вера тур Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vera-tur/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Feb 2022 09:00:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вера тур Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vera-tur/ 32 32 Александар од Свети Николе на велосипед по екс-ју републиките во чест на мајка си: Ѝ ветив, но не ја прошетав, ковидот ми ја зеде https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/aleksandar-od-sveti-nikole-na-velosiped-po-eks-ju-republikite-vo-chest-na-majka-si-vetiv-no-ne-ja-proshetav-kovidot-mi-ja-zede/ Mon, 21 Feb 2022 09:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=461271

Александар Стојков од Свети Николе, од 21 март до 5 април на велосипед ќе пропатува по поранешните југословенски републики во чест на мајка си Вера, но и на сите кои ги загубија животите во пандемијата.

Идејата за ваков спортски предизвик, Стојков ја добил кога починала мајка му, бидејќи не успеал да го исполни ветеното, да ја прошета по местата каде што работи.

Сето тоа го мотивираше да осмисли аматерска маратонска тура со велосипед, која ќе ги обедини сите тие места, сите главни градови на овие 6 држави, сите места од неговото детство, сите важни места за семејството, но и за нас како држава, Македонија.

Велосипедската тура почнува од родното место на Вера и на Александар, Свети Николе, на 21 март и ќе се вози низ 5 поранешни Ју-републики (Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора) и Албанија, а финишот повторно е во Македонија, на 5 април година.

Целта на оваа велосипедска тура е возобновување на човечките вредности, подзаборавени или изместени во последно време, враќање на соработката, разбирањето и љубовта од секаков вид, кои некогаш ги имаа, а денес помалку ги практикуваат народите кои живеат на овие простори. Да покажеме дека границите може да ограничат еден простор или држава, но не можат да не делат и да не спречат да се почитуваме, вели Александар.

Турата ќе се вози во вкупно 15 етапи, со околу 170 километри секоја, во 15 дена, со само два дена пауза меѓу етапите, што е подвиг еднаков на големите велосипедски натпреварувања.

Единствената разлика меѓу големите трки и оваа тура, е ревијалниот карактер кој го има ВЕРА ТУР во оваа година, меѓутоа работиме и се надеваме, дека од следната година ВЕРА ТУР ќе прерасне во традиционална трка, пред се поради карактерот, меѓутоа и затоа што на овие простори нема таква слична гранд-велосипедска тура. Се планира оваа тура да прерасне во голема натпреварувачка трка на овие простори, пандан на француската (Тур де Франс), италијанската (Џиро д’Италиа) и шпанската (Вуелта а Еспања) и затоа оваа прво издание е дополнителен предизвик, што идејата е од тука, од Македонија, организацијата е наша и што уште сега сме препознатливи и уникатни по тоа, објаснува Александар.

Оваа година, на првото издание, единствен учесник на Вера Тур ќе биде Александар Стојков, кој ќе вози на сите 15 етапи. Тој ќе биде следен од велосипедски експерти во форма на стручен тим, медицински тим и едно возило со најблиските од семејството. На секоја етапа одделно, ќе го следат најдобрите велосипедисти и репрезентативци од секоја земја, каде што ќе поминува. Веќе се потврдени учества и на различни други групи ентузијасти (бајкери, трејлери...) кои сакаат да бидат дел од овој караван.

The post Александар од Свети Николе на велосипед по екс-ју републиките во чест на мајка си: Ѝ ветив, но не ја прошетав, ковидот ми ја зеде appeared first on Република.

]]>

Александар Стојков од Свети Николе, од 21 март до 5 април на велосипед ќе пропатува по поранешните југословенски републики во чест на мајка си Вера, но и на сите кои ги загубија животите во пандемијата. Идејата за ваков спортски предизвик, Стојков ја добил кога починала мајка му, бидејќи не успеал да го исполни ветеното, да ја прошета по местата каде што работи.