Весна Јаневка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesna-janevka/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 13:47:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Весна Јаневка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesna-janevka/ 32 32 Средба на министерката Јаневска со турскиот амбасадор Улусој https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-ministerkata-janevska-so-turskiot-ambasador-ulusoj/ Thu, 18 Jul 2024 13:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=798141

Со потпишувањето на протокол за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите, што треба да се случи до крајот на календарската година, Македонија и Турција уште повеќе ќе ги зацврстат добрите билатерални односи, обезбедувајќи нови можности академскиот кадар и наставно – научната фела во двете земји.

Оваа тема беше во фокусот на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој, на која двете страни изразија задоволство од добрите досегашни односи меѓу државите и очекувања за взаемно делување и во иднина, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

Министерката Јаневска на состанокот информираше за тековните активности на министерството во насока на обезбедување поквалитетен образовен систем. Сподели и дека над 8000 ученици следат настава на турски наставен јазик во македонските училишта и дека грижата за квалитетно образование на турската заедница, како и за сите останати во државата, ќе продолжи да биде интензивна и подеднаква во иднина. Информираше и за активностите кои се веќе започнати во министерството, а се дел од новата програма за работа на институцијата.

Честитајќи и на министерката за именувањето на позицијата, амбасадорот Улусој изрази подготвеност за соработка и нови иницијативи во сите образовни сегменти.

 

The post Средба на министерката Јаневска со турскиот амбасадор Улусој appeared first on Република.

]]>

Со потпишувањето на протокол за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите, што треба да се случи до крајот на календарската година, Македонија и Турција уште повеќе ќе ги зацврстат добрите билатерални односи, обезбедувајќи нови можности академскиот кадар и наставно – научната фела во двете земји. Оваа тема беше во фокусот на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој, на која двете страни изразија задоволство од добрите досегашни односи меѓу државите и очекувања за взаемно делување и во иднина, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Министерката Јаневска на состанокот информираше за тековните активности на министерството во насока на обезбедување поквалитетен образовен систем. Сподели и дека над 8000 ученици следат настава на турски наставен јазик во македонските училишта и дека грижата за квалитетно образование на турската заедница, како и за сите останати во државата, ќе продолжи да биде интензивна и подеднаква во иднина. Информираше и за активностите кои се веќе започнати во министерството, а се дел од новата програма за работа на институцијата. Честитајќи и на министерката за именувањето на позицијата, амбасадорот Улусој изрази подготвеност за соработка и нови иницијативи во сите образовни сегменти.  

The post Средба на министерката Јаневска со турскиот амбасадор Улусој appeared first on Република.

]]>