„Вера сонува за морето” Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vera-sonuva-za-moreto/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Jul 2022 09:23:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Вера сонува за морето” Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vera-sonuva-za-moreto/ 32 32 Овој филм го гледам како можност за дијалог меѓу жените, но и мажите, вели Калтрина Красниќи, режисерката на „Вера сонува за моето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ovoj-film-go-gledam-kako-moznost-za-dijalog-megju-zenite-no-i-mazite-veli-kaltrina-krasnikji-reziserkata-na-vera-sonuva-za-moeto/ Wed, 13 Jul 2022 09:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=527910

Борбите на Вера на многу начини не ги претставуваат предизвиците на мојата генерација и тоа само по себе беше мошне интересно за размислување. Затоа што како жени, не само на Балканот, туку и глоболно, напредувавме со неверојатна брзина во 20. век, вели режисерката на филмот „Вера сонува за морето“ Калтрина Красниќи, кој вечерва во 20,30 часот на Кровот на ГТЦ ќе биде прикажан на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој е во тек во Скопје.

„Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, како главна улога на филмот, одиграна од страна на Теута Ајдини-Јегени, преведувач на знаковен јазик, која по самоубиството на сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.

„Вера сонува за морето“ беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција, во септември 2021 година. Оттогаш е премиерно прикажан во дваесетина земји, гостувал на повеќе од триесет фестивали и во следните месеци ќе биде прикажан на уште неколку Фестивали.

Кино-прикажувањето на филмот започнува на крајот на август, почнувајќи со Косово, Македонија и Албанија, а потоа и Италија.

Доста интензивно патував со филмот и го презентирав пред многу публика. Морам да кажам, проекциите обично се многу емотивни, бидејќи приказната на Вера не зборува само за нејзината географија. Нејзината драма предизвикува многу прашања, но и одекнува универзално. Бидејќи економскиот диспаритет на жените не е специфичен за Балканот, туку ги погодува жените ширум светот, вели режисерката Красниќи за „Република“.

Покрај Теута Ајдини-Јегени во филмот играат Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и други. Сценариото за филмот е на Дорутина Баша, а кинематографија на Севдије Кастрати.

Со Дорунтина Баша се знаеме од детството. Во 2014 година, таа ми понуди да прочитам многу ран нацрт на „Вера сонува за морето“. Бев неизмерно трогнатa од тоа, бидејќи приказната ја раскажуваше жена, преведувач на знаковен јазик, во раните 60-ти. Не можев да се сетам кога последен пат сум гледалa филм, драма или сум прочитала книга каде жена од таа генерација била главна улога. Нејзината возраст овозможи да навлезе во општеството од некои многу сложени агли и исто така да изгради многу слоевит филм. Борбите на Вера на многу начини не ги претставуваат предизвиците на мојата генерација и тоа само по себе беше мошне интересно за размислување. Затоа што како жени, не само на Балканот, туку и на глобално ниво, напредувавме со неверојатна брзина во 20. век. Понекогаш промените се толку радикални од една генерација до друга што дури ни недостасуваат средства за комуникација. Овој филм го гледам како можност за дијалог меѓу жените, но и мажите, вели Красниќи.

Во „Вера сонува за морето“ монтажер е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски. Композитор на филмот е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски.

Нашиот македонски копродуцент е Огнен Антов - Dream Factory, и соработката со него беше исклучителна! Освен со кастингот на Теута Ајдини Јегени и Рефет Абази, работевме со одлична македонска екипа во снимање и дизајн на звук (Игор Поповски, Дарко Спасовски) како и монтажа со Владимир Павловски.
Косовската и македонската филмска сцена имаат зад себе речиси една деценија одлична соработка која се покажа како успешна на меѓународен план. Нашите мали земји беа добри во промоцијата и поддршката на талентите преку границите. Сметам дека овој став е многу здрав, тоа е став кој ветува иднина за раскажувачите, вели Красниќи.

The post Овој филм го гледам како можност за дијалог меѓу жените, но и мажите, вели Калтрина Красниќи, режисерката на „Вера сонува за моето“ appeared first on Република.

]]>

Борбите на Вера на многу начини не ги претставуваат предизвиците на мојата генерација и тоа само по себе беше мошне интересно за размислување. Затоа што како жени, не само на Балканот, туку и глоболно, напредувавме со неверојатна брзина во 20. век, вели режисерката на филмот „Вера сонува за морето“ Калтрина Красниќи, кој вечерва во 20,30 часот на Кровот на ГТЦ ќе биде прикажан на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој е во тек во Скопје. „Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, како главна улога на филмот, одиграна од страна на Теута Ајдини-Јегени, преведувач на знаковен јазик, која по самоубиството на сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив. „Вера сонува за морето“ беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција, во септември 2021 година. Оттогаш е премиерно прикажан во дваесетина земји, гостувал на повеќе од триесет фестивали и во следните месеци ќе биде прикажан на уште неколку Фестивали. Кино-прикажувањето на филмот започнува на крајот на август, почнувајќи со Косово, Македонија и Албанија, а потоа и Италија.
Доста интензивно патував со филмот и го презентирав пред многу публика. Морам да кажам, проекциите обично се многу емотивни, бидејќи приказната на Вера не зборува само за нејзината географија. Нејзината драма предизвикува многу прашања, но и одекнува универзално. Бидејќи економскиот диспаритет на жените не е специфичен за Балканот, туку ги погодува жените ширум светот, вели режисерката Красниќи за „Република“.
Покрај Теута Ајдини-Јегени во филмот играат Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и други. Сценариото за филмот е на Дорутина Баша, а кинематографија на Севдије Кастрати.
Со Дорунтина Баша се знаеме од детството. Во 2014 година, таа ми понуди да прочитам многу ран нацрт на „Вера сонува за морето“. Бев неизмерно трогнатa од тоа, бидејќи приказната ја раскажуваше жена, преведувач на знаковен јазик, во раните 60-ти. Не можев да се сетам кога последен пат сум гледалa филм, драма или сум прочитала книга каде жена од таа генерација била главна улога. Нејзината возраст овозможи да навлезе во општеството од некои многу сложени агли и исто така да изгради многу слоевит филм. Борбите на Вера на многу начини не ги претставуваат предизвиците на мојата генерација и тоа само по себе беше мошне интересно за размислување. Затоа што како жени, не само на Балканот, туку и на глобално ниво, напредувавме со неверојатна брзина во 20. век. Понекогаш промените се толку радикални од една генерација до друга што дури ни недостасуваат средства за комуникација. Овој филм го гледам како можност за дијалог меѓу жените, но и мажите, вели Красниќи.
Во „Вера сонува за морето“ монтажер е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски. Композитор на филмот е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски.
Нашиот македонски копродуцент е Огнен Антов - Dream Factory, и соработката со него беше исклучителна! Освен со кастингот на Теута Ајдини Јегени и Рефет Абази, работевме со одлична македонска екипа во снимање и дизајн на звук (Игор Поповски, Дарко Спасовски) како и монтажа со Владимир Павловски. Косовската и македонската филмска сцена имаат зад себе речиси една деценија одлична соработка која се покажа како успешна на меѓународен план. Нашите мали земји беа добри во промоцијата и поддршката на талентите преку границите. Сметам дека овој став е многу здрав, тоа е став кој ветува иднина за раскажувачите, вели Красниќи.

The post Овој филм го гледам како можност за дијалог меѓу жените, но и мажите, вели Калтрина Красниќи, режисерката на „Вера сонува за моето“ appeared first on Република.

]]>
Филмот „Вера сонува за морето“ на режисерката Калтрина Красниќи прогласен за најдобар на GoEast Film Festival https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filmot-vera-sonuva-za-moreto-na-reziserkata-kaltrina-krasnikji-proglasen-za-najdobar-na-goeast-film-festival/ Tue, 26 Apr 2022 11:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=493773

Филмот „Вера сонува за морето“ на режисерката Калтрина Красниќи е прогласен за најдобар на GoEast Film Festival што викендов се одржа во Висбаден, Германија.

„Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, како главна улога на филмот, одиграна од страна на Теута Ајдини-Јегени, преведувач на знаковен јазик, која по самоубиството на сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.

Во другите улоги во филмот настапуваат Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и др. Сценариото за филмот е на Дорутина Баша, кинематографија на Севдије Кастрати, монтажер Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски. Композитор на филмот е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски.

Долгометражниот игран филм „Вера сонува за морето“ е копродукција помеѓу „Дрим Фектори“ , од Македонија (копродуценти: Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), Косово: „Истра креатив фектори“ (продуцент: Шкумбрин Истрефи) и Албанија: „Пападимитри филм“ (ко/продуцент: Дионис Пападимитри).

Покрај финансиските средства добиени од Агенцијата за Филм на Република Македонија овој филмски прокет „Вера сонува за морето“ главна поддршка доби од „Филмскиот центар на Косово“ и дополнително од „Филмскиот центар на Албанија“.

The post Филмот „Вера сонува за морето“ на режисерката Калтрина Красниќи прогласен за најдобар на GoEast Film Festival appeared first on Република.

Две награди за филмот „Вера сонува за морето“ на фестивал во Швајцарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dve-nagradi-za-filmot-vera-sonuva-za-moreto-na-festival-vo-shvajcarija/ Thu, 17 Mar 2022 11:35:15 +0000 https://republika.mk/?p=474264

Филмот „Вера сонува за морето” освои две награди на годинашниот Интернационален филмски фестивал и форум за човекови права вo Швајцарија.

Автентичноста на ова дело ја прикажува ситуацијата на семејствово и жената во Косово и на Балканот, што соодветно, беше длабоко убедлива за членовите на жирито. Инспирирани од сопственото искуство на режисерката, храброста и издржливоста на главните ликови, ни даваат надеж за подобар свет за сите оние кои се борат за правда, еднаквост и мир“. Наградата на младинското жири, исто така, беше доделена на “Vera Dreams of the Sea”, филм кој постигнува „величествен баланс помеѓу естетизмот и реализмот“.

Вера сонува за морето ја раскажува приказната за Вера, преведувач на знаковен јазик,која по самоубиството сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.

Во филмот главната улога е Вера, играна од актерката Теута Ајдини-Јегени, првенката на Албанскиот театар во Скопје, потоа еден од најпознатите актери од Македонија Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и др. Режисер на филмот е Калтрина Красниќи, Сценариото е на Дорутина Баша, Кинематографер е Севдије Кастрати, Монтажер на филмот е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски, Композитор на филмот е Петрит Чеку, Дизајнер на звук е Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Огнен Антов.

Долгометражниот игран филм „ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО“ е копродукција помеѓу „Дрим Фектори“ , од Македонија (Ко-Продуценти: Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), Косово: „Истра креатив фектори“ (Продуцент: Шкумбрин Истрефи) и Албанија: „Пападимитри филм“ (Ко/Продуцент: Дионис Пападимитри).

Дрим Фектори е продукциска куќа основана од Огнен Антов во 2007 година. Во своето филмско портфолио вклучува дела на светски познати режисери како и млади реќисери чие време допрва доаѓа, а кои се прикажани на најголемите фестивали во светот. По огромниот успех на фестивалот од А категорија, Интернационалниот филмски фестивал во ВЕНЕЦИЈА, Дрим Фектори со овие награди, е една од најсупешните филмски продукции во Македонија.

Интернационалниот филмски фестивал и форум за човекови права” е еден од водечките меѓународни настани посветени на филмот и човековите права. Во изминатите 20 години, Фестивалот се одржуваше во срцето на Женева, главниот град на човековите права, паралелно со годишната главна сесија на Советот за човекови права на ОН.

The post Две награди за филмот „Вера сонува за морето“ на фестивал во Швајцарија appeared first on Република.

]]>

Филмот „Вера сонува за морето” освои две награди на годинашниот Интернационален филмски фестивал и форум за човекови права вo Швајцарија.
Автентичноста на ова дело ја прикажува ситуацијата на семејствово и жената во Косово и на Балканот, што соодветно, беше длабоко убедлива за членовите на жирито. Инспирирани од сопственото искуство на режисерката, храброста и издржливоста на главните ликови, ни даваат надеж за подобар свет за сите оние кои се борат за правда, еднаквост и мир“. Наградата на младинското жири, исто така, беше доделена на “Vera Dreams of the Sea”, филм кој постигнува „величествен баланс помеѓу естетизмот и реализмот“.
Вера сонува за морето ја раскажува приказната за Вера, преведувач на знаковен јазик,која по самоубиството сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив. Во филмот главната улога е Вера, играна од актерката Теута Ајдини-Јегени, првенката на Албанскиот театар во Скопје, потоа еден од најпознатите актери од Македонија Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и др. Режисер на филмот е Калтрина Красниќи, Сценариото е на Дорутина Баша, Кинематографер е Севдије Кастрати, Монтажер на филмот е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски, Композитор на филмот е Петрит Чеку, Дизајнер на звук е Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Огнен Антов. Долгометражниот игран филм „ВЕРА СОНУВА ЗА МОРЕТО“ е копродукција помеѓу „Дрим Фектори“ , од Македонија (Ко-Продуценти: Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), Косово: „Истра креатив фектори“ (Продуцент: Шкумбрин Истрефи) и Албанија: „Пападимитри филм“ (Ко/Продуцент: Дионис Пападимитри). Дрим Фектори е продукциска куќа основана од Огнен Антов во 2007 година. Во своето филмско портфолио вклучува дела на светски познати режисери како и млади реќисери чие време допрва доаѓа, а кои се прикажани на најголемите фестивали во светот. По огромниот успех на фестивалот од А категорија, Интернационалниот филмски фестивал во ВЕНЕЦИЈА, Дрим Фектори со овие награди, е една од најсупешните филмски продукции во Македонија. Интернационалниот филмски фестивал и форум за човекови права” е еден од водечките меѓународни настани посветени на филмот и човековите права. Во изминатите 20 години, Фестивалот се одржуваше во срцето на Женева, главниот град на човековите права, паралелно со годишната главна сесија на Советот за човекови права на ОН.

The post Две награди за филмот „Вера сонува за морето“ на фестивал во Швајцарија appeared first on Република.

]]>