Вера Чорниј-Мешкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vera-chornij-meshkova/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Feb 2022 10:00:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вера Чорниј-Мешкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vera-chornij-meshkova/ 32 32 Чорниј-Мешкова ја доби меѓународната литературно-уметничка награда „Пантелејмон Кулиш” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/chornij-meshkova-ja-dobi-megjunarodnata-literaturno-umetnichka-nagrada-pantelejmon-kulish/ Thu, 10 Feb 2022 10:00:44 +0000 https://republika.mk/?p=456643

Македонската и украинската писателка Вера Чорниј-Мешкова е лауреат на Меѓународната литературно-уметничка награда „Пантелејмон Кулиш” за 2022 година.

Наградата ја врачува Меѓународната академија за книжевност и уметност на Украина за значајниот придонес на Чорниј-Мешкова во украинската книжевност и нејзината популаризација во светот. Добитници на оваа престижна награда во изминатите години меѓу другите се и литературниот критичар и директор на Институтот за литература на НАН на Украина, Микола Жулинскиј, потоа поетот, преведувач и публицист Казимеж Бурнат од Полска, арапскиот писател и преведувач Абделвахаб Азави и други.

Поетесата и преведувач Вера Чорниј Мешкова е член на Друштвото на писателите на Македонија и на Националниот сојуз на писателите на Украина. Пишува на македонски и на украински јазик. Автор е на стихозбирките „Пластови на малото сонце“, „Жолти зрна“, „Зорница“ и други книги објавени на македонски јазик.

The post Чорниј-Мешкова ја доби меѓународната литературно-уметничка награда „Пантелејмон Кулиш” appeared first on Република.

]]>

Македонската и украинската писателка Вера Чорниј-Мешкова е лауреат на Меѓународната литературно-уметничка награда „Пантелејмон Кулиш” за 2022 година. Наградата ја врачува Меѓународната академија за книжевност и уметност на Украина за значајниот придонес на Чорниј-Мешкова во украинската книжевност и нејзината популаризација во светот. Добитници на оваа престижна награда во изминатите години меѓу другите се и литературниот критичар и директор на Институтот за литература на НАН на Украина, Микола Жулинскиј, потоа поетот, преведувач и публицист Казимеж Бурнат од Полска, арапскиот писател и преведувач Абделвахаб Азави и други. Поетесата и преведувач Вера Чорниј Мешкова е член на Друштвото на писателите на Македонија и на Националниот сојуз на писателите на Украина. Пишува на македонски и на украински јазик. Автор е на стихозбирките „Пластови на малото сонце“, „Жолти зрна“, „Зорница“ и други книги објавени на македонски јазик.

The post Чорниј-Мешкова ја доби меѓународната литературно-уметничка награда „Пантелејмон Кулиш” appeared first on Република.

]]>