Весна Јаневска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesna-janevska/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 15:02:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Весна Јаневска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesna-janevska/ 32 32 Јаневска: Оптимизацијата на училишната мрежа значи подобро образование за учениците и функционален ангажман за наставниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-optimizatsijata-na-uchilishnata-mrezha-znachi-podobro-obrazovanie-za-uchenitsite-i-funktsionalen-angazhman-za-nastavnitsite/ Fri, 29 Nov 2024 18:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=843159

Оптимизацијата на училишната мрежа ќе им овозможи подобро образование на учениците и со неа сите добиваат – старите училишни згради ќе може да се пренаменат за потребите на средината а наставниците ќе можат да добијат друг ангажман и да останат функционални, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на прашање при посетата на средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола.

Не значи дека учениците ќе останат без образование ако затвориме училиште, ниту значи дека наставниците нема да бидат искористени во образовниот процес. Праќам порака до родителите дека превозот ќе биде организиран, децата ќе им бидат во поголема средина, каде ќе стекнуваат животни видувања, знаења и компетенции во помодерно училиште. Ќе видат смарт-табла, ќе видат различни наставници, ќе има со кого да се натпреваруваат. Ако во една рурална средина има комбинирана паралелка од пет ученици, не можеме да очекуваме резултат. Затоа велиме – децата ќе ги однесеме во соодветните класови во посовремено училиште, кадешто ќе добијат соодветно знаење, кадешто ќе останат подолго во училиште, за да можат да се приближат со знаењата на учениците од ЕУ“, рече Јаневска.

Во однос на наставниците, министерката појасни дека за нив се подготвува нов закон, што очекува да се донесе во текот на првите три месеци од следната година.

Имаме вишок наставници во државата и тоа мора јавно да се каже. До скоро велев 3.000 но таа бројка расте, затоа што луѓето се иселуваат. Заедно со родителите си одат и младите. Наставникот треба да биде функционален. Затоа, ќе ги задржиме децата подолго во училиште, од 8 до 16 часот. Од прво до петто одделение во целодневна настава, што значи едно одделение со две наставнички. За повисоките класови, од 6. до 9. одделение, по завршувањето на редовните часови ќе има други наставни и воннаставни активности и општествено-корисна работа. Ова се спроведува во Европа и е многу значајно – децата да стекнат реални сознанија каков е животот надвор од училиштето и од семејството, да стекнат емпатија, да стекнат животни вештини, за што ќе бидат ангажирани дел од наставниците“, посочи Јаневска.

Рече дека дел од наставниците ќе може да се ангажираат со децата со посебни образовни потреби, за кои има недостаток на образовни асистенти.

Има непополнети места во мрежата на просветни инспектори. Исто така, Државниот испитен центар работи со минимални капацитети, Бирото за развој на образованието во изминатите години ја изгуби својата базична улога, да ги советува и обучува наставниците, таму секако ќе требаат искусни и квалитетни наставници кои ќе ги подучуваат младите. Има многу можности каде можеме да им најдеме функција на наставниците, и тоа ќе го правиме“, рече министерката.

Укажа дека во поголемите градови има проблем за едносменска и целодневна настава затоа што нема соодветна инфраструктура, како на пример во Битола, каде можеби ќе треба да се изградат уште едно до две училишта, а таков пример е и Скопје, каде треба да се доградуваат училници и нови училишта. Додаде дека не може инфраструктурните проблеми да се решат за кусо време, но колку повеќе деца и млади почнат да учат во подобри услови, толку поголем ќе биде успехот на државата, а тоа значи и толку повеќе задоволни ученици, родители и наставници.

The post Јаневска: Оптимизацијата на училишната мрежа значи подобро образование за учениците и функционален ангажман за наставниците appeared first on Република.

]]>

Јаневска: Студентскиот дом „Пелагонија“ со ново раководство ќе се доведе во ред https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-studentskiot-dom-pelagonija-so-novo-rakovodstvo-ke-se-dovede-vo-red/ Fri, 29 Nov 2024 15:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=843168

Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје има ново раководство и ќе биде доведен во ред, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. На прес-конференција во Битола, таа рече дека проблемот во овој студентски дом е многу сериозен.

Ние домот го затекнавме со долг од 34 милиони денари. Во овој момент правиме обиди на вработените да им исплатиме плата. Неколку дена има ново раководство, предводено од жена која, се надевам дека како мајка и енергична жена, ќе почне да го доведува домот во ред. Основно е да се обезбедат топла вода, исхрана на студентите и чекор по чекор да се средува понатаму, изјави Јаневска.

Во однос на реконструкцијата на државните домови, министерката соопшти дека „ Министерството комплетно ќе го реконструира и студентскиот дом во Битола, откако ќе заврши реконструкцијата на двата студентски дома во Скопје“.

За жал, претходно направените пресметки велеа дека со средствата што се обезбедени ќе можат да се реконструираат сите студентски домови во државата, но тоа не е точно и тие се доволни само за двата почнати студентски дома. Оваа Влада обезбеди дополнителен заем за да ги реконструираме сите студентски домови и ќе ги реконструираме сите, но и ученичките домови ќе дојдат на ред за сите да имаат пристојни услови за живот и за учење, рече Јаневска при посетата на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола, кое беше промовирано во Регионален центар за стручно образование во Пелагонија.

На новинарско прашање во врска со појавата на сегрегација во одредени основни училишта низ државата, министерката истакна дека проблемот ќе биде надминат со промени во Законот за основно образование.

Познато е дека нашата држава доби пресуда од Судот во Стразбур за сегрегација на Ромите во Битола и во Штип. Сакам да потенцирам дека државата не прави сегрегација туку физичкото одделување на одделни етникуми, во конкретниот случај ромскиот и македонскиот, е резултат на традиционално живеење во Македонија, и тоа треба да се земе предвид. Ние се обидуваме на Судот во Стразбур тоа да им го објасниме. Но, секако, преземаме и одредени мерки и во новиот Закон за основно образование кој треба да го донесе Собранието и ќе треба да влезе во сила по нова година. Ние бараме да се донесат промени за реонизацијата во одделни градови, не само во Штип и Битола, потоа ќе се забрани префрлање од едно во друго училиште, освен ако семејството се преселило со место на живеење на друга адреса и друго. На овој начин полека овој проблем го решаваме и верувам дека нема да биде горлив во иднина, истакна министерката Јаневска.

The post Јаневска: Студентскиот дом „Пелагонија“ со ново раководство ќе се доведе во ред appeared first on Република.

Битолското средно училиште „Ѓорѓи Наумов“ ќе биде седмиот регионален центар за стручно образование и обука под надлежност на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitolskoto-sredno-uchilishte-gorgi-naumov-ke-bide-sedmiot-regionalen-tsentar-za-struchno-obrazovanie-i-obuka-pod-nadlezhnost-na-drzhavata/ Fri, 29 Nov 2024 14:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=843165

Битолското средно техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ ќе биде седмото училиште што ќе се трансформира во регионален центар за стручно образование и обука и ќе премине во надлежност на Министерството за образование и наука. Одлуката е донесена врз основа на направена анализа на сите училишта во пелагонискиот плански регион и констатирано е дека токму ова ги исполнува предусловите да прерасне во државна образовна установа која ќе реализира, промовира и ќе придонесува за развојот на стручно образование и обука.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која денеска беше во посета на општина Битола, потенцирајќи дека процесот на трансформација ќе потрае, затоа што неопходно е инвестирање во инфраструктурните услови и во нова опрема, како и дефинирање на струките и профилите ќе бидат застапени во иднина, а согласно развојот на индустријата во регионот.

Ова е седмото општинско училиште кое прераснува во регионален центар за стручно образование и обука, а планирано е да бидат отворени вкупно осум, во секој од планските региони да има еден ваков центар. До крајот на годината ќе донесеме одлука и за уште едно училиште, а потоа ќе се фокусираме на инвестициите, за кои имаме доволно буџет и голема поддршка од Европската унија, рече Јаневска.

Министерката информираше дека два регионални центри – „Киро Бурназ“ во Куманово и „Ванчо Питошески“ во Охрид се целосно реконструирани, набавен е најголемиот дел од опремата – клупи, столчиња, канцелариски мебел, полици и слично за што, вложени се 9 милиони денари, а во моментов се набавува и механизација потребна за реализација на практична настава.

„Третото училиште – „Моша Пијаде“ во Тетово е во процес на темелна реконструкција, која се одвива етапно во објектите во склоп на училиштето и очекувам најголемиот објект да го пуштиме во употреба во првата половина на декември. Се вложуваат над 250 милиони денари“, додаде Јаневска.

За училиштата „Коле Нехтенин во Велес и „Никола Карев“ во Струмица, за кои исто така е донесена одлука да станат регионални центри за стручно образование и обука, рече дека со инвестициски активности ќе бидат опфатени следната година.

Согласно Планот за раст и Реформската агенда, процесот на трансформација ќе биде целосно заокружен до крајот на 2027 година. Околу 400 милиони денари добиваме од ЕУ, а секако и државата ќе обезбеди и дополнителни средства доколку е потребно, за да може планираното да се оствари“, потенцираше министерката за образование.

The post Битолското средно училиште „Ѓорѓи Наумов“ ќе биде седмиот регионален центар за стручно образование и обука под надлежност на државата appeared first on Република.

]]>

Битолското средно техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ ќе биде седмото училиште што ќе се трансформира во регионален центар за стручно образование и обука и ќе премине во надлежност на Министерството за образование и наука. Одлуката е донесена врз основа на направена анализа на сите училишта во пелагонискиот плански регион и констатирано е дека токму ова ги исполнува предусловите да прерасне во државна образовна установа која ќе реализира, промовира и ќе придонесува за развојот на стручно образование и обука. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која денеска беше во посета на општина Битола, потенцирајќи дека процесот на трансформација ќе потрае, затоа што неопходно е инвестирање во инфраструктурните услови и во нова опрема, како и дефинирање на струките и профилите ќе бидат застапени во иднина, а согласно развојот на индустријата во регионот.
Ова е седмото општинско училиште кое прераснува во регионален центар за стручно образование и обука, а планирано е да бидат отворени вкупно осум, во секој од планските региони да има еден ваков центар. До крајот на годината ќе донесеме одлука и за уште едно училиште, а потоа ќе се фокусираме на инвестициите, за кои имаме доволно буџет и голема поддршка од Европската унија, рече Јаневска.
Министерката информираше дека два регионални центри – „Киро Бурназ“ во Куманово и „Ванчо Питошески“ во Охрид се целосно реконструирани, набавен е најголемиот дел од опремата – клупи, столчиња, канцелариски мебел, полици и слично за што, вложени се 9 милиони денари, а во моментов се набавува и механизација потребна за реализација на практична настава. „Третото училиште – „Моша Пијаде“ во Тетово е во процес на темелна реконструкција, која се одвива етапно во објектите во склоп на училиштето и очекувам најголемиот објект да го пуштиме во употреба во првата половина на декември. Се вложуваат над 250 милиони денари“, додаде Јаневска. За училиштата „Коле Нехтенин во Велес и „Никола Карев“ во Струмица, за кои исто така е донесена одлука да станат регионални центри за стручно образование и обука, рече дека со инвестициски активности ќе бидат опфатени следната година.
Согласно Планот за раст и Реформската агенда, процесот на трансформација ќе биде целосно заокружен до крајот на 2027 година. Околу 400 милиони денари добиваме од ЕУ, а секако и државата ќе обезбеди и дополнителни средства доколку е потребно, за да може планираното да се оствари“, потенцираше министерката за образование.

The post Битолското средно училиште „Ѓорѓи Наумов“ ќе биде седмиот регионален центар за стручно образование и обука под надлежност на државата appeared first on Република.

]]>
Сериозни индиции за криминал во ученичките и студентските домови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/seriozni-inditsii-za-kriminal-vo-uchenichkite-i-studentskite-domovi/ Thu, 28 Nov 2024 18:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=842897

Катастрофална е состојбата која ја затекнавме во поголем дел од ученичките и студентските домови, а создадена во време на претходната Влада. Во некои од домовите има сериозни индиции за криминал и ќе поведеме соодветни постапки за да се побара одговорност од досегашните директори, рече министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

„Ќе го посочам студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, каде нема топла вода и храна, а вработените не земале плата, затоа што создаден е долг од 34 милиони денари. Но, спречивме целосен колапс, интервентно издвоивме 5 милиони денари, за да можат да се исплатат барем платите и да се обезбеди здравствено осигурување“, рече Јаневска.

Таа посочи дека и државниот ревизор констатирал доста забелешки за работењето на претходната Влада во делот на ученичкиот и студентскиот стандард.

„Откриен е и случај во кој директор на дом купувал пилешко месо на големо по цена од 570 денари за килограм, иако малопродажната цена во маркетите била 270 денари и децата повторно реагирале дека не добивале доволна количина на храна“, информираше министерката.

Потенцираше и дека се срами од условите кои ги видела во ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес, каде капацитетот од 300 легла е пополнет само со 100 студенти, затоа што најголем дел од собите се тотално руинирани, како и санитарните јазли.

„За 5 месеци направивме многу повеќе отколку претходната Влада за 7 години. Но, не може сé одеднаш. Продолжуваме да работиме во интерес на младите и за нив ќе обезбедуваме доволно средства“, рече Јаневска.

The post Сериозни индиции за криминал во ученичките и студентските домови appeared first on Република.

Јаневска: На Е-влада ќе биде доставен новиот закон за Националната рамка на квалификации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-na-e-vlada-ke-bide-dostaven-noviot-zakon-za-natsionalnata-ramka-na-kvalifikatsii/ Thu, 28 Nov 2024 17:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=842886

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска одговорајќи на пратеничко прашање во Собранието во врска со подобрување на образовниот систем, информираше дека деновиве на Е-влада ќе биде доставен новиот закон за Националната рамка на квалификации. Јаневска се надева дека многу брзо Собранието ќе може да го донесе.

На пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче во однос на можната дискриминација на студентите кои имаат 180 и оние кои имаат 240 кредити, Јаневска потсети дека како Министерство, на студентите со 180 кредити им дозволиле да конкурираат за стипендии за постдипломски студии во траење од две години.

– Не би се согласила дека се дискриминирани студентите со 180 и оние со 240 кредити. Еве една мерка која како Министерство за образование ја преземавме, е што на студентите со 180 кредити им дозволивме да конкурираат за стипендии за постдипломски во траење од две години, за да можат да го дооформат своето целокупно знаење, а оние со 240 кредити можат да конкурираат за едногодишни постдипломски студии. Во одредени системски закони точно е дефинирано каде можат и што можат да работат студентите со 180 кредити и со 240 кредити, рече Јаневска.

Таа напомена дека овој Закон е во надлежност и на Министерството за економија и труд.

The post Јаневска: На Е-влада ќе биде доставен новиот закон за Националната рамка на квалификации appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска одговорајќи на пратеничко прашање во Собранието во врска со подобрување на образовниот систем, информираше дека деновиве на Е-влада ќе биде доставен новиот закон за Националната рамка на квалификации. Јаневска се надева дека многу брзо Собранието ќе може да го донесе. На пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче во однос на можната дискриминација на студентите кои имаат 180 и оние кои имаат 240 кредити, Јаневска потсети дека како Министерство, на студентите со 180 кредити им дозволиле да конкурираат за стипендии за постдипломски студии во траење од две години.
– Не би се согласила дека се дискриминирани студентите со 180 и оние со 240 кредити. Еве една мерка која како Министерство за образование ја преземавме, е што на студентите со 180 кредити им дозволивме да конкурираат за стипендии за постдипломски во траење од две години, за да можат да го дооформат своето целокупно знаење, а оние со 240 кредити можат да конкурираат за едногодишни постдипломски студии. Во одредени системски закони точно е дефинирано каде можат и што можат да работат студентите со 180 кредити и со 240 кредити, рече Јаневска.
Таа напомена дека овој Закон е во надлежност и на Министерството за економија и труд.

The post Јаневска: На Е-влада ќе биде доставен новиот закон за Националната рамка на квалификации appeared first on Република.

]]>
Во 25 училишта во Македонија ќе се презентира францускиот јазик кај родителите со цел да се поттикне изучувањето кај учениците, кажа министерката Јаневска на потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка помеѓу МОН и Амбасадата на Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-25-uchilishta-vo-makedonija-ke-se-prezentira-frantsuskiot-jazik-kaj-roditelite-so-tsel-da-se-pottikne-izuchuvaneto-kaj-uchenitsite-kazha-ministerkata-janevska-na-potpishuvaneto-na-aneksot-na-memora/ Thu, 21 Nov 2024 12:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=840370

Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен интерес. Покрај поттикот за негување на историската традиција и присуството на францускиот јазик кај нас, членството на Македонија во Меѓународната организација на Франкофонијата го гледаме и како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, како и на сите вредности на современото македонско општество - мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста. Францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина.

Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Амбасадата на Франција, со кој дополнително се поттикнува изучувањето на францускиот јазик во нашиот образовен систем.

Подготовката на младите, рече Јаневска, со знаења и вештини кои ќе одговорат на идни потреби, и покрај технолошкиот напредок, сé уште вклучува знаење на странски јазици како алатка која ги поврзува со нови култури, перспективи и можности.

Во Анексот се наведени 25 училишта во целата држава каде ќе се одвиваат средби за презентација на францускиот јазик кај родителите, како и часови за учениците, насочени кон откривање на можностите што ги нуди изучувањето на францускиот јазик.

„Министерство за образование и наука, како креатор на политики, ја промовира посветеноста кон јазична различност, а францускиот јазик се изучува во основното, средното и високото образование. Посебно се видливи франкофонските билингвални паралелки во средните училишта“, додаде министерката.

Како резултат на соработката со амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, со Меѓународната организација на Франкофонија и со Регионалното биро за централна и источна Европа, веќе четврт век се организира Летниот регионален семинар во Струга, педагошка обука која обединува на едно место професори по француски јазик од повеќе земји во регионот. Професори по француски јазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик, можат да учествуваат и на летни обуки во Франција.

Министерката Јаневска нагласи дека секогаш е можно постојната соработка да се издигне на уште повисоко ниво, па затоа и во иднина двете страни ќе разговараат за нови заеднички иницијативи.

The post Во 25 училишта во Македонија ќе се презентира францускиот јазик кај родителите со цел да се поттикне изучувањето кај учениците, кажа министерката Јаневска на потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка помеѓу МОН и Амбасадата на Франција appeared first on Република.

]]>

Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен интерес. Покрај поттикот за негување на историската традиција и присуството на францускиот јазик кај нас, членството на Македонија во Меѓународната организација на Франкофонијата го гледаме и како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, како и на сите вредности на современото македонско општество - мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста. Францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Амбасадата на Франција, со кој дополнително се поттикнува изучувањето на францускиот јазик во нашиот образовен систем. Подготовката на младите, рече Јаневска, со знаења и вештини кои ќе одговорат на идни потреби, и покрај технолошкиот напредок, сé уште вклучува знаење на странски јазици како алатка која ги поврзува со нови култури, перспективи и можности. Во Анексот се наведени 25 училишта во целата држава каде ќе се одвиваат средби за презентација на францускиот јазик кај родителите, како и часови за учениците, насочени кон откривање на можностите што ги нуди изучувањето на францускиот јазик. „Министерство за образование и наука, како креатор на политики, ја промовира посветеноста кон јазична различност, а францускиот јазик се изучува во основното, средното и високото образование. Посебно се видливи франкофонските билингвални паралелки во средните училишта“, додаде министерката. Како резултат на соработката со амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, со Меѓународната организација на Франкофонија и со Регионалното биро за централна и источна Европа, веќе четврт век се организира Летниот регионален семинар во Струга, педагошка обука која обединува на едно место професори по француски јазик од повеќе земји во регионот. Професори по француски јазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик, можат да учествуваат и на летни обуки во Франција. Министерката Јаневска нагласи дека секогаш е можно постојната соработка да се издигне на уште повисоко ниво, па затоа и во иднина двете страни ќе разговараат за нови заеднички иницијативи.

The post Во 25 училишта во Македонија ќе се презентира францускиот јазик кај родителите со цел да се поттикне изучувањето кај учениците, кажа министерката Јаневска на потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка помеѓу МОН и Амбасадата на Франција appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Срамота е главниот град да им оневозможи на учениците да добијат образование, апелирам итно да се најде решение за јавниот превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-sramota-e-glavniot-grad-da-im-onevozmozhi-na-uchenitsite-da-dobijat-obrazovanie-apeliram-itno-da-se-najde-reshenie-za-javniot-prevoz/ Thu, 21 Nov 2024 10:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=840300

Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелира до градските власти под итно да најдат соодветно решение за јавниот градски превоз. Според анализата на Министерството за образование и наука од Е-дневник, како што изјави денеска Јаневска, нема значајна разлика во отсуствата на учениците.

Претпоставувам дека учениците и родителите се организираат најдобро што можат нивните деца да стигнат во училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град да им се онезвоможи на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право со Устав. Се надевам дека ќе се најде решение за оваа ситуација затоа што е недозволиво сите напори што ги правиме, промените што се обидуваме да ги спроведеме за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат на некој начин спречувани заради неорганизираност на градските власти. Се надевам дека градските власти сериозно ќе ја сфатат оваа ситуација и под итно ќе најдат соодветно решение, изјави Јаневска пред почетокот на потпишувањето на Анексот на меморандумот за соработка меѓу МОН и Амбасадата на Франција.

Јаневска дава поддршка и на студентите кои најавија дека утре ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје доколку не се најде решение со јавниот превоз.

Апсолутно се во право, имаат право својот револт на соодветен начин да го изразат и ако ова е единствениот начин да најдат решение, јас ги поддржувам, рече Јаневска.

Проблемите со јавниот градски превоз кулминираа вчера откако најголем дел од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие не возеа поради недостиг на гориво. Во сообраќај беа пуштени само 25 автобуси кои работат на гас.

За денеска во 18 часот е закажана вонредна сендица на Советот на Град Скопје, а дел од политичките партии побараа оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсоваска.

The post Јаневска: Срамота е главниот град да им оневозможи на учениците да добијат образование, апелирам итно да се најде решение за јавниот превоз appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелира до градските власти под итно да најдат соодветно решение за јавниот градски превоз. Според анализата на Министерството за образование и наука од Е-дневник, како што изјави денеска Јаневска, нема значајна разлика во отсуствата на учениците.
Претпоставувам дека учениците и родителите се организираат најдобро што можат нивните деца да стигнат во училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град да им се онезвоможи на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право со Устав. Се надевам дека ќе се најде решение за оваа ситуација затоа што е недозволиво сите напори што ги правиме, промените што се обидуваме да ги спроведеме за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат на некој начин спречувани заради неорганизираност на градските власти. Се надевам дека градските власти сериозно ќе ја сфатат оваа ситуација и под итно ќе најдат соодветно решение, изјави Јаневска пред почетокот на потпишувањето на Анексот на меморандумот за соработка меѓу МОН и Амбасадата на Франција.
Јаневска дава поддршка и на студентите кои најавија дека утре ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје доколку не се најде решение со јавниот превоз.
Апсолутно се во право, имаат право својот револт на соодветен начин да го изразат и ако ова е единствениот начин да најдат решение, јас ги поддржувам, рече Јаневска.
Проблемите со јавниот градски превоз кулминираа вчера откако најголем дел од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие не возеа поради недостиг на гориво. Во сообраќај беа пуштени само 25 автобуси кои работат на гас. За денеска во 18 часот е закажана вонредна сендица на Советот на Град Скопје, а дел од политичките партии побараа оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсоваска.  

The post Јаневска: Срамота е главниот град да им оневозможи на учениците да добијат образование, апелирам итно да се најде решение за јавниот превоз appeared first on Република.

]]>
Јаневска по повод Светскиот ден на детето: Го слушаме гласот на младите и правиме промени за поквалитетно образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-po-povod-svetskiot-den-na-deteto-go-slushame-glasot-na-mladite-i-pravime-promeni-za-pokvalitetno-obrazovanie/ Wed, 20 Nov 2024 13:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=839964

Промени што ги прави Министерството за образование и наука имаат за цел поквалитетно образование, што е најважното барање на секоја средба со различни младински организации. Гласот на младите се слуша во Министерството за образование и наука. Tие се вклучени во креирањето на образовните политики и во носењето на одлуки кои засегаат.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на Владината средба на високо ниво предводена од децата, на одбележувањето на Светскиот ден на детето. Годинава, средбата се организираше под слоганот „Слушнете ја иднината“ и се фокусираше на трите мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени.

Училиштата, во рамки на наставните и воннаставни активности, спроведуваат различни активности вклучително и практична работа, кои ја подигнуваат свесноста на учениците за важноста од заштита на животната средина и влијанието на климатските промени, рече министерката, додавајќи дека преку капитални инвестиции, кои се во тек во 36 училишта, тие се трансформираат во современи и енергетски ефикасни објекти, дел добиваат нови фасади и екосистеми за греење, што е една од мерките за почист воздух и помало загадување.

Поврзано со влијанието на напредните технологии врз децата, Јаневска посочи дека технологијата нуди многу можности, но секогаш можностите доаѓаат заедно со ризици.

Затоа планираме етапно воведување на вештачката интелигенција во образованието. Паралелно, предвидено е над 95% од наставниците до крајот на 2027 година да бидат високо обучени за дигитални вештини. Оптимизацијата на училишната мрежа, освен што ги решава предизвиците поврзани со демографските промени, решава и дел од предизвикот за надминување на дигиталниот јаз, зашто наместо неколку деца да учат во полураспаднато рурално училиште, ќе се овозможи да учат во соседно, подобро опремено училиште, каде ќе имаат можност за дигитално описменување“, одговори Јаневска, додавајќи дека преку темата за медиумска писменост, учениците стекнуваат вештини како да препознаваат и како да постапуваат во ситуации што можат да водат до злоупотреби на нивните лични податоци, со сајбер-малтретирање, онлајн предатори и изложеност на несоодветни содржини, при користењето на напредните технологии.

За, како што рече, најголемиот ризик по учениците во ова време – тие да не бидат во тек со технологијата, Јаневска укажа дека Владата и Министерството за образование и наука се залагаат за поголемо вклучување на СТЕМ образованието (наука, технологија, инженерство и математика) како подготовка на учениците за иднината водена од напредни технологии.

The post Јаневска по повод Светскиот ден на детето: Го слушаме гласот на младите и правиме промени за поквалитетно образование appeared first on Република.

]]>

Промени што ги прави Министерството за образование и наука имаат за цел поквалитетно образование, што е најважното барање на секоја средба со различни младински организации. Гласот на младите се слуша во Министерството за образование и наука. Tие се вклучени во креирањето на образовните политики и во носењето на одлуки кои засегаат. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на Владината средба на високо ниво предводена од децата, на одбележувањето на Светскиот ден на детето. Годинава, средбата се организираше под слоганот „Слушнете ја иднината“ и се фокусираше на трите мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени. Училиштата, во рамки на наставните и воннаставни активности, спроведуваат различни активности вклучително и практична работа, кои ја подигнуваат свесноста на учениците за важноста од заштита на животната средина и влијанието на климатските промени, рече министерката, додавајќи дека преку капитални инвестиции, кои се во тек во 36 училишта, тие се трансформираат во современи и енергетски ефикасни објекти, дел добиваат нови фасади и екосистеми за греење, што е една од мерките за почист воздух и помало загадување. Поврзано со влијанието на напредните технологии врз децата, Јаневска посочи дека технологијата нуди многу можности, но секогаш можностите доаѓаат заедно со ризици.
Затоа планираме етапно воведување на вештачката интелигенција во образованието. Паралелно, предвидено е над 95% од наставниците до крајот на 2027 година да бидат високо обучени за дигитални вештини. Оптимизацијата на училишната мрежа, освен што ги решава предизвиците поврзани со демографските промени, решава и дел од предизвикот за надминување на дигиталниот јаз, зашто наместо неколку деца да учат во полураспаднато рурално училиште, ќе се овозможи да учат во соседно, подобро опремено училиште, каде ќе имаат можност за дигитално описменување“, одговори Јаневска, додавајќи дека преку темата за медиумска писменост, учениците стекнуваат вештини како да препознаваат и како да постапуваат во ситуации што можат да водат до злоупотреби на нивните лични податоци, со сајбер-малтретирање, онлајн предатори и изложеност на несоодветни содржини, при користењето на напредните технологии.
За, како што рече, најголемиот ризик по учениците во ова време – тие да не бидат во тек со технологијата, Јаневска укажа дека Владата и Министерството за образование и наука се залагаат за поголемо вклучување на СТЕМ образованието (наука, технологија, инженерство и математика) како подготовка на учениците за иднината водена од напредни технологии.

The post Јаневска по повод Светскиот ден на детето: Го слушаме гласот на младите и правиме промени за поквалитетно образование appeared first on Република.

]]>
Јаневска: На десетина институти им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите, во спротивно ќе бидат затворени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-na-desetina-instituti-im-dadovme-rok-od-tri-mesetsi-da-gi-popravat-neregularnostite-vo-sprotivno-ke-bidat-zatvoreni/ Tue, 19 Nov 2024 10:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=839565

Министерството за образование и наука досега има направено ревизија на 15 институти, а во моментов се прави ревизија на уште пет, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на Гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип.

Има дополнително два, за кои деновиве треба да заврши процедурата, и да бидат затворени. На десетина институти им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите, коишто се најдени. Но, според извештаите кои ги читав многу малку од нив ќе можат да го направат тоа. За жал морам да кажам дека веројатно следи затварање и на поголем број на институти, кои се нефукционални, не го почитуваат законот, односно не ги исполнуваат условите, изјави Јаневска.

Таа мисли дека е добро за високото образование и науката во земјава конечно да се воведе ред, а секој, како што вели Јаневска, којшто исполнува услови ќе функционира „како што и многу пати сум рекла, секој кој не работи по Закон нема и да функционира“.

The post Јаневска: На десетина институти им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите, во спротивно ќе бидат затворени appeared first on Република.

Јаневска: До крајот на годината ќе се знае дали студентскиот оброк ќе биде 160 денари или ќе остане 140 и ќе може да го користат и студенти кои работат „парт-тајм“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-do-krajot-na-godinata-ke-se-znae-dali-studentskiot-obrok-ke-bide-160-denari-ili-ke-ostane-140-i-ke-mozhe-da-go-koristat-i-studenti-koi-rabotat-part-tajm/ Tue, 19 Nov 2024 10:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=839547

До крајот на годината ќе се знае дали студентскиот оброк ќе биде 160 денари или ќе биде проширен опсегот, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која беше во посета на штипската гимназија „Славчо Стојменски“ каде што меѓудругото говореше за зголемувањето на буџетото за 2025 година во кој се планира да има околу 30 милиони евра или 18 отсто повеќе средства за студентскиот стандард во споредба со оваа година.

Но, се уште разговараме со студентите, затоа што тие имаат некоја поинаква идеја. Сметаат дека за 140 денари можат да добијат во одредени маркети, одредени ресторани комплетен оброк, а дека би можело да се прошири опсегот, на пример и студенти кои работат „парт тајм“, а се уште непостигнале одредена сума на средства би можеле и тие. Значи до крајот на годината, тоа ние ќе го дефинираме и веднаш ќе се знае во јануари, дали ќе добијат 160 денари студентски оброк или ќе биде проширен опсегот, изјави Јаневска.

Прашана за лошата состојба во Студентскиот дом „Пелагонија“, на која се жалат студентите и дали ќе има интервенции во него, министерката за образование и наука Јаневска изјави дека ќе има интервенции.

Мора да има. Значи слушам различни шпекулации. Директорот на Студентскиот дом не си ја извршува својата функција и затоа ќе мора да преземеме чекори, во најблиска иднина побараме и поставиме нов директор. Да, студентите се жалат дека нема топла вода, храната е на навистина ниско ниво и не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите. Младите се исклучително важни за оваа држава. Ние обезбедуваме средства од буџетот, од граѓаните и секој раководител мора сериозно да си ја сфати работат, вели Јаневска.

Министерката за образование и наука Јаневска смета дека овој проблем со Студентскиот дом „Пелагонија“ ќе се реши најдоцна за два до три дена.

The post Јаневска: До крајот на годината ќе се знае дали студентскиот оброк ќе биде 160 денари или ќе остане 140 и ќе може да го користат и студенти кои работат „парт-тајм“ appeared first on Република.

Јаневска: Следната година 30 милиони евра за студентски стандард, за 18% проценти повеќе од буџетот годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-slednata-godina-30-milioni-evra-za-studentski-standard-za-18-protsenti-poveke-od-budhetot-godinava/ Tue, 19 Nov 2024 08:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=839469

Буџетот за студентски стандард во 2025 година ќе изнесува 30 милиони евра или за 18% повеќе од годинава. Тоа подразбира повеќе и поголеми права и можности за студентите, но и повеќе за инвестиции во инфраструктурата која ја користите. Тоа е нашата честитка кон вас по повод Меѓународниот ден на студентите. Не празни зборови, туку конкретни дела.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на настан по повод Меѓународниот ден на студентите кој го организираа Националното студентско тело (НСТ), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Младинскиот образовен форум (МОФ), а на кој присуствуваа и претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова и премиерот, Христијан Мицкоски.

Вакво обединување на државното раководство околу грижата кон младите, веројатно одамна не е видено. Сите имаме идентична цел и сплотени заложби - да имате доволно можности за развој на личниот потенцијал, да ги остварите вашите амбиции во родното огниште и да придонесете во градењето на силна и просперитетна Македонија“, рече Јаневска, додавајќи дека лошите политики во изминатите 7 години резултирале бројот на ученици да се намали за 17 илјади, а бројот на студенти за 7 илјади.

Министерката информираше дека во изминатите четири и пол месеци, прифатени се повеќе барања на студентските организации, со кои се проширија студентските права.

Овозможивме бруцошите да користат субвенциониран оброк од први октомври, што не беше така до лани. Направивме промена на конкурсните услови за повеќе категории на стипендии да може да конкурираат што повеќе млади. За стипендиите за втор циклус на студии во државата, овозможивме да аплицираат и студенти со завршени тригодишни додипломски студии, кои до лани беа дискриминирани на некој начин, додаде Јаневска.

Посочи и дека е започната етапна реконструкција на студентските домови, а од следната година ќе продолжи изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК. Ќе се работи и на нови закони за високото образование и за студентскиот стандард.

Продолжете да вложувате во себе, сакајте ја Македонија и тука остварете ги вашите соништа, им порача Јаневска на студентите.

Министерство за образование и наука

The post Јаневска: Следната година 30 милиони евра за студентски стандард, за 18% проценти повеќе од буџетот годинава appeared first on Република.

]]>

Буџетот за студентски стандард во 2025 година ќе изнесува 30 милиони евра или за 18% повеќе од годинава. Тоа подразбира повеќе и поголеми права и можности за студентите, но и повеќе за инвестиции во инфраструктурата која ја користите. Тоа е нашата честитка кон вас по повод Меѓународниот ден на студентите. Не празни зборови, туку конкретни дела. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на настан по повод Меѓународниот ден на студентите кој го организираа Националното студентско тело (НСТ), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Младинскиот образовен форум (МОФ), а на кој присуствуваа и претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова и премиерот, Христијан Мицкоски.
Вакво обединување на државното раководство околу грижата кон младите, веројатно одамна не е видено. Сите имаме идентична цел и сплотени заложби - да имате доволно можности за развој на личниот потенцијал, да ги остварите вашите амбиции во родното огниште и да придонесете во градењето на силна и просперитетна Македонија“, рече Јаневска, додавајќи дека лошите политики во изминатите 7 години резултирале бројот на ученици да се намали за 17 илјади, а бројот на студенти за 7 илјади.
Министерката информираше дека во изминатите четири и пол месеци, прифатени се повеќе барања на студентските организации, со кои се проширија студентските права.
Овозможивме бруцошите да користат субвенциониран оброк од први октомври, што не беше така до лани. Направивме промена на конкурсните услови за повеќе категории на стипендии да може да конкурираат што повеќе млади. За стипендиите за втор циклус на студии во државата, овозможивме да аплицираат и студенти со завршени тригодишни додипломски студии, кои до лани беа дискриминирани на некој начин, додаде Јаневска.
Посочи и дека е започната етапна реконструкција на студентските домови, а од следната година ќе продолжи изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК. Ќе се работи и на нови закони за високото образование и за студентскиот стандард.
Продолжете да вложувате во себе, сакајте ја Македонија и тука остварете ги вашите соништа, им порача Јаневска на студентите.
Министерство за образование и наука

The post Јаневска: Следната година 30 милиони евра за студентски стандард, за 18% проценти повеќе од буџетот годинава appeared first on Република.

]]>
МОН потпиша Меморандум за образовна соработка со Косово, фокус на стручното и образованието на возрасни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-potpisha-memorandum-za-obrazovna-sorabotka-so-kosovo-fokus-na-struchnoto-i-obrazovanieto-na-vozrasni/ Mon, 18 Nov 2024 14:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=839255

Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово ќе соработуваат во областа на образованието, со фокус на стручното образование и обука, како и на образованието на возрасните.

Двете ресорни министерки, Весна Јаневска и Арберие Нагавци, денеска во Приштина потпишаа тригодишен Меморандум за разбирање и соработка, којшто предвидува директни контакти на образовните институции, размена на публикации, литература и истражувачки материјали, како и размена на наставници. Со цел подигнување на квалитетот во стручното образование и обука, двете страни ќе разменуваат искуства за реформи во образованието и наставните програми, а средните стручни училишта ќе ги интензивираат меѓусебните контакти преку партнерства и училишни мрежи, додека учениците ќе можат заеднички да учествуваат на разни образовни настани.

Во областа на образованието на возрасни, ќе се разменува стручна литература, експерти, ќе можат да се организираат заеднички конференции и настани и се создаваат услови за потесна соработка на посебните центри за образование на возрасни.

Формализацијата на соработката промовира поголемо взаемно разбирање и придонесува за зајакнување на образовните врски меѓу двете земји преку споделување на ресурси, што е во интерес на подигнување на квалитетот на образованието, на знаењето и вештините на младите.

The post МОН потпиша Меморандум за образовна соработка со Косово, фокус на стручното и образованието на возрасни appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово ќе соработуваат во областа на образованието, со фокус на стручното образование и обука, како и на образованието на возрасните. Двете ресорни министерки, Весна Јаневска и Арберие Нагавци, денеска во Приштина потпишаа тригодишен Меморандум за разбирање и соработка, којшто предвидува директни контакти на образовните институции, размена на публикации, литература и истражувачки материјали, како и размена на наставници. Со цел подигнување на квалитетот во стручното образование и обука, двете страни ќе разменуваат искуства за реформи во образованието и наставните програми, а средните стручни училишта ќе ги интензивираат меѓусебните контакти преку партнерства и училишни мрежи, додека учениците ќе можат заеднички да учествуваат на разни образовни настани. Во областа на образованието на возрасни, ќе се разменува стручна литература, експерти, ќе можат да се организираат заеднички конференции и настани и се создаваат услови за потесна соработка на посебните центри за образование на возрасни. Формализацијата на соработката промовира поголемо взаемно разбирање и придонесува за зајакнување на образовните врски меѓу двете земји преку споделување на ресурси, што е во интерес на подигнување на квалитетот на образованието, на знаењето и вештините на младите.

The post МОН потпиша Меморандум за образовна соработка со Косово, фокус на стручното и образованието на возрасни appeared first on Република.

]]>
Јаневска: За МОН инвестицијата од 36 милиони денари во ОУ „Ацо Шопов“ е инвестиција во поквалитетно образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-za-mon-investitsijata-od-36-milioni-denari-vo-ou-atso-shopov-e-investitsija-vo-pokvalitetno-obrazovanie/ Sat, 16 Nov 2024 14:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=838557

Се надградува основното училиште „Ацо Шопов“ во Радишани, МОН инвестира 36 милиони денари

Почнува надградбата на основното училиште „Ацо Шопов“ во општина Бутел, Скопје. За девет месеци, училиштето ќе добие 4 нови училници, со што тука ќе можат да учат уште 100-тина ученици.

За Министерството за образование и наука, оваа инвестиција од 36 милиони денари е инвестиција во поквалитетно образование, во создавање просторни можности за целосна реализација на потребните наставни и воннаставни активности, израз на нашата грижа и посветеност кон децата и младите кои се иднината на оваа земја“, рече министерката Весна Јаневска на одбележувањето на почетокот на градежните работи.

На настанот присуствуваа и премиерот Христијан Мицковски и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.

Со надградбата, веќе од наредната школска година, на сите ученици од 1 до 3 одделение во училиштето, им се овозможува целодневна настава.

Министерката нагласи дека без квалитетни услови во кои се изведува наставата нема ниту квалитетно образование. Затоа, во тек се 36 капитални инвестиции во изградби и реконструкции на училишта, во целата земја, како и 40 помали санации на училишни објекти.

Образованието е еден од приоритетите на новата Влада, рече министерката, додавајќи дека интензивните вложувања во инфраструктура ќе продолжат. Буџетот на Министерството за образование и наука за 2025 година ќе изнесува 40 милијарди денари, за 10 милијарди повеќе од годинава, што ја покажува посветеноста кон инвестиции во децата, во нивните знаења и вештини, во градењето здрави поколенија.

The post Јаневска: За МОН инвестицијата од 36 милиони денари во ОУ „Ацо Шопов“ е инвестиција во поквалитетно образование appeared first on Република.

]]>

Се надградува основното училиште „Ацо Шопов“ во Радишани, МОН инвестира 36 милиони денари Почнува надградбата на основното училиште „Ацо Шопов“ во општина Бутел, Скопје. За девет месеци, училиштето ќе добие 4 нови училници, со што тука ќе можат да учат уште 100-тина ученици.
За Министерството за образование и наука, оваа инвестиција од 36 милиони денари е инвестиција во поквалитетно образование, во создавање просторни можности за целосна реализација на потребните наставни и воннаставни активности, израз на нашата грижа и посветеност кон децата и младите кои се иднината на оваа земја“, рече министерката Весна Јаневска на одбележувањето на почетокот на градежните работи.
На настанот присуствуваа и премиерот Христијан Мицковски и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски. Со надградбата, веќе од наредната школска година, на сите ученици од 1 до 3 одделение во училиштето, им се овозможува целодневна настава. Министерката нагласи дека без квалитетни услови во кои се изведува наставата нема ниту квалитетно образование. Затоа, во тек се 36 капитални инвестиции во изградби и реконструкции на училишта, во целата земја, како и 40 помали санации на училишни објекти. Образованието е еден од приоритетите на новата Влада, рече министерката, додавајќи дека интензивните вложувања во инфраструктура ќе продолжат. Буџетот на Министерството за образование и наука за 2025 година ќе изнесува 40 милијарди денари, за 10 милијарди повеќе од годинава, што ја покажува посветеноста кон инвестиции во децата, во нивните знаења и вештини, во градењето здрави поколенија.  

The post Јаневска: За МОН инвестицијата од 36 милиони денари во ОУ „Ацо Шопов“ е инвестиција во поквалитетно образование appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Градиме поквалитетен образовен систем и добиваме значајна поддршка од организациите на Обединетите Нации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-gradime-pokvaliteten-obrazoven-sistem-i-dobivame-znachajna-poddrshka-od-organizatsiite-na-obedinetite-natsii/ Fri, 15 Nov 2024 13:24:10 +0000 https://republika.mk/?p=838146

Министерството за образование и наука има одлична соработка со организациите на Обединетите Нации и среќна сум што ја продолжуваме, со јасна визија за целите кои треба да се остварат до 2030 година. Ова е период во кој треба да ја модернизираме образовната инфраструктура, да го дигитализираме образованието, а младите преку подолг престој во училиште и вклученост во активности кои ги интересираат, да стекнат вештини кои пазарот на човечки капитал ги бара.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска за време на денешниот состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу Македонија и Обединетите Нации.

Со вака поставен образовен систем, нашите млади до 15 годишна возраст имаат 900 часови помалку од европскиот просек. Имаме намера подолго да ги задржиме на училиште и затоа воведуваме едносменска настава и продолжен престој, исполнети со нови наставни и воннаставни содржини, нови изборни предмети од интерес на младите, а не сосила наметнати, рече Јаневска.

Министерката додаде дека започната е реформа на гимназиското образование, која ќе го подобри квалитетот и ќе обезбеди поголема проодност кон високото образование, а за оваа цел, веќе се консултираат наставниците и учениците од повисоките години во гимназиите. Посочи дека ќе се донесе нов закон и нова Концепција за средно образование, како и Национални стандарди за постигањата на средношколците.

Веќе работиме на унапредување на пошироката законска регулатива, не само во средното, туку и во основното, неформалното, учебниците и така натаму. Предложивме промени ќе го подобрат квалитетот на образовните услуги и ќе ги зголемат можностите, а најважно е што ќе овозможат мирна, хармонична и безбедна училишна средина, во која нема да постои сегрегација и дискриминација по ниеден основ“, додаде министерката.

Домашниот и глобалниот пазар на човечки капитал наметнуваат потреби од одредени вештини, на кои ќе ги насочуваме младите - трансферзалните, дигиталните и зелените вештини, заради што, Јаневска информираше дека ќе треба да се дополнуваат наставните програми по одредени предмети.

Особено ги издвојувам дигиталните вештини. Младите мора да знаат да користат нови технологии, да знаат што е вештачка интелигенција и како да ја применат за да остварат интерес кој е во согласност со етичките и моралните норми“, додаде министерката за образование и наука.

Еден од приоритетите на МОН во следниот период, за кој ќе се бара поддршка од организации на Обединетите нации е дигитализацијата на образовниот процес и на услугите кои ги нудат институциите и образовните установи, а како што кажа министерката, националните определби доследно ги почитуваат меѓународно ратификуваните документи поврзани со дигитализацијата.

Очекувањата се дека во следниот период ќе има значителен раст на инвестициите во нови училишта, во реконструкција и во опремување на постојните, затоа што Владата има намера етапно, во текот на мандатот значително да го зголеми буџетот за овој ресор. Поддршка на оваа активност ќе биде процесот на оптимизација, со кој, нефункционалните училишта повеќе нема да прават огромни издатоци, а заштедените средства ќе се реалоцираат за подобри услови во функционалните школи.

Јаневска се заблагодари за досегашната поддршка од организациите на Обединетите Нации и изрази очекувања за зачестени средби со висока ефективност, заради остварување на новата рамка за соработка до 2030 година.

The post Јаневска: Градиме поквалитетен образовен систем и добиваме значајна поддршка од организациите на Обединетите Нации appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука има одлична соработка со организациите на Обединетите Нации и среќна сум што ја продолжуваме, со јасна визија за целите кои треба да се остварат до 2030 година. Ова е период во кој треба да ја модернизираме образовната инфраструктура, да го дигитализираме образованието, а младите преку подолг престој во училиште и вклученост во активности кои ги интересираат, да стекнат вештини кои пазарот на човечки капитал ги бара. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска за време на денешниот состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу Македонија и Обединетите Нации.
Со вака поставен образовен систем, нашите млади до 15 годишна возраст имаат 900 часови помалку од европскиот просек. Имаме намера подолго да ги задржиме на училиште и затоа воведуваме едносменска настава и продолжен престој, исполнети со нови наставни и воннаставни содржини, нови изборни предмети од интерес на младите, а не сосила наметнати, рече Јаневска.
Министерката додаде дека започната е реформа на гимназиското образование, која ќе го подобри квалитетот и ќе обезбеди поголема проодност кон високото образование, а за оваа цел, веќе се консултираат наставниците и учениците од повисоките години во гимназиите. Посочи дека ќе се донесе нов закон и нова Концепција за средно образование, како и Национални стандарди за постигањата на средношколците.
Веќе работиме на унапредување на пошироката законска регулатива, не само во средното, туку и во основното, неформалното, учебниците и така натаму. Предложивме промени ќе го подобрат квалитетот на образовните услуги и ќе ги зголемат можностите, а најважно е што ќе овозможат мирна, хармонична и безбедна училишна средина, во која нема да постои сегрегација и дискриминација по ниеден основ“, додаде министерката.
Домашниот и глобалниот пазар на човечки капитал наметнуваат потреби од одредени вештини, на кои ќе ги насочуваме младите - трансферзалните, дигиталните и зелените вештини, заради што, Јаневска информираше дека ќе треба да се дополнуваат наставните програми по одредени предмети.
Особено ги издвојувам дигиталните вештини. Младите мора да знаат да користат нови технологии, да знаат што е вештачка интелигенција и како да ја применат за да остварат интерес кој е во согласност со етичките и моралните норми“, додаде министерката за образование и наука.
Еден од приоритетите на МОН во следниот период, за кој ќе се бара поддршка од организации на Обединетите нации е дигитализацијата на образовниот процес и на услугите кои ги нудат институциите и образовните установи, а како што кажа министерката, националните определби доследно ги почитуваат меѓународно ратификуваните документи поврзани со дигитализацијата. Очекувањата се дека во следниот период ќе има значителен раст на инвестициите во нови училишта, во реконструкција и во опремување на постојните, затоа што Владата има намера етапно, во текот на мандатот значително да го зголеми буџетот за овој ресор. Поддршка на оваа активност ќе биде процесот на оптимизација, со кој, нефункционалните училишта повеќе нема да прават огромни издатоци, а заштедените средства ќе се реалоцираат за подобри услови во функционалните школи. Јаневска се заблагодари за досегашната поддршка од организациите на Обединетите Нации и изрази очекувања за зачестени средби со висока ефективност, заради остварување на новата рамка за соработка до 2030 година.

The post Јаневска: Градиме поквалитетен образовен систем и добиваме значајна поддршка од организациите на Обединетите Нации appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Сите реконструкции на училишта и студентски домови задолжително се енергетски ефикасни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-site-rekonstruktsii-na-uchilishta-i-studentski-domovi-zadolzhitelno-se-energetski-efikasni-taka-se-namaluvaat-emisiite-na-shtetni-gasovi-i-se-zashtituva-zhivotnata-sredina/ Mon, 11 Nov 2024 13:51:53 +0000 https://republika.mk/?p=836370

Квалитетот на воздухот во просториите на градинките и училиштата влијае врз физичкото и менталното здравје на децата и младите, врз нивните когнитивни функции и продуктивноста, како и на ефективноста на професорите. Затоа сите реконструкции и нови градби кои ги одобрува Министерството за образование и наука, задолжително се енергетски ефикасни, со што се намалуваат емисиите на штетни гасови и се заштитува животната средина, рече ресорната министерка Весна Јаневска на панел-дискусија за подобрување на квалитетот на воздухот со цел креирање безбедна, креативна и продуктивна средина за учење, што се одржа денеска во Скопје. На дискусијата и претходеше презентација на резултатите од истражувањето на квалитетот на внатрешниот воздух во пет училишта и пет градинки во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Како држава во развој, се соочуваме со ограничени ресурси. Но, со добро планирани и применети мерки за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот и со вклучување на сите засегнати страни – локалните самоуправи, училиштата, родителите, учениците и општествено одговорните компании, можеме да постигнеме добри резултати“, посочи министерката.

Капиталните инвестиции во 36 училишта што се во тек како и проектот за реконструкција на сите студентските домови во современи и енергетски ефикасни објекти, се дел од активностите кои ќе резултираат со подобар квалитет на воздухот. Во моментов градежни активности се одвиваат во „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои ќе добијат нови фасади, фотоволтаици и екосистеми за греење. За овие проактивните мерки за почист воздух во Буџетот за 2025 за Образование се алоцирани посебни финансиски средства.

Она на што посебно ќе посветиме внимание е подигнување на еколошката свест на децата и младите, преку наставни и воннаставни активности. Едукацијата за загадувањето и за влијанието на нашите постапки врз човековата околина и квалитетот на воздухот, од рана возраст, гради одговорни граѓани, кои доживотно ќе се грижат за почиста животната средина“, рече министерката Јаневска.

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, и е финансиран од Шведска.

The post Јаневска: Сите реконструкции на училишта и студентски домови задолжително се енергетски ефикасни appeared first on Република.

Јаневска: Буџетот за научно – истражувачка дејност ќе биде речиси двојно поголем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-budhetot-za-nauchno-istrazhuvachka-dejnost-ke-bide-rechisi-dvojno-pogolem/ Sun, 10 Nov 2024 11:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=836073

Денеска се одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој. Им го честитам на сите научници и истражувачи, кои се трудат преку свои лични достигнувања и успеси да помогнат во развојот на државата. Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува. За нас е сосема јасно дека не постои друга алтернатива за национален просперитет, освен да вложуваме во знаењето на граѓаните и во науката, напиша на Фејсбук министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Буџетот за научно - истражувачка дејност за следната година, како што посочи Јаневска, ќе биде речиси двојно поголем од годинешниот, а интенцијата е во следните четири години да изнесува најмалку 1 отсто од бруто домашниот производ, за разлика од сегашните 0,3 отсто.

- Ќе се обидеме да создадеме подобри услови за наука и истражување. Ќе поддржиме научно - истражувачки проекти од јавен интерес и поголема активност на лабораториите во рамки на јавните научни и високообразовни установи. Ќе обезбедиме нови извори на научна литература. Финансирање на објавени научни трудови. Организирање домашни научни конференции и учество на меѓународни манифестации. Продолжува доделувањето стипендии за студии од втор и трет циклус во државата, но и во странство на најдобрите 100 светски универзитети за да привлечеме повеќе млади со потенцијал за истражувања и иновации, истакнува Јаневска.

Според неа, клучно ќе биде носењето на нов Закон за научно - истражувачка дејност кој ќе се изработи заедно со засегнатите и со стручната фела.

-Искрено очекувам и поддршка од бизнис заедницата, но и од сите останати чинители кои во науката гледаат важен столб на општеството и кои можат да помогнат на каков било начин во неговото зацврстување. Само со сплотеност на намерите можеме да постигнуваме цели и да одиме напред. Честит нека е 10 ноември – Светскиот ден на науката, напиша Јаневска на Фејсбук

The post Јаневска: Буџетот за научно – истражувачка дејност ќе биде речиси двојно поголем appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој. Им го честитам на сите научници и истражувачи, кои се трудат преку свои лични достигнувања и успеси да помогнат во развојот на државата. Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува. За нас е сосема јасно дека не постои друга алтернатива за национален просперитет, освен да вложуваме во знаењето на граѓаните и во науката, напиша на Фејсбук министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Буџетот за научно - истражувачка дејност за следната година, како што посочи Јаневска, ќе биде речиси двојно поголем од годинешниот, а интенцијата е во следните четири години да изнесува најмалку 1 отсто од бруто домашниот производ, за разлика од сегашните 0,3 отсто.
- Ќе се обидеме да создадеме подобри услови за наука и истражување. Ќе поддржиме научно - истражувачки проекти од јавен интерес и поголема активност на лабораториите во рамки на јавните научни и високообразовни установи. Ќе обезбедиме нови извори на научна литература. Финансирање на објавени научни трудови. Организирање домашни научни конференции и учество на меѓународни манифестации. Продолжува доделувањето стипендии за студии од втор и трет циклус во државата, но и во странство на најдобрите 100 светски универзитети за да привлечеме повеќе млади со потенцијал за истражувања и иновации, истакнува Јаневска.
Според неа, клучно ќе биде носењето на нов Закон за научно - истражувачка дејност кој ќе се изработи заедно со засегнатите и со стручната фела. -Искрено очекувам и поддршка од бизнис заедницата, но и од сите останати чинители кои во науката гледаат важен столб на општеството и кои можат да помогнат на каков било начин во неговото зацврстување. Само со сплотеност на намерите можеме да постигнуваме цели и да одиме напред. Честит нека е 10 ноември – Светскиот ден на науката, напиша Јаневска на Фејсбук

The post Јаневска: Буџетот за научно – истражувачка дејност ќе биде речиси двојно поголем appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Затворивме два научни институти и во најскоро време ќе затвориме уште два https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-zatvorivme-dva-nauchni-instituti-i-vo-najskoro-vreme-ke-zatvorime-ushte-dva/ Thu, 07 Nov 2024 10:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=835091

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Државниот просветен инспекторат постојано работи по сите пристигнати пријави, при што се утврдени одредени нерегуларности кај некои универзитети.

Во изјава за медиумите денеска таа посочи дека неправилности нема само на универзитети, туку и на институти и дека „комплетно е завршен процесот на затворање на два института“, но не откри за кои институти се работи.

Дозволете да ги затвориме и транспарентно ќе објавиме. Во овој момент, најверојатно, продолжува и за уште три, но треба да заврши и ќе имаме информација, изјави Јаневска претпладнево при посетата на средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип по повод неговото трансформирање во регионален центар за средно стручно образование и обука.

Кај дел од универзитетите, рече, сосема е при крај процесот односно постапиле со наплата на казни на рецензентски комисии, декани и ректори.

На новинарско прашање дали инспекции има и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одговори дека и таму имало една контрола од која се чека извештајот, нагласувајќи дека сите универзитети, без исклучок, ќе го поминат процесот. Секаде каде што ќе бидат завршени процесите, истакна Јаневска, јавно и транспарентно ќе бидат објавени резултатите.

Во интервју за Радио Слободна Европа во неделата министерката посочи дека се утврдени неправилности на универзитетите во Тетово, Охрид и Струга.

На Државниот универзитет Тетово, како што рече, е утврдено нелегален избор на двајца наставници и дека таму инспекцискиот надзор сè уште трае.

Имаме проблеми на универзитетот „Апостол Павле“ и таму се утврдени нерегуларности. Имаше сериозен проблем на универзитетот во Струга, таму го затворивме смерот за медицински науки. Тоа се повторно процеси коишто траат и кои сè уште се во фаза на анализа затоа што и Законот за просветна инспекција дава одредени насоки како треба да се работи....Затворивме два научни институти и мислам дека во брзо, во најскоро време, ќе затвориме уште два, рече Јаневска.

На прашањето дали ќе се затворат универзитети, министерката во интервјуто одговори дека тоа во овој момент не може да го тврди, но инспекцискиот надзор, како што рече, „ќе каже што ќе треба да се направи тогаш кога ќе биде завршен“. 

The post Јаневска: Затворивме два научни институти и во најскоро време ќе затвориме уште два appeared first on Република.

Јаневска: Образованието конечно станува приоритет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-obrazovanieto-konechno-stanuva-prioritet/ Wed, 06 Nov 2024 20:30:01 +0000 https://republika.mk/?p=834921

Во вечерниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се осврна на темата за зголемувањето на платите на наставниците и начинот на кој истото беше прифатено од страна на синдикатите. Јаневска испрати силна порака дека зголемувањето на платите не е само краткорочна мерка, туку дел од долгорочен план за обезбедување на стабилност и мотивација за наставниците, кои според неа се клучни за подобрување на квалитетот на образованието во Македонија.

Јаневска истакна дека чувствува голема одговорност кон луѓето кои ја изгласале и дека постојано се труди да биде во контакт со нив. Таа исто така смета дека наставниците се основните носители на образовниот систем и дека нивната улога е неизмерно важна за развој на образованието. Според Јаневска, за да се поправи целиот образовен систем, неопходно е да се обрне внимание на клучните чинители, кои како што потенцира се самите наставници.

Има многу други, но наставниците се најважните затоа што тие се тие што поучуваат и предаваат знаење, вештини, и компетенции на учениците или на студентите - рече Јаневска.

Јаневска ги објасни и деталите од преговорите со СОНК, нагласувајќи дека тие не биле краткорочни, туку долготрајни и започнале веднаш по промената на власта. Таа исто така даде до знаење како се одвивале преговорите со СОНК.

Во тој период правевме ребаланс на буџетот, мораше тоа да се направи затоа што, за жал, претходната власт остави празен буџет во однос на платите на наставниците од основно до високо образование - истакна Јаневска.

Во однос на тоа како претходната власт се однесувала кон наставниците, Јаневска истакна дека не биле обезбедени доволно средства за платите на наставниците од високото образование и дека средствата биле недостапни за сите категории наставници.

Откако го направивме првиот чекор и обезбедивме плати за овие клучни чинители, почнавме преговори со СОНК и не само со СОНК, туку и во владата имаше размислување, како што постојано велевме, дека образованието треба да биде еден од приоритетите во самата влада, дека треба нешто да направиме за да ги мотивираме дополнително наставниците, покрај другите мотиви што ќе се обидеме да им ги пружиме, да си ја извршуваат својата функција и својата должност и обврска со задоволство, а не со чувство на тежина дека платата не им стигнува во текот на месецот да ги задоволат најосновните потреби - изјави Јаневска

Јаневска ги посочи и напорите за долгорочно решение во однос на платите на наставниците, потврдувајќи дека по постигнувањето на договорот со СОНК биле направени конкретни проекции за покачување на платите во наредните 4 години.

Поентата во овој договор не е само покачувањето на платите од 5% оваа година, туку ние на наставниците им даваме сигурност за следните 4 години. Во следните 4 години тие знаат дека постојано нивните плати ќе се покачуваат и ќе се покачат од 7,5 до 10%, а за 2026, 2027 и 2028 година од 10 до 12,5%, што значи најмалку 46% покачување за 4 години  - јасно изјави Јаневска.

Јаневска посочи и дека има простор за дополнителни покачувања доколку економската ситуација во државата се подобри.

СДС вели дека им ги покачиле платите повеќе од тоа за 7 години, но јас тврдам дека ако ситуацијата се подобри малку во економијата во државата, а како што сме тргнале ќе се подобри, наставниците ќе добијат и повеќе од тоа. И јас секогаш ќе стојам со нив, до нив и зад нив, за да им овозможам полесен живот за да можат да се посветат на својата работа - заклучи Јаневска.

The post Јаневска: Образованието конечно станува приоритет appeared first on Република.

]]>

Во вечерниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се осврна на темата за зголемувањето на платите на наставниците и начинот на кој истото беше прифатено од страна на синдикатите. Јаневска испрати силна порака дека зголемувањето на платите не е само краткорочна мерка, туку дел од долгорочен план за обезбедување на стабилност и мотивација за наставниците, кои според неа се клучни за подобрување на квалитетот на образованието во Македонија. Јаневска истакна дека чувствува голема одговорност кон луѓето кои ја изгласале и дека постојано се труди да биде во контакт со нив. Таа исто така смета дека наставниците се основните носители на образовниот систем и дека нивната улога е неизмерно важна за развој на образованието. Според Јаневска, за да се поправи целиот образовен систем, неопходно е да се обрне внимание на клучните чинители, кои како што потенцира се самите наставници.
Има многу други, но наставниците се најважните затоа што тие се тие што поучуваат и предаваат знаење, вештини, и компетенции на учениците или на студентите - рече Јаневска.
Јаневска ги објасни и деталите од преговорите со СОНК, нагласувајќи дека тие не биле краткорочни, туку долготрајни и започнале веднаш по промената на власта. Таа исто така даде до знаење како се одвивале преговорите со СОНК.
Во тој период правевме ребаланс на буџетот, мораше тоа да се направи затоа што, за жал, претходната власт остави празен буџет во однос на платите на наставниците од основно до високо образование - истакна Јаневска.
Во однос на тоа како претходната власт се однесувала кон наставниците, Јаневска истакна дека не биле обезбедени доволно средства за платите на наставниците од високото образование и дека средствата биле недостапни за сите категории наставници.
Откако го направивме првиот чекор и обезбедивме плати за овие клучни чинители, почнавме преговори со СОНК и не само со СОНК, туку и во владата имаше размислување, како што постојано велевме, дека образованието треба да биде еден од приоритетите во самата влада, дека треба нешто да направиме за да ги мотивираме дополнително наставниците, покрај другите мотиви што ќе се обидеме да им ги пружиме, да си ја извршуваат својата функција и својата должност и обврска со задоволство, а не со чувство на тежина дека платата не им стигнува во текот на месецот да ги задоволат најосновните потреби - изјави Јаневска
Јаневска ги посочи и напорите за долгорочно решение во однос на платите на наставниците, потврдувајќи дека по постигнувањето на договорот со СОНК биле направени конкретни проекции за покачување на платите во наредните 4 години.
Поентата во овој договор не е само покачувањето на платите од 5% оваа година, туку ние на наставниците им даваме сигурност за следните 4 години. Во следните 4 години тие знаат дека постојано нивните плати ќе се покачуваат и ќе се покачат од 7,5 до 10%, а за 2026, 2027 и 2028 година од 10 до 12,5%, што значи најмалку 46% покачување за 4 години  - јасно изјави Јаневска.
Јаневска посочи и дека има простор за дополнителни покачувања доколку економската ситуација во државата се подобри.
СДС вели дека им ги покачиле платите повеќе од тоа за 7 години, но јас тврдам дека ако ситуацијата се подобри малку во економијата во државата, а како што сме тргнале ќе се подобри, наставниците ќе добијат и повеќе од тоа. И јас секогаш ќе стојам со нив, до нив и зад нив, за да им овозможам полесен живот за да можат да се посветат на својата работа - заклучи Јаневска.

The post Јаневска: Образованието конечно станува приоритет appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Со нов закон за студентски стандард ќе се унапредат студентските права и функционирањето на домовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-so-nov-zakon-za-studentski-standard-ke-se-unapredat-studentskite-prava-i-funktsioniraneto-na-domovite/ Mon, 04 Nov 2024 14:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=834068

Следната година ќе работиме на ново законско решение кое ќе го унапреди студентскиот стандард, односно ќе овозможи подобро функционирање на студентските домови и повеќе можности за идните академски граѓани, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната расправа во Собранието по повод извештајот од извршена ревизија на Државниот завод за ревизија на тема: Ефикасност на мерките, политиките и проектите за исполнување на условите во кои функционираат државните студентски домови и развој на студентскиот стандард.

Големите проблеми, настануваат со игнорирање на малите. Токму тоа го правеше претходната Влада и затоа сме доведени во состојба во која студентските домови се жаргонски кажано - пред стечај. Ќе се обидеме да ги надминеме сите предизвици, да ги поддржиме нашите млади колку што е можно повеќе, да се едуцираат тука и да останат во својата земја“, рече Јаневска, додавајќи дека ревизорскиот извештај ќе биде патоказ по кој ќе се води министерството во следниот приод.

Министерката посочи повеќе причини за изработка на нов Закон за студентски стандард.

Според сегашниот закон, МОН финансира 50% од цената за сместување во домовите. Таа цена е 6820 денари, така што студентот плаќа 3410 денари, кои не се доволни за да можат домовите да бидат самоодржливи. Но, доколку одлучиме да ја зголемиме цената на 14.680 денари, како што предлага ревизорот во овој извештај, тоа ќе биде шок и за студентите и за државата, бидејќи одеднаш ќе треба да плаќаат 100% повисока цена. Покачувањето морало да биде етапно, но ниту еден министер не се охрабрил, плашејќи се да не предизвика студентски револт и губење политички поени“, рече Јаневска.

Таа рече дека законот дозволува, а воедно и често министерството одговара на барања на домовите и покрива голем дел од режиските трошоци кои ги пријавуваат како непредвидени, но тоа е проблем, бидејќи министерството непланирано троши дел од својот ограничен буџет.

Планот е во ново законско решение да се дефинира модел на финансирање на домовите, со кој ќе се обезбеди континуирана финансиска поддршка согласно реалните потреби на домовите, а при тоа истото нема да предизвика финансиски товар на студентите“, додаде Јаневска.

Како причина поради која неопходно е менување на Законот за студентскиот стандард, беше наведен и начинот на кој е уредено доделувањето на стипендиите. Сегашното решение дефинира процентуална распределба на стипендии по области, при што некои категории не се искористуваат целосно, а средствата пропаѓаат. За да не се случува ова во иднина, потребно е начинот на распределба на стипендиите да се уреди со подзаконски акт, кој ќе може да се менува согласно потребите за стимулирање на упис на одредени студиски програми.

За време на дискусијата, министерката Јаневска се осврна и на Законот за субвенциониран студентски оброк, кој, според ревизорскиот извештај не дава гаранција дека средствата што им се доделуваат на студентите се користат исклучиво за прехрана.

Субвенционираниот студентски оброк годишно го чини министерството 800 милиони денари. Со овие пари МОН може многу да направи за студентскиот стандард, но сепак, немаме намера да го укинеме законот. Ќе се обидеме и тој да го доуредиме“, кажа министерката.

Министерството за образование и наука веќе има постапено по дел од забелешките на државниот ревизор. Целосно е дигитализирана постапката за аплицирање за стипендии, за оброк и сместување во студентски домови, воспоставени се регистри на државни стипендисти во странство и на студентски домови, а започната е и етапна реконструкција на домовите.

The post Јаневска: Со нов закон за студентски стандард ќе се унапредат студентските права и функционирањето на домовите appeared first on Република.

Јаневска за РСЕ: Изготвивме нов Закон за учебници со кој спречуваме недостиг и доцнење на испораката во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-za-rse-izgotvivme-nov-zakon-za-uchebnitsi-so-koj-sprechuvame-nedostig-i-dotsnene-na-isporakata-vo-uchilishtata/ Sun, 03 Nov 2024 09:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=833665

Со новиот Закон за учебници за основно и средно образование се обидуваме да го подобриме процесот на подготовка, одобрување и издавање на учебници, за да не дојдеме никогаш повеќе во ситуација на први септември да немаме учебници. Искрено се надевам дека со новото законско решение ќе постигнеме и подобар квалитет на учебниците, покрај навременото снабдување, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

Јаневска укажа и дека министерството не може да знае кои и какви учебници недостасуваат во секое училиште, ако училиштата не дадат информација.

На крајот на секоја учебна година се отвора електронски систем во кој училиштата треба да кажат колку учебници им недостасуваат, што значи тие треба да ги пријават сите оштетени учебници од претходната година. Колку учебници пријавиле, толку учебници се печатат и откупуваат, одговори министерката.

За искинатите учебници, Јаневска дообјасни и дека дополнителен проблем што го соопшти една општина, е тоа што сакајќи да ги заштитат граѓаните да не плаќаат од 10 до 70 проценти од цената при враќање на оштетен учебник, училиштата не ги пријавувале.

The post Јаневска за РСЕ: Изготвивме нов Закон за учебници со кој спречуваме недостиг и доцнење на испораката во училиштата appeared first on Република.