верници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vernici/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Apr 2022 16:03:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png верници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vernici/ 32 32 Историски момент: Христијаните во Германија официјално станаа малцинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/istoriski-moment-hristijanite-vo-germanija-oficijalno-stanaa-malcinstvo/ Thu, 21 Apr 2022 16:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=491911

Римокатоличката и Евангелистичката црква во Германија губат сè поголемо влијание. Така, првпат во историјата христијаните станале малцинство во Германија, пренесуваат медиумите.

Кога ќе се соберат членовите на католичката и евангелистичката верска заедница, кои се двете најголеми христијански цркви во таа земја, се гледа дека нивниот број паднал под 50 отсто.

Ова е историски пресврт. По многу векови, за првпат во Германија веќе не е „нормално“ да се биде член на црковна заедница - објаснува социологот Карстен Фрерк.

Тој посочува дека веќе подолго време е забележлив трендот на намалување на бројот на припадниците на христијанските верски заедници. Во текот на изминатите шест години, овој тренд се забрзал.

Минатата година, христијаните, односно припадниците на Католичката и Евангелистичката црква сочинувале 51 отсто од населението, а за споредба, во 1990 година уделот на припадниците на тие верски заедници бил 72 отсто.

Германците од католичка вероисповед, пред сè, сè повеќе и вртат грб на својата црква, а поради бројните скандали се повлекуваат од таа верска заедница.

Се поголем е и бројот на Германци кои не сакаат да се изјаснат за својата вера, а во исто време бројот на муслимани постојано се зголемува, како преку работната имиграција, така и поради големиот мигрантски бран во последните години.

The post Историски момент: Христијаните во Германија официјално станаа малцинство appeared first on Република.

]]>

Римокатоличката и Евангелистичката црква во Германија губат сè поголемо влијание. Така, првпат во историјата христијаните станале малцинство во Германија, пренесуваат медиумите. Кога ќе се соберат членовите на католичката и евангелистичката верска заедница, кои се двете најголеми христијански цркви во таа земја, се гледа дека нивниот број паднал под 50 отсто.
Ова е историски пресврт. По многу векови, за првпат во Германија веќе не е „нормално“ да се биде член на црковна заедница - објаснува социологот Карстен Фрерк.
Тој посочува дека веќе подолго време е забележлив трендот на намалување на бројот на припадниците на христијанските верски заедници. Во текот на изминатите шест години, овој тренд се забрзал. Минатата година, христијаните, односно припадниците на Католичката и Евангелистичката црква сочинувале 51 отсто од населението, а за споредба, во 1990 година уделот на припадниците на тие верски заедници бил 72 отсто. Германците од католичка вероисповед, пред сè, сè повеќе и вртат грб на својата црква, а поради бројните скандали се повлекуваат од таа верска заедница. Се поголем е и бројот на Германци кои не сакаат да се изјаснат за својата вера, а во исто време бројот на муслимани постојано се зголемува, како преку работната имиграција, така и поради големиот мигрантски бран во последните години.

The post Историски момент: Христијаните во Германија официјално станаа малцинство appeared first on Република.

]]>