вештачење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veshtachenje/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 11:04:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вештачење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/veshtachenje/ 32 32 Ќе се вештачи местото на несреќата, крв и урина земени од возачот на камионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ke-se-veshtachi-mestoto-na-nesrekata-krv-i-urina-zemeni-od-vozachot-na-kamionot/ Thu, 03 Oct 2024 11:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=822175

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено.

Според првичните сознанија, како што соопштија од Јавното обвинителство, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат.

Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините, се појаснува во соопштението.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zaginaa-vrvni-doktori-od-prilep-kamionot-navodno-vozel-vo-sprotiven-pravets/

Три лица од Прилеп загинаа, а едно лице е повредено во тешката сообраќајна несреќа што утрово се случила околу 7:50 часот во судир на патничко возило и камион на магистралниот пат Прилеп-Битола, на излезот од градот, кај селото Лагово.

Тројцата загинати се од патничкото возило „тојота“ со прилепски регистерски таблички, а повредениот е од камионот. Во судирот патничкото возило се запалило, соопштија од СВР Битола.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-prostuvaat-od-niv-zagubata-e-pregolema-ova-se-doktorite-koi-zaginaa-pred-prilep/

Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(51) од Битола. Во несреќата патничкото возило се запалило и на местото починале тројцата патници. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош Прилеп, информираат од СВР Битола.

Магистралниот пат се уште е затворен за сообраќај, а увид на местото на несреќата прават полицијата и јавен обвинител.

Како медицинска екипа констатиравме смрт на три лица, сите од патничкото возило „тојота“. Повредениот од камионот итно е пренесен во Општатата болница во Прилеп со телесни повреди, изјави Боше Милошески, началник на Итната медицинска помош од Прилеп, кој беше на увид на местото на сообраќајката.

Повеќе од час и половина екипите на прилепската противпожарна единица интервенирале за да го изгаснат пожарот.

Во 7:45 часот изутрината добивме пријава за камион, кој гори на патот Прилеп - Битола, кај селото Лагово. Кога дојдовме на местото видовме дека не гори само камион, туку и патничко моторно возило, односно се случила сообраќајна несреќа. За да го изгаснеме пожарот интервениравме со пет возила и 12 пожарникари. Го обезбедуваме просторот, има бензин, нафта истечено. Станува збор за хибридно возило во сообраќајката со литиумски батерии, изјави Виктор Стојчески, заменик- момандир на ТППЕ- Прилеп.

Магистралниот пат Прилеп - Битола од 8 часот изутрината е затворен за сообраќај. Сообраќајот се одвива по алтернативни патишта.

The post Ќе се вештачи местото на несреќата, крв и урина земени од возачот на камионот appeared first on Република.

]]>

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено. Според првичните сознанија, како што соопштија од Јавното обвинителство, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат. Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините, се појаснува во соопштението. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zaginaa-vrvni-doktori-od-prilep-kamionot-navodno-vozel-vo-sprotiven-pravets/ Три лица од Прилеп загинаа, а едно лице е повредено во тешката сообраќајна несреќа што утрово се случила околу 7:50 часот во судир на патничко возило и камион на магистралниот пат Прилеп-Битола, на излезот од градот, кај селото Лагово. Тројцата загинати се од патничкото возило „тојота“ со прилепски регистерски таблички, а повредениот е од камионот. Во судирот патничкото возило се запалило, соопштија од СВР Битола. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-prostuvaat-od-niv-zagubata-e-pregolema-ova-se-doktorite-koi-zaginaa-pred-prilep/
Сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(51) од Битола. Во несреќата патничкото возило се запалило и на местото починале тројцата патници. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош Прилеп, информираат од СВР Битола.
Магистралниот пат се уште е затворен за сообраќај, а увид на местото на несреќата прават полицијата и јавен обвинител.
Како медицинска екипа констатиравме смрт на три лица, сите од патничкото возило „тојота“. Повредениот од камионот итно е пренесен во Општатата болница во Прилеп со телесни повреди, изјави Боше Милошески, началник на Итната медицинска помош од Прилеп, кој беше на увид на местото на сообраќајката.
Повеќе од час и половина екипите на прилепската противпожарна единица интервенирале за да го изгаснат пожарот.
Во 7:45 часот изутрината добивме пријава за камион, кој гори на патот Прилеп - Битола, кај селото Лагово. Кога дојдовме на местото видовме дека не гори само камион, туку и патничко моторно возило, односно се случила сообраќајна несреќа. За да го изгаснеме пожарот интервениравме со пет возила и 12 пожарникари. Го обезбедуваме просторот, има бензин, нафта истечено. Станува збор за хибридно возило во сообраќајката со литиумски батерии, изјави Виктор Стојчески, заменик- момандир на ТППЕ- Прилеп.
Магистралниот пат Прилеп - Битола од 8 часот изутрината е затворен за сообраќај. Сообраќајот се одвива по алтернативни патишта.

The post Ќе се вештачи местото на несреќата, крв и урина земени од возачот на камионот appeared first on Република.

]]>
Веапоска: Едвај чекам да дојде крајот и вистината да излезе, не само за мене туку за сите жени во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veaposka-edvaj-chekam-da-dojde-krajot-i-vistinata-da-izleze-ne-samo-za-mene-tuku-za-site-zheni-vo-makedonija/ Wed, 24 Apr 2024 06:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=769826

Судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети за отстранувањето на три органи на родилката од Дебар Јилдз Веапоска ќе продолжи со супер вештачење, беше одлучено на вчерашното рочиште во Основниот суд во Струга.

Таквата одлука на судијата Јордан Јованов дојде поради неусогласување на вештачењата на вешти лица од Судска медицина побарано од Јавниот обвинител и на техничкиот советник на барање на обвинетите. Според вештачењето на тројцата вештаци од Институтот за судска медицина влошувањето на состојбата на Веапоска дошло поради погрешни постапки од здравствените работници, додека вештачењето на техничкиот советник професор доктор Драге Дабески покажува дека обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку со дејствувањето и бил спасен животот.

Супер вештачењето треба да го прави судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје. Тоа, според директорот на Институтот за судска медицина професор доктор Александар Станков, треба да го направат три вешти лица.

Нашето вештачење е јасно, концизно, лоцирани се сите проблеми заради кои е дојдено до состојбата кај оштетената Веапоска и заради што и се извадени органите. Според нашето вештачење, влошувањето на здравствената состојба е настанато исклучиво поради делувањето на здравствениот тим во Болницата во Струга, изјави Станков.

Врз основа на вештачењето на Судска медицина, нагласи, беше подигнато и обвинението за случајот со родилката од Дебар.

За жал законот е таков каков што е, овозможува вештачење од вештак поединец кое се споредува со вештачење направено од институција и тројца професори. Со тоа му дава право на судот да побара супер вештачење кога имаме спротивни вештачења. Ова многу често се случува намерно и врз основа на никакви докази да се прават вештачења, кои се спротивни, само за да бидат спротивни на вештачењето дадено од Институтот за да можат да се прават супер вештачења, заклучи Станков.

Адвокатот на трето обвинетата, Александар Новаковски истакна дека двете вештачења не се усогласија во однос на настанување на последиците кои ги има оштетената, односно се со спротивставени мислења за начинот на кој е водена целата нега.

Со оглед дека вештаците предложени од Обвинителството и вештакот од одбраната кои ги дадоа своите извештаи и искази не успеаа да се усогласат, судијата донесе наредба да се изврши супер вештачење. Кога ќе се добие тоа супер вештачење ќе привршуваме со предметот, истакна Новаковски.

За адвокатот на оштетената Сашо Јанев постои само едно вештачење, а тоа е вештачењето на Судска медицина.

Јас сум убеден дека ова вештачење ќе опстои бидејќи нема друга вистина. Но судот нема избор кога постојат две спротивставени вештачења, иако според мене нема спротивставеност тука. Судско медицинскиот одбор при Медицинскиот факултет е составен од 19 лекари од различни профили. Верувам дека тие луѓе солидно и квалитетно ќе си ја извршат својата работа и не се сомневам во квалитетот на супер вештачењето. Јас сум убеден, ја знам вистината. Вистината е дека мојот клиент е оштетен поради дејствија на лекарите, а тоа има да се затвори со една квалитетна законита пресуда, изјави Јанев.

Судскиот процес со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породувањето со царски рез, во Болницата во Струга и беа отстранеи матка, јајник и бубрег трае две години, во кои се променија тројца судии. Оштетената вели дека сето тоа лошо влијае врз неа и нејзиното здравје, но очекува правдата да биде задоволена.

 

Врз мене лошо влијае и физички и психички и едвај чекам да дојде крајот и вистината да излезе. Не само за мене туку за сите жени во Македонија да не молчат и да не запираат кога има лекарски грешки, рече Веапоска.

Следното рочиште, кога се очекува да биде готов извештајот од супер вештачењето е закажано за 3 јуни годинава.

The post Веапоска: Едвај чекам да дојде крајот и вистината да излезе, не само за мене туку за сите жени во Македонија appeared first on Република.

]]>

Судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети за отстранувањето на три органи на родилката од Дебар Јилдз Веапоска ќе продолжи со супер вештачење, беше одлучено на вчерашното рочиште во Основниот суд во Струга. Таквата одлука на судијата Јордан Јованов дојде поради неусогласување на вештачењата на вешти лица од Судска медицина побарано од Јавниот обвинител и на техничкиот советник на барање на обвинетите. Според вештачењето на тројцата вештаци од Институтот за судска медицина влошувањето на состојбата на Веапоска дошло поради погрешни постапки од здравствените работници, додека вештачењето на техничкиот советник професор доктор Драге Дабески покажува дека обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку со дејствувањето и бил спасен животот. Супер вештачењето треба да го прави судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје. Тоа, според директорот на Институтот за судска медицина професор доктор Александар Станков, треба да го направат три вешти лица.
Нашето вештачење е јасно, концизно, лоцирани се сите проблеми заради кои е дојдено до состојбата кај оштетената Веапоска и заради што и се извадени органите. Според нашето вештачење, влошувањето на здравствената состојба е настанато исклучиво поради делувањето на здравствениот тим во Болницата во Струга, изјави Станков.
Врз основа на вештачењето на Судска медицина, нагласи, беше подигнато и обвинението за случајот со родилката од Дебар.
За жал законот е таков каков што е, овозможува вештачење од вештак поединец кое се споредува со вештачење направено од институција и тројца професори. Со тоа му дава право на судот да побара супер вештачење кога имаме спротивни вештачења. Ова многу често се случува намерно и врз основа на никакви докази да се прават вештачења, кои се спротивни, само за да бидат спротивни на вештачењето дадено од Институтот за да можат да се прават супер вештачења, заклучи Станков.
Адвокатот на трето обвинетата, Александар Новаковски истакна дека двете вештачења не се усогласија во однос на настанување на последиците кои ги има оштетената, односно се со спротивставени мислења за начинот на кој е водена целата нега.
Со оглед дека вештаците предложени од Обвинителството и вештакот од одбраната кои ги дадоа своите извештаи и искази не успеаа да се усогласат, судијата донесе наредба да се изврши супер вештачење. Кога ќе се добие тоа супер вештачење ќе привршуваме со предметот, истакна Новаковски.
За адвокатот на оштетената Сашо Јанев постои само едно вештачење, а тоа е вештачењето на Судска медицина.
Јас сум убеден дека ова вештачење ќе опстои бидејќи нема друга вистина. Но судот нема избор кога постојат две спротивставени вештачења, иако според мене нема спротивставеност тука. Судско медицинскиот одбор при Медицинскиот факултет е составен од 19 лекари од различни профили. Верувам дека тие луѓе солидно и квалитетно ќе си ја извршат својата работа и не се сомневам во квалитетот на супер вештачењето. Јас сум убеден, ја знам вистината. Вистината е дека мојот клиент е оштетен поради дејствија на лекарите, а тоа има да се затвори со една квалитетна законита пресуда, изјави Јанев.
Судскиот процес со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породувањето со царски рез, во Болницата во Струга и беа отстранеи матка, јајник и бубрег трае две години, во кои се променија тројца судии. Оштетената вели дека сето тоа лошо влијае врз неа и нејзиното здравје, но очекува правдата да биде задоволена.  
Врз мене лошо влијае и физички и психички и едвај чекам да дојде крајот и вистината да излезе. Не само за мене туку за сите жени во Македонија да не молчат и да не запираат кога има лекарски грешки, рече Веапоска.
Следното рочиште, кога се очекува да биде готов извештајот од супер вештачењето е закажано за 3 јуни годинава.

The post Веапоска: Едвај чекам да дојде крајот и вистината да излезе, не само за мене туку за сите жени во Македонија appeared first on Република.

]]>
Уште еден вештак сведочи на рочиште за „Ласкарци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-eden-veshtak-svedochi-na-rochishte-za-laskartsi/ Tue, 31 Oct 2023 09:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=696604

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење, во Основниот кривичен суд - Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири. Испитувањето на сообраќајните супервештаци започна во мај годинава.

Постолов денеска повторно ќе биде испитуван од адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот - возачот на автобусот.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, а во моментов и на вештите лица кои го изготвија сообраќајното супервештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски

The post Уште еден вештак сведочи на рочиште за „Ласкарци“ appeared first on Република.

]]>

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење, во Основниот кривичен суд - Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири. Испитувањето на сообраќајните супервештаци започна во мај годинава. Постолов денеска повторно ќе биде испитуван од адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот - возачот на автобусот. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, а во моментов и на вештите лица кои го изготвија сообраќајното супервештачење. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски

The post Уште еден вештак сведочи на рочиште за „Ласкарци“ appeared first on Република.

]]>
Истрагата потврди дека Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/istragata-potvrdi-deka-prigozhin-e-megu-zhrtvite-vo-avionskata-nesreka-vo-rusija/ Sun, 27 Aug 2023 11:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=676288

Шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија, потврди денеска генетското вештачење спроведено од руските истражни органи.

На крајот од „генетското вештачење“ било утврдено дека идентитетот на десетте жртви чии тела биле пронајдени по урнувањето на авионот „одговараат на списокот“ на патниците и членовите на екипажот на авионот, меѓу кои бил и Пригожин, се наведува во соопштението на Истражната комисија.

Истражителите на 25 август објавија дека ги пронашле и црните кутии со податоци за летот на авионот што се урна на 23 август.

The post Истрагата потврди дека Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија appeared first on Република.

]]>

Шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија, потврди денеска генетското вештачење спроведено од руските истражни органи. На крајот од „генетското вештачење“ било утврдено дека идентитетот на десетте жртви чии тела биле пронајдени по урнувањето на авионот „одговараат на списокот“ на патниците и членовите на екипажот на авионот, меѓу кои бил и Пригожин, се наведува во соопштението на Истражната комисија. Истражителите на 25 август објавија дека ги пронашле и црните кутии со податоци за летот на авионот што се урна на 23 август.

The post Истрагата потврди дека Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија appeared first on Република.

]]>
Во тек е вештачење на ДНК и идентификација на жртвите во авионската несреќа во која загина Пригожин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-tek-e-veshtachene-na-dnk-i-identifikatsija-na-zhrtvite-vo-avionskata-nesreka-vo-koja-zagina-prigozhin/ Sat, 26 Aug 2023 08:10:11 +0000 https://republika.mk/?p=675933

Форензичарите вршат ДНК-испитување за да ги идентификуваат десетте лица кои загинаа во авионската несреќа во областа Твер, соопшти Рускиот истражен комитет, пренесе „ТАСС“.

– За време на првичната истрага на местото на несреќата откриени се телата на 10 жртви. Во тек се молекуларни генетски тестови за нивна идентификација – соопшти прес-службата, а пренесе „Танјуг“.

Според првичните информации, во авионот имало 10 лица и сите загинале во несреќата.

Федералната управа за воздухопловство на Русија објави дека Евгениј Пригожин, лидерот на руската паравоена организација Вагнер, е наведен како патник.

 

The post Во тек е вештачење на ДНК и идентификација на жртвите во авионската несреќа во која загина Пригожин appeared first on Република.

]]>

Форензичарите вршат ДНК-испитување за да ги идентификуваат десетте лица кои загинаа во авионската несреќа во областа Твер, соопшти Рускиот истражен комитет, пренесе „ТАСС“. – За време на првичната истрага на местото на несреќата откриени се телата на 10 жртви. Во тек се молекуларни генетски тестови за нивна идентификација – соопшти прес-службата, а пренесе „Танјуг“. Според првичните информации, во авионот имало 10 лица и сите загинале во несреќата. Федералната управа за воздухопловство на Русија објави дека Евгениј Пригожин, лидерот на руската паравоена организација Вагнер, е наведен како патник.  

The post Во тек е вештачење на ДНК и идентификација на жртвите во авионската несреќа во која загина Пригожин appeared first on Република.

]]>
Вештакот не одговори дали има некакви траги дека немало активирање на системот за кочење на автобусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/veshtakot-ne-odgovori-dali-ima-nekakvi-tragi-deka-nemalo-aktivirane-na-sistemot-za-kochene-na-avtobusot/ Tue, 30 May 2023 11:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=646119

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се сослушуваат сведоци кои го изготвија сообраќајното супервештачење за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

Јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, го испрашуваше вештото лице Јакуп Мамути во однос на супервештачењето, за кое, вештото лице изјави дека го работеле помалку од една година.

Се сослушуваат сведоци кои го изготвија сообраќајното супервештачење за Ласкарци. На денот кога го посетивме местото каде што се наоѓа автобусот, за нас, тука немаше многу потребни елементи и важни околности во врска со сообраќајното вештачење. А на денот кога го посетивме местото на незгодата, извршивме од поширока зона увид на местото на незгодата. Направивме некои мерења што беа потребни за изработка на сообраќајно вештачење и некои други ситни работи, рече вештакот.

Прашан кои лица биле присутни за време на овие активности, тој одговори дека не биле сите, мислејќи и на сообраќајците и на машинците, дополнувајќи дека често пати оделе таму и сами на своја иницијатива.

Јакупи изјави дека од колегите што го изготвиле машинското супервештачење дознале дека автобусот не е причинител на незгодата и не одговори конкретно на прашањето дали има некакви траги дека немало активирање на системот за кочење на автобусот.

Останати вешти лица од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење се Љупчо Постолов и Незат Зеќир, а судењето продолжува по паузата, во 13 часот.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, кое, според вештаците утврдило дека автобуската несреќа не е од машинска природа.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post Вештакот не одговори дали има некакви траги дека немало активирање на системот за кочење на автобусот appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се сослушуваат сведоци кои го изготвија сообраќајното супервештачење за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, го испрашуваше вештото лице Јакуп Мамути во однос на супервештачењето, за кое, вештото лице изјави дека го работеле помалку од една година.
Се сослушуваат сведоци кои го изготвија сообраќајното супервештачење за Ласкарци. На денот кога го посетивме местото каде што се наоѓа автобусот, за нас, тука немаше многу потребни елементи и важни околности во врска со сообраќајното вештачење. А на денот кога го посетивме местото на незгодата, извршивме од поширока зона увид на местото на незгодата. Направивме некои мерења што беа потребни за изработка на сообраќајно вештачење и некои други ситни работи, рече вештакот.
Прашан кои лица биле присутни за време на овие активности, тој одговори дека не биле сите, мислејќи и на сообраќајците и на машинците, дополнувајќи дека често пати оделе таму и сами на своја иницијатива. Јакупи изјави дека од колегите што го изготвиле машинското супервештачење дознале дека автобусот не е причинител на незгодата и не одговори конкретно на прашањето дали има некакви траги дека немало активирање на системот за кочење на автобусот. Останати вешти лица од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење се Љупчо Постолов и Незат Зеќир, а судењето продолжува по паузата, во 13 часот. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, кое, според вештаците утврдило дека автобуската несреќа не е од машинска природа. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post Вештакот не одговори дали има некакви траги дека немало активирање на системот за кочење на автобусот appeared first on Република.

]]>
Причината за автобуската несреќа кај Ласкарци не е од машинска природа, сведочи вештакот Мирчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prichinata-za-avtobuskata-nesreka-kaj-laskartsi-ne-e-od-mashinska-priroda-svedochi-veshtakot-mirchevski/ Tue, 25 Apr 2023 11:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=633906

Причината за автобуската несреќа не е од машинска природа, изјави вештото лица Дамјан Мирчевски, дел од тимот што го изготви машинското супервештачење за автобуската несреќа кај Ласкарци, кој денеска во Основниот кривичен суд Скопје беше испитуван од страна на одбраната.

Прашан дали доколку имало предхавариско кочење, тоа би оставило траги на асфалтот, тој одговори дека не би се согласил дека за да се избегне случената сообраќајна незгода, единствена можност било предхаварско кочење.

Не сметам дека со кочење од било каков тип би била спречена особраќајната несреќа, туку со исправен систем на управување, автобусот може соодветно да се управува, рече тој.

Прашан дали кој било од возачите на овој автобус реагирал на неисправноста на кочниците, одговори дека, како што рече „од она што го анализиравме, таков податок нема“.

Потоа вештото лице го испитуваа во врска со состојбата на патот по кој се движел автобусот како и важноста на периодичниот технички преглед.

На прашање од јавниот обвинител, „се согласувате ли со мене дека 16 дена возење на нерегистиран автобус е околност која укажува каков бил односот не превозникот кон обврските што ги има кон сообраќајот“, одговорот на вештото лице беше „ние не сме вршеле ревизија на работата на превозникот, ниту пак сме инспекциско тело кое што има овластувања да ја контролира работата на која било фирма“.

Прашања до вештото лице постави и Судот кој праша во врска со индикаторите на контролната табла кои биле прелепени, на што вештото лице одговори дека во моментот на увид немало прелепување и посочи дека тоа е можеби резултат на долгиот временски пеирод и променливите временски услови на кои бил изложен автобусот.

Со испитувањето на ова вешто лице заврши испитувањето на тимот што го изготви машинското супервештачење, а судењето продолжува на 4 мај со испитување на тимот кој го изготви сообраќајното супервештачење.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето и тоа сѐ уште трае.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 а во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

 

The post Причината за автобуската несреќа кај Ласкарци не е од машинска природа, сведочи вештакот Мирчевски appeared first on Република.

]]>

Причината за автобуската несреќа не е од машинска природа, изјави вештото лица Дамјан Мирчевски, дел од тимот што го изготви машинското супервештачење за автобуската несреќа кај Ласкарци, кој денеска во Основниот кривичен суд Скопје беше испитуван од страна на одбраната. Прашан дали доколку имало предхавариско кочење, тоа би оставило траги на асфалтот, тој одговори дека не би се согласил дека за да се избегне случената сообраќајна незгода, единствена можност било предхаварско кочење.
Не сметам дека со кочење од било каков тип би била спречена особраќајната несреќа, туку со исправен систем на управување, автобусот може соодветно да се управува, рече тој.
Прашан дали кој било од возачите на овој автобус реагирал на неисправноста на кочниците, одговори дека, како што рече „од она што го анализиравме, таков податок нема“. Потоа вештото лице го испитуваа во врска со состојбата на патот по кој се движел автобусот како и важноста на периодичниот технички преглед. На прашање од јавниот обвинител, „се согласувате ли со мене дека 16 дена возење на нерегистиран автобус е околност која укажува каков бил односот не превозникот кон обврските што ги има кон сообраќајот“, одговорот на вештото лице беше „ние не сме вршеле ревизија на работата на превозникот, ниту пак сме инспекциско тело кое што има овластувања да ја контролира работата на која било фирма“. Прашања до вештото лице постави и Судот кој праша во врска со индикаторите на контролната табла кои биле прелепени, на што вештото лице одговори дека во моментот на увид немало прелепување и посочи дека тоа е можеби резултат на долгиот временски пеирод и променливите временски услови на кои бил изложен автобусот. Со испитувањето на ова вешто лице заврши испитувањето на тимот што го изготви машинското супервештачење, а судењето продолжува на 4 мај со испитување на тимот кој го изготви сообраќајното супервештачење. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето и тоа сѐ уште трае. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 а во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.  

The post Причината за автобуската несреќа кај Ласкарци не е од машинска природа, сведочи вештакот Мирчевски appeared first on Република.

]]>
„Две години има лиценца, не знае да чита тахографски ленти“: Роднините бесни што „болен“ вештак не дојде на судењето https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-godini-ima-litsentsa-ne-znae-da-chita-tahografski-lenti-rodninite-besni-shto-bolen-veshtak-ne-dojde-na-sudeneto/ Tue, 07 Feb 2023 12:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=605980

Она од што се плашиме и се сомневаме во начинот на водење на оваа судска постапка се овистини, се реализира. Од авион се гледа дека ова денеска е смислено сценарио од страна на вештите лица, изјави Благојче Трпевски, татко на починатиот Јовица Трпевски во несреќата кај Ласкарци, по денешното одложување на рочиштето откако вештото лице Зекирија Зекири не се појави на судењето.

Трпчевски рече дека се надева дека во четврток, за кога е закажано следното рочиште, вештото лице ќе биде присутно да одговори на прашањата на обвинителот.

Ова вешто лице во изминатите две рочишта покажа дека на најосновните прашања на обвинителството не знае да одговори. Никогаш во животот немал ваков предмет да вештачи. Две години има лиценца за вештачење, не знае да чита тахографски ленти, па како ние оштетените да веруваме дека тоа вештачење што го направило Бирото и тоа вешто лице се издржано и професионално направено, дополни тој.

Според Трпчевски, недоаѓањето на сведокот покажува дека се купува време со цел овој процес да се одложи и тој да не биде понатаму испрашуван од страна на Обвинителството.

Како што информираше Судечкиот совет, вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде на денешното насрочено рочиште.

Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, побара од судот да се одложи денешното рочиште поради тоа што, како што рече, концептот на испитување се темели токму на сведочењето на конкретното вешто лице по што судот донесе одлука денешното рочиште да се одложи.

На претходната расправа, јавниот обвинител Дарко Јакимовски го испрашуваше вештото лице Зекирија Зекири за околностите утврдени во машинското супервештачење.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post „Две години има лиценца, не знае да чита тахографски ленти“: Роднините бесни што „болен“ вештак не дојде на судењето appeared first on Република.

]]>

Она од што се плашиме и се сомневаме во начинот на водење на оваа судска постапка се овистини, се реализира. Од авион се гледа дека ова денеска е смислено сценарио од страна на вештите лица, изјави Благојче Трпевски, татко на починатиот Јовица Трпевски во несреќата кај Ласкарци, по денешното одложување на рочиштето откако вештото лице Зекирија Зекири не се појави на судењето. Трпчевски рече дека се надева дека во четврток, за кога е закажано следното рочиште, вештото лице ќе биде присутно да одговори на прашањата на обвинителот.
Ова вешто лице во изминатите две рочишта покажа дека на најосновните прашања на обвинителството не знае да одговори. Никогаш во животот немал ваков предмет да вештачи. Две години има лиценца за вештачење, не знае да чита тахографски ленти, па како ние оштетените да веруваме дека тоа вештачење што го направило Бирото и тоа вешто лице се издржано и професионално направено, дополни тој.
Според Трпчевски, недоаѓањето на сведокот покажува дека се купува време со цел овој процес да се одложи и тој да не биде понатаму испрашуван од страна на Обвинителството. Како што информираше Судечкиот совет, вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде на денешното насрочено рочиште. Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, побара од судот да се одложи денешното рочиште поради тоа што, како што рече, концептот на испитување се темели токму на сведочењето на конкретното вешто лице по што судот донесе одлука денешното рочиште да се одложи. На претходната расправа, јавниот обвинител Дарко Јакимовски го испрашуваше вештото лице Зекирија Зекири за околностите утврдени во машинското супервештачење. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post „Две години има лиценца, не знае да чита тахографски ленти“: Роднините бесни што „болен“ вештак не дојде на судењето appeared first on Република.

]]>
Со многу дофрлања и приговори почна денешното рочиште за супервештачењето за случајот „Ласкарци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-mnogu-dofrlana-i-prigovori-pochna-deneshnoto-rochishte-za-superveshtacheneto-za-sluchajot-laskartsi/ Thu, 26 Jan 2023 16:30:11 +0000 https://republika.mk/?p=601381

На рочиштето за супервештачењето за случајот „Ласарци“ денеска во Кривичниот суд во Скопје, четворица вештаци околу пет часа одговараа на прашања од јавниот обвинител Дарко Јакимовски, кои беа проследени со реакции и негодувања од бранителите на обвинетите. Судијката Диана Груевска Илиевска, денешното рочиштето го прекина, поради, како што рече „немање соодветни услови за работа и начин на комуникација кој не е соодветен за во судница“.

Прашањата на јавниот обвинител за вештаците кои го изготвија супервештачењето, нарачано од Судот во декември 2021 година, во првиот дел се однесуваа на нивната стручност и компетентност, потоа во насока на тоа дали при вештачењето биле земени предвид претходните вештачења, како и сите претходни искази и докази за да се изврши супервештачењето, а завршија со прашања кои се однесуваа на исправноста на возилото пред несреќата, техничките прегледи, механичарските зафати, како и белешките во однос на тие поправки и менување на делови.

Јакимовски, укажа дека голем дел вештиот наод се состои од транскрипти и оти само на седум страници од околу 70 се содржани заклучоците од супервештачењето. Тој, најмногу се задржа на системот за кочење на автобусот, за кој детално го испитуваше вештакот во однос на начинот на кој тој работи, со што се потенцираше, дека за разлика од хидрауличниот, кај овој систем силата на допирот на педалата за кочење е многу помала и тоа помага за побрза реакција во случај на незгода.

Вештаците, одговарајќи на прашањата во врска со исправноста на возилото, наведоа дека тие во супервештачењето ги имаат посочено недостатоците и неисправноста на автобусот со кој се случи несреќата, како и дека констатирале дека постои недоследност во техничкиот преглед.

Во текот на целото рочиште, адвокатите на обвинетите реагираа на начинот на кој обвинителот Јакимовски ги поставува и формулира прашањата, укажувајќи дека станува збор за слични прашања кои доведуваат до ист одговор, а за кои вештаците веќе одговориле дека „не се надлежни и дека за таквите прашања одговор треба да имаат правниците и Судот“.

Следното рочиште продолжува со прашања на обинителот за вештаците.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, а Техничкиот факултет во Битола, своевремено, дополнително извести и дека го вратиле предметот бидејќи нивните лиценцирани вештаци за машинство се стручни само за енергетика и не можат да вештачат моторни возила. Од Кривичен, потоа, информираа дека контактирале со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје, од каде што биле известени дека тие немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои не учествувале во претходните вештачења. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година.

 

The post Со многу дофрлања и приговори почна денешното рочиште за супервештачењето за случајот „Ласкарци“ appeared first on Република.

]]>

На рочиштето за супервештачењето за случајот „Ласарци“ денеска во Кривичниот суд во Скопје, четворица вештаци околу пет часа одговараа на прашања од јавниот обвинител Дарко Јакимовски, кои беа проследени со реакции и негодувања од бранителите на обвинетите. Судијката Диана Груевска Илиевска, денешното рочиштето го прекина, поради, како што рече „немање соодветни услови за работа и начин на комуникација кој не е соодветен за во судница“. Прашањата на јавниот обвинител за вештаците кои го изготвија супервештачењето, нарачано од Судот во декември 2021 година, во првиот дел се однесуваа на нивната стручност и компетентност, потоа во насока на тоа дали при вештачењето биле земени предвид претходните вештачења, како и сите претходни искази и докази за да се изврши супервештачењето, а завршија со прашања кои се однесуваа на исправноста на возилото пред несреќата, техничките прегледи, механичарските зафати, како и белешките во однос на тие поправки и менување на делови. Јакимовски, укажа дека голем дел вештиот наод се состои од транскрипти и оти само на седум страници од околу 70 се содржани заклучоците од супервештачењето. Тој, најмногу се задржа на системот за кочење на автобусот, за кој детално го испитуваше вештакот во однос на начинот на кој тој работи, со што се потенцираше, дека за разлика од хидрауличниот, кај овој систем силата на допирот на педалата за кочење е многу помала и тоа помага за побрза реакција во случај на незгода. Вештаците, одговарајќи на прашањата во врска со исправноста на возилото, наведоа дека тие во супервештачењето ги имаат посочено недостатоците и неисправноста на автобусот со кој се случи несреќата, како и дека констатирале дека постои недоследност во техничкиот преглед. Во текот на целото рочиште, адвокатите на обвинетите реагираа на начинот на кој обвинителот Јакимовски ги поставува и формулира прашањата, укажувајќи дека станува збор за слични прашања кои доведуваат до ист одговор, а за кои вештаците веќе одговориле дека „не се надлежни и дека за таквите прашања одговор треба да имаат правниците и Судот“. Следното рочиште продолжува со прашања на обинителот за вештаците. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, а Техничкиот факултет во Битола, своевремено, дополнително извести и дека го вратиле предметот бидејќи нивните лиценцирани вештаци за машинство се стручни само за енергетика и не можат да вештачат моторни возила. Од Кривичен, потоа, информираа дека контактирале со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје, од каде што биле известени дека тие немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои не учествувале во претходните вештачења. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година.  

The post Со многу дофрлања и приговори почна денешното рочиште за супервештачењето за случајот „Ласкарци“ appeared first on Република.

]]>
Се гледа ли крајот? Во Кривичен пристигна супервештачењето за Ласкарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-gleda-li-krajot-vo-krivichen-pristigna-superveshtacheneto-za-laskartsi/ Tue, 27 Dec 2022 09:40:38 +0000 https://republika.mk/?p=590427

Во Основниот Кривичен суд Скопје непосредно пред денешната расправа за случајот „Ласкарци“ пристигна вештиот наод од Бирото за вештачење и истиот им беше доставен на обвинителот и обвинетите преку нивните бранители. Судењето продолжува на 24 јануари со формално отпочнување од почеток, заради проток на подолг временски период, по што ќе започне со сослушување на вештите лица кои го изготвиле наодот.

Супервештачењето кое Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, а Техничкиот факултет во Битола, своевремено, дополнително извести и дека го вратиле предметот бидејќи нивните лиценцирани вештаци за машинство се стручни само за енергетика и не можат да вештачат моторни возила. Од Кривичен, потоа, информираа дека контактирале со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје, од каде што биле известени дека тие немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои не учествувале во претходните вештачења. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата кој започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post Се гледа ли крајот? Во Кривичен пристигна супервештачењето за Ласкарци appeared first on Република.

]]>

Во Основниот Кривичен суд Скопје непосредно пред денешната расправа за случајот „Ласкарци“ пристигна вештиот наод од Бирото за вештачење и истиот им беше доставен на обвинителот и обвинетите преку нивните бранители. Судењето продолжува на 24 јануари со формално отпочнување од почеток, заради проток на подолг временски период, по што ќе започне со сослушување на вештите лица кои го изготвиле наодот. Супервештачењето кое Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, а Техничкиот факултет во Битола, своевремено, дополнително извести и дека го вратиле предметот бидејќи нивните лиценцирани вештаци за машинство се стручни само за енергетика и не можат да вештачат моторни возила. Од Кривичен, потоа, информираа дека контактирале со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје, од каде што биле известени дека тие немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои не учествувале во претходните вештачења. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата кој започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post Се гледа ли крајот? Во Кривичен пристигна супервештачењето за Ласкарци appeared first on Република.

]]>
Вештите лица ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за автобуската несреќа кај Ласкарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veshtite-lica-gi-sprovele-site-neophodni-uvidi-i-analizi-za-avtobuskata-nesrekja-kaj-laskarci/ Tue, 06 Dec 2022 13:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=582575

Бирото за судски вештачења го информирал Основниот кривичен суд Скопје дека вештите лица досега ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за сообраќајната несреќа кај село Ласкраци, а по изведување на заклучоците од реализираниот увид на возилото ќе го финализира изготвувањето на супервештачењето и предметот со сите списи ќе биде вратен на понатамошно постапување.

Бирото за судски вештачења до Основниот кривичен суд Скопје достави известување во однос на супервештачењето за предметот со К.бр. 1407/09 поврзан со сообраќајната несреќа кај село Ласкраци во кое наведуваат дека: „Тимот на вешти лица задолжен за конкретниот наод, во изминатиот период по добивање на предметот извршиле увид во доставените списи, направиле анализа во претходните вешти наоди и мислења, анализа на исказите на вештите лица дадени на главна расправа и нивните појаснувања, а најповеќе на неспорните и неспротиставени околности во претходно изготвените вештачањеа како и на околностите на кои вештите лица не се согласуваат во претходните два наода, се наведува во денешното соопштение од Основниот кривичен суд Скопје.

Тимот на вешти лица, како што се додава во соопштението, воедно реализирал посета на станица за технички преглед во однос на процедурите за испитување на техничката исправност на возилот, а со оглед да произлегла и потреба за увид во самото возило, побарале и добиле дозвола од судот, па на 29.11.2022 година го реализирале увидот.

Од Бирото го информирале Судот дека вештите лица досега ги спровеле сите неопходни увиди и анализи, а по изведување на заклучоците од реализираниот увид на возилото, ќе го финализира изготвувањето на супервештачењето и предметот, со сите списи, ќе биде вратен на понатамошно постапување.

Во однос на известувањето, надлежниот Судечки совет денеска ги запозна и дел од оштетните во постапката кои беа присутни во судот и ги извести дека до следната расправа насрочена за 20 декември, се уште постои отворена можноста за парична казна на вештите лица доколку предметот со сите списи и изготвен вешт наод и мислење, не биде вратен во судот во најкраток можен рок, како што и самиите имаат наведено во известувањето, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Во автобуската несреќата која се случи на 13 февруари 2019 во селото Ласкарци загинаа 16 луѓе и 37 беа повредени.

The post Вештите лица ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за автобуската несреќа кај Ласкарци appeared first on Република.

]]>

Бирото за судски вештачења го информирал Основниот кривичен суд Скопје дека вештите лица досега ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за сообраќајната несреќа кај село Ласкраци, а по изведување на заклучоците од реализираниот увид на возилото ќе го финализира изготвувањето на супервештачењето и предметот со сите списи ќе биде вратен на понатамошно постапување.
Бирото за судски вештачења до Основниот кривичен суд Скопје достави известување во однос на супервештачењето за предметот со К.бр. 1407/09 поврзан со сообраќајната несреќа кај село Ласкраци во кое наведуваат дека: „Тимот на вешти лица задолжен за конкретниот наод, во изминатиот период по добивање на предметот извршиле увид во доставените списи, направиле анализа во претходните вешти наоди и мислења, анализа на исказите на вештите лица дадени на главна расправа и нивните појаснувања, а најповеќе на неспорните и неспротиставени околности во претходно изготвените вештачањеа како и на околностите на кои вештите лица не се согласуваат во претходните два наода, се наведува во денешното соопштение од Основниот кривичен суд Скопје.
Тимот на вешти лица, како што се додава во соопштението, воедно реализирал посета на станица за технички преглед во однос на процедурите за испитување на техничката исправност на возилот, а со оглед да произлегла и потреба за увид во самото возило, побарале и добиле дозвола од судот, па на 29.11.2022 година го реализирале увидот. Од Бирото го информирале Судот дека вештите лица досега ги спровеле сите неопходни увиди и анализи, а по изведување на заклучоците од реализираниот увид на возилото, ќе го финализира изготвувањето на супервештачењето и предметот, со сите списи, ќе биде вратен на понатамошно постапување.
Во однос на известувањето, надлежниот Судечки совет денеска ги запозна и дел од оштетните во постапката кои беа присутни во судот и ги извести дека до следната расправа насрочена за 20 декември, се уште постои отворена можноста за парична казна на вештите лица доколку предметот со сите списи и изготвен вешт наод и мислење, не биде вратен во судот во најкраток можен рок, како што и самиите имаат наведено во известувањето, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.
Во автобуската несреќата која се случи на 13 февруари 2019 во селото Ласкарци загинаа 16 луѓе и 37 беа повредени.

The post Вештите лица ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за автобуската несреќа кај Ласкарци appeared first on Република.

]]>
„Ласкарци“ е заглавен зошто фалат вешти лица, Тупанчески најавува закон кој ќе треба да го реши овој проблем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/laskarci-e-zaglaven-zoshto-falat-veshti-lica-tupancheski-najavuva-zakon-koj-kje-treba-da-go-reshi-ovoj-problem/ Fri, 28 Oct 2022 10:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=566758

За десетина дена во владина процедура ќе биде новиот Закон за вештачење, кој подолго време се подготвува, најави денеска министерот за правда Никола Тупанчески, посочувајќи го како добра алатка и излезно решение за сите недостатоци и дефекти кои што во моментот се случуваат, а се поврзани со таа сфера.

Тупанчески, во изјава за медиумите по промоцијата на судница опремена со ИКТ опрема денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, прашан за тоа што може министерството да направи за предметот за случајот „Ласкарци“ кој подолго време го чека супер вештачењето, рече дека не сака да коментира одделни случаи, нагласувајќи дека министерството за правда се обидува, во рамки на своите ингеренции, на создавање на оптимални услови, но дека работата за правораздавање е сепак работа на судовите и останатите субјекти кои се учесници во постапките.

Констатирани се дефектите и јас мислам дека тоа законско решение ќе претставува решавање на сите досегашни наталожени проблеми. Од тоа како ќе биде изработен регистарот на вештаци, како ќе се добива лиценца и т.н. Значи прецизни правила за тоа како ќе се одвива вештачењето во иднина, изјави Тупанчески.

Претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев, на прашање до каде е случајот „Ласкарци“, рече дека е точно дека постои застој и веќе година дена како не е изработено вештачењето, иако како што посочи веднаш откако е побарано вештачењето судот постапил и го пратил предметот во Бирото за судски вештачења.

Моите информации кажуваат дека застојот е поради тоа што недостасуваат вешти лица од таа област. Сепак, тоа прашање ќе треба да се постави во Бирото до каде е застојот. Последно што знам е дека вештите лица побарале барање да извршат увид во автобусот и од страна на Судот веднаш е издадена согласност за тоа да го нарават, изјави Џолев.

За автобуската несреќа кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, Судот издаде наредба за супервештачење на 11 ноември 2021 година.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година.

The post „Ласкарци“ е заглавен зошто фалат вешти лица, Тупанчески најавува закон кој ќе треба да го реши овој проблем appeared first on Република.

]]>

За десетина дена во владина процедура ќе биде новиот Закон за вештачење, кој подолго време се подготвува, најави денеска министерот за правда Никола Тупанчески, посочувајќи го како добра алатка и излезно решение за сите недостатоци и дефекти кои што во моментот се случуваат, а се поврзани со таа сфера. Тупанчески, во изјава за медиумите по промоцијата на судница опремена со ИКТ опрема денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, прашан за тоа што може министерството да направи за предметот за случајот „Ласкарци“ кој подолго време го чека супер вештачењето, рече дека не сака да коментира одделни случаи, нагласувајќи дека министерството за правда се обидува, во рамки на своите ингеренции, на создавање на оптимални услови, но дека работата за правораздавање е сепак работа на судовите и останатите субјекти кои се учесници во постапките.
Констатирани се дефектите и јас мислам дека тоа законско решение ќе претставува решавање на сите досегашни наталожени проблеми. Од тоа како ќе биде изработен регистарот на вештаци, како ќе се добива лиценца и т.н. Значи прецизни правила за тоа како ќе се одвива вештачењето во иднина, изјави Тупанчески.
Претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев, на прашање до каде е случајот „Ласкарци“, рече дека е точно дека постои застој и веќе година дена како не е изработено вештачењето, иако како што посочи веднаш откако е побарано вештачењето судот постапил и го пратил предметот во Бирото за судски вештачења.
Моите информации кажуваат дека застојот е поради тоа што недостасуваат вешти лица од таа област. Сепак, тоа прашање ќе треба да се постави во Бирото до каде е застојот. Последно што знам е дека вештите лица побарале барање да извршат увид во автобусот и од страна на Судот веднаш е издадена согласност за тоа да го нарават, изјави Џолев.
За автобуската несреќа кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, Судот издаде наредба за супервештачење на 11 ноември 2021 година. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година.

The post „Ласкарци“ е заглавен зошто фалат вешти лица, Тупанчески најавува закон кој ќе треба да го реши овој проблем appeared first on Република.

]]>