треба да чувствува одговорност да излезе на протест.
– Како ќе ја чуваме македонската култура? Ние тука што сме, сме виновни за тоа што дојдовме до ова дереџе. Не сакаме насилство и не потклекуваме на провокации. Со достоинството и чест се раѓате. Секој ден на протест сѐ додека ја срушиме оваа влада – повика Петрушевска.
 
The post Макрон, јас сум Македонка! appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе наполнеше 41, не те пуштам да знаеш, ти правам муабет секој ден: Весна Бејби жали по Тоше https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-kje-napolneshe-41-ne-te-pushtam-da-znaesh-ti-pravam-muabet-sekoj-den-vesna-bejbi-zali-po-toshe/ Tue, 25 Jan 2022 11:23:01 +0000 https://republika.mk/?p=449195

Денеска ќе наполнеше 41, не те пуштам да знаеш, ти правам муабет секој ден, напиша на Инстаграм, Весна Петрушевска Бејби, потсетувајќи се на никогаш непрежалениот Тоше.

The post Денеска ќе наполнеше 41, не те пуштам да знаеш, ти правам муабет секој ден: Весна Бејби жали по Тоше appeared first on Република.