вештачка интелигенција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veshtachka-inteligencija/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 10:51:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вештачка интелигенција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veshtachka-inteligencija/ 32 32 Во црква во Швајцарија поставен холограм на Исус кој ве советува при исповед https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-tsrkva-vo-shvajtsarija-postaven-hologram-na-isus-koj-ve-sovetuva-pri-ispoved/ Thu, 21 Nov 2024 10:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=840306

Во една црква во Швајцарија е поставен холограм на Исус за исповед, пишува „Дејли мејл“.

Холограмот работи преку вештачка интелигенција (ВИ) и комуницира со верниците во капелата Свети Петар во градот Луцерн. Додека личноста поставува прашања, ВИ генерира одговори и го анимира лицето на Исус.

Холограмот знае 100 јазици за да комуницира со туристи од различни земји.

Најмалку две третини од луѓето по ваквата „исповед“ рекле дека имале „духовно“ искуство, се вели во изданието.

The post Во црква во Швајцарија поставен холограм на Исус кој ве советува при исповед appeared first on Република.

]]>

Во една црква во Швајцарија е поставен холограм на Исус за исповед, пишува „Дејли мејл“. Холограмот работи преку вештачка интелигенција (ВИ) и комуницира со верниците во капелата Свети Петар во градот Луцерн. Додека личноста поставува прашања, ВИ генерира одговори и го анимира лицето на Исус. Холограмот знае 100 јазици за да комуницира со туристи од различни земји. Најмалку две третини од луѓето по ваквата „исповед“ рекле дека имале „духовно“ искуство, се вели во изданието.

The post Во црква во Швајцарија поставен холограм на Исус кој ве советува при исповед appeared first on Република.

]]>
Во Прилеп се отвора „Човек – Муза“ – едукативна изложба на уметности генерирани од вештачка интелигенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-prilep-se-otvora-chovek-muza-edukativna-izlozhba-na-umetnosti-generirani-od-veshtachka-inteligentsija/ Thu, 21 Nov 2024 10:27:04 +0000 https://republika.mk/?p=840286

На 22 ноември, (петок) во 19 часот во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Човек - муза“ од Зоран Тодороски.

Изложбата „Човек - Муза“ е едукативна изложба на уметности генерирани од вештачка интелигенција.

Поимот вештачка интелигенција започнува да се употребува уште во почетокот на 50- тите години, со нејзината појава, кога развојот беше условен од ограничената моќ на компјутерските системи во тоа време. Забрзаниот развој на компјутерските ситеми овозможи забрзан развој во оваа област што евентуално ќе ја направи комуникацијата со машините по човечна а со тоа и полесна и подостапна употребата на напредната технологија генерално. Овој забрзан развој доведе до појава на таканаречените “Големи Јазични Модели“ кои станаа популарни пред се поради нивната намена за употреба од обичните корисници без потрбно специјална обука и поради нивната универзалност. Како и да е, самиот поим Вештачка Интелигенција, нејзините можности, достапността и начинот на употреба остана ексклузивна привилегија за оние по упатените во технологијата поради одсуството на информативен медиум што би ја запознал генералната јавност.

Едукативната изложба има за цел да ги презентира некои од можностите на вештачката интелигенција кои се достапни за обичниот корисник, како и да ги запознае присутните со историјата, суштината и достапните алатки и можности на обичниот корисник. Кратко, со присуството на оваа едукативна изложба посетителот ќе се стекни основните знаења, вештини и совети за интеракција со оваа релативно нова алатка.На настанот е планирано наколку кратки излагања од организаторот и истакнати експерти кои во релаксирана атмосфера ќе ги запознаат со историјата, клучните моменти во развојот како и начинот на функционирање на техничко ниво. Планирано е да бидат изложени слики во различни стилови и техники генерирани од вештачка интелигенција пропратено со музика и поезија генерирана од вештачка интелигенција кои ќе ги воодушеват присутните но и ќе предочат недостатоците и неопходноста на инспирација, мотив и човечка емоција во уметността - вели Зоран Тодороски.

Секако дека крајниот збор ќе биде оставен на уметниците кои ваквиот настан го оценија како, интересен и потребен.

The post Во Прилеп се отвора „Човек – Муза“ – едукативна изложба на уметности генерирани од вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>

На 22 ноември, (петок) во 19 часот во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Човек - муза“ од Зоран Тодороски. Изложбата „Човек - Муза“ е едукативна изложба на уметности генерирани од вештачка интелигенција. Поимот вештачка интелигенција започнува да се употребува уште во почетокот на 50- тите години, со нејзината појава, кога развојот беше условен од ограничената моќ на компјутерските системи во тоа време. Забрзаниот развој на компјутерските ситеми овозможи забрзан развој во оваа област што евентуално ќе ја направи комуникацијата со машините по човечна а со тоа и полесна и подостапна употребата на напредната технологија генерално. Овој забрзан развој доведе до појава на таканаречените “Големи Јазични Модели“ кои станаа популарни пред се поради нивната намена за употреба од обичните корисници без потрбно специјална обука и поради нивната универзалност. Како и да е, самиот поим Вештачка Интелигенција, нејзините можности, достапността и начинот на употреба остана ексклузивна привилегија за оние по упатените во технологијата поради одсуството на информативен медиум што би ја запознал генералната јавност.
Едукативната изложба има за цел да ги презентира некои од можностите на вештачката интелигенција кои се достапни за обичниот корисник, како и да ги запознае присутните со историјата, суштината и достапните алатки и можности на обичниот корисник. Кратко, со присуството на оваа едукативна изложба посетителот ќе се стекни основните знаења, вештини и совети за интеракција со оваа релативно нова алатка.На настанот е планирано наколку кратки излагања од организаторот и истакнати експерти кои во релаксирана атмосфера ќе ги запознаат со историјата, клучните моменти во развојот како и начинот на функционирање на техничко ниво. Планирано е да бидат изложени слики во различни стилови и техники генерирани од вештачка интелигенција пропратено со музика и поезија генерирана од вештачка интелигенција кои ќе ги воодушеват присутните но и ќе предочат недостатоците и неопходноста на инспирација, мотив и човечка емоција во уметността - вели Зоран Тодороски.
Секако дека крајниот збор ќе биде оставен на уметниците кои ваквиот настан го оценија како, интересен и потребен.

The post Во Прилеп се отвора „Човек – Муза“ – едукативна изложба на уметности генерирани од вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Вештачката интелигенција етапно ќе се воведува во наставните програми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-veshtachkata-inteligentsija-etapno-ke-se-voveduva-vo-nastavnite-programi/ Tue, 29 Oct 2024 12:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=832067

Вештачката интелигенција повеќе не се третира како футуристички концепт, туку е реалност и има голема примена во секојдневието. Планираме нејзино етапно воведување во наставните програми во училиштата, тоа е наша должност со цел младите низ формалниот процес на образование да се запознаваат со придобивките, но и со предизвиците од нејзината употреба.

Ова го истакна министерката за образование и наука на дебатата со наслов „Дали имаме национален капацитет за брза адаптација на работната сила со предизвиците кои ги носи вештачката интелигенција?“, организирана во рамки на 19та годишна конференција на МАСИТ - Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии, што денес и утре се одржува во Скопје.

Вештачката интелигенција има голем потенцијал во областа на образованието. Таа, може да го револуционизира начинот на кој се учи и се предава. Може да го персонализира образованието, приспособувајќи ја содржината на индивидуалните потреби и стилови на учење на секој ученик. Ова може да доведе до подобри резултати од учењето“, рече Јаневска, посочувајќи дека зборува за вештачката интелигенција која е во согласност со етичките и моралните начела и норми.

Говорејќи за дигитализацијата на образованието, министерката рече дека тоа е отпочнат процес во кој државата е поназад од земјите од ЕУ, а понапред во споредба со земјите во регионот. Посочи дека министерството е фокусирано на два аспекти – дигитализација на наставата и дигитализација на образовните услуги.

Дигитализација на наставата подразбира опремување на училиштата со квалитетна ИТ инфраструктурна мрежа и ИТ уреди, обезбедување на дигитални алатки и платформи, дигитализирани учебници и слично. Од друга страна пак, веќе нудиме дигитални услуги за остварување на повеќе права – упис во прво одделение и прва година во средно образование, аплицирање за стипендии, за сместување во ученички и студентски домови, за субвенциониран оброк и така натаму. Во напредна фаза е и дигитализацијата на услугите на повеќе факултети“, рече Јаневска.

Нагласи дека државата се води по национални, но и меѓународни документи, како на пример Акцискиот план за дигитално образование.

Периодов фокусот е ставен и на реформската мерка за инклузивна дигитална трансформација на образованието преку која е предвидено над 95% од наставниците до крајот на 2027 година да бидат високо обучени во полето на дигиталните вештини, додаде министерката.

Буџетот што ќе го добие Министерството за образование и наука следната година ќе изнесува 40 милијарди денари, што е најмногу досега. Според Јаневска, тоа ќе значи и повеќе пари за дигитализација, како и за поддршка на работата на научно – истражувачките работници кои, очекува во иднина повеќе да се занимаваат со иновации во областа на вештачката интелигенција.

На дебатата, покрај министерката Јаневска, учествуваа и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, претседателот и заменик претседателката на МАСИТ - Илија Господинов и Весна Иваноска, како и директорот на активноста на USAID за млади кои активно создаваат можности - Youth Actively Create Opportunities (YACO), Небојша Мојсоски.

The post Јаневска: Вештачката интелигенција етапно ќе се воведува во наставните програми appeared first on Република.

„Тик ток“ укинува стотици работни места, ја користи вештачката интелигенција https://arhiva3.republika.mk/zivot/tik-tok-ukinuva-stotitsi-rabotni-mesta-ja-koristi-veshtachkata-inteligentsija/ Sat, 12 Oct 2024 16:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=825954

Социјалната мрежа „Тик ток“ соопшти дека укинува стотици работни места бидејќи се фокусира на зголемена употреба на вештачка интелигенција во модерирање на содржината.

Отпуштањата најмногу се однесуваат на персоналот во Малезија, каде првично беа пријавени повеќе од 700 работни места, но Тик Ток подоцна соопшти дека помалку од 500 вработени ќе бидат отпуштени, јави South China Morning Post.

Вработените, од кои повеќето биле ангажирани во операции за модерирање, биле известени за отпуштањата преку електронска пошта.

The post „Тик ток“ укинува стотици работни места, ја користи вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>

Социјалната мрежа „Тик ток“ соопшти дека укинува стотици работни места бидејќи се фокусира на зголемена употреба на вештачка интелигенција во модерирање на содржината.
Отпуштањата најмногу се однесуваат на персоналот во Малезија, каде првично беа пријавени повеќе од 700 работни места, но Тик Ток подоцна соопшти дека помалку од 500 вработени ќе бидат отпуштени, јави South China Morning Post. Вработените, од кои повеќето биле ангажирани во операции за модерирање, биле известени за отпуштањата преку електронска пошта.

The post „Тик ток“ укинува стотици работни места, ја користи вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>
Промовирана „Буки“ – новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик, ќе биде бесплатна за сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promovirana-buki-novata-digitalna-platforma-bazirana-na-veshtachka-inteligentsija-za-transkriptsija-na-govor-na-makedonski-jazik-ke-bide-besplatna-za-site/ Thu, 10 Oct 2024 09:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=825033

На „Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје официјално беше пуштена во употреба новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“, која овозможува унапредено користење на официјалниот јазик при креирање текстови во дигитална форма.

Платформата овозможува пренос на усно изговорена мисла на македонски јазик во пишан текст кој содржи интерпункција, мали и големи букви. Во моментов функционира моделот за литературен јазик, но се работи и на втор, кој би ги препознавал македонските дијалекти. „Буки“ може да им биде од корист на сите кои работат со транскрипција на текст (интервјуа, предавања, теренски белешки, потсетници), на лица со хендикеп, транскрипција и анотација на македонското културно наследство, архиви, снимки во МРТВ итн.

Моделот е креиран од Дејан Порјазовски, експерт за технологии на вештачка интелигенција за препознавање говор од Универзитетот „Аалто“ во Финска, како дел одактивностите на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс) при УКИМ, и во соработка со проф. д-р Никола Стиков, професор по биомедицински инженеринг на Политехничката школа при Универзитетот во Монтреал.

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, на презентацијата истакна дека создавањето на платформата е „патриотски придонес“ на Универзитетот и на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс).

-Овој модел може да им биде од корист на сите кои работат со транскрипција на текст (интервјуа, предавања, теренски белешки, потсетници), но и на лица со хендикеп, а се надеваме дека овој модел ќе најде примена и во многу дигитални алатки кои го прават нашиот живот полесен. Во моментов ја презентираме првата верзија на моделот, но тимот кој го изработи моделот е детерминиран да се изработи и втора подобрена верзија, како и верзија за транскрипција на дијалектите на македонскиот јазик, која ќе придонесе за научноистражувачката работа на УКИМ, но и ќе ги зачува дијалектите за наредните генерации, рече Ангелова.

Посочи дека се планира и изработка на подобрен кориснички интерфејс и решавање на одржливоста на платформата за транскрипција на македонскиот говор.

Платформата ја претстави Порјазовски кој на презентацијата учествуваше онлајн. Како што рече, се работи за адаптирани верзии на веќе постојните Wav2vec2 и Виспер (Whisper), со тоа што ги тренирале со наши ресури на македонски јазик.

Со цел да се провери работата на „Буки“ во споредба со јавно достапните Виспер (Whisper) од OpenAI компанијата и MMS од Мета (Фејсбук) ги тестирале на разни видови аудио - читан текст, дијалекти итн. и се покажало дека моделот што го креирале е подобар и со помал процент грешки при транскрибирањето на македонскиот говор.

Идејата за проектот била на проф. Никола Стиков кој на презентацијата рече дека таа најпрво била од лични мотиви, а потоа и заради исклучителната важност да се зачува македонскиот јазик и наследство.

Илјадници часови снимени материјали се распаѓаат во влажните ќошиња на македонските институции чекајќи да бидат пребарани и индексирани. Моделот „Буки“ е првиот чекор кон зачувувањето на ова богатство. Трениран е со само 60 додатни часа говор, но веќе е далеку подобар од конкуренцијата, потенцираше Стиков.

Проф. д-р Илина Јакимовска, раководителка на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математички факултет на УКИМ, пак, рече дека дигиталниот архив на етнолошки и антрополошки ресурси на Институтот содржи над 1.250 часа аудиоматеријал, рачно транскрибиран во ворд-фајлови (главно, теренски интервјуа и усни сведоштва), голем број визуелни материјали, музичка збирка и дигитализирани ракописи од наши поранешни професори и донатори.

Чест ни е што дел од аудиоснимките и нивните преписи учествуваат во моделот „Буки“ и тоа со 40 проценти од неговиот тренинг. При нивниот избор се внимаваше тие да се од различни делови на Македонија, односно да се на повеќе дијалекти, со говорници од различен пол и различна возраст. Со тоа, во „Буки“ се индиректно вградени и архаизми и гласови на луѓе кои веќе не се меѓу нас. Така, преку овој производ се среќава технологијата на иднината со културното наследство на минатото, посочи Јакимовска.

Изработката на платформата „Буки“ ја поздрави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој истакна дека е фасциниран од оваа иновација која инспирира со можностите што ги нуди.

Нагласи дека е многу важно политиката сега да го препознае ова што го прави науката и, рече, да најдеме начин како да ја примениме вештачка интелигенција во дигиталната трансформација на општеството. Посочи и дека во светот на брзи технолошки промени, промоцијата и заштитата на македонскиот јазик е императив.

Ова е вистински патриотски чин што го правите вие како идејни творци и целата организациска структура околу проектот. Освен што е предизвик заштитата и промоцијата на македонскиот јазик, со дигиталните алатки сега станува и нова можност затоа што вештачката интелигенција има потенцијал таа можност да ја развива и да ја однесе на некои нови гранки, рече Андоновски.

Во однос на снимените ресурси кои со „Буки“ може да се транскрибираат, министерот рече дека ќе преземе обврска да искомуницира со МРТВ за, како што рече, „да видиме што се можеме да повлечеме од таму како материјал што вам би ви било од корист за развој на оваа алатка“.

По промоцијата на моделот, УКИМ почна кампања „Донирај глас“ и секој кој сака да придонесе, ќе може да го донира својот глас – да прочита текст на македонски и да го прикачи на платформата Мозила.

Линк до платформата: https://huggingface.co/Macedonian-ASR

The post Промовирана „Буки“ – новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик, ќе биде бесплатна за сите appeared first on Република.

]]>

На „Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје официјално беше пуштена во употреба новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“, која овозможува унапредено користење на официјалниот јазик при креирање текстови во дигитална форма. Платформата овозможува пренос на усно изговорена мисла на македонски јазик во пишан текст кој содржи интерпункција, мали и големи букви. Во моментов функционира моделот за литературен јазик, но се работи и на втор, кој би ги препознавал македонските дијалекти. „Буки“ може да им биде од корист на сите кои работат со транскрипција на текст (интервјуа, предавања, теренски белешки, потсетници), на лица со хендикеп, транскрипција и анотација на македонското културно наследство, архиви, снимки во МРТВ итн. Моделот е креиран од Дејан Порјазовски, експерт за технологии на вештачка интелигенција за препознавање говор од Универзитетот „Аалто“ во Финска, како дел одактивностите на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс) при УКИМ, и во соработка со проф. д-р Никола Стиков, професор по биомедицински инженеринг на Политехничката школа при Универзитетот во Монтреал. Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, на презентацијата истакна дека создавањето на платформата е „патриотски придонес“ на Универзитетот и на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс). -Овој модел може да им биде од корист на сите кои работат со транскрипција на текст (интервјуа, предавања, теренски белешки, потсетници), но и на лица со хендикеп, а се надеваме дека овој модел ќе најде примена и во многу дигитални алатки кои го прават нашиот живот полесен. Во моментов ја презентираме првата верзија на моделот, но тимот кој го изработи моделот е детерминиран да се изработи и втора подобрена верзија, како и верзија за транскрипција на дијалектите на македонскиот јазик, која ќе придонесе за научноистражувачката работа на УКИМ, но и ќе ги зачува дијалектите за наредните генерации, рече Ангелова. Посочи дека се планира и изработка на подобрен кориснички интерфејс и решавање на одржливоста на платформата за транскрипција на македонскиот говор. Платформата ја претстави Порјазовски кој на презентацијата учествуваше онлајн. Како што рече, се работи за адаптирани верзии на веќе постојните Wav2vec2 и Виспер (Whisper), со тоа што ги тренирале со наши ресури на македонски јазик. Со цел да се провери работата на „Буки“ во споредба со јавно достапните Виспер (Whisper) од OpenAI компанијата и MMS од Мета (Фејсбук) ги тестирале на разни видови аудио - читан текст, дијалекти итн. и се покажало дека моделот што го креирале е подобар и со помал процент грешки при транскрибирањето на македонскиот говор. Идејата за проектот била на проф. Никола Стиков кој на презентацијата рече дека таа најпрво била од лични мотиви, а потоа и заради исклучителната важност да се зачува македонскиот јазик и наследство.
Илјадници часови снимени материјали се распаѓаат во влажните ќошиња на македонските институции чекајќи да бидат пребарани и индексирани. Моделот „Буки“ е првиот чекор кон зачувувањето на ова богатство. Трениран е со само 60 додатни часа говор, но веќе е далеку подобар од конкуренцијата, потенцираше Стиков.
Проф. д-р Илина Јакимовска, раководителка на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математички факултет на УКИМ, пак, рече дека дигиталниот архив на етнолошки и антрополошки ресурси на Институтот содржи над 1.250 часа аудиоматеријал, рачно транскрибиран во ворд-фајлови (главно, теренски интервјуа и усни сведоштва), голем број визуелни материјали, музичка збирка и дигитализирани ракописи од наши поранешни професори и донатори.
Чест ни е што дел од аудиоснимките и нивните преписи учествуваат во моделот „Буки“ и тоа со 40 проценти од неговиот тренинг. При нивниот избор се внимаваше тие да се од различни делови на Македонија, односно да се на повеќе дијалекти, со говорници од различен пол и различна возраст. Со тоа, во „Буки“ се индиректно вградени и архаизми и гласови на луѓе кои веќе не се меѓу нас. Така, преку овој производ се среќава технологијата на иднината со културното наследство на минатото, посочи Јакимовска.
Изработката на платформата „Буки“ ја поздрави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој истакна дека е фасциниран од оваа иновација која инспирира со можностите што ги нуди. Нагласи дека е многу важно политиката сега да го препознае ова што го прави науката и, рече, да најдеме начин како да ја примениме вештачка интелигенција во дигиталната трансформација на општеството. Посочи и дека во светот на брзи технолошки промени, промоцијата и заштитата на македонскиот јазик е императив.
Ова е вистински патриотски чин што го правите вие како идејни творци и целата организациска структура околу проектот. Освен што е предизвик заштитата и промоцијата на македонскиот јазик, со дигиталните алатки сега станува и нова можност затоа што вештачката интелигенција има потенцијал таа можност да ја развива и да ја однесе на некои нови гранки, рече Андоновски.
Во однос на снимените ресурси кои со „Буки“ може да се транскрибираат, министерот рече дека ќе преземе обврска да искомуницира со МРТВ за, како што рече, „да видиме што се можеме да повлечеме од таму како материјал што вам би ви било од корист за развој на оваа алатка“. По промоцијата на моделот, УКИМ почна кампања „Донирај глас“ и секој кој сака да придонесе, ќе може да го донира својот глас – да прочита текст на македонски и да го прикачи на платформата Мозила. Линк до платформата: https://huggingface.co/Macedonian-ASR

The post Промовирана „Буки“ – новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик, ќе биде бесплатна за сите appeared first on Република.

]]>
Компанијата „Опен АИ“ има намера да воведе воден печат за „ЧетГПТ“ за да ги спречи учениците да мамат https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/kompanijata-open-ai-ima-namera-da-vovede-voden-pechat-za-chetgpt-za-da-gi-sprechi-uchenitsite-da-mamat/ Mon, 05 Aug 2024 17:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=803655

Компанијата „Опен АИ“ ги потврди наводите дека размислува да воведе алатка чија задача е да открие есеи напишани од „ЧетГПТ“ со висок процент на точност.

Станува збор за воден печат, кој би означувал содржина создадена од вештачка интелигенција. Засега нема таква алатка и метод бидејќи наводно се уште се дебатира дали треба да „здогледа светло на денот“ иако веќе е готова.

Нашите тимови развија метод за водена ознака на текстот и продолжуваме да ја разгледуваме оваа можност додека истражуваме алтернативи“, се вели во соопштението на компанијата.

Сепак, водениот печат е само едно од неколкуте можни решенија, вклучително и класификатори и метаподатоци, кои таа ги сметаше како дел од „обемното истражување за потеклото на текстот“. Овој метод е „многу прецизен“ во одредени ситуации, но не е многу ефикасен во случај на одредени форми на неовластени манипулации како што се користење системи за превод, преформулирање со друг генеративен модел или барање од моделот да вметне посебен знак помеѓу секој збор и потоа „да го избрише тој знак“.

Ова би можело да ја стигматизира употребата на технологијата за вештачка интелигенција како корисна алатка за пишување за кои не зборуваат мајчин англиски јазик. Затоа, „Опен АИ“ ги „мери“ овие ризици“, велат од компанијата.

Компанијата има приоритет на алатката за автентикација на аудиовизуелна содржина. Посебен акцент е ставен на потеклото на текстот поради неговата „сложеност и неговото веројатно влијание врз поширокиот екосистем надвор од компанијата Опен АИ“.

The post Компанијата „Опен АИ“ има намера да воведе воден печат за „ЧетГПТ“ за да ги спречи учениците да мамат appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Опен АИ“ ги потврди наводите дека размислува да воведе алатка чија задача е да открие есеи напишани од „ЧетГПТ“ со висок процент на точност. Станува збор за воден печат, кој би означувал содржина создадена од вештачка интелигенција. Засега нема таква алатка и метод бидејќи наводно се уште се дебатира дали треба да „здогледа светло на денот“ иако веќе е готова.
Нашите тимови развија метод за водена ознака на текстот и продолжуваме да ја разгледуваме оваа можност додека истражуваме алтернативи“, се вели во соопштението на компанијата.
Сепак, водениот печат е само едно од неколкуте можни решенија, вклучително и класификатори и метаподатоци, кои таа ги сметаше како дел од „обемното истражување за потеклото на текстот“. Овој метод е „многу прецизен“ во одредени ситуации, но не е многу ефикасен во случај на одредени форми на неовластени манипулации како што се користење системи за превод, преформулирање со друг генеративен модел или барање од моделот да вметне посебен знак помеѓу секој збор и потоа „да го избрише тој знак“.
Ова би можело да ја стигматизира употребата на технологијата за вештачка интелигенција како корисна алатка за пишување за кои не зборуваат мајчин англиски јазик. Затоа, „Опен АИ“ ги „мери“ овие ризици“, велат од компанијата.
Компанијата има приоритет на алатката за автентикација на аудиовизуелна содржина. Посебен акцент е ставен на потеклото на текстот поради неговата „сложеност и неговото веројатно влијание врз поширокиот екосистем надвор од компанијата Опен АИ“.

The post Компанијата „Опен АИ“ има намера да воведе воден печат за „ЧетГПТ“ за да ги спречи учениците да мамат appeared first on Република.

]]>
Стапи во сила Законот за вештачка интелигенција на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stapi-vo-sila-zakonot-za-veshtachka-inteligentsija-na-eu/ Sat, 03 Aug 2024 13:24:23 +0000 https://republika.mk/?p=803053

Законот за вештачка интелигенција на ЕУ, кој е прва сеопфатна законска регулатива во светот за оваа технологија, официјално стапи во сила, со што се воспоставува хармонизиран европски внатрешен пазар за вештачка интелигенција, се охрабрува нејзиното прифаќање и се создаваат услови за поддршка на иновациите и инвестициите во оваа сфера.

Законот е дизајниран да гарантира дека вештачката интелигенција развиена и користена во ЕУ е безбедна и доверлива и дека се преземени мерки за заштита на основните права на луѓето.

Според извршната потпретседателка на Европската комисија за Европа прилагодена на дигиталната ера Маргрете Вестагер, Законот е показател дека европскиот пристап кон технологијата ги става луѓето на прво место и гарантира почитување и заштита правата на сите.

Со Законот за вештачка интелигенција, ЕУ презеде важен чекор за да се осигура дека при примената на технологијата за вештачка интелигенција се почитуваат нејзините правила, изјави Вестагер по повод стапувањето на законот во сила.

Според неа, вештачката интелигенција има потенцијал да го промени досегашните начини на работа и живеење и нуди огромни придобивки за граѓаните, општеството и европската економија. Еврокомесарот за внатрешен пазар Тјери Бретон, пак, оцени дека стапувањето во сила на Законот претставува голема пресвртница во лидерството на Европа во обезбедувањето на доверлива вештачка интелигенција.

Со стапувањето во сила на Законот за вештачка интелигенција, европската демократија прва во светот испорача ефикасна и адекватна рамка за вештачката интелигенција, справувајќи се со ризиците и служејќи како лансирно поле за европските стартапи со вештачка интелигенција, додаде Бретон.

Со Законот се воспоставуваат стандарди за обезбедување минимален ризик при користењето на системите за вештачка интелигенција и за нивна целосна транспарентност.

За оние системи за вештачка интелигенција што се идентификувани како високоризични се предвидени строги барања, кои меѓу другото вклучуваат и мерки за намалување на ризикот, евиденција на активностите, комплетна документација, човечки надзор и кибер безбедност. Во оваа високоризична група меѓу другите се вклучени и системите за вештачка интелигенција што се користат за утврдување или проценка дали некој субјект има право да добие кредит, како и алгоритмите кои управуваат со автономни роботи.

Со Законот се забранува користење на системи за вештачка интелигенција кои се сметаат за „јасна закана за основните човекови права“, како што се апликации за манипулирање со однесувањето на луѓето, играчки кои со гласовна помош можат да поттикнат „опасното однесување“ на малолетниците, како и системи кои овозможуваат „социјално оценување“ од страна на владите или компаниите. Дополнително, се забранува употреби на системи за препознавање емоции на работното место, за категоризација на луѓе или за биометриска идентификација на далечина во реално време.

Законот воспоставува и правила за т.н. модели со вештачка интелигенција за општа намена, кои се повеќе се користат како компоненти на современите апликации, потоа обезбедува транспарентност долж целиот синџирот на вредност и предвидува решенија за можните системски ризици.

Согласно одредбите од Законот, земјите членки на ЕУ имаат рок до 2 август 2025 година да формираат национални надлежни органи, кои ќе ја надгледуваат примената на правилата за системите за вештачка интелигенција и ќе вршат активности за надзор на пазарот.

Клучно тело за спроведување на Законот и на правилата за моделите за вештачка интелигенција за општа намена на ниво на ЕУ ќе биде Канцеларијата за вештачка интелигенција на Европската комисијата.

Дополнително за поддршка на спроведувањето на правилата ќе постојат три советодавни тела – Европскиот одбор за вештачка интелигенција, кој треба да обезбеди единствена примена на Законот низ блокот и претставува главно тело за соработка меѓу Еврокомисијата и земјите членки на ЕУ, Научен панел од независни експерти со задача да дава технички совети и придонес за спроведувањето на законските одредби, и Советодавен форум составен од претставници на различни засегнати страни со улога да дава насоки при имплементацијата на регулативата.

Со Законот се предвидени и казни за компаниите што нема да ги почитуваат воспоставените правила. Така, компанијата што ќе користи забранети апликации за вештачка интелигенција може да биде казнета со парична сума во износ до седум отсто од нејзиниот глобален годишен приход, за прекршување други обврски од Законот казната е до три проценти од приходот, а за доставување неточни информации до 1,5 отсто.

Најголемиот дел од правилата утврдени со Законот ќе почнат да се применуваат на 2 август 2026 година. Исклучок се забраната за користење на системи за вештачка интелигенција за кои се смета дека претставуваат неприфатлив ризик, што ќе почне да важи шест месеци по стапувањето во сила на Законот, како и правилата за т.н. модели на вештачка интелигенција за општа намена, чија примена ќе биде задолжителна 12 месеци по стапувањето во сила на регулативата.

За премостување на преодниот период до целосната имплементација на Законот, ЕК го промовираше Пактот за вештачка интелигенција, со кој се повикуваат компаниите доброволно да почнат да ги применуваат клучните обврски од регулативата и пред законските рокови за нивно прифаќање.

Дополнително, Комисијата иницираше изработка на Кодекс на користење на вештачката интелигенција за општа намена и повика на консултации повеќе засегнати страни, кои ќе имаат можност да го искажат своето мислење за оваа иницијатива.

The post Стапи во сила Законот за вештачка интелигенција на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Законот за вештачка интелигенција на ЕУ, кој е прва сеопфатна законска регулатива во светот за оваа технологија, официјално стапи во сила, со што се воспоставува хармонизиран европски внатрешен пазар за вештачка интелигенција, се охрабрува нејзиното прифаќање и се создаваат услови за поддршка на иновациите и инвестициите во оваа сфера. Законот е дизајниран да гарантира дека вештачката интелигенција развиена и користена во ЕУ е безбедна и доверлива и дека се преземени мерки за заштита на основните права на луѓето. Според извршната потпретседателка на Европската комисија за Европа прилагодена на дигиталната ера Маргрете Вестагер, Законот е показател дека европскиот пристап кон технологијата ги става луѓето на прво место и гарантира почитување и заштита правата на сите. Со Законот за вештачка интелигенција, ЕУ презеде важен чекор за да се осигура дека при примената на технологијата за вештачка интелигенција се почитуваат нејзините правила, изјави Вестагер по повод стапувањето на законот во сила. Според неа, вештачката интелигенција има потенцијал да го промени досегашните начини на работа и живеење и нуди огромни придобивки за граѓаните, општеството и европската економија. Еврокомесарот за внатрешен пазар Тјери Бретон, пак, оцени дека стапувањето во сила на Законот претставува голема пресвртница во лидерството на Европа во обезбедувањето на доверлива вештачка интелигенција. Со стапувањето во сила на Законот за вештачка интелигенција, европската демократија прва во светот испорача ефикасна и адекватна рамка за вештачката интелигенција, справувајќи се со ризиците и служејќи како лансирно поле за европските стартапи со вештачка интелигенција, додаде Бретон. Со Законот се воспоставуваат стандарди за обезбедување минимален ризик при користењето на системите за вештачка интелигенција и за нивна целосна транспарентност. За оние системи за вештачка интелигенција што се идентификувани како високоризични се предвидени строги барања, кои меѓу другото вклучуваат и мерки за намалување на ризикот, евиденција на активностите, комплетна документација, човечки надзор и кибер безбедност. Во оваа високоризична група меѓу другите се вклучени и системите за вештачка интелигенција што се користат за утврдување или проценка дали некој субјект има право да добие кредит, како и алгоритмите кои управуваат со автономни роботи. Со Законот се забранува користење на системи за вештачка интелигенција кои се сметаат за „јасна закана за основните човекови права“, како што се апликации за манипулирање со однесувањето на луѓето, играчки кои со гласовна помош можат да поттикнат „опасното однесување“ на малолетниците, како и системи кои овозможуваат „социјално оценување“ од страна на владите или компаниите. Дополнително, се забранува употреби на системи за препознавање емоции на работното место, за категоризација на луѓе или за биометриска идентификација на далечина во реално време. Законот воспоставува и правила за т.н. модели со вештачка интелигенција за општа намена, кои се повеќе се користат како компоненти на современите апликации, потоа обезбедува транспарентност долж целиот синџирот на вредност и предвидува решенија за можните системски ризици. Согласно одредбите од Законот, земјите членки на ЕУ имаат рок до 2 август 2025 година да формираат национални надлежни органи, кои ќе ја надгледуваат примената на правилата за системите за вештачка интелигенција и ќе вршат активности за надзор на пазарот. Клучно тело за спроведување на Законот и на правилата за моделите за вештачка интелигенција за општа намена на ниво на ЕУ ќе биде Канцеларијата за вештачка интелигенција на Европската комисијата. Дополнително за поддршка на спроведувањето на правилата ќе постојат три советодавни тела – Европскиот одбор за вештачка интелигенција, кој треба да обезбеди единствена примена на Законот низ блокот и претставува главно тело за соработка меѓу Еврокомисијата и земјите членки на ЕУ, Научен панел од независни експерти со задача да дава технички совети и придонес за спроведувањето на законските одредби, и Советодавен форум составен од претставници на различни засегнати страни со улога да дава насоки при имплементацијата на регулативата. Со Законот се предвидени и казни за компаниите што нема да ги почитуваат воспоставените правила. Така, компанијата што ќе користи забранети апликации за вештачка интелигенција може да биде казнета со парична сума во износ до седум отсто од нејзиниот глобален годишен приход, за прекршување други обврски од Законот казната е до три проценти од приходот, а за доставување неточни информации до 1,5 отсто. Најголемиот дел од правилата утврдени со Законот ќе почнат да се применуваат на 2 август 2026 година. Исклучок се забраната за користење на системи за вештачка интелигенција за кои се смета дека претставуваат неприфатлив ризик, што ќе почне да важи шест месеци по стапувањето во сила на Законот, како и правилата за т.н. модели на вештачка интелигенција за општа намена, чија примена ќе биде задолжителна 12 месеци по стапувањето во сила на регулативата. За премостување на преодниот период до целосната имплементација на Законот, ЕК го промовираше Пактот за вештачка интелигенција, со кој се повикуваат компаниите доброволно да почнат да ги применуваат клучните обврски од регулативата и пред законските рокови за нивно прифаќање. Дополнително, Комисијата иницираше изработка на Кодекс на користење на вештачката интелигенција за општа намена и повика на консултации повеќе засегнати страни, кои ќе имаат можност да го искажат своето мислење за оваа иницијатива.

The post Стапи во сила Законот за вештачка интелигенција на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Ќе се произведува по еден смартфон во секунда: Во новата фабрика на „Шаоми“ ќе работат само роботи со вештачка интелигенција https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/ke-se-proizveduva-po-eden-smartfon-vo-sekunda-vo-novata-fabrika-na-shaomi-ke-rabotat-samo-roboti-so-veshtachka-inteligentsija/ Wed, 10 Jul 2024 17:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=795504

Кинеската компанија „Шаоми“ најави пуштање во употреба на фабрика во која работат само роботи со вештачка интелигенција.

Извршниот директор, Леи Јун, изјави дека новата фабрика во Пекинг може да работи без луѓе 24 часа на ден без паузи или викенди и да произведува 1 паметен телефон во секунда (10 милиони годишно).

Некои машини ќе склопуваат уреди, други ќе го следат квалитетот на нивната работа, а трета ќе ја одржуваат чистотата внатре во зградата.

Во фабриката има и производни линии за автомобилски електронски делови. „Шаоми“ планира дополнително да го зголеми роботското производство.

The post Ќе се произведува по еден смартфон во секунда: Во новата фабрика на „Шаоми“ ќе работат само роботи со вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>

Кинеската компанија „Шаоми“ најави пуштање во употреба на фабрика во која работат само роботи со вештачка интелигенција. Извршниот директор, Леи Јун, изјави дека новата фабрика во Пекинг може да работи без луѓе 24 часа на ден без паузи или викенди и да произведува 1 паметен телефон во секунда (10 милиони годишно). Некои машини ќе склопуваат уреди, други ќе го следат квалитетот на нивната работа, а трета ќе ја одржуваат чистотата внатре во зградата. Во фабриката има и производни линии за автомобилски електронски делови. „Шаоми“ планира дополнително да го зголеми роботското производство.  

The post Ќе се произведува по еден смартфон во секунда: Во новата фабрика на „Шаоми“ ќе работат само роботи со вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>
Дигиталното подмладување е сѐ пореалистично и поприсутно во модерните филмови https://arhiva3.republika.mk/scena/film/digitalnoto-podmladuvane-e-s-porealistichno-i-poprisutno-vo-modernite-filmovi/ Mon, 08 Jul 2024 18:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=794713

Новиот филм со Том Хенкс, „Овде“ (Here) е сместен меѓу далечната иднина и далечното минато... Во режија на Роберт Земекис, филмот - адаптација на истоимениот графички роман на Ричард Мекгваер, скокнува низ историјата на една точка на Земјата, гледано низ илјадници години, а се сосредоточува на оние десетлетија кога областа била дом во сопственост на американската двојка којашто ја глумат Хенкс и Робин Рајт.

Филмот „Овде“, патем, ќе се прикажува во кината ширум светот - од ноември, оваа 2024 година, и на интернет-стрим во Франција од 24 јули.

Обожавателите на „Форест Гамп“, веќе знаат дека се работи за повторно обединување на двете холивудски ѕвезди од „оскаровскиот“ филм со добро познатиот режисер. Но, подеднакво забележливо е и дигиталното подмладување што им овозможи на Хенкс и Рајт да ги глумат своите ликови од нивните тинејџерски години до доцната зрелост.

Што се однесува до Хенкс (67), тој е задоволен што - со помош на вештаката интелигенција и современите ефекти, ќе може повторно да глуми млади момци. На една интернет-емисија, Хенкс рече дека предминатото десетлетие, кога тој и Земекис заедно го работеле „Поларен експрес“, сфатиле дека нема крај на таквите на компјутерски можности.

Сега секој може да се пресоздаде себеси на која било возраст со помош на ВИ или „Дипфејк“-технологија. Утре можеби ќе ме удри автобус и тоа е тоа, но изведбите ќе може да продолжат. И ништо нема да ви каже дека тоа навистина не сум јас, вели Хенкс.

Според многумина, вознемирувачки е да се помисли дека, на долг рок, холивудските ѕвезди од реалниот живот би можеле да бидат заменети со вештачкоинтелигентни ликови и оти на краток рок, дигиталното подмладување ќе им овозможи на ветераните пред пензија, како Хенкс повторно да се гледаат во улоги на помлади момчиња. Но, се чини, тоа е многу реално да се случи.

Пред 20-на години, уметниците за визуелни ефекти ја намалија возраста на Патрик Стјуарт и Ијан Меккелен - „пиксел по пиксел“, во „Икс-мен 3: Последното упориште“ (X-Men: The Last Stand), а најчестиот коментар беше дека тие изгледаат „вештачки“ и како „роботи“. Следеа и „Необичниот случај на Бенџамин Батон“ (2008), „Престол: Наследство“ (2010), па и „Ирецот“ од 2019., номиниран за 10 „Оскари“, меѓу коишто и за најдобар филм, монтажа и за визуелни ефекти.

Меѓутоа, емотивното влијание од „лажно младиот“ Том Хенкс во „Овде“, велат стручњаците, е поттикнато од сеќавањата на луѓето и носталгијатата по 80-тите, кога Хенкс ја почнуваше својата глумечка кариера... Слично како што дигитално подмладениот Харисон Форд во најновиот „Индијана Џонс“ филм од лани потсетува колку Инди бил убав и згоден во првите делови од сагата. Во меѓувреме, и концертната атракција на „АББА“ - „Voyage“ којашто почна во Лондон во мај 2022., содржи виртуелни „Абатари“ кои личат на четворицата музичари од 1979 година.

Затоа, познавачите велат дека во повеќето случаи, дигиталното подмладување се користи, не заради продолжување на кариерата на филмските и музичките ѕвезди или поради филмска хронологија, туку за поттикнување носталгија. Можеби е иронично, но се чини, технологијата што изгледа толку футуристичка и револуционерна сè уште е насочена и сосредоточена на минатото.

The post Дигиталното подмладување е сѐ пореалистично и поприсутно во модерните филмови appeared first on Република.

]]>

Новиот филм со Том Хенкс, „Овде“ (Here) е сместен меѓу далечната иднина и далечното минато... Во режија на Роберт Земекис, филмот - адаптација на истоимениот графички роман на Ричард Мекгваер, скокнува низ историјата на една точка на Земјата, гледано низ илјадници години, а се сосредоточува на оние десетлетија кога областа била дом во сопственост на американската двојка којашто ја глумат Хенкс и Робин Рајт. Филмот „Овде“, патем, ќе се прикажува во кината ширум светот - од ноември, оваа 2024 година, и на интернет-стрим во Франција од 24 јули. Обожавателите на „Форест Гамп“, веќе знаат дека се работи за повторно обединување на двете холивудски ѕвезди од „оскаровскиот“ филм со добро познатиот режисер. Но, подеднакво забележливо е и дигиталното подмладување што им овозможи на Хенкс и Рајт да ги глумат своите ликови од нивните тинејџерски години до доцната зрелост. Што се однесува до Хенкс (67), тој е задоволен што - со помош на вештаката интелигенција и современите ефекти, ќе може повторно да глуми млади момци. На една интернет-емисија, Хенкс рече дека предминатото десетлетие, кога тој и Земекис заедно го работеле „Поларен експрес“, сфатиле дека нема крај на таквите на компјутерски можности.
Сега секој може да се пресоздаде себеси на која било возраст со помош на ВИ или „Дипфејк“-технологија. Утре можеби ќе ме удри автобус и тоа е тоа, но изведбите ќе може да продолжат. И ништо нема да ви каже дека тоа навистина не сум јас, вели Хенкс.
Според многумина, вознемирувачки е да се помисли дека, на долг рок, холивудските ѕвезди од реалниот живот би можеле да бидат заменети со вештачкоинтелигентни ликови и оти на краток рок, дигиталното подмладување ќе им овозможи на ветераните пред пензија, како Хенкс повторно да се гледаат во улоги на помлади момчиња. Но, се чини, тоа е многу реално да се случи. Пред 20-на години, уметниците за визуелни ефекти ја намалија возраста на Патрик Стјуарт и Ијан Меккелен - „пиксел по пиксел“, во „Икс-мен 3: Последното упориште“ (X-Men: The Last Stand), а најчестиот коментар беше дека тие изгледаат „вештачки“ и како „роботи“. Следеа и „Необичниот случај на Бенџамин Батон“ (2008), „Престол: Наследство“ (2010), па и „Ирецот“ од 2019., номиниран за 10 „Оскари“, меѓу коишто и за најдобар филм, монтажа и за визуелни ефекти. Меѓутоа, емотивното влијание од „лажно младиот“ Том Хенкс во „Овде“, велат стручњаците, е поттикнато од сеќавањата на луѓето и носталгијатата по 80-тите, кога Хенкс ја почнуваше својата глумечка кариера... Слично како што дигитално подмладениот Харисон Форд во најновиот „Индијана Џонс“ филм од лани потсетува колку Инди бил убав и згоден во првите делови од сагата. Во меѓувреме, и концертната атракција на „АББА“ - „Voyage“ којашто почна во Лондон во мај 2022., содржи виртуелни „Абатари“ кои личат на четворицата музичари од 1979 година. Затоа, познавачите велат дека во повеќето случаи, дигиталното подмладување се користи, не заради продолжување на кариерата на филмските и музичките ѕвезди или поради филмска хронологија, туку за поттикнување носталгија. Можеби е иронично, но се чини, технологијата што изгледа толку футуристичка и револуционерна сè уште е насочена и сосредоточена на минатото.

The post Дигиталното подмладување е сѐ пореалистично и поприсутно во модерните филмови appeared first on Република.

]]>
Новиот „Војс енџин“ на „Опен АИ“ го клонира вашиот глас за само 15 секунди https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/noviot-vojs-endhin-na-open-ai-go-klonira-vashiot-glas-za-samo-15-sekundi/ Sun, 21 Apr 2024 12:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=768849

Компанијата „Опен АИ“ неодамна сподели лекции од мал преглед на „Војс енџин“ (Voice Engine), модел за креирање сопствени гласови.

Со примерок од 15 секунди од човечки глас, тој може да внесува обичен текст и да генерира говор со природен звук во тонот и гласот на оригиналниот звук.

Иако има голем потенцијал за едукација и превод, оваа моќна нова карактеристика има потенцијал да ги доведе во заблуда слушателите доколку се користи несоодветно.

https://vimeo.com/932990207/6a984e8dd1?share=copy

The post Новиот „Војс енџин“ на „Опен АИ“ го клонира вашиот глас за само 15 секунди appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Опен АИ“ неодамна сподели лекции од мал преглед на „Војс енџин“ (Voice Engine), модел за креирање сопствени гласови. Со примерок од 15 секунди од човечки глас, тој може да внесува обичен текст и да генерира говор со природен звук во тонот и гласот на оригиналниот звук. Иако има голем потенцијал за едукација и превод, оваа моќна нова карактеристика има потенцијал да ги доведе во заблуда слушателите доколку се користи несоодветно. https://vimeo.com/932990207/6a984e8dd1?share=copy

The post Новиот „Војс енџин“ на „Опен АИ“ го клонира вашиот глас за само 15 секунди appeared first on Република.

]]>
Директор на 7-минутен состанок подели откази: 8.000 работни места ќе бидат заменети со вештачка интелигенција https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/direktor-na-7-minuten-sostanok-podeli-otkazi-8-000-rabotni-mesta-ke-bidat-zameneti-so-veshtachka-inteligentsija/ Wed, 20 Mar 2024 09:22:35 +0000 https://republika.mk/?p=756496

Технолошкиот гигант ИБМ им соопшти на вработените во својот оддел за маркетинг и комуникации дека ја намалува својата работна сила.

Џонатан Адашек, главен директор за комуникации на ИБМ, го објави ова на приближно седумминутна средба со вработените во единицата, вели лице кое побарало да остане анонимно бидејќи веста сè уште не е официјално објавена.

Во декември, извршниот директор на ИБМ, Арвинд Кришна, за ЦНБЦ изјави дека компанијата „масовно ги обучува сите вработени за вештачка интелигенција“, откако компанијата во август објави план за замена на речиси 8.000 работни места со вештачка интелигенција. Исто така, ИБМ во јануари минатата година соопшти дека намалува 3.900 позиции.

Во заработката од четвртиот квартал, IBM откри компензација за ребалансирање на работната сила што би претставувало многу низок едноцифрен процент од глобалната работна сила на ИБМ и очекуваме да излеземе од 2024 година со приближно исто ниво на вработеност како што влеговме во годината“, објави компанијата.

Масовни отпуштања во технолошки компании

Најновите отпуштања во ИБМ доаѓаат заедно со уште еден круг отпуштања во технолошката индустрија. Досега оваа година, околу 204 технолошки компании укинале речиси 50.000 работни места. Јануари беше најпрометниот месец за отпуштања, бидејќи „Алфабет“, „Амазон“ и „Јунити“ најавија отпуштања.

Гигантот се врати на растот во последниве години, но проширувањето останува пригушено. Приходите во четвртиот квартал се зголемија за четири отсто во однос на претходната година, иако приходите ги надминаа проценките. Финансискиот директор Џејмс Кавано зборуваше за ребалансот на работната сила на повикот за заработка.

Како што објавува „ЦНБЦ, ИБМ се соочува со силна конкуренција во областа на вештачката интелигенција. Мајкрософт, Гугл, Амазон и други имаат слични понуди, а компанијата долго време се смета за заостаната во трката со вештачка интелигенција, особено кога станува збор за монетизација на нејзините производи.

Пред речиси две години, ИБМ ја продаде својата единица „Вотсон хелт“ за необјавена сума на приватната компанија „Франциско Партнерс“.

The post Директор на 7-минутен состанок подели откази: 8.000 работни места ќе бидат заменети со вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>

Технолошкиот гигант ИБМ им соопшти на вработените во својот оддел за маркетинг и комуникации дека ја намалува својата работна сила.
Џонатан Адашек, главен директор за комуникации на ИБМ, го објави ова на приближно седумминутна средба со вработените во единицата, вели лице кое побарало да остане анонимно бидејќи веста сè уште не е официјално објавена.
Во декември, извршниот директор на ИБМ, Арвинд Кришна, за ЦНБЦ изјави дека компанијата „масовно ги обучува сите вработени за вештачка интелигенција“, откако компанијата во август објави план за замена на речиси 8.000 работни места со вештачка интелигенција. Исто така, ИБМ во јануари минатата година соопшти дека намалува 3.900 позиции.
Во заработката од четвртиот квартал, IBM откри компензација за ребалансирање на работната сила што би претставувало многу низок едноцифрен процент од глобалната работна сила на ИБМ и очекуваме да излеземе од 2024 година со приближно исто ниво на вработеност како што влеговме во годината“, објави компанијата.

Масовни отпуштања во технолошки компании

Најновите отпуштања во ИБМ доаѓаат заедно со уште еден круг отпуштања во технолошката индустрија. Досега оваа година, околу 204 технолошки компании укинале речиси 50.000 работни места. Јануари беше најпрометниот месец за отпуштања, бидејќи „Алфабет“, „Амазон“ и „Јунити“ најавија отпуштања. Гигантот се врати на растот во последниве години, но проширувањето останува пригушено. Приходите во четвртиот квартал се зголемија за четири отсто во однос на претходната година, иако приходите ги надминаа проценките. Финансискиот директор Џејмс Кавано зборуваше за ребалансот на работната сила на повикот за заработка. Како што објавува „ЦНБЦ, ИБМ се соочува со силна конкуренција во областа на вештачката интелигенција. Мајкрософт, Гугл, Амазон и други имаат слични понуди, а компанијата долго време се смета за заостаната во трката со вештачка интелигенција, особено кога станува збор за монетизација на нејзините производи. Пред речиси две години, ИБМ ја продаде својата единица „Вотсон хелт“ за необјавена сума на приватната компанија „Франциско Партнерс“.

The post Директор на 7-минутен состанок подели откази: 8.000 работни места ќе бидат заменети со вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>
Индија ќе инвестира 1,2 милијарди долари во проекти за вештачка интелигенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/indija-ke-investira-1-2-milijardi-dolari-vo-proekti-za-veshtachka-inteligentsija/ Fri, 08 Mar 2024 21:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=752835

Индиските власти соопштија дека ќе инвестираат 1,2 милијарди долари во проекти за вештачка интелигенција.

Средствата ќе бидат искористени за поставување на ИТ инфраструктура и помош за финансирање на почетници во областа на вештачката интелигенција, се вели во соопштението на индиското Министерство за информатички технологии.

Пакетот ќе го зајакне индискиот екосистем за вештачка интелигенција и ќе му овозможи да ја обликува иднината на вештачката интелигенција“, изјави индискиот министер за информатички технологии Раџив Чандрасехар.

Според прогнозите на индиската невладина трговска асоцијација Наском, индискиот пазар за вештачка интелигенција ќе вреди 17 милијарди долари до 2027 година.

The post Индија ќе инвестира 1,2 милијарди долари во проекти за вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>

Индиските власти соопштија дека ќе инвестираат 1,2 милијарди долари во проекти за вештачка интелигенција. Средствата ќе бидат искористени за поставување на ИТ инфраструктура и помош за финансирање на почетници во областа на вештачката интелигенција, се вели во соопштението на индиското Министерство за информатички технологии.
Пакетот ќе го зајакне индискиот екосистем за вештачка интелигенција и ќе му овозможи да ја обликува иднината на вештачката интелигенција“, изјави индискиот министер за информатички технологии Раџив Чандрасехар.
Според прогнозите на индиската невладина трговска асоцијација Наском, индискиот пазар за вештачка интелигенција ќе вреди 17 милијарди долари до 2027 година.

The post Индија ќе инвестира 1,2 милијарди долари во проекти за вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>
Критичкото мислење е круцијално за образованието во време на вештачка интелигенција https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kritichkoto-mislene-e-krutsijalno-za-obrazovanieto-vo-vreme-na-veshtachka-inteligentsija/ Fri, 08 Mar 2024 16:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=752430

Брзите промени, новите технологии и сеприсутноста на вештачка интелигенција (ВИ) го одбележуваат денешниот начин на функционирање. Во меѓувреме, образованието и медиумската писменост се трудат да држат чекор со предизвиците што ги носи ВИ, а одговорноста, транспарентноста и критичкото мислење се алтернативите што секој од нас може да ги преземе, за да ги ублажи нејзините влијанија.

Според професорот, Кирил Барбареев од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, овие промени сериозно се одразуваат на животот на секој човек, на продуктивноста на општеството и на државата. Затоа, како што дополнува, е потребна огромна поддршка и визија на државата.

Дигитализацијата, глобализацијата, многу поиндивидуализираниот свет ги преобмислува животите на луѓето и концептите со кои треба да ги бараме новите модели по кои ќе ги воспитуваме и образуваме идните генерации. Образовните политики и образовните системи сѐ повеќе бараат начини, решенија за воведување на овие технологии со цел подобрување на продуктивноста, и на процесот на учење, и поучување. Од тој аспект, мислам дека ние што сме на факултетите, наставниците, институтите, сме доволно свесни за важноста на оваа тема. Но, станува збор за нешто за кое што е потребна огромна поддршка и визија на државата, на министерствата, бидејќи тоа е еден дефинитивно многу дисциплинарен концепт, вели Барбареев за МИА.

Тој дополнува дека е добро што имаме Министерство за информатичко општество, но, како што вели, станува збор за еден многу пообемен мултидисциплинарен пристап.

Станува збор за една поголема инвестиција во дигитализација на општеството, на образовниот систем. За отворање на катедри за вештачка интелигенција, за наоѓање на позитивни примери како тоа веќе некој го прави во земјите во светот со огромни искуства. Некои веќе имаат и десетгодишно и подолго искуство од овие теми. Ние треба да ги искористиме тие примери сѐ со цел да можеме да ја фатиме динамиката на овој глобален тренд во кој се движат образовните системи, вели Барбареев.

На прашањето како низ сето ова може да опстане критичкото мислење кое е круцијално за образовниот процес, тој вели дека најважни се деталите на знаењето на професијата во наставата.

Тоа можеби е најважното прашање сега за нас во образованието, особено за педагозите, за луѓето кои се занимаваат со методиката, со деталите на знаењето на професијата во наставата. Мислам дека критичкото мислење е клучно, бидејќи тука не станува збор за фаворизирање на дигитализацијата, на дигиталната технологија, или за спротивставување на традиционалните модели на настава. Овде станува збор за мудроста на знаењето на сите нас во образованието, која е мерката на примена, со цел дали користењето на овие технологии да направат дополнителна вредност во учењето и поучувањето. Тоа е клучното прашање, вели тој.

Неговиот совет е дека ни се потребни обуки и насоки со цел нашето скромно познавање на овие теми да се зголеми.

Треба да се направи една мрежа, една визија, една стратегија како тоа треба да се применува, бидејќи едно е дигитализација во основно образование, друго е во средно образование, сосема трето е тоа во високото образование. Сосема нешто друго е во наука, во инженерство, во иновации, во поддршка, во создавање на такви тинк-тенк организации, промовирање и барање на индивидуалци кои сериозно планираат да се занимаваат во иднината на оваа тема, порачува Барбареев.

Тој е дециден дека ВИ го подобрува концептот, и како што вели, ако сме мудри и посветени на оваа тема, вештачката интелигенција може да биде поддршка на ученикот во неговата индивидуализација во учењето, како и на наставникот, со цел да го искористи, за да може подобро да ја претстави материјата кај студентите.

Одговорно и транспарентно е вистинскиот начин за користење на ВИ

Кристин Ван Дам, предавачка и истражувачка на Универзитетот во Гент, Белгија, посочува дека нема сомнеж дека ВИ ќе влијае врз начинот на предавање, како се прибираат и пренесуваат материјалите, но, и како учениците може да ја користат вештачката интелигенција при генерирање на прашања, за повторување на материјалот. Во однос на тоа какво влијание ќе има, таа вели дека е рано да се процени.

Со оглед на тоа дека сме во фаза на експериментирање, во моментов е безопасно, така што не треба да се крева морална паника. Лично сметам дека ние како наставници нема да бидеме заменети со системи на вештачка интелигенција. Се надевам дека ќе се користи на одговорен начин и се надевам и претпоставувам дека ќе има позитивно, а не негативно влијание. Нема да навлегувам во тоа дека во денешно време сите работи поврзани со информациите се хаотични и дека има замена на работни места, па така сакам да верувам дека тоа нема да се случи, вели таа.

Нејзиниот совет до студентите и новинарите во врска со користењето на вештачката интелигенција е да се користи одговорно и транспарентно.

Најважна работа е да се користи одговорно, односно, да се знае што може а што не може да направи. Така што јас не сум таа што ќе каже „не ти е дозволено да користиш ВИ во твојата работа“. Можеш, но ти како личност и твојот мозок сте одговорни. И во новинарството и во образованието, овој систем на вклучување на човекот и неговата крајна одговорност е од огромна важност. Исто така, треба да бидеме транспарентни околу ВИ. Односно, ако сакаш да го користиш, во ред, но, кажи ми како и зошто го користиш, и дали довело до твое подобрување или промена. Така што, одговорно користење е вистинскиот начин, заклучува таа.

The post Критичкото мислење е круцијално за образованието во време на вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>

Брзите промени, новите технологии и сеприсутноста на вештачка интелигенција (ВИ) го одбележуваат денешниот начин на функционирање. Во меѓувреме, образованието и медиумската писменост се трудат да држат чекор со предизвиците што ги носи ВИ, а одговорноста, транспарентноста и критичкото мислење се алтернативите што секој од нас може да ги преземе, за да ги ублажи нејзините влијанија. Според професорот, Кирил Барбареев од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, овие промени сериозно се одразуваат на животот на секој човек, на продуктивноста на општеството и на државата. Затоа, како што дополнува, е потребна огромна поддршка и визија на државата.
Дигитализацијата, глобализацијата, многу поиндивидуализираниот свет ги преобмислува животите на луѓето и концептите со кои треба да ги бараме новите модели по кои ќе ги воспитуваме и образуваме идните генерации. Образовните политики и образовните системи сѐ повеќе бараат начини, решенија за воведување на овие технологии со цел подобрување на продуктивноста, и на процесот на учење, и поучување. Од тој аспект, мислам дека ние што сме на факултетите, наставниците, институтите, сме доволно свесни за важноста на оваа тема. Но, станува збор за нешто за кое што е потребна огромна поддршка и визија на државата, на министерствата, бидејќи тоа е еден дефинитивно многу дисциплинарен концепт, вели Барбареев за МИА.
Тој дополнува дека е добро што имаме Министерство за информатичко општество, но, како што вели, станува збор за еден многу пообемен мултидисциплинарен пристап.
Станува збор за една поголема инвестиција во дигитализација на општеството, на образовниот систем. За отворање на катедри за вештачка интелигенција, за наоѓање на позитивни примери како тоа веќе некој го прави во земјите во светот со огромни искуства. Некои веќе имаат и десетгодишно и подолго искуство од овие теми. Ние треба да ги искористиме тие примери сѐ со цел да можеме да ја фатиме динамиката на овој глобален тренд во кој се движат образовните системи, вели Барбареев.
На прашањето како низ сето ова може да опстане критичкото мислење кое е круцијално за образовниот процес, тој вели дека најважни се деталите на знаењето на професијата во наставата.
Тоа можеби е најважното прашање сега за нас во образованието, особено за педагозите, за луѓето кои се занимаваат со методиката, со деталите на знаењето на професијата во наставата. Мислам дека критичкото мислење е клучно, бидејќи тука не станува збор за фаворизирање на дигитализацијата, на дигиталната технологија, или за спротивставување на традиционалните модели на настава. Овде станува збор за мудроста на знаењето на сите нас во образованието, која е мерката на примена, со цел дали користењето на овие технологии да направат дополнителна вредност во учењето и поучувањето. Тоа е клучното прашање, вели тој.
Неговиот совет е дека ни се потребни обуки и насоки со цел нашето скромно познавање на овие теми да се зголеми.
Треба да се направи една мрежа, една визија, една стратегија како тоа треба да се применува, бидејќи едно е дигитализација во основно образование, друго е во средно образование, сосема трето е тоа во високото образование. Сосема нешто друго е во наука, во инженерство, во иновации, во поддршка, во создавање на такви тинк-тенк организации, промовирање и барање на индивидуалци кои сериозно планираат да се занимаваат во иднината на оваа тема, порачува Барбареев.
Тој е дециден дека ВИ го подобрува концептот, и како што вели, ако сме мудри и посветени на оваа тема, вештачката интелигенција може да биде поддршка на ученикот во неговата индивидуализација во учењето, како и на наставникот, со цел да го искористи, за да може подобро да ја претстави материјата кај студентите.

Одговорно и транспарентно е вистинскиот начин за користење на ВИ

Кристин Ван Дам, предавачка и истражувачка на Универзитетот во Гент, Белгија, посочува дека нема сомнеж дека ВИ ќе влијае врз начинот на предавање, како се прибираат и пренесуваат материјалите, но, и како учениците може да ја користат вештачката интелигенција при генерирање на прашања, за повторување на материјалот. Во однос на тоа какво влијание ќе има, таа вели дека е рано да се процени.
Со оглед на тоа дека сме во фаза на експериментирање, во моментов е безопасно, така што не треба да се крева морална паника. Лично сметам дека ние како наставници нема да бидеме заменети со системи на вештачка интелигенција. Се надевам дека ќе се користи на одговорен начин и се надевам и претпоставувам дека ќе има позитивно, а не негативно влијание. Нема да навлегувам во тоа дека во денешно време сите работи поврзани со информациите се хаотични и дека има замена на работни места, па така сакам да верувам дека тоа нема да се случи, вели таа.
Нејзиниот совет до студентите и новинарите во врска со користењето на вештачката интелигенција е да се користи одговорно и транспарентно.
Најважна работа е да се користи одговорно, односно, да се знае што може а што не може да направи. Така што јас не сум таа што ќе каже „не ти е дозволено да користиш ВИ во твојата работа“. Можеш, но ти како личност и твојот мозок сте одговорни. И во новинарството и во образованието, овој систем на вклучување на човекот и неговата крајна одговорност е од огромна важност. Исто така, треба да бидеме транспарентни околу ВИ. Односно, ако сакаш да го користиш, во ред, но, кажи ми како и зошто го користиш, и дали довело до твое подобрување или промена. Така што, одговорно користење е вистинскиот начин, заклучува таа.

The post Критичкото мислење е круцијално за образованието во време на вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>
Проектот „Белиот штрк“ ќе ја интегрира вештачката интелигенција во борбени дронови за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/proektot-beliot-shtrk-ke-ja-integrira-veshtachkata-inteligentsija-vo-borbeni-dronovi-za-ukraina/ Thu, 07 Mar 2024 20:02:41 +0000 https://republika.mk/?p=749798

Поранешниот извршен директор на „Гугл“ , Ерик Шмит, без да привлекува многу внимание основал украински стартап за производство на беспилотни летала камикази наречени „Белиот штрк“ во САД и на украинска територија. Името на проектот, избрано намерно, алудира на украинската симболика и е насочено кон домашната публика.

Проектот „Белиот штрк“ има за цел да пласира напредна технологија за беспилотни летала со вештачка интелигенција за воени цели. Ова претставува значителен пазар за готови производи и уште поголем пазар за тестирање технологии за вештачка интелигенција во реални борбени сценарија.

https://republika.mk/vesti/svet/tehnoloshkite-giganti-ja-pretvorija-ukraina-vo-laboratorija-za-voeno-testirane-na-veshtachkata-inteligentsija/

Спроведувањето на такви тестови за време на мир би било неизводливо или сериозно ограничено поради притисокот на јавноста. Затоа пак, станувањето дел од воен9ите дејствија надвор од Соединетите Држави дава идеална можност за  компаниите да ги проценат новите воени технологии и нивните перформанси.

The post Проектот „Белиот штрк“ ќе ја интегрира вештачката интелигенција во борбени дронови за Украина appeared first on Република.

]]>

Поранешниот извршен директор на „Гугл“ , Ерик Шмит, без да привлекува многу внимание основал украински стартап за производство на беспилотни летала камикази наречени „Белиот штрк“ во САД и на украинска територија. Името на проектот, избрано намерно, алудира на украинската симболика и е насочено кон домашната публика. Проектот „Белиот штрк“ има за цел да пласира напредна технологија за беспилотни летала со вештачка интелигенција за воени цели. Ова претставува значителен пазар за готови производи и уште поголем пазар за тестирање технологии за вештачка интелигенција во реални борбени сценарија. https://republika.mk/vesti/svet/tehnoloshkite-giganti-ja-pretvorija-ukraina-vo-laboratorija-za-voeno-testirane-na-veshtachkata-inteligentsija/ Спроведувањето на такви тестови за време на мир би било неизводливо или сериозно ограничено поради притисокот на јавноста. Затоа пак, станувањето дел од воен9ите дејствија надвор од Соединетите Држави дава идеална можност за  компаниите да ги проценат новите воени технологии и нивните перформанси.

The post Проектот „Белиот штрк“ ќе ја интегрира вештачката интелигенција во борбени дронови за Украина appeared first on Република.

]]>
Технолошките гиганти ја претворија Украина во лабораторија за воено тестирање на вештачката интелигенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tehnoloshkite-giganti-ja-pretvorija-ukraina-vo-laboratorija-za-voeno-testirane-na-veshtachkata-inteligentsija/ Mon, 26 Feb 2024 20:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=748061

Најголемите светски технолошки компании „Мајкрософт“, „Амазон“, „Гугл“, „Старлинк“ и „Клирвју“ го искористија конфликтот во Украина за да ги тестираат способностите на своите призводи, вклучувајќи ги и системите за препознавање лица, пипшува магазинот „Тајм“.

Конкретно, ИТ гигантите активно соработуваа со властите во Киев во однос на одбивањето на сајбер напади, но истовремено пренесоа важни податоци и услуги во облак (клауд).

Украинското Министерство за дигитални информации, поддржано од западните технолошки гиганти, собрало „ИТ армија“ од 400.000 хакери доброволци за да ги одбијат сајбер нападите, но и тие самите да нападнат.

Како што пишува „Тајм“, шефот наедна од најголемите компании за развој на вештачката интелигенција „Палантир Технолоџис“ пристигнал во Киев во првите месеци од конфликтот за да добие дозвола за обработка на сетови на податоци од дронови, радари и сателити. Со тие собрани податоци, во иднина вештачката интелигенција ќе „учи“ да детектира движење на војниците и артилериски оган.

Именувана според мистичните камења за гледање во „Господарот на прстените“, компанијата „Палантир“ обезбедува софтвер за вештачка интелигенција на повеќето разузнавачки организации во САД. Сега, извршниот директор на Палантир ја користи можноста, преку активноста во Украина, да ја исполни својата мисија да го „брани Западот“.

Софтверот на „Палантир“ користи вештачка интелигенција за анализа на сателитски снимки, податоци со отворен код, снимки од беспилотни летала и извештаи од земјата за на командантите на украинските сили да им ги претстави на воените опции.

Украинските власти ја користат анализата на податоци на „Палантир“ за проекти кои се многу подалеку од разузнавањето на бојното поле, вклучително и чистење на нагазни мини, преселување на раселените бегалци и идентификување на корупцијата.

The post Технолошките гиганти ја претворија Украина во лабораторија за воено тестирање на вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>

Најголемите светски технолошки компании „Мајкрософт“, „Амазон“, „Гугл“, „Старлинк“ и „Клирвју“ го искористија конфликтот во Украина за да ги тестираат способностите на своите призводи, вклучувајќи ги и системите за препознавање лица, пипшува магазинот „Тајм“. Конкретно, ИТ гигантите активно соработуваа со властите во Киев во однос на одбивањето на сајбер напади, но истовремено пренесоа важни податоци и услуги во облак (клауд). Украинското Министерство за дигитални информации, поддржано од западните технолошки гиганти, собрало „ИТ армија“ од 400.000 хакери доброволци за да ги одбијат сајбер нападите, но и тие самите да нападнат. Како што пишува „Тајм“, шефот наедна од најголемите компании за развој на вештачката интелигенција „Палантир Технолоџис“ пристигнал во Киев во првите месеци од конфликтот за да добие дозвола за обработка на сетови на податоци од дронови, радари и сателити. Со тие собрани податоци, во иднина вештачката интелигенција ќе „учи“ да детектира движење на војниците и артилериски оган. Именувана според мистичните камења за гледање во „Господарот на прстените“, компанијата „Палантир“ обезбедува софтвер за вештачка интелигенција на повеќето разузнавачки организации во САД. Сега, извршниот директор на Палантир ја користи можноста, преку активноста во Украина, да ја исполни својата мисија да го „брани Западот“. Софтверот на „Палантир“ користи вештачка интелигенција за анализа на сателитски снимки, податоци со отворен код, снимки од беспилотни летала и извештаи од земјата за на командантите на украинските сили да им ги претстави на воените опции. Украинските власти ја користат анализата на податоци на „Палантир“ за проекти кои се многу подалеку од разузнавањето на бојното поле, вклучително и чистење на нагазни мини, преселување на раселените бегалци и идентификување на корупцијата.

The post Технолошките гиганти ја претворија Украина во лабораторија за воено тестирање на вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>
Србија инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција до 2026 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-investira-100-milioni-evra-vo-razvoj-na-veshtachka-inteligentsija-do-2026-godina/ Thu, 22 Feb 2024 11:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=746959

Србија во следните две години ќе инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција, а стратешката рамка за таков потфат треба да ја обезбеди новата Стратегија за развој на вештачка интелигенција до 2030 година, која ќе биде една од приоритетите на новата Влада на Србија, заедно со придружниот акционен план, соопшти денеска Национална алијанса за локален економски развој во Србија (НАЛЕД).

Целта е Србија да се рангира меѓу лидерите во регионот во таа област, беше соопштено на седницата на Алијансата за е-влада на НАЛЕД, пренесе Бета.

Според Стефан Баџа, шеф на тимот за специјални проекти во Кабинетот на премиерот на Србија, фокусот на работата на новата стратегија е да се обезбеди пофлексибилна регулатива и да се обезбедат капацитети за компаниите кои сакаат да имплементираат иновации.

The post Србија инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција до 2026 година appeared first on Република.

]]>

Србија во следните две години ќе инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција, а стратешката рамка за таков потфат треба да ја обезбеди новата Стратегија за развој на вештачка интелигенција до 2030 година, која ќе биде една од приоритетите на новата Влада на Србија, заедно со придружниот акционен план, соопшти денеска Национална алијанса за локален економски развој во Србија (НАЛЕД). Целта е Србија да се рангира меѓу лидерите во регионот во таа област, беше соопштено на седницата на Алијансата за е-влада на НАЛЕД, пренесе Бета. Според Стефан Баџа, шеф на тимот за специјални проекти во Кабинетот на премиерот на Србија, фокусот на работата на новата стратегија е да се обезбеди пофлексибилна регулатива и да се обезбедат капацитети за компаниите кои сакаат да имплементираат иновации.

The post Србија инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција до 2026 година appeared first on Република.

]]>
Отворен е првиот бордел со вештачка интелигенција кој користи секс-кукли за виртуелна реалност https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otvoren-e-prviot-bordel-so-veshtachka-inteligentsija-koj-koristi-seks-kukli-za-virtuelna-realnost/ Mon, 12 Feb 2024 17:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=743124

Впо Берлин е отворен „Сајбордел“, првиот бордел со вештачка интелигенција во светот кој користи секс-кукли за виртуелна реалност.

Со секс-куклите во борделот може да се комуницира со помош на очила за виртуелна реалност.

На прв поглед, берлинскиот сајбордел функционира како обичен хотел. Има приватни апартмани, кои може да се резервираат за неколку часа или за една ноќ, пишува „Њујорк пост“. Забавата почнува при изборот на „друштвото“.

Клиентите избираат „девојки“ само врз основа на список со имиња, како што се Бимбо или Мис Шмит. Тогаш во секоја соба ги чека секс-кукла во природна големина.

Куклите не можат да се движат или да зборуваат, но клиентите комуницираат со нив во виртуелниот свет со носење очила и слушалки за виртуелна реалност. Клиентите, исто така, имаат можност да испраќаат секси пораки со девојките од вештачката интелигенција, благодарение на заводливиот, наменски креиран јазик за вештачка интелигенција.

Ко-сопственикот на „Сајбордел“, Матијас Сметана, вели дека развиваат и роботски кукли кои ќе реагираат на допир и ќе зборуваат во реалниот свет. Тој вели дека „Сајбордел“ станал ѕвезда водилка за новиот секс пазар.

Традиционалните клиенти на борделите ќе исчезнат во следните 10-15 години. Затоа мислам дека секс индустријата сега повеќе ќе се движи кон виртуелната реалност“, коментира Сметана.

The post Отворен е првиот бордел со вештачка интелигенција кој користи секс-кукли за виртуелна реалност appeared first on Република.

]]>

Впо Берлин е отворен „Сајбордел“, првиот бордел со вештачка интелигенција во светот кој користи секс-кукли за виртуелна реалност. Со секс-куклите во борделот може да се комуницира со помош на очила за виртуелна реалност. На прв поглед, берлинскиот сајбордел функционира како обичен хотел. Има приватни апартмани, кои може да се резервираат за неколку часа или за една ноќ, пишува „Њујорк пост“. Забавата почнува при изборот на „друштвото“. Клиентите избираат „девојки“ само врз основа на список со имиња, како што се Бимбо или Мис Шмит. Тогаш во секоја соба ги чека секс-кукла во природна големина. Куклите не можат да се движат или да зборуваат, но клиентите комуницираат со нив во виртуелниот свет со носење очила и слушалки за виртуелна реалност. Клиентите, исто така, имаат можност да испраќаат секси пораки со девојките од вештачката интелигенција, благодарение на заводливиот, наменски креиран јазик за вештачка интелигенција. Ко-сопственикот на „Сајбордел“, Матијас Сметана, вели дека развиваат и роботски кукли кои ќе реагираат на допир и ќе зборуваат во реалниот свет. Тој вели дека „Сајбордел“ станал ѕвезда водилка за новиот секс пазар.
Традиционалните клиенти на борделите ќе исчезнат во следните 10-15 години. Затоа мислам дека секс индустријата сега повеќе ќе се движи кон виртуелната реалност“, коментира Сметана.
 
The post Отворен е првиот бордел со вештачка интелигенција кој користи секс-кукли за виртуелна реалност appeared first on Република.

]]>
Огледало со вештачка интелигенција ќе ви ја „сними“ здравствената состојба со проверка на преку 100 параметри https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/ogledalo-so-veshtachka-inteligentsija-ke-vi-ja-snimi-zdravstvenata-sostojba-so-proverka-na-preku-100-parametri/ Sun, 11 Feb 2024 20:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=742950

Во САД е претставено огледало-таблет со вештачка интелигенција, кое може да ја процени здравствената состојба на личноста што седи пред него, а дури е „во состојба да предупреди на опасност од смрт“.

„Волшебното огледало“ (MagicMirror) е таблет кој може да следи повеќе од 100 здравствени параметри. Производителот „Нуралоџикс“ (nuralogix) тврди дека уредот може да открие знаци на треска, висок крвен притисок, депресија, дијабетес, па дури и да го предупреди корисникот на непосредна смрт.

За да се анализира здравствената состојба, уредот има вградена камера која го скенира протокот на крв под површината на кожата и ги пренесува добиените податоци во меморијата, по што следи анализа со помош на вештачка интелигенција.

Уредот веќе е наречен „идеален за старечки дом“, но производителот се надева дека производот ќе биде широко користен во сите области од животот и ќе стане домашен медицински уред.

https://www.youtube.com/watch?v=xu4zlCZnmZs

The post Огледало со вештачка интелигенција ќе ви ја „сними“ здравствената состојба со проверка на преку 100 параметри appeared first on Република.

]]>

Во САД е претставено огледало-таблет со вештачка интелигенција, кое може да ја процени здравствената состојба на личноста што седи пред него, а дури е „во состојба да предупреди на опасност од смрт“. „Волшебното огледало“ (MagicMirror) е таблет кој може да следи повеќе од 100 здравствени параметри. Производителот „Нуралоџикс“ (nuralogix) тврди дека уредот може да открие знаци на треска, висок крвен притисок, депресија, дијабетес, па дури и да го предупреди корисникот на непосредна смрт. За да се анализира здравствената состојба, уредот има вградена камера која го скенира протокот на крв под површината на кожата и ги пренесува добиените податоци во меморијата, по што следи анализа со помош на вештачка интелигенција. Уредот веќе е наречен „идеален за старечки дом“, но производителот се надева дека производот ќе биде широко користен во сите области од животот и ќе стане домашен медицински уред. https://www.youtube.com/watch?v=xu4zlCZnmZs

The post Огледало со вештачка интелигенција ќе ви ја „сними“ здравствената состојба со проверка на преку 100 параметри appeared first on Република.

]]>
САД забрани повици со човечки гласови создадени од вештачка интелигенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-zabrani-povitsi-so-chovechki-glasovi-sozdadeni-od-veshtachka-inteligentsija/ Sat, 10 Feb 2024 21:36:01 +0000 https://republika.mk/?p=742665

Американската Федерална комисија за комуникации (ФКК) забрани роботски повици до граѓаните, што содржат човечки гласови создадени со вештачка интелигенција (ВИ). Тоа значи дека нема да се толерира искористувањето на оваа технологија заради измама.

Оваа едногласна одлука на ФКК се однесува на тн. „робоповици“ засновани на ВИ за пресоздавање гласови од познати или непознати личности. Според Законот, телефонските оператори не смеат да користат автоматизирани системи, ниту вештачки создадени или претходно снимени гласовни пораки за да контактираат со потрошувачите преку мобилни телефони, ниту пак, преку фиксни телефони, освен ако прво не добијат изрична писмена согласност од потрошувачот за таков повик.

Претседателката на ФКК, Џесика Розенворсел изјави дека „лошите момци“ веќе користат ВИ и „робоповици“ за да се претставуваат како познати луѓе, да изнудат пари и корист од некого или пак, за дезинформирање гласачи.

Ова изгледа како нешто од далечната иднина, но заканата е веќе тука... Сите ние може да бидеме цел на овие лажни повици, па почувствувавме дека е време за акција - сега и веднаш!, изјави Розенворсел.

Максималната казна за прекршител е 23.000 долари по повик. На примачот на лажниот повик кој иницира спор му е дозволена отштета до 1.500 долари за секој несакан повик.

Одлуката доаѓа откако властите во американската сојузна држава Њу Хемпшир спроведуваат интензивна истрага за случајот со „роботски повици“ со имитирање на гласот на американскиот претседател Џо Бајден, коишто имале за цел да се одвратат луѓето од учество на прелиминарните избори на Демократската партија за утврдување кандидат за претседател на САД во 2024 година.

Одлуката ќе стапи во сила веднаш и ФКК ќе може да ги казнува лицата и компаниите кои користат гласови генерирани со ВИ и да ги блокираат таквите повици.

ФКК успешно се справи со првите „робоповикувачи“ кои се обидоа да се вмешаат во изборите. Имено, казнети се двајца конзервативци - измамници, со по пет милиони долари за лажно информирање луѓе во области со доминантно црнечко население. Јавувачот тврдел дека гласањето по пошта може да доведе до опасност од апсење, посета од извршители за долгови, па дури и до присилна вакцинацијa.

The post САД забрани повици со човечки гласови создадени од вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>

Американската Федерална комисија за комуникации (ФКК) забрани роботски повици до граѓаните, што содржат човечки гласови создадени со вештачка интелигенција (ВИ). Тоа значи дека нема да се толерира искористувањето на оваа технологија заради измама. Оваа едногласна одлука на ФКК се однесува на тн. „робоповици“ засновани на ВИ за пресоздавање гласови од познати или непознати личности. Според Законот, телефонските оператори не смеат да користат автоматизирани системи, ниту вештачки создадени или претходно снимени гласовни пораки за да контактираат со потрошувачите преку мобилни телефони, ниту пак, преку фиксни телефони, освен ако прво не добијат изрична писмена согласност од потрошувачот за таков повик. Претседателката на ФКК, Џесика Розенворсел изјави дека „лошите момци“ веќе користат ВИ и „робоповици“ за да се претставуваат како познати луѓе, да изнудат пари и корист од некого или пак, за дезинформирање гласачи.
Ова изгледа како нешто од далечната иднина, но заканата е веќе тука... Сите ние може да бидеме цел на овие лажни повици, па почувствувавме дека е време за акција - сега и веднаш!, изјави Розенворсел.
Максималната казна за прекршител е 23.000 долари по повик. На примачот на лажниот повик кој иницира спор му е дозволена отштета до 1.500 долари за секој несакан повик. Одлуката доаѓа откако властите во американската сојузна држава Њу Хемпшир спроведуваат интензивна истрага за случајот со „роботски повици“ со имитирање на гласот на американскиот претседател Џо Бајден, коишто имале за цел да се одвратат луѓето од учество на прелиминарните избори на Демократската партија за утврдување кандидат за претседател на САД во 2024 година. Одлуката ќе стапи во сила веднаш и ФКК ќе може да ги казнува лицата и компаниите кои користат гласови генерирани со ВИ и да ги блокираат таквите повици. ФКК успешно се справи со првите „робоповикувачи“ кои се обидоа да се вмешаат во изборите. Имено, казнети се двајца конзервативци - измамници, со по пет милиони долари за лажно информирање луѓе во области со доминантно црнечко население. Јавувачот тврдел дека гласањето по пошта може да доведе до опасност од апсење, посета од извршители за долгови, па дури и до присилна вакцинацијa.

The post САД забрани повици со човечки гласови создадени од вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>
„Њујорк тајмс“ ги тужи „Опен Аи“ и „Мајкрософт“ за кршење на авторските права: Неовластено користеле текстови и трудови на весникот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nujork-tajms-gi-tuzhi-open-ai-i-majkrosoft-za-krshene-na-avtorskite-prava-neovlasteno-koristele-tekstovi-i-trudovi-na-vesnikot/ Sun, 31 Dec 2023 13:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=728467

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ (НТ) поднел тужба против технолошкиот гигант „Мајкрософт“ и „ОпенАи“ (OpenAI), компанијата која стои зад популарниот чет-бот за вештачка интелигенција „ЧетГПТ“ (ChatGPT), тврдејќи дека се прекршуваат авторските права. Од весникот обвинуват дека имало неовластено користење на нивни објавени трудови и текстови за целите на обуката за вештачката интелигенција.

„Њујорк тајмс“ ја поднел тужбата во Њујорк, тврдејќи дека двете споменати компании незаконски ги користеле написите и истражувањата на весникот за да создадат производи со вештачка интелигенција кои сега му конкурираат.

Преку „Бинг чет“ на „Мајкрсофт“ (неодамна преименуван во „Копајлот“ (Copilot) и „ЧетГПТ“ на „ОпенАи“, обвинетите се обидуваат да ја искористат огромната инвестиција на „Тајмс“ во своето новинарство користејќи ја за создавање заменски производи без дозвола или плаќање. Оваа тужба има за цел да ги принуди (обвинетите) да одговараат за милијардите долари законски и стварни штети коишто ги должат за незаконско копирање и користење на единствените вредни дела на „Тајмс“, се вели во тужбата на издавачот.

Веб-страницата за технолошки вести „Д Верџ“ (The Verge) ја цитираше портпаролката на „ОпенАи“, Линдзи Хелд, која, во изјава испратена по електронска пошта, вели дека „тековните разговори со „Њујорк тајмс“ биле продуктивни и напредуваат конструктивно, па затоа „се изненадени и разочарани од ваквиот развој на настаните“.

Калифорнискиот старт-ап „ОпенАи“ го привлече вниманието на глобално ниво со својот текстуален робот „Чет ГПТ“, развиен со поддршка од „Мајкрософт“, кој може да одговори на прашања со есеи, поезија, компјутерски код и друга содржина. Неговото објавување во 2022 година го привлече вниманието на напредокот во вештачката интелигенција и поттикна дебати за можните последици.

The post „Њујорк тајмс“ ги тужи „Опен Аи“ и „Мајкрософт“ за кршење на авторските права: Неовластено користеле текстови и трудови на весникот appeared first on Република.

]]>

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ (НТ) поднел тужба против технолошкиот гигант „Мајкрософт“ и „ОпенАи“ (OpenAI), компанијата која стои зад популарниот чет-бот за вештачка интелигенција „ЧетГПТ“ (ChatGPT), тврдејќи дека се прекршуваат авторските права. Од весникот обвинуват дека имало неовластено користење на нивни објавени трудови и текстови за целите на обуката за вештачката интелигенција. „Њујорк тајмс“ ја поднел тужбата во Њујорк, тврдејќи дека двете споменати компании незаконски ги користеле написите и истражувањата на весникот за да создадат производи со вештачка интелигенција кои сега му конкурираат.
Преку „Бинг чет“ на „Мајкрсофт“ (неодамна преименуван во „Копајлот“ (Copilot) и „ЧетГПТ“ на „ОпенАи“, обвинетите се обидуваат да ја искористат огромната инвестиција на „Тајмс“ во своето новинарство користејќи ја за создавање заменски производи без дозвола или плаќање. Оваа тужба има за цел да ги принуди (обвинетите) да одговараат за милијардите долари законски и стварни штети коишто ги должат за незаконско копирање и користење на единствените вредни дела на „Тајмс“, се вели во тужбата на издавачот.
Веб-страницата за технолошки вести „Д Верџ“ (The Verge) ја цитираше портпаролката на „ОпенАи“, Линдзи Хелд, која, во изјава испратена по електронска пошта, вели дека „тековните разговори со „Њујорк тајмс“ биле продуктивни и напредуваат конструктивно, па затоа „се изненадени и разочарани од ваквиот развој на настаните“. Калифорнискиот старт-ап „ОпенАи“ го привлече вниманието на глобално ниво со својот текстуален робот „Чет ГПТ“, развиен со поддршка од „Мајкрософт“, кој може да одговори на прашања со есеи, поезија, компјутерски код и друга содржина. Неговото објавување во 2022 година го привлече вниманието на напредокот во вештачката интелигенција и поттикна дебати за можните последици.

The post „Њујорк тајмс“ ги тужи „Опен Аи“ и „Мајкрософт“ за кршење на авторските права: Неовластено користеле текстови и трудови на весникот appeared first on Република.

]]>