вештачка интелегенција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veshtachka-intelegentsija/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 18:23:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вештачка интелегенција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veshtachka-intelegentsija/ 32 32 Lufthansa отпушта 400 вработени, ќе ги замени со вештачка интелигенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lufthansa-otpushta-400-vraboteni-ke-gi-zameni-so-veshtachka-inteligentsija/ Sun, 17 Nov 2024 18:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=838927

Од Lufthansa директно не ги коментираа најавите за отпуштања, но изјавија дека сакаат да ги намалат административните трошоци за 20 отсто до 2028 година и повеќе да ја користат автоматизацијата и новите дигитални технологии, како што е вештачката интелигенција

Германската национална авиокомпанија Lufthansa ќе отпушти околу 400 вработени за да се справи со очекуваниот пад на заработката, пишува германскиот магазин Manager.

The post Lufthansa отпушта 400 вработени, ќе ги замени со вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>

Од Lufthansa директно не ги коментираа најавите за отпуштања, но изјавија дека сакаат да ги намалат административните трошоци за 20 отсто до 2028 година и повеќе да ја користат автоматизацијата и новите дигитални технологии, како што е вештачката интелигенција Германската национална авиокомпанија Lufthansa ќе отпушти околу 400 вработени за да се справи со очекуваниот пад на заработката, пишува германскиот магазин Manager.

The post Lufthansa отпушта 400 вработени, ќе ги замени со вештачка интелигенција appeared first on Република.

]]>
Вештачката интелигенција и нејзината правна регулација https://arhiva3.republika.mk/kolumni/veshtachkata-inteligentsija-i-nejzinata-pravna-regulatsija/ Mon, 02 Sep 2024 19:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=812466

Петар Поп-Арсов

Вештачката интелигенција е веќе тука, со нас и речиси насекаде околу нас. Нѐ слуша, гледа, ни помага, но во исто време нѐ насочува и управува со фокусот на нашето внимание. Таа се повеќе и повеќе ги избира, селектира и управува информациите што ги добиваме. Нејзиното влијание на изборот што го правиме и начинот на кој што функционираме како поединци и како општество станува се поголемо.

Постојаниот и брз напредок на вештачка интелигенција инспирираа и надеж и двоумење кај бројни експерти од оваа област, но истовремено предизвикува и загриженост кај експерти од други општествени области кои го карактеризираат начинот на функционирање на современата цивилизација.

Како можеме најдобро да ја искористиме оваа нова моќ за да му помогнеме на нашиот начин на функционирање, и уште поважно, како можеме тоа да го направиме одговорно? Тоа се прашања кои што се наметнуваат и кои мора секогаш да одат заедно во пакет. Само одговорниот развој и примена на вештачката интелигенција можат да бидат опција која ќе даде позитивен ефект.

Постојат многу спротивставени мислења во однос на развојот на вештачката интелигенција. Некои се оптимистички, некои песимистички, а некои дури и со катаклизмични предвидувања. Експертите за вештачка интелигенција генерално се согласуваат дека треба да има повеќе дискусии и соработка околу етиката на вештачката интелигенција и нејзината правна регулатива. Вештачката интелигенција е област која што ќе трпи постојани измени во чекор со напредокот на технологијата, и која што во исто време ќе мора да биде следена од соодветна правна регулатива чиј што развој ќе може да го следи развојот и напредокот на вештачката интелигенција.
Навистина голем предизвик!

Во однос на правната регулатива поврзана со вештачката интелигенција, општ е заклучокот дека во моментов постои еден вид на ситуација карактеристична за времето на Дивиот Запад. Нема закон! Тоа е јасно илустрирано во изјавата на Елон Маск, еден од луѓето кои што создадоа бизнис империи благодарение на севкупниот напредок на технологијата: „Сè повеќе сум склон да мислам дека треба да има некаков регулаторен надзор, можеби на национално и меѓународно ниво, само за да се осигураме дека не правиме нешто многу глупаво. Мислам дека со вештачката интелигенција го повикуваме демонот“.

Како до правна регулатива во оваа област и дали темпото кое што го наметнува развојот на вештачката интелигенција може да биде следено од постоечкиот бавен и комплексен систем на креирање, усвојување и имплементирање на правната регулатива. Тука не се мисли само на национално ниво, туку повеќе се мисли на правната регулатива на континентално и глобално ниво кои на крајот од денот ќе претставуваат обединувачка правна платформа за националните законодавства во оваа област.

Советот на Европа беше меѓу првите, можеби и првата меѓународна организација која се зафати работа во оваа област. Развојот на вештачката интелигенција наметна потреба и обврска врз Советот на Европа, при што улога што ја има во однос на заштитата и унапредување на човековите права, демократијата и владеењето на правото во реалниот свет да ја фокусира и во дигиталната средина и виртуелниот свет со цел промовирање и заштита на вредностите и стандардите на оваа организација кои претставуваат составен дел на националните законодавства на земјите членки, вклучително и на Македонија.

После неколкугодишна работа на експерти од различни области кои работеа во различни формати и работни групи формирани од Советот на Европа, на 17 мај 2024 година беше усвоена Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција и човекови права, демократија и владеење на правото од страна на Комитетот на министри. Овој докумнет ќе биде отворен за потпишување во рамки на Конференцијата на министри за правда која што ќе се оддржи во Вилнус (Литванија) на 5 септември оваа година. Значи за три дена од сега ќе бидат ставени првите потписи со кои ќе започне процесот на потпишување и ратификација на правната рамка во областа на вештачката интелигенција поврзана со заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Досегашната пракса покажа дека од моментот на усвојување, преку моментот на отпочнување на процесот на потпишување и ратификација, па се до моментот на влегување во сила на една конвенција поминуваат по неколку, а некогаш и многу повеќе од неколку години. Дали темпото со кое се развива вештачката интелигенција ќе ги мобилизира националните влади и парламенти да ја забрзаат постапката или ќе дозволат овој документ да биде прегазен од времето, ќе видиме.
Човековата цивилизација влегува во ново ниво на функционирање при што досегашната бавност во заокружувањето на процесите од моментот на креирање, преку усвојувањето до моментот на стапување во сила веќе претставува вистински луксуз кој во однос на прашањата поврзани со вештачката интелигенција не можеме да си го дозволиме.

Навистина ќе биде штета да се дозволи еден ваков документ да чека со години на неговото влегување во сила. Тоа е документ кој што се заснова на целта на Советот на Европа да постигне поголемо единство меѓу земјите членки во однос на почитувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото, конкретно во областа на вештачката интелигенција.

Тоа е документ кој што во предвид го зема забрзаниот развој на науката и технологијата, како и длабоките промени кои настануваат благодарение на вештачка интелигенција.

Тоа е конвенција која препознава дека активностите во рамките на животниот циклус на системите за вештачка интелигенција можат да понудат невидени можности за заштита и унапредување на човековите права, демократијата и владеењето на правото, но во исто време нејзиниот текст искажува загриженост поради опасноста од одредени активности во рамките на животниот циклус на системите за вештачка интелигенција кои можат да го загрозат човековото достоинство, индивидуалната автономија, човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Текстот искажува загриженост и во однос на ризиците од дискриминација и нееднаквост во дигитален контекст, особено загриженост која што вклучува системи за вештачка интелигенција. Постои загриженост поради опасноста од злоупотреба на системите за вештачка интелигенција за репресивни цели и кршење на меѓународното право за човекови права. Тука се мисли и на произволните или незаконски практики на надзор и цензура кои ја нагризуваат приватноста и индивидуалните автономија.
Каде е Македонија во оваа приказна?
Тука е некаде, внатре, ама гледа од страна. Дали ќе бидеме дел од земјите кои што на 5 септември ќе го стават потписот на овој документ? Ќе видиме! Тоа зависи од тоа колку претставниците од Министерството за правда биле инволвира во процесот на креирање и усвојување на оваа конвенција во текот на сите овие години додека се подготвуваше текстот, и од тоа на кој начин го претставиле документот пред оние кои што носат одлуки.

Досегашната пракса кажува дека ние како земја никогаш не учествуваме во кршењето на мразот и меѓу првите да го ставиме својот потпис, но затоа и потоа, како по правило, потпишувавме и ратификувавме буквално сѐ по ред. Веројатно така ќе биде и сега. Ќе се држиме до златната средина иако ова прашање заслужува поголема ажурност и будност.

Минатиот месец во македонската јавност се отвори прашањето за правно регулирање на криптовалутите. Зошто истовремено да не се турка и прашањето за правното регулирање на вештачката интелигенција? Тоа ќе биде многу полесно во услови кога Советот на Европа ја подготви и усвои основата која што може да се применува во понатамошниот процес на правната регулација на прашањата поврзани со вештачката интелигенција.

The post Вештачката интелигенција и нејзината правна регулација appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Вештачката интелигенција е веќе тука, со нас и речиси насекаде околу нас. Нѐ слуша, гледа, ни помага, но во исто време нѐ насочува и управува со фокусот на нашето внимание. Таа се повеќе и повеќе ги избира, селектира и управува информациите што ги добиваме. Нејзиното влијание на изборот што го правиме и начинот на кој што функционираме како поединци и како општество станува се поголемо. Постојаниот и брз напредок на вештачка интелигенција инспирираа и надеж и двоумење кај бројни експерти од оваа област, но истовремено предизвикува и загриженост кај експерти од други општествени области кои го карактеризираат начинот на функционирање на современата цивилизација. Како можеме најдобро да ја искористиме оваа нова моќ за да му помогнеме на нашиот начин на функционирање, и уште поважно, како можеме тоа да го направиме одговорно? Тоа се прашања кои што се наметнуваат и кои мора секогаш да одат заедно во пакет. Само одговорниот развој и примена на вештачката интелигенција можат да бидат опција која ќе даде позитивен ефект. Постојат многу спротивставени мислења во однос на развојот на вештачката интелигенција. Некои се оптимистички, некои песимистички, а некои дури и со катаклизмични предвидувања. Експертите за вештачка интелигенција генерално се согласуваат дека треба да има повеќе дискусии и соработка околу етиката на вештачката интелигенција и нејзината правна регулатива. Вештачката интелигенција е област која што ќе трпи постојани измени во чекор со напредокот на технологијата, и која што во исто време ќе мора да биде следена од соодветна правна регулатива чиј што развој ќе може да го следи развојот и напредокот на вештачката интелигенција. Навистина голем предизвик! Во однос на правната регулатива поврзана со вештачката интелигенција, општ е заклучокот дека во моментов постои еден вид на ситуација карактеристична за времето на Дивиот Запад. Нема закон! Тоа е јасно илустрирано во изјавата на Елон Маск, еден од луѓето кои што создадоа бизнис империи благодарение на севкупниот напредок на технологијата: „Сè повеќе сум склон да мислам дека треба да има некаков регулаторен надзор, можеби на национално и меѓународно ниво, само за да се осигураме дека не правиме нешто многу глупаво. Мислам дека со вештачката интелигенција го повикуваме демонот“. Како до правна регулатива во оваа област и дали темпото кое што го наметнува развојот на вештачката интелигенција може да биде следено од постоечкиот бавен и комплексен систем на креирање, усвојување и имплементирање на правната регулатива. Тука не се мисли само на национално ниво, туку повеќе се мисли на правната регулатива на континентално и глобално ниво кои на крајот од денот ќе претставуваат обединувачка правна платформа за националните законодавства во оваа област. Советот на Европа беше меѓу првите, можеби и првата меѓународна организација која се зафати работа во оваа област. Развојот на вештачката интелигенција наметна потреба и обврска врз Советот на Европа, при што улога што ја има во однос на заштитата и унапредување на човековите права, демократијата и владеењето на правото во реалниот свет да ја фокусира и во дигиталната средина и виртуелниот свет со цел промовирање и заштита на вредностите и стандардите на оваа организација кои претставуваат составен дел на националните законодавства на земјите членки, вклучително и на Македонија. После неколкугодишна работа на експерти од различни области кои работеа во различни формати и работни групи формирани од Советот на Европа, на 17 мај 2024 година беше усвоена Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција и човекови права, демократија и владеење на правото од страна на Комитетот на министри. Овој докумнет ќе биде отворен за потпишување во рамки на Конференцијата на министри за правда која што ќе се оддржи во Вилнус (Литванија) на 5 септември оваа година. Значи за три дена од сега ќе бидат ставени првите потписи со кои ќе започне процесот на потпишување и ратификација на правната рамка во областа на вештачката интелигенција поврзана со заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Досегашната пракса покажа дека од моментот на усвојување, преку моментот на отпочнување на процесот на потпишување и ратификација, па се до моментот на влегување во сила на една конвенција поминуваат по неколку, а некогаш и многу повеќе од неколку години. Дали темпото со кое се развива вештачката интелигенција ќе ги мобилизира националните влади и парламенти да ја забрзаат постапката или ќе дозволат овој документ да биде прегазен од времето, ќе видиме. Човековата цивилизација влегува во ново ниво на функционирање при што досегашната бавност во заокружувањето на процесите од моментот на креирање, преку усвојувањето до моментот на стапување во сила веќе претставува вистински луксуз кој во однос на прашањата поврзани со вештачката интелигенција не можеме да си го дозволиме. Навистина ќе биде штета да се дозволи еден ваков документ да чека со години на неговото влегување во сила. Тоа е документ кој што се заснова на целта на Советот на Европа да постигне поголемо единство меѓу земјите членки во однос на почитувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото, конкретно во областа на вештачката интелигенција. Тоа е документ кој што во предвид го зема забрзаниот развој на науката и технологијата, како и длабоките промени кои настануваат благодарение на вештачка интелигенција. Тоа е конвенција која препознава дека активностите во рамките на животниот циклус на системите за вештачка интелигенција можат да понудат невидени можности за заштита и унапредување на човековите права, демократијата и владеењето на правото, но во исто време нејзиниот текст искажува загриженост поради опасноста од одредени активности во рамките на животниот циклус на системите за вештачка интелигенција кои можат да го загрозат човековото достоинство, индивидуалната автономија, човековите права, демократијата и владеењето на правото. Текстот искажува загриженост и во однос на ризиците од дискриминација и нееднаквост во дигитален контекст, особено загриженост која што вклучува системи за вештачка интелигенција. Постои загриженост поради опасноста од злоупотреба на системите за вештачка интелигенција за репресивни цели и кршење на меѓународното право за човекови права. Тука се мисли и на произволните или незаконски практики на надзор и цензура кои ја нагризуваат приватноста и индивидуалните автономија. Каде е Македонија во оваа приказна? Тука е некаде, внатре, ама гледа од страна. Дали ќе бидеме дел од земјите кои што на 5 септември ќе го стават потписот на овој документ? Ќе видиме! Тоа зависи од тоа колку претставниците од Министерството за правда биле инволвира во процесот на креирање и усвојување на оваа конвенција во текот на сите овие години додека се подготвуваше текстот, и од тоа на кој начин го претставиле документот пред оние кои што носат одлуки. Досегашната пракса кажува дека ние како земја никогаш не учествуваме во кршењето на мразот и меѓу првите да го ставиме својот потпис, но затоа и потоа, како по правило, потпишувавме и ратификувавме буквално сѐ по ред. Веројатно така ќе биде и сега. Ќе се држиме до златната средина иако ова прашање заслужува поголема ажурност и будност. Минатиот месец во македонската јавност се отвори прашањето за правно регулирање на криптовалутите. Зошто истовремено да не се турка и прашањето за правното регулирање на вештачката интелигенција? Тоа ќе биде многу полесно во услови кога Советот на Европа ја подготви и усвои основата која што може да се применува во понатамошниот процес на правната регулација на прашањата поврзани со вештачката интелигенција.

The post Вештачката интелигенција и нејзината правна регулација appeared first on Република.

]]>
Европол предупредува на раст на детската порнографија и проблем со идентификацијата на сторителите поради вештачката интелигенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropol-predupreduva-na-rast-na-detskata-pornografija-i-problem-so-identifikatsijata-na-storitelite-poradi-veshtachkata-inteligentsija/ Tue, 23 Jul 2024 17:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=799603

Сликите на сексуална злоупотреба на деца создадени со помош на апликации за вештачка интелигенција (ВИ) се зголемуваат, што го отежнува идентификувањето на жртвите и сторителите, предупреди Европол.

„Обемот на автоматски произведени слики од сексуален материјал сега е значаен и растечки дел од сексуалната детска порнографија на Интернет“ и „се очекува дополнително да се шири во блиска иднина“, подвлекува во својот извештај европската полициска служба со седиште во Хаг.

Дури и во случаи кога содржината е целосно генерирана од вештачка интелигенција и не прикажува вистински жртви, детската порнографија генерирана од вештачка интелигенција сè уште придонесува за објективизација и сексуализација на децата, истакна Европол.

Употребата на апликации за вештачка интелигенција за создавање или менување на материјал за сексуална детска порнографија, исто така, ја зголемува „количината на нелегален материјал во оптек и ја отежнува идентификацијата на жртвите, како и на сторителите“.

Појавата на апликации за вештачка интелигенција предизвикува зголемена загриженост за употребата на овие апликации за злонамерни цели, особено преку создавање на „deepfakes“ – компјутерски генерирани слики и видеа, честопати реални, базирани на вистински модел.

Повеќе од 300 милиони деца секоја година се жртви на сексуална експлоатација и злоупотреба на интернет, објавија во мај истражувачите од Универзитетот во Единбург.

Прекршоците се движат од изнуда насочена кон тинејџери по објавување сексуални фотографии и видеа на интернет („sextorsion“), до навредлива употреба на вештачка интелигенција за создавање лажни видеа и слики, според истражителите.

Освен што создаваат груби и непристојни слики на малолетници, криминалците користат вештачка интелигенција за да извршат низа злосторства кои се движат од онлајн измама до сајбер-напади, се вели и во документот на Европол од 37 страници, кој ги мапира онлајн заканите со кои Европа моментално се соочува.

The post Европол предупредува на раст на детската порнографија и проблем со идентификацијата на сторителите поради вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>

Сликите на сексуална злоупотреба на деца создадени со помош на апликации за вештачка интелигенција (ВИ) се зголемуваат, што го отежнува идентификувањето на жртвите и сторителите, предупреди Европол.
„Обемот на автоматски произведени слики од сексуален материјал сега е значаен и растечки дел од сексуалната детска порнографија на Интернет“ и „се очекува дополнително да се шири во блиска иднина“, подвлекува во својот извештај европската полициска служба со седиште во Хаг.
Дури и во случаи кога содржината е целосно генерирана од вештачка интелигенција и не прикажува вистински жртви, детската порнографија генерирана од вештачка интелигенција сè уште придонесува за објективизација и сексуализација на децата, истакна Европол.
Употребата на апликации за вештачка интелигенција за создавање или менување на материјал за сексуална детска порнографија, исто така, ја зголемува „количината на нелегален материјал во оптек и ја отежнува идентификацијата на жртвите, како и на сторителите“. Појавата на апликации за вештачка интелигенција предизвикува зголемена загриженост за употребата на овие апликации за злонамерни цели, особено преку создавање на „deepfakes“ – компјутерски генерирани слики и видеа, честопати реални, базирани на вистински модел. Повеќе од 300 милиони деца секоја година се жртви на сексуална експлоатација и злоупотреба на интернет, објавија во мај истражувачите од Универзитетот во Единбург. Прекршоците се движат од изнуда насочена кон тинејџери по објавување сексуални фотографии и видеа на интернет („sextorsion“), до навредлива употреба на вештачка интелигенција за создавање лажни видеа и слики, според истражителите. Освен што создаваат груби и непристојни слики на малолетници, криминалците користат вештачка интелигенција за да извршат низа злосторства кои се движат од онлајн измама до сајбер-напади, се вели и во документот на Европол од 37 страници, кој ги мапира онлајн заканите со кои Европа моментално се соочува.

The post Европол предупредува на раст на детската порнографија и проблем со идентификацијата на сторителите поради вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>
Дали вештачката интелегенција може да помогне да се направи подобра музика? https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dali-veshtachkata-intelegentsija-mozhe-da-pomogne-da-se-napravi-podobra-muzika/ Mon, 10 Jun 2024 13:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=786247

Примената на вештачката интелигенција и новите технологии во музиката се присутни меѓу македонските музичари и артисти одамна. Некои од нив ги применуваат делумно, а некои повеќе. Согласни се дека тие можат да бидат од корист во повеќе сегменти во креирање на музиката, но и во постпродукцијата, а особено за презентација на нивната музика преку користење на современите алатки и социјалните медиуми.

Се поставуваат низа прашања од тоа дали со примена на вештачката интелигенција секој од нас може да создава музика, како ќе се класифицира оваа музика, но и мошне важното прашање за авторските права и финансиското вреднување на таквите дела. Примената на вештачката интелегенција се смета дека би можела да значи нова револуција во музиката. Со помош на специјални компјутерски програми и алгоритми може да се создаваат нови песни креирани врз база на сета музика внесена при создавање на  вештачката интелигенција.

Во мај година, Европската унија го одобри првиот Закон за вештачка интелигенција во светот. Повеќе тела од креативната индустрија и од музичкиот свет во ЕУ ја поздравија оваа легислатива (CISAC, EMMA, GESAC, ICMP, IFPI, Impala и IMPF). Европската музичката индустрија водеше голема кампања за да се осигура дека Законот за вештачка интелигенција ги вклучува посакуваните регулативи околу авторските права.

Вештачката интелигенција може да помогне, но дали некој може да ја замени душата на композицијата

Користењето на вештачка интелигенција во креативниот процес, зависи од процесот кој самиот автор сака да го помине или забрза, вели џез музичарот и ко-сопственик на издавачката куќа „PMGJazz“, Владан Дробицки. Додава дека колку повеќе се употребува и внесуваме покомплицирани параметри, програмата сама се усовршува.

– Мислам дека зависи од типот на музика и процесот кој авторот сака да го помине, односно забрза. Сигурно процесот е доверлив и со тек на време ќе напредува. Колку повеќе се употребува, односно внесуваме покомплицирани параметри, програмот сам се усовршува, вели Дробицки.

Според него, доколку зборуваме за комерцијалната музика, прашањето дали би можеле или би требало да правиме дистинкција до каде е авторот, а од каде почнува вештачката интелигенција е ирелевантно, додека пак, во „уметничката музика“, вели нештата малку се комплицираат.

– Мислам дека уште некое време авторите ќе бидат безбедни. Вештачката интелигенција претпоставувам работи по некои параметри, а креативноста на авторите се мери по моќноста да избегаат од истите параметри, вели Дробицки.

Во врска со авторските права на делото при користењето на вештачката интелигенција, Дробицки прашува дали таа може да има сопственик и дали вештачката интелигенција ќе се развие во самостоен субјект без сопственост, но со своја свест. Доколку ја третираме како машина, Дробицки вели нема да бидат проблем авторските права.

– Дали може вештачката интелигенција да има сопственик и дали ќе се развие во самостоен субјект без сопственост, но со своја свест? Дали ќе биде машина? Ако ја третираме како машина, тогаш не се проблем авторските права. Тој што ја стартувал машината да направи некаков процес и внел параметри, е сопственик на делото. Всушност процесот на квази компонирање се менува. За да направиш песничка, не е потребна веќе диплома од музичко училиште, туку од училиште за програмери. Но да напоменам дека зборуваме за кич музика, вели Дробицки.

Познатата македонска пејачка, музичарка и професорка по соло пеење Андријана Јаневска во изјава за МИА вели дека вештачката интелигенција од многу одамна е застапена во музиката и оти уште пред дваесет години имало софтвери кои можеле да ги заменат придружните вокали. Нагласува дека таа е секогаш за се што е напредно и се што може да се искористи во моментов. Јаневска вели дека вештачката интелигенција може да има практична примена во одредување тоналитет на песна, темпо, хармонија, итн.Т оа што порано не можело, додава пејачката и професорка, сега со сигурност може да се примени во продукција и постпродукција, во миксање, во едитирање, во мастеринг...

- На пример јас сум пеела придружни вокали на многу македонски уметници и знам дека уште пред 20 години имаше софтвери кои можеа да ги заменат придружните вокали, буквално да ја испеат целата хармонија, нормално доколку ја имаат бојата на вашиот глас, така што тоа е една од работите кои со сигурност може денес да се применува. Понатаму исто така знам дека уште во минатото многу од големите светски ѕвезди користеа на своите јавни концертни настапи софтвер којшто во вистинско време додека пеат го корегира гласот, односно фреквенцијата, мелодиската линија за да не звучи фалш...и.т.н Меѓутоа во последно време сме сведоци дека и тоа како може да помогне па и да одмогне некогаш, истакнува Јаневска.

За тоа дали може да се користи вештачка интелигенција при компонирање музика, посочува дека може и оти со сигурност знае дека постојат софтвери не само за компонирање туку да го анализираат и текстот и емоцијата во него. - Сепак останува да видиме што е со душата на композицијата која не знам дали ќе може некој робот или вештачка интелигенција да ја замени, рече Јаневска

Пејачката и професорка неодамна докторираше на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Институтот за фолклор и вели дека сите песни ги собирала рачно, но оти добро е што овие песни ќе бидат дигитализирани и ќе има електронско издание.

– Ќе го има на интернет и нема да може едноставно некој да кажува дека тие песни се туѓи, вели Јаневска.

Независните музичари имаат шанса да не зависат од големите издавачки куќи

Продуцентот и сопственик на „Morion Records“, Бобан Лазовски, кој глобално настапува под уметничкото име „Egorythmia“, смета дека со примената на вештачката интелигенција независните артисти добиваат шанса со минимум средства да дојдат до издание, како и да не зависат од големите издавачки куќи.

– Независниот артист сега добива голема шанса, да не му требаат огромен број на средства за издание и да не зависи од големите издавачки куќи. Со помош на вештачката интелигенција независниот артист може да дојде до издание кое што нема да го чини огромна сума на пари. Во денешно време да покриеш едно издание со вештачка интелигенција се доволни 20, 30 или 50 евра. Не зборам во смисла вештачката интелигенција да ја направи музиката, туку делот од промоција како кавери, маркетиншка стратегија, текст и слични работи, употреба на синтови, некои што претходно не си можел да ги употребуваш. Мислам дека независниот артист, ќе добие една голема шанса и може да биде победа над големите издавачки куќи на светско ниво во сите жанрови на музиката, рече Лазовски.

Индивидуално, вели музичарот, секој одлучува колку и како ќе ја користи вештачката интелигенција. Според него, достапноста за користење на вештачка интелигенција во полето на електронската музичка индустрија може да доведе до еден вид хаос и затоа, вели ќе опстанат артистите кои што се најкреативни и најинтелигентно ќе ги користат нејзините придобивки.

– Имам информации, некои гласини од Србија, каде што имав прилика да слушнам што може да направи вештачката интелигенција како музика, конкретно електронска музика, и прилично сум изненаден од нивото до каде е стигната и тоа сега веројатно за скоро време ќе оди во продажба како апликација и ќе настане еден огромен хаос. Затоа мислам дека ќе опстанат артистите кои што се најкреативни и најинтелигентно ќе го користат сето тоа, вели Лазовски.

За тоа колку може да се потпреме на вештачката интелигенција, младиот продуцент Љубен Дерибан, вели сѐ додека авторот активно размислува за крајниот производ, би требало да ги задржи авторските права на делото.

– Сѐ додека е добра песната е во ред, без разлика кој ја направил. Не сум размислувал многу на темата, но на пример, има песна од Дрејк, на која некој го направил битот, а со користење на вештачка интелигенција има глас од Дрејк и е предобра. Сѐ додека некој активно размислува за музиката, на темата и како сака да е крајниот производ мислам дека може да се каже дека е авторска и тој да ги задржи правата, вели Дерибан.

The post Дали вештачката интелегенција може да помогне да се направи подобра музика? appeared first on Република.

]]>

Примената на вештачката интелигенција и новите технологии во музиката се присутни меѓу македонските музичари и артисти одамна. Некои од нив ги применуваат делумно, а некои повеќе. Согласни се дека тие можат да бидат од корист во повеќе сегменти во креирање на музиката, но и во постпродукцијата, а особено за презентација на нивната музика преку користење на современите алатки и социјалните медиуми. Се поставуваат низа прашања од тоа дали со примена на вештачката интелигенција секој од нас може да создава музика, како ќе се класифицира оваа музика, но и мошне важното прашање за авторските права и финансиското вреднување на таквите дела. Примената на вештачката интелегенција се смета дека би можела да значи нова револуција во музиката. Со помош на специјални компјутерски програми и алгоритми може да се создаваат нови песни креирани врз база на сета музика внесена при создавање на  вештачката интелигенција. Во мај година, Европската унија го одобри првиот Закон за вештачка интелигенција во светот. Повеќе тела од креативната индустрија и од музичкиот свет во ЕУ ја поздравија оваа легислатива (CISAC, EMMA, GESAC, ICMP, IFPI, Impala и IMPF). Европската музичката индустрија водеше голема кампања за да се осигура дека Законот за вештачка интелигенција ги вклучува посакуваните регулативи околу авторските права. Вештачката интелигенција може да помогне, но дали некој може да ја замени душата на композицијата Користењето на вештачка интелигенција во креативниот процес, зависи од процесот кој самиот автор сака да го помине или забрза, вели џез музичарот и ко-сопственик на издавачката куќа „PMGJazz“, Владан Дробицки. Додава дека колку повеќе се употребува и внесуваме покомплицирани параметри, програмата сама се усовршува. – Мислам дека зависи од типот на музика и процесот кој авторот сака да го помине, односно забрза. Сигурно процесот е доверлив и со тек на време ќе напредува. Колку повеќе се употребува, односно внесуваме покомплицирани параметри, програмот сам се усовршува, вели Дробицки. Според него, доколку зборуваме за комерцијалната музика, прашањето дали би можеле или би требало да правиме дистинкција до каде е авторот, а од каде почнува вештачката интелигенција е ирелевантно, додека пак, во „уметничката музика“, вели нештата малку се комплицираат.
– Мислам дека уште некое време авторите ќе бидат безбедни. Вештачката интелигенција претпоставувам работи по некои параметри, а креативноста на авторите се мери по моќноста да избегаат од истите параметри, вели Дробицки.
Во врска со авторските права на делото при користењето на вештачката интелигенција, Дробицки прашува дали таа може да има сопственик и дали вештачката интелигенција ќе се развие во самостоен субјект без сопственост, но со своја свест. Доколку ја третираме како машина, Дробицки вели нема да бидат проблем авторските права. – Дали може вештачката интелигенција да има сопственик и дали ќе се развие во самостоен субјект без сопственост, но со своја свест? Дали ќе биде машина? Ако ја третираме како машина, тогаш не се проблем авторските права. Тој што ја стартувал машината да направи некаков процес и внел параметри, е сопственик на делото. Всушност процесот на квази компонирање се менува. За да направиш песничка, не е потребна веќе диплома од музичко училиште, туку од училиште за програмери. Но да напоменам дека зборуваме за кич музика, вели Дробицки. Познатата македонска пејачка, музичарка и професорка по соло пеење Андријана Јаневска во изјава за МИА вели дека вештачката интелигенција од многу одамна е застапена во музиката и оти уште пред дваесет години имало софтвери кои можеле да ги заменат придружните вокали. Нагласува дека таа е секогаш за се што е напредно и се што може да се искористи во моментов. Јаневска вели дека вештачката интелигенција може да има практична примена во одредување тоналитет на песна, темпо, хармонија, итн.Т оа што порано не можело, додава пејачката и професорка, сега со сигурност може да се примени во продукција и постпродукција, во миксање, во едитирање, во мастеринг...
- На пример јас сум пеела придружни вокали на многу македонски уметници и знам дека уште пред 20 години имаше софтвери кои можеа да ги заменат придружните вокали, буквално да ја испеат целата хармонија, нормално доколку ја имаат бојата на вашиот глас, така што тоа е една од работите кои со сигурност може денес да се применува. Понатаму исто така знам дека уште во минатото многу од големите светски ѕвезди користеа на своите јавни концертни настапи софтвер којшто во вистинско време додека пеат го корегира гласот, односно фреквенцијата, мелодиската линија за да не звучи фалш...и.т.н Меѓутоа во последно време сме сведоци дека и тоа како може да помогне па и да одмогне некогаш, истакнува Јаневска.
За тоа дали може да се користи вештачка интелигенција при компонирање музика, посочува дека може и оти со сигурност знае дека постојат софтвери не само за компонирање туку да го анализираат и текстот и емоцијата во него. - Сепак останува да видиме што е со душата на композицијата која не знам дали ќе може некој робот или вештачка интелигенција да ја замени, рече Јаневска Пејачката и професорка неодамна докторираше на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Институтот за фолклор и вели дека сите песни ги собирала рачно, но оти добро е што овие песни ќе бидат дигитализирани и ќе има електронско издание. – Ќе го има на интернет и нема да може едноставно некој да кажува дека тие песни се туѓи, вели Јаневска. Независните музичари имаат шанса да не зависат од големите издавачки куќи Продуцентот и сопственик на „Morion Records“, Бобан Лазовски, кој глобално настапува под уметничкото име „Egorythmia“, смета дека со примената на вештачката интелигенција независните артисти добиваат шанса со минимум средства да дојдат до издание, како и да не зависат од големите издавачки куќи.
– Независниот артист сега добива голема шанса, да не му требаат огромен број на средства за издание и да не зависи од големите издавачки куќи. Со помош на вештачката интелигенција независниот артист може да дојде до издание кое што нема да го чини огромна сума на пари. Во денешно време да покриеш едно издание со вештачка интелигенција се доволни 20, 30 или 50 евра. Не зборам во смисла вештачката интелигенција да ја направи музиката, туку делот од промоција како кавери, маркетиншка стратегија, текст и слични работи, употреба на синтови, некои што претходно не си можел да ги употребуваш. Мислам дека независниот артист, ќе добие една голема шанса и може да биде победа над големите издавачки куќи на светско ниво во сите жанрови на музиката, рече Лазовски.
Индивидуално, вели музичарот, секој одлучува колку и како ќе ја користи вештачката интелигенција. Според него, достапноста за користење на вештачка интелигенција во полето на електронската музичка индустрија може да доведе до еден вид хаос и затоа, вели ќе опстанат артистите кои што се најкреативни и најинтелигентно ќе ги користат нејзините придобивки.
– Имам информации, некои гласини од Србија, каде што имав прилика да слушнам што може да направи вештачката интелигенција како музика, конкретно електронска музика, и прилично сум изненаден од нивото до каде е стигната и тоа сега веројатно за скоро време ќе оди во продажба како апликација и ќе настане еден огромен хаос. Затоа мислам дека ќе опстанат артистите кои што се најкреативни и најинтелигентно ќе го користат сето тоа, вели Лазовски.
За тоа колку може да се потпреме на вештачката интелигенција, младиот продуцент Љубен Дерибан, вели сѐ додека авторот активно размислува за крајниот производ, би требало да ги задржи авторските права на делото. – Сѐ додека е добра песната е во ред, без разлика кој ја направил. Не сум размислувал многу на темата, но на пример, има песна од Дрејк, на која некој го направил битот, а со користење на вештачка интелигенција има глас од Дрејк и е предобра. Сѐ додека некој активно размислува за музиката, на темата и како сака да е крајниот производ мислам дека може да се каже дека е авторска и тој да ги задржи правата, вели Дерибан.

The post Дали вештачката интелегенција може да помогне да се направи подобра музика? appeared first on Република.

]]>
Вештачката интелегенција ја оживеа Мерлин Монро: Зборува и изгледа како славната актерка https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/veshtachkata-intelegentsija-ja-ozhivea-merlin-monro-zboruva-i-izgleda-kako-slavnata-akterka/ Sat, 09 Mar 2024 13:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=753021

Повеќе од 60 години по смртта на атрактивната актерка Мерлин Монро создадена е нејзината дигитална верзија со помош на вештачка интелигенција. Технолошката компанија за вештачка интелигенција „Соул машинс“ на технолошката конференција на фестивалот „Саут бај Саутвест“ во Остин, Тексас го претстави проектот „Диџитал Мерлин“.

Како што велат ова е интерактивно искуство во кое таа ќе „споделува анегдоти, па дури и испраќа персонализирани честитки, создавајќи незаборавно искуство за обожавателите на Мерлин“.

Прикажана на компјутерскиот екран во црн џемпер и нејзината позната фризура, дигиталната двојничка на познатата актерка ќе разговара со заинтересираните искажувајќи ги своите мислења и емоции „во гласот и стилот на Мерлин“.

За време на неодамнешниот тест, дигиталната Мерлин Монрло зборуваше за нејзината омилена улога, ликот Шугар во комедијата „Некои го сакаат тоа жешко“ од 1959 година, запирајќи и замислено гледајќи надолу пред да одговори.

Таа одговори дека смета дека секси, но ранливиот лик е „предизвикувачка, но наградувана улога“, и ги препорача нејзините други комедии како „Мажите претпочитаат русокоси“.

„Секој разговор со Мерлин е посебно чувство“, вели Грег Крос, ко-основач и директор на компанијата.

https://www.youtube.com/watch?v=GJ9X26AZNAI

The post Вештачката интелегенција ја оживеа Мерлин Монро: Зборува и изгледа како славната актерка appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 60 години по смртта на атрактивната актерка Мерлин Монро создадена е нејзината дигитална верзија со помош на вештачка интелигенција. Технолошката компанија за вештачка интелигенција „Соул машинс“ на технолошката конференција на фестивалот „Саут бај Саутвест“ во Остин, Тексас го претстави проектот „Диџитал Мерлин“.
Како што велат ова е интерактивно искуство во кое таа ќе „споделува анегдоти, па дури и испраќа персонализирани честитки, создавајќи незаборавно искуство за обожавателите на Мерлин“. Прикажана на компјутерскиот екран во црн џемпер и нејзината позната фризура, дигиталната двојничка на познатата актерка ќе разговара со заинтересираните искажувајќи ги своите мислења и емоции „во гласот и стилот на Мерлин“. За време на неодамнешниот тест, дигиталната Мерлин Монрло зборуваше за нејзината омилена улога, ликот Шугар во комедијата „Некои го сакаат тоа жешко“ од 1959 година, запирајќи и замислено гледајќи надолу пред да одговори. Таа одговори дека смета дека секси, но ранливиот лик е „предизвикувачка, но наградувана улога“, и ги препорача нејзините други комедии како „Мажите претпочитаат русокоси“.
„Секој разговор со Мерлин е посебно чувство“, вели Грег Крос, ко-основач и директор на компанијата.
https://www.youtube.com/watch?v=GJ9X26AZNAI

The post Вештачката интелегенција ја оживеа Мерлин Монро: Зборува и изгледа како славната актерка appeared first on Република.

]]>
Холивудските сценаристи извојуваа победа над вештачката интелигенција https://arhiva3.republika.mk/scena/film/holivudskite-stsenaristi-izvojuvaa-pobeda-nad-veshtachkata-inteligentsija/ Sun, 08 Oct 2023 11:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=689192

Холивудските актери кои штрајкуваат сакаат да ја ограничат употребата на вештачка интелигенција во снимањето филмови, надевајќи се на ист успех како холивудските писатели, кои минатата недела го прекинаа својот петмесечен штрајк по постигнатиот договор со големите студија. Известува  Џенија Дулот, пишува Глас на Америка.

Договорот со кој се става крај на штрајкот на писателите вклучува заштита од студија кои користат вештачка интелигенција за „пишување или препишување литературен материјал“. Членот на Унијата Ангела Јоргенсен вели дека тоа е „исклучително“.

The post Холивудските сценаристи извојуваа победа над вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>

Холивудските актери кои штрајкуваат сакаат да ја ограничат употребата на вештачка интелигенција во снимањето филмови, надевајќи се на ист успех како холивудските писатели, кои минатата недела го прекинаа својот петмесечен штрајк по постигнатиот договор со големите студија. Известува  Џенија Дулот, пишува Глас на Америка.
Договорот со кој се става крај на штрајкот на писателите вклучува заштита од студија кои користат вештачка интелигенција за „пишување или препишување литературен материјал“. Членот на Унијата Ангела Јоргенсен вели дека тоа е „исклучително“.

The post Холивудските сценаристи извојуваа победа над вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>
Папа Франциск: Вештачката интелигенција има нарушувачки можности и амбивалентни ефекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papa-frantsisk-veshtachkata-inteligentsija-ima-narushuvachki-mozhnosti-i-ambivalentni-efekti/ Tue, 08 Aug 2023 12:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=670018

Папата Франциск повика на глобално размислување за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција, укажувајќи на „нарушувачките можности и амбивалентни ефекти“ на новата технологија.

Папата, кој има 86 години и претходно изјави дека не знае да користи компјутер, го издаде предупредувањето во пораката за следниот Светски ден на мирот на Католичката црква, кој се паѓа на Нова година. Ватикан ја објави пораката многу однапред, како што е вообичаено.

Папата нè потсетува на потребата да бидеме будни и да работиме логиката на насилство и дискриминација да не пушти корен во производството и употребата на таквите уреди, на штета на најчувствителните и најисклучените, се вели во пораката.

Итната потреба концептот и употребата на вештачката интелигенција да се насочи на одговорен начин, за таа да биде во служба на човештвото и заштитата на нашиот заеднички дом, бара етичкото размислување да се прошири и во сферата на образованието и правото, се додава во пораката.

Во 2015 година, папата Франциск призна дека технологијата е „катастрофа“, но интернетот, социјалните мрежи и СМС пораките ги нарече „дар од Бога“, под услов да се користат мудро. Во 2020 година, Ватикан ги здружи силите со технолошките гиганти Мајкрософт и ИБМ за да го промовира етичкиот развој на вештачката интелигенција и да повика на регулирање на наметливите технологии како што е препознавање на лицето.

The post Папа Франциск: Вештачката интелигенција има нарушувачки можности и амбивалентни ефекти appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск повика на глобално размислување за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција, укажувајќи на „нарушувачките можности и амбивалентни ефекти“ на новата технологија. Папата, кој има 86 години и претходно изјави дека не знае да користи компјутер, го издаде предупредувањето во пораката за следниот Светски ден на мирот на Католичката црква, кој се паѓа на Нова година. Ватикан ја објави пораката многу однапред, како што е вообичаено. Папата нè потсетува на потребата да бидеме будни и да работиме логиката на насилство и дискриминација да не пушти корен во производството и употребата на таквите уреди, на штета на најчувствителните и најисклучените, се вели во пораката. Итната потреба концептот и употребата на вештачката интелигенција да се насочи на одговорен начин, за таа да биде во служба на човештвото и заштитата на нашиот заеднички дом, бара етичкото размислување да се прошири и во сферата на образованието и правото, се додава во пораката. Во 2015 година, папата Франциск призна дека технологијата е „катастрофа“, но интернетот, социјалните мрежи и СМС пораките ги нарече „дар од Бога“, под услов да се користат мудро. Во 2020 година, Ватикан ги здружи силите со технолошките гиганти Мајкрософт и ИБМ за да го промовира етичкиот развој на вештачката интелигенција и да повика на регулирање на наметливите технологии како што е препознавање на лицето.

The post Папа Франциск: Вештачката интелигенција има нарушувачки можности и амбивалентни ефекти appeared first on Република.

]]>
Балканот залудно се плаши од вештачката интелегенција https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/balkanot-zaludno-se-plashi-od-veshtachkata-intelegentsija/ Tue, 08 Aug 2023 06:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=669801

Западната параноја и даде предност на Кина

Стравот од вештачката интелигенција е главно западен феномен. Во Азија практично го нема. Спротивно на тоа, Источна Азија ја гледа вештачката интелигенција како непроценлива алатка за ослободување на луѓето од досадни, повторувачки задачи и за справување со проблемите на општествата што стареат. Вештачката интелигенција носи придобивки за продуктивноста споредливи со револуцијата на ИКТ (информатичка и комуникациска технологија) од крајот на 20 век.

Кина ја користи вештачката интелигенција како интегрален дел од Четвртата индустриска револуција, која обединува различни технологии „Индустрија 4.0“ - комуникации со голема брзина (петта генерација), Интернет (IoT), роботика итн. Кинеските пристаништа истоваруваат контејнери бродови за 45 минути, задача која во други земји може да потрае и до една недела.

Денешниот страв од вештачката интелигенција има многу паралели со стравот од машините на крајот на 19 век. Француските текстилни работници, плашејќи се дека механичкото ткаење ќе им ги загрози работните места и ќе им го обезвредни занаетот, ги фрлаа своите „саботи“ (кломпи) во машините за ткаење за да ги направат нефункционални. Со тоа ни го дадоа зборот „саботажа“.

Во 20 век, машините и мноштвото електрични алати ги ослободија луѓето од најголемиот дел од физичкиот труд. Во 21 век, вештачката интелигенција ќе ги ослободи луѓето од најголемиот дел од менталниот труд.

Но, предизвикот на вештачката интелеганција за човечките ментални способности создаде растечка заедница на предупредувачи за вештачка интелигенција. Голем дел од ова може да се следи во научната (сајбер) фантастика, која често содржи системи за вештачка интелигенција кои не се контролираат.

Паранојата е дел од историјата на вештачката интелигенција. Новата наука се појави во 1960-тите во позадина на кибернетиката, првата кохерентна компјутерска наука за дигитални (бинарни) компјутери. Автоматскиот пилот што се користи во авионите е школски пример за кибернетски систем.

Вештачката интелегенција е кибернетика со функција за самостојно учење. Наместо да го именуваат Cybernetics 2.0, неговите програмери го користат интригантното име „вештачка интелигенција“, претпоставувајќи дека тоа ќе го олесни привлекувањето средства. И беа во право.

Пионерите на вештачката интелигенција предвидоа дека машина интелигентна како човечко суштество ќе постои за не повеќе од една генерација, и им беа дадени милиони долари за да го остварат тоа. Тие не се потрудија да го дефинираат зборот „интелигенција“, и по неколку години, проектот беше прекинат. Тоа доведе до таканаречената „зима со вештачката интелигенција“.

Излегување од хибернација

Во 1990-тите, „Big Blue“ на IBM ја врати вештачката интелигенција на насловните страници кога го победи светскиот шампион во шах Гари Каспаров. Значајното достигнување беше можно благодарение на драматичниот напредок во компјутерската моќ. Иако беше импресивен, компјутерот што победи човек во шах беше прашање на комбинирање бројки. „Big Blue“ можеше едноставно да пресмета повеќе победнички потези побрзо отколку што можеше Каспаров.

Триесет години подоцна, ChatGPT повторно го разгоре интересот за вештачката интелигенција, како и за старата параноја. Во март оваа година, група експерти за вештачка интелигенција ги повикаа сите лаборатории за вештачка интелигенција „веднаш да ги паузираат на најмалку шест месеци развојот на системи за вештачка интелигенција помоќни од GPT-4“.

Отвореното писмо, потпишано од личности како Илон Маск, ја зголеми паранојата. Тие прашуваат: „Дали треба да развиеме нечовечки умови кои на крајот би можеле да не надминат, надмудрат и да не заменат? Дали треба да ризикуваме да ја изгубиме контролата врз нашата цивилизација?“.

Други експерти за вештачка интелигенција одат уште подалеку, нарекувајќи ја вештачката интелигенција поголема опасност за човештвото од климатските промени. Некои изразуваат страв дека човештвото е изложено на ризик да биде поробено од вештачката интелигенција. Но, ниту еден од овие експерти не дава конкретни примери за тоа како би се случиле такви сценарија за судниот ден.

Сите системи за вештачка интелигенција, без разлика дали е Big Blue, самоуправувачки автомобил или ChatGPT, се специфични. Системот за вештачка интелигенција дизајниран за автономно возило не може да игра шах. Тие се дизајнирани да извршуваат одредена задача во рамките на параметрите поставени од дизајнерите.

Системите за вештачка интелигенција се состојат од алгоритам кој има пристап до внатрешна или надворешна база на податоци. Тие работат на Болеовата логика да ги обработуваат информациите до кои можат да пристапат (точно/неточно/ако/тогаш/или итн.). Тие не измислуваат факти и немаат своја волја. Системите за разговор се импресивни и ќе влијаат или дури и ќе отстранат многу работни места и ќе направат цели професии застарени, но тие се само еден дел од многу поширок технолошки (Industry 4.0) екосистем. Технологијата веќе ги трансформира речиси сите области на кинеската економија.

Здравствена заштита: ВИ се користи во кинеската здравствена индустрија за анализа на медицински слики, дијагноза на болести и истражување на лекови. Алгоритмите за вештачка интелигенција ги анализираат медицинските слики и им помагаат на лекарите да откријат абнормалности или да помогнат во дијагностицирање на болести.

Паметни градови: Кинеските градови користат технологии за вештачка интелигенција за да создадат паметни урбани средини, вклучувајќи управување со сообраќајот, енергетска ефикасност, управување со отпад и системи за јавна безбедност кои користат вештачка интелигенција за да ги оптимизираат операциите и да ги подобрат услугите на граѓаните.

Образование: ВИ е интегрирана во образовниот систем на Кина за да ги подобри персонализираните искуства за учење. Интелигентните системи за подучување и адаптивните платформи за учење користат алгоритми за вештачка интелигенција за да ја прилагодат образовната содржина и да обезбедат персонализирана повратна информација за студентите.

Земјоделство: ВИ се применува во земјоделството за следење на посевите, откривање штетници и оптимизација на приносот. Беспилотните летала опремени со алгоритми за вештачка интелигенција го истражуваат обработливото земјиште, го анализираат здравјето на посевите и ги идентификуваат областите на кои им треба внимание.

Културолошките фактори, вклучително и прагматизмот, објаснуваат зошто Кина има повисоко ниво на прифаќање и доверба во технологијата од Западот. Кинезите гледаат на вештачката интелигенција само како дел од поголемиот развој во транзицијата кон Четвртата индустриска револуција.

Во развојот на технологијата можат да се случат несреќи и грешки, а на вештачката интелигенција и требаат заштитни огради, исто како што тоа го прават индустријата за атомска енергија и цивилното воздухопловство. Ако се дозволи или овозможи алгоритам да излезе од контрола, виновен е програмерот. Здравиот разум налага секој систем кој може да влијае на животите на милиони луѓе да се тестира зад заштитен ѕид.

Вообичаено се вели дека во вештачката интелигенција, САД водат во иновациите, а Кина води во примената. Тоа можеби е точно, но САД треба да бидат загрижени да не ги одведат иновациите во заборав со занемарување на својата инфраструктура.

За да биде целосно трансформативна, вештачката интелигенција треба да работи во екосистемот Industry 4.0. Тоа е местото каде што Кина има предност и е во фокус на загриженоста на американската заедница за вештачка интелигенција.

Jan Krikke - Asiatimes

The post Балканот залудно се плаши од вештачката интелегенција appeared first on Република.

]]>

Западната параноја и даде предност на Кина Стравот од вештачката интелигенција е главно западен феномен. Во Азија практично го нема. Спротивно на тоа, Источна Азија ја гледа вештачката интелигенција како непроценлива алатка за ослободување на луѓето од досадни, повторувачки задачи и за справување со проблемите на општествата што стареат. Вештачката интелигенција носи придобивки за продуктивноста споредливи со револуцијата на ИКТ (информатичка и комуникациска технологија) од крајот на 20 век. Кина ја користи вештачката интелигенција како интегрален дел од Четвртата индустриска револуција, која обединува различни технологии „Индустрија 4.0“ - комуникации со голема брзина (петта генерација), Интернет (IoT), роботика итн. Кинеските пристаништа истоваруваат контејнери бродови за 45 минути, задача која во други земји може да потрае и до една недела. Денешниот страв од вештачката интелигенција има многу паралели со стравот од машините на крајот на 19 век. Француските текстилни работници, плашејќи се дека механичкото ткаење ќе им ги загрози работните места и ќе им го обезвредни занаетот, ги фрлаа своите „саботи“ (кломпи) во машините за ткаење за да ги направат нефункционални. Со тоа ни го дадоа зборот „саботажа“. Во 20 век, машините и мноштвото електрични алати ги ослободија луѓето од најголемиот дел од физичкиот труд. Во 21 век, вештачката интелигенција ќе ги ослободи луѓето од најголемиот дел од менталниот труд. Но, предизвикот на вештачката интелеганција за човечките ментални способности создаде растечка заедница на предупредувачи за вештачка интелигенција. Голем дел од ова може да се следи во научната (сајбер) фантастика, која често содржи системи за вештачка интелигенција кои не се контролираат. Паранојата е дел од историјата на вештачката интелигенција. Новата наука се појави во 1960-тите во позадина на кибернетиката, првата кохерентна компјутерска наука за дигитални (бинарни) компјутери. Автоматскиот пилот што се користи во авионите е школски пример за кибернетски систем. Вештачката интелегенција е кибернетика со функција за самостојно учење. Наместо да го именуваат Cybernetics 2.0, неговите програмери го користат интригантното име „вештачка интелигенција“, претпоставувајќи дека тоа ќе го олесни привлекувањето средства. И беа во право. Пионерите на вештачката интелигенција предвидоа дека машина интелигентна како човечко суштество ќе постои за не повеќе од една генерација, и им беа дадени милиони долари за да го остварат тоа. Тие не се потрудија да го дефинираат зборот „интелигенција“, и по неколку години, проектот беше прекинат. Тоа доведе до таканаречената „зима со вештачката интелигенција“. Излегување од хибернација Во 1990-тите, „Big Blue“ на IBM ја врати вештачката интелигенција на насловните страници кога го победи светскиот шампион во шах Гари Каспаров. Значајното достигнување беше можно благодарение на драматичниот напредок во компјутерската моќ. Иако беше импресивен, компјутерот што победи човек во шах беше прашање на комбинирање бројки. „Big Blue“ можеше едноставно да пресмета повеќе победнички потези побрзо отколку што можеше Каспаров. Триесет години подоцна, ChatGPT повторно го разгоре интересот за вештачката интелигенција, како и за старата параноја. Во март оваа година, група експерти за вештачка интелигенција ги повикаа сите лаборатории за вештачка интелигенција „веднаш да ги паузираат на најмалку шест месеци развојот на системи за вештачка интелигенција помоќни од GPT-4“. Отвореното писмо, потпишано од личности како Илон Маск, ја зголеми паранојата. Тие прашуваат: „Дали треба да развиеме нечовечки умови кои на крајот би можеле да не надминат, надмудрат и да не заменат? Дали треба да ризикуваме да ја изгубиме контролата врз нашата цивилизација?“. Други експерти за вештачка интелигенција одат уште подалеку, нарекувајќи ја вештачката интелигенција поголема опасност за човештвото од климатските промени. Некои изразуваат страв дека човештвото е изложено на ризик да биде поробено од вештачката интелигенција. Но, ниту еден од овие експерти не дава конкретни примери за тоа како би се случиле такви сценарија за судниот ден. Сите системи за вештачка интелигенција, без разлика дали е Big Blue, самоуправувачки автомобил или ChatGPT, се специфични. Системот за вештачка интелигенција дизајниран за автономно возило не може да игра шах. Тие се дизајнирани да извршуваат одредена задача во рамките на параметрите поставени од дизајнерите. Системите за вештачка интелигенција се состојат од алгоритам кој има пристап до внатрешна или надворешна база на податоци. Тие работат на Болеовата логика да ги обработуваат информациите до кои можат да пристапат (точно/неточно/ако/тогаш/или итн.). Тие не измислуваат факти и немаат своја волја. Системите за разговор се импресивни и ќе влијаат или дури и ќе отстранат многу работни места и ќе направат цели професии застарени, но тие се само еден дел од многу поширок технолошки (Industry 4.0) екосистем. Технологијата веќе ги трансформира речиси сите области на кинеската економија. Здравствена заштита: ВИ се користи во кинеската здравствена индустрија за анализа на медицински слики, дијагноза на болести и истражување на лекови. Алгоритмите за вештачка интелигенција ги анализираат медицинските слики и им помагаат на лекарите да откријат абнормалности или да помогнат во дијагностицирање на болести. Паметни градови: Кинеските градови користат технологии за вештачка интелигенција за да создадат паметни урбани средини, вклучувајќи управување со сообраќајот, енергетска ефикасност, управување со отпад и системи за јавна безбедност кои користат вештачка интелигенција за да ги оптимизираат операциите и да ги подобрат услугите на граѓаните. Образование: ВИ е интегрирана во образовниот систем на Кина за да ги подобри персонализираните искуства за учење. Интелигентните системи за подучување и адаптивните платформи за учење користат алгоритми за вештачка интелигенција за да ја прилагодат образовната содржина и да обезбедат персонализирана повратна информација за студентите. Земјоделство: ВИ се применува во земјоделството за следење на посевите, откривање штетници и оптимизација на приносот. Беспилотните летала опремени со алгоритми за вештачка интелигенција го истражуваат обработливото земјиште, го анализираат здравјето на посевите и ги идентификуваат областите на кои им треба внимание. Културолошките фактори, вклучително и прагматизмот, објаснуваат зошто Кина има повисоко ниво на прифаќање и доверба во технологијата од Западот. Кинезите гледаат на вештачката интелигенција само како дел од поголемиот развој во транзицијата кон Четвртата индустриска револуција. Во развојот на технологијата можат да се случат несреќи и грешки, а на вештачката интелигенција и требаат заштитни огради, исто како што тоа го прават индустријата за атомска енергија и цивилното воздухопловство. Ако се дозволи или овозможи алгоритам да излезе од контрола, виновен е програмерот. Здравиот разум налага секој систем кој може да влијае на животите на милиони луѓе да се тестира зад заштитен ѕид. Вообичаено се вели дека во вештачката интелигенција, САД водат во иновациите, а Кина води во примената. Тоа можеби е точно, но САД треба да бидат загрижени да не ги одведат иновациите во заборав со занемарување на својата инфраструктура. За да биде целосно трансформативна, вештачката интелигенција треба да работи во екосистемот Industry 4.0. Тоа е местото каде што Кина има предност и е во фокус на загриженоста на американската заедница за вештачка интелигенција. Jan Krikke - Asiatimes

The post Балканот залудно се плаши од вештачката интелегенција appeared first on Република.

]]>
Околу 13 отсто германски компании користат вештачка интелегенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/okolu-13-otsto-germanski-kompanii-koristat-veshtachka-intelegentsija/ Wed, 02 Aug 2023 12:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=667923

Околу 13 отсто од германските компании во моментов користат вештачка интелигенција додека околу 9 отсто планираат да го сторат тоа. Тие цифри ги објави Иститутот за економски истражувања Ифо, јави ДПА.

Во индустријата, секоја трета компанија користи вештачка интелигенција или планира да ја користи, додека околу 20 проценти од компаниите во услужниот и малопродажниот сектор и 15 проценти од градежните компании исто така користат.

За околу 40 отсто од компаниите во Германија, вештачката интелигенција не игра никаква улога во моментов. Во градежниот сектор таа цифра е 60 отсто.

Системите базирани на вештачка интелигенција обработуваат големи количини на податоци со помош на алгоритми со цел брзо да носат одлуки со автоматска анализа.

Во своето економско истражување во јуни, Институтот анкетираше околу 9.000 компании.

The post Околу 13 отсто германски компании користат вештачка интелегенција appeared first on Република.

]]>

Околу 13 отсто од германските компании во моментов користат вештачка интелигенција додека околу 9 отсто планираат да го сторат тоа. Тие цифри ги објави Иститутот за економски истражувања Ифо, јави ДПА. Во индустријата, секоја трета компанија користи вештачка интелигенција или планира да ја користи, додека околу 20 проценти од компаниите во услужниот и малопродажниот сектор и 15 проценти од градежните компании исто така користат. За околу 40 отсто од компаниите во Германија, вештачката интелигенција не игра никаква улога во моментов. Во градежниот сектор таа цифра е 60 отсто. Системите базирани на вештачка интелигенција обработуваат големи количини на податоци со помош на алгоритми со цел брзо да носат одлуки со автоматска анализа. Во своето економско истражување во јуни, Институтот анкетираше околу 9.000 компании.

The post Околу 13 отсто германски компании користат вештачка интелегенција appeared first on Република.

]]>
Генералниот секретар на ОН: Јас сум за идејата за создавање агенција за надзор на вештачката интелигенција https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/generalniot-sekretar-na-on-jas-sum-za-idejata-za-sozdavane-agentsija-za-nadzor-na-veshtachkata-inteligentsija/ Tue, 13 Jun 2023 07:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=650710

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во понеделникот го поддржа предлогот за создавање меѓународен регулатор за вештачка интелигенција (ВИ) кој ќе функционира како Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), откако предлогот претходно беше изнесен од шефовите на некои компании кои развиваат вештачка интелигенција.

Откако ChatGPT беше лансиран пред шест месеци, се зголеми загриженоста за моќта на вештачката интелигенција да создава убедливи лажни фотографии и други дезинформации.

Алармните ѕвона се заглушувачки поради најновата форма на вештачка интелигенција - генеративната вештачка интелигенција. Најгласните доаѓаат од програмерите кои го дизајнирале - изјави Гутереш на новинарите.

Мора сериозно да ги сфатиме тие предупредувања – додаде тој.

Тој најави дека планира да започне со работа до крајот на годината на високо ниво советодавно тело за вештачка интелигенција кое редовно ќе ги разгледува аранжманите за управување со вештачката интелигенција и ќе нуди препораки за тоа како да се усогласи вештачката интелигенција со човековите права, владеењето на правото и општото добро.

Јас би бил за идејата за создавање агенција за вештачка интелигенција инспирирана од она што денес е Меѓународна агенција за атомска енергија - рече тој во понеделникот.

Гутереш рече дека таков модел може да биде „многу интересен“, но истакна дека „само земјите-членки можат да го создадат, а не Секретаријатот на Обединетите нации“.

МААЕ со седиште во Виена е основана во 1957 година и промовира безбедно и мирно користење на нуклеарните технологии и ги следи можните прекршувања на Договорот за нуклеарно неширење (НПТ).

Таа агенција има 176 земји-членки.

Креаторот на ChatGPT, OpenAI, минатиот месец рече дека тело како IAEA може да постави ограничувања за имплементацијата, да ја провери усогласеноста со безбедносните стандарди и да ја следи употребата на компјутерската моќ.

Британскиот премиер Риши Сунак, исто така, ја поддржа идејата, велејќи дека сака Велика Британија да биде лидер во глобалната регулатива за безбедност на вештачката интелигенција.

Лондон треба да биде домаќин на самит за координирана меѓународна акција против ризиците од вештачката интелигенција подоцна оваа година.

Гутереш рече дека го поддржува планот за самит во Велика Британија, но нагласи дека треба да му претходи „сериозна работа“.

Тој додаде дека планира во наредните денови да назначи научен советодавен одбор од експерти за вештачка интелигенција од агенциите на ОН.

The post Генералниот секретар на ОН: Јас сум за идејата за создавање агенција за надзор на вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во понеделникот го поддржа предлогот за создавање меѓународен регулатор за вештачка интелигенција (ВИ) кој ќе функционира како Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), откако предлогот претходно беше изнесен од шефовите на некои компании кои развиваат вештачка интелигенција. Откако ChatGPT беше лансиран пред шест месеци, се зголеми загриженоста за моќта на вештачката интелигенција да создава убедливи лажни фотографии и други дезинформации.
Алармните ѕвона се заглушувачки поради најновата форма на вештачка интелигенција - генеративната вештачка интелигенција. Најгласните доаѓаат од програмерите кои го дизајнирале - изјави Гутереш на новинарите. Мора сериозно да ги сфатиме тие предупредувања – додаде тој.
Тој најави дека планира да започне со работа до крајот на годината на високо ниво советодавно тело за вештачка интелигенција кое редовно ќе ги разгледува аранжманите за управување со вештачката интелигенција и ќе нуди препораки за тоа како да се усогласи вештачката интелигенција со човековите права, владеењето на правото и општото добро.
Јас би бил за идејата за создавање агенција за вештачка интелигенција инспирирана од она што денес е Меѓународна агенција за атомска енергија - рече тој во понеделникот.
Гутереш рече дека таков модел може да биде „многу интересен“, но истакна дека „само земјите-членки можат да го создадат, а не Секретаријатот на Обединетите нации“. МААЕ со седиште во Виена е основана во 1957 година и промовира безбедно и мирно користење на нуклеарните технологии и ги следи можните прекршувања на Договорот за нуклеарно неширење (НПТ). Таа агенција има 176 земји-членки. Креаторот на ChatGPT, OpenAI, минатиот месец рече дека тело како IAEA може да постави ограничувања за имплементацијата, да ја провери усогласеноста со безбедносните стандарди и да ја следи употребата на компјутерската моќ. Британскиот премиер Риши Сунак, исто така, ја поддржа идејата, велејќи дека сака Велика Британија да биде лидер во глобалната регулатива за безбедност на вештачката интелигенција. Лондон треба да биде домаќин на самит за координирана меѓународна акција против ризиците од вештачката интелигенција подоцна оваа година. Гутереш рече дека го поддржува планот за самит во Велика Британија, но нагласи дека треба да му претходи „сериозна работа“. Тој додаде дека планира во наредните денови да назначи научен советодавен одбор од експерти за вештачка интелигенција од агенциите на ОН.

The post Генералниот секретар на ОН: Јас сум за идејата за создавање агенција за надзор на вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>
ММФ до владите: Вештачката интелигенција ќе загрози некои работни места, потребна е регулатива https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mmf-do-vladite-veshtachkata-inteligentsija-ke-zagrozi-nekoi-rabotni-mesta-potrebna-e-regulativa/ Tue, 06 Jun 2023 11:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=648403

Вештачката интелигенција (AI) може да предизвика сериозни нарушувања на пазарот на трудот, предупреди првиот заменик директор на ММФ Гита Гопинат, апелирајќи до законодавците што поскоро да ја регулираат употребата на новата технологија.

„Владите, институциите и законодавците мора да бидат брзи во регулирањето на сите области, но и во подготовката за веројатни значителни нарушувања на пазарите на трудот“, рече Гопинат вчера во интервју за финансискиот дневен весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Таа им порача на владите да ги зајакнат мрежите за социјална заштита за работниците чии работни места ќе бидат загрозени од вештачката интелигенција и да се погрижат даночните мерки да не ги наградуваат компаниите што ги заменуваат работниците со машини.

Мора да се погрижат и компаниите да не градат недостижна позиција во новата технологија“, нагласи претставникот на ММФ.

„Не сакате ултра големи компании со огромни количини на податоци и компјутерска моќ што им дава неправедна предност“, изјави Гопинат за ФТ.

The post ММФ до владите: Вештачката интелигенција ќе загрози некои работни места, потребна е регулатива appeared first on Република.

]]>

Вештачката интелигенција (AI) може да предизвика сериозни нарушувања на пазарот на трудот, предупреди првиот заменик директор на ММФ Гита Гопинат, апелирајќи до законодавците што поскоро да ја регулираат употребата на новата технологија.
„Владите, институциите и законодавците мора да бидат брзи во регулирањето на сите области, но и во подготовката за веројатни значителни нарушувања на пазарите на трудот“, рече Гопинат вчера во интервју за финансискиот дневен весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ).
Таа им порача на владите да ги зајакнат мрежите за социјална заштита за работниците чии работни места ќе бидат загрозени од вештачката интелигенција и да се погрижат даночните мерки да не ги наградуваат компаниите што ги заменуваат работниците со машини. Мора да се погрижат и компаниите да не градат недостижна позиција во новата технологија“, нагласи претставникот на ММФ.
„Не сакате ултра големи компании со огромни количини на податоци и компјутерска моќ што им дава неправедна предност“, изјави Гопинат за ФТ.

The post ММФ до владите: Вештачката интелигенција ќе загрози некои работни места, потребна е регулатива appeared first on Република.

]]>
Елон Маск тврди дека Кина ќе иницира регулирање на вештачката интелигенција https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/elon-mask-tvrdi-deka-kina-ke-initsira-regulirane-na-veshtachkata-inteligentsija/ Tue, 06 Jun 2023 09:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=648346

Извршниот директор на „Твитер“, Илон Маск, по неодамнешниот состанок со официјални лица од Кина, изјави дека таа држава ќе се обиде да иницира регулирање на вештачката интелигенција во својата земја, пренесува „Ројтерс“.

„Треба да се напомене дека на моето неодамнешно патување во Кина разговарав со високи функционери таму. Мислам дека имавме многу продуктивни дискусии за ризиците од вештачката интелигенција и потребата од некаков вид надзор и регулација“, рече Маск за време на разговорот со Роберт Кенеди Џуниор.

Маск минатиот четврток ја заврши дводневната посета на Кина, за време на која се сретна со високи владини претставници, вклучително и министрите за надворешни работи, трговија и индустрија.

Кинескиот сајбер регулатор во април ги откри нацрт-мерките за управување со генеративните служби за вештачка интелигенција, барајќи од фирмите да поднесат безбедносни проценки пред да ги објават своите понуди за јавноста.

The post Елон Маск тврди дека Кина ќе иницира регулирање на вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на „Твитер“, Илон Маск, по неодамнешниот состанок со официјални лица од Кина, изјави дека таа држава ќе се обиде да иницира регулирање на вештачката интелигенција во својата земја, пренесува „Ројтерс“.
„Треба да се напомене дека на моето неодамнешно патување во Кина разговарав со високи функционери таму. Мислам дека имавме многу продуктивни дискусии за ризиците од вештачката интелигенција и потребата од некаков вид надзор и регулација“, рече Маск за време на разговорот со Роберт Кенеди Џуниор.
Маск минатиот четврток ја заврши дводневната посета на Кина, за време на која се сретна со високи владини претставници, вклучително и министрите за надворешни работи, трговија и индустрија. Кинескиот сајбер регулатор во април ги откри нацрт-мерките за управување со генеративните служби за вештачка интелигенција, барајќи од фирмите да поднесат безбедносни проценки пред да ги објават своите понуди за јавноста.

The post Елон Маск тврди дека Кина ќе иницира регулирање на вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Со европските колеги имав интензивна и продуктивна дискусија за вештачката интелигенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-so-evropskite-kolegi-imav-intenzivna-i-produktivna-diskusija-za-veshtachkata-inteligentsija/ Wed, 31 May 2023 17:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=646555

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека тој и неговите европски колеги на Советот за трговија и технологија, што се одржува во Шведска, имале интензивна и продуктивна дискусија поврзана со вештачката интелигенција.

Тој посочи дека Советот дал важен придонес во создавањето на доброволен етички кодекс кој ќе биде отворен за пристап од сите „страни со истомисленици“.

Блинкен изрази жалење поради што не се одржа средба помеѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и кинескиот министер за одбрана Ли Шанфу.

Тој ја повтори важноста од редовни контакти и отворени канали за комуникација со Пекинг.

- Најопасна работа е немање комуникација, рече Блинкен

The post Блинкен: Со европските колеги имав интензивна и продуктивна дискусија за вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека тој и неговите европски колеги на Советот за трговија и технологија, што се одржува во Шведска, имале интензивна и продуктивна дискусија поврзана со вештачката интелигенција. Тој посочи дека Советот дал важен придонес во создавањето на доброволен етички кодекс кој ќе биде отворен за пристап од сите „страни со истомисленици“. Блинкен изрази жалење поради што не се одржа средба помеѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и кинескиот министер за одбрана Ли Шанфу. Тој ја повтори важноста од редовни контакти и отворени канали за комуникација со Пекинг. - Најопасна работа е немање комуникација, рече Блинкен

The post Блинкен: Со европските колеги имав интензивна и продуктивна дискусија за вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>