Весна Мојсова Чепишевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesna-mojsova-chepishevska/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Sep 2023 08:40:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Весна Мојсова Чепишевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesna-mojsova-chepishevska/ 32 32 Преку книжевните дела, Гоце Делчев е синоним за водач на Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/preku-knizhevnite-dela-gotse-delchev-e-sinonim-za-vodach-na-makedontsite/ Sun, 10 Sep 2023 08:40:49 +0000 https://republika.mk/?p=680482

Реферат за историскиот и книжевниот Гоце Делчев на јубилејното десетто издание на меѓународниот научен собир „Његошеви денови“ во Црна Гора.

„За разлика од другите национални книжевности кои имаат негативни иксуства заради присуството на култот на водачот во книжевните текстови, македонската современа книжевност има позитивно искуство. Затоа што Македонија, македонската историја и македонската книжевност и култура го имаат Гоце Делчев. Водачот чие име со пиетет го пееме и во државната химна и во навивачките песни во кои ја искажуваме гордоста што сме негови потомци. А заради култот кон него што е дел од нашата традиција, македонските писатели имаат потреба историските факти да ги преточат во естетски креации, за притоа да откријат и покажат и други димензии на личноста на Делчев. Преку нивните книжевни дела, со својата идеја и со комплексноста на својата личност, Делчев и натаму е синоним за водач на Македонците, и 120 години по неговото загинување“.

Ова се потврди преку рефератот на универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, на јубилејните Десетти Његошеви денови, кои во организација на Филолошкиот факултет во Никшиќ при Универзитетот на Црна Гора се одржаа во Будва. На сесијата за наука за книжевност и култура на меѓународниот научен собир, која годинава беше посветена и на култот на водачот во словенските книжевности, по повод 120 години од загинувањето на великанот, Мојсова-Чепишевска го презентираше своето истражување за историскиот наспроти книжевниот Гоце Делчев, со повторно осврнување кон романите од поновата македонска продукција, „Куклите на Росица“ од Оливера Николова и „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски.

Потребата од едно вакво книжевнонаучно осврнување, како што има нагласено професорката во својот реферат се должи на тоа што Делчев изникнат од историските факти и обвиткан во естетски креации е битен за нас, Македонците. Но и заради сознанието дека книжевниот Делчев е и сѐ она што не можел да каже историскиот Гоце Делчев. Според Мојсова-Чепишевска, романот на Николова објавен пред 20 години кога се одбележуваа 100 години од загинувањето на Делчев и романот на Миневски, објавен годинава кога се навршуваат 120 години, придонесуваат во реализирањето на нови теми, па дури и на стари теми, преку чинот на ослободување од локалното и регионалното. Преку нив, и Делчев како книжевен лик избива над локалниот и регионалниот книжевен и културен контекст.

- Ова умешно го прави Николова со тоа што на својата Росица ѝ дозволува да биде една од многуте занемени раскажувачки кои ги има во сите (повеќето) (и)стории, да биде хроничар на своето (и лично и колективно) време во кое исклучително место има и Гоце Делчев. Таа немо и послушно ги следи сите кажувања за него и на тој начин ја создава единствената и уникатната кукла со неговиот лик. Притоа се обидува таа кукла да ги оцрта сите негови аспекти, сите негови улоги, сите негови црти, и физички и психолошки, нагласува меѓу другото во својот реферат, Мојсова-Чепишевска.

Според неа, ова умешно го прави и Миневски, во романот кој му е посветен токму на Делчев.

- Таа умешност се согледува и во тоа што историски засведочената љубов меѓу Гоце Делчев и Јанка Каневче, Миневски постојано ја споредува со големите, познати љубови, некои и трагични, неостварени, страсни – како оние на Гарибалди и Анита, Гете и Шарлота, Бајрон и контесата Гвичоли, Дикенс и Марија Биндел, Флобер и Лујза Коле, Елијар и Гала, Сартр и Симон де Бовоар, Пушкин и Натали, Достоевски и Суслина, како и со љубовите искажани во многубројните писма на Џојс до Нора, на Балзак до Ханска, на Кафка до Милена Јасенска или на Кафка до Дора Дијамант, на писмата меѓу Чехов и Олга... Во нашата колективна меморија која е важна за идентитетот, за нас Македонците, приказната за Делчев и Каневче има или треба да има значење какво што имаат приказните за овие познати љубови за националните култури на нивните протагонисти. Затоа што преку оваа приказна, во нашата колективна меморија можат да живеат и други, важни димензии на личноста на Делчев, кои ги нема во историските читанки, подвлечено е во рефератот на Мојсова-Чепишевска.

Универзитетската професорка и книжевна критичарка и нагласува: Јасно е дека „Гоце е национален херој, учесник во револуционерното движење, деец на револуционерната организација, идеолог, организатор и водач на македонското ослободително движење од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, бескомпромисен борец за самостојна македонска држава, и така натаму.“, како што пишува Миневски. Ама, тоа е јасно за нас, Македонците. Но како другите да го запознаат, како другите да знаат за кого станува збор? Токму преку ваквите приказни раскажани во вакви романи во кои се користи проторот на слободата од локалното и регионалното, а повторно со почит кон своето.

Настојувајќи да го исцрта оној Гоце Делчев ситуиран помеѓу историографијата и имагинацијата, во исчитувањето на двата романи од поновата македонска продукција, во истражувањето Мојсова-Чепишевска остварува книжевна анализа преку која ги издвојува сите сегменти што го портретираат книжевниот Делчев, различен од историскиот. Притоа, во рефератот и констатира:

Ако биографиите и фељтоните, а со нив и историите, им се обраќаат на читателите од сите идни времиња, фикцискиот Гоце Делчев му се обраќа, исклучиво, на своето „Јас“! Или, овој фикциски Гоце Делчев е сѐ она што не можел да каже (што не кажал) историскиот Гоце Делчев!“

Но, во исто време, во трудот, Мојсова-Чепишевска и теориски се осврнува кон ваквиот тип современа проза кон кој се вбројуваат романите „Куклите на Росица“ од Николова и „Ако се родат некакви чувства“ од Миневски.

- Нашето време е време на постмодернистичката фикција која од своја страна сугерира одново да се напише минатото во фикција или во историја. Со тоа таа прави обид да се реисторизираат, а не да се деисторизираат – уметноста и теоријата, при што воедно се употребуваат и се злоупотребуваат модусите на историографијата (Hačion 1996: 370). Новиот историцизам смета дека историјата може да се чита како текст, со што се оневозможува едноставна дистинкција помеѓу литературата и историјата. Всушност, текстуалноста на историјата е една од причините поради кои минатото не може целосно да се реконструира. Свесни сме дека никогаш не се достапни сите можни извори, поради уништливоста на супстанцијата и поради буквалната материјалност на дискурсот, напоменува во рефератот меѓу другото.

Во ова ново книжевнонаучно осврнување кон историскиот и книжевниот Гоце Делчев, Мојсова-Чепишевска и напоменува дека во случајот со пишувањето историја и со пишувањето роман, се појавува суштинска сличност, затоа што романот и историјата се производ на автономна или самоавторизирачка активност, која повторно лежи a priori во имагинацијата.

- Откако историчарот ќе одбере каква приказна ќе му послужи за нарацијата, самиот процес на селекција и на сижетирање (т.е. интегрирање на разните факти во сиже со значење) на навидум хаотичниот и некохерентен материјал на приказната е предусловен од структурата на дадената археприказна. Ако го прифатиме мислењето на Хајден Вајт дека историографијата „не е ништо повеќе од процес на создавање фикција“, а историскиот текст „не е ништо друго освен литературен артефакт“ (Engler, 1994: 25), тогаш се наметнува прашањето: „На што се претстави историските слики (репрезентации), доколку тие се далеку од тоа да бидат претстави на некоја универзално разбирлива историска реалност?“ (Engler, 1994: 25). Одговорот на Вајт е дека историите никогаш не треба да се читаат како непристрасни знаци на настаните што ги изнесуваат, туку како симболички структури или проширени метафори. Во оваа препорака на Вајт лежи и импулсот за потребата од нови теми во современата македонска книжевност, тотално ослободени од локалното, односно регионалното и националното, како и потребата за поширока рецепција надвор од македонската книжевна средина. Во тој протор на слободата се создадени и овие два романи од поновата македонска продукција, подвелечено е во рефератот.

Со овој реферат на Весна Мојсова-Чепишевска, ден по чествувањето 32 години самостојна и независна македонска држава, темата за историскиот и книжевниот Гоце Делчев беше дел и од дискусиите на годинешното, десетто издание на меѓународниот научен собир „Његошеви денови“ во Црна Гора, на кое учествуваа повеќемина книжевни истражувчи од Македонија, објавува Иван Антоновски, асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ.

The post Преку книжевните дела, Гоце Делчев е синоним за водач на Македонците appeared first on Република.

]]>

Реферат за историскиот и книжевниот Гоце Делчев на јубилејното десетто издание на меѓународниот научен собир „Његошеви денови“ во Црна Гора.
„За разлика од другите национални книжевности кои имаат негативни иксуства заради присуството на култот на водачот во книжевните текстови, македонската современа книжевност има позитивно искуство. Затоа што Македонија, македонската историја и македонската книжевност и култура го имаат Гоце Делчев. Водачот чие име со пиетет го пееме и во државната химна и во навивачките песни во кои ја искажуваме гордоста што сме негови потомци. А заради култот кон него што е дел од нашата традиција, македонските писатели имаат потреба историските факти да ги преточат во естетски креации, за притоа да откријат и покажат и други димензии на личноста на Делчев. Преку нивните книжевни дела, со својата идеја и со комплексноста на својата личност, Делчев и натаму е синоним за водач на Македонците, и 120 години по неговото загинување“.
Ова се потврди преку рефератот на универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, на јубилејните Десетти Његошеви денови, кои во организација на Филолошкиот факултет во Никшиќ при Универзитетот на Црна Гора се одржаа во Будва. На сесијата за наука за книжевност и култура на меѓународниот научен собир, која годинава беше посветена и на култот на водачот во словенските книжевности, по повод 120 години од загинувањето на великанот, Мојсова-Чепишевска го презентираше своето истражување за историскиот наспроти книжевниот Гоце Делчев, со повторно осврнување кон романите од поновата македонска продукција, „Куклите на Росица“ од Оливера Николова и „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски. Потребата од едно вакво книжевнонаучно осврнување, како што има нагласено професорката во својот реферат се должи на тоа што Делчев изникнат од историските факти и обвиткан во естетски креации е битен за нас, Македонците. Но и заради сознанието дека книжевниот Делчев е и сѐ она што не можел да каже историскиот Гоце Делчев. Според Мојсова-Чепишевска, романот на Николова објавен пред 20 години кога се одбележуваа 100 години од загинувањето на Делчев и романот на Миневски, објавен годинава кога се навршуваат 120 години, придонесуваат во реализирањето на нови теми, па дури и на стари теми, преку чинот на ослободување од локалното и регионалното. Преку нив, и Делчев како книжевен лик избива над локалниот и регионалниот книжевен и културен контекст. - Ова умешно го прави Николова со тоа што на својата Росица ѝ дозволува да биде една од многуте занемени раскажувачки кои ги има во сите (повеќето) (и)стории, да биде хроничар на своето (и лично и колективно) време во кое исклучително место има и Гоце Делчев. Таа немо и послушно ги следи сите кажувања за него и на тој начин ја создава единствената и уникатната кукла со неговиот лик. Притоа се обидува таа кукла да ги оцрта сите негови аспекти, сите негови улоги, сите негови црти, и физички и психолошки, нагласува меѓу другото во својот реферат, Мојсова-Чепишевска. Според неа, ова умешно го прави и Миневски, во романот кој му е посветен токму на Делчев. - Таа умешност се согледува и во тоа што историски засведочената љубов меѓу Гоце Делчев и Јанка Каневче, Миневски постојано ја споредува со големите, познати љубови, некои и трагични, неостварени, страсни – како оние на Гарибалди и Анита, Гете и Шарлота, Бајрон и контесата Гвичоли, Дикенс и Марија Биндел, Флобер и Лујза Коле, Елијар и Гала, Сартр и Симон де Бовоар, Пушкин и Натали, Достоевски и Суслина, како и со љубовите искажани во многубројните писма на Џојс до Нора, на Балзак до Ханска, на Кафка до Милена Јасенска или на Кафка до Дора Дијамант, на писмата меѓу Чехов и Олга... Во нашата колективна меморија која е важна за идентитетот, за нас Македонците, приказната за Делчев и Каневче има или треба да има значење какво што имаат приказните за овие познати љубови за националните култури на нивните протагонисти. Затоа што преку оваа приказна, во нашата колективна меморија можат да живеат и други, важни димензии на личноста на Делчев, кои ги нема во историските читанки, подвлечено е во рефератот на Мојсова-Чепишевска. Универзитетската професорка и книжевна критичарка и нагласува: Јасно е дека „Гоце е национален херој, учесник во револуционерното движење, деец на револуционерната организација, идеолог, организатор и водач на македонското ослободително движење од крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, бескомпромисен борец за самостојна македонска држава, и така натаму.“, како што пишува Миневски. Ама, тоа е јасно за нас, Македонците. Но како другите да го запознаат, како другите да знаат за кого станува збор? Токму преку ваквите приказни раскажани во вакви романи во кои се користи проторот на слободата од локалното и регионалното, а повторно со почит кон своето. Настојувајќи да го исцрта оној Гоце Делчев ситуиран помеѓу историографијата и имагинацијата, во исчитувањето на двата романи од поновата македонска продукција, во истражувањето Мојсова-Чепишевска остварува книжевна анализа преку која ги издвојува сите сегменти што го портретираат книжевниот Делчев, различен од историскиот. Притоа, во рефератот и констатира:
Ако биографиите и фељтоните, а со нив и историите, им се обраќаат на читателите од сите идни времиња, фикцискиот Гоце Делчев му се обраќа, исклучиво, на своето „Јас“! Или, овој фикциски Гоце Делчев е сѐ она што не можел да каже (што не кажал) историскиот Гоце Делчев!“
Но, во исто време, во трудот, Мојсова-Чепишевска и теориски се осврнува кон ваквиот тип современа проза кон кој се вбројуваат романите „Куклите на Росица“ од Николова и „Ако се родат некакви чувства“ од Миневски.
- Нашето време е време на постмодернистичката фикција која од своја страна сугерира одново да се напише минатото во фикција или во историја. Со тоа таа прави обид да се реисторизираат, а не да се деисторизираат – уметноста и теоријата, при што воедно се употребуваат и се злоупотребуваат модусите на историографијата (Hačion 1996: 370). Новиот историцизам смета дека историјата може да се чита како текст, со што се оневозможува едноставна дистинкција помеѓу литературата и историјата. Всушност, текстуалноста на историјата е една од причините поради кои минатото не може целосно да се реконструира. Свесни сме дека никогаш не се достапни сите можни извори, поради уништливоста на супстанцијата и поради буквалната материјалност на дискурсот, напоменува во рефератот меѓу другото.
Во ова ново книжевнонаучно осврнување кон историскиот и книжевниот Гоце Делчев, Мојсова-Чепишевска и напоменува дека во случајот со пишувањето историја и со пишувањето роман, се појавува суштинска сличност, затоа што романот и историјата се производ на автономна или самоавторизирачка активност, која повторно лежи a priori во имагинацијата.
- Откако историчарот ќе одбере каква приказна ќе му послужи за нарацијата, самиот процес на селекција и на сижетирање (т.е. интегрирање на разните факти во сиже со значење) на навидум хаотичниот и некохерентен материјал на приказната е предусловен од структурата на дадената археприказна. Ако го прифатиме мислењето на Хајден Вајт дека историографијата „не е ништо повеќе од процес на создавање фикција“, а историскиот текст „не е ништо друго освен литературен артефакт“ (Engler, 1994: 25), тогаш се наметнува прашањето: „На што се претстави историските слики (репрезентации), доколку тие се далеку од тоа да бидат претстави на некоја универзално разбирлива историска реалност?“ (Engler, 1994: 25). Одговорот на Вајт е дека историите никогаш не треба да се читаат како непристрасни знаци на настаните што ги изнесуваат, туку како симболички структури или проширени метафори. Во оваа препорака на Вајт лежи и импулсот за потребата од нови теми во современата македонска книжевност, тотално ослободени од локалното, односно регионалното и националното, како и потребата за поширока рецепција надвор од македонската книжевна средина. Во тој протор на слободата се создадени и овие два романи од поновата македонска продукција, подвелечено е во рефератот.
Со овој реферат на Весна Мојсова-Чепишевска, ден по чествувањето 32 години самостојна и независна македонска држава, темата за историскиот и книжевниот Гоце Делчев беше дел и од дискусиите на годинешното, десетто издание на меѓународниот научен собир „Његошеви денови“ во Црна Гора, на кое учествуваа повеќемина книжевни истражувчи од Македонија, објавува Иван Антоновски, асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ.    

The post Преку книжевните дела, Гоце Делчев е синоним за водач на Македонците appeared first on Република.

]]>
„Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“ за македонскиот јазик, литература и култура? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/shcho-napraifme-i-shcho-trebit-da-praime-za-odnapred-za-makedonskiot-jazik-literatura-i-kultura/ Sat, 31 Dec 2022 08:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=592196

Директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска вели дека е вистинско време Семинарот да го постави Мисирковото прашање: „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?" за македонскиот јазик, литература и култура и нивната афирмација во светот. Таа потсетува и на мислата на Блаже Конески дека „јазикот е нашата единствена комплетна татковина"

Во својата новогодишна порака до јавноста Мојсова-Чепишевска прашува и што направивме за нашата македонска приказна која ја раскажуваме на странските универзитетски центри и воопшто во странските културни средини... Тоа ни е и обврска кон нашите претходници кои ги поставија темелите на македонистиката, пред странските македонисти и слависти кои заедно со нас, таа приказна ја раскажуваат низ светот, но и пред генерациите што остануваат и доаѓаат по нас, заради кои мора да мислиме „шчо требит да праиме за однапред", вели таа. Понатаму Мојсова Чепишевска вели:

„Во годината што ја оставаме зад нас ни се случи јубилејната, 55. Летна школа, со околу 60 учесници од 17 држави, а меѓу нив, покрај универзитетските професори и значајни истражувачи од славистичкиот свет и истакнатите книжевни преведувачи беа и нови, млади посветеници на македонистиката. Тие се една од гаранциите дека во годините пред нас, македонската приказна уште повеќе ќе се раскажува низ светот. А за да им овозможиме да ја раскажуваат снажно и автентично и мошне важно, за приказната да е втемелена во знаење, како што нè учеше и Горан Стефановски, објавивме и нови изданија на учебниците за македонски јазик, литература и култура за странци, подготвени според меѓународните стандарди, како и прв аудио-учебник – за да може не само да се прочита, туку и да се чуе и разбере македонскиот збор.

Колкава е моќта на научната вистина за македонистиката се потврди и на Втората зимска школа што ја организиравме на далечина и на 49. Меѓународна научна конференција посветена ма македонскиот јазик, литература и култура. Но, и секојдневно се потврдува во наставата и научната работа на над 20 странски универзитетски центри во светот на кои се изучува македонистиката, од кои во повеќе од 10 има и лекторати по македонски јазик. Токму од оваа 2022 година, бројот на универзитетски центри и лекторати е и поголем. Се отвори и Катедра за македонски јазик и Лекторат по македонски јазик на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет во Турција. Веќе се направија и последните подготовки и за отпочнување настава и учење на македонскиот јазик на престижниот Факултет за странски јазици на Универзитетот во Пекинг. Со Лекторат по македонски јазик, македонската приказна ќе се раскажува и во Кина. Но, не запираме тука – оствареното ни дава верба, надеж и сили и натаму да препознаваме каде сѐ има интерес да се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура и да се заложиме македонската приказна да почне да се раскажува и на други универзитетски центри во светот.

Во оваа 2022 година, кога одбележавме и 60 години македонистика на Универзитетот во Љубљана и кога меѓу другото се успеа македонскиот јазик да можат да го изучуваат и сите студенти на Истанбулскиот универзитет каде македонистиката се изучува непрекинато 36 години, ни се случија и бројни книжевни преводи од македонски јазик со влог на некогашни и сегашни студенти од нашите лекторати низ светот и учесници на нашите школи, но и бројни нови научни трудови и монографски публикации од странски македонисти.

Дали направивме доволно, најверојатно ќе покаже времето пред нас, но знаеме дека го сторивме сето она што можевме не само за да се раскажува и покажува нашата приказна, туку и за да се случи нејзино следно поглавје. За тоа поглавје ќе работиме и во 2023 година. Силна е желбата повторно да се отвори Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана, но и барем да започнат одредени активности за лекторати и на други универзитетски центри во странски културни средини во кои има интерес за македонскиот збор и македонската мисла.

Во 2023. ќе се одржи и јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ. Научна конференција со најдолга традиција во нашата држава, а воедно и научна конференција за јазик, национална литература и култура со најдолга традиција во регионот! И тоа во годината кога ќе се навршат 100 години од раѓањето на знаменитиот поет на нашата приказна, Ацо Шопов, заради што и Научната конференција ќе биде и во чест на неговото дело. Исто како и Третата зимска школа и 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, коишто ќе ги организираме во 2023 година. Токму со Зимската школа, за која веќе има голем интерес кај странските македонисти и слависти, чествувањето и новото навраќање кон делото на Шопов ќе го започнеме уште кон крајот на јануари, со посакување годината да ја завршиме и со преводи од неговото творештво на повеќе странски јазици преку кои македонската поетска реч уште еднаш ќе одекне низ светот.

Но, во годината што е пред нас ќе се случат и други јубилеи значајни за странската македонистика. Меѓу нив и половина век македонски јазик, литература и култура на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, и тоа откако во 2022 година, македонистиката доби статус на ретка научна дисциплина во Франција, со што се гарантира нејзината заштита и самостојност. Ама и 35 години македонистика на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска, и исто толку години на унгарскиот универзитет ЕЛТЕ во Будимпешта и 15 години на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, кој заедно со Филозофскиот факултет во Загреб е еден од центрите на македонистиката во Хрватска.

Ама сето остварено досега и сето она што го планираме и посакуваме да се оствари и „шчо требит да праиме за однапред" не би било остварилово без влогот на странските македонисти и слависти кои се најважните раскажувачи на македонската приказна во светот. Затоа, и во овие празнични мигови, должни сме да им упатиме благодарност.

Во исто време, благодарност упатуваме и до најголемиот поддржувач на активностите и заложбите на МСМЈЛК при УКИМ, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и до ректорската управа. Затоа што ако зад секоја иницијатива и активност на МСМЈЛК при УКИМ не стои и Универзитетот, нашата мисија не би можела да се остварува или барем не онака како што ја остваруваме.

Благодарни сме и на институциите што ја препознаваат нашата мисија и ни овозможија поддршка во 2022 година, кога ни беше потребна, пред сѐ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески", на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" и на Институтот за македонска литертура. Но, и на Министерството за култура и на Министерството за образование и наука, кои овозможија финансиска поддршка за дел од активностите кои ги остваривме во годинава што останува зад нас. Искрено, се надеваме дека во 2023 година, поддршката може и треба да е и посилна и поголема, затоа што афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ светот мора да е наш државен приоритет за кој секој ќе го даде својот влог.

Речиси секојдневно ја цитираме мислата на Блаже Конески дека „јазикот е нашата единствена комплетна татковина". Дел од долгот и обврската што ги имаме кон таа наша татковина е да сториме сè што можеме на македонски јазик, но и на сите други јазици на кои говорат странските посветеници на македонистиката, нашата македонска приказна да се раскажува ширум светот.

Посакувам во следните 365 дена, на сите да ни се исполнат желбите коишто силно и искрено ги посакуваме. Меѓу нив, и нашата заедничка желба, која чинам е најсилна – во годината што е пред нас, заедно со странските македонисти и слависти и со странските универзитетски и научни центри да започнеме уште едно ново, моќно поглавје од нашата приказна со кое македонскиот збор уште посилно ќе одекне низ светот.

The post „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“ за македонскиот јазик, литература и култура? appeared first on Република.

]]>

Директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска вели дека е вистинско време Семинарот да го постави Мисирковото прашање: „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?" за македонскиот јазик, литература и култура и нивната афирмација во светот. Таа потсетува и на мислата на Блаже Конески дека „јазикот е нашата единствена комплетна татковина" Во својата новогодишна порака до јавноста Мојсова-Чепишевска прашува и што направивме за нашата македонска приказна која ја раскажуваме на странските универзитетски центри и воопшто во странските културни средини... Тоа ни е и обврска кон нашите претходници кои ги поставија темелите на македонистиката, пред странските македонисти и слависти кои заедно со нас, таа приказна ја раскажуваат низ светот, но и пред генерациите што остануваат и доаѓаат по нас, заради кои мора да мислиме „шчо требит да праиме за однапред", вели таа. Понатаму Мојсова Чепишевска вели: „Во годината што ја оставаме зад нас ни се случи јубилејната, 55. Летна школа, со околу 60 учесници од 17 држави, а меѓу нив, покрај универзитетските професори и значајни истражувачи од славистичкиот свет и истакнатите книжевни преведувачи беа и нови, млади посветеници на македонистиката. Тие се една од гаранциите дека во годините пред нас, македонската приказна уште повеќе ќе се раскажува низ светот. А за да им овозможиме да ја раскажуваат снажно и автентично и мошне важно, за приказната да е втемелена во знаење, како што нè учеше и Горан Стефановски, објавивме и нови изданија на учебниците за македонски јазик, литература и култура за странци, подготвени според меѓународните стандарди, како и прв аудио-учебник – за да може не само да се прочита, туку и да се чуе и разбере македонскиот збор. Колкава е моќта на научната вистина за македонистиката се потврди и на Втората зимска школа што ја организиравме на далечина и на 49. Меѓународна научна конференција посветена ма македонскиот јазик, литература и култура. Но, и секојдневно се потврдува во наставата и научната работа на над 20 странски универзитетски центри во светот на кои се изучува македонистиката, од кои во повеќе од 10 има и лекторати по македонски јазик. Токму од оваа 2022 година, бројот на универзитетски центри и лекторати е и поголем. Се отвори и Катедра за македонски јазик и Лекторат по македонски јазик на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет во Турција. Веќе се направија и последните подготовки и за отпочнување настава и учење на македонскиот јазик на престижниот Факултет за странски јазици на Универзитетот во Пекинг. Со Лекторат по македонски јазик, македонската приказна ќе се раскажува и во Кина. Но, не запираме тука – оствареното ни дава верба, надеж и сили и натаму да препознаваме каде сѐ има интерес да се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура и да се заложиме македонската приказна да почне да се раскажува и на други универзитетски центри во светот. Во оваа 2022 година, кога одбележавме и 60 години македонистика на Универзитетот во Љубљана и кога меѓу другото се успеа македонскиот јазик да можат да го изучуваат и сите студенти на Истанбулскиот универзитет каде македонистиката се изучува непрекинато 36 години, ни се случија и бројни книжевни преводи од македонски јазик со влог на некогашни и сегашни студенти од нашите лекторати низ светот и учесници на нашите школи, но и бројни нови научни трудови и монографски публикации од странски македонисти. Дали направивме доволно, најверојатно ќе покаже времето пред нас, но знаеме дека го сторивме сето она што можевме не само за да се раскажува и покажува нашата приказна, туку и за да се случи нејзино следно поглавје. За тоа поглавје ќе работиме и во 2023 година. Силна е желбата повторно да се отвори Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана, но и барем да започнат одредени активности за лекторати и на други универзитетски центри во странски културни средини во кои има интерес за македонскиот збор и македонската мисла. Во 2023. ќе се одржи и јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ. Научна конференција со најдолга традиција во нашата држава, а воедно и научна конференција за јазик, национална литература и култура со најдолга традиција во регионот! И тоа во годината кога ќе се навршат 100 години од раѓањето на знаменитиот поет на нашата приказна, Ацо Шопов, заради што и Научната конференција ќе биде и во чест на неговото дело. Исто како и Третата зимска школа и 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, коишто ќе ги организираме во 2023 година. Токму со Зимската школа, за која веќе има голем интерес кај странските македонисти и слависти, чествувањето и новото навраќање кон делото на Шопов ќе го започнеме уште кон крајот на јануари, со посакување годината да ја завршиме и со преводи од неговото творештво на повеќе странски јазици преку кои македонската поетска реч уште еднаш ќе одекне низ светот. Но, во годината што е пред нас ќе се случат и други јубилеи значајни за странската македонистика. Меѓу нив и половина век македонски јазик, литература и култура на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, и тоа откако во 2022 година, македонистиката доби статус на ретка научна дисциплина во Франција, со што се гарантира нејзината заштита и самостојност. Ама и 35 години македонистика на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска, и исто толку години на унгарскиот универзитет ЕЛТЕ во Будимпешта и 15 години на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, кој заедно со Филозофскиот факултет во Загреб е еден од центрите на македонистиката во Хрватска. Ама сето остварено досега и сето она што го планираме и посакуваме да се оствари и „шчо требит да праиме за однапред" не би било остварилово без влогот на странските македонисти и слависти кои се најважните раскажувачи на македонската приказна во светот. Затоа, и во овие празнични мигови, должни сме да им упатиме благодарност. Во исто време, благодарност упатуваме и до најголемиот поддржувач на активностите и заложбите на МСМЈЛК при УКИМ, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и до ректорската управа. Затоа што ако зад секоја иницијатива и активност на МСМЈЛК при УКИМ не стои и Универзитетот, нашата мисија не би можела да се остварува или барем не онака како што ја остваруваме. Благодарни сме и на институциите што ја препознаваат нашата мисија и ни овозможија поддршка во 2022 година, кога ни беше потребна, пред сѐ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески", на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" и на Институтот за македонска литертура. Но, и на Министерството за култура и на Министерството за образование и наука, кои овозможија финансиска поддршка за дел од активностите кои ги остваривме во годинава што останува зад нас. Искрено, се надеваме дека во 2023 година, поддршката може и треба да е и посилна и поголема, затоа што афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ светот мора да е наш државен приоритет за кој секој ќе го даде својот влог. Речиси секојдневно ја цитираме мислата на Блаже Конески дека „јазикот е нашата единствена комплетна татковина". Дел од долгот и обврската што ги имаме кон таа наша татковина е да сториме сè што можеме на македонски јазик, но и на сите други јазици на кои говорат странските посветеници на македонистиката, нашата македонска приказна да се раскажува ширум светот. Посакувам во следните 365 дена, на сите да ни се исполнат желбите коишто силно и искрено ги посакуваме. Меѓу нив, и нашата заедничка желба, која чинам е најсилна – во годината што е пред нас, заедно со странските македонисти и слависти и со странските универзитетски и научни центри да започнеме уште едно ново, моќно поглавје од нашата приказна со кое македонскиот збор уште посилно ќе одекне низ светот.  

The post „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“ за македонскиот јазик, литература и култура? appeared first on Република.

]]>
Мојсова-Чепишевска: Скопје е величествен феномен на македонскиот дух – да го направиме центар на светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mojsova-chepishevska-skopje-e-velichestven-fenomen-na-makedonskiot-duh-da-go-napravime-centar-na-svetot/ Mon, 14 Nov 2022 09:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=573550

Сите ние сакаме да го направиме Скопје средиште, центар не само на Македонија, туку на светот. Или средиштето на светот да го поместиме или сместиме токму во нашето Скопје. Центарот, особено во последно време, е престижна категорија, па во тој конктекст и борбата за центарот станува премногу актуелна, зашто таа прераснува во борба за престиж, за статусен карактер, за статусни предиспозиции. А, Скопје е величествен феномен на македонскиот дух и на сите оние што живеат во него. Затоа не е воопшто иссилено кога велиме дека низ зборот „скопјанец“ одекнува ехото „човек“!

Ова, меѓу другото, синоќа го истакна добитничката на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2022 година, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, во обраќањето од името на добитниците на високото признание, на синоќешната свеченост во Националната опера и балет на која беше врачена наградата, по повод 78-годишнината од ослободувањето на главниот град. Таа потсети на значењето на историскиот 13 Ноември, кога нашите победници беа пречекани на улиците на Скопје со китки трендафили, но и на она што не треба да се заборави и што може да се стори денес.

 – Да не заборавиме дека тој 13 Ноември му го овозможи овој растеж на Скопје, но и нам, на сите скопјани. И на овој 13 ноември 2022 година можеме и вака да се сеќаваме на тој 13 ноември, читајќи ги зборовите на Гане Тодоровски: „Мојот град го отпочна својот нов живот во оној замаглен и подзаснежнет бурен ден, ноемвриски ден, тринаесети по ред, во годината 1944, кога за првпат во историјата на неговите улици зачекори Слободата. Оттогаш па наваму живее Скопје живот на забревтан, заитан, полн со енергија град, затоа што во таа разгрната живеачка се заложени животите на недоброј негови најчисти вљубеници, гладни за живот, жедни за слобода. Искрено се надевам дека и ние досега сме дале свој печат во раснењето на Скопје. Дека и ние сме некои гладни за живот и жедни за слобода. Впрочем, потврда за тоа е и оваа награда, нагласи Мојсова-Чепишевска.

Изразувајќи благодарност за признанието од името на добитниците, таа истакна дека наградата „13 Ноември“ ги обврзува на уште поголем, и личен и општествен влог во периодот што доаѓа.

 – Наградата е наша обврска за работење за уште подобро Скопје. Само така ќе можеме со мирно срце да им го оставиме на нашите деца, за и тие да го сакаат и унапредуваат. И да ја умножат нашата страст за поубаво Скопје, нагласи Мојсова-Чепишевска, на која наградата „13 Ноември“ ѝ е доделена за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата.

 Во обраќањето, таа потсети и на книжевното Скопје, од творештвото на Гане Тодоровски, Влада Урошевиќ и Томислав Османли.

– Го сакам Скопје. Секогаш ме возбудува она обично градско секојдневие кое ми го открива чудесното во смисла и на онаа бодлеровска или aполинерова потрага по новото и непознатото. Го сакам и она книжевно и уметничко Скопје т.е. Скопје што живее во книгата и во уметноста, Скопје е мојата ДНК.  „Скопје, Те гушкаме..“ , посочи професорката, осврнувајќи се и на детството и младоста поврзани со некогашниот Дом на младите „25 Мај“, сега Младински културен центар и навивањето за „Вардар“, кои се и дел од величенствените скопјани за 2022 година.

Град Скопје синоќа, по повод Денот на ослободувањето на градот, ги додели наградите „13 Ноември“ за 2022 година, на годинашните добитници на свеченост во Националната опера и балет за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, за посебен придонес за развојот на градот Скопје и неговиот севкупен напредок и афирмација во земјава и во светот. Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за афирмација и напредок на градот Скопје.

The post Мојсова-Чепишевска: Скопје е величествен феномен на македонскиот дух – да го направиме центар на светот appeared first on Република.

]]>

Сите ние сакаме да го направиме Скопје средиште, центар не само на Македонија, туку на светот. Или средиштето на светот да го поместиме или сместиме токму во нашето Скопје. Центарот, особено во последно време, е престижна категорија, па во тој конктекст и борбата за центарот станува премногу актуелна, зашто таа прераснува во борба за престиж, за статусен карактер, за статусни предиспозиции. А, Скопје е величествен феномен на македонскиот дух и на сите оние што живеат во него. Затоа не е воопшто иссилено кога велиме дека низ зборот „скопјанец“ одекнува ехото „човек“! Ова, меѓу другото, синоќа го истакна добитничката на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2022 година, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, во обраќањето од името на добитниците на високото признание, на синоќешната свеченост во Националната опера и балет на која беше врачена наградата, по повод 78-годишнината од ослободувањето на главниот град. Таа потсети на значењето на историскиот 13 Ноември, кога нашите победници беа пречекани на улиците на Скопје со китки трендафили, но и на она што не треба да се заборави и што може да се стори денес.
 – Да не заборавиме дека тој 13 Ноември му го овозможи овој растеж на Скопје, но и нам, на сите скопјани. И на овој 13 ноември 2022 година можеме и вака да се сеќаваме на тој 13 ноември, читајќи ги зборовите на Гане Тодоровски: „Мојот град го отпочна својот нов живот во оној замаглен и подзаснежнет бурен ден, ноемвриски ден, тринаесети по ред, во годината 1944, кога за првпат во историјата на неговите улици зачекори Слободата. Оттогаш па наваму живее Скопје живот на забревтан, заитан, полн со енергија град, затоа што во таа разгрната живеачка се заложени животите на недоброј негови најчисти вљубеници, гладни за живот, жедни за слобода. Искрено се надевам дека и ние досега сме дале свој печат во раснењето на Скопје. Дека и ние сме некои гладни за живот и жедни за слобода. Впрочем, потврда за тоа е и оваа награда, нагласи Мојсова-Чепишевска.
Изразувајќи благодарност за признанието од името на добитниците, таа истакна дека наградата „13 Ноември“ ги обврзува на уште поголем, и личен и општествен влог во периодот што доаѓа.
 – Наградата е наша обврска за работење за уште подобро Скопје. Само така ќе можеме со мирно срце да им го оставиме на нашите деца, за и тие да го сакаат и унапредуваат. И да ја умножат нашата страст за поубаво Скопје, нагласи Мојсова-Чепишевска, на која наградата „13 Ноември“ ѝ е доделена за монографската публикација „Конески како тестамент“ и континуираните остварувања во областа на културата.
 Во обраќањето, таа потсети и на книжевното Скопје, од творештвото на Гане Тодоровски, Влада Урошевиќ и Томислав Османли.
– Го сакам Скопје. Секогаш ме возбудува она обично градско секојдневие кое ми го открива чудесното во смисла и на онаа бодлеровска или aполинерова потрага по новото и непознатото. Го сакам и она книжевно и уметничко Скопје т.е. Скопје што живее во книгата и во уметноста, Скопје е мојата ДНК.  „Скопје, Те гушкаме..“ , посочи професорката, осврнувајќи се и на детството и младоста поврзани со некогашниот Дом на младите „25 Мај“, сега Младински културен центар и навивањето за „Вардар“, кои се и дел од величенствените скопјани за 2022 година.
Град Скопје синоќа, по повод Денот на ослободувањето на градот, ги додели наградите „13 Ноември“ за 2022 година, на годинашните добитници на свеченост во Националната опера и балет за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, за посебен придонес за развојот на градот Скопје и неговиот севкупен напредок и афирмација во земјава и во светот. Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за афирмација и напредок на градот Скопје.

The post Мојсова-Чепишевска: Скопје е величествен феномен на македонскиот дух – да го направиме центар на светот appeared first on Република.

]]>
Пендаровски на средба со Весна Мојсова – Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pendarovski-na-sredba-so-vesna-mojsova-chepishevska-direktorka-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik-literatura-i-kultura/ Tue, 26 Apr 2022 12:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=493832

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими д-р Весна Мојсова – Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

На средбата се разговараше за активностите во однос на работењето на лекторатите по македонски јазик, како и за плановите за проширување на мрежата на лекторати.

Директорката Мојсова – Чепишевска го информираше претседателот Пендаровски за подготовките за одржување на 55-тата Летна школа на семинарот.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на Меѓународниот семинар во проучувањето и изучувањето на македонскиот јазик и неговата афирмација во светот

The post Пендаровски на средба со Весна Мојсова – Чепишевска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура appeared first on Република.