Венецијанска комисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/venecijanska-komisija/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 16:16:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Венецијанска комисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/venecijanska-komisija/ 32 32 Изет Меџити до ДУИ: Вие го испративте Законот за јазици во Венецијанската комисија и ова е факт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izet-medhiti-do-dui-vie-go-isprativte-zakonot-za-jazitsi-vo-venetsijanskata-komisija-i-ova-e-fakt/ Thu, 21 Nov 2024 16:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=840446

Изет Меџити со одговор до ДУИ да не се измешаат работите, бидејќи тоа што имало унапредување во употребата на албанскиот јазик никој тоа не го негира.

- Дека членовите на Уставниот суд се избрани од вас и ова е факт, дека законот сте го испратиле во Венецијанската комисија и ова е факт. Јавните изјави од вашите министри во последните четири години беа во таа линија дека ќе се апсолвираат забелешките на Венецијанската комисија и за овие забелешки, каде што ги спомнавме и дека не беа спроведени, иако во тој Закон немаше банкноти и тие работи што беа проблематични и униформите немаше спроведување на овој Закон. Околу балансерот вашите министри дадоа мислење и тие се идентични со овие уставни судии, кои се на иста линија, вели Меџити.

Тој посочи дека не може да бараат нешто да се реши за три месеци, кога не е решено 20 години.

-Не може нешто да се реши кога Владата беше зависна од вас, особено последната власт, мандатот го потрошивте за да не ја унапредите употребата на албанскиот јазик, туку мандатот го потрошивте за оној кој ја водеше Владата за развој на казино и другите бизнис, а правдата и судот ќе го кажат своето, изјави Меџити.

The post Изет Меџити до ДУИ: Вие го испративте Законот за јазици во Венецијанската комисија и ова е факт appeared first on Република.

]]>

Meџити не се плаши законoт за правична застапеност да оди пред Венецијанската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-ne-se-plashi-zakon-za-pravichna-zastapenost-da-odi-pred-venetsijanskata-komisija/ Mon, 14 Oct 2024 12:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=826655

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити се согласува нацрт законот за правична застапеност да биде испратен до Венецијанската комисија пред да се донесе, за, како што вели, да се избегнат половични решенија.

-Законот, зошто да не. Добро е драфт законот да оди за да биде се чисто и на крај да не испадне како сегашните закони коишто се половични и затоа се проблематични, како Законот за јазиците, со балансерот. Немаме против тоа, а што ќе содржи не можам да кажам. Но, можам да ви кажам дека ќе има јавна дебата кај што ќе се инволвираат инклузивно и академци од сите универзитети, стручни професионалци од таа сфера се во функција да биде најдобро решение и решение кое не може утре, задутре да се оспори од некој. Значи, мора да внимаваме на уставната категорија правична застапеност, но, воедно да не дојдеме во судир со Уставот и пак утре-задутре да ни се случи оваа ситуација, вели Меџити на новинарско прашање.

Прашан кога очекува да биде подготвена драфт верзијата, тој вели дека се работи на тоа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ne-se-nadeva-deka-noviot-zakon-shto-treba-da-go-zameni-balanserot-ke-padne-pred-venetsijanskata-komisija/

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска изјави дека до Владата досега не е пристигнато предлог решение за правична застапеност откако Уставниот суд го укина Балансерот. Митева вели дека прашањето е отворено и дека ќе се разговара во рамки на коалицијата и ќе се отвори широка дебата. Ставот на Владата е пред да се донесе законското решение, да биде испратено до Венецијанската комисија.

-  Во овој момент нема такво решение коешто е проследено до Владата, ниту на владина седница и за истото веднаш штом се создаде можноста, јавноста ќе биде информирана. Во однос на Балансерот којшто е укинат веќе го кажавме ставот дека истиот ја заврши својата употребна вредност така што целиме кон затворање на прашањата коишто во минатото се покажале како непродуктивни и создавање на нови решенија кои ќе значат навистина правична застапеност, рече Митева на денешната прес-конференција во Владата.

По укинувањето на Балансерот, од коалицијата „Вреди“ најавија дека подготвуваат предлог-законско решение. Министерот за здравство Арбен Таравари во саботата во изјава за медиумите рече дека законот се подготвува и за оваа недела најави јавна дебата.

The post Meџити не се плаши законoт за правична застапеност да оди пред Венецијанската комисија appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити се согласува нацрт законот за правична застапеност да биде испратен до Венецијанската комисија пред да се донесе, за, како што вели, да се избегнат половични решенија.
-Законот, зошто да не. Добро е драфт законот да оди за да биде се чисто и на крај да не испадне како сегашните закони коишто се половични и затоа се проблематични, како Законот за јазиците, со балансерот. Немаме против тоа, а што ќе содржи не можам да кажам. Но, можам да ви кажам дека ќе има јавна дебата кај што ќе се инволвираат инклузивно и академци од сите универзитети, стручни професионалци од таа сфера се во функција да биде најдобро решение и решение кое не може утре, задутре да се оспори од некој. Значи, мора да внимаваме на уставната категорија правична застапеност, но, воедно да не дојдеме во судир со Уставот и пак утре-задутре да ни се случи оваа ситуација, вели Меџити на новинарско прашање.
Прашан кога очекува да биде подготвена драфт верзијата, тој вели дека се работи на тоа. https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ne-se-nadeva-deka-noviot-zakon-shto-treba-da-go-zameni-balanserot-ke-padne-pred-venetsijanskata-komisija/ Портпаролката на Владата Марија Митева денеска изјави дека до Владата досега не е пристигнато предлог решение за правична застапеност откако Уставниот суд го укина Балансерот. Митева вели дека прашањето е отворено и дека ќе се разговара во рамки на коалицијата и ќе се отвори широка дебата. Ставот на Владата е пред да се донесе законското решение, да биде испратено до Венецијанската комисија.
-  Во овој момент нема такво решение коешто е проследено до Владата, ниту на владина седница и за истото веднаш штом се создаде можноста, јавноста ќе биде информирана. Во однос на Балансерот којшто е укинат веќе го кажавме ставот дека истиот ја заврши својата употребна вредност така што целиме кон затворање на прашањата коишто во минатото се покажале како непродуктивни и создавање на нови решенија кои ќе значат навистина правична застапеност, рече Митева на денешната прес-конференција во Владата.
По укинувањето на Балансерот, од коалицијата „Вреди“ најавија дека подготвуваат предлог-законско решение. Министерот за здравство Арбен Таравари во саботата во изјава за медиумите рече дека законот се подготвува и за оваа недела најави јавна дебата.

The post Meџити не се плаши законoт за правична застапеност да оди пред Венецијанската комисија appeared first on Република.

]]>
Заедницата на српски општини оди пред Венецијанската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/zaednitsata-na-srpski-opshtini-odi-pred-venetsijanskata-komisija/ Thu, 06 Jun 2024 13:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=785290

Претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца денеска ја изрази својата поддршка за идејата на премиерот Албин Курти дека модераторот на дијалогот, Мирослав Лајчак, треба да го испрати нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство до Венецијанската комисија.

Премиерот Курти вчера за албанскиот телевизиски канал АЛ 2 Си-Ен-Ен изјави дека Лајчак може да го однесе нацрт-статутот на ЗСО до Венецијанската комисија на евалуација. Курти рече дека тоа е „нон-пејпер“.

Коњуфца, по седницата на Претседателството на Собранието на Косово, изјави дека Европската унија тешко сака да ги преземе овластувањата на Косово за изготвување на статутот на ЗСО

The post Заедницата на српски општини оди пред Венецијанската комисија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца денеска ја изрази својата поддршка за идејата на премиерот Албин Курти дека модераторот на дијалогот, Мирослав Лајчак, треба да го испрати нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство до Венецијанската комисија. Премиерот Курти вчера за албанскиот телевизиски канал АЛ 2 Си-Ен-Ен изјави дека Лајчак може да го однесе нацрт-статутот на ЗСО до Венецијанската комисија на евалуација. Курти рече дека тоа е „нон-пејпер“. Коњуфца, по седницата на Претседателството на Собранието на Косово, изјави дека Европската унија тешко сака да ги преземе овластувањата на Косово за изготвување на статутот на ЗСО

The post Заедницата на српски општини оди пред Венецијанската комисија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски контра Османи: Ни сегашниот ни новиот закон за здруженија кој допрва треба да се донесе нема да бидат пратени во Венецијанската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-kontra-osmani-ni-segashniot-ni-noviot-zakon-za-zdruzenija-koj-doprva-treba-da-se-donese-nema-da-bidat-prateni-vo-venecijanskata-komisija/ Sun, 13 Nov 2022 13:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=573260

На седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани донесен едногласно од пратениците и откако ќе се види дискусијата за кои делови  треба да се направи разгледување тогаш може да се донесе одлука, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, на новинарско прашање за иницијативата од министерот за надворешни работи Бујар Османи законските измени да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.

Ковачевски  потенцира дека изгласаните законски измени се во сила и со оглед на тоа што пратениците едногласно ги донеле, тој закон ќе се применува во државата, а како што вели, не би го испраќал на разгледување во Венецијанската комисија најавениот целосно нов закон за здруженија.

Тој повтори дека за него не е спорно нашите закони да бидат проверени од европските институции, како и дека треба да има нов закон за здруженија на граѓани, но нагласи дека не смета оти тој закон и сите други повзрани со односите со Бугарија треба да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.

-Во однос на  Венецијанската комисија ние сме држава којашто има изградени висок демократски капацитет во заштитата на човековите права, кај нас може секој граѓанин да се органзиира слободно  или во невладино здружение или во кој било друг вид  на здружување согласно со законите. За мене воопшто не е спорно нашите закони да  бидат проверени од страна на европски институции  особено имајќи го во пердвид фактот дека неделава веќе го започнавме билатералниот скрининг со Европската унја,  каде што и нашето законодавство и спроведувањето на законодавството во детали ќе биде разгледано од страна на Европската  комисија  како дел од преговарачкиот процес и нормално е дека таму ќе бидат дадени одредени насоки од страна на ЕУ, изјави Ковачевски.

Уште стои на ставот дека треба да се изработи нов закон за здруженија од страна на Министерството за правда во којшто ќе учествуваат сите политички партии и експерти и каде што како основа ќе се земе германското зкаонодавство.

Прашан дали ќе го послуша министерот Османи и во најскоро време ќе одржат владина седница на која законот за здруженија и донесените измени ќе ги испратат во Венецијанската комисија, потенцираше дека никој никого не мора да слуша и оти за односи со Венецијанската комисија е задолжено Министерството за правда.

-На седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани којшто беше донесен едногласно  од сите пратеници и откако ќе се види дискусијата во однос на кои делови треба да се направи  разгледување на тој закон тогаш можеме и а донесеме одлука. Во моментов тој закон е во сила во државата и со оглед на тоа што нашите пратеници едногласно сите го донеле тој закон ќе се применува  во државата. Тоа го кажав и во присуство на бугарскиот премиер на почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија, дека македонските институции носат закони за Македонија, а бугарските за Бугарија, рече Ковачевски.

Во однос на тоа дали новиот закон кој е во најава, а во иднина и сите други закони посебно што се однесуваат на односите со Бугарија ќе одат на анализа и мислење во Венецијанската комисија рече дека не би го пратиле новиот закон, и оти тоа не било пракса досега.

– Не, па така не било ниту досега. Ние имаме закони кои се носат секојдневно во нашето Собрание, освен оние што ги блокира опозицијата и не може да се донесат а се значајни за граѓаните, меѓутоа нема закони коишто заради таква причина оделе на разгледување во Венецијанската комисија. Нашето зкаонодавство 45 проценти е веќе усогалсено  со законодавството на ЕУ и останува само низ преговорите со ЕУ да биде усогласено  целото законодавство на државата, изјави Ковачевски.

The post Ковачевски контра Османи: Ни сегашниот ни новиот закон за здруженија кој допрва треба да се донесе нема да бидат пратени во Венецијанската комисија appeared first on Република.

]]>

На седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани донесен едногласно од пратениците и откако ќе се види дискусијата за кои делови  треба да се направи разгледување тогаш може да се донесе одлука, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, на новинарско прашање за иницијативата од министерот за надворешни работи Бујар Османи законските измени да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија. Ковачевски  потенцира дека изгласаните законски измени се во сила и со оглед на тоа што пратениците едногласно ги донеле, тој закон ќе се применува во државата, а како што вели, не би го испраќал на разгледување во Венецијанската комисија најавениот целосно нов закон за здруженија.   Тој повтори дека за него не е спорно нашите закони да бидат проверени од европските институции, како и дека треба да има нов закон за здруженија на граѓани, но нагласи дека не смета оти тој закон и сите други повзрани со односите со Бугарија треба да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.
-Во однос на  Венецијанската комисија ние сме држава којашто има изградени висок демократски капацитет во заштитата на човековите права, кај нас може секој граѓанин да се органзиира слободно  или во невладино здружение или во кој било друг вид  на здружување согласно со законите. За мене воопшто не е спорно нашите закони да  бидат проверени од страна на европски институции  особено имајќи го во пердвид фактот дека неделава веќе го започнавме билатералниот скрининг со Европската унја,  каде што и нашето законодавство и спроведувањето на законодавството во детали ќе биде разгледано од страна на Европската  комисија  како дел од преговарачкиот процес и нормално е дека таму ќе бидат дадени одредени насоки од страна на ЕУ, изјави Ковачевски.
Уште стои на ставот дека треба да се изработи нов закон за здруженија од страна на Министерството за правда во којшто ќе учествуваат сите политички партии и експерти и каде што како основа ќе се земе германското зкаонодавство. Прашан дали ќе го послуша министерот Османи и во најскоро време ќе одржат владина седница на која законот за здруженија и донесените измени ќе ги испратат во Венецијанската комисија, потенцираше дека никој никого не мора да слуша и оти за односи со Венецијанската комисија е задолжено Министерството за правда. -На седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани којшто беше донесен едногласно  од сите пратеници и откако ќе се види дискусијата во однос на кои делови треба да се направи  разгледување на тој закон тогаш можеме и а донесеме одлука. Во моментов тој закон е во сила во државата и со оглед на тоа што нашите пратеници едногласно сите го донеле тој закон ќе се применува  во државата. Тоа го кажав и во присуство на бугарскиот премиер на почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија, дека македонските институции носат закони за Македонија, а бугарските за Бугарија, рече Ковачевски. Во однос на тоа дали новиот закон кој е во најава, а во иднина и сите други закони посебно што се однесуваат на односите со Бугарија ќе одат на анализа и мислење во Венецијанската комисија рече дека не би го пратиле новиот закон, и оти тоа не било пракса досега. – Не, па така не било ниту досега. Ние имаме закони кои се носат секојдневно во нашето Собрание, освен оние што ги блокира опозицијата и не може да се донесат а се значајни за граѓаните, меѓутоа нема закони коишто заради таква причина оделе на разгледување во Венецијанската комисија. Нашето зкаонодавство 45 проценти е веќе усогалсено  со законодавството на ЕУ и останува само низ преговорите со ЕУ да биде усогласено  целото законодавство на државата, изјави Ковачевски.

The post Ковачевски контра Османи: Ни сегашниот ни новиот закон за здруженија кој допрва треба да се донесе нема да бидат пратени во Венецијанската комисија appeared first on Република.

]]>
Камбовски: Не верувам дека Венецијанската комисија ќе одобри формирање здруженија што шират омраза или нетрпеливост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kambovski-ne-veruvam-deka-venecijanskata-komisija-kje-odobri-formiranje-zdruzenija-shto-shirat-omraza-ili-netrpelivost/ Thu, 10 Nov 2022 10:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=572249

Испраќањето закони на преглед во Венецијанската комисија не новост, тука е практика која постоела и претходно, изјави денеска академик Владо Камбовски.

Ние и порано сме испраќале такви закони на преглед и ако се добие објективна оценка, според мене, во тој дел на законот за забрана на делување на политички партии, е општа практика насекаде во сите демократски држави. Дури и уставните судови имаат директна надлежност да забранат делување на политичка партија која има програма или дејствува спротивно на вредностите кои се прогласени со националниот Устав, човековите права, забрана на дискриминација, ширење омраза, нетрпеливост и слично, рече Камбовски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој очекува дека Венецијанската комисија ќе го потврди таквиот став и во однос на изменетиот Закон за здруженија и фондации.

Не верувам дека Венецијанската комисија ќе рече „може да формирате здруженија кои ќе шират национална омраза или нетрпеливост“. Тоа ниедна држава не го допушта во светот, тоа е во спротивност со сите меѓународни стандарди и норми, вели Камбовски.

Тој додаде дека секој може да се бори за одредени свои права, но без да ги загрози правата и слободите на другиот и оти тоа е темелно начело на правото, што мора да го заштитува секој национален правен поредок.

Можете да формирате какви сакате здруженија, но никој нема право од позиција на такво здружение да негира право или да загрозува права на другиот, нагласи Камбовски.

The post Камбовски: Не верувам дека Венецијанската комисија ќе одобри формирање здруженија што шират омраза или нетрпеливост appeared first on Република.

Тупанчески: Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен од Венецијанската комисија и по неговото донесување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-evropskata-praksa-pokaza-deka-zakon-moze-da-bide-proveren-od-venecijanskata-komisija-i-po-negovoto-donesuvanje/ Wed, 09 Nov 2022 12:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=571883

Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека испраќањето на Законот за здруженија и фондации на мислење на Венецијанската комисија е од превентивни причини во однос на примената на одредбите кои се изгласани во Собранието за да не дојде до несакани консеквенции кои во формална смисла би довеле до Европскиот суд за човекови права. Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен и по неговото донесување.

Мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено. Исходот не можеме да го прејудицираме. Можеби ќе оди во наш прилог. Факт е дека во иднина можеби добро би било оваа пракса да продолжи и во иднина, но тоа да биде пред донесувањето на законите затоа што на некој начин е подобро да се реагира во таа фаза отколку кога ќе биде донесен законот па после да добиеме пресуда од Европскиот суд за човекови права, изјави министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-so-koj-se-zabranija-car-boris-i-vancho-mihajlov-moze-i-da-ne-profuncionira-ako-taka-kaze-eu/

The post Тупанчески: Европската пракса покажа дека закон може да биде проверен од Венецијанската комисија и по неговото донесување appeared first on Република.