Весна Гиновска Икова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesna-ginovska-ikova/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 15:22:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Весна Гиновска Икова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesna-ginovska-ikova/ 32 32 Весна Ѓиновска Илкова во насловната улога на „Тоска“ од Пучини на 23 мај на Мајски оперски вечери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vesna-ginovska-ilkova-vo-naslovnata-uloga-na-toska-od-puchini-na-23-maj-na-majski-operski-vecheri/ Sat, 18 May 2024 14:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=779574

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 23 мај во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“.

Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов (Бугарија), сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска Илкова, водечки драмски оперски сопран со совршена вокална динамичност и беспрекорна интонација. Остварила безброј оперски и концертни настапи, добитничка е на највисоките државни награди и признанија, во улогата на сликарот Каварадоси ќе настапи, тенорот Никола Китановски, еден од најафирмираните оперски уметници од просторот на поранешна Југославија, кој со огромен успех, веќе триесет и пет години остварува меѓународна професионална уметничка кариера, во улогата на „злобниот Скарпија“ ќе настапи гостинот од Романија, Лусијан Петреан,во улогата на Анџелоти ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски, чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

 

The post Весна Ѓиновска Илкова во насловната улога на „Тоска“ од Пучини на 23 мај на Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 23 мај во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов (Бугарија), сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска Илкова, водечки драмски оперски сопран со совршена вокална динамичност и беспрекорна интонација. Остварила безброј оперски и концертни настапи, добитничка е на највисоките државни награди и признанија, во улогата на сликарот Каварадоси ќе настапи, тенорот Никола Китановски, еден од најафирмираните оперски уметници од просторот на поранешна Југославија, кој со огромен успех, веќе триесет и пет години остварува меѓународна професионална уметничка кариера, во улогата на „злобниот Скарпија“ ќе настапи гостинот од Романија, Лусијан Петреан,во улогата на Анџелоти ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски, чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Национална опера и балет.  

The post Весна Ѓиновска Илкова во насловната улога на „Тоска“ од Пучини на 23 мај на Мајски оперски вечери appeared first on Република.

]]>