венецуела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/venecuela/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 17:48:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png венецуела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/venecuela/ 32 32 САД ги осудија репресиите во Венецуела и прогонот на опозиционерот Едмондо Гонзалес Урутија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-gi-osudija-represiite-vo-venetsuela-i-progonot-na-opozitsionerot-edmondo-gonzales-urutija/ Mon, 09 Sep 2024 17:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=814747

САД ги осудија репрессите против опозициските активсти во Венецуела и заминувањето на претседателскиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија „директен резултат на антидемократските мерки на Николас Мадуро противрз венецуелскиот народ“, се вели во денешното соопштение од американскиот Стејт департмент.

САД силно ја осудуваат одлуката на Мадуро да користи репресии и заплашување за да се задржи на власт со сила, наместо да го признае поразот на изборите
-Пораката на Гонзалес Урутија за демократска обнова во Венецуела ги инспирираше надежите и стремежите на венецуелскиот народ и резултираше со моќен повик за промена на претседателските избори на 28 јули. Неговото заминување од Венецуела е директен резултат на антидемократските мерки кои Николас Мадуро ги спроведе врз венецуелскиот народ, вклучително и против Гонзалес Урутија и други опозициски лидери, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.

-На 28 јули, венецуелскиот народ јасно и недвосмислено ја изрази својата желба за демократски промени. Резултатите од изборите и волјата на народот не можат едноставно да бидат занемарени од страна на Мадуро и венецуелските изборни власти. Ние стоиме со Гонзалес Урутија во неговиот повик за продолжување на борбата за слобода и обновување на демократијата во Венецуела, рече Блинкен.
Додаде дека во изминатите шест недели Мадуро неправедно уапсил речиси две илјади Венецуелци, користел цензура и закани за да ја замолчи опозицијата и ги прекршил венецуелските закони за да остане на власт спротивно на волјата на венецуелскиот народ.

-Го повикуваме Мадуро да прекине со репресиите и веднаш да ги ослободи сите неправедно задржани. САД ќе продолжат да работат со нашите меѓународни партнери за да ги бранат демократските слободи во Венецуела и да ги повикаат одговорност Мадуро и неговите претставници за нивните постапки.

The post САД ги осудија репресиите во Венецуела и прогонот на опозиционерот Едмондо Гонзалес Урутија appeared first on Република.

]]>

САД ги осудија репрессите против опозициските активсти во Венецуела и заминувањето на претседателскиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија „директен резултат на антидемократските мерки на Николас Мадуро противрз венецуелскиот народ“, се вели во денешното соопштение од американскиот Стејт департмент. САД силно ја осудуваат одлуката на Мадуро да користи репресии и заплашување за да се задржи на власт со сила, наместо да го признае поразот на изборите -Пораката на Гонзалес Урутија за демократска обнова во Венецуела ги инспирираше надежите и стремежите на венецуелскиот народ и резултираше со моќен повик за промена на претседателските избори на 28 јули. Неговото заминување од Венецуела е директен резултат на антидемократските мерки кои Николас Мадуро ги спроведе врз венецуелскиот народ, вклучително и против Гонзалес Урутија и други опозициски лидери, изјави државниот секретар Ентони Блинкен. -На 28 јули, венецуелскиот народ јасно и недвосмислено ја изрази својата желба за демократски промени. Резултатите од изборите и волјата на народот не можат едноставно да бидат занемарени од страна на Мадуро и венецуелските изборни власти. Ние стоиме со Гонзалес Урутија во неговиот повик за продолжување на борбата за слобода и обновување на демократијата во Венецуела, рече Блинкен. Додаде дека во изминатите шест недели Мадуро неправедно уапсил речиси две илјади Венецуелци, користел цензура и закани за да ја замолчи опозицијата и ги прекршил венецуелските закони за да остане на власт спротивно на волјата на венецуелскиот народ. -Го повикуваме Мадуро да прекине со репресиите и веднаш да ги ослободи сите неправедно задржани. САД ќе продолжат да работат со нашите меѓународни партнери за да ги бранат демократските слободи во Венецуела и да ги повикаат одговорност Мадуро и неговите претставници за нивните постапки.

The post САД ги осудија репресиите во Венецуела и прогонот на опозиционерот Едмондо Гонзалес Урутија appeared first on Република.

]]>
Мадуро наложи годинава Божиќ во Венецуела да се слави на 1 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/maduro-nalozhi-godinava-bozhik-vo-venetsuela-da-se-slavi-na-1-oktomvri/ Wed, 04 Sep 2024 06:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=812903

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, најави дека Божиќ годинава ќе се одбележува одржи порано од вообичаено, а свеченостите ќе бидат на 1 октомври, пренесе ДПА.

Септември е и веќе мириса на Божиќ. Како благодарност до борбените луѓе, со декрет ќе го донесам Божиќ на 1 октомври, им рече Мадуро на приврзаниците на телевизија.

Ова не е прв пат Мадуро да презема ваков необичен потег за да го одвлече вниманието од проблемите на јужноамериканската земја.

За време на пандемијата на корона вирусот во 2020 година, тој прогласи Божиќ да се слави на 15 октомври, а следната година на 4 октомври.

Во тоа време, Мадуро објави видео од претседателската палата Мирафлорес украсена со новогодишни елки и божиќни украси. Социјалистичката влада традиционално дистрибуира пакети со храна во сиромашните населби во земјата за време на божиќниот период.

На претседателските избори на 28 јули Мадуро, кој е на власт од 2013 година, освои нов мандат.

The post Мадуро наложи годинава Божиќ во Венецуела да се слави на 1 октомври appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, најави дека Божиќ годинава ќе се одбележува одржи порано од вообичаено, а свеченостите ќе бидат на 1 октомври, пренесе ДПА.
Септември е и веќе мириса на Божиќ. Како благодарност до борбените луѓе, со декрет ќе го донесам Божиќ на 1 октомври, им рече Мадуро на приврзаниците на телевизија.
Ова не е прв пат Мадуро да презема ваков необичен потег за да го одвлече вниманието од проблемите на јужноамериканската земја. За време на пандемијата на корона вирусот во 2020 година, тој прогласи Божиќ да се слави на 15 октомври, а следната година на 4 октомври. Во тоа време, Мадуро објави видео од претседателската палата Мирафлорес украсена со новогодишни елки и божиќни украси. Социјалистичката влада традиционално дистрибуира пакети со храна во сиромашните населби во земјата за време на божиќниот период. На претседателските избори на 28 јули Мадуро, кој е на власт од 2013 година, освои нов мандат.

The post Мадуро наложи годинава Божиќ во Венецуела да се слави на 1 октомври appeared first on Република.

]]>
Во Венецуела масовни протести на опозицијата поради изборните резултати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-venetsuela-masovni-protesti-na-opozitsijata-poradi-izbornite-rezultati/ Sun, 18 Aug 2024 09:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=807634

Опозициските поддржувачи се собраа низ Венецуела на масовни протести поради, како што велат, спорната изборна победа на претседателот Николас Мадуро на претседателските избори минатиот месец.

Лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо им се придружи на илјадниците демонстранти во главниот град Каракас и им порача да не се плашат, јавува Би-Би-Си.

Мачадо беше во бегство откако беше обвинета за бунт, но таа се појави на протестите нагласувајќи дека „нема ништо над гласот на луѓето што зборувале“.

-Нема да ги напуштиме улиците!, им рече Мачадо на демонстрантите и повика на национални протести за да се зголеми притисокот врз Мадуро да го признае поразот на изборите.

Полицијата и војската беа распоредени во голем број во градовите бидејќи приврзаниците на Мадуро исто така организираа протести.

Изборната комисија соопшти дека Мадуро победил и освоил трет шестгодишен претседателски мандат, но опозицијата тврди дека нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес победил со голема разлика.

Говорејќи од непозната локација, Гонзалес рече дека е време за „уредна транзиција“, но изборната комисија одби да објави детални резултати, велејќи само дека Мадуро победил со 52 отсто од гласовите.

Од завршувањето на изборниот процес, се разгореа антивладините протести, а според властите, од 29 јули, кога беа објавени изборните резултати, се уапсени над 2.400 лица.

The post Во Венецуела масовни протести на опозицијата поради изборните резултати appeared first on Република.

]]>

Опозициските поддржувачи се собраа низ Венецуела на масовни протести поради, како што велат, спорната изборна победа на претседателот Николас Мадуро на претседателските избори минатиот месец. Лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо им се придружи на илјадниците демонстранти во главниот град Каракас и им порача да не се плашат, јавува Би-Би-Си. Мачадо беше во бегство откако беше обвинета за бунт, но таа се појави на протестите нагласувајќи дека „нема ништо над гласот на луѓето што зборувале“. -Нема да ги напуштиме улиците!, им рече Мачадо на демонстрантите и повика на национални протести за да се зголеми притисокот врз Мадуро да го признае поразот на изборите. Полицијата и војската беа распоредени во голем број во градовите бидејќи приврзаниците на Мадуро исто така организираа протести. Изборната комисија соопшти дека Мадуро победил и освоил трет шестгодишен претседателски мандат, но опозицијата тврди дека нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес победил со голема разлика. Говорејќи од непозната локација, Гонзалес рече дека е време за „уредна транзиција“, но изборната комисија одби да објави детални резултати, велејќи само дека Мадуро победил со 52 отсто од гласовите. Од завршувањето на изборниот процес, се разгореа антивладините протести, а според властите, од 29 јули, кога беа објавени изборните резултати, се уапсени над 2.400 лица.

The post Во Венецуела масовни протести на опозицијата поради изборните резултати appeared first on Република.

]]>
Венецуелската армија го отфрли повикот на опозицијата да ја поддржи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/venetsuelskata-armija-go-otfrli-povikot-na-opozitsijata-da-ja-poddrzhi/ Tue, 06 Aug 2024 19:26:38 +0000 https://republika.mk/?p=804050

Вооружените сили на Венецуела денеска го отфрлија повикот на опозицијата за поддршка, кој го сметаа за „очаен и бунтовен“, потврдувајќи ја нивната „апсолутна лојалност“ кон претседателот на земјата, Николас Мадуро, чиј реизбор на претседателските избори го оспорува опозицијата.

-Одлучно ги отфрламе очајните и бунтовничките предлози кои „се стремат да го нарушат нашето единство“, изјави министерот за одбрана, генерал Владимир Падрино, и додаде дека е потврдена „апсолутна лојалност кон граѓанинот Николас Мадуро, кој беше легитимно реизбран од народните власти“ за претседател на Венецуела.

Од друга страна, опозициската лидерка Марија Корина Мачадо ја осуди денеска „кампањата на терор“ во Венецуела, на позадината на големите апсења за време на демонстрациите што следеа по спорниот реизбор на Мадуро.

-Тие сакаат да не заплашат да не комуницираме, бидејќи ако бевме изолирани ќе бевме многу послаби, а тоа нема да се случи… Стравот нема да не парализира и нема да ги напуштиме улиците, вели таа во видеото објавено на социјалните мрежи.

The post Венецуелската армија го отфрли повикот на опозицијата да ја поддржи appeared first on Република.

]]>

Вооружените сили на Венецуела денеска го отфрлија повикот на опозицијата за поддршка, кој го сметаа за „очаен и бунтовен“, потврдувајќи ја нивната „апсолутна лојалност“ кон претседателот на земјата, Николас Мадуро, чиј реизбор на претседателските избори го оспорува опозицијата.
-Одлучно ги отфрламе очајните и бунтовничките предлози кои „се стремат да го нарушат нашето единство“, изјави министерот за одбрана, генерал Владимир Падрино, и додаде дека е потврдена „апсолутна лојалност кон граѓанинот Николас Мадуро, кој беше легитимно реизбран од народните власти“ за претседател на Венецуела.
Од друга страна, опозициската лидерка Марија Корина Мачадо ја осуди денеска „кампањата на терор“ во Венецуела, на позадината на големите апсења за време на демонстрациите што следеа по спорниот реизбор на Мадуро.
-Тие сакаат да не заплашат да не комуницираме, бидејќи ако бевме изолирани ќе бевме многу послаби, а тоа нема да се случи… Стравот нема да не парализира и нема да ги напуштиме улиците, вели таа во видеото објавено на социјалните мрежи.

The post Венецуелската армија го отфрли повикот на опозицијата да ја поддржи appeared first on Република.

]]>
Борел: Официјалните резултати од претседателските избори во Венецуела се делумни и непроверливи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-ofitsijalnite-rezultati-od-pretsedatelskite-izbori-vo-venetsuela-se-delumni-i-neproverlivi/ Wed, 31 Jul 2024 09:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=801937

Во демократски систем резултатите од изборите мора да бидат целосни и независно проверливи за да бидат признати, оцени високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во изјава по повод случувањата по претседателските избори во Венецуела одржани во неделата.

Националниот изборен совет на Венецуела (ЦНЕ) досега презентираше изборни резултати што одговараат само на 80 отсто од гласовите, без да обезбеди никаков извор или систем што би овозможил нивна верификација. Со овие делумни и непроверливи резултати, ЦНЕ го прогласи Николас Мадуро за победник на изборите. Дополнително, податоците што опозицијата и ги стави на располагање на јавноста даваат радикално поинаков резултат од оној што го објави ЦНЕ, наведува Борел.

Нагласувајќи дека со „голема загриженост“ ја следи ситуацијата во Венецуела по претседателските избори, Борел потенцира дека венецуелските власти мора да гарантираат транспарентност и интегритет на изборниот процес со независно проверување на официјалните записници од гласањето на избирачките места.

Европската Унија бара од ЦНЕ да обезбеди итен пристап до евиденцијата за гласање на сите избирачки места. Се додека записниците од гласањето не бидат објавени и потврдени, резултатите од изборите не може да бидат прифатени онака како што се објавени, порача Борел.

Според Борел, народот на Венецуела со години се соочува со невидена економска, политичка и социјална криза и единствено решение за излез од неа се избори.

Во овие тешки времиња, важно е демонстрациите и протестите да бидат мирни. Безбедносните сили мора да обезбедат целосно почитување на човековите права, особено правото на протест и правото на слобода на собирање, заклучува Борел во пораката.

Националниот изборен совет на Венецуела (ЦНЕ) го прогласи Мадуро за победник на изборите со освоени 51,2 отсто од гласовите, пред кандидатот за здружената опозиција Демократска унитарна платформа (ПУД), Едмундо Гонзалез со 44,2 проценти. Но, опозицијата ги отфрла ваквите резултати на ЦНЕ, во кој доминираат луѓе од Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (ПСУВ) на Мадуро, обвинувајќи за изборни измами и фалсификати. Според резултатите на ПУД, Гонзалез освоил 67,19 отсто, а Мадуро 30,44 проценти од гласовите.

Ваквите состојби доведоа до масовни протести на приврзаниците на опозицијата, во кои според невладината организација Форо Пенал загинале 11 лица, но и до контра-собири на поддржувачите на Мадуро.

The post Борел: Официјалните резултати од претседателските избори во Венецуела се делумни и непроверливи appeared first on Република.

]]>

Во демократски систем резултатите од изборите мора да бидат целосни и независно проверливи за да бидат признати, оцени високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во изјава по повод случувањата по претседателските избори во Венецуела одржани во неделата. Националниот изборен совет на Венецуела (ЦНЕ) досега презентираше изборни резултати што одговараат само на 80 отсто од гласовите, без да обезбеди никаков извор или систем што би овозможил нивна верификација. Со овие делумни и непроверливи резултати, ЦНЕ го прогласи Николас Мадуро за победник на изборите. Дополнително, податоците што опозицијата и ги стави на располагање на јавноста даваат радикално поинаков резултат од оној што го објави ЦНЕ, наведува Борел. Нагласувајќи дека со „голема загриженост“ ја следи ситуацијата во Венецуела по претседателските избори, Борел потенцира дека венецуелските власти мора да гарантираат транспарентност и интегритет на изборниот процес со независно проверување на официјалните записници од гласањето на избирачките места. Европската Унија бара од ЦНЕ да обезбеди итен пристап до евиденцијата за гласање на сите избирачки места. Се додека записниците од гласањето не бидат објавени и потврдени, резултатите од изборите не може да бидат прифатени онака како што се објавени, порача Борел. Според Борел, народот на Венецуела со години се соочува со невидена економска, политичка и социјална криза и единствено решение за излез од неа се избори. Во овие тешки времиња, важно е демонстрациите и протестите да бидат мирни. Безбедносните сили мора да обезбедат целосно почитување на човековите права, особено правото на протест и правото на слобода на собирање, заклучува Борел во пораката. Националниот изборен совет на Венецуела (ЦНЕ) го прогласи Мадуро за победник на изборите со освоени 51,2 отсто од гласовите, пред кандидатот за здружената опозиција Демократска унитарна платформа (ПУД), Едмундо Гонзалез со 44,2 проценти. Но, опозицијата ги отфрла ваквите резултати на ЦНЕ, во кој доминираат луѓе од Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (ПСУВ) на Мадуро, обвинувајќи за изборни измами и фалсификати. Според резултатите на ПУД, Гонзалез освоил 67,19 отсто, а Мадуро 30,44 проценти од гласовите. Ваквите состојби доведоа до масовни протести на приврзаниците на опозицијата, во кои според невладината организација Форо Пенал загинале 11 лица, но и до контра-собири на поддржувачите на Мадуро.

The post Борел: Официјалните резултати од претседателските избори во Венецуела се делумни и непроверливи appeared first on Република.

]]>
МВР: Од Венецуела нема барање за проверки од наша страна, македонските ИП-адреси не значат дека нападите се од тука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-od-venetsuela-nema-barane-za-proverki-od-nasha-strana-makedonskite-ip-adresi-ne-znachat-deka-napadite-se-od-tuka/ Tue, 30 Jul 2024 15:14:31 +0000 https://republika.mk/?p=801769

Министерството за внатрешни работи информира дека неговиот Сектор за компјутерски криминал ги следи случувањата во врска со обвинувањето од Венецуела за наводни хакерски напади од корисници на македонски ИП-адреси за време на нивните избори. Соопшти и дека од таа јужноамериканска држава досега не се пристигнати барања или информации за проверки што треба да ги направи нашето МВР.

-Во врска со објавите за наводни изјави од страна на властите во Венецуела дека за време на изборите кои биле одржани на 28 јули 2024 се случиле наводни хакерски, Ddos напади од корисници на македонски IP адреси,  Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал ги следи случувањата во однос на наводните обвинувања кон македонски државјани и, исто така, наведуваме дека до сега не се пристигнати никакви барања или информации во однос на горенаведеното од страна на властите во Венецуела за понатамошни проверки од наша страна, соопшти попладнево МВР.

Министерството укажува и дека „дури и појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад, не значи дека тие  изворно потекнуваат од Македонија“.

-По досегашното искуство може да информираме дека постои голема веројатност истите да користат ВПН (Виртуални приватни мрежи) или, пак, да се дел од поголема BotNet мрежа, односно да потекнуваат од таканаречени инфицирани зомби компјутери, кои се компромитирани од страна на хакери преку компјутерски вируси или  малициозен софтвер и истите можат да извршат зададени задачи далечински управувани од поединци или група на потенцијални хакери, наведува Министерството за внатрешни работи.

Во известувањето МВР посочува дека најчесто жртви на ваквите зомби компјутери се лица кои не знаат дека нивните компјутерски системи се инфицирани со малициозен софтвер.

-И без нивно знаење и согласност се вршат Ddos напади кои претставуваат злонамерен обид да се наруши нормалниот интернет сообраќај на зададениот сервер, сервис или мрежа за пристап до одредена цел во еден ист момент со цел нејзино блокирање, преоптоварување, додава МВР во соопштението.

The post МВР: Од Венецуела нема барање за проверки од наша страна, македонските ИП-адреси не значат дека нападите се од тука appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информира дека неговиот Сектор за компјутерски криминал ги следи случувањата во врска со обвинувањето од Венецуела за наводни хакерски напади од корисници на македонски ИП-адреси за време на нивните избори. Соопшти и дека од таа јужноамериканска држава досега не се пристигнати барања или информации за проверки што треба да ги направи нашето МВР.
-Во врска со објавите за наводни изјави од страна на властите во Венецуела дека за време на изборите кои биле одржани на 28 јули 2024 се случиле наводни хакерски, Ddos напади од корисници на македонски IP адреси,  Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал ги следи случувањата во однос на наводните обвинувања кон македонски државјани и, исто така, наведуваме дека до сега не се пристигнати никакви барања или информации во однос на горенаведеното од страна на властите во Венецуела за понатамошни проверки од наша страна, соопшти попладнево МВР.
Министерството укажува и дека „дури и појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад, не значи дека тие  изворно потекнуваат од Македонија“.
-По досегашното искуство може да информираме дека постои голема веројатност истите да користат ВПН (Виртуални приватни мрежи) или, пак, да се дел од поголема BotNet мрежа, односно да потекнуваат од таканаречени инфицирани зомби компјутери, кои се компромитирани од страна на хакери преку компјутерски вируси или  малициозен софтвер и истите можат да извршат зададени задачи далечински управувани од поединци или група на потенцијални хакери, наведува Министерството за внатрешни работи.
Во известувањето МВР посочува дека најчесто жртви на ваквите зомби компјутери се лица кои не знаат дека нивните компјутерски системи се инфицирани со малициозен софтвер.
-И без нивно знаење и согласност се вршат Ddos напади кои претставуваат злонамерен обид да се наруши нормалниот интернет сообраќај на зададениот сервер, сервис или мрежа за пристап до одредена цел во еден ист момент со цел нејзино блокирање, преоптоварување, додава МВР во соопштението.

The post МВР: Од Венецуела нема барање за проверки од наша страна, македонските ИП-адреси не значат дека нападите се од тука appeared first on Република.

]]>
Хакерски упад во изборниот систем на Венецуела од Македонија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hakerski-upad-vo-izborniot-sistem-na-venetsuela-od-makedonija/ Tue, 30 Jul 2024 06:49:42 +0000 https://republika.mk/?p=801488

Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, објави дека двајца обвинители се назначени за да го истражат хакерскиот обид што го претрпе венецуелскиот изборен систем оваа недела што го одложи објавувањето на резултатите, објави венецуелскиот весник „ Primicia“.

Обвинителот објасни дека напредокот на истрагата покажува дека група сајбер криминалци се обиделе да го хакираат системот за пренос наподатоци од Националниот изборен совет, кој го „забавил испраќањето записници за национален увид“, чиј напад бил извршен од  Македонија.

Сааб објасни дека намерата била да се манипулира со податоците добиени од CNE.
„За среќа, оваа акција не беше успешна, но го забави процесот и објавувањето на резултатите.

Сакаа да го фалсификуваат-дециден е обвинител.

На изборите во Венецуела победи Николас Мадуро.

Извор Primicia

The post Хакерски упад во изборниот систем на Венецуела од Македонија? appeared first on Република.

]]>

Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, објави дека двајца обвинители се назначени за да го истражат хакерскиот обид што го претрпе венецуелскиот изборен систем оваа недела што го одложи објавувањето на резултатите, објави венецуелскиот весник „ Primicia“. Обвинителот објасни дека напредокот на истрагата покажува дека група сајбер криминалци се обиделе да го хакираат системот за пренос наподатоци од Националниот изборен совет, кој го „забавил испраќањето записници за национален увид“, чиј напад бил извршен од  Македонија. Сааб објасни дека намерата била да се манипулира со податоците добиени од CNE. „За среќа, оваа акција не беше успешна, но го забави процесот и објавувањето на резултатите.
Сакаа да го фалсификуваат-дециден е обвинител.
На изборите во Венецуела победи Николас Мадуро. Извор Primicia

The post Хакерски упад во изборниот систем на Венецуела од Македонија? appeared first on Република.

]]>
Mадуро пак стана претседател на Венецуела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/maduro-pak-stana-pretsedatel-na-venetsuela/ Mon, 29 Jul 2024 07:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=801194

Николас Мадуро победи на претседателските избори во Венецуела и доби трет шестгодишен мандат со освоени 51,2 отсто од гласовите, објави Изборниот совет, по кампањата извалкана со тврдењата за заплашување на опозицијата и стравувањата од измама.

Елвис Аморосо, претседател на Изборниот совет, лојален на владата, изјави дека 44,2 отсто од гласовите му припаднале на опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија, кој водеше во предизборните и во излезните анкети

The post Mадуро пак стана претседател на Венецуела appeared first on Република.

]]>

Николас Мадуро победи на претседателските избори во Венецуела и доби трет шестгодишен мандат со освоени 51,2 отсто од гласовите, објави Изборниот совет, по кампањата извалкана со тврдењата за заплашување на опозицијата и стравувањата од измама. Елвис Аморосо, претседател на Изборниот совет, лојален на владата, изјави дека 44,2 отсто од гласовите му припаднале на опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија, кој водеше во предизборните и во излезните анкети

The post Mадуро пак стана претседател на Венецуела appeared first on Република.

]]>
Немаат платено членарина: Само две земји-членки на Обединетите нации немаат право на глас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nemaat-plateno-chlenarina-samo-dve-zemji-chlenki-na-obedinetite-natsii-nemaat-pravo-na-glas/ Thu, 30 May 2024 07:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=782981

Oд 193 членки на Обединетите нации само две членки немаат право на глас. Тоа се Авганистан и Венецуела. Тие завчера не учествуваа во гласањето за Резолуцијата за Сребреница иако можеа да учествуваат во расправата.

Причина за тоа што немаат платено членарина која е околу 50.000 долари годишно.

Авганистан е земја во општ хаос и со нема владеат Талибанците, а Венецуела е под санкции и нема како да плати.Долгот на Венецуела е десетина милиони долари бидејќи земјата е исклучена од речиси целиот платен промет со остатокот на светот.

The post Немаат платено членарина: Само две земји-членки на Обединетите нации немаат право на глас appeared first on Република.

]]>

Oд 193 членки на Обединетите нации само две членки немаат право на глас. Тоа се Авганистан и Венецуела. Тие завчера не учествуваа во гласањето за Резолуцијата за Сребреница иако можеа да учествуваат во расправата. Причина за тоа што немаат платено членарина која е околу 50.000 долари годишно. Авганистан е земја во општ хаос и со нема владеат Талибанците, а Венецуела е под санкции и нема како да плати.Долгот на Венецуела е десетина милиони долари бидејќи земјата е исклучена од речиси целиот платен промет со остатокот на светот.

The post Немаат платено членарина: Само две земји-членки на Обединетите нации немаат право на глас appeared first on Република.

]]>
Претседателски избори во Венецуела: Актер и пастор се меѓу противкандидатите на Мадуро https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelski-izbori-vo-venetsuela-akter-i-pastor-se-megu-protivkandidatite-na-maduro/ Mon, 25 Mar 2024 09:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=758466

Популарен актер и евангелистички пастор вчера ја објавија својата кандидатура за претседателските избори во Венецуела на 28 јули, пренесува Бета.

Двајцата изјавија дека се противници на владата, иако има сомнежи дека му се сојузници на актуелниот претседател Николас Мадуро.

Уште осум кандидати, кои се дефинираат за опозициски, се пријавија на претседателските избори, но традиционалната опозиција смета дека тие се обидуваат да го нарушат единството и да го поделат електоратот за да ја гарантираат победата на Мадуро.

Актерот Бенјамин Раусео (63), кој е поддржан од неговата партија Национална демократска конфедерација (ЦНД), веќе беше кандидат во 2006 година. На состанокот на партијата, која го прогласи за кандидат, Раусео оцени дека е способен да ги обедини граѓаните на Венецуела.

Пасторот Хавиер Бертучи, кој во моментов е пратеник, веќе беше кандидат во 2018 година на изборите на кои победи Мадуро.

Изборите во 2018 година беа бојкотирани од опозицијата, сметајќи ги за „лажни“, а не беа признати од САД и од Европската Унија, како и од други земји.

Бертучи (54) ја претстави својата „програма насочена кон обединување, толеранција, владеење и национален мир“.

Номинациите се затвораат денеска кога Мадуро, кој бара трет мандат, се очекува да ја поднесе својата кандидатура во име на владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела.

 

The post Претседателски избори во Венецуела: Актер и пастор се меѓу противкандидатите на Мадуро appeared first on Република.

]]>

Популарен актер и евангелистички пастор вчера ја објавија својата кандидатура за претседателските избори во Венецуела на 28 јули, пренесува Бета. Двајцата изјавија дека се противници на владата, иако има сомнежи дека му се сојузници на актуелниот претседател Николас Мадуро. Уште осум кандидати, кои се дефинираат за опозициски, се пријавија на претседателските избори, но традиционалната опозиција смета дека тие се обидуваат да го нарушат единството и да го поделат електоратот за да ја гарантираат победата на Мадуро. Актерот Бенјамин Раусео (63), кој е поддржан од неговата партија Национална демократска конфедерација (ЦНД), веќе беше кандидат во 2006 година. На состанокот на партијата, која го прогласи за кандидат, Раусео оцени дека е способен да ги обедини граѓаните на Венецуела. Пасторот Хавиер Бертучи, кој во моментов е пратеник, веќе беше кандидат во 2018 година на изборите на кои победи Мадуро. Изборите во 2018 година беа бојкотирани од опозицијата, сметајќи ги за „лажни“, а не беа признати од САД и од Европската Унија, како и од други земји. Бертучи (54) ја претстави својата „програма насочена кон обединување, толеранција, владеење и национален мир“. Номинациите се затвораат денеска кога Мадуро, кој бара трет мандат, се очекува да ја поднесе својата кандидатура во име на владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела.  

The post Претседателски избори во Венецуела: Актер и пастор се меѓу противкандидатите на Мадуро appeared first on Република.

]]>
Борис Џонсон тајно ја посетил Венецуела на разговори со Мадуро https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/boris-dhonson-tajno-ja-posetil-venetsuela-na-razgovori-so-maduro/ Sun, 10 Mar 2024 11:00:41 +0000 https://republika.mk/?p=753261

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон минатиот месец тајно отпатувал во Венецуела на неофицијални разговори со лидерот на таа земја Николас Мадуро, објавија британските медиуми.

Според извештаите, Џонсон разговарал со Мадуро за Русија и Украина, и покрај тоа што Велика Британија не ја признава легитимноста на владата на Мадуро.

Се вели дека разговорите меѓу Џонсон и Мадуро за војната во Украина дошле во услови на загриженост меѓу западните влади и разузнавачката заедница дека Венецуела би можела да и доставува оружје или друга воена помош на Русија.

Џонсон и венецуелскиот претседател разговарале и за условите за нормализирање на меѓудржавните односи, имајќи предвид дека Велика Британија не ја прифаќа легитимноста на 11-годишното владеење на Мадуро.

Од кабинетот на поранешниот британски премиер соопштија дека министерот за надворешни работи на Велика Британија Дејвид Камерон бил запознаен со посетата на Џонсон, а Џонсон за посетата разговарал и со Колин Дик, британскиот амбасадор во Венецуела.

Неименуван извор од Форин Офисот потврди дека Џонсон го информирал Камерон за средбата со Мадуро, велејќи дека станува збор за приватна посета и бидејќи тоа не е официјална средба „не се бара дозвола“.

Борис Џонсон се сретна со претставници на венецуелската влада со знаење на британскиот министер за надворешни работи за да ја нагласи потребата Венецуела да прифати соодветен демократски процес. Тој неколкупати јасно стави до знаење дека не може да има услови за нормализација на односите додека Венецуела целосно не ја прифати демократијата и почитувањето на територијалниот интегритет на соседите, изјави портпаролот на Борис Џонсон.

 

The post Борис Џонсон тајно ја посетил Венецуела на разговори со Мадуро appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон минатиот месец тајно отпатувал во Венецуела на неофицијални разговори со лидерот на таа земја Николас Мадуро, објавија британските медиуми. Според извештаите, Џонсон разговарал со Мадуро за Русија и Украина, и покрај тоа што Велика Британија не ја признава легитимноста на владата на Мадуро. Се вели дека разговорите меѓу Џонсон и Мадуро за војната во Украина дошле во услови на загриженост меѓу западните влади и разузнавачката заедница дека Венецуела би можела да и доставува оружје или друга воена помош на Русија. Џонсон и венецуелскиот претседател разговарале и за условите за нормализирање на меѓудржавните односи, имајќи предвид дека Велика Британија не ја прифаќа легитимноста на 11-годишното владеење на Мадуро. Од кабинетот на поранешниот британски премиер соопштија дека министерот за надворешни работи на Велика Британија Дејвид Камерон бил запознаен со посетата на Џонсон, а Џонсон за посетата разговарал и со Колин Дик, британскиот амбасадор во Венецуела. Неименуван извор од Форин Офисот потврди дека Џонсон го информирал Камерон за средбата со Мадуро, велејќи дека станува збор за приватна посета и бидејќи тоа не е официјална средба „не се бара дозвола“.
Борис Џонсон се сретна со претставници на венецуелската влада со знаење на британскиот министер за надворешни работи за да ја нагласи потребата Венецуела да прифати соодветен демократски процес. Тој неколкупати јасно стави до знаење дека не може да има услови за нормализација на односите додека Венецуела целосно не ја прифати демократијата и почитувањето на територијалниот интегритет на соседите, изјави портпаролот на Борис Џонсон.
 

The post Борис Џонсон тајно ја посетил Венецуела на разговори со Мадуро appeared first on Република.

]]>
Мадуро: Венецуела наскоро ќе се приклучи на БРИКС, стариот колонијален свет се заменува со нов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/maduro-venetsuela-naskoro-ke-se-prikluchi-na-briks-stariot-kolonijalen-svet-se-zamenuva-so-nov/ Sat, 24 Feb 2024 18:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=747667

Претседателот на Венецуела на националната телевизија најави дека неговата земја наскоро ќе се приклучи на групата земји БРИКС порачувајќи дека „стариот колонијален свет се заменува со нов“, како и дека тој свет „веќе постои и е неповратен“.

Трендот на појава на нов свет и консолидација на БРИКС е неповратен, а Венецуела наскоро ќе се приклучи на БРИКС, изјави Мадуро во програмата „Со Мадуро +“ .

Според него, „стариот колонијален свет со војни, интервенции, геноцид и комплекс на супериорност“ се заменува со „свет со БРИКС“.

Официјален Каракас изрази желба да стане член на БРИКС во 2023 година. Лидерот на Венецуела очекува дека тоа би можело да се случи на самитот на БРИКС што ќе се одржи во Русија во октомври 2024 година.

The post Мадуро: Венецуела наскоро ќе се приклучи на БРИКС, стариот колонијален свет се заменува со нов appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Венецуела на националната телевизија најави дека неговата земја наскоро ќе се приклучи на групата земји БРИКС порачувајќи дека „стариот колонијален свет се заменува со нов“, како и дека тој свет „веќе постои и е неповратен“.
Трендот на појава на нов свет и консолидација на БРИКС е неповратен, а Венецуела наскоро ќе се приклучи на БРИКС, изјави Мадуро во програмата „Со Мадуро +“ .
Според него, „стариот колонијален свет со војни, интервенции, геноцид и комплекс на супериорност“ се заменува со „свет со БРИКС“. Официјален Каракас изрази желба да стане член на БРИКС во 2023 година. Лидерот на Венецуела очекува дека тоа би можело да се случи на самитот на БРИКС што ќе се одржи во Русија во октомври 2024 година.

The post Мадуро: Венецуела наскоро ќе се приклучи на БРИКС, стариот колонијален свет се заменува со нов appeared first on Република.

]]>
Венецуела ја поддржува Аргентина во барањето Британија да и ги врати Фолкландските Острови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/venetsuela-ja-poddrzhuva-argentina-vo-baraneto-britanija-da-i-gi-vrati-folklandskite-ostrovi/ Thu, 04 Jan 2024 22:03:21 +0000 https://republika.mk/?p=729688

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Гил, изјави дека неговата држава го поддржува ставот на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи дека Велика Британија треба да и ги врати Малвините (Фокландските Острови) на Аргентина.

Венецуела ја декларира својата силна поддршка за легитимното барање на аргентинскиот народ во однос на Малвинските острови, нелегално окупирани од поранешната Британска империја веќе 191 година.

 

Како што Есекибо е територија на Венецуела, така и Малвинските Острови се аргентински! Правата на нашите територии се неограничени и нема да се откажеме од нив.

 

Денес е неопходно да се почитува меѓународното право и да се најде мирно и праведно решение за овие проблеми, порача венецуеланскиот министер.

The post Венецуела ја поддржува Аргентина во барањето Британија да и ги врати Фолкландските Острови appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Гил, изјави дека неговата држава го поддржува ставот на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи дека Велика Британија треба да и ги врати Малвините (Фокландските Острови) на Аргентина.
Венецуела ја декларира својата силна поддршка за легитимното барање на аргентинскиот народ во однос на Малвинските острови, нелегално окупирани од поранешната Британска империја веќе 191 година.   Како што Есекибо е територија на Венецуела, така и Малвинските Острови се аргентински! Правата на нашите територии се неограничени и нема да се откажеме од нив.   Денес е неопходно да се почитува меѓународното право и да се најде мирно и праведно решение за овие проблеми, порача венецуеланскиот министер.

The post Венецуела ја поддржува Аргентина во барањето Британија да и ги врати Фолкландските Острови appeared first on Република.

]]>
Велика Британија ќе испрати воен брод во Гвајана поради страв од воена интервенција на Венецуела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-ke-isprati-voen-brod-vo-gvajana-poradi-strav-od-voena-interventsija-na-venetsuela/ Mon, 25 Dec 2023 17:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=726250

Велика Британија се подготвува да испрати воен брод во Гвајана во знак на дипломатска и воена поддршка за поранешната британска колонија, дознава Би-Би-Си.

Ваквата одлука доаѓа откако соседна Венецуела го обнови своето право на спорниот дел од територијата на Гвајана, која е богата со нафта и минерали.

Британското министерствоза одбрана потврдило дека бродот „ХМС Трент“ ќе учествува во заеднички вежби по Божиќ.

Гвајана, членка на Комонвелтот, е единствената нација во Јужна Америка каде што се зборува на англиски јазик.

„ХМС Трент“ - крајбрежен патролен брод - беше распореден на Карибите за да лови шверцери на дрога, но сега е прераспределен откако владата на Венецуела, претходно овој месец се закани дека ќе го анектира регионот Есекибо во Гвајана.

Ова ги зголеми стравувањата дека Венецуела би можела да примени воени средства и да ја предизвика првата меѓудржавна војна во Јужна Америка од конфликтот на Фокландите во 1982 година, во која учествуваа Велика Британија и Аргентина.

Венецуела долго време тврди дека е сопственост на Есекибо, регион од 100.000 квадратни километри што сочинува околу две третини од Гвајана.

Нејзините ридови и џунгли се богати со злато, дијаманти и боксит, додека на брегот се пронајдени огромни наоѓалишта на нафта.

The post Велика Британија ќе испрати воен брод во Гвајана поради страв од воена интервенција на Венецуела appeared first on Република.

]]>

Велика Британија се подготвува да испрати воен брод во Гвајана во знак на дипломатска и воена поддршка за поранешната британска колонија, дознава Би-Би-Си. Ваквата одлука доаѓа откако соседна Венецуела го обнови своето право на спорниот дел од територијата на Гвајана, која е богата со нафта и минерали. Британското министерствоза одбрана потврдило дека бродот „ХМС Трент“ ќе учествува во заеднички вежби по Божиќ. Гвајана, членка на Комонвелтот, е единствената нација во Јужна Америка каде што се зборува на англиски јазик. „ХМС Трент“ - крајбрежен патролен брод - беше распореден на Карибите за да лови шверцери на дрога, но сега е прераспределен откако владата на Венецуела, претходно овој месец се закани дека ќе го анектира регионот Есекибо во Гвајана. Ова ги зголеми стравувањата дека Венецуела би можела да примени воени средства и да ја предизвика првата меѓудржавна војна во Јужна Америка од конфликтот на Фокландите во 1982 година, во која учествуваа Велика Британија и Аргентина. Венецуела долго време тврди дека е сопственост на Есекибо, регион од 100.000 квадратни километри што сочинува околу две третини од Гвајана. Нејзините ридови и џунгли се богати со злато, дијаманти и боксит, додека на брегот се пронајдени огромни наоѓалишта на нафта.

The post Велика Британија ќе испрати воен брод во Гвајана поради страв од воена интервенција на Венецуела appeared first on Република.

]]>
Најмалку 12 рудари загинаа при уривање на рудник за злато во Венецуела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-12-rudari-zaginaa-pri-urivane-na-rudnik-za-zlato-vo-venetsuela/ Sun, 10 Dec 2023 18:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=721530

Најмалку 12 лица загинаа при уривање на рудник во југоисточна Венецуела, соопштија денеска венецуелските власти.

Свлечиште го погоди во средата рудникот Параиба де Сан Хозе де Вадамапа во близина на градот Икабара во венецуелската држава Воливар Боливар, во близина на границата со Бразил.

Венецуелската агенција за управување со ризици и цивилна заштита во објава на „Х“ соопшти дека обезбедува храна, вода и лекови за погодените од несреќата, а во исто време го координирала трансферот на телата на жртвите во Порто Ордаз, на околу 700 километри северно.

The post Најмалку 12 рудари загинаа при уривање на рудник за злато во Венецуела appeared first on Република.

]]>

Најмалку 12 лица загинаа при уривање на рудник во југоисточна Венецуела, соопштија денеска венецуелските власти. Свлечиште го погоди во средата рудникот Параиба де Сан Хозе де Вадамапа во близина на градот Икабара во венецуелската држава Воливар Боливар, во близина на границата со Бразил. Венецуелската агенција за управување со ризици и цивилна заштита во објава на „Х“ соопшти дека обезбедува храна, вода и лекови за погодените од несреќата, а во исто време го координирала трансферот на телата на жртвите во Порто Ордаз, на околу 700 километри северно.

The post Најмалку 12 рудари загинаа при уривање на рудник за злато во Венецуела appeared first on Република.

]]>
Бразил распоредува војска на границата со Венецуела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brazil-rasporeduva-vojska-na-granitsata-so-venetsuela/ Thu, 07 Dec 2023 09:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=720625

Бразил соопшти дека распоредува војници долж границата со Венецуела, откако венецуелската Влада ги објави плановите за инкорпорирање на областите контролирани од Гвајана во својата територија.

Регионот Есекибо богат со нафта е спорен уште од 19 век, кога Гвајана беше британска колонија.

Венецуела го обнови своето право на оваа територија откако пред неколку години во неа беа откриени резерви на нафта и гас во морето.

Тензиите особено се зголемија по неделниот референдум во Венецуела, во кој над 95 отсто од гласачите го поддржаа тврдењето на владата за Есекибо, јавува Би-Би-Си.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро веднаш побара државната нафтена компанија да издаде дозволи за ископување во оваа територија и предложи Националното собрание да донесе закон со кој областа ќе биде дел од Венецуела. Со ваквите потези тој предизвика загриженост во целиот регион.

Додека Гвајана има свои војници на готовност, бразилската војска соопшти дека преместува повеќе војници во пограничниот град Боа Виста, главен град на сојузната држава Рораима, како и дека носи дополнителни воени возила. Меѓутоа, секој воен упад од страна на Венецуела ќе биде логистички предизвик бидејќи венецуелските војници ќе мора да поминат низ бразилска територија поради тешкиот терен на други места.

Бразилската армија нагласила дека го зајакнува своето присуство во регионот како дел од напорите „да се гарантира неповредливоста на територијата“.

Хеликоптер на војската на Гвајана, со седум лица, е пријавен за исчезнат во близина на границата со Венецуела. Меѓутоа, началникот на Генералштабот на армијата на Гвајана, Омар Кан, изјави дека „нема информации што укажуваат на тоа дека Венецуела е вмешана во инцидентот“.

The post Бразил распоредува војска на границата со Венецуела appeared first on Република.

]]>

Бразил соопшти дека распоредува војници долж границата со Венецуела, откако венецуелската Влада ги објави плановите за инкорпорирање на областите контролирани од Гвајана во својата територија. Регионот Есекибо богат со нафта е спорен уште од 19 век, кога Гвајана беше британска колонија. Венецуела го обнови своето право на оваа територија откако пред неколку години во неа беа откриени резерви на нафта и гас во морето. Тензиите особено се зголемија по неделниот референдум во Венецуела, во кој над 95 отсто од гласачите го поддржаа тврдењето на владата за Есекибо, јавува Би-Би-Си. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро веднаш побара државната нафтена компанија да издаде дозволи за ископување во оваа територија и предложи Националното собрание да донесе закон со кој областа ќе биде дел од Венецуела. Со ваквите потези тој предизвика загриженост во целиот регион. Додека Гвајана има свои војници на готовност, бразилската војска соопшти дека преместува повеќе војници во пограничниот град Боа Виста, главен град на сојузната држава Рораима, како и дека носи дополнителни воени возила. Меѓутоа, секој воен упад од страна на Венецуела ќе биде логистички предизвик бидејќи венецуелските војници ќе мора да поминат низ бразилска територија поради тешкиот терен на други места. Бразилската армија нагласила дека го зајакнува своето присуство во регионот како дел од напорите „да се гарантира неповредливоста на територијата“. Хеликоптер на војската на Гвајана, со седум лица, е пријавен за исчезнат во близина на границата со Венецуела. Меѓутоа, началникот на Генералштабот на армијата на Гвајана, Омар Кан, изјави дека „нема информации што укажуваат на тоа дека Венецуела е вмешана во инцидентот“.

The post Бразил распоредува војска на границата со Венецуела appeared first on Република.

]]>
Венецуелците првпат станаа најбројна националност при нелегални преминувања во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/venetsueltsite-prvpat-stanaa-najbrojna-natsionalnost-pri-nelegalni-preminuvana-vo-sad/ Mon, 23 Oct 2023 07:38:49 +0000 https://republika.mk/?p=694059

Венецуелците за првпат ги надминаа Мексиканците како најбројна националност задржана при нелегални преминувања на границите на САД, покажуваат податоците објавени викендов од Гранично-царинската управа на САД.

Бројките исто така покажуваат дека септември бил втор месец по бројност на задржувања од сите националности.

При влез од Мексико во САД од граничните патроли во септември биле уапсени 54.833 Венецуелци, двојно повеќе од 22.090 апсења во август и многу повеќе од 33.749 апсења во септември 2022 година.

Вкупниот број апсења при нелегален влез од Мексико во САД во септември се искачил до 218.763 или 21 отсто повеќе од 181.084 во август, приближувајќи се до највисоката бројка од 222.018 апсења во декември 2022 година.

За фискалната 2023 година која завршува на 30 септември биле извршени 2 милиони задржувања на нелегани имигранти или 7 отсто помалку од 2.2 милиони за претходниот годишен период.

Венецуела е во политичка, економска и хуманитарна криза веќе цела деценија што принуди над седум милиони луѓе да ја напуштат земјата. Првично тие беа сместувани во соседните земји, но во изминатите три години започнаа да доаѓаат и во САД, сместувајќи се во Њујорк, Чикаго и другите големи градови.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден неодамна најави дека ќе овозможи привремен легален статус на речиси 500.000 Венецуелци кои пристигнале во САД пред 31 јули 2023 година, но предупреди дека ќе ги депортира сите оние кои пристигнале нелегало по таа дата и не добиле азил.

На почетокот на октомври САД започнаа со депортации со авионски летови за Венецуела, дел од договорот за дипломатско размрзнување на односите со владата на Николас Мадуро, кој со години се сметаше за противник на САД.

- Постојано сме ангажирани со домашни и странски партнери да се справиме со историската хемисферска имиграција, вклучувајќи големи имигрантски групи кои патуваат со товарни возови и ги засилуваме напорите вклучувајќи подготовки за директна репатријација на Венецуелците, изјави Трој Милер, вршител на должноста комесар на Гранично-царинската управа.

 

The post Венецуелците првпат станаа најбројна националност при нелегални преминувања во САД appeared first on Република.

]]>

Венецуелците за првпат ги надминаа Мексиканците како најбројна националност задржана при нелегални преминувања на границите на САД, покажуваат податоците објавени викендов од Гранично-царинската управа на САД. Бројките исто така покажуваат дека септември бил втор месец по бројност на задржувања од сите националности. При влез од Мексико во САД од граничните патроли во септември биле уапсени 54.833 Венецуелци, двојно повеќе од 22.090 апсења во август и многу повеќе од 33.749 апсења во септември 2022 година. Вкупниот број апсења при нелегален влез од Мексико во САД во септември се искачил до 218.763 или 21 отсто повеќе од 181.084 во август, приближувајќи се до највисоката бројка од 222.018 апсења во декември 2022 година. За фискалната 2023 година која завршува на 30 септември биле извршени 2 милиони задржувања на нелегани имигранти или 7 отсто помалку од 2.2 милиони за претходниот годишен период. Венецуела е во политичка, економска и хуманитарна криза веќе цела деценија што принуди над седум милиони луѓе да ја напуштат земјата. Првично тие беа сместувани во соседните земји, но во изминатите три години започнаа да доаѓаат и во САД, сместувајќи се во Њујорк, Чикаго и другите големи градови. Администрацијата на претседателот Џо Бајден неодамна најави дека ќе овозможи привремен легален статус на речиси 500.000 Венецуелци кои пристигнале во САД пред 31 јули 2023 година, но предупреди дека ќе ги депортира сите оние кои пристигнале нелегало по таа дата и не добиле азил. На почетокот на октомври САД започнаа со депортации со авионски летови за Венецуела, дел од договорот за дипломатско размрзнување на односите со владата на Николас Мадуро, кој со години се сметаше за противник на САД. - Постојано сме ангажирани со домашни и странски партнери да се справиме со историската хемисферска имиграција, вклучувајќи големи имигрантски групи кои патуваат со товарни возови и ги засилуваме напорите вклучувајќи подготовки за директна репатријација на Венецуелците, изјави Трој Милер, вршител на должноста комесар на Гранично-царинската управа.  

The post Венецуелците првпат станаа најбројна националност при нелегални преминувања во САД appeared first on Република.

]]>
САД ги ублажува нафтените санкции против Венецуела https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sad-gi-ublazhuva-naftenite-sanktsii-protiv-venetsuela/ Thu, 19 Oct 2023 11:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=692825

Соединетите Американски Држави ќе ги ублажат санкциите против Венецуела откако владата и опозицијата во јужноамериканската земја се договорија меѓународните набљудувачи да ги следат изборите следната година. Олеснувањето на санкциите се однесува на секторот за нафта, гас и злато.

Изборите во Венецуела се закажани за втората половина на 2024 година. Остануваат и другите санкции наметнати поради задушувањето на протестите и колапсот на демократијата.

Вашингтон предупреди дека рестриктивните мерки би можеле да бидат вратени доколку изборниот договор не успее.

Со новата дозвола, издадена од Министерството за финансии на САД, Венецуела, која е под тешки санкции од 2019 година, може да произведува и извезува нафта на одредени пазари во следните шест месеци.

До кога ќе важи ублажувањето на мерките во секторот злато засега не се знае.

-Каракас мора да „дефинира конкретна временска рамка за враќање на сите кандидати на работа“ до крајот на ноември. Секој што сака да се кандидира за претседател треба да ја добие таа можност, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Блинкен повика и на ослободување на „сите незаконски приведени американски државјани и венецуелски политички затвореници“.

Договорот меѓу владата на Венецуела и опозицијата беше потпишан во вторникот на Барбадос.

Меѓу договорените точки е и ветувањето дека сите кандидати ќе имаат пристап до јавните и приватните медиуми, а им се гарантира слободно и безбедно движење низ целата земја.

Двете страни се согласија да ги ажурираат избирачките списоци, како во самата земја, така и надвор од неа, за да можат милионите Венецуелци кои емигрирале да го остварат своето право на глас. Она што не можат да се договорат е дали договорот го исклучува учеството на опозициската лидерка Марија Корина Маќадо.

Администрацијата на Доналд Трамп воведе остри санкции кон Венецуела за да ја казни владата на претседателот Николас Мадуро по неговиот реизбор во 2018 година, што САД го сметаат за „нелегитимно“.

По доаѓањето на Џозеф Бајден на претседателската функција, односите меѓу Вашингтон и Каракас се подобрија.

The post САД ги ублажува нафтените санкции против Венецуела appeared first on Република.

]]>

Соединетите Американски Држави ќе ги ублажат санкциите против Венецуела откако владата и опозицијата во јужноамериканската земја се договорија меѓународните набљудувачи да ги следат изборите следната година. Олеснувањето на санкциите се однесува на секторот за нафта, гас и злато. Изборите во Венецуела се закажани за втората половина на 2024 година. Остануваат и другите санкции наметнати поради задушувањето на протестите и колапсот на демократијата. Вашингтон предупреди дека рестриктивните мерки би можеле да бидат вратени доколку изборниот договор не успее. Со новата дозвола, издадена од Министерството за финансии на САД, Венецуела, која е под тешки санкции од 2019 година, може да произведува и извезува нафта на одредени пазари во следните шест месеци. До кога ќе важи ублажувањето на мерките во секторот злато засега не се знае. -Каракас мора да „дефинира конкретна временска рамка за враќање на сите кандидати на работа“ до крајот на ноември. Секој што сака да се кандидира за претседател треба да ја добие таа можност, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Блинкен повика и на ослободување на „сите незаконски приведени американски државјани и венецуелски политички затвореници“. Договорот меѓу владата на Венецуела и опозицијата беше потпишан во вторникот на Барбадос. Меѓу договорените точки е и ветувањето дека сите кандидати ќе имаат пристап до јавните и приватните медиуми, а им се гарантира слободно и безбедно движење низ целата земја. Двете страни се согласија да ги ажурираат избирачките списоци, како во самата земја, така и надвор од неа, за да можат милионите Венецуелци кои емигрирале да го остварат своето право на глас. Она што не можат да се договорат е дали договорот го исклучува учеството на опозициската лидерка Марија Корина Маќадо. Администрацијата на Доналд Трамп воведе остри санкции кон Венецуела за да ја казни владата на претседателот Николас Мадуро по неговиот реизбор во 2018 година, што САД го сметаат за „нелегитимно“. По доаѓањето на Џозеф Бајден на претседателската функција, односите меѓу Вашингтон и Каракас се подобрија.

The post САД ги ублажува нафтените санкции против Венецуела appeared first on Република.

]]>
Експерти на ОН предупредуваат дека има пораст на политичките притисоци во Венецуела пред претседателските избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eksperti-na-on-predupreduvaat-deka-ima-porast-na-politichkite-pritisotsi-vo-venetsuela-pred-pretsedatelskite-izbori/ Wed, 20 Sep 2023 14:48:34 +0000 https://republika.mk/?p=683517

Експерти за човекови права на ОН посочија дека венецуелската Влада ги интензивирала напорите за ограничување на демократските слободи користејќи закани, надзор и малтретирање пред претседателските избори што ќе се одржат следната година.

Меѓународната мисија за утврдување факти, назначена од Советот за човекови права на Обединетите нации, во својот најнов извештај нотира дека насилната репресија што траеше од 2017 година беше олеснета од 2019 година, пред се, поради избувнувањето на епидемијата „Ковид-19“, но дека политичкиот притисок повторно се зголемува пред претседателските избори во 2024 година.

Тие посочуваат дека на тројца кандидати на опозициската Унитарна платформа: Енрико Каприлес, Марија Корина Мачада и Фреди Суперлан, им е забрането учество на изборите, додека на други истакнати личности веќе им е забрането да извршуваат политички функции.

Експертите наведуваат дека владата ја ограничила работата на застапниците за човекови права, синдикатите, медиумите и политичките партии со надеж дека ќе ја „замолчи, обесхрабри и задуши“ секоја опозиција во земјата.

Една од членките на мисијата, Патриша Тапата Валдес, изјави дека недостатокот на независност на судските и изборните власти „ја задушува политичката дебата“.

Опозициските фракции одржуваат политички прелиминарни избори и покрај ограничувањата на изборниот процес, за кој независните набљудувачи велат дека ја фаворизира партијата на Мадуро.

Во Венецуела владее економска криза и висока инфлација, поради што повеќе од 7,3 милиони луѓе ја напуштиле земјата.

The post Експерти на ОН предупредуваат дека има пораст на политичките притисоци во Венецуела пред претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Експерти за човекови права на ОН посочија дека венецуелската Влада ги интензивирала напорите за ограничување на демократските слободи користејќи закани, надзор и малтретирање пред претседателските избори што ќе се одржат следната година. Меѓународната мисија за утврдување факти, назначена од Советот за човекови права на Обединетите нации, во својот најнов извештај нотира дека насилната репресија што траеше од 2017 година беше олеснета од 2019 година, пред се, поради избувнувањето на епидемијата „Ковид-19“, но дека политичкиот притисок повторно се зголемува пред претседателските избори во 2024 година. Тие посочуваат дека на тројца кандидати на опозициската Унитарна платформа: Енрико Каприлес, Марија Корина Мачада и Фреди Суперлан, им е забрането учество на изборите, додека на други истакнати личности веќе им е забрането да извршуваат политички функции. Експертите наведуваат дека владата ја ограничила работата на застапниците за човекови права, синдикатите, медиумите и политичките партии со надеж дека ќе ја „замолчи, обесхрабри и задуши“ секоја опозиција во земјата. Една од членките на мисијата, Патриша Тапата Валдес, изјави дека недостатокот на независност на судските и изборните власти „ја задушува политичката дебата“. Опозициските фракции одржуваат политички прелиминарни избори и покрај ограничувањата на изборниот процес, за кој независните набљудувачи велат дека ја фаворизира партијата на Мадуро. Во Венецуела владее економска криза и висока инфлација, поради што повеќе од 7,3 милиони луѓе ја напуштиле земјата.

The post Експерти на ОН предупредуваат дека има пораст на политичките притисоци во Венецуела пред претседателските избори appeared first on Република.

]]>
Венецуела се надева дека новата сорта специјално кафе ќе и го олесни излегувањето од кризата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/venetsuela-se-nadeva-deka-novata-sorta-spetsijalno-kafe-ke-i-go-olesni-izleguvaneto-od-krizata/ Thu, 03 Aug 2023 08:54:37 +0000 https://republika.mk/?p=668168

Плантажите со кафе во Венецуела повторно оживеаја благодарение на новата сорта која ги исполнува условите за ознака за специјално кафе и го наоѓа својот пат и до љубителите на кафе во странство.

Сортата Монте Кларо, варијанта Арабика, беше развиена од Националниот институт за земјоделски истражувања (ИНИА) на Венецуела во текот на 40 години истражување, рече агрономот Билал Ел Ајуби.

Производството на кафе во Венецуела е намалено за повеќе од 60 отсто во последните 20 години, според здружението на фармери Федеагро. Во 2022 година биле произведени само 383.000 вреќи со кафе од 60 килограми. Регионалните гиганти Бразил и Колумбија произведоа 11,08 милиони и 37,43 милиони вреќи Арабика.

На јулскиот натпревар во Каракас, Монте Кларо го освои првото место меѓу 186 примероци кафе од Венецуела и поширокиот регион, со оценка 90,11 од 100, што значи дека ги исполнува условите за ознака за исклучителна сорта кафе. Кафето го оценуваа 26 меѓународни дегустатори од земјите производители, вклучувајќи ги Колумбија, Никарагва, САД и Перу.

The post Венецуела се надева дека новата сорта специјално кафе ќе и го олесни излегувањето од кризата appeared first on Република.

]]>

Плантажите со кафе во Венецуела повторно оживеаја благодарение на новата сорта која ги исполнува условите за ознака за специјално кафе и го наоѓа својот пат и до љубителите на кафе во странство. Сортата Монте Кларо, варијанта Арабика, беше развиена од Националниот институт за земјоделски истражувања (ИНИА) на Венецуела во текот на 40 години истражување, рече агрономот Билал Ел Ајуби. Производството на кафе во Венецуела е намалено за повеќе од 60 отсто во последните 20 години, според здружението на фармери Федеагро. Во 2022 година биле произведени само 383.000 вреќи со кафе од 60 килограми. Регионалните гиганти Бразил и Колумбија произведоа 11,08 милиони и 37,43 милиони вреќи Арабика. На јулскиот натпревар во Каракас, Монте Кларо го освои првото место меѓу 186 примероци кафе од Венецуела и поширокиот регион, со оценка 90,11 од 100, што значи дека ги исполнува условите за ознака за исклучителна сорта кафе. Кафето го оценуваа 26 меѓународни дегустатори од земјите производители, вклучувајќи ги Колумбија, Никарагва, САД и Перу.

The post Венецуела се надева дека новата сорта специјално кафе ќе и го олесни излегувањето од кризата appeared first on Република.

]]>