Венко Андоновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/venko-andonovski/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 14:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Венко Андоновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/venko-andonovski/ 32 32 Промоција на „Вештица“ од Венко Андоновски на Саемот на книгата во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-veshtitsa-od-venko-andonovski-na-saemot-na-knigata-vo-belgrad/ Sun, 20 Oct 2024 14:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=829143

На 22 октомври, во 14 часот, во салата „Васко Попа“ на Белградскиот саем на книгата, ќе се одржи промоција на српското издание на романот Вештица на Венко Андоновски. По одличниот успех на бугарското издание на романот, Вештица доживува веќе трето издание на српски јазик. Првите две беа објавени во Бања Лука, во превод на Гордана Јовиќ – Стојковска, а ова е прво издание на територијата на Република Србија. Издавач е „Кораци“ од Крагуевац, а преводот овој пат е на Љиља Цревар.

За книгата ќе говорат д-р Владимир Периќ, уредник во „Кораци“, авторот и преведувачката Љиља Цревар.

Ова е дело кое преплетува различни времиња, различни техники, судир на погледи, на светови и сосема едноставна, но исклучително длабока нишка на вечното, љубов посилна од оган, од камен, од времето. Станува ли збор за една љубов што низ векови се пренесува и возобновува, или за две (повеќе) огнени романси кои се појавуваат циклично и потсетуваат на неуништливоста на вистинската љубов, му останува на читателот, самиот да долови, да пресуди и да реши. Андоновски во романот „Вештица“, таква можност дозволува со поднасловот „Роман во сурова состојба“.

За француското издание на романот, славниот автор Милан Кундера, откако го споредува Андоновски со Херман Брох и со Карлос Фуентес, романот го нарекува „премногу модерен“, т.е. роман од третата историска епоха во развојот на романот. Во него, авторот не само што ги опишува околината и животот на главниот лик, туку успева да го опфати и недофатливото. Според него, станува збор за мајсторски полифонично дело во изненадува разноликоста на наративните техники при што „Вештица“е голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа.

The post Промоција на „Вештица“ од Венко Андоновски на Саемот на книгата во Белград appeared first on Република.

]]>

На 22 октомври, во 14 часот, во салата „Васко Попа“ на Белградскиот саем на книгата, ќе се одржи промоција на српското издание на романот Вештица на Венко Андоновски. По одличниот успех на бугарското издание на романот, Вештица доживува веќе трето издание на српски јазик. Првите две беа објавени во Бања Лука, во превод на Гордана Јовиќ – Стојковска, а ова е прво издание на територијата на Република Србија. Издавач е „Кораци“ од Крагуевац, а преводот овој пат е на Љиља Цревар. За книгата ќе говорат д-р Владимир Периќ, уредник во „Кораци“, авторот и преведувачката Љиља Цревар. Ова е дело кое преплетува различни времиња, различни техники, судир на погледи, на светови и сосема едноставна, но исклучително длабока нишка на вечното, љубов посилна од оган, од камен, од времето. Станува ли збор за една љубов што низ векови се пренесува и возобновува, или за две (повеќе) огнени романси кои се појавуваат циклично и потсетуваат на неуништливоста на вистинската љубов, му останува на читателот, самиот да долови, да пресуди и да реши. Андоновски во романот „Вештица“, таква можност дозволува со поднасловот „Роман во сурова состојба“. За француското издание на романот, славниот автор Милан Кундера, откако го споредува Андоновски со Херман Брох и со Карлос Фуентес, романот го нарекува „премногу модерен“, т.е. роман од третата историска епоха во развојот на романот. Во него, авторот не само што ги опишува околината и животот на главниот лик, туку успева да го опфати и недофатливото. Според него, станува збор за мајсторски полифонично дело во изненадува разноликоста на наративните техники при што „Вештица“е голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа.  

The post Промоција на „Вештица“ од Венко Андоновски на Саемот на книгата во Белград appeared first on Република.

]]>
Плевнеш: „Осмото светско чудо“ на Жарко Башески после Светилникот во Александрија би значело обединување на светската „цивилизација на љубовта“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/plevnesh-osmoto-svetsko-chudo-na-zharko-basheski-posle-svetilnikot-vo-aleksandrija-bi-znachelo-obedinuvane-na-svetskata-tsivilizatsija-na-lubovta/ Thu, 15 Aug 2024 08:32:04 +0000 https://republika.mk/?p=806741

„Ecce Homo Macedonicus: Осмо светско чудо“ е насловена најновата поставка на еминентниот македонски скулптор Жарко Башески, која привлече големо внимание кај љубителите на уметноста, а која во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“, при МАНУ во Охрид, може да се проследи до 27 август.

Изложбата ги претставува извонредните десет веќе познати дела на уметникот, кој е еден од најдобрите светски хиперреалисти. Неговите скулптури се толку реалистични што никого не оставаат рамнодушни со оглед дека „застрашувачки“ прецизно и реално ги претставува изразот на емоциите на лицето, ставот на телото, деталите…

Посетителите во куќата на Уранија можат да видат и нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, изработен од бронза и челик. Станува збор за идеја развивана заедно со професорот Јордан Плевнеш, авторот на најкраткиот роман во светската историја „Осмото светско чудо“, колевка на цивилизацијата.

„Проектот „Ecce Homo Macedonicus: Осмо светско чудо“, во основа ја претставува формата на веќе добро познатата скулптура „Ordinary Man“ (Обичен човек) на Башески, но овој пат во поинаков материјал. Изборот на материјали за овој проект, како и конкретната форма на „Ordinary man“, тесно се поврзува со концептот на авторот, посочуваат организаторите на изложбата.

Плевнеш со Жарко Башески, речиси две децении водел разговори за Осмото светско чудо, кое после Светилникот во Александрија би значело обединување на светската „цивилизација на љубовта“. Делото, вели, би било подигнато на оваа планина на која растат повеќе илјади ендемски видови на растенија и е единствениот резерват на светот на 1.200 ноќни пеперуги.

Некогаш половините се поцелосни и од целините (како наша разделена Македонија), и тука е уметноста магија на исцелувањето на она што е нецело или оштетено! Ако внимателно ја погледнете оваа скулптура, ќе ви се стори дека таа е сè уште во настанување, како да е некој вселенски незавршен проект во вечна мена и промена, како и наша духовна Македонија, прапостојбина на словата, писменоста и уметностите, незавршена духовна постојбина која во моментов има некое повторно привремено и неважно уставно име за службена употреба“, рече Венко Андоновски.

The post Плевнеш: „Осмото светско чудо“ на Жарко Башески после Светилникот во Александрија би значело обединување на светската „цивилизација на љубовта“ appeared first on Република.

]]>

„Ecce Homo Macedonicus: Осмо светско чудо“ е насловена најновата поставка на еминентниот македонски скулптор Жарко Башески, која привлече големо внимание кај љубителите на уметноста, а која во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“, при МАНУ во Охрид, може да се проследи до 27 август. Изложбата ги претставува извонредните десет веќе познати дела на уметникот, кој е еден од најдобрите светски хиперреалисти. Неговите скулптури се толку реалистични што никого не оставаат рамнодушни со оглед дека „застрашувачки“ прецизно и реално ги претставува изразот на емоциите на лицето, ставот на телото, деталите… Посетителите во куќата на Уранија можат да видат и нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, изработен од бронза и челик. Станува збор за идеја развивана заедно со професорот Јордан Плевнеш, авторот на најкраткиот роман во светската историја „Осмото светско чудо“, колевка на цивилизацијата. „Проектот „Ecce Homo Macedonicus: Осмо светско чудо“, во основа ја претставува формата на веќе добро познатата скулптура „Ordinary Man“ (Обичен човек) на Башески, но овој пат во поинаков материјал. Изборот на материјали за овој проект, како и конкретната форма на „Ordinary man“, тесно се поврзува со концептот на авторот, посочуваат организаторите на изложбата. Плевнеш со Жарко Башески, речиси две децении водел разговори за Осмото светско чудо, кое после Светилникот во Александрија би значело обединување на светската „цивилизација на љубовта“. Делото, вели, би било подигнато на оваа планина на која растат повеќе илјади ендемски видови на растенија и е единствениот резерват на светот на 1.200 ноќни пеперуги.
Некогаш половините се поцелосни и од целините (како наша разделена Македонија), и тука е уметноста магија на исцелувањето на она што е нецело или оштетено! Ако внимателно ја погледнете оваа скулптура, ќе ви се стори дека таа е сè уште во настанување, како да е некој вселенски незавршен проект во вечна мена и промена, како и наша духовна Македонија, прапостојбина на словата, писменоста и уметностите, незавршена духовна постојбина која во моментов има некое повторно привремено и неважно уставно име за службена употреба“, рече Венко Андоновски.

The post Плевнеш: „Осмото светско чудо“ на Жарко Башески после Светилникот во Александрија би значело обединување на светската „цивилизација на љубовта“ appeared first on Република.

]]>
И да не ни оставеше ништо освен бисерот на светската љубовна лирика „Дениција“ и романот „Пиреј“, Петре М. Андреевски ќе останеше гениј во нашата книжевност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/i-da-ne-ni-ostaveshe-nishto-osven-biserot-na-svetskata-lubovna-lirika-denitsija-i-romanot-pirej-petre-m-andreevski-ke-ostaneshe-genij-vo-nashata-knizhevnost/ Wed, 26 Jun 2024 10:06:02 +0000 https://republika.mk/?p=790919

Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вчера се одржа промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. Промотори на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, беа Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска. Изданието, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. Сликата на корицата и илустрациите на страниците се дело на познатиот сликар Сергеј Андреевски, кој е син на Петре М. Андреевски.

Академик Влада Урошевиќ, кој беше во улога на промотор, се осврна кон пријателството и соработката со Петре М. Андреевски. Ја истакна неговата посебност и величина и како писател и како личност.

[caption id="attachment_790936" align="alignnone" width="2560"] Со објавувањето на „Книга за Петре“ македонската литература доби несекојдневна, необична и единствена книга, кажа академик Влада Урошевиќ[/caption]

Со објавувањето на „Книга за Петре“ македонската литература доби несекојдневна, необична и единствена книга. Легендарниот македонски писател Петре М. Андреевски во оваа книга е лик кој оживува во 19 различни раскази, напишани од 19 творци... Извишувајќи се над биографските детали за Петре, она што останува, трајно е неговото книжевно дело и денес, 90 години по неговото раѓање, македонските писатели низ книгата што сега е пред нас, му ја искажуваат својата почит, ставајќи го во своите раскази. Ми се чини дека малкумина од нив го знаеле Петре, некои некогаш го виделе од далеку, а некои можеби го знаат само по неговите книги. По волја на судбината, јас тука сум еден од ретките што може да каже дека бил пријател со Петре, оние што седеле наспроти него, зборувале со него, се согласувале или не се согласувале, го гледале в очи... А тие што го погледале в очи знаат дека Петре беше бележан од природата или од боговите. Покрај својата исклучителност како автор имаше и телесна потврда дека е единствен, тој имаше ретка појава (хетерохромија), едното око му беше кафеаво, а другото зелено, метафорично речено, тоа што тој го гледаше и пренесуваше во својата поезија и проза блескаше и се прелеваше како ковчег со скриено азно, се вееше како виножито... На чудесен, само за него својствен начин секогаш го гледаше тоа што се одигруваше околу него, како дете кое го гледа светот низ шарена џамлија – рече Урошевиќ во своето обраќање.

Венко Андоновски, кој е автор на еден од расказите во книгата, во своето обраќање сподели повеќе анегдоти поврзани со неговото познанство со Петре М. Андреевски, нагласувајќи дека, покрај тоа што бил перфекционист, со високи критериуми за тоа што тој ќе го напише и ќе го објави, великанот на македонската книжевност бил критичен и кон авторите после него, и кон него (Андоновски). Секогаш го поттикнувал да биде подобар и на ниво.

[caption id="attachment_790937" align="alignnone" width="2560"] Легендарниот македонски писател Петре М. Андреевски во оваа книга е лик кој оживува во 19 различни раскази, напишани од 19 творци. Фото/Арс Ламина[/caption]

И да не ни оставеше ништо освен бисерот на светската љубовна лирика „Дениција“ и метаисторискиот роман „Пиреј“, Петре М. Андреевски ќе останеше гениј во нашата книжевност, затоа што тоа што тој ни го остави е една стилска мастилница за оние што доаѓаа да ги макаат своите пера (меѓу кои сум и јас) и да си го бараат својот авторски глас преку неговото невидливо мастило. На ист начин, како што ни го остави тоа стилско мастило за да не заборавиме на тоа, ја напиша и книгата „Лакримариј“. Всушност, „лакримариј“ е поставка во која жените собирале детски солзи за да имаат поубав тен, Петре ни остави еден „лакримариј“ полн со солзи од мастило, солзи љубовни, патриотски, историски и други солзи, за да се вежбаме и да израснеме во она што треба да бидеме. Да го најдеме свој авторски глас – рече Андоновски.

Автори на прозните посвети во „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ се еминентни македонски автори: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Гордана Михаилова Бошнакоска, Димитрие Дурацовски, Томислав Османли, Блаже Миневски, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева, Венко Андоновски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Калина Малеска, Владимир Јанковски, Бранко Прља, Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски и Хана Корнети. Книгата е приредена од Оливера Ќорвезироска.

Идејата за приредување на ваква книга не плисна, ниту надојде и гргна ненадејно како порој. Таа долго тлееше, татнеше, се мрешкаше и се разлачуваше од почитта кон претходниците, сè додека не се осамостои, не се избистри и не блесна како јасна намера за чествување и надоврзување на македонската книжевна традиција. Деветнаесетмина современи македонски раскажувачи од сите генерации наредени хронолошки, според годината на раѓањето, го славиме раскажувањето на Петре М. Андреевски на личен, автентичен начин, со специјални раскази за оваа пригода, кои имаат различни и комплексни врски со Петре и со неговото книжевно писмо. Сите 19 раскази, повеќе или помалку, повидливо или поневидливо, се поврзани со конкретни зборови, романи, раскази или песни на Андреевски. Чествувајќи го Петре, расказите истовремено го чествуваат и нашиот заеднички, еден и единствен мајчин јазик – македонскиот. Влада Урошевиќ, првиот застапен автор со кој се „отвора“ книгата, е врсник на Петре М. Андреевски. Хана Корнети, последната застапена авторка со која се „затвора“ книгата, е родена речиси шеесет години подоцна, што значи раскажувачкото „време“ на оваа книга опфаќа шест децении континуирана читателска, но и творечка почит кон великанот на македонската реч. „Книга за Петре“ има уште една исклучително топла и лирска валенција остварена со ликовно-графичкото уредување. Корицата и внатрешните илустрации на разделниците (сепараторите) се дело на познатиот сликар Сергеј Андреевски, син на Петре М. Андреевски. На овој начин, едицијата „Mакедонски книжевни класици“ се збогатува со уште еден наслов, овој пат не од, туку за Петре на истата лично-емотивна фреквенција. Претходните девет книги од едицијата беа со ликовни лица на Воскресија Андреевска, внука на Петре. Десеттата („Книга за Петре“) е со ликовно лице на неговиот син Сергеј – рече Ќорвезироска.

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, досега има објавено десет книги со прозни и поетски дела на Петре М. Андреевски. Станува збор за: „Тунел“, „Боемите“ и „Пофалби и поплаки“ (во едно издание), „Бежанци“ и „Јазли“ (во едно издание), „Лакримариј“, „Последните селани“, „Скакулци“, „И на небо и на земја“, „Дални наковални“ и „Вечна куќа: тажаленки“, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“. Во посебна едиција е објавена и книгата за деца „Шарам барам“.

[caption id="attachment_790939" align="alignnone" width="2560"] фото: Арс Ламина[/caption]

Петре М. Андреевски (25.06.1934, с. Слоештица – 25.09.2006, Скопје) е поет, прозаист, драмски автор, литературен критичар и преведувач, кој со својот многудецениски опус афирмира творештво што го вбројува во најзначајните и најистакнати современи македонски писатели, чии дела – а особено стихозбирката „Дениција“ и романот „Пиреј“ – стануваат општопризнаени дострели на македонската современа книжевност и неодминливо четиво на генерации љубители на литературата.
Првата самостојна збирка песни, „Јазли“, ја објавува во 1960 година, за издавачката куќа „Кочо Рацин“. По неа следуваат збирките: „И на небо и на земја“ (1962), „Дениција“ (1968), „Дални наковални“ (1971), „Пофалби и поплаки“ (1976), „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999).
Првото прозно дело, расказите „Седмиот ден“, го објавува издавачката куќа „Култура“ во 1964 година, а потоа следуваат и: „Неверни години“ (1974, раскази), романите „Пиреј“ (1980), „Скакулци“ (1984), „Небеска Тимјановна“ (1989), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994), романот „Последните селани“ (1998) и романот „Тунел“ (2003).
Петре М. Андреевски ги пишува и драмите „Богунемили“ (1971), изведена во Драмскиот театар во Скопје, и „Време за пеење“ (1975), изведена во Народниот театар во Битола. Објавува и две книги поезија за деца: „Шарам барам“ (1980) и „Касни порасни“ (1992). Постхумно се објавени неговите раскази „Боемите“ и недовршениот роман „Бежанци“.

Вредноста на неговите дела ја потврдуваат и многубројните награди, како што се: наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, националната награда „11 Октомври“, Рациново признание, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писатели на Македонија и други. Бил член на Македонската академија на науките и уметностите.

Книгата „Книга за Петре“ е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

The post И да не ни оставеше ништо освен бисерот на светската љубовна лирика „Дениција“ и романот „Пиреј“, Петре М. Андреевски ќе останеше гениј во нашата книжевност appeared first on Република.

]]>

Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вчера се одржа промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. Промотори на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, беа Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска. Изданието, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. Сликата на корицата и илустрациите на страниците се дело на познатиот сликар Сергеј Андреевски, кој е син на Петре М. Андреевски. Академик Влада Урошевиќ, кој беше во улога на промотор, се осврна кон пријателството и соработката со Петре М. Андреевски. Ја истакна неговата посебност и величина и како писател и како личност. [caption id="attachment_790936" align="alignnone" width="2560"] Со објавувањето на „Книга за Петре“ македонската литература доби несекојдневна, необична и единствена книга, кажа академик Влада Урошевиќ[/caption]
Со објавувањето на „Книга за Петре“ македонската литература доби несекојдневна, необична и единствена книга. Легендарниот македонски писател Петре М. Андреевски во оваа книга е лик кој оживува во 19 различни раскази, напишани од 19 творци... Извишувајќи се над биографските детали за Петре, она што останува, трајно е неговото книжевно дело и денес, 90 години по неговото раѓање, македонските писатели низ книгата што сега е пред нас, му ја искажуваат својата почит, ставајќи го во своите раскази. Ми се чини дека малкумина од нив го знаеле Петре, некои некогаш го виделе од далеку, а некои можеби го знаат само по неговите книги. По волја на судбината, јас тука сум еден од ретките што може да каже дека бил пријател со Петре, оние што седеле наспроти него, зборувале со него, се согласувале или не се согласувале, го гледале в очи... А тие што го погледале в очи знаат дека Петре беше бележан од природата или од боговите. Покрај својата исклучителност како автор имаше и телесна потврда дека е единствен, тој имаше ретка појава (хетерохромија), едното око му беше кафеаво, а другото зелено, метафорично речено, тоа што тој го гледаше и пренесуваше во својата поезија и проза блескаше и се прелеваше како ковчег со скриено азно, се вееше како виножито... На чудесен, само за него својствен начин секогаш го гледаше тоа што се одигруваше околу него, како дете кое го гледа светот низ шарена џамлија – рече Урошевиќ во своето обраќање.
Венко Андоновски, кој е автор на еден од расказите во книгата, во своето обраќање сподели повеќе анегдоти поврзани со неговото познанство со Петре М. Андреевски, нагласувајќи дека, покрај тоа што бил перфекционист, со високи критериуми за тоа што тој ќе го напише и ќе го објави, великанот на македонската книжевност бил критичен и кон авторите после него, и кон него (Андоновски). Секогаш го поттикнувал да биде подобар и на ниво. [caption id="attachment_790937" align="alignnone" width="2560"] Легендарниот македонски писател Петре М. Андреевски во оваа книга е лик кој оживува во 19 различни раскази, напишани од 19 творци. Фото/Арс Ламина[/caption]
И да не ни оставеше ништо освен бисерот на светската љубовна лирика „Дениција“ и метаисторискиот роман „Пиреј“, Петре М. Андреевски ќе останеше гениј во нашата книжевност, затоа што тоа што тој ни го остави е една стилска мастилница за оние што доаѓаа да ги макаат своите пера (меѓу кои сум и јас) и да си го бараат својот авторски глас преку неговото невидливо мастило. На ист начин, како што ни го остави тоа стилско мастило за да не заборавиме на тоа, ја напиша и книгата „Лакримариј“. Всушност, „лакримариј“ е поставка во која жените собирале детски солзи за да имаат поубав тен, Петре ни остави еден „лакримариј“ полн со солзи од мастило, солзи љубовни, патриотски, историски и други солзи, за да се вежбаме и да израснеме во она што треба да бидеме. Да го најдеме свој авторски глас – рече Андоновски.
Автори на прозните посвети во „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ се еминентни македонски автори: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Гордана Михаилова Бошнакоска, Димитрие Дурацовски, Томислав Османли, Блаже Миневски, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева, Венко Андоновски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Калина Малеска, Владимир Јанковски, Бранко Прља, Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски и Хана Корнети. Книгата е приредена од Оливера Ќорвезироска. Идејата за приредување на ваква книга не плисна, ниту надојде и гргна ненадејно како порој. Таа долго тлееше, татнеше, се мрешкаше и се разлачуваше од почитта кон претходниците, сè додека не се осамостои, не се избистри и не блесна како јасна намера за чествување и надоврзување на македонската книжевна традиција. Деветнаесетмина современи македонски раскажувачи од сите генерации наредени хронолошки, според годината на раѓањето, го славиме раскажувањето на Петре М. Андреевски на личен, автентичен начин, со специјални раскази за оваа пригода, кои имаат различни и комплексни врски со Петре и со неговото книжевно писмо. Сите 19 раскази, повеќе или помалку, повидливо или поневидливо, се поврзани со конкретни зборови, романи, раскази или песни на Андреевски. Чествувајќи го Петре, расказите истовремено го чествуваат и нашиот заеднички, еден и единствен мајчин јазик – македонскиот. Влада Урошевиќ, првиот застапен автор со кој се „отвора“ книгата, е врсник на Петре М. Андреевски. Хана Корнети, последната застапена авторка со која се „затвора“ книгата, е родена речиси шеесет години подоцна, што значи раскажувачкото „време“ на оваа книга опфаќа шест децении континуирана читателска, но и творечка почит кон великанот на македонската реч. „Книга за Петре“ има уште една исклучително топла и лирска валенција остварена со ликовно-графичкото уредување. Корицата и внатрешните илустрации на разделниците (сепараторите) се дело на познатиот сликар Сергеј Андреевски, син на Петре М. Андреевски. На овој начин, едицијата „Mакедонски книжевни класици“ се збогатува со уште еден наслов, овој пат не од, туку за Петре на истата лично-емотивна фреквенција. Претходните девет книги од едицијата беа со ликовни лица на Воскресија Андреевска, внука на Петре. Десеттата („Книга за Петре“) е со ликовно лице на неговиот син Сергеј – рече Ќорвезироска. Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, досега има објавено десет книги со прозни и поетски дела на Петре М. Андреевски. Станува збор за: „Тунел“, „Боемите“ и „Пофалби и поплаки“ (во едно издание), „Бежанци“ и „Јазли“ (во едно издание), „Лакримариј“, „Последните селани“, „Скакулци“, „И на небо и на земја“, „Дални наковални“ и „Вечна куќа: тажаленки“, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“. Во посебна едиција е објавена и книгата за деца „Шарам барам“. [caption id="attachment_790939" align="alignnone" width="2560"] фото: Арс Ламина[/caption] Петре М. Андреевски (25.06.1934, с. Слоештица – 25.09.2006, Скопје) е поет, прозаист, драмски автор, литературен критичар и преведувач, кој со својот многудецениски опус афирмира творештво што го вбројува во најзначајните и најистакнати современи македонски писатели, чии дела – а особено стихозбирката „Дениција“ и романот „Пиреј“ – стануваат општопризнаени дострели на македонската современа книжевност и неодминливо четиво на генерации љубители на литературата. Првата самостојна збирка песни, „Јазли“, ја објавува во 1960 година, за издавачката куќа „Кочо Рацин“. По неа следуваат збирките: „И на небо и на земја“ (1962), „Дениција“ (1968), „Дални наковални“ (1971), „Пофалби и поплаки“ (1976), „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999). Првото прозно дело, расказите „Седмиот ден“, го објавува издавачката куќа „Култура“ во 1964 година, а потоа следуваат и: „Неверни години“ (1974, раскази), романите „Пиреј“ (1980), „Скакулци“ (1984), „Небеска Тимјановна“ (1989), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994), романот „Последните селани“ (1998) и романот „Тунел“ (2003). Петре М. Андреевски ги пишува и драмите „Богунемили“ (1971), изведена во Драмскиот театар во Скопје, и „Време за пеење“ (1975), изведена во Народниот театар во Битола. Објавува и две книги поезија за деца: „Шарам барам“ (1980) и „Касни порасни“ (1992). Постхумно се објавени неговите раскази „Боемите“ и недовршениот роман „Бежанци“. Вредноста на неговите дела ја потврдуваат и многубројните награди, како што се: наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, националната награда „11 Октомври“, Рациново признание, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писатели на Македонија и други. Бил член на Македонската академија на науките и уметностите. Книгата „Книга за Петре“ е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

The post И да не ни оставеше ништо освен бисерот на светската љубовна лирика „Дениција“ и романот „Пиреј“, Петре М. Андреевски ќе останеше гениј во нашата книжевност appeared first on Република.

]]>
Мастерклас за креативно пишување со Венко Андоновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/masterklas-za-kreativno-pishuvane-so-venko-andonovski/ Fri, 17 May 2024 08:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=779064

Во среда на 22 мај, од 20 часот во Јавна Соба ќе одржи Мастерклас за креативно пишување со писателот Венко Андоновски.

Андоновски е еден од најчитаните македонски писатели. Неговиот роман „Папокот на светот“ е продаден во повеќе од 12 000 примероци, а романот „Вештица“ го надминал тиражот од 7 000 примероци. Исто така, тој е еден од најпопуларните драмски писатели во Македонија. Неговите дела се преведени на десетина јазици: англиски, француски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски.

Автор е на романите „Азбука за непослушните“, „Папокот на светот“, „Вештица“, „Ќерката на математичарот“ и „Папокот на светлината“.

The post Мастерклас за креативно пишување со Венко Андоновски appeared first on Република.

]]>

Во среда на 22 мај, од 20 часот во Јавна Соба ќе одржи Мастерклас за креативно пишување со писателот Венко Андоновски. Андоновски е еден од најчитаните македонски писатели. Неговиот роман „Папокот на светот“ е продаден во повеќе од 12 000 примероци, а романот „Вештица“ го надминал тиражот од 7 000 примероци. Исто така, тој е еден од најпопуларните драмски писатели во Македонија. Неговите дела се преведени на десетина јазици: англиски, француски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. Автор е на романите „Азбука за непослушните“, „Папокот на светот“, „Вештица“, „Ќерката на математичарот“ и „Папокот на светлината“.  

The post Мастерклас за креативно пишување со Венко Андоновски appeared first on Република.

]]>
Книжевен портрет на Венко Андоновски на Филолошкиот факултет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizheven-portret-na-venko-andonovski-na-filoloshkiot-fakultet-2/ Mon, 18 Mar 2024 13:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=755914

Во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје денеска во 18 часот ќе се одржи книжевен портрет на авторот Венко Андоновски. Беседа и разговор со авторот ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска. Настанот е во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура.

Венкo Андоновски е прозаист, драматург, критичар. Професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”во Скопје. Дописен член на МАНУ. Неговиот романот „Папокот на светот“ е продаден во над 14 000, а „Вештица“ во над 8 000 примероци.

Автор е на над 30 книги од најразлични жанрови. Добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Кочиќево перо“, „Југра“ и Толстоева награда „Јасна полјана”.

Неговите дела се преведени на десетина јазици, меѓу кои на англиски, француски, унгарски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски

The post Книжевен портрет на Венко Андоновски на Филолошкиот факултет appeared first on Република.

]]>

Во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје денеска во 18 часот ќе се одржи книжевен портрет на авторот Венко Андоновски. Беседа и разговор со авторот ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска. Настанот е во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура. Венкo Андоновски е прозаист, драматург, критичар. Професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”во Скопје. Дописен член на МАНУ. Неговиот романот „Папокот на светот“ е продаден во над 14 000, а „Вештица“ во над 8 000 примероци. Автор е на над 30 книги од најразлични жанрови. Добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Кочиќево перо“, „Југра“ и Толстоева награда „Јасна полјана”. Неговите дела се преведени на десетина јазици, меѓу кои на англиски, француски, унгарски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски

The post Книжевен портрет на Венко Андоновски на Филолошкиот факултет appeared first on Република.

]]>
Книжевен портрет на Венко Андоновски на Филолошкиот факултет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizheven-portret-na-venko-andonovski-na-filoloshkiot-fakultet/ Fri, 15 Mar 2024 08:13:18 +0000 https://republika.mk/?p=755003

Книжевен портрет на Венко Андоновски ќе се одржи на 18 март (понеделник), со почеток во 18 часот, во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”. Беседа и разговор со авторот ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска. Настанот е во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура.

The post Книжевен портрет на Венко Андоновски на Филолошкиот факултет appeared first on Република.

]]>

Книжевен портрет на Венко Андоновски ќе се одржи на 18 март (понеделник), со почеток во 18 часот, во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”. Беседа и разговор со авторот ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска. Настанот е во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура.

The post Книжевен портрет на Венко Андоновски на Филолошкиот факултет appeared first on Република.

]]>
Дали идеите вредат да се положи животот за нив, или не?, прашува Венко Андоновски во „Падот на Масада“ чија премиера е вечерва во Драмски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dali-ideite-vredat-da-se-polozhi-zhivotot-za-niv-ili-ne-prashuva-venko-andonovski-vo-padot-na-masada-chija-premiera-e-vecherva-vo-dramski/ Thu, 28 Dec 2023 08:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=727342

Дали идеите вредат да се положи животот за нив, или не?, е прашањето кое го поставува писателот и драмски автор Венко Андоновски во „Падот на Масада“ чиј текст вечерва во режија на Дејан Пројковски ќе доживее праизведба на сцената на Драмски театар (20 часот).

Претставата „Падот на Масада“ поставува едно вечно прашање, кое упростено се сведува на тоа дали идеите вредат да се положи животот за нив, или не? На таа тема се пишувани многу дела, претстави и романи, а јас се трудев преку неколку историски пресеци да покажам неколку случаи на масовно и единечно самоубиство, и дури и кога е единечно било направено поради некои колективни причини. Низ претставата се следи како полека „херојското“ во чинот на самоубиството се претвора во нешто сосема спротивно и претставата покажува дека човештвото назадува на секој план, дури и во сфаќањето на самоубиството – кажа Андоновски на прес-конференцијата организирана пред претставата.

Режисерот Пројковски вели дека во текот на подготовката на претставата се обиделе да ги преипитаат сите прашања и дилеми кои што ги отвора овој текст.

[caption id="attachment_726872" align="alignnone" width="700"] фото: Драмски театар[/caption]

Концептот за оваа претстава е базиран на тоа, дека театарот и сцената се клуч за патување низ времето и просторот, и од друга страна секогаш сите општествени системи и промени многу полесно и поедноставно да се тестираат на сцена, рече Пројковски.

Ова е четврта соработка на Пројковски со драмскиот автор Венко Андоновски.

Претставата има шест сцени, но, како што кажа актерката Јелена Жугиќ, како да работеле шест претстави. Петте актери играат по неколку различни улоги во претставата и тоа, за нив, како што кажа Жугиќ, барало максимална посветеност, ангажирност и фокусираност.

Во оваа претстава интензитетот на игра е постојан и постојано влегуваме од улога во улога, од костимски до емотивни промени, а целиот процес изискуваше многу фокус и концентрација, меѓутоа кога го добивме финалниот производ навистина сме среќни – рече Јелена Жугиќ, која со оваа претстава заокружува 30-годишна професионална кариера, која почнала во 1993 година со претставата „Време за сонување“ во режија на Златко Славенски во Велешкиот театар.

За актерот Рубенс Муратовски текстот е толку многу добар и отвора многу прашања и посакувате да се консултирате со авторот.

Актерот Филип Трајковиќ говорше за тоа како тој го толкува текстот на Андоновски.

Текстот е за тоа дека сите чекаме подобри времиња, а времето си врви, не чека никого. Па си велам, може сега ние треба да ги правиме времињата“, рече Трајковиќ.

Улогите ги толкуваат: Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески.

Дамјан Димовски е асистент на режија, сценографијата и костимографијата се на Валентин Светозарев, а музиката на Горан Трајкоски.

The post Дали идеите вредат да се положи животот за нив, или не?, прашува Венко Андоновски во „Падот на Масада“ чија премиера е вечерва во Драмски appeared first on Република.

]]>

Дали идеите вредат да се положи животот за нив, или не?, е прашањето кое го поставува писателот и драмски автор Венко Андоновски во „Падот на Масада“ чиј текст вечерва во режија на Дејан Пројковски ќе доживее праизведба на сцената на Драмски театар (20 часот).
Претставата „Падот на Масада“ поставува едно вечно прашање, кое упростено се сведува на тоа дали идеите вредат да се положи животот за нив, или не? На таа тема се пишувани многу дела, претстави и романи, а јас се трудев преку неколку историски пресеци да покажам неколку случаи на масовно и единечно самоубиство, и дури и кога е единечно било направено поради некои колективни причини. Низ претставата се следи како полека „херојското“ во чинот на самоубиството се претвора во нешто сосема спротивно и претставата покажува дека човештвото назадува на секој план, дури и во сфаќањето на самоубиството – кажа Андоновски на прес-конференцијата организирана пред претставата.
Режисерот Пројковски вели дека во текот на подготовката на претставата се обиделе да ги преипитаат сите прашања и дилеми кои што ги отвора овој текст. [caption id="attachment_726872" align="alignnone" width="700"] фото: Драмски театар[/caption]
Концептот за оваа претстава е базиран на тоа, дека театарот и сцената се клуч за патување низ времето и просторот, и од друга страна секогаш сите општествени системи и промени многу полесно и поедноставно да се тестираат на сцена, рече Пројковски.
Ова е четврта соработка на Пројковски со драмскиот автор Венко Андоновски. Претставата има шест сцени, но, како што кажа актерката Јелена Жугиќ, како да работеле шест претстави. Петте актери играат по неколку различни улоги во претставата и тоа, за нив, како што кажа Жугиќ, барало максимална посветеност, ангажирност и фокусираност.
Во оваа претстава интензитетот на игра е постојан и постојано влегуваме од улога во улога, од костимски до емотивни промени, а целиот процес изискуваше многу фокус и концентрација, меѓутоа кога го добивме финалниот производ навистина сме среќни – рече Јелена Жугиќ, која со оваа претстава заокружува 30-годишна професионална кариера, која почнала во 1993 година со претставата „Време за сонување“ во режија на Златко Славенски во Велешкиот театар.
За актерот Рубенс Муратовски текстот е толку многу добар и отвора многу прашања и посакувате да се консултирате со авторот. Актерот Филип Трајковиќ говорше за тоа како тој го толкува текстот на Андоновски.
Текстот е за тоа дека сите чекаме подобри времиња, а времето си врви, не чека никого. Па си велам, може сега ние треба да ги правиме времињата“, рече Трајковиќ.
Улогите ги толкуваат: Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески. Дамјан Димовски е асистент на режија, сценографијата и костимографијата се на Валентин Светозарев, а музиката на Горан Трајкоски.  

The post Дали идеите вредат да се положи животот за нив, или не?, прашува Венко Андоновски во „Падот на Масада“ чија премиера е вечерва во Драмски appeared first on Република.

]]>
„Падот на Масада“ од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски е последна премиера во Драмски театар за оваа година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/padot-na-masada-od-venko-andonovski-a-vo-rezhija-na-dejan-projkovski-e-posledna-premiera-vo-dramski-teatar-za-ovaa-godina/ Tue, 26 Dec 2023 15:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=726871

На 28 декември во Драмски театар Скопје ќе се одигра премиерно претставата „Падот на Масада“, според текст на Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски. Ова е последната премиера во Драмски театар во Скопје за годинава.

Ова е претстава која поставува едно вечно прашање, а тоа прашање се сведува дали идеите вредат да се положи живот за нив или не.

На таа тема се пишувани многу дела. Јас се трудев преку неколку историски пресеци, да покажам примери на масовно и единечно самоубиство, дури и кога е единечно направено е поради колективни причини. Треба сериозно да размислиме дали идеите го заслужуваат нашиот живот, кажа денеска на прес-конференцијата Андоновски.

Режисерот Пројковски кажа дека во текот на подготовката на претставата се обиделе да ги преипитаат сите прашања и дилеми кои што ги отвора овој текст.

Концептот за оваа претстава е базиран на тоа, дека театарот и сцената се клуч за патување низ времето и просторот, и од друга страна секогаш сите општествени системи и промени многу полесно и поедноставно да се тестираат на сцена, рече Пројковски.

Претставата има шест сцени, но, како што кажа актерката Јелена Жугиќ, како да работеле шест претстави. Петте актери играат по неколку различни улоги во претставата и тоа, за нив, како што кажа Жугиќ, барало максимална посветеност, ангажирност и фокусираност.

[caption id="attachment_726872" align="alignnone" width="700"] фото: Драмски театар[/caption]

Актерот Филип Трајковиќ говорше за тоа како тој го толкува текстот на Андоновски.

Текстот е за тоа дека сите чекаме подобри времиња, а времето си врви, не чека никого. Па си велам, може сега ние треба да ги правиме времињата“, рече Трајковиќ.

Улогите ги толкуваат: Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески.

Дамјан Димовски е асистент на режија, сценографијата и костимографијата се на Валентин Светозарев, а музиката на Горан Трајкоски.

The post „Падот на Масада“ од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски е последна премиера во Драмски театар за оваа година appeared first on Република.

]]>

На 28 декември во Драмски театар Скопје ќе се одигра премиерно претставата „Падот на Масада“, според текст на Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски. Ова е последната премиера во Драмски театар во Скопје за годинава. Ова е претстава која поставува едно вечно прашање, а тоа прашање се сведува дали идеите вредат да се положи живот за нив или не. На таа тема се пишувани многу дела. Јас се трудев преку неколку историски пресеци, да покажам примери на масовно и единечно самоубиство, дури и кога е единечно направено е поради колективни причини. Треба сериозно да размислиме дали идеите го заслужуваат нашиот живот, кажа денеска на прес-конференцијата Андоновски. Режисерот Пројковски кажа дека во текот на подготовката на претставата се обиделе да ги преипитаат сите прашања и дилеми кои што ги отвора овој текст.
Концептот за оваа претстава е базиран на тоа, дека театарот и сцената се клуч за патување низ времето и просторот, и од друга страна секогаш сите општествени системи и промени многу полесно и поедноставно да се тестираат на сцена, рече Пројковски.
Претставата има шест сцени, но, како што кажа актерката Јелена Жугиќ, како да работеле шест претстави. Петте актери играат по неколку различни улоги во претставата и тоа, за нив, како што кажа Жугиќ, барало максимална посветеност, ангажирност и фокусираност. [caption id="attachment_726872" align="alignnone" width="700"] фото: Драмски театар[/caption] Актерот Филип Трајковиќ говорше за тоа како тој го толкува текстот на Андоновски.
Текстот е за тоа дека сите чекаме подобри времиња, а времето си врви, не чека никого. Па си велам, може сега ние треба да ги правиме времињата“, рече Трајковиќ.
Улогите ги толкуваат: Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески. Дамјан Димовски е асистент на режија, сценографијата и костимографијата се на Валентин Светозарев, а музиката на Горан Трајкоски.  

The post „Падот на Масада“ од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски е последна премиера во Драмски театар за оваа година appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Градската библиотека во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-papokot-na-svetlinata-od-venko-andonovski-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje-2/ Mon, 08 May 2023 07:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=638182

В понеделник (8 мај) во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде претставен романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски, добитник на наградата „Стале Попов“ за 2022 година. За делото ќе говори проф. д-р Кристина Николовска, фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски, а модератор на настанот ќе биде Братислав Ташковски.

„Папокот на светлината“ е роман за потрагата по Бога, на препознавањето на Бога во човекот и обратно. Ова е роман и за значењето на маргините, за читањето меѓу редови, за сите предизвици и искушенија на современиот човек и неговата секојдневна борба со постмодерниот ѓавол кој доаѓа од сите страни, па и во множина – стои во одлуката на жирито за наградата „Стале Попов“ за 2022 година.

Андоновски е трикратен добитник на ова признание, прв пат во 2001 година за „Папокот на светот“, а во 2012 година за романот „Ќерката на математичарот“. Тој е еден од најчитаните и најизведувани македонски драмски автори во последниве две децении. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. „Папокот на светлината“ (издание на ТРИ) е неговиот петти роман.
Претставувањето на добитниците на најпрестижните награди на Друштвото на писателите на Македонија е долгогодишна традиција на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, која ги поддржува македонската книжевна продукција и македонските автори и преку нивно доближување до читателите.

The post Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

Андоновски е трикратен добитник на ова признание, прв пат во 2001 година за „Папокот на светот“, а во 2012 година за романот „Ќерката на математичарот“. Тој е еден од најчитаните и најизведувани македонски драмски автори во последниве две децении. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. „Папокот на светлината“ (издание на ТРИ) е неговиот петти роман. Претставувањето на добитниците на најпрестижните награди на Друштвото на писателите на Македонија е долгогодишна традиција на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, која ги поддржува македонската книжевна продукција и македонските автори и преку нивно доближување до читателите.

The post Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Градската библиотека во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-papokot-na-svetlinata-od-venko-andonovski-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Fri, 05 May 2023 09:05:31 +0000 https://republika.mk/?p=637214

В понеделник (8 мај) во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде претставен романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски, добитник на наградата „Стале Попов“ за 2022 година. За делото ќе говори проф. д-р Кристина Николовска, фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски, а модератор на настанот ќе биде Братислав Ташковски.
-„Папокот на светлината“ е роман за потрагата по Бога, на препознавањето на Бога во човекот и обратно. Ова е роман и за значењето на маргините, за читањето меѓу редови, за сите предизвици и искушенија на современиот човек и неговата секојдневна борба со постмодерниот ѓавол кој доаѓа од сите страни, па и во множина – стои во одлуката на жирито за наградата „Стале Попов“ за 2022 година.

Андоновски е трикратен добитник на ова признание, прв пат во 2001 година за „Папокот на светот“, а во 2012 година за романот „Ќерката на математичарот“. Тој е еден од најчитаните и најизведувани македонски драмски автори во последниве две децении. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. „Папокот на светлината“ (издание на ТРИ) е неговиот петти роман.
Претставувањето на добитниците на најпрестижните награди на Друштвото на писателите на Македонија е долгогодишна традиција на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, која ги поддржува македонската книжевна продукција и македонските автори и преку нивно доближување до читателите.

The post Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

В понеделник (8 мај) во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде претставен романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски, добитник на наградата „Стале Попов“ за 2022 година. За делото ќе говори проф. д-р Кристина Николовска, фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски, а модератор на настанот ќе биде Братислав Ташковски. -„Папокот на светлината“ е роман за потрагата по Бога, на препознавањето на Бога во човекот и обратно. Ова е роман и за значењето на маргините, за читањето меѓу редови, за сите предизвици и искушенија на современиот човек и неговата секојдневна борба со постмодерниот ѓавол кој доаѓа од сите страни, па и во множина – стои во одлуката на жирито за наградата „Стале Попов“ за 2022 година. Андоновски е трикратен добитник на ова признание, прв пат во 2001 година за „Папокот на светот“, а во 2012 година за романот „Ќерката на математичарот“. Тој е еден од најчитаните и најизведувани македонски драмски автори во последниве две децении. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. „Папокот на светлината“ (издание на ТРИ) е неговиот петти роман. Претставувањето на добитниците на најпрестижните награди на Друштвото на писателите на Македонија е долгогодишна традиција на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, која ги поддржува македонската книжевна продукција и македонските автори и преку нивно доближување до читателите.

The post Промоција на „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>
Венко Андоновски: Кои сте бре вие и од која дупка излеговте? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/venko-andonovski-koi-ste-bre-vie-i-od-koja-dupka-izlegovte/ Thu, 23 Mar 2023 08:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=622710

(Манифест за нормална држава)

Кои сте бре вие и од која дупка излеговте? Вие, неписмените а возгордеани (колку понеписмен, толку повеќе се цени!) способни само за дрпни-лапни, без разлика дали се колнете во чесниот крст или во чесната полумесечина? Тешко им на писмените меѓу вас! Кои сте бре вие, за кои Македонија е само добро платена хонорарна работичка, part time job што треба да ја одработите за вашите партиски и глобалистички газди, а ги запоседнавте собранијата, заседанијата, форумите и агорите, фондовите, фондациите за култура, министерствата, владите, трибините, плоштадите, па гракате во еден ист хор со враните што го најавуваат светското царство на постхуманитетот?, пишува Венко Андоновски во колумна за „Нова Македонија“.

Кои сте бре вие, на разни положенија и функции со рацете во џебови, што си играте билијард со тестисите додека чекате плата, вие што доведовте до тоа Македонија да биде република во воздух, меѓународно признаен интерконтинентален чартер, држава во егзил на 9.000 метри надморска височина, ќелепур џет-сет држава во авиони кои нас, од сите националности и вери, нè носат до нашите раселени деца по целиот свет? Кои сте бре вие што направивте Македонија да не биде веќе држава, туку само состојба на духот, мит, сеќавање и архетип, дестинација на авиобилет испишана во графата DEPARTURE FROM?
Кои сте бре вие што не знаете како се отвора книга, зашто знаете само како се отвора конзерва „ред бул“ и коверт за тендер со провизија? Кои сте бре вие, металик-црни лебарки (со своите џипови), што надојдовте како поплава и по амфитеатрите, па како скакулци ожнеавте амбари магистратури и докторати? Па отворивте и Mc drive универзитети на секоја бензинска станица, каде што продававте резервни гуми и дипломи?
Кои сте бре вие, довчерашни препродавачи на пипер и лук, и како дојдовте до тоа на Кванташки во Брисел и Вашингтон да препродавате историја, свети мошти и национални архетипови, па поднесувате амандмани за геополитика, ботоксирање на историјата и за еколошки чисти историски буништа, кои од вас ги бара пречистата блудница Европа, на која матката ѝ е истенчена од историски киретажи и абортуси на цели народи?
Од каде дојдовте бре вие, на кои Македонија им е само ухлебие или парцела што треба геодетски да се обработи, според упатствата на Западниот политички катастар? Кои сте бре вие што преименувате држави, улици и споменици а името татково не си го знаете? Што напудрени како француски енциклопедисти и хуманисти на ТВ-емисија во живо повеќе се грижите за бездомни кучиња одошто за вашите бездомни браќа на кои контејнерите им се цел синџир европски супермаркети: „Лидл“ на ангро?
Кои сте бре вие, за кои преку партиски телефони се молеа шестки, за да станете политички ебиветри, амбасадори на непостојна држава или министри за оптимизам и ведро време, а потем им ги киневте главите на истите тие професори (никој не сака сведок на своето коленичење) што ве помилуваа како неграмотни, ама не можеа да скријат дека сте и срамотни?

Кои сте бре вие, кои решавате за цената на лебот, а едно зрно немате посеано со испотеното чело на сејачот, ниту еден леб во животот имате испечено со испотеното чело на пекарот? Кои сте бре вие, директори и претседатели на управни одбори, на кои за една седница се зема плата на чесен универзитетски даскал, што не знаете како се пишува вторник, со „в“ или со „ф“, па затоа закажувате седници во понеделник или среда?
Кои сте бре вие, дигитални креатури со таблети, на кои ракописот, кога се потпишувате на милионски суми, им изгледа како потпис на фактура за ќумур? Кои сте бре вие, неуспешни антрополошки дизајни со најнови андроиди в рака, да ги прогонувате моите деца од дедовиот Верољубов двор и да ги праќате сургун, во потрага по црн леб по бел свет? И да крекате: „И моето дете има право да работи, дискриминирано е зашто јас, негов татко, сум познат политичар“, па ги пикате во сите врвови на општеството, да дишат воздух на надморска височина од четирицифрени броеви изразени во евра?!
Кои сте бре вие, што додека ние компаративно ги читавме Елиот и Конески и станувавме во четири да студираме странски јазици (вие спиевте до пладне), ние кои знаевме дека Македонија ОДАМНА е Европа според културата, нам сега да ни држите лекции по европска политичка авангарда, футуризам и надреализам во идеологијата на идниот најубав свет? А вчера ги фрливте опинците во првото предградие и купивте салонски чевли од партиска апанажа?
Кои сте бре вие, интелектуален гној и лој покриени со најскап парфем украден од собраниската и владина репрезентација? Кои сте, од каде дојдовте, што мајки ве родија и на каков леб без духовен квасец израснавте? Кои сте бре вие што говорите за предавства, а самите себеси се предадовте и продадовте? Кои сте бре вие што во џебот почесто имате пиштол одошто пенкало, што собирате живи луѓе на дигитрон како прости собироци пред избори, вие за кои „сè си има цена“ (да живее потрошувачкото општество што и емоциите и патриотизмот ги пакува стерилно во целофан по ХАСАП стандарди)? Кои сте бре вие, кои кон државата се однесувате како кон кенеф на локална автобуска станица во кој не пуштате вода зад себе („Па и пред мене не пуштиле, зошто јас да пуштам!“)?

Кои сте бре вие што дозволивте Големиот Западен Брат врз нас и нашите деца експериментално да тестира сомнителни лекови и политички системи? Вие што од Уставот направивте споровозен трамвај без врата во американско предградие, па може да се качи секој во движење, да се повози шверц, без карта? Вие, кормилари на брод на кој целиот народ ви е слеп патник под палубата, додека на палубата вие пиете шампањско со напудрените перики – емисари, медијатори и разни други агитпропагатори и идеолошки радијатори?
Кои сте бре вие, едно големо НИШТО, и како настанавте ex nihilo, кога само Господ може да створи НЕШТО од ништо, кога од ништо не може да се створат ни две ништа (а камоли НЕШТО), зашто нештото се дели, а ништото – не?
Ах, што не е жив Гане, да ви каже кои сте, од А до Ш (па обвинете му ја поезијата за говор на омраза): арамии, абдали, акмаци, болигазовци, бесрамници, бесчесници, витосници, вопери, влекачи, гниди, гадурии, грабачи, давајгазовци, драпајколчишта, дибеци, ѓурултаџии, ѓонобрази, ѓозбојаџии, евнуси, евтинџии, есапчии, жонглери, жганови, живодери, замети-зачисти-забриши, испичутури, изроди, измелезени, јавашлии, јагмаџии, јаничари, килави, курташаци, ќесеџии, незадоени, наакани, неранимајковци, острастени, ороспикефлии, отчовечени, паликуќи, простаци, подлизурковци (прдежи со претензии за громови), растурикуќи, разумогубители, распојасани, сеирџии, сезнајковци, сенештари, токмаци, тепајкамајковци и тепајтатковци, ќарлии, ќелеши и ќелепури, ујдурмаџии, утки, учкур-костумлии, фејсбук-фанариоти, фалшиви, фалсификатори, хохштаплери, хајкачи, хулници, цензори, цепеници, цепидржави, чауши, чатпатлии, чедоубијци, шалабајзери, шарлатани, шутраци!
Зар вистина мислите дека ние, обичните, само затоа што сме добри долготрпеливи христијани и муслимани сме и толку глупави и будали, па не гледаме кои сте? Мавнете се во дупките од кои излеговте, иставете се и отстапете им место на праведните, учените и чесните. На словесните. За конечно да напишеме нов „О писменех“ за државава, доста веќе со О НЕПИСМЕНЕХ.

The post Венко Андоновски: Кои сте бре вие и од која дупка излеговте? appeared first on Република.

]]>

(Манифест за нормална држава)

Кои сте бре вие и од која дупка излеговте? Вие, неписмените а возгордеани (колку понеписмен, толку повеќе се цени!) способни само за дрпни-лапни, без разлика дали се колнете во чесниот крст или во чесната полумесечина? Тешко им на писмените меѓу вас! Кои сте бре вие, за кои Македонија е само добро платена хонорарна работичка, part time job што треба да ја одработите за вашите партиски и глобалистички газди, а ги запоседнавте собранијата, заседанијата, форумите и агорите, фондовите, фондациите за култура, министерствата, владите, трибините, плоштадите, па гракате во еден ист хор со враните што го најавуваат светското царство на постхуманитетот?, пишува Венко Андоновски во колумна за „Нова Македонија“.
Кои сте бре вие, на разни положенија и функции со рацете во џебови, што си играте билијард со тестисите додека чекате плата, вие што доведовте до тоа Македонија да биде република во воздух, меѓународно признаен интерконтинентален чартер, држава во егзил на 9.000 метри надморска височина, ќелепур џет-сет држава во авиони кои нас, од сите националности и вери, нè носат до нашите раселени деца по целиот свет? Кои сте бре вие што направивте Македонија да не биде веќе држава, туку само состојба на духот, мит, сеќавање и архетип, дестинација на авиобилет испишана во графата DEPARTURE FROM? Кои сте бре вие што не знаете како се отвора книга, зашто знаете само како се отвора конзерва „ред бул“ и коверт за тендер со провизија? Кои сте бре вие, металик-црни лебарки (со своите џипови), што надојдовте како поплава и по амфитеатрите, па како скакулци ожнеавте амбари магистратури и докторати? Па отворивте и Mc drive универзитети на секоја бензинска станица, каде што продававте резервни гуми и дипломи? Кои сте бре вие, довчерашни препродавачи на пипер и лук, и како дојдовте до тоа на Кванташки во Брисел и Вашингтон да препродавате историја, свети мошти и национални архетипови, па поднесувате амандмани за геополитика, ботоксирање на историјата и за еколошки чисти историски буништа, кои од вас ги бара пречистата блудница Европа, на која матката ѝ е истенчена од историски киретажи и абортуси на цели народи? Од каде дојдовте бре вие, на кои Македонија им е само ухлебие или парцела што треба геодетски да се обработи, според упатствата на Западниот политички катастар? Кои сте бре вие што преименувате држави, улици и споменици а името татково не си го знаете? Што напудрени како француски енциклопедисти и хуманисти на ТВ-емисија во живо повеќе се грижите за бездомни кучиња одошто за вашите бездомни браќа на кои контејнерите им се цел синџир европски супермаркети: „Лидл“ на ангро? Кои сте бре вие, за кои преку партиски телефони се молеа шестки, за да станете политички ебиветри, амбасадори на непостојна држава или министри за оптимизам и ведро време, а потем им ги киневте главите на истите тие професори (никој не сака сведок на своето коленичење) што ве помилуваа како неграмотни, ама не можеа да скријат дека сте и срамотни? Кои сте бре вие, кои решавате за цената на лебот, а едно зрно немате посеано со испотеното чело на сејачот, ниту еден леб во животот имате испечено со испотеното чело на пекарот? Кои сте бре вие, директори и претседатели на управни одбори, на кои за една седница се зема плата на чесен универзитетски даскал, што не знаете како се пишува вторник, со „в“ или со „ф“, па затоа закажувате седници во понеделник или среда? Кои сте бре вие, дигитални креатури со таблети, на кои ракописот, кога се потпишувате на милионски суми, им изгледа како потпис на фактура за ќумур? Кои сте бре вие, неуспешни антрополошки дизајни со најнови андроиди в рака, да ги прогонувате моите деца од дедовиот Верољубов двор и да ги праќате сургун, во потрага по црн леб по бел свет? И да крекате: „И моето дете има право да работи, дискриминирано е зашто јас, негов татко, сум познат политичар“, па ги пикате во сите врвови на општеството, да дишат воздух на надморска височина од четирицифрени броеви изразени во евра?! Кои сте бре вие, што додека ние компаративно ги читавме Елиот и Конески и станувавме во четири да студираме странски јазици (вие спиевте до пладне), ние кои знаевме дека Македонија ОДАМНА е Европа според културата, нам сега да ни држите лекции по европска политичка авангарда, футуризам и надреализам во идеологијата на идниот најубав свет? А вчера ги фрливте опинците во првото предградие и купивте салонски чевли од партиска апанажа? Кои сте бре вие, интелектуален гној и лој покриени со најскап парфем украден од собраниската и владина репрезентација? Кои сте, од каде дојдовте, што мајки ве родија и на каков леб без духовен квасец израснавте? Кои сте бре вие што говорите за предавства, а самите себеси се предадовте и продадовте? Кои сте бре вие што во џебот почесто имате пиштол одошто пенкало, што собирате живи луѓе на дигитрон како прости собироци пред избори, вие за кои „сè си има цена“ (да живее потрошувачкото општество што и емоциите и патриотизмот ги пакува стерилно во целофан по ХАСАП стандарди)? Кои сте бре вие, кои кон државата се однесувате како кон кенеф на локална автобуска станица во кој не пуштате вода зад себе („Па и пред мене не пуштиле, зошто јас да пуштам!“)?
Кои сте бре вие што дозволивте Големиот Западен Брат врз нас и нашите деца експериментално да тестира сомнителни лекови и политички системи? Вие што од Уставот направивте споровозен трамвај без врата во американско предградие, па може да се качи секој во движење, да се повози шверц, без карта? Вие, кормилари на брод на кој целиот народ ви е слеп патник под палубата, додека на палубата вие пиете шампањско со напудрените перики – емисари, медијатори и разни други агитпропагатори и идеолошки радијатори? Кои сте бре вие, едно големо НИШТО, и како настанавте ex nihilo, кога само Господ може да створи НЕШТО од ништо, кога од ништо не може да се створат ни две ништа (а камоли НЕШТО), зашто нештото се дели, а ништото – не? Ах, што не е жив Гане, да ви каже кои сте, од А до Ш (па обвинете му ја поезијата за говор на омраза): арамии, абдали, акмаци, болигазовци, бесрамници, бесчесници, витосници, вопери, влекачи, гниди, гадурии, грабачи, давајгазовци, драпајколчишта, дибеци, ѓурултаџии, ѓонобрази, ѓозбојаџии, евнуси, евтинџии, есапчии, жонглери, жганови, живодери, замети-зачисти-забриши, испичутури, изроди, измелезени, јавашлии, јагмаџии, јаничари, килави, курташаци, ќесеџии, незадоени, наакани, неранимајковци, острастени, ороспикефлии, отчовечени, паликуќи, простаци, подлизурковци (прдежи со претензии за громови), растурикуќи, разумогубители, распојасани, сеирџии, сезнајковци, сенештари, токмаци, тепајкамајковци и тепајтатковци, ќарлии, ќелеши и ќелепури, ујдурмаџии, утки, учкур-костумлии, фејсбук-фанариоти, фалшиви, фалсификатори, хохштаплери, хајкачи, хулници, цензори, цепеници, цепидржави, чауши, чатпатлии, чедоубијци, шалабајзери, шарлатани, шутраци! Зар вистина мислите дека ние, обичните, само затоа што сме добри долготрпеливи христијани и муслимани сме и толку глупави и будали, па не гледаме кои сте? Мавнете се во дупките од кои излеговте, иставете се и отстапете им место на праведните, учените и чесните. На словесните. За конечно да напишеме нов „О писменех“ за државава, доста веќе со О НЕПИСМЕНЕХ.

The post Венко Андоновски: Кои сте бре вие и од која дупка излеговте? appeared first on Република.

]]>
„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски објавен на руски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/papokot-na-svetlinata-od-venko-andonovski-objaven-na-ruski-jazik/ Wed, 22 Feb 2023 07:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=611732

Во Москва излезе од печат романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски преведен на руски јазик.

Руското издание на романот „Папокот на светлината“ е издадено во тврд повез, а на корицата е фрагмент од сликата „Гулаби“ на македонскиот уметник Драги Хаџи Николов. Краток предговор за книгата напиша самиот автор.

„Папокот на светлината“ е седмо дело во проектот „Македонскиот роман на 21 век“, што Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија, го конципира и почна да го реализира во 2014 година во соработка со реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“, кој обезбедува натамошна дистрибуција на книгите на  руското јазично подрачје.

Во рамките на тој проект досега беа објавени романите „Храпешко“ на Ермис Лафазановски, „Водена пирамида (Патот на јагулите)“ на Луан Старова, „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Маџун“ на Влада Урошевиќ и „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски.

The post „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски објавен на руски јазик appeared first on Република.

]]>

Во Москва излезе од печат романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски преведен на руски јазик. Руското издание на романот „Папокот на светлината“ е издадено во тврд повез, а на корицата е фрагмент од сликата „Гулаби“ на македонскиот уметник Драги Хаџи Николов. Краток предговор за книгата напиша самиот автор. „Папокот на светлината“ е седмо дело во проектот „Македонскиот роман на 21 век“, што Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија, го конципира и почна да го реализира во 2014 година во соработка со реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“, кој обезбедува натамошна дистрибуција на книгите на  руското јазично подрачје. Во рамките на тој проект досега беа објавени романите „Храпешко“ на Ермис Лафазановски, „Водена пирамида (Патот на јагулите)“ на Луан Старова, „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Маџун“ на Влада Урошевиќ и „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски.

The post „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски објавен на руски јазик appeared first on Република.

]]>
22 години по „Папокот на светот“, Венко Андоновски ја објавува „Папокот на светлината“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/22-godini-po-papokot-na-svetot-venko-andonovski-ja-objavuva-papokot-na-svetlinata/ Fri, 25 Nov 2022 12:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=578197

Во издание на издавачкиот центар „ТРИ“, наскоро ќе биде објавен најновиот роман на македонскиот автор и професор Венко Андоновски – „Папокот на светлината“.

Промоцијата на романот е закажана за 1 декември, во 19 часот, во кино „Милениум“. Промотори ќе бидат Винка Саздова и Игор Џамбазов.

Андоновски се враќа на сцената со нов роман, десет години по објавувањето на последниот роман „Ќерката на математичарот“ и 22 години од „Папокот на светот“, книгата што ги освои книжевните награди Роман на годината, „Стале Попов“, „Балканика“ и руската награда „Југра“.

Како што соопштија од издавачката куќа, „Папокот на светлината“ се надоврзува, но не го продолжува „Папокот на светот“.

-Јан Лудвиг, протагонистот кој во „Папокот на светот“ трагаше по папокот на светот (љубов кон жената), сега е во потрага по папокот на Светлината. Заедно со другите ликови, тој се обидува да открие каде се раѓа онаа Светлина која ја просветлува душата, наспроти оние кои се задоволуваат да му бидат облека на ѓаволот, велат од „ТРИ“.

The post 22 години по „Папокот на светот“, Венко Андоновски ја објавува „Папокот на светлината“ appeared first on Република.

]]>

Во издание на издавачкиот центар „ТРИ“, наскоро ќе биде објавен најновиот роман на македонскиот автор и професор Венко Андоновски – „Папокот на светлината“. Промоцијата на романот е закажана за 1 декември, во 19 часот, во кино „Милениум“. Промотори ќе бидат Винка Саздова и Игор Џамбазов. Андоновски се враќа на сцената со нов роман, десет години по објавувањето на последниот роман „Ќерката на математичарот“ и 22 години од „Папокот на светот“, книгата што ги освои книжевните награди Роман на годината, „Стале Попов“, „Балканика“ и руската награда „Југра“. Како што соопштија од издавачката куќа, „Папокот на светлината“ се надоврзува, но не го продолжува „Папокот на светот“.
-Јан Лудвиг, протагонистот кој во „Папокот на светот“ трагаше по папокот на светот (љубов кон жената), сега е во потрага по папокот на Светлината. Заедно со другите ликови, тој се обидува да открие каде се раѓа онаа Светлина која ја просветлува душата, наспроти оние кои се задоволуваат да му бидат облека на ѓаволот, велат од „ТРИ“.
   
The post 22 години по „Папокот на светот“, Венко Андоновски ја објавува „Папокот на светлината“ appeared first on Република.

]]>
Венко Андоновски награден со „Златен витез“ на меѓународен книжевен форум во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/venko-andonovski-nagraden-so-zlaten-vitez-na-megjunaroden-knizeven-forum-vo-rusija/ Tue, 25 Oct 2022 13:14:45 +0000 https://republika.mk/?p=565468

Писателот Венко Андоновски ја доби највисоката награда за драматургија „Златен витез“ на тринаесеттиот меѓународен книжевен форум, кој од 2010-та се одржува во октомври во Русија. Награди на форумот се доделуваат за повеќе уметнички области, а годинава пристигнале 428 дела од 12 земји.

Писателот Андоновски ќе каже – со уметноста и со молитвата се победува злото.

Без руската книжевност светската книжевност не постои, како што и без руската култура не може да се испише ниедна историја на културите на човештвото, ќе каже писателот Венко Андоновски кој ја доби највисоката награда за драматургија „Златен витез“ на меѓународниот книжевен форум во Русија, кој веќе 12 години се одржува во октомври, по повод годишнината од раѓањето на славниот руски поет Михаил Ј. Лермонтов. Андоновски за Алфа рече дека нема поголема среќа за еден писател кој доаѓа од мала, но архаична култура со ризничарски вредности како што е македонската, да биде удостоен со признание од најголемата православна култура во светот – руската.

И, се разбира, една од најголемите световни книжевности и култури што воопшто некогаш се јавиле по лицето од Земјата; без руската книжевност светската книжевност не постои, како што и без руската култура не може да се испише ниедна историја на културите на човештвото. Живееме во свет во кој сите човекови вредности се или уништени, или свртени на глава. Ненормалното се прогласува за нормално, болното за здраво, потпросечното за генијално, џелатот за жртва. Ние, како писатели и уметници сме должни низ нашите дела да се молиме за зацелување и оздравување на тој болен свет. Впрочем, нашите дела, нашите песни, романи и драми не се разликуваат многу од молитвите. И во уметноста и во молитвата многу зборови се малку, а малку зборови се доволно. Другото е светска тага, светско сочувство за сите понижени и навредени, за оние на маргините. И со уметноста и со молитвата создаваме златен штит на мудроста и човекољубието спротивставувајќи му се на злото, истакна Андоновски.

Рецензентот на изданието, рускиот писател Евгениј Водолазкин, пишува дека „нашата заедничка словенска култура се претставува тука во сосема друг свој извод“ и дека „Балканот е необично место каде заемното проникнување на народите и културите, на митологијата и современата свест достигнуваат највисок степен“.

Сето тоа Венко Андоновски го опишува, користејќи ги зборовите на Бродски, со „кириличен знак”. Опишува со големо мајсторство и, што по мое мислење е многу важно, со блескав хумор, пишува Водолазкин.

На Андоновски наградата „Златен витез“ му е доделена за книгата „Три пиеси за театарот“, која излезе лани во Москва, преведена од Олга Панкина, позната афирматорка на македонската литература на руски јазик.

Книгата на Андоновски, која на руски ја објави издавачка куќа од Русија, ги содржи пиесите „Словенски ковчег”, „Олово на перницата” и „Граница”. Награди на Форумот се доделуваат за повеќе уметнички области, а годинава пристигнале 428 дела од 12 земји.

The post Венко Андоновски награден со „Златен витез“ на меѓународен книжевен форум во Русија appeared first on Република.

]]>

Писателот Венко Андоновски ја доби највисоката награда за драматургија „Златен витез“ на тринаесеттиот меѓународен книжевен форум, кој од 2010-та се одржува во октомври во Русија. Награди на форумот се доделуваат за повеќе уметнички области, а годинава пристигнале 428 дела од 12 земји.
Писателот Андоновски ќе каже – со уметноста и со молитвата се победува злото. Без руската книжевност светската книжевност не постои, како што и без руската култура не може да се испише ниедна историја на културите на човештвото, ќе каже писателот Венко Андоновски кој ја доби највисоката награда за драматургија „Златен витез“ на меѓународниот книжевен форум во Русија, кој веќе 12 години се одржува во октомври, по повод годишнината од раѓањето на славниот руски поет Михаил Ј. Лермонтов. Андоновски за Алфа рече дека нема поголема среќа за еден писател кој доаѓа од мала, но архаична култура со ризничарски вредности како што е македонската, да биде удостоен со признание од најголемата православна култура во светот – руската. И, се разбира, една од најголемите световни книжевности и култури што воопшто некогаш се јавиле по лицето од Земјата; без руската книжевност светската книжевност не постои, како што и без руската култура не може да се испише ниедна историја на културите на човештвото. Живееме во свет во кој сите човекови вредности се или уништени, или свртени на глава. Ненормалното се прогласува за нормално, болното за здраво, потпросечното за генијално, џелатот за жртва. Ние, како писатели и уметници сме должни низ нашите дела да се молиме за зацелување и оздравување на тој болен свет. Впрочем, нашите дела, нашите песни, романи и драми не се разликуваат многу од молитвите. И во уметноста и во молитвата многу зборови се малку, а малку зборови се доволно. Другото е светска тага, светско сочувство за сите понижени и навредени, за оние на маргините. И со уметноста и со молитвата создаваме златен штит на мудроста и човекољубието спротивставувајќи му се на злото, истакна Андоновски.
Рецензентот на изданието, рускиот писател Евгениј Водолазкин, пишува дека „нашата заедничка словенска култура се претставува тука во сосема друг свој извод“ и дека „Балканот е необично место каде заемното проникнување на народите и културите, на митологијата и современата свест достигнуваат највисок степен“.
Сето тоа Венко Андоновски го опишува, користејќи ги зборовите на Бродски, со „кириличен знак”. Опишува со големо мајсторство и, што по мое мислење е многу важно, со блескав хумор, пишува Водолазкин.
На Андоновски наградата „Златен витез“ му е доделена за книгата „Три пиеси за театарот“, која излезе лани во Москва, преведена од Олга Панкина, позната афирматорка на македонската литература на руски јазик. Книгата на Андоновски, која на руски ја објави издавачка куќа од Русија, ги содржи пиесите „Словенски ковчег”, „Олово на перницата” и „Граница”. Награди на Форумот се доделуваат за повеќе уметнички области, а годинава пристигнале 428 дела од 12 земји.

The post Венко Андоновски награден со „Златен витез“ на меѓународен книжевен форум во Русија appeared first on Република.

]]>
Венко Андоновски: Зошто ни Грците ни Бугарите не го присвојуваат македонскиот Хомер? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/venko-andonovski-zoshto-ni-grcite-ni-bugarite-ne-go-prisvojuvaat-makedonskiot-homer/ Tue, 24 May 2022 10:47:36 +0000 https://republika.mk/?p=506263

Григор Прличев е најобразованиот и најталентираниот писател на македонскиот деветнаесетти век, трагична фигура на гениј без своја татковина и свој кодификуван јазик, како и сите наши преродбеници, пишува македонскиот писател Венко Андоновски во својата последна колумна за „Нова Македонија“.

Објаснува како „вториот Хомер, Македонец од Охрид, нема да им подлегне на славата и на понудата да ги продолжи студиите во Западна Европа на грчка сметка, дека ќе ја одбие понудата да стане светски човек (се разбира како Грк) и дека, наместо во Оксфорд, ќе се врати во својот темен Охрид, за конечно да се пресмета со елинофилството, затоа што длабоко во себе знае дека не е Грк“.

Андоновски додава и конечно, она прво „не“ на Грците, кога одбива сјајна кариера на студент во Оксфорд, Прличев им го повторува, во „културен“ стил, и на Бугарите.

Суштината е во онаа стилска мајсторија, првата подметната реченица: Лишен од секаков бугарски речник, оригинален во јазикот, стародревен во правописот… Никаде не сум прочитал поубава дефиниција за македонскиот јазик: 1. лишен од бугаризми, 2. оригинален и 3. стародревен! Прличев, наведувајќи во наниз сто други лажни причини за одбивањето, додека се сетат Бугарите, им кажува уште во првата реченица дека не е Бугарин, туку Македонец. Е затоа не го бараат ни Грците ни Бугарите. Би сакале да го заборават. И кога веќе Бугарите тврдат дека учителите на Прличев биле Бугари (а за нив тој се откажа од светска слава), зошто да не им го дадеме и ученикот? Со она негово тврдење дека е „лишен од секаков бугарски речник“. Би било убаво нашата комисија за заедничка историја на следниот состанок да им го понуди Прличев на Бугарите, а и на Грците. Да видиме малку како изгледа историски нервен слом на дело, пишува Андоновски.

Целата колумна за Григор Прличев на „Нова Македонија

The post Венко Андоновски: Зошто ни Грците ни Бугарите не го присвојуваат македонскиот Хомер? appeared first on Република.

]]>

Григор Прличев е најобразованиот и најталентираниот писател на македонскиот деветнаесетти век, трагична фигура на гениј без своја татковина и свој кодификуван јазик, како и сите наши преродбеници, пишува македонскиот писател Венко Андоновски во својата последна колумна за „Нова Македонија“. Објаснува како „вториот Хомер, Македонец од Охрид, нема да им подлегне на славата и на понудата да ги продолжи студиите во Западна Европа на грчка сметка, дека ќе ја одбие понудата да стане светски човек (се разбира како Грк) и дека, наместо во Оксфорд, ќе се врати во својот темен Охрид, за конечно да се пресмета со елинофилството, затоа што длабоко во себе знае дека не е Грк“. Андоновски додава и конечно, она прво „не“ на Грците, кога одбива сјајна кариера на студент во Оксфорд, Прличев им го повторува, во „културен“ стил, и на Бугарите.
Суштината е во онаа стилска мајсторија, првата подметната реченица: Лишен од секаков бугарски речник, оригинален во јазикот, стародревен во правописот… Никаде не сум прочитал поубава дефиниција за македонскиот јазик: 1. лишен од бугаризми, 2. оригинален и 3. стародревен! Прличев, наведувајќи во наниз сто други лажни причини за одбивањето, додека се сетат Бугарите, им кажува уште во првата реченица дека не е Бугарин, туку Македонец. Е затоа не го бараат ни Грците ни Бугарите. Би сакале да го заборават. И кога веќе Бугарите тврдат дека учителите на Прличев биле Бугари (а за нив тој се откажа од светска слава), зошто да не им го дадеме и ученикот? Со она негово тврдење дека е „лишен од секаков бугарски речник“. Би било убаво нашата комисија за заедничка историја на следниот состанок да им го понуди Прличев на Бугарите, а и на Грците. Да видиме малку како изгледа историски нервен слом на дело, пишува Андоновски.
Целата колумна за Григор Прличев на „Нова Македонија

The post Венко Андоновски: Зошто ни Грците ни Бугарите не го присвојуваат македонскиот Хомер? appeared first on Република.

]]>
Три македонски драми на Венко Андоновски, Ана Трпеноска и Марјан Анѓеловски меѓу најдобрите во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tri-makedonski-drami-na-venko-andonovski-ana-trpenoska-i-marjan-angjelovski-megju-najdobrite-vo-evropa/ Mon, 21 Mar 2022 11:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=476057

„Еуродрам“ – Европската мрежа за современа драма и превод го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2022 година. Меѓу нив се и три необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, „Јас, на некое друго место“ од Ана Трпеноска и „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски.

Од „Еуродрам“ информираат дека во конкуренција на 806 пријавени дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици се најдоа и 19 текстови напишани на македонски јазик. Изборот го направиле 335 членови од 27 посебни јазични комитети на „Еуродрам“.

Првонаградениот текст „Мачкина глава“ од Венко Андоновски е семејна драма сместена во една балканска неименувана паланка во која тече митско, а не историско време, иако дејството се случува денес, во време на електронски комуникации. Тоа е драма за тоталитарното мислење што ги контаминира семејните односи и се шири како глобална закана.

Венко Андоновски е прозаист, драмски писател и универзитетски професор, автор на 35 првоиздадени книги од различни жанрови и на 17 пиеси, кои се изведувани и наградувани во Македонија и во други земји.

Инспирирана од вистински настан, драмата „Јас на некое друго место“ од Ана Трпеноска ја обработува темата убивање на сопствените деца од страна на мајката, емигрантка од Балканот, која страда од депресија. Во едно нормално, навидум среќно семејство што живее во странство, за време на роденден се случува трагедија што ги разоткрива темите на отуѓеност, чувство на промашен живот, изместени вредности и притисок врз поединецот наметнат од конзумеристичкото општество.

Ана Трпеноска е драмска писателка што живее и работи во Виена. Дипломирала драматургија на ФДУ Скопје. Две нејзини драми се играни на сцената на МНТ во Скопје. За нејзиниот текст „5:17“ добила меѓународно признание од ИТИ Унеско во 2014 година, а игран е на Форумот за современа драматика во Атина.

„Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски е сатирична и апсурдна драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал, па минува низ пекол борејќи се во бирократските лавиринти на државниот систем да си го врати голиот живот.

Марјан Анѓеловски е автор на неколку драмски текстови и сценарист во телевизиските емисии „Фчерашни новости“ и „Еден на еден“.

„Еуродрам“ е европска мрежа за современа драма и превод, која опфаќа повеќе од 300 членови – театролози, критичари, драмски автори, преведувачи, режисери – организирани во 30 јазични комитети.

The post Три македонски драми на Венко Андоновски, Ана Трпеноска и Марјан Анѓеловски меѓу најдобрите во Европа appeared first on Република.

]]>

„Еуродрам“ – Европската мрежа за современа драма и превод го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2022 година. Меѓу нив се и три необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, „Јас, на некое друго место“ од Ана Трпеноска и „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски. Од „Еуродрам“ информираат дека во конкуренција на 806 пријавени дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици се најдоа и 19 текстови напишани на македонски јазик. Изборот го направиле 335 членови од 27 посебни јазични комитети на „Еуродрам“. Првонаградениот текст „Мачкина глава“ од Венко Андоновски е семејна драма сместена во една балканска неименувана паланка во која тече митско, а не историско време, иако дејството се случува денес, во време на електронски комуникации. Тоа е драма за тоталитарното мислење што ги контаминира семејните односи и се шири како глобална закана. Венко Андоновски е прозаист, драмски писател и универзитетски професор, автор на 35 првоиздадени книги од различни жанрови и на 17 пиеси, кои се изведувани и наградувани во Македонија и во други земји. Инспирирана од вистински настан, драмата „Јас на некое друго место“ од Ана Трпеноска ја обработува темата убивање на сопствените деца од страна на мајката, емигрантка од Балканот, која страда од депресија. Во едно нормално, навидум среќно семејство што живее во странство, за време на роденден се случува трагедија што ги разоткрива темите на отуѓеност, чувство на промашен живот, изместени вредности и притисок врз поединецот наметнат од конзумеристичкото општество. Ана Трпеноска е драмска писателка што живее и работи во Виена. Дипломирала драматургија на ФДУ Скопје. Две нејзини драми се играни на сцената на МНТ во Скопје. За нејзиниот текст „5:17“ добила меѓународно признание од ИТИ Унеско во 2014 година, а игран е на Форумот за современа драматика во Атина. „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски е сатирична и апсурдна драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал, па минува низ пекол борејќи се во бирократските лавиринти на државниот систем да си го врати голиот живот. Марјан Анѓеловски е автор на неколку драмски текстови и сценарист во телевизиските емисии „Фчерашни новости“ и „Еден на еден“. „Еуродрам“ е европска мрежа за современа драма и превод, која опфаќа повеќе од 300 членови – театролози, критичари, драмски автори, преведувачи, режисери – организирани во 30 јазични комитети.

The post Три македонски драми на Венко Андоновски, Ана Трпеноска и Марјан Анѓеловски меѓу најдобрите во Европа appeared first on Република.

]]>