весна бејби петрушевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesna-bejbi-petrushevska/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 08:18:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png весна бејби петрушевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vesna-bejbi-petrushevska/ 32 32 Весна Бејби: Да ве прашам најискрено, дали немате попаметна работа? https://arhiva3.republika.mk/vesti/vesna-bejbi-da-ve-prasham-najiskreno-dali-nemate-popametna-rabota/ Mon, 21 Oct 2024 07:59:59 +0000 https://republika.mk/?p=829279

По реакциите на социјалните мрежи за концертот на балканската ѕвезда Јелена Карлеуша, која на настапот во Скопје го развеаа македонското знаме и ја испеа „Бисер Балкански“, со свој став се огласи и нашата позната актерка Весна Петрушевска.

Си реков да одморам малку од постојано учење,читање, подготовки за претставата која ќе ја режирам....отварам вести: Карлеуша, гаќи, знаме, Саша Ковачевиќ (секогаш внимателно читам се што ќе отворам и не само наслови).

Па да ве прашам најискрено:

Дали немате попаметна работа?

Дали знаете дека има секојдневно насилство помеѓу врсници?

Дали знаете дека број еден смртност од рак во Македонија е рак на дојка?

Дали знаете дека немаме систем кој се грижи за децата со ментално здравје? (фала на себеси и на мојата работливост,храброст и едукација,па моите деца се во странство да не мора до крај на живот да страдам и да умирам од булингит кој го поднесуваа)

Дали знаете дека нема лекови?

Дали знаете дека од ден на ден стануваме земја на стара популација?

Дали знаете дека насмевката е најскапото нешто во Македонија?

Дали знаете дека уметниците во Македонија се ретки зверки?

Дали знаете дека имаме најскапа струја?

Дали знаете дека нема шоу бизнис одамна ниту пак сцена, а вие сте запнале за некој кој регуларно продал карти?

Дали знаете дека умира тв етерот и станувате заложници на лажни вести,профили на социјално мрежи и лигавење на истите од страна на разни појави?

Дали знаете дека преживуваме?

Сега може слободно повторно да се дразните со „големите проблеми" во вашиот живот.

Отидов да се бавам со мојата најголема љубов, театарот. Да сте живи и здрави!

https://republika.mk/scena/estrada/mala-od-skandala-go-strese-skopje/

The post Весна Бејби: Да ве прашам најискрено, дали немате попаметна работа? appeared first on Република.

]]>

По реакциите на социјалните мрежи за концертот на балканската ѕвезда Јелена Карлеуша, која на настапот во Скопје го развеаа македонското знаме и ја испеа „Бисер Балкански“, со свој став се огласи и нашата позната актерка Весна Петрушевска.
Си реков да одморам малку од постојано учење,читање, подготовки за претставата која ќе ја режирам....отварам вести: Карлеуша, гаќи, знаме, Саша Ковачевиќ (секогаш внимателно читам се што ќе отворам и не само наслови).   Па да ве прашам најискрено:   Дали немате попаметна работа?   Дали знаете дека има секојдневно насилство помеѓу врсници?   Дали знаете дека број еден смртност од рак во Македонија е рак на дојка?   Дали знаете дека немаме систем кој се грижи за децата со ментално здравје? (фала на себеси и на мојата работливост,храброст и едукација,па моите деца се во странство да не мора до крај на живот да страдам и да умирам од булингит кој го поднесуваа)   Дали знаете дека нема лекови?   Дали знаете дека од ден на ден стануваме земја на стара популација?   Дали знаете дека насмевката е најскапото нешто во Македонија?   Дали знаете дека уметниците во Македонија се ретки зверки?   Дали знаете дека имаме најскапа струја?   Дали знаете дека нема шоу бизнис одамна ниту пак сцена, а вие сте запнале за некој кој регуларно продал карти?   Дали знаете дека умира тв етерот и станувате заложници на лажни вести,профили на социјално мрежи и лигавење на истите од страна на разни појави?   Дали знаете дека преживуваме?   Сега може слободно повторно да се дразните со „големите проблеми" во вашиот живот.   Отидов да се бавам со мојата најголема љубов, театарот. Да сте живи и здрави!
https://republika.mk/scena/estrada/mala-od-skandala-go-strese-skopje/

The post Весна Бејби: Да ве прашам најискрено, дали немате попаметна работа? appeared first on Република.

]]>
Често се прашувам што би било ако го задржев само уште еден час, вели Бејби за последната емисија со Тоше https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/chesto-se-prashuvam-shto-bi-bilo-ako-go-zadrzhev-samo-ushte-eden-chas-veli-bejbi-za-poslednata-emisija-so-toshe/ Sat, 02 Mar 2024 09:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=750052

Често се прашувам што би било ако го задржев Тоше само уште еден час пред да тргне на пат, вели Весна Бејби Петрушевска зборувајќи за снимањето на последното интервју со македонскиот пејач, ден пред трагичната несреќа. Актерката во интервју за „Еден на Еден“ открива дека тој често ѝ се жалел дека го боли ногата и дека неодмна собрала храброст и по долго време ги посетила неговите родители во Крушево.

https://youtu.be/Nv8hANvgiKU?si=ESgCkL10kaxlWWYr

The post Често се прашувам што би било ако го задржев само уште еден час, вели Бејби за последната емисија со Тоше appeared first on Република.

]]>

Често се прашувам што би било ако го задржев Тоше само уште еден час пред да тргне на пат, вели Весна Бејби Петрушевска зборувајќи за снимањето на последното интервју со македонскиот пејач, ден пред трагичната несреќа. Актерката во интервју за „Еден на Еден“ открива дека тој често ѝ се жалел дека го боли ногата и дека неодмна собрала храброст и по долго време ги посетила неговите родители во Крушево. https://youtu.be/Nv8hANvgiKU?si=ESgCkL10kaxlWWYr

The post Често се прашувам што би било ако го задржев само уште еден час, вели Бејби за последната емисија со Тоше appeared first on Република.

]]>
Петрушевска: Прашајте каде се мајката на Вања, сестричката… https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/petrushevska-prashajte-kade-se-majkata-na-vana-sestrichkata/ Thu, 07 Dec 2023 11:22:44 +0000 https://republika.mk/?p=720670

Прашајте каде се мајката на Вања, сестричката, апелира актерката Весна Петрушевска, додавајќи дека во оваа колективна траума заборавивме на нив две кои се исто жртви на насилство.

Прашањето што се поставува е - што ние како општество, ние како луѓе, ќе направиме за да му помогнеме на ова семејство? Затоа што не се виновни. Жртвата никогаш не е виновна и не треба да ги заборавиме, вели Бејби во видеото објавено на социјалните мрежи.

Како некој кој и самиот поминал низ трауматично искуство, Весна потсетува дека како држава немаме развиено систем како да им помогнеме на жртвите од насилство.

The post Петрушевска: Прашајте каде се мајката на Вања, сестричката… appeared first on Република.

Бејби: Мојот бивш маж ми ја кажа најточната реплика за развод: „Јас тебе повеќе не те сакам“ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/bejbi-mojot-poraneshen-mazh-mi-ja-kazha-najtochnata-replika-za-razvod-jas-tebe-poveke-ne-te-sakam/ Mon, 20 Nov 2023 17:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=714514

Мојот бивш маж ми ја кажа најточната реплика за развод: „Јас тебе повеќе не те сакам“. Вака актерката Весна Петрушевска ја започна приказната за разводот во последната епизода на „Еден на Еден“. Вели, иако во тој момент била повредена и бесна, со годините сфатила дека тоа е најдоброто нешто што може да му се каже на некој со кого раскинувате.

Бејби во свој стил отворено зборуваше за тој период, но и сегашните односи со поранешниот сопруг и децата. Откри како е да се работи со деца и како ја преживува „сектата мајка“, за животот по загубата на омилениот човек во нејзиниот живот, за возењето на рели-трки заедно со нејзината мајка итн. Одличната емисија е објавена на „Јутјуб“:

https://youtu.be/kyK-jk__DPs?si=hQ0jtnce7U0j1RJS

The post Бејби: Мојот бивш маж ми ја кажа најточната реплика за развод: „Јас тебе повеќе не те сакам“ appeared first on Република.

]]>

Мојот бивш маж ми ја кажа најточната реплика за развод: „Јас тебе повеќе не те сакам“. Вака актерката Весна Петрушевска ја започна приказната за разводот во последната епизода на „Еден на Еден“. Вели, иако во тој момент била повредена и бесна, со годините сфатила дека тоа е најдоброто нешто што може да му се каже на некој со кого раскинувате. Бејби во свој стил отворено зборуваше за тој период, но и сегашните односи со поранешниот сопруг и децата. Откри како е да се работи со деца и како ја преживува „сектата мајка“, за животот по загубата на омилениот човек во нејзиниот живот, за возењето на рели-трки заедно со нејзината мајка итн. Одличната емисија е објавена на „Јутјуб“: https://youtu.be/kyK-jk__DPs?si=hQ0jtnce7U0j1RJS

The post Бејби: Мојот бивш маж ми ја кажа најточната реплика за развод: „Јас тебе повеќе не те сакам“ appeared first on Република.

]]>
Бејби во лице на Шаќири: Додека вие чепкате во вашиот телефон… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bejbi-vo-litse-na-shakiri-dodeka-vie-chepkate-vo-vashiot-telefon/ Wed, 10 May 2023 07:58:01 +0000 https://republika.mk/?p=639123

Актерката Весна Петрушевска доби аплауз од сите присутни кога го прзва министерот за образование Јетон Шаќири, кој на дебата за врсничко насилство „Stop bullying“ што вчера ја организираше Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, наместо да го слуша нејзиното излагање си чепкаше во неговиот телефон.

Погрижете се за ножевите во вашите училишта, му порача Бејби на крај.

Повеќе од дебатата тука:

https://republika.mk/vesti/makedonija/namesto-so-timovi-komisii-i-sistemi-treba-da-se-pochne-so-12-godishni-detsa-koi-na-uchilishte-nosat-nozh-mu-reche-akterkata-vesna-petrushevska-na-ministerot-za-obrazovanie/?fbclid=IwAR3Jc1t4hwUdQgF3wBAdLdiIXMYfjheXr1vgyZYUV03SSR3-6zD5R6TJ1uk

The post Бејби во лице на Шаќири: Додека вие чепкате во вашиот телефон… appeared first on Република.

]]>

Актерката Весна Петрушевска доби аплауз од сите присутни кога го прзва министерот за образование Јетон Шаќири, кој на дебата за врсничко насилство „Stop bullying“ што вчера ја организираше Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, наместо да го слуша нејзиното излагање си чепкаше во неговиот телефон.
Погрижете се за ножевите во вашите училишта, му порача Бејби на крај.
Повеќе од дебатата тука: https://republika.mk/vesti/makedonija/namesto-so-timovi-komisii-i-sistemi-treba-da-se-pochne-so-12-godishni-detsa-koi-na-uchilishte-nosat-nozh-mu-reche-akterkata-vesna-petrushevska-na-ministerot-za-obrazovanie/?fbclid=IwAR3Jc1t4hwUdQgF3wBAdLdiIXMYfjheXr1vgyZYUV03SSR3-6zD5R6TJ1uk

The post Бејби во лице на Шаќири: Додека вие чепкате во вашиот телефон… appeared first on Република.

]]>
Весна Бејби до Маричиќ што „со прстињата ли врти“: Баце, нешто отечен ми си, задршка на течности имаш, пази се https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vesna-bejbi-do-marichikj-shto-so-prstinjata-li-vrti-bace-neshto-otechen-mi-si-zadrshka-na-technosti-imash-pazi-se/ Wed, 06 Jul 2022 17:31:40 +0000 https://republika.mk/?p=524895

Толку па да не се пазело на здравје, триглицериди, холестерол...па на тие сметки на наш грб секако, добро е и срце што не те мавнало!, му коментира актерката Весна Петрушевска на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој денеска рече дека не гледа никаков проблем во енормните сметки од гозби на државен трошок.

https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-ne-mozeshe-da-se-seti-koga-potroshil-300-evra-vo-picerija-no-ne-demantira-deka-negovoto-vozilo-2-5-chasa-raboti-vo-mesto-za-da-se-ladi/?fbclid=IwAR1lgU8vBLTZUtJDK3Et2alIsyA2Wb0c9QYskBEthcpCB7T_SWGz5fRHh54

Добро има ли бре еден што не се тови на државна сметка? Па со прстињата врти ли врти „Не гледам проблем!“...Башка, баце нешто како отечен си ми, задршка на течности имаш. Пази здравје не се зезај, саркастично му порача Бејби.

The post Весна Бејби до Маричиќ што „со прстињата ли врти“: Баце, нешто отечен ми си, задршка на течности имаш, пази се appeared first on Република.

]]>

Толку па да не се пазело на здравје, триглицериди, холестерол...па на тие сметки на наш грб секако, добро е и срце што не те мавнало!, му коментира актерката Весна Петрушевска на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој денеска рече дека не гледа никаков проблем во енормните сметки од гозби на државен трошок. https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-ne-mozeshe-da-se-seti-koga-potroshil-300-evra-vo-picerija-no-ne-demantira-deka-negovoto-vozilo-2-5-chasa-raboti-vo-mesto-za-da-se-ladi/?fbclid=IwAR1lgU8vBLTZUtJDK3Et2alIsyA2Wb0c9QYskBEthcpCB7T_SWGz5fRHh54
Добро има ли бре еден што не се тови на државна сметка? Па со прстињата врти ли врти „Не гледам проблем!“...Башка, баце нешто како отечен си ми, задршка на течности имаш. Пази здравје не се зезај, саркастично му порача Бејби.

The post Весна Бејби до Маричиќ што „со прстињата ли врти“: Баце, нешто отечен ми си, задршка на течности имаш, пази се appeared first on Република.

]]>
Весна Бејби: Македонскот јазик е тврдина, идентитетот е нешто за кое не се преговара https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vesna-bejbi-makedonskot-jazik-e-tvrdina-identitetot-e-neshto-za-koe-ne-se-pregovara/ Tue, 05 Jul 2022 21:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=524520

Вечерва излегов на протест за да ви кажам дека македонскот јазик е тврдина,идентитетот е нешто за кое не се преговара. Ова е наша работа за сите нас. Цел живот ни помина во уцени, притисоци и закани. Зошто да потклекнеме и да дозволиме да ни менуваат историја, култура...велат не се секирајте "бетониран е јазикот". Па од бетон глава не кренавме! Сакаме да сме асимилирани, денационализирани и без историја? Да сме гости на сопствениот живот? Беше радикално вечерва и не поддржувам насилство, но народот е бесен и гневен✅ Жално и тажно за сите нас❤️во што ни помина животот?, напиша на Фејсбук, актерката Весна Бејби Петрушевска.

The post Весна Бејби: Македонскот јазик е тврдина, идентитетот е нешто за кое не се преговара appeared first on Република.

Петрушевска: Никој нема право да преговара за нашиот идентитет и јазик, овој протест е борба за нас Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrushevska-nikoj-nema-pravo-da-pregovara-za-nashiot-identitet-i-jazik-ovoj-protest-e-borba-za-nas-makedoncite/ Tue, 05 Jul 2022 20:10:55 +0000 https://republika.mk/?p=524474

Дојдов со една цел, да ви кажам неколку работи. Прво општествена одговорност е секој културен работник, актери, музичар да дојде и да говори дека имаме само еден јазик, а тоа е македонскиот, вели актерката Весна Петрушевска на денешниот протест Ултиматум – НЕ благодарам пред Собрание.

Петрушевска нагласи дека никој нема право да преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик бидејќи како што рече таа тоа е нашата тврдина.

Не може никој да преговара за нашиот идентитет, македонскиот јазик е нашата тврдина. Со македонскиот јазик ние војуваме. Ние сме супер народ, ние сме само обесправени, изјави таа.

Петрушевска истакна дека овој протест е за борба за Македонците и македонскиот јазик.

Затоа денеска сум денеска тука и не ме спречи ниту дождот, времето и грмотевиците. Ова е борба за нас, за Македонците и за нашиот јазик, порача Петрушевска.

The post Петрушевска: Никој нема право да преговара за нашиот идентитет и јазик, овој протест е борба за нас Македонците appeared first on Република.

]]>

Дојдов со една цел, да ви кажам неколку работи. Прво општествена одговорност е секој културен работник, актери, музичар да дојде и да говори дека имаме само еден јазик, а тоа е македонскиот, вели актерката Весна Петрушевска на денешниот протест Ултиматум – НЕ благодарам пред Собрание. Петрушевска нагласи дека никој нема право да преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик бидејќи како што рече таа тоа е нашата тврдина. Не може никој да преговара за нашиот идентитет, македонскиот јазик е нашата тврдина. Со македонскиот јазик ние војуваме. Ние сме супер народ, ние сме само обесправени, изјави таа. Петрушевска истакна дека овој протест е за борба за Македонците и македонскиот јазик. Затоа денеска сум денеска тука и не ме спречи ниту дождот, времето и грмотевиците. Ова е борба за нас, за Македонците и за нашиот јазик, порача Петрушевска.

The post Петрушевска: Никој нема право да преговара за нашиот идентитет и јазик, овој протест е борба за нас Македонците appeared first on Република.

]]>
„Стварно се ненормални, рекетари едни!“ вели Весна Бејби за ЕВН и јануарските сметки за струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stvarno-se-nenormalni-reketari-edni-veli-vesna-bejbi-za-evn-i-januarskite-smetki-za-struja/ Tue, 08 Feb 2022 08:58:54 +0000 https://republika.mk/?p=455531

Актерката Весна Бејби Петрушевска остана во шок откако ѝ стигнале последните сметки за струја. Преку фејсбук-видео таа им порачува на ЕВН дека се рекетари.

ЕВН онлајн како сте? Цо паите? Ние арни и во благо растројство. Убаи сметките. Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14.000 денари, другата 18.000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките друг пат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН од таму. Стварно се ненормални. Човек не знае што да прави кога ќе ги види тие сметки. На крај мора да платиш. Рекетари едни, вели Петрушевска.

Кога пред некоја година автомобилот на актерката заврши во Вардар, таа стана дел од рекламната кампања на ЕВН за плаќање на сметки онлајн. Во рекламата нурка во реката за да ги извади сметките од возилото.

The post „Стварно се ненормални, рекетари едни!“ вели Весна Бејби за ЕВН и јануарските сметки за струја appeared first on Република.

Бејби гласно во одбрана на Ембла: И за Мина се собраа родители, бараа да се отпише, примитивни и неуки луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bejbi-glasno-vo-odbrana-na-embla-i-za-mina-se-sobraa-roditeli-baraa-da-se-otpishe-primitivni-i-neuki-lugje/ Thu, 03 Feb 2022 15:13:26 +0000 https://republika.mk/?p=453706

Како и поголемиот дел од јавноста, така и актерката Венса Петрушевска Бејби застана во одбрана на Ембла, девојчето со Даунов синдром, против кого родителите на соучениците кренаа хајка, барајќи таа да не учи со нивните деца.

https://republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-kje-go-ispituva-sluchajot-za-uchenichkata-so-daunov-sindrom-od-gostivar/

Ова е Ембла жртва на полусветови, примитивни и неуки луѓе. Ние живееме во земја каде се нема емпатија и сочуство. Не постојат деца со посебни потреби, постојат луѓе без посебен капацитет на мозок или пак шуплива празнина во сопствената лобања. Ќе ви раскажам нешто што на Мина ѝ се слчуваше после немилиот настан. Jа запишав во „Јахја Кемал“, си велам ќе ѝ биде поарно, помалку деца, поголемо трпение. Ама не! Се собраа родители од нејзиниот клас и рекоа дека ако не се отпише Мина тие сите ќе си напуштеле школото. Ова ми го кажаа само после два месеца откако Мина почна со школо во „Јахја Кемал“. Началството ме замоли да не сум правела проблем...Бев бесна, лута, Џамбазов имаше идеја да им застанеме пред школо ќе се собереше народ ќе го затвореа. Да, после таков стрес детето е недоверливо и агресивно, башка што беше изложена на булинг, така да јас сум во прва борбена линија за Ембла и сите булирани деца. Патем кај мене во актерската школа имам неколку деца со посебни потреби и другите деца ги учам како да постапуваат со нив, како да совладаат текст заедно, како да споделуваат и многу љубов, многу љубов! Ембла кога сакаш да се видиме тука сум! Во оваа држава по милионити пат повторувам дека нема поддршка за родителите како и тие да се справат со сопствените деца. Тие се хероите исто! Кога зборувам за нив зборувам и за себе. Гајле им е на оние што во буквална смисла ги малтретираат децата, порача Бејби.

The post Бејби гласно во одбрана на Ембла: И за Мина се собраа родители, бараа да се отпише, примитивни и неуки луѓе appeared first on Република.

]]>

Како и поголемиот дел од јавноста, така и актерката Венса Петрушевска Бејби застана во одбрана на Ембла, девојчето со Даунов синдром, против кого родителите на соучениците кренаа хајка, барајќи таа да не учи со нивните деца. https://republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-kje-go-ispituva-sluchajot-za-uchenichkata-so-daunov-sindrom-od-gostivar/
Ова е Ембла жртва на полусветови, примитивни и неуки луѓе. Ние живееме во земја каде се нема емпатија и сочуство. Не постојат деца со посебни потреби, постојат луѓе без посебен капацитет на мозок или пак шуплива празнина во сопствената лобања. Ќе ви раскажам нешто што на Мина ѝ се слчуваше после немилиот настан. Jа запишав во „Јахја Кемал“, си велам ќе ѝ биде поарно, помалку деца, поголемо трпение. Ама не! Се собраа родители од нејзиниот клас и рекоа дека ако не се отпише Мина тие сите ќе си напуштеле школото. Ова ми го кажаа само после два месеца откако Мина почна со школо во „Јахја Кемал“. Началството ме замоли да не сум правела проблем...Бев бесна, лута, Џамбазов имаше идеја да им застанеме пред школо ќе се собереше народ ќе го затвореа. Да, после таков стрес детето е недоверливо и агресивно, башка што беше изложена на булинг, така да јас сум во прва борбена линија за Ембла и сите булирани деца. Патем кај мене во актерската школа имам неколку деца со посебни потреби и другите деца ги учам како да постапуваат со нив, како да совладаат текст заедно, како да споделуваат и многу љубов, многу љубов! Ембла кога сакаш да се видиме тука сум! Во оваа држава по милионити пат повторувам дека нема поддршка за родителите како и тие да се справат со сопствените деца. Тие се хероите исто! Кога зборувам за нив зборувам и за себе. Гајле им е на оние што во буквална смисла ги малтретираат децата, порача Бејби.

The post Бејби гласно во одбрана на Ембла: И за Мина се собраа родители, бараа да се отпише, примитивни и неуки луѓе appeared first on Република.

]]>
Петрушевска до маестро Џамбазов: Треба да си во Алејата на великаните, без збор! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/petrushevska-do-maestro-dzambazov-treba-da-si-vo-alejata-na-velikanite-bez-zbor/ Tue, 25 Jan 2022 11:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=449213

Актерката Весна Бејби Петрушевска се прости од маестро Александар Џамбазов, кој денеска почина во Скопје, неколку дена пред 86-тиот роденден.

Единствениот маестро за мене во мојот живот, кроток, мил, зборлест, духовит, вечно вљубен во својата Анче, постојано загрижен за своите Тања и Игор...Што седења сме си имале пред Воена болница кога Игор имаше проблеми со здравјето, колку тајни ми има кажано за македонските пејачи затоа што бев многу љубопитна. Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал. Те сакам мој мој маестро и треба да си во алејата на великаните без збор!!!! Игор и Тања, моето најдлабоко сочуство, чичко Ацо баци ми ја Анче, напиша Бејби.

The post Петрушевска до маестро Џамбазов: Треба да си во Алејата на великаните, без збор! appeared first on Република.